You are on page 1of 42

Бр.

Прашање

Доколку се донесе одлука со која се забранува пристап до јавен базен за сите лица кои се припадници на Ромската етничка
заедница, тогаш се работи за повреда на:
1.
- Правото на еднаквост
Граѓаните на РМ се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и
социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Доколку овластено службено лице ја следи Вашата комуникација преку Вашата електронска пошта без претходно да прибави
какво било одобрение или дозвола, тогаш станува збор за повреда на:
2.
- Слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење

Кои од следниве права и слободи можат според Уставот од 1991 година да бидат ограничени во точно определен случај:

 Слобода и тајност на писмата и други облици на оштење, Слободата на здружување, правото на мирно собирање
и протест, правото на неповредливост на домот, правото на слободно движење, Правото на сопственост и
наследување, правото на штрајк

 Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна
состојба според одредбите на Уставот.
 Право на слобода – се ограничува со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон
 Слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење, освен ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка
или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката
 Слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и
3. уверувања, која се ограничува само програмата и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии се насочени
кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или
разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.
 Право на мирно собирање и јавен простест, кое може да биде ограничено само во време на воедна или вонредна состојба
 Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или
спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.
 Право на слободно движење на територијата на Републиката и слободно избирање на местото на своето живеалиште. Секој
граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката. Остварувањето на овие права може
да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на
кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.
 Правото на штрајк - Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили,
полицијата и органите на управата.
 Право на сопственост - Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа,
освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.
Бр. Прашање

Доколку на одредено лице против кое е покрената кривична постапка пред суд му биде Привремено одземена патната
исправа, во тој случај:
4.
 му е ограничено правото на слободно движење врз основа на судска одлука

Според Уставот од 1991 година, суверенитетот на Република Македонија е:


5.
 Неделив, неотуѓив и непренослив. Суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните

Кое од следниве начела не спаѓа во темелните вредности определени со членот 8 од Уставот на Република Македонија од
1991 година?

Темелни вредности на уставниот поредок на РМ се:


— основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;
— слободното изразување на националната припадност;
— владеењето на правото;
— поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
6.
— политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
— правната заштита на сопственоста;
— слободата на пазарот и претприемништвото;
— хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
— локалната самоуправа;
— уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
— почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.

Уставот на Република Македонија ја гарантира тајноста на писмата и другит облици на општење. Од ова начело може да се
отстапи:

7.  Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на
неповредливост на писмата и другите облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање
КД, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката.
А М А Н Д М А Н XIX

8. Според Амандманот III од Уставот на Република Македонија притворот:


Бр. Прашање

 Притворот до подигнување на обвинението, по одлука на суд, може да трае најдолго 180 дена од денот на
притворувањето. По подигнување на обвинението, притворот го продолжува или го определува надлежниот суд во
случај и во постапка утврдени со закон.

Уставот на РМ ја гарантира слободата на вероисповеста. Исповедувањето на верата е приватна работа на човекот и секој
граѓанин:
9.
 слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, ја изразува верата.
 Припадник на која било вера има право да го исповедува нејзиното учење

Општествената заштита на семејството се категоризира во:

10.  Економски, социјални и културни права

огласно член 40 од Уставот “Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.”

На кое право ќе се повикате доколку сакате да основате политичка партија:


11.
 Слобода на здружување

Адвокатурата според Уставот на РМ:


12.
 е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност
со закон.

Државјанин на Република Македонија:

13.  не може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор, со одлука
на суд.
 не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.

Правото на штрајк според Уставот на РМ:


14.
 Се гарантира правото на штрајк. Cо закон може да се ограничат условите за остварување на правото
на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата. Член 38 од УСтавот
Бр. Прашање

Слободата на мислата, Уставот на РМ ја определува како:

15.  слобода на мислата и јавно изразување на мислата.

Спаѓа во граѓанските и политички основни слободи и права на човекот и граѓанинот.

Должноста да се плаќа данок и други јавни давачки и да се учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден
со закон се однесува:
16.
 на сите. Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на
јавните расходи на начин утврден со закон. – ЕКОНОМСКО ПРАВО

Република Македонија им ја гарантира заштитата:

 етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. (амандман 8)


17.
Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Македонија
и на сите заедници во Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим. (амандман 9)

Уставот на Република Македонија:


18.
 cе изменува и дополнува со уставни амандмани.

Според Уставот на РМ, вонбрачните деца:


19.
 Се изедначени со децата родени во брак

Амандманите на Уставот на РМ со кои се прошируваат правата на етничките заедници кои не се мнозинство во Република
Македонија се донесени во:
20.
 2001 година, 16 Ноември Амандман 4 до Амандман 18

Според Уставот на РСМ, по однос на смртната казна:


21.
 е забранета односно неможе да се изрече по ниту еден основ

22. Во вториот дел (оддел) од Уставот на Република Македонија од 1991 година се уредени:
Бр. Прашање

 основните слободи и права на човекот и граѓанинот

Преку дефинирањето на слободата на печатот според уставотворецот, цензурата:


23.
 е забранета

Во Република Македонија, според Уставот од 1991 година, пасивното избирачко право се стекнува со навршени:

 18 години
24.
Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и
се остварува на слободни избори со тајно гласање. Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната
способност. Чл.22 (не е прецизирано како пасивно туку генерално ИЗБИРАЧКО ПРАВО)

25. Адвокатурата е - ИСТО 12

Комитетот за односи меѓу заедниците во РМ брои:

 19 члена (амандман 7)

26. Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците. Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на
пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци.
Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници,
ќе ги предложи другите членови на Комитетот. Собранието ги избира членовите на Комитетот. Комитетот разгледува прашања од
односите меѓу заедниците во Републиката и дава мислења и предлози за нивно решавање. Собранието е должно да ги разгледува
мислењата и предлозите на Комитетот и да донесе одлука во врска со нив.

Забраната на мачење и нечовечко или понижувачко однесување во Уставот на РМ е дел од:


27.
 Основните граѓански и политички слободи и права поточно од физичкиот и моралниот интегритет на човекот

Според Уставот на РМ, лицата помлади од 15 години:

28.  Не можат да бидат вработени.


Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа. Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни
места што се штетни за нивното здравје и моралот. (Член 42)

29. Од донесувањето на Уставот на Република Македонија во 1991 година до денес донесени КОЛКУ се:
Бр. Прашање

36 Амандмани (заклучно со 11 јануари 2019 година)

Уставот на РМ ја прогласува слободата на човекот за неприкосновена. Истата никому не може да му биде ограничена освен:
30.
 освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.

Уставот на РМ ја гарантира неповредливоста на домот. Ова право може да биде ограничено:


31.
 со судска одлука кога е во прашање откривање / спречување на КД или заштита на здравјето на луѓето.

