You are on page 1of 15

ООУ Стив Наумов - Скопје

Проектна задача
Хемија

Горива

Содржина

1. Поим и видови на горива………………………………….….3


2. Согорување………………………………………………….…10
2.1. Целосно согорување………………………………....10
2.2. Нецелосно согорување…………………………...….11
3. Загадувањето на воздухот од горива…………………...…11
4. Заштита од загадување.....................................................13
5. Заклучок..............................................................................15

2
1. Горива и видови горива

Горивата се согорливи органски материи што се сретнуваат во природата


или се добиваат по индустриски пат и служат како извор на топлотна енергија.
Горивата може да се дефинираат како материи кои при загревање во присуство
на кислород интензивно оксидираат, со ослободување на голема количина на
топлина.

Според агрегатната состојба, се разликуваат три вида на горива: цврсти,


течни и гасовити.

Во природата најмногу ги има цврстите горива: дрво, тресет, јаглен и


битуминозен шкрилец.

Јаглен Дрва

Тресет

Течните и гасовитите горива поретко се сретнуваат во природата, меѓутоа,


нивното добивање и искористување е полесно, отколку добивањето на цврстите

3
горива. Од течните горива позната е нафтата, а од гасовитите горива
природниот гас.

Вадење на сурова нафта

Вадење на природен гас

Според настанувањетo, горивата се делат на природни и вештачки


(индустриски горива).

Сите оние горива кои што се вадат од земјата и растителните горива во


необработен облик се нарекуваат природни горива. Природните горива во
одредени случаи не ги задоволуваат барањата што од нив се бараат, па поради
тоа се изложуваат на преработка при што се добиваат нови видови на горива
наречени вештачки (индустриски). Вештачки индустриски цврсти горива се:
кокс, полукокс, брикетиран јаглен, дрвен јаглен, јаглен прав. Индустриски течни
горива се: производи од дестилација ан нафта, катран, камениот јаглен,

4
кафениот јаглен, битуменот и битуменозните шкрилци, синтетички бензин и
производи од крекирање, бензин, етилалкохол, полимеризационен бензин и
други. Индустриски гасовити горива се: генераторски гас, воден гас, гас за
осветлување, коксен гас, гас од високи печки, пропан, бутан и други.

Според постојаноста на топлина, горивата се делат на топлостојани и


топлонепостојани.

Топлостојани горива се оние чија согорлива супстанца е составена само од


јаглерод и водород, во вид на разни соединенија- јаглеводороди. Овие горива
можат да бидат цврсти, течнии гасовити. Нивна особена карактеристика е што со
постепено загревање можат да поминат од цврста во течна и гасовита состојба,
неменувајќи го својот хемиски состав (парафин, нафта, бензин и др). Дури на
висока температура настанува разложување на јаглеводородите присутни во
овие горива, на јаглерод и водород, согорувајќи во CO2 , CO и H2O.

Топлонепостојани горива се оние чија согорлива супстанца, покрај јаглерод и


водород, содржат и кислород. При загревање не ја менуваат својата агрегатна
состојба, но постепено поминуваат во кокс (дури на ниска температура од 120-
1500) при што доаѓа до менување на хемискиот состав. Тоа значи дека кај овој
вид на горива нема фаза на топење и испарување, при постепено загревање,
туку само распаѓање на материјата на кокс ( кој останува како цврст остаток) и на
испарливи делови богати со водород.

Класификација на горивата1

Агрегатна физичка Природни горива Вештачки


состојба (индустриски)горива
Течна Нафта Производи од
дестилација на нафтата,
катранот, камениот
јаглен, кафениот
јаглен,битуменозните
шкрилци, синтетички
бензин и проиводи од
крекирање, бензин,
1
Учебник за трета година на хемиско технолошка струка „Технологија“ Р. Богеска

5
етилалкохол,
полимеризационен
бензин и др.
Цврста Дрво, тресет, јаглен и Кокс, полукокс,
битуменозен шкрилец брикетиран јаглен, дрвен
јаглен и јагленов прав.
Гасовита Природен гас и гасовите Генераторски гас, воден
кои се присутни во гас, гас за осветлување,
нафтата се наречени коксен гас, гас од високи
попатни гасови печки, пропан, бутан и
други

Нафта- Суровата нафта (нафтата од минерално потекло или суровината кој не е


рафинирана) уште се нарекува петролеум (на англиски јазик - Crude Oil). Таа
природно се наоѓа во Земјината кора, како геолошка формација, и претставува
комплексна по состав жолта до црна течност, од која со рафинирање
(раздвојување) се добиваат различни типови соединенија и горива. Во хемиска
смисла, с уровата нафта се состои претежно од јаглеводороди со различна
молекулска маса и од други органски соединенија. Суровата нафта уште се
нарекува и фосилна, бидејќи е формирана пред милиони години од големи
количества на мртви организми, воглавно зооплактони и алги, наталожени и
изложени под високи температури и притисоци под седиментни карпи.

