You are on page 1of 21

Интервалутни односи

• Определувањето на интервалутните односи на


вредностите на националните валути што се
користат во меѓународните плаќања е доста
значајно за нормално вршење на
надворешно-трговската размена и воопшто за
развитокот на меѓународните економски и
финансиски односи.

• Успешноста на вршењето на надворешно-


трговската размена, на меѓународните
економско-финансиски односи, зависи и од
тоа колку однапред им се познати на
учесниците интервалутните односи помеѓу
валутите во тие економско-финансиски
односи.
• Интервалутниот однос на валутите на
одделни национални економии, којшто во
суштина е валутен курс, односно систем на
паритети на тие валути, се определува на
следниве начини:
• По пат на споредување на домашната
вредност(куповна сила) на валутата на
една национална економија со
домашната вредност (куповна сила) на
валутите на други национални економии
• По пат на утврдување на
интервалутната вредност на
домашната валута од страна на
монетарната власт во однос на
паритетот во злато или во некоја трета
валута
• По пат на дејствување на механизмот
на понудата и побарувачката на
валутите на националните економии
на валутниот пазар.
Паритет на куповните сили на
валутите
• ПКС претставува реална основа за утврдување
на односот на вредноста на две валути, за
утврдување на реалниот валутен курс.
• При постоење на “нормална слободна
трговија” доколку во една земја ќе се јави
состојба на инфлација, со што
пропорционално ќе се намали куповната сила
на валутата на таа земја, ќе се намали и
интервалутната вредност на таа валута во
однос на валутите на другите земји.
• Доколку пак се јави состојба на инфлација
во двете земји, валутниот курс на нивните
валути ќе биде рамен на нивниот
првобитен курс помножен со коефициентот
на степенот на инфлацијата во едната земја
и степенот на инфлација во другата земја.
• Тоа значи дека валутните курсеви
тендираат спрема висината на која се
израмнуваат куповните сили на валутите на
двете земји.
• Доколку инфлационите/дефлационите
движења во две земји се поклопуваат ,
валутните курсеви остануваат
непроменети(стабилни).
• Доколку пак, инфлационите/дефлационите
движења во две земји не се поклопуваат,
тогаш новиот валутен курс на валутите на
тие земји се пресметува по формула:
• Појдувајќи оттаму дека куповната сила на
парите е поголема доколку општото ниво
на цените во земјата е пониско и обратно,
Cassel ПКС теоријата ја формулирал на уште
еден начин.
• Имено, курсот на валутите на две земји
секогаш се формира спрема општото ниво
на цените во секоја земја, а надворешната
трговија ќе придонесе да се изедначи
нивото на цените и валутните курсеви
помеѓу тие земји.
• Критиката за ПКС се однесува на тоа што не може да докаже дека
флуктуирањата на валутниот курс нужно одговараат на флуктуациите
на куповните сили на одделните валути.

• Имено, доколку флуктуациите на валутниот курс не се поклопуваат со


промените во односите на куповните сили на валутите, односно со
нивоата на цените, тогаш се поставува прашањето зошто
флуктуациите на валутните курсеви би морале да имаат врска со
промените на односите на куповните сили на валутите.

• Исто така се истакнува и тоа дека е погрешна претпоставката по која


купувачот на странска валута ја зема во предвид општата куповна
сила на таа валута.