Во Република Македонија притворот и неговото траење го утврдува:


33.
 надлежен суд (Уставот и ЗКП)

Кривичните дела и санкциите во РМ можат да се определат:


34.
 со закон – Кривичниот Законик

Уставно загарантираното право на работа во РМ:

 економски, социјални и културни права


 Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за
35.
време на привремена невработеност.
Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка.
Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.
Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.

36. Според Уставот на РМ, лица помлади од 15 години: ИСТО 28

Условите за остварување на правото на синдикално организирање во РМ:


37.
 Се уредени со ЗРО и можат да се ограничат со закон и тоа во вооружените Сили, полицијата и органите на
управата

Според Уставот на РМ, кој има право да учествува во вршењето на јавни функции?:
38.
Бр. Прашање

 Чиј мандат може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба? –
 мандатот на пратениците може да се продолжи само за време на воена или вонредна состојба. – член 63 устав
39.
 Мандатот на претседателот на републиката, владата, судиите на уставниот суд и на членовите на републички судски
совет се продолжува за време на траење на вонредна или воена состојба. – член 128 устав

Уставот на РМ не го дозволува формирањето на здруженија на граѓани и  на политички партии чии што програми и
дејствување се насочени кон:
40.
 насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија
или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.
Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на РМ.

Според Уставот, одбраната на РМ е:


41.
 право и должност на секој граѓанин. Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон, кој
се донесува со 2/3 мнозинство. Член 28 од Уставот

Уставниот суд на Република Македонија е:


42.
 орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста. Член 108

Функцијата судија на Уставниот суд на РМ е:


43.
 неспојлива со вршење друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.(чл 111)

Судиите на Уставниот суд на РМ:

 уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Уставниот суд.

44.  не подлежат на обврска во вооружените сили.


 се бираат од редот на истакнати правници член 109 од Устав
На судија на Уставниот суд функцијата му престанува ако поднесе оставка. Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од
должноста ако биде осуден за КД на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста
да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд. Член 111 од Уставот

45. Државниот правобранител на РМ пред стапување на функција дава свечена изјава пред:претседателот на Владата на РМ
Бр. Прашање

Јавното обвинителство е:
46.
 единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на КД и на други со закон утврдени казниви дела
и врши и други работи утврдени со закон (Член 2 од ЗЈО)

Законот за јавното обвинителство се донесува со:


47.
 со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници

Јавниот обвинител на РМ го именува и разрешува:


48.
 по предлог на Владата на РМ, го именува Собранието на РМ за време од 6 години со право на повторно
именување (Член 40 од Законот за јавно обвинителство)

Јавниот обвинител на РМ се именува за време од:


49.
 6 години со право на повторно именување

Јавните обвинители ги избира:


50.
 Советот на јавни обвинители на РМ без ограничување на траење на мандатот под услови и во постапка утврдени со
закон (член 40 став 2 од ЗЈО).

Советот на јавни обвинители на РМ има 11 члена од кои по функција е/се:

- ЈО на РМ и министерот за правда

51. - еден член на Советот избираат јавните обвинители во Јавното обвинителство на РМ, од своите редови,
- по еден член на Советот избираат јавните обвинители од подрачјата на вишите јавни обвинителства Битола, Гостивар, Скопје и Штип, од
своите редови,
- еден член на Советот припадник на заедница која не е мнозинство во РМ, го избираат сите јавни обвинители во РМ, од своите редови
- 3 членови на Советот ги избира Собранието на РМ од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати
правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во РМ. Член 6 од Закон за Совет на ЈО

Мандатот на избраните членови на Советот на јавни обвинители на РМ трае:


52.
 4 години со право на уште еден избор. Член 7 од Закон за совет на ЈО
Бр. Прашање

Одлуките кои ги носи Уставниот суд се:


53.
конечни и извршни Член 112 од Устав

Начинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со:


54.
 акт на Судот. (член 113 од Уставот) (Деловник на судот)

Јавното обвинителство се организира според принципите на:

55.  хиерархија и субординација, согласно со закон.


Почитувањето на принципите не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата.
(Член 6 од ЗЈО)

Собранието на РМ избира шест судии на Уставниот суд со:

56.  мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. (амандман 15, чл. 109)

Мандатот на судиите трае 9 години без право на повторен избор.

Собранието на РМ избира тројца судии на Уставниот суд со:


 
57.
 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број
пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ. (амандман 15, чл. 109)

Бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства го определува:


58.
 Советот на ЈО на РМ со одлука го определува бројот на јавните о бвинители во јавните обвинителства и ја спроведува
постапката за избор и разрешување на јавните обвинители. (член 42 став 3 од ЗЈО)

По однос на судирот на надлежности, Уставниот суд на РСМ решава:


-решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
59.
- решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
Член 110 од Уставот

60. На јавен обвинител именуван или избран за член на Советот на јавни обвинители или за судија или обвинител во
Бр. Прашање

меѓународна правосудна институција, судија на Уставниот суд или директор на Академијата за обука на судии и јавни
обвинители:

 функцијата јавен обвинител му мирува за време на вршење на должноста за која е именуван или избран. (Член
50 од ЗЈО)

Уставниот суд на РСМ одлучува за одговорноста на: претседателот на републиката, со двотретинско мнозинство од вкупниот
61. број судии(член 87)

Прописите за внатрешно работење на јавните обвинителства ги донесува:


62.
 ЈО на РМ. (Член 28 од ЗЈО)

Јавното обвинителство своите функции ги врши врз основа на:


63.
 Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. (Член 3 од ЗЈО)

Правото на авокација подразбира:


64.
 дека повисокиот јавен обвинител може да го превземе кривичното гонење, како и вршењето на одделни
работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител,

Надзорот на управното работење над јавно обвинителство го вршат:

 ЈО на РМ и Министерството за правда. Член 28 од ЗЈО


65.
Повисокото јавно обвинителство врши надзор над работата и постапувањето по конкретни предмети на пониските јавни обвинителства
Надзор над работата и постапувањето по конкретни предмети на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и
корупција врши ЈО на РМ.

Незаконито, ненавремено или немарно вршење на функцијата јавен обвинител е спаѓа во:
66.
 несовесно вршење на функцијата јавен обвинител (член 71 од ЗЈО)

67. Комисијата за утврдување на дисциплинска повреда и на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител
Бр. Прашање

формира:

 ЈО на РМ. (состав од 5 члена) (член 72 од ЗЈО)

Судирот на надлежност меѓу јавните обвинители го решава:


68.
 Непосредно повисокиот јавен обвинител (член 40 од ЗКП)

Собранието го сочинуваат
69.
 од 120 до 140 пратеници.

Пратениците во Собранието се избираат со мандат од:


70.
 4 години

Избор на претседател на Републиката распишува


71.
 Претседателот на Собранието

Јавните давачки ги утврдува


72.
 Собранието на РСМ

За војна и мир одлучува


73.
 Собранието на РСМ

Аменстија дава
74.
 Собранието на РСМ

Право да предлага закон имаат, покрај


75.
 секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи.
Бр. Прашање

Интерпелација можат да поднесат


76.
 најмалку 5 пратеници

Предлог за основање на анкетна комисија може да поднесат


77.
 најмалку 20 пратеници. (член 76 од Устав)

Кандидат за претседател на Републиката може да предложат:


78.
 Најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници. Член 81 од Устав

Изборот за претседател на Републиката се врши во последните:

79.  60 дена од мандатот на претходниот претседател.


Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се
врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Член 81 од Уставот

Мандатот за сoстав на Владата на Република Македонија го определува:


80.
 Претседателот на РМ

Колку членови именува претседателот на Републиката во Советот за безбедност


81.
 3 членови

Уредби може да носи


82.
 Владата на РМ

За признавање на држави и влади одлучува


83.
 Владата на РМ

Дипломатски и конзуларни односи со други држави воспоставува


84.
 Владата на РМ

85. Именување на амбасадори предлага


Бр. Прашање

 Владата на РМ

Владата и секој нејзин член за својата работа одговара пред


86.
 Собранието на РМ

Во училиштатата во кои образованието се одвива на друг јазик


87.
 се изучува и македонскиот јазик.

Во Комитетот за односи меѓу заедниците членуваат

 19 члена од кои по 7 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од
88.
редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нема пратеници,
народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите
членови на Комитетот.

Колку судии на Уставниот суд се избираат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедници кои
не се мнозинство
89.
 3 судии

Предметите што доаѓаат во судот на одлучување се распределуваат меѓу судиите според:


90.
 автоматска распределба согласно автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските
предмети

Судот поднесува иницијатива за поведување на постапка за оценување на согласноста на законот со Уставот кога во
постапката ќе се постави прашање за негова согласност со Уставот, за што ги известува непосредно
91.
 повисокиот суд и Врховниот суд на РМ.

Основен суд во Гевгелија за подрачјето на општините: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово,


92.
 со Судско одделение во Валандово

93. Основните судови со основна надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен по граѓански спорови, и тоа
Бр. Прашање

1. за спорови во имотно - правните и други граѓанско - правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000
евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
2. за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на
брак и развод на брак,
3. за законска издршка,
4. за чување и воспитување на деца,
5. за смеќавање на владение,
6. за доживотна издршка,
7. за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
8. во постапка за обезбедување и извршување,
9. за работни односи,
10. во спорови од наследно - правни односи,
11. во вонпарнични и оставински работи,
12. да водат тапии и - за други работи утврдени со закон.

Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за
заштита на правото на судење во разумен рок
94.
 до Врховниот суд на РМ

Судиите-поротници ги избира и разрешува


95.
 Судскиот совет на РМ

Оглас за избор на претседател на суд, Судскиот совет на РМ објавува

 2 месеца пред истекот на мандатот на постојниот претседател на суд.


96.
Од пријавените кандидати кои ги исполнуваат потребните услови Судскиот совет на РМ најдоцна 2 месеца по распишувањето
на огласот избира претседател на суд.

Судиите-поротници свечената изјава ја даваат пред


97.
 Претседателот на судот во судот во кој се избрани
Бр. Прашање

Судија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на РМ, освен ако е затечен во вршење на кривично
дело за кое е пропишана казна затвор во траење од
98.
 најмалку 5 години.

Клучната функција за донесување на закони (легислатива) припаѓа на:


99.
 Собранието на РМ

Собраниските комисии можат да бидат основани како:

100.  постојани и повремени работни тела

Собранието може да основа анкетни комисии за сите области и за секое прашање од јавен интерес.

Автентичното толкување произведува правно дејство и се применува од:


101.
 денот на објавувањето во службен весник на РМ

Во правниот поредок на РСМ законите:


102.
 мораат да бидат во согласност со Уставот

Законите за ратификација во Собранието на РСМ се донесуваат според:

 Одредбите на собранискиот деловник што се однесуваат на постапката за претресување на предлогот на


103.
законот во итна постапка соодветно се применуваат и во постапката за претресување на предлогот на
законот за ратификација на меѓународниот договор.
Постапката за донесување на закон бидејќи Ратификација на меѓународен договор се врши со закон.

Основните судови во РСМ имаат:

104.  судски одделенија

Можат да судат надвор од седиштето на судот, како и да имаат судски денови надвор од седиштето на судот.
Бр. Прашање

Пред судовите се заштитуваат:

 слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите субјекти во РМ.


105.
 На граѓаните и другите правни субјекти им се гарантира судска заштита во однос на законитоста на
поединечните акти на органите на државната управа или организации и други органи што вршат јавни
овластувања.

Согласно Уставот на РСМ судија се разрешува:

 поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција
пропишана со закон и
 поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврденисо закон.

106. На судијата му престанува судиската функција:


 ако тоа сам го побара;
 ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција, што го утврдува Судскиот совет на РМ;
 ако ги исполни условите за старосна пензија;
 ако е осуден со правосилна судска пресуда за КД на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеца и
 ако е избран или именуван на друга јавна функција, освен кога судиската функција мирува под услови утврдени со
закон. (амандман 26)

Согласно Уставот на РСМ судија:

 не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на
судските одлуки.
107.
 не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на РМ, освен ако е затечен во вршење на КД
за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку 5 години.
 се избира без ограничување на траењето на мандатот.
 не може да биде преместен против својата волја.

108. Која од наведените основи не преставува нестручно и несовесно вршење на судиска функција?

Под нестручно и несовесно вршење на судиската функција се подразбира незадоволителна стручност или
несовесност на судијата што влијае на квалитетот и ажурноста во работењето, и тоа:
1. доколку 2 години по ред Судскиот совет на РМ оцени дека судијата покажува незадоволителни резултати,
особено преку ненавремено донесување на судските одлуки, неефикасно и неажурно водење на
судската постапка, број на потврдени, преиначени и укинати судски одлуки,
Бр. Прашање

2. несовесно, ненавремено или немарно вршење на судската функција во водењето на судската постапка по
одделни предмети,
3. пристрасно водење на судската постапка особено во однос на еднаквиот третман на странките,
4. постапување со предметите спротивно на начелото за судење во разумен рок, односно одолжување на
судската постапка без постоење на законски основ,
5. неовластено издавање на класифицирани информации,
6. јавно изнесување на информации и податоци за судски предмети за кои не е правосилно одлучено,
7. намерно повредување на правилата за правично судење,
8. злоупотребување на положбата или пречекорување на службените овластувања,
9. повреда на прописите или на друг начин нарушување на независноста на судиите при судење и
10. грубо повредување на правилата на Судискиот кодекс со кој се нарушува угледот на судиската функција.

Судскиот деловник го донесува:


109.
 Министерот за правда донесува Судски деловник, по претходно позитивно мислење на општата
седница на Врховниот суд на РМ.

