You are on page 1of 1

Рецептори во кожа

Кожата е надворешна обвивка на организмот. Таа има заштитна улога: штити од повреди на


внатрешните органи, штити од навлегување на микроорганизми во телото; регулаторна улога: ја
регулира топлината на телото преку крвните садови и потните жлезди и има улога да прима
дразби од надворешната средина за: допир, притисок, топло, ладно, болка, простор и рамнотежа.
Поради бројите функции кои ги има кожата таа се смета и за посебен систем- КОЖЕН СИСТЕМ.
На внатрешна градба на кожата разликуваме три слоја:
површински слој (покожица или епидермис)
Епидермисот е површински слој од кој надворешните клетки постојано отпаѓаат и се заменуваат
со нови. Површинските клетки создаваат кератин, кој ја дава цврстината на кожата. Најдлабоките
клетки на епидермисот создаваат пигмент- меланин, кој ја дава бојата на кожата.
Во овој слој се сместени рецепторни клетки за болка.
среден слој (вистинска кожа или дермис)
Дермисот е слој во кој се наоѓаат влакна. Основата на влакното се нарекува фоликул кој го хранат
крвни садови. Влакното е прицврстено со мускул кој му прави контракција, а во основата на
влакното се наоѓа лојна жлезда, која лачи секрет што ја штити кожата од сушење.
Во дермисот има и потни жлезди, во основата свиени како клопче од кое на површината излегува
каналче низ кое се лачи пот со отпадни материи.
Во овој слој се сместени рецепторните клетки за допир и притисок, како и за температура
поткожен слој (хиподермис)
Овој слој е изграден од масно ткиво, кое служи за термоизолација на телото и за резерва на
енергија.

You might also like