You are on page 1of 2

МЕЈОЗА

Мејозата или редукциона делба е ограничена само на определен вид клетки, а се одвива
во тек на спорогенезата (кај растенијата) или гаметогенезата (кај животните), при што
овозможува формирање на спори односно полови клетки. Како резултат на мејозата од
едно диплоидно јадро настануваат четири хаплоидни, генетски различни јадра. Во случај
да отсуствува мејозата, половите клетки би содржалеист број на хромозоми како
телесните.
Биолошкото значење на мејозата не е само во преполовување на бројот на хромозоми,
туку и размена на генетичкиот материјал помеѓу хромозомите на двата родитела, што
има за последица создавање на нови единки со различни наследни својства.
Мејозта е долга сложена и континуирана делба. Самиот процес на мејоза опфаќа две
делби означени како мејоза-1 и мејоза- 2 во текот на кои само еднаш се реплицира ДНА,
во предмејотската интерфаза.
Секоја од двете мејотички делби се карактеризира со свои фази, истите како во
митозаата, само што се означуваат со индекс 1 и индекс 2.
Почетокот на прватаделба мејоза-1 е означен како профаза-1. Оваафаза трае долго и е
доста сложена, бидејки се одвиваат доста важни процеси кои можат да се набљудуваат и
со светлосен микроскоп. Промените што сукцесивно се одвиваат во текот на оваа фаза
се дефинирани во неколку стадиуми и тоа: лептотен, зиготен, пахитен, диплотен и
дијакинеза. Со лептотен започнува профаза 1. Во почетокот на овој стадиум хромозомите
почнуваат да стануваат видливи и имаат изглед на фини долги нишки. Нивната
спирализација се уште е слаба. Долгото времетраење на профаза 1, е поврзано бидејќи е
потребно време за движење на хромозомите и пронаоѓање на своите партнери, т.е.
хомологните хромозоми, со кои по приближувањето ќе се спарат или како што уше
велиме ќе конјугираат.
Како резултат на спарувањето на хомологните хромозоми во стадиумот зиготен се
создаваат биваленти (парови од хомологни хромозоми). Кога конјугацијата е целосна,
бројот на бивалентите е еднаков на хаплоидниот хромозомски број. Во текот на овој
стадиум спирализацијата на хромозомите е поизразена.
Во пахитен спирализацијата на хромозомите продолжува и тие стануваат се покуси и
подебели. Бидејќи секој хромозом е од две хроматиди, на секој бивалент се
забележуваат четири хроматиди. За овој стадиум е карактеристично што помеѓу
спарените хомологни хромозоми настанува реципрочна размена на хромозомски
сегменти, процес познат уште како Crossing-over.При овој процес всушност се случува
најважната мејотска промена – рекомбинација на родителските особини.
Подоцна во диплотенскиот стадиум започнува одделување и оддалечување еден од друг
на спарените во биваленти хомологни хромозоми. Меќутоа до целосно одвојување не
доаѓа, тие во одделни места , означени како хијазми, се уште остануваат поврзани. Се
смета дека хијазмите се места каде настанува процесот на Crossing-over.
Паралелно со овие промени се одвива прогресивна спирализација, така што во
последниот стадиум дијакинеза, хромозомите се јако спирализирани, поради што
бивалентите стануваат покуси и подебели, а со тоа доаѓа и до намалување на бројот на
хијазмите. На крајот на дијакинеза доаѓа до раскинување на јадрената мембрана,
исчезнување на јадренцето и формирање на делбено вретено со што завршува профаза
1.
За влакната на делбеното вретено со центромерите се врзуваат двата хромозома од
бивалентот, со што започнува метафаза 1. Вака прикачени бивалентите се редат на
екваторијалната рамнина. Во оваа фаза хромозомите се максимално скусени и
задебелени и најдобро се гледа дека секој бивалент е изграден од два хромозоми кои
имаат по две хроматиди.
Крајот на метафаза 1 се означува со раскинување и на последните хијазми во
бивалентите, при што се ослободуваат цели хромозоми.
Вака цели хромозоми во наредната фаза анафаза 1, се движат кон спротивните полови
на делбеното вретено. Бидејќи цели хромозоми во хаплоиден број се движат кон
половите, постигната е главната цел на редукционата делба.
Така на крајот од првата делба што завршува со телофаза 1, се добиваат две јадра со
хаплоиден број на хромозоми, во однос на матичното јадро, а исградени од две
хроматиди.
Во втората делбакоја најчесто се надоврзува на првата или пак се одвива после долг
период на мирување, се одвиваат процеси слични на митозата. Во анафаза 2
хромозомите се делат по должина на две хроматиди и на крај се добиваат четири јадра
кои содржат хаплоиден број на еднохроматидни хромозоми.
Кај машките организми со завршувањето на мејозата настануваат четири полови клетки –
гамети , а кај женските три од четирите изумираат а само една се развива во јајце клетка.
Благодарение на мејозата бројот на хромозомите се запазува ист во сите генерации на
видот, а со конјугацијата во профаза1 и размена на генетскиот материјал помеѓу двата
родителски хомологни хромозоми во процесот на Crossing-over се осигурува
индивидуалната разновидност на својствата во секоја популација на видовите.

You might also like