Густината на суровата нафта значително варира во зависност од изворот,


а исто така и од начинот на кој се добива од нафтени шкрилци. Нафтените
шкрилци претходно се обработуваат за да се добие така наречена синтетичка
сурова нафта (Syncrude) која е со слични карактеристики на лесна сурова нафта.
Суровата нафта која се доставува до рафинериите во Канада и САД најчесто
претходно се меша (блендира) од две или повеќе нафти или битумени со
различни особини за да се добие нафта со специфична густина и содржина на
сулфур. Бидејќи чистиот битумен не може да тече низ нафтоводите тој се
разредува со лесна сурова нафта. Овој продукт е познат како разреден битумен
(diluted bitumen - dilbit) во однос 70-80 % битумен и 20-30 % разредувач. Од
75/25 dilbit се добива околу 11 % петрол кокс.

6
Рафинериите за преработка на суровата нафта се клучни за хемиската
преработувачка индустрија. Во светот постојат повеќе од 600 рафинерии со
вкупен годишен капацитет од повеќе од 3,5 x 109 тони. Целта на рафинериите е
двојна: да произведат гориво за транспорт и енергија; и производство на
суровини за хемиската индустрија. Рафинериите претставуваат комплексни
фабрики, но високо интегрирани. Суровата нафта не е униформен материјал.
Нејзиниот состав зависи од локацијата на лежиштето. Најголемиот дел од
суровата нафта се состои од алкани, циклоалкани (нафтени), ароматични
соединенија, полиароматични соединенија, соединенија кои содржат сулфур и
др. Тешката сурова нафта содржи поголемо количество полициклични
ароматични соединенија. Во некои типови сурова нафта содржината на сулфур е
поголема, што наложува нејзина посебна обработка заради еколошки причини.

Обработката на суровата нафта започнува со отстранување на водата и


растворливите неоргански соли во неа (десалинизација), а потоа се подвргнува
на фракциона дестилација.Фракционите дестилати не можат директно да се
употребуваат. Дестилатите се подвргнуваат на комплексни процеси на
обработка со цел да се добие продукт со пропишани особини за квалитетот на
производот и стандарди за заштита на животната средина.

7
Основната преработка на суровата нафата е физичко разделување на
природната смеса на различни јаглеводороди на низа компоненти (фракција) од
кои секоја се одликува со друга температура на испарување. Со постепено
загревање на нафтата и кондезацијата на парата на одредени нивоа на
температурата, доаѓа до физичко издвојување на одделни компоненти-фракции
(фракциона или атмосферска дестилација). Денеска наместо атмосферска
дестилација најчесто се користи фракциона кондензација, при која најголем дел
од нафтата најпрво се претвора во пара, па потоа се издвојува со постепена
кондезација.

Од нафтата се добиваат:
 гасовити горива
 бензини
 петролеум
 дизел-моторни горива и
 мазут (масло за ложење).
Со понатамошна обработка односно со вакумска дестилација на мазутот, се
добиваат:
 тешки дизел-моторни горива
 мазива (масла) и
 остатоци како битумен и тешки масла за горење.
Сите производи добиени на овој начин, спаѓаат во групата на примарна
обработка. Ако непосредно се испраќаат до потрошувачите, мора претходно да
се прочистат. Поголем дел од овие производи понатаму се преработуваат со цел
подобрување на квалитетот или за добивање на одредрен (проектиран)
квалитет.

За разлика од фракционата кондензација која е физички процес, постапките на


секундарната обработка се хемиски процеси се делат на следниве групи:

1. Крековање (разделување на јаглеводородите)


2. Полимеризација и алкилација (спојување на нижи молекули со виши
молекули)
3. Конверзија (претворање на јаглеводородот од една во друга форма)
4. Хидрогенизација (зголемување на количината на односот Х/Ц).

