You are on page 1of 22

Банкарско работење

Банкарскиот систем на САД

Вон. Проф. д-р. Зоран Темелков


Структура на комерцијалното
банкарство во САД
• Структурата на комерцијалното банкарство во САД е
комплексна како резултат на разликите меѓу федералната
законска регулатива и регулативата на одделните држави,
како и поради разликите во регулативата помеѓу одделните
држави.

• Разликите во законската регулатива се до таа мера големи


што одредени активности на банките во една држава се
дозволени, а во друга забранети.
Структура на комерцијалното
банкарство во САД
• Во САД постои систем на дуално банкарство во кој дозвола
за отворање на банка можат да дадат:
• Федералните власти,
• Властите на одделна држава
• Ако дозволата ја даваат федералните власти тогаш банката
ја има придавката – National.
• Ако дозволата ја даваат власти на одделна држава, тогаш
банката ја има придавката – State.
• Ова значи дека во еден град можат да работа двете банки
една покрај друга, но под различна законска регулатива.
Структура на комерцијалното
банкарство во САД
Во САД постои уште една поделба на банките и тоа на:
• UNIT банки, односно банки кои немаат разгранета мрежа од
филијали и кои не се контролирани од друга корпорација или од
лице кое контролира друга банка.
• BRANCH банка, односно банка која работи и која дава комплетни
услуги на повеќе места и преку повеќе деловни единици (offices)
• Банкарска холдинг компанија е корпорација која поседува акции
од една или од повеќе банки (Unit и/или Branch)и на тој начин ги
контролира. На овој начин се надминуваат рестрикциите кои ги
наметнуваат различните прописи во разните држави.
Настанокот на ФЕД
• Пред формирањето на Федералниот резервен систем (Federal
Reserve System-FED), банкарскиот систем на САД е несреден,
конфузен и пропратен со многубројни банкротства.
• Федералниот резервен систем на САД (Federal Reserve System-FED)
основан во 1913 година и ја има улогата на Централна банка на САД.
• Со неговото формирање се зголемува степенот на централизација во
управувањето со банкарскиот систем на САД.
• Иако во неговиот состав влегуваат 12 регионални федерални
резервни банки, сепак FED важи за централизирана институција
бидејќи резервните банки во неговиот состав дејствуваат како
единствена Централна банка.
Структура на ФЕД
FED се состои од 12 нееднакви по големина банки, од кои повеќе
од половината на средства се сконцентрирани во три банки:
• Федерална резервна банка на Њујорк,
• Федерална резервна банка на Чикаго,
• Федерална резервна банка на Сан Франциско.
Поради својата местоположба во центарот на најголемиот пазар
на пари и вредносни хартии во САД, Федералната резервна
банка на Њујорк има специфична улога и е задолжена да ги
врши сите работи околу купување и продавање на хартии од
вредност за целиот FED
Функции на Федералните резерви
Федералните резервни банки вршат:
• Емисија на книжни и ковани пари,
• Повлекување од промет на оштетени пари,
• Вршат клиринг на издадени чекови,
• Ги контролираат банките во нивното работење, и
• Издаваат дозвола за спојувања меѓу банките.
Покрај другото Федералните резервни банки:
• Одржуваат контакт со стопанството на територијата за која се основани,
• Да ги објаснуваат мерките кои ги носи Одборот на гувернери,
• Да ја следи нивната примена и ефектите кои тие ги предизвикуваат.
Организација на ФЕД
а) Одбор на директори на Федералните резервни банки
Секоја федерална резервна банка е управувана од Одбор на директори.
• Одборот на директори е составен од 9 члена поделени во три класи: А, B и С.
• Во класа А влегуваат тројца директори кои ги избираат банките членки на
FED од своите редови.
• Во класа В влегуваат тројца директори како претставници од различни
области на стопанството, кои исто така се избрани од банките членки на FED.
• Во класа С влегуваат тројца директори кои ги именува Одборот на гувернери
и тие треба да ги претставуваат и заштитуваат интересите на пошироката
јавност. По правило не смеат да бидат банкари туку познати и признати
граѓани.
Организација на ФЕД
• Претседателот и потпретседателот на Одборот на директори се
избира од директорите од класа С.
• Претседателот на Федералната резервна банка иако се бира од
директорите, сепак треба да биде одобрен од Одборот на
гувернерите.
б) Одбор на гувернери (The Board of Governors )
• FED е управувана од Одбор на гувернери кој го сочинуваат седум
гувернери со мандат од 14 години без право на реизбор.
• Претседателот на Одборот на гувернери се избира на секои 4
години што овозможува на Претседателот на САД да именува
„свој“ претседател.
Организација на ФЕД
• Примарна задача на Одборот на гувернери е да управува со
монетарната политика, применувајќи ги следните инструменти:
• Купопродажба на државни хартии од вредност,
• Задолжителна резерва, и
• Есконтна стапка.
• Преку Претседателот на одборот на гувернери ги советува
Претседателот на САД и Конгресот преку објаснување на монетарната
политика која ја води и преку давање на критички осврт и анализа на
економската политика која ја водат Претседателот на САД и Белата куќа.
• Преку дискусиите во Конгресот, банкарите, стопанствениците и
пошироката јавност дознава за монетарната политика која ќе ја води
Одборот на гувернери.
Организација на ФЕД
в) Федерален комитет за отворен пазар (The Federal Open
Market Committee
• FOMC) FOMC е орган во Федералниот резервен систем чија
задача е да ја одреди политика што треба да ја води
Федералната резервна банка од Њујорк, во купопродажбата
на хартии од вредност.
• Во него членуваат седум членови од Одборот на гувернери,
и пет претседатели од Федералните резервни банки кои
ротираат, со исклучок на ФЕД Њујорк која има постојано
место во ова тело.
Организација на ФЕД
г) Советодавни тела на Федералниот резервен систем