Доколку судот смета дека законот што треба да се примени во конкретниот случај не е во согласност со Уставот,
тогаш:

 Кога судот смета дека законот што треба да се примени во конкретниот случај не е во согласност
110. со Уставот, а уставните одредби не можат директно да се применат, ќе ја прекине постапката до донесувањето
одлука на Уставниот суд на РМ.
Судот поднесува иницијатива за поведување на постапка за оценување на согласноста на законот со Уставот кога
во постапката ќе се постави прашање за негова согласност со Уставот, за што ги известува непосредно повисокиот
суд и Врховниот суд на Република Македонија.

Доколку судот смета дека законот што треба да се примени во конкретниот случај е во спротивност со одредбите на
меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот, тогаш:

 ќе ги примени одредбите од меѓународниот договор, под услов тие да можат директно да се


111.
применат.

Судот во конкретните случаи непосредно ги применува конечните и извршни одлуки на ЕСЧП, на Меѓународниот
казнен суд или на друг суд, чија што надлежност ја признава РМ, ако одлуката е подобна за извршување.
Бр. Прашање

Што се подразбира под начелото на зборност во судењето?


112.
 судот суди во совет. Целта е да се обезбеди посестрано оценување на фактичката состојба. Но тоа не е
апсолутно начело, туку со закон се утврдува кога суди судија-поединец.

113. Согласно Уставот на РСМ:

Кој од наведените правни акти не може да биде предмет на апстрактна контрола на уставноста и законитоста пред
Уставниот суд на РСМ?

 Акти кои не ја задоволуваат формата на ПРОПИС – општ правен акт, кој е во сила (само важечки)

Во чл.110 од Уставот во кој е определена надлежноста на Уставниот суд, како акти што можат да бидат предмет на
уставносудска оцена изрично се наведени законите, колективните договори, други прописи како и програмите
и статутите на политичките партии. Од оваа уставна одредба произлегува дека предмет на оцена пред Уставниот
суд можат да бидат прописи односно акти на законодавната власт, извршната власт, единиците на локалната
самоуправа и други носитили на јавни овластувања доколку со нив на општ начин се уредуваат права и обврски на
114. граѓаните.

Оценката на уставноста на овие акти е исклулива надлежност на Уставниот суд, бидејќи во РМ единствено Уставниот суд е
орган кој врши уставносудска контрола. Контролата на уставноста и законитоста на нормативните акти се остварува како
апстрактна и a posteriori, односно таа е можна само врз важечки акти. Превентивната контрола не е предвидена како можност во
уставот.

Оттука, контролата на уставноста и на законитоста на правните прописи, inter alia, ги опфаќа и правилниците, наредбите и
упатствата (инструкциите) на јавните орани. Нормативната контрола на уставноста на правните
прописи се остварува во форма на апстрактен, а не во форма на конкретен правен спор. Апстрактното испитување на
уставноста на законот, односно на уставноста и законитоста на другите правни прописи во правната теорија се дефинира како
“класичен пример на објективен спор”.

115. Според посебните услови за избор на судии, за судија на Врховен суд на РСМ може да биде избран:

 лице кое има работно искуство од најмалку 6 години непрекинат судиски стаж како судија во
апелационен суд до моментот на пријавувањето за избор и кое во последната година од страна на
Судскиот совет на РМ е оценето со највисока позитивна оцена и во однос на другите пријавени лица
има добиено најголем број бодови, согласно со закон или
 судија во Управниот суд или Вишиот управен суд кој во последната година од страна на Судскиот совет на
Бр. Прашање

РМ е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем
број бодови, согласно со закон.

Дали постојат посебни услови за избор на судија на Уставен суд на РСМ?


116.
 Во законот за судови не се предвидени, но во Уставот е наведено дека за судија во Уставен суд може да
биде избрано лице од редот на истакнати правници член 109 од Устав

Со колкаво мнозинство на гласови во Собранието на РСМ се избира Владата на РСМ?


117.
 Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство
гласови од вкупниот број пратеници.

При доверување на мандатот за состав на Владата, претседателот на Републиката:


118.
 е должен во рок од 9 дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го
довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. 

Кој одлучува за утврдување на одговорноста на судијата?

 Судскиот совет
119.
Судскиот Ссовет на седница расправа по Извештајот на комисијата и одлучува по предлог одлуката. Одлуката
Советот ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот со право на глас.
(Комисија за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд кој ја формира Советот по пат на
ждрепка)

120. Член на Судскиот совет на РСМ:

Мандатот на избраните членови трае 6 години со право на уште еден избор.

Советот е составен од 15 члена, од кои:


 по функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на РМ и министерот за правда;
 8 члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на
заедниците кои не се мнозинство во РМ, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните
кои припаѓаат на сите заедници;
Бр. Прашање

 3 членови на Советот ги избира Собранието на РМ со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при
што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се
мнозинство во РМ и
 2 членови на Советот предлага претседателот на РМ, а изборот го врши Собранието на РМ, од кои 1 е
припадник на заедниците кои не се мнозинство во РМ.
Членовите кои ги избира Собранието т.е. ги предлага Претседатело на РМ се од редот на универзитетските
професори по право, адвокати, и др истакнати правници.

На огласот за избор на член на Советот од редот на судиите може да се јави секој судија кој во моментот на објавување на
огласот врши судиска функција и кој ги исполнува следниве услови:
– да има најмалку 5 години судиски стаж и
– да има највисоки позитивни оцени во последните 3 години во вршењето на судиската функција дадени од Советот.
– да ужива углед, да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет и да поседува социјални способности за
вршење на судиската функција, за што се спроведуваат тестови за интегритет и психолошки тестови.

На огласот за избор на член на Совет по предлог на Собранието на РМ може да се јави секое лице кое во моментот на
објавувањето на огласот ги исполнува следниве услови:
– да е државјанин на РМ,
– дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија со положен правосуден испит и кое во
вршењето на правната професија се истакнало со научна или професионална работа или со свое јавно делување и
– да ужива углед, да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет и да поседува социјални способности за
вршење на функцијата член на Совет, за што се спроведуваат тестови за интегритет и психолошки тестови.

За член на Советот по предлог на претседателот на РМ, Собранието на РМ може да избере лице кое во моментот на изборот
ги исполнува следниве услови:
– ИСТО како погоре – услови за избор на член на Судски совет, по предлог на Собрание

Член на Советот со право на глас ги има следниве права, обврски и одговорности:


– учествува во работата и во одлучувањето на Советот,
– дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежност на Советот,
– учествува во работата на работните тела на Советот во кој е избран,
– по заклучок на Советот остварува увид во работата на судија и презема други дејствија и за тоа му поднесува извештај на
Советот,
– одговорен е за повреда на Уставот и закон во врска со вршење на функцијата во Советот и други работи.

121. Кој може да поднесе барање за поведување постапка за утврдување на одговорност на судија?