8
Јагленот е силно согорлива црна или црно-кафеава седиментна карпа. Се
состои главно од јаглерод, јаглеводороди како и од други елементи, вклучувајќи
сулфур. Заедно со битумијата ја сочинуваат групата карпи позната као
каустобиолити. Настанале во текот на геолошката историја од остатоци на
вишите растенија. Според степенот на карбонификација, може да биде: хумусен,
лигнит, мрк, камен јаглен и антрацит. Јагленот е фосилно гориво кое се добива
од земјата преку јамски и површински коп. Често поврзуван со индустриската
револуција, јагленот останува исклучително значајно гориво. Тој е најзначајното
гориво за производство на електрична енергија (во термоелектраните) во
светски размери, и витална компонента за редукцијата на железната руда. Во
Македонија е една од главните енергетски суровини. Во периодот по
педесеттите години од XX век, со заострувањето на нафтената криза, се започна
со интензивно геолошко истражување на јаглени. Истражувањата беа позитивни
и се откриени огромни резерви на лигнит. Најголеми резерви се докажани во
пелагонискиот басен со 1.400.000.000 тони, потоа следуваат беровско-
делчевскиот, ресенскиот, струшкиот, катлановскиот и кичевскиот басен. Во
пелагонискиот басен се изградени и првите термоенергетски капацитети кои во
моментов се стожер на електростопанскиот систем. Во кичевскиот јагленоносен
басен активно работи еден термоблок (Осломеј). Новите резерви овозможуваат
изградба на „Битола 4“ која ќе биде поврзана преку инфраструктури со „Битола
3“, што ќе придонесе за помали инвестиции.

Земниот гас (или природен гас) е постојан придружник на нафтата. Главна


состојка на земниот гас е метанот. Се употребува како топлински и енергетски
извор. Светките резерви на земен гас се проценува на 200 трилиони м³.Од овие
резерви. 50% од резервите се наоѓаат во Русија, 20% во САД, а 30% се во Кина,
Холандија, Канада и други земји.

Земниот гас претставува гас кој значително влијае врз ефектот на стаклена
градина.

2. Согорување

9
Согорувањето или горењето е неповратен процес. При горење материјата
која гори ги менува своите својства и се претвора во друг вид материја, а при
самиот процес се ослободува некој гас (најчесто јаглероден диоксид).
Горењето е исто така егзотермен процес бидејќи при горење се ослободува
топлина.

ГОРИВО + О2 топлина CO2 + CO

2.1. Целосно согорување

Кога јаглеводородите горат во доволно количество на воздух и со тоа добиваат


доволно количество на кислород за целосно да согорат, се образува јаглерод
диоксид и вода.

Пример- Метан — гас е со хемиска формула CH4 и претставува најпростиот


јаглеводород. Чистиот метан е без мирис, но во комерцијалната употреба тој се
меша со мали количини на мириси, како што е сулфурното соединение етил
меркаптан за да се детектираат шуплини во одредени материјали.

Како главна состојка на земниот гас, метанот е значајно гориво. Со


согорувањето на еден молекул на метан во присуство на кислород се
ослободува еден молекул на јаглерод диоксид и две молекули на H2O (вода):

CH4 + 2O2 → CO2 + 2H2O

10
Пример 2 - Пропан- гас е со хемиска формула C3H8, со согорувањето на еден
молекул на пропан во присуство на кислород се ослободува три молекули на
јаглерод диоксид и четири молекули на H2O (вода):

С3Н8 + О2 = 3СО2 + 4Н2О

2.2. Нецелосно согорување

Кога јаглеводородните горива при горењето нецелосно согоруваат, при што


јаглеродот не се претвира во целост во јаглерод диоксид, и притоа се
ослободува чад, се нарекува нецелосно согорување. При овој вид на горење,
освен јаглеродниот диосид и водената пареа, се добива и јаглерод моноксид,
несогорено јаглеводородно гориво и честички на јаглерод.

3. Загадувањето на воздухот од горива

Загадаувањето на воздухот е воведување на хемикалии, честички, или


биолошки материјали што предизвикуваат штета или непријатност кај луѓето или
други живи организми, или да предизвикат оштетување на животната средина.
Јагленот и нафтата често содржат сулфурни соединенија, нивните согорувања
генерираат сулфур диоксид. Ова е една од причините за загриженост во врска
со влијанието врз животната средина со употребата на овие горива, како извори
на енергија. Јаглерод моноксид (CO) - е безбоен, без мирис, не-иритирачки, но
многу отровен гас. Производ е од страна на нецелосно согорување на гориво,
како што се природен гас, јаглен или дрво. Возилата се главен извор на јаглерод
моноксид.
Основни загадувачи на воздухот се:

 Сулфурни оксиди (SOx) - особено сулфур диоксид, хемиско соединение со


формула SO2. SO2 се создава од вулканите, како и при различни
индустриски процеси. Бидејќи јагленот и нафтата често содржат сулфурни
соединенија, со нивното согорување се добива сулфурен диоксид. Со
натамошната оксидација на SO2 (обично во присуство на катализатор како
NO2) се образува H2SO4, а со тоа и кисел дожд. Ова е една од причините
за загриженост за користењето на овие горива.