• Во современото сфаќање на билансот на плаќања, основата на тој


биланс ја чинат движењата на капиталот, а трговскиот биланс се
приспособува кон движењата на капиталот, еден од најважните
моменти при побарувањето на валутите не е земен во предвид.
• Покрај задолжувањата спрема странство, како
значајни фактори што влијаат на висината на
валутниот курс треба да се земат во предвид и
промените во структурата на цените и
побарувачката, состојбата во конјуктурата и
влијанието на мерките во областа на економските
односи со странство.
• Тоа, пак упатува на заклучок дека паритетот на
куповните сили на валутите е само еден од
факторите што ја определуваат висината на
валутниот курс.
• Современите теоретичари на валутниот курс
сметаат дека висината на валутниот курс зависи од
понудата и побарувачката на валутите на девизните
пазари, односно постојат доста фактори што ја
детерминираат висината на валутниот курс.
Утврдување на интервалутната вредност на
валутите врз основа на заеднички
деноминатор
• Суштината на ваквото утврдување на
интервалутната вредност на валутите е во тоа
што, врз основа на постоењето на претходен
формален или неформален договор меѓу
земјите што се договориле заеднички да ја
утврдуваат интервалутната вредност на
своите валути, се определува единствен
критериум наречен деноминатор врз основа
на кој се определува интервалутната вредност
на валутите на одделните национални
економии.
• Кај овој начин монетарната власт е таа
којашто ја утврдува интервалутната
вредност на домашната валута имајќи го
во предвид почитувањето на постоењето
на заеднички прифатениот единствен
критериум (деноминатор).
• Определувањето на деноминаторот е
предмет на меѓународни спогодби.
• Со спогодбата со која е формиран ММФ,
заеднички е определено деноминатор да
биде златото.
• Врз основа на ова, интервалутната
вредност на валутите на земјите-членки на
ММФ се определува спрема количината
злато што ја содржи, односно ја
претставува таа валута.

• Во современи услови, кога постои систем


на книжна валута, книжно важење,
прашањето за определување и одржување
на интервалутната вредност на валутите е
комплицирано
• Во такви услови се преминува кон
формирање на интервалутната вредност на
валутите врз основа на движењето на
понудата и побарувачката на валутите.
Пазарно формирање на интервалутната
вредност на валутите
• Интервалутната вредност на валутите може
да се формира и по пат на дејствување на
механизмот на понудата и побарувачката на
валутите на националните економии.
• На меѓународните валутно-девизни пазари,
валутите се продаваат како стоки и врз
основа на нивната понуда и побарувачка се
формира нивната пазарна цена којашто во
суштина е нивната интервалутна вредност,
односно нивниот интервалутен курс.
• Доколку при менувањето на интервалутната
вредност на домашната валута со акт на
монетарна власт (ревалвација и девалвација) не
се води доволно сметка за нивото на куповна
сила на домашната валута, интервалутната
вредност на домашната валута може да биде
преценета или потценета.
• Интервалутната вредност на домашната
валута ќе биде преценета, доколку
валутниот курс е формиран на повисоко
ниво од нивото на куповна сила на валутата
во земјата.

• Интервалутната вредност на домашната


валута ќе биде потценета, доколку
валутниот курс е формиран на пониско
ниво од нивото на куповна сила на валутата
во земјата.
• Кога постои преценетост на интервалутната
вредност на домашната валута, се менуваат
условите за размена на штета на
домашното стопанство.
• Имено, цените на странските стоки и
услуги,изразени во апрецирана домашна
валута, се пониски со што расте
побарувачката на тие стоки и услуги, а со
тоа расте и нивниот увоз.
• Цената на домашните стоки и услуги на
странскиот пазар, изразени во странски
валути, се повисоки поради тоа што
нивниот извоз во странство се намалува.
• Намалениот извоз и зголемениот увоз
влијае на зголемувањето на побарувачката
на странски валути и девизи на домашниот
валутно девизен пазар со што се врши
исцрпување на девизните резерви на
земјата.
• Кога постои потценетост на интервалутната
вредност на домашната валута, постои
обратна состојба.
• Се менуваат условите за размена во полза на
домашното стопанство.
• Цените на странските стоки и услуги изразени
во депрецирана домашна валута се повисоки
со што се намалува побарувачката на тие
стоки и услуги и со тоа се намалува нивниот
увоз. Цените на домашните стоки и услуги на
странскиот пазар изразени во странски валути
се пониски поради што нивниот извоз се
зголемува.
• Намалениот увоз и зголемениот извоз
влијае на зголемувањето на
побарувачката на домашната валута на
странските валутно-девизни пазари со што
се врши зголемување на девизните
резерви во земјата.

You might also like