You are on page 1of 6

ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ПОЛИТИКА И НЕЈЗИНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ

 Земјоделството е исклучително важна стопанска гранка и ужива висок


третман од глобалната политика на Заедницата.
 Придонесот на земјоделството во бруто домашниот производ (БДП) на
Унијата е под 3%, но овој сектор вбројува околу 5% од вработеното цивилно
работоспособно население на Заедницата, и е главен извор на приход во
многу рурални заедници.
 Храната, пијалоците и тутунот вбројуваат околу 20% од просечниот
потрошувачки трошок на домаќинствата во Европа и има значителен однос
во меѓународната трговија и извозите на Унијата.
 Сопственото производство на ЕЗ/ЕУ во основните земјоделски производи е
витално не само за нејзините државјани, но и за политичка независност на
државите членки. Економската, социјалната и политичката важност на
земјоделството е многу поголема отколку придонесот во БДП на Унијата

 Земјоделството е економскиот сектор со напреднат степен на процесот на


европската интеграција. Ова достигнување е многу значајно во
"националниот интервенционизам", а конфликтите на националните
интереси ја усложнуваат задачата на создавање на заедничка политика во
овој сектор.
 Пред создавањето на заедничкиот пазар, државите членки беа активни
интервенисти во земјоделството. Нацоналното интервенирање мораше да
биде корегирано за да се овозможи слободна трговија и слободна изведба
на конкурентноста во земјоделскиот сектор. Заедничката земјоделска
политика (ЗЗП) е пример за постигнување на повеќенационален
интеграциски процес
 Заедничката земјоделска политика е екстремно проблематична за водење,
бидејќи бара користење на:

 заеднички цени,

 здружено финансирање на мерки за поддршка и

 заедничка надворешна заштита.

 Сите овие бавни, но неизбежни механизми, се составен дел од пазарната


организација на ЗЗП. Овие се првиот дел од двете крила на ЗЗП, а другиот
дел е структуралната политика. Иако заедничкиот пазар на земјоделски
производи има обезбедено сигурност на набавка на резерви од храна по
разумни цени за потрошувачите, тоа не е само по себе доволно за да се
постигнат другите цели на Договорот, главно зголемена земјоделска
продуктивност и повисок стандард на живот за сточарите.

 Во сонова Заедницата бара:


 активна социо-структурна политика и

 интеракција со други заеднички политики (регионалната и


социјалната).

ПРИЧИНИ ЗА ПОСЕБЕН ТРЕТМАН НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

 Основачите, татковци на Европската економска заедницата беа свесни за


потребата да го вклучат земјоделскиот пазар на државите членки во идниот
заеднички пазар. Постојат неколку причини зошто на земјоделството му
беше даден "посебен третман". Најважна причина е самата природа на
земјоделството, која подложи на :
 временските услови,
 болести на култури и на жива стока и
 многу други фактори кои често ја надминуваат човечката
контрола и го отежнуваат создавањето на совршена рамнотежа
помеѓу земјоделското производство и побарувачката на храна.
 Побарувачката има многу нагласени социјални и политички карактеристики.
Владите се обврзани да осигураат дека барањата за основните артикли се
задоволени во секое време и по разумни цени.
 Разновидноста на земјоделскиот сектор на шестте основачки држави
членки, која се зголемуваше со секое проширување на Заедницата, создаде
потешкотии во унификацијата на нивните земјоделски пазари,
одезбедувајќи дополнително оправдување за интервенциска земјоделска
политика.

 Потребата од нова дефинирана земјоделска политика била повеќе од


неопхеодна која ќе дојде на местото на националната политика. Нејзината
комплексност ја создаде потребата за мешање на националните политики
во една заедничка земјоделска политика.

 Во секоја национална политика за земјоделство, системот на интервенција


варира од една до друга држава исе јавува во две категории:

 системи за директна помош и

систем на поддршка на цена на внатрешниот пазар, комбиниран со


надворешна заштита

ЕВРОПСКИОТ МОДЕЛ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

 Заедничката земјоделска политика беше реформирана 4 пати во 40 години,


постепено мешајќи ги системите за поддршка на приход и цена. По своите
големи реформи во 1992 и 1999 година, Европскиот модел за земјоделство
се базира врз конкурентно, повеќе функционално и одржливо сточарство.
 Европскиот модел на земјоделство се однесува на темите како што се:
 пазарен развој,
 рурален развој,
 задоволителни сточарски приходи,
 заштита на животната средина и
 соочување со предизвиците на зголемената Унија и зголемената
конкурентност во СТО

 Оддржливиот земјоделски равој вклучува три главни цели:
• грижа за заштита на животната средина,
• профитабилност на фармите и
• земјоделски заедници во развој (рурални средини).

ЗАЕДНИЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА И НЕЈЗИНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ.

 ЗЗП е основана во јуни 1966 година.


 прва реформа - април 1972 година,
 втора реформа- февруари 1988 година,
 трета реформа- мај 1992 година и
 четврта рефрома- март 1999 година.
 Основни каректеристики:
Четири големи реформи во заедничката земјоделска политика во период од 33
години може да покаже дека државите членки, кои ја отпочнаа и оние кои
подоцна им се приклучија, никогаш не ја сметаа за совршена, но исто така може
да значи дека тие сакаат да учат од своето искуство и можат да ја прилагодат
својата заедничката земјоделска политика на изменетите, внатрешни и
надворешни услови.