 член на Советот, претседателот на судот, претседателот на повисокиот суд или општата седница на
Врховниот суд на РМ во рок од 6 месеца од денот на осознавање на сторената повреда, но не подолго од 3
Бр. Прашање

година од денот на сторувањето. Чл. 55 ЗСС

Доколку Советот го прифати барањето, од членовите со право на глас по пат на ждрепка формира Комисија за утврдување на
одговорност на судија или претседател на суд во состав од претседател и два члена.
Постапката за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција се води согласно со чл. 55, а ја
спроведува Комисија за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Советот од своите редови
формира Комисија за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција составена од 5 члена.
 Судскиот совет е надлежен да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на
судиите, претседателите на судовите и судовите

Дали може одлука за избор односно именување на Собранието или претседателот на РСМ да биде предмет на
судска постапка?

 НЕ, пратеници / Претседател на РМ се избираат на слободни и непосредни избори со тајно глсање


122.
Но предвидено е заштита на избирачко право за гласачите но и за Секој подносител на листа на кандидати во
постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до
Државната изборна комисија. Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот може
да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на решението. Чл. 148 Изборен законик

Кој го врши вонредното оценување на работата на судиите?


123.
 Судскиот совет на РМ

Кој одлучува по жалбата против одлуката за избор на судија на кандидатот кој не е избран?
124.
 Кандидатот кој не е избран за судија има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето до
Врховниот суд на РМ.

Кога е донесен Уставот на Република Македонија?


125.
 17 ноември 1991 година

126. Во кој рок претседателот на Републиката треба да се изјасни дали ќе го потпише указот за прогласување на закон
по неговото првично донесување во Собранието?

 Во рок од 7 дена од денот кога ќе му биде доставен законот заради потпишување на указот на законот ,
претседателот на Републиката го потпишува указот за прогласување на законот или писмено го известува
Бр. Прашање

претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.

Од кој момент почнува да тече мандатот на пратениците во Собранието?


127.
 Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието.

Со конститутивната седница на Собранието претседава:


128.
 Претседателот на Собранието од претходниот состав.

Уставот ја гарантира неповредливоста на домот. Ова право може да биде ограничено:


129.
 Единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на КД или заштита на
здравјето на луѓето.

Уредбите со законска сила се донесуваат во посебни ситуации кога е оневозможено редовното Функционирање на
уставниот систем, односно кога е прогласена воена или вонредна состојба. Во РСМ нивното донесување е во
130. надлежност на:

 Владата во согласност со Уставот и со закон

Формалната дефиниција на уставот опфаќа норми со најсилно правно дејство.


Кој од наведените акти може да регулира уставна материја, но не е акт со најсилно правно дејство?

- За спроведување на Уставот ќе се донесе УСТАВЕН ЗАКОН, со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број
131. пратеници. Го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.

ЗАКОН - општ правен акт, кој во хиерархиската скала на правните акти доаѓа веднаш по уставот. Со законот се разработуваат
уставните начела. Тој мора да биде во согласнот со уставот. Ако биде во спротивност со уставот, нема да важи. Го донесува
законодавниот орган на државата што се нарекува парламент, собрание, конгрес, дума и сл.
РАТИФИКУВАН МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР со закон (има предност пред закон, ако е во соглансост со Уставот)

Постапките за оцена на уставноста и законитоста, за заштита на одредени човекови права, за решавање на судирот
на надлежностите меѓу органите на државната власт и постапката за утврдување на одговорност и престанок на
132. функцијата на претседателот на РМ се уредени со:

 Деловникот на Уставниот суд на РМ


Бр. Прашање

Уставот не го дозволува формирањето на здруженија на граѓани и политички партии чиишто програми и дејствување
се насочени кон:
133.
 насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена
агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

Еднаквоста на избирачкото право значи дека:

134.  секој под еднакви услови може да избира и да биде избиран на избори
 гласот на секој граѓанин има еднаква вредност, а таа еднаквост се изразува на тој начин што секој
избирач има само еден глас на истите избори (еден човек-еден глас).

Од општото избирачко право во Р. С. Македонија:

 Општото избирачко право се изразува во правото на секој граѓанин што наполнил 18 години да избира и
да биде избран во соодветно претставничко тело. Покрај возраста, претпоставка за стекнување на
избирачко право е менталната сопособност за формирање и изразување на сопствената волја и осуство на
135. правна основа според која граѓанинот би бил лишен од избирачко право.
 Не може да биде бирано лице кое е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над 6 месеци, чие
издржување се уште не е започнато и се наоѓа на издржување казна затвор за сторено КД.

Избирачко право има секој државјанин на РМ со наполнети 18 години живот и деловно способен; (чл. 2 ИЗ)
Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се оствраува на слободни избори со тајно гласање (чл.22 Устав)

Уставот на Р. С. Македонија по однос на распуштањето на собранието:


136.
- Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинство од вкупниот број пратеници – член 63 устав

Кој по правило прогласува воена и вонредна состојба?

 Собранието на РМ, со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на
Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.
137.
 Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена/вонредна состојба донесува претседателот на
Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.
Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот
број пратеници и има важност најмногу 30 дена
Бр. Прашање

Ако на Владата на Р. С. Македонија и е изгласана недоверба:


138.
 Претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на
недовербата.

Пратениците се избираат:
139.
 на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање

При претрес на возило на пратеникот Ј.К. запленето е одредено количество наркотици. Запретената затворска казна
за поседување толкаво количество на наркотици е до 3 години. Дали пратеникот е заштитен од притворање со
пратеничкиот имунитет?
140.
 ДА - Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во
вршење КД за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку 5 години.

Со какво мнозинство Собранието мора да го усвои законот на кој претседателот ставил вето, за да го принуди на
потпишување на указот за негово прогласување?

 мнозинство гласови од вкуниот број на пратеници (просто)


141.
Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието
повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници,
претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.
Претседателот е должен да потпише указот, ако според Устав, законот се донесува со 2/3 мнозинство од вкупниот
број пратеници. (нема право на веро во овој случај)

Претседателот на Р. С. Македонија има право да не го потпише указот за прогласување на законите (суспензивно


вето) што се донесуваат со:
142.
 мнозинство гласови од вкуниот број на пратеници (просто)

Со какво мнозинство Собранието мора да го усвои законот на кој претседателот ставил вето, за да го принуди на
потпишување на указот за негово прогласување?
143.
 ИСТО 141
Бр. Прашање

Во Р. С. Македонија според Уставот од 1991 година, Уставниот суд е:


144.
 е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.

Уставен судија може да биде разрешен доколку:


145.
 ако биде осуден за КД на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци или кога трајно ќе ја загуби
способноста да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд.

Во постапката на предлагање и избор на уставните судии учествуваат неколку државни органи. Кој од наведените не
спаѓа во оваа група?
146.
 Собранието (ги избира), Претседателот на РМ, Судски совет на РМ (предлагааат по 2 судии)

Во надлежноста на Уставниот суд на РМ:


147.
 ИСТО 59; 61

Апелациониот суд во Гостивар ја потврдува осудителната пресуда против лицето Ј.К. и истата е правосилна. Ј.К.
смета дека со оваа одлука е повредено неговото право на фер судење од непристрасен суд . Дали Уставниот суд е
надлежен да го заштити ова негово право?
148.
 НЕ – Уставниот суд ги штити правата или слободите утврдени со чл. 110 т. 3 од Уставот на РМ (слободата на
уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и
забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка
припадност)

Основниот суд во Струмица донесува осудителна пресуда против лицето Ј.К. Тоа смета дека со оваа одлука е
повредено неговото право на пресумпција на невиност. Дали Уставниот суд е надлежен да го заштити ова негово
149. право?