11
 Азотни оксиди (NOx) - особено азот диоксид се испушта при согорувањето
на високи температури. Може да се забележи во вид на кафеави магли
над градовите.
 Јаглерод моноксид (СО) - е безбоен, без мирис и неиритирачки, но многу
отровен гас. Тој е производ на нецелосното согорување на горивата какви
што се природниот гас, јагленот или дрвото. Испустите од возилата се
главен извор на јаглерод моноксид.
 Јаглерод диоксид (CO2) - е безбоен, без мирис и неотровен стакленички
гас кој се поврзува и со закиселувањето на океаните, се испушта при
согорување, производство на цемент и дишење. Инаку тој се рециклира во
атмосферата во јаглеродниот циклус.
 Испарливи органски соединенија (или на англ. volatile organic compounds;
скратено: VOCs) - ова се важни загадувачи на воздухот. Од аспект на
загадувањето на воздухот, тие обично се поделени на метански (CH 4) и
неметански (NMVOCs). Метанот е многу ефикасен стакленички гас кој
придонесува во глобалното затоплување. Други јаглеводородни VOCs се
исто така значајни стакленички гасови преку нивната улога во создавање
на озон, како и со продолжување на опстанокот на метанот во
атмосферата, иако овој ефект варира во зависност од локалниот квалитет
на воздухот. Во рамките на NMVOCs, ароматичните соединенија бензен,
толуен и ксилен се можни карциногени и може да доведат до леукемија
при подолготрајно изложување. 1,3-бутадиен е друго опасно соединение
кое често се поврзува со индустриските процеси.

12
4. Заштита од загадување на воздухот од горива

Поради се поголемото загадување на воздухот се наметнува потребата од


превземање сериозни мерки за отстранување на загадувачите или за
намалуавње на нивното штетно дејство.
Во материјалниот свет, напоредно со развојот на техниката и технолошкиот
процес на производството заштитата на воздухот треба да се третира како
обврска на секое општетсво.
Затоа сите мерки за заштита на воздухот треба да бидат сеопфатни и во
глобала да го содржат следното:

1. Значително зголемување на учеството на обновливите извори на енергија


и постепено намалување на употребата на фосилните
2. Локацијата на индустриските објекти треба да биде надвор од населените
места, а во просторот меѓу населените места и индустриските комплекси
да има зелени заштитни појаси

13
3. Индустриските објекти или други извори што го загадуваат воздухот треба
да поседуваат соодветни филтри за пречистување на загадениот
индустриски воздух и да применуваат современи технологии на
производство.
4. Хемиско и механичко пречистување на штетните состојки во гасовите
5. Автомобилскиот сообраќај да се замени со електричен јавен сообраќај кој
не емитира штетни гасови во воздухот или користење на велосипедскиот
сообраќај
6. Препорачливо е вградување на апарати за дополнително согорување,
како катализатори, со цел намалување на штетните гасови.
7. Да се почитуваат правните, законските и административните прописи,
норми и постапки.

14
5.ЗАКЛУЧОК

Горивата се согорливи органски материи што се сретнуваат во природата


или се добиваат по индустриски пат и служат како извор на топлотна енергија.

Според агрегатната состојба, се разликуваат три вида на горива:


цврсти, течни и гасовити
Според настанувањетo, горивата се делат на природни и вештачки
Според постојаноста на топлина, горивата се делат на топлостојани и
топлонепостојани.

Согорувањето или горењето е неповратен процес. При горење


материјата која гори ги менува своите својства и се претвора во друг вид
материја, а при самиот процес се ослободува некој гас (најчесто јаглероден
диоксид).
Горењето е исто така егзотермен процес бидејќи при горење се ослободува
топлина.

Во зависносот од тоа дали јаглеводородните горива при горењето


целосно или нецелосно согоруваат, се разликува целосно и нецелосно
согорување.

Нецелосното согорување е причина за загадувањето на воздухот.


Јагленот и нафтата често содржат сулфурни соединенија, нивните согорувања
генерираат сулфур диоксид. Ова е една од причините за загриженост во врска
со влијанието врз животната средина со употребата на овие горива, како извори
на енергија.

Поради се поголемото загадување на воздухот се наметнува потребата од


превземање сериозни мерки за отстранување на загадувачите или за
намалувавње на нивното штетно дејство. Оттука заштитата на воздухот треба да
се третира како обврска на секое општетсво и должност на секој ученик.

15

You might also like