 Основи на ЗЗП и реформите Целите на заедничката земјоделска политика,


се наброени во член 33 од Договорот за ЕЗ (поранешен член 39):
 зголемена земјоделска продуктивност;
 гарантирање на пристоен животен стандард за сточарите,
 стабилизирање на пазарот,
 безбедност на набавка и
 разумни цени за потрошувачите
 Со цел да се исполнат овие цели, член 40 од Договорот за ЕЕЗ (член 34 на
ДЕЗ) повикува на заедничко организирање на земјоделските пазари, кое во
зависност од производот, може да има една од следните три форми:
 Правила за заедничка координација,
 Обврзувачка координација на различните здруженија на
националните пазари и
 Здруженијата на европскиот пазар
 КОНКУРЕНТНОСТДоговорот беше исто така претпазлив во однос на
применливоста на правилата за конкурентност во земјоделскиот сектор,
сектор каде државната интервенција беше многу присутна. Според член 42
ЕЕЗ ( сегашен член 36 од ДЕЗ), применливоста на општите членови за
конкурентност беше подредена на специфичните одредби од заедничката
земјоделска политика.
- Маратони во ЗЗП
 Првиот предлог на Комисијата на здруженијата на заедничкиот пазар во
јуни 1960 година, го означи почетокот на големите преговори во Советот,
кои станаа познати како "земјоделски маратони".
- Криза
 Во 1965 година ЗЗП се соочи со својата прва и единствена сериозна
криза, која ја потресе целата Заедницата.
 Комплетирањето на заедничката земјоделска политика побара од
Заедницата да превземе контрола врз трошоците на државите членки,
во рамките на организацијата на заедничкиот пазар.
Комисијата во март 1965 година сугерираше заедничкиот земјоделски пазар да
биде комплетиран до 1-ви јули 1968 година, заедно со царинската унија за
индустриски производи

РЕФОРМИ НА ЗЗП

 Прва реформа - Врз основа на ова Советот, во април 1972 година ги усвои
директивите за првата реформа на ЗЗП која опфаќаше:
 модернизација на фармите,
 мерки за попттикнување на сточарството и
 развој ан професионалните вештини
 Втора реформа - Суштината на оваа реформа на ЗЗП, препорачана од
Комисијата, а усвоена од страна на Европскиот совет во Брисел, од 11-ти до
13-ти февруари 1988 година, му даде зелено светло на "Делоровиот пакет
I". Овој пакет како додаток на реформата на заедничката земјоделска
политика опфаќа:
 земјоделскиот трошок,
 буџетарната дисциплина,
 системот на сопствени ресурси
 Трета реформа - Советот на 21-ви мај 1992 година, постигна политички
договор во врска со предлозите на Комисијата истакнувајќи трите клучни
точки.:
 намалување на цените за земјоделските производи со цел да ги
направат поконкурентни на внатрешните и надворешните пазари,
 надомест на приходот на сточарите,
 оштета за мерките кои ја ограничуваат употребата на средства за
производство.
 Во исто време, Советот одлучи:
 да ги зголеми мерките за зачувување на животната средина и
природата.
 да ја остварува либерализацијата на меѓународната трговија (преку
Уругвајска рунда на преговори на ГАТТ)
 Петта реформа - Петтата реформа на ЗЗП е изведена во септември 2003
година: Цел на реформата:
 да им овозможи на сточарите зголемена конкурентност
 да се канализираат повеќе ресурси во програми за животна средина,
квалитет и добросостојба на животните со намалување на директните
исплаќања на големите фарми.
 да се зајакне улогата на ЕУ во трговските преговори во СТО.

УПРАВУВАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗЗП

 Единството на земјоделскиот пазар на ЕУ бара:


 единствени цени,
 заеднички инструменти за подршка на тие цени,
 заедничка надворешна заштита,
 здружено финансирање и
 генерално здружено управување
 Заедничката земјоделска политика спроведува:
 1. активности,
 2. консултации и
 3. соработка
 1.За сите активности одговорна е - Европската комисија која ја има моќта
на иницијатива и да доставување предлози. Потеклото на секоја
земјоделско политичка мерка, усвоена од политичарите во Парламентот и
Советот, е предлог на Комисијата, базирана врз технократски критериум
 2. Консултации со заинтересирани страни и експерти Голем број на
експерти се вклучени во планирањето и спроведувањето на заедничката
земјоделска политика. Комисијата, делувајки согласно Договорот, го
консултира Комитетот на регионите и Економскиот и социјален комитет
(ЕСК) за сите свои големи предлози во полето на ЗЗП. ЕСК е составен од
претставници од различни социопрофесионални категории и оттука се, исто
така, вклучени и сточарите.
 3.Соработка со разни тела се остварува преку различни форми:
Здруженија
 Комитетот на земјоделските здруженија во ЕЗ
 Комисијата за земјоделство и за индустриите за храна
 Европскиот центар за унапредување и обука во земјоделски и
рурални области
 Советодавен комитет за секој производ или производна група
Управување со ЗЗП По усвојувањето на основните регулативи од страна
на Советот, доаѓа раководењето со организирањето на заедничкиот пазар.
Управувањето е здружена одговорност на Комисијата и Советот или само на
Комисијата.
ЗAKЛУЧОЦИ И ОЧЕКУВАЊА

 Заедничката земјоделска политика ги засега оние кои се заинтересирани за


Европска интеграција поради нејзиниот напредок во однос на другите
заеднички политики и поради својата комплексност.
 -Комплексноста на земјоделската политика се должи првенствено на:
 различните природни и економски ситуации кои постојат (поврзаноста
со производството и пазарната состојба за различни производи),
 различните структури и различни климатски услови на државите
членки

You might also like