 НЕ – исто од 149

150. Доколку Уставниот суд во својата одлука утврди дека одреден закон повеќе нема во иднина да произведува правни
последици и дејство тогаш тој закон:
Бр. Прашање

 се става вон сила или


 Го укинал (правното дејство на укинувачката одлука е ex nunc, што значи дека укинатиот нормативен акт
само се елиминира од правниот поредок, но одлуката на Судот не претставува основ за интервенција во
поединечните акти и односи што настанале од неговата примена пред укинувањето.??

 Укинат закон:
Извршувањето на правосилните поединечни акти донесени врз основа на закон, пропис или друг општ акт што со одлука на
Судот е укинат не може да се дозволи, ниту да се спроведе, а ако извршувањето е започнато, ќе се запре. Чл. 80 од
Деловодникот на Уставниот суд
 Поништен закон:
Секој, чие право е повредено со конечен или правосилен акт донесен врз основа на закон, пропис или друг општ акт што со
одлука на Уставниот суд е поништен има право да бара од надлежниот орган да го поништи тој поеди нечен акт, во рок од 6
месеци од денот на објавувањето на одлуките на Судот во “Службен весник на РМ”.
Ако со измена на поединечниот акт во смисла на став 1 од овој член не може да се отстранат последиците од примената на
законот, прописот или општиот акт што со одлука на Уставниот суд е поништен, Судот може да определи последиците да се
остранат со враќање во поранешна состојба, со надоместок на штета или на друг начин.
Извршувањето на правосилните поединечни акти донесени врз основа на закон, пропис или друг општ акт, што со одлука на
Уставниот суд е поништен, не може да се дозволи, ниту да се спроведе, а ако извршувањето е започнато - ќе се запре.

Основната функција на Врховниот суд на РСМ според Уставот на РСМ е:


151.
 го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите.

Кој ги верификува мандатите на пратениците во Собранието на РСМ?


152.
 Собранието на РМ

Собранието на РМ со гласање одлучува за одземање на мандатот на пратеникот доколку тој/таа:


153.
 кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата
пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од 6 месеци.

Како може да се распушти Собранието на РСМ?


154.
 Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници. (се
самораспушта)
Бр. Прашање

Колку вкупно членови од редот на судството, односно судиите има во составот на Судскиот совет согласно Уставот
на РСМ?
155.
 8 члена на Советот ги избираат судиите од своите редови

Апстрактна контрола на уставноста е таков облик на заштита на уставноста кој се врши:

 во непосреден спор од објективен карактер, односно прашањето за уставноста на законите се


поставува како главен спор. Тоа значи дека судот притоа делува апстрактно, односно прашањето за
156. уставноста на актите не произлегува од конкретен спор, а резултат на вршењето на овој вид на
заштита на законитоста е поништување или укинување на неуставниот акт. Апстрактната контрола на
уставноста ја врши Уставниот суд како главен спор за оцена на уставноста на актот кој е оспорен.
 контролата на уставноста и законитоста на нормативните правни акти е општа бидејќи ги опфаќа сите правни
прописи од општ и апстрактен карактер.

Конкретна контрола на уставноста е таков облик на заштита на уставноста кој се врши:

 во постапка пред редовните судови, во спор од субјективен карактер во кој прашањето на уставноста
на законите е претходно прашање. За постоењето на овој вид на заштита на уставноста
карактеристично е тоа што прашањето за уставноста на законот се јаувуа посредно, како споредно
прашање, бидејќи главното прашање е прашањето кое е предмет на конкретниот спор. Притоа
157.
прашањето за уставноста на некој пропис го поставува или некоја од странките во судот, или самиот
суд кој го решава случајот, или јавниот правобранител. Карактеристично за овој систем е штом
прашањето за уставноста на некој пропис се јавува како претходно прашање и судската постапка се
запира додека не се реши ова прашање
 на конкретни правни акти, имено контролата на уставноста и на законитоста на правните прописи, inter alia, ги
опфаќа и правилниците, наредбите и упатствата (инструкциите) на јавните органи.

Меѓународните договори во Р. С. Македонија според Уставот:

 Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен


158.
поредок и не можат да се менуваат со закон.
 Меѓународните договори во името на РМ ги склучува претседателот на РМ.
 Меѓународни договори може да склучува и Владата на РМ кога тоа е определено со закон.

159. Законот за мирен протест предвидува дека организатoрите на таквиот протест се должни да го пријават во МВР
Бр. Прашање

најмалку 72 часа пред одржувањето. Дали ваквата законска одредба е во спрoтивност со некој од членовите на
Уставот на РСМ?

 ДА, во спротивност со чл.21 од Уставот според кој Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да
изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.
Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.

Поради дојава за подметната бомба во суд и интервенција на полицијата пристапот до судот е целосно блокиран.
Вие не можете да стигнете ниту до Вашето возило кое се наоѓа на паркингот, веднаш до зградата на судот, речиси
цел ден. Дали постои прекршување на некое уставно загарантирано право или слобода?
160.
 НЕ, Секој граѓанин на РМ има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го
избира местото на своето живеалиште. Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон,
единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење
на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето. член 27

Во кои случаи уставотворецот не предвидел распишување на облигаторен референдум според правната основа за
распишување во Република Северна Македонија?

 Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со


мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
161. ЗАДОЛЖИТЕЛЕН РЕФЕРЕНДУМ:
 Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.
 Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало
мнозинството од вкупниот број избирачи.
 Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на
референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.

Припадник на граничната полиција на Република Северна Македонија на граѓанин на РСМ од ромската етничка
заедница му оневоможува да ја напушти земјата со образложение дека ЕУ бара од Македонија да не дозволува
голем број на Роми да ја напуштаат државата бидејќи тие се најчести баратели на азил, а со тоа се загрозува
визната либерализација. Дали има повреда на некое од уставно загарантираните права и слободи на овој граѓанин?
162.
 ДА, Право на рамноправност и еднаквост (член 9)
Граѓаните на РМ се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и
социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Бр. Прашање

Здружението на сексуални работнички и работници планира одржување на протестен марш во Скопје со цел да се
афирмира потребата за заштита на нивните права. За ваквата своја намера го известува МВР, но и сите медиуми во
државата. По ваквото известување во јавноста се забележуваат жестоки критики и противење за одржување на
ваков марш и граѓанското здружение за заштита на јавниот морал и цивилизациските вредности поднесува
163. претставка до МВР за забрана на маршот. МВР по добиената претставка одлучува да го забрани маршот поради
големиот револт кај дел од граѓаните кои се противат на маршот. Дали има повреда на некое од уставно утврдените
права и слободи на граѓаните?

