You are on page 1of 2

Тема: Поим за даноци, карактеристики и елементи на даноците

Прашања и Одговори

1.Што се даноци?
Даноците се јавен приход што произлегува од обврската што им ја наложува
државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојат дел од
својот приход или имот за задоволување на јавните државни потреби.
2.Кои се даночните карактеристики и даночните елементи?
Постојат три карактеристики а тоа се: задолжителност, неповратност и се
давачки без надоместок.
Елементи на даноците се: даночен објект-предмет на оданочување, даночен
субјект-обврзник, даночна основа-на која основа или обем се пресметува
данокот и даночна стапка.
3.Објаснете го данокот на добивка!
Данокот на добивка плаќаат само фирмите што остваруваат добивка по стапка
од 10%-рамен данок. Обврзници на данокот на добивка се правните,
домашните и странските лица што остваруваат добивка на територија на
Р.Македонија како и претпријатијата на Р.Македонија што остваруваат добивка
во странство, кога таму не се оданочени.
4.Кои видови даноци постојат во Р.Македонија?
Во сегашниот даночен систем на Р.Македонија постојат следниве видови
даноци: директни и индиректни даноци.
Директни непосредни даноци во нашиот даночен систем се:
 Данок на добивка
 Персонален данок од доход на граѓани
 Даноци на имот
Индиректни посредни даноци на потрошувачка се:
 ДДВ
 Акцизи
 Царини
5.Објаснете го персоналниот данок на доход!
Данокот е наречен персонален данок на доход кој за разлика од данокот на
добивка го плаќаат граѓаните односно физичките лица-резиденти на
Р.Македонија,за доходот што го остваруваат во земјата и странство, како и
лица што не се резиденти на Р.Македонија, а тука го остварувале доходот.
6.Објаснете го данокот на имот!
Данокот на имот можат да бидат данок на имот, се плаќа по 0,10% и по 0,5% за
подвижен и за неподвижен имот, данок за наследство и подарок и данок на
промет на недвижен имот и права.
7.Што е ДДВ и како се пресметува?
ДДВ е повеќефазен данок односно се плаќа фази на производството и
прометот, вклучувајќи ја и финалната потрошувачка. ДДВ се пресметува со
примена на пропорционални даночни стапки врз даночна основа за прометот
на стоки и на услуги и увозот и тоа: според општата даночна стапка од 18% и
според повластена даночна стапка од 5%.
8.Што се акцизи?
Акцизи се посебен вид данок на потрошувачка. Со акцизите некои видови
производи како што се алкохолните пијалоци, тутунски производи, нафтени
деривати, автомобили и друго, пред да се оданочат со највисока стапка н ДДВ,
на утврдената цена на тие производи се додава определениот износ како
акциза.
9.Објаснете ги царините!
Царините се давачки при увоз на одредени производи, со цел да се заштити
домашното производство од конкуренцијата. При увозот цената на секој
производ се оптоварува со износот на царината, тој увезен производ во
споредба со домашните производи ќе биде со повисока цена и со намалена
конкурентност. Се воведуваат и високи царини и кога не е потребна висока
заштита, со цел да се соберат поголеми приходи

You might also like