• Федерален советодавен одбор составен од директори на големи
комерцијални банки кое расправа за прашања од монетарно-
кредитната политика со кои се судруваат банките.
• Одбор на штедни институции кое расправа за проблемите на
штедилниците, проблемите во кредитирањето на станбената изградба,
за хипотекарното кредитирање и слично.
• Советодавни одбори за малото стопанство и земјоделието. (во секоја
федерална резервна банка)
• Комитет за банкарски услуги кој предлага тарифни стапки и провизии
за услугите што FED им ги дава на депозитните банкарски институции.
Независност на FED
Формално FED има голем степен на независност.
• Претседателот на САД освен што именува гувернери и во изборот на
Претседател на FED нема други овластувања во однос на неговата работа.
• FED односно неговиот претседател освен што има обврска да го информира
Конгресот, за насоките на политиката која ја води, нема друга обврска кон него,
дури и кога Конгресот има реакција во однос на политиките на FED.
• Во реалноста претседателот на FED тешко ќе се одлучи да оди спротивно од
сигналите кои ги дава Претседателот на САД, особено затоа што тој и го избира.
• FED во „борбата“ со Конгресот сака да го има Претседателот на САД на своја
страна.
• FED треба да има добри односи со Претседателот на САД затоа што тој именува
нови гувернери, а кои FED сака да бидат кооперативни.
Контрола во работењето на банките во
САД
Банките во САД подлежат на контрола во нивното работење
од страна на федералните агенции:
• Контролор на монетарниот систем (The Comptroller of the
currency),
• Централната банка на САД ( Federal Reserve System),
• Федерална осигурителна корпорација (The Federal Deposit
Insurance Corporation)
Контрола во работењето на банките во
САД
Контролор на монетарниот систем (The Comptroller of the currency)
• Оваа служба е дел од Министерството за финансии но со голем степен на
самостојност.
• Со неа раководи Контролорот кој го именува Претседателот на САД по
предлог на секретарот за финансии, а именувањето го потврдува
Конгресот.
• Службата се финансира преку својата работа односно преку средства кои
ги прибира од контролата на банките.
• Главното седиште на службата е во Вашингтон, и од таму ги контролира
своите регионални служби.
• Нејзината надлежност за контрола на работењето се протега врз сите
национални банки во САД.
Контрола во работењето на банките во
САД
Нејзини задачи се:
• Издавање на дозволи за формирање на нови банки,
• Припојување на една банка кон друга (bank mergers),
• Формирање на de novo branch банка.
При одлучувањето за издавање на дозвола за формирање на нова
банка тие ценат два критериума:
• Квалитет - големина и структура на капитал на банката, квалитет на
раководната структура, проблеми со законот итн.
• Потреба – оценка дали банката ќе може да работи на задоволително
ниво само со преземање на работите од други банки и дали со тоа се
зголемува опасноста од банкротство на некоја банка.
Контрола во работењето на банките во
САД
• Централната банка на САД ( Federal Reserve System)
• Покрај водењето на монетарната политика, FED ги регулира
максималните каматни стапки што банките членки можат да
ги плаќаат на штедните влогови и ја одредува
задолжителната резерва на депозитите.
• FED има контролни надлежности над банките кои се нејзини
членки и тоа:
• Врши одобрување на спојување на една банка кон друга,
• Дава согласност за отворање на филијали,
• Дава согласност за формирање на банкарски холдинг компании.
Контрола во работењето на банките во
САД
FED врши проценка на финансиската состојба и
класификација на банките преку системот CAMEL.
• Структура на капиталот – Capital adequacy,
• Квалитет на имотот – Asset Quality,
• Управување – Management,
• Заработка – Earnings
• Ликвидност - Liquidity
Контрола во работењето на банките во
САД
• Оценката се врши во скала од 1 до 5, при што 1 е најдобра
оцена.
• Доколку контролорите од FED утврдат дека некоја банка е
во тешка финансиска состојба, а во зависност од тежината
на состојбата можат:
• Да дадат усни укажувања,
• Да дадат писмени укажувања и насоки пред преземање на
присилни мерки,
• Донесува наредби за отстранување на неправилности,
припојување кон друга банка која е членка на FED, смена на
раководните лица во банката.
Контрола во работењето на банките во
САД
Федерална осигурителна корпорација (The Federal Deposit Insurance Corporation
- FDIC)
• FDIC врши осигурување на депозитите на банките зачленети кај неа.
• Сите банки членки на FED се должни да ги осигурат своите депозити, а
банките кои не се членки на FED сами одлучуваат дали ќе ги осигурат своите
депозити или не.
• FDIC преку свои контролори ја испитува финансиската положба на банките
членки и презема превентивни мерки од банкротства и го помага нивното
заздравување.
• Доколку финансиската положба на банката е многу тешка, FDIC бара здрава
банка за кон која таа би се припоила, и го олеснува процесот преку давање на
поволни кредити на здравата банка, или преку купување на дел од имотот на
банката што е во тешкотии.
Контрола во работењето на банките во
САД
Совет на федерални финансиски контролни установи
(Federal Financial Institutions Examination Council - FFIEC)
Заради координација на работата на трите федерални
агенции, формирана е FFIEC со задача да востанови:
• Единствени принципи и стандарди на контрола, и
• Форма на извештаи на финансиските институции
Контрола во работењето на банките во
САД
FFIEC :
• јЈ организира работата и управува со школите за обука на
контролорите,
• Дава совети и препораки за одделни проблеми со кои се
судруваат контролни институции,
• Одржува состаноци со овие институции за размена на
мислење и искуства за подобрување на ефикасноста, и
подобрување на координацијата.

You might also like