 ДА - Слобода на собир член 21

Министерството за здравство распишува оглас за вработување на секретарка на заменик министерот за здравство.


Во конкурсот се наведени условите кои потенцијалните кандидатки треба да ги исполнат меѓу кои завршено високо
образование, познавање на англиски јазик и работа со компјутери. Дали постои потенцијална повреда на правата и
164. слободите гарантирани со Уставот на РСМ на потенцијалните кандидати кои ќе се пријават на огласот?

 НЕ – посебните услови за работа не претставуваат повреда на правото на работа од член 32


 Фактот што се бара искучиво жена ??

Веќе подолго време на Вашиот мобилен телефон забележувате чудни шумови и ехо и поради истото се сомневате
дека сте предмет на истрага преку користење на посебна истражна мерка. Ова Ваше сомневање се потврдува како
точно кога во судска постапка се презентирани докази, стенограми од Вашите телефонски разговори. Под кои
услови предвидени со Уставот на РСМ ова следење на електронските комуникации преставува повреда на Вашата
слобода и неповредливост на писмата и на сите други облици на комуникација?
165.
 Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдени со закон, може да се отстапи од
правото на неповредливост на писмата и на сите други облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради
спречување или откривање КД, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на
безбедноста и одбраната на Републиката.
 Значи повреда би имало доколку следењето не било вршено врз основа на судска наредба

166. Вие сте член на здружение на граѓани кое повикува на обединување на сите територии на Македонија (Вардарска,
Пиринска и Егејска) во најкус можен рок и тоа со употреба на воените сили на РМ. Во рамките на активностите на
здружението се организираат серија на јавни дебати и протести на кои се забележува значителна поддршка од
страна на граѓаните. Дали согласно Уставот и законите на РСМ дејствувањето на Вашето здружение може да биде
ограничено?

 ДА – член 20 - Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да


Бр. Прашање

бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или
повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

Каква е одговорноста на претседателот на Републиката според Уставот на РСМ?

 Политичка одговорност; Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во


167.
вршењето на своите права и должности.
 Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила
на Уставот.

Политичката одговорност на претседателот на Републиката се однесува на:

168.  Кршење на Уставот и законите.


Ако ги прекрши наведените акти, тогаш Собранието со 2/3 мнозинство гласови подигнува обвинение, а Уставниот
суд одлучува за обвинението. 

Според Уставот на РСМ, Владата треба да ја ужива подршката, односно довербата на мнозинството пратеници во
Собранието. Доколку парламентарната опозицијата смета дека ова не е случај преку кој институт
може да ја провери поддршката на Владата во Собранието?

 Недоверба на Владата. (најмалку 20 пратеници).


169.
Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на 3 дена од поставувањето на прашањето за доверба.
Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање
за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.
Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка

170. Апелациониот суд во Скопје ја потврдува судската одлука на Основниот Суд Скопје II - Скопје со која се одбива
барањето за регистрирање на нова политичка партија и истата е правосилна. Претставниците на партијата сметајќи
дека им се прекршени правата одлучуваат да се обратат до Уставниот суд. Дали Уставниот суд е надлежен во ваков
случај?

 ДА, согласно чл. 110, ст. 1, т. 3 ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на
слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и
дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална,
Бр. Прашање

социјална и политичка припадност;

Министерството за развојни технологии распишува конкурс за вработување на еден координатор на програмата за


машински развој во металуршката индустрија. Во конкурсот се наведени условите кои потенцијалните кандидати
треба да ги исполнат меѓу кои завршено високо образование, познавање на англиски јазик и положен стручен испит
за металургија, при што потенцијалните кандидати треба да бидат припадници на машкиот пол со оглед на тоа што
171. се работи за типично машка професија и област. Дали имаме повреда во овој случај на некое од уставно
загарантираните права и слободи на кандидатите кои се одбиени поради неисполнување на некој од клучните
услови?

 ДА, повреда на начелото на еднаквост по однос на пол, раса, националност, верска припадност.

Мнозинството потребно за донесување на закон во Собранието на РСМ се утврдува:


172.
 со Уставот на РСМ

Во кои околности еден закон не може да се донесе по итна постапка?

173.  кога тоа е неопходно заради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството
или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката или во случаи на
поголеми природни непогоди, епидемии или други вонредни и неодложни потреби. 

Согласно Уставот на РСМ законите се објавуваат во рок од:


174.
 најдоцна во рок од 7 дена од денот на нивното донесување.

Согласно Уставот на РСМ законите, по правило, влегуваат во сила:


175.
 најрано 8 ден од денот на објавувањето, a по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на
објавувањето.

176. Кој од наведените нема право да поднесе барање за автентично толкување на закон?

 секој пратеник, Владата, Уставниот суд на РМ, Врховниот суд на РМ, Јавниот обвинител на РМ, Народниот
правобранител, градоначалниците на општините и на градот Скопје и советите на општините и на градот
Скопје, доколку потребата од автентично толкување настанала во врска со примена на законите во нивното
Бр. Прашање

работење.                

Кој од наведените нема право да поднесе предлог за измена на Уставот на РСМ?


177.
 Предлог за пристапување кон  измена на Уставот на РМ можат да поднесат Претседателот на Републиката,
Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.

За донесување на одлука за измена на Преамбулата на Уставот на РСМ е потребно:

178.  2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во  кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот
број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во РМ.

Прашање за (не)доверба на Владата:

 можат да постават најмалку 20 пратеници. 

Прашањето за доверба на Владата се поднесува во писмена форма и мора да биде образложено. Прашање за
179. доверба на Владата може да постави и претседателот на Владата во писмена форма или усно на седницата на
Собранието. Прашањето за доверба на Владата, претседателот на Собранието веднаш го доставува до
пратениците, Владата и претседателот на Републиката, а кога прашањето за доверба на Владата претседателот на
Владата го поставува усно на седницата на Собранието, претседателот на Собранието веднаш го известува
претседателот на Републиката. Прашањето за доверба на Владата може да се повлече до почетокот на седницата
на Собранието, на која ќе се расправа по прашањето за доверба на Владата.

Министерот за урбанизам С. З. е под истрага за затајување на данок. Дали судот може да одреди мерка притвор за
министерот?
180.
 ДА, министрите не уживат имунитет. Претседателот на Влада ужива имунитет. За неговиот имунитет
одлучува Собранието. (чл. 89 изменет со амандман 23);

Содржината на имунитетот на претседателот на Републиката е регулирана со:


181.
 Уставот на РМ, чл. 83

182. Кој одлучува за одземање на имунитетот на претседателот на Републиката?


Бр. Прашање

 Уставниот суд на РМ со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број судии

Јавниот обвинител на Р. С. Македонија го именува:


183.
 Собранието на РМ

Кој одлучува за одземање на имунитетот на министрите во Владата на РСМ?


184.
 Министрите не уживаат имунитет, само претседателот на владата (за неговиот имунитет одлучува
Собранието)

Кој го избира Народниот правобранител?


185.
 Собранието на РМ

Како дел од уставните надлежности Народниот правобранител:

 ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната


186. управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.
Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и
правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на
локалната самоуправа и во јавните установи и служби.

Колку уставни амандмани има Уставот на РСМ?


187.
 32 + новите за името 36

Кои се актите на Уставниот суд на РСМ?


188.
 одлуки, решенија и заклучоци.

Кој може да поднесе иницијатива за апстрактна контрола на уставноста?

189.  Пред Уставниот суд секој може да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување
уставноста на закон или уставноста и законитоста на друг пропис, како и уставноста на програмите и
статутите на политичките партии и здруженијата на граѓани.
Бр. Прашање

Висок политички функционер коментирајќи за кривична постапка која е во тек тврди дека обвинетите набрзо ќе се
најдат зад решетки бидејќи нивната вина е неспорна и очигледна. Во ваква ситуација имаме:
190.
 Повреда на правото на пресумпција на невиноста на човекот

Доколку Собранието ја прифати интерпелацијата против член на Влада тогаш истата:

 дава оставка во целост ?

Ако Собранието ја прифати интерпелацијата донесува заклучок во кој се изнесува ставот во врска со наводите на
интерпелацијата. Иако целта на интерпелацијата не е директно утврдување на индивидуална политичка
одговорност, туку отворање расправа за прашање од поширок интерес за земјата, прашањето за одговорност може
191.
да следи, доколку биде прифатена интерпелацијата. Отсуството на такво задоволство само по себе не
предизвикува правни последици за Владата, или за носителот на јавна функција, но може да претставува вовед во
покренување постапка за политичка одговорност, или да резултира со оставка на Владата или на носителот на јавна
функција. На пример, ако пратениците не се задоволни од образложенијата на министерот за чија работа била
покрената интерпелацијата и таквото незадоволство го искажат при гласањето, интерпелацијата може да
предизвика морална последица. Тоа значи дека министерот може сам да поднесе оставка, или претседателот на
Владата може да му предложи на Собранието разрешување на тој министер.

Што преставува автентично толкување на законите?

192.  доколку потребата од автентично толкување настанала во врска со примена на законите во нивното
работење кога постои нејасност во примената на одредбите од законот; се укажува на вистинското значење
и намера на законодавецот и се даваат насоки за негово доследно спроведување.

Со колкаво мнозинство Собранието распишува референдум?


193.
 Со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (просто мнозинство)

Локалната смоуправа во Македонија е:

194.  Едностепена локална самоуправа – општини и градот Скопје како посебна единица на локалната
самоуправа
 Темелна вредност на уставниот поредок од чл.8 од Уставот
Бр. Прашање

Кој ја оценува уставноста и законитоста на општите акти на локалната самоуправа во РСМ?


195.
 Уставниот суд на РСМ

Кој е надлежен да го утврди бројот на потребните судиски места по судовите?


196.
 Судскиот совет на РСМ

Колку трае мандатот на избраните членови на Судскиот совет на РСМ?


197.
 6 години

Кое од наведените надлежностите не е предвидено како надлежност на претседателот на Републиката согласно


Уставот на РСМ?

- го определува мандатот за состав на Владата на РМ;


- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на РМ во странство;
- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
- предлага 2 судии на Уставниот суд на РМ;
198. - предлага 2 членови на Републичкиот судски совет;
- именува 3 членови на Советот за безбедност на РМ;
- ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи;
- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
- дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот.

Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на РМ.

Според Уставот на РСМ слободите и правата: темелна вредност на уставниот поредок


- Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата,
националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. – член 9
199.
- Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред
Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Член 50
- Може да се ограничат само во случаи утврдени во уставот , за време на воена и вонредна состојба– член 54
Бр. Прашање

Доколку дел од печатените и електронските медиуми објават информација со којa се упатува на вината за извршено
одредено дело за кое нема никаква судска разрешница, тогаш се работи за повреда на:
200.
 Начело на пресумпција на невиност

НОВИ ПРАШАЊА:

193. Пред кого одговараат својата за својата работа Државните правобранитали?


- Тие во вршење на својата функција се самостојни и за својат работа одговараат пред Владата и пред
државниот правобранител – член 8 ЗДП
194. Државниот правобранител по прашања од значење на остварување на функцијата и по прашања од
заеднички интерес: -
соработува со органите на државната власт и со физички и правни лица.- член 13
Дали државниот правобранител може да овласти лице вработено во Државно правобранителство да
застапува пред судовите и други органи во имотно-правните спорови?
195.
Може да овласти лице вработено во Државното правобранителство, со положен правосуден испит, кое
работи на правни работи. – член 6 ЗДП
Државниот правобранител доколку согласно со прописите на странската држава, не може непосредно да
застапува пред нејзините судови и други органи:
196. Владата на Рм по предлог на државниот правобранител, ќе овласти друго лице, кое според прописите на
државата, во определен предмет може да го замени во застапувањето – член 6 Закон за Државно
правобранителство – член 6 ст.3

Заради заштита на имотните права и интереси на РСМ:


Органите на државната управа и правните лица се должни на државното правобранителство да му
197. доставуваат податоци, докази и информации Заради заштита на имотните права и интереси на РСМ, за
потребите за постапување по конкретен предмет во рок од 5 работни дена.
Сите физички и правни лица исто– член 6 ст.5

198. Како се определуваат трошоците за застапување од страна на Државниот правобранител?


Се определуваат според тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на
адвокатите.Средствата наплатени на име трошоци се во Буџет на РМ. – член 17
Државниот правобранител пред преземање на дејствија за поведување на постапка пред суд, друг орган
или правни лица:
199.
Во случаи кога е тоа потребно, е должен од органот што го застапува да прибави писмена согласност за
поведување на постапка – член 15 ст.1

Доколку Државниот правобранител побара и не добие согласност за поведување на постапка од органот


што го застапува:
200.
Државниот правобранител во рамките на своите овластувања според член 2 од ЗДП, одлучува за
поведување на постапка доколку смета дека се повредени интересите на РМ. – член 15 ст2
Со кој општ акт на Адвокатската комора на РСМ се уредува содржината и постапката за
201. издавање и одземање на лиценца за работа на адвокатот?
- со Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија – член 10 ст.3.ЗА

На кои дејствија не може да подлежи и на кој начин не може да биде искористена


комуникацијата меѓу адвокатите и комуникацијата меѓу адвокатот и неговата странка?
Комуникацијата меѓу адвокатите, како и меѓу адвокатот и неговата странка, независно на кој
202.
начин се остварува, не подлежи на преглед, копирање, проверка или одземање и не може да
биде искористена како доказен материјал во постапките што се водат пред судовите и другите
државни органи, согласно со закон. – член 3а-ст.3
Во чие присуство може да се врши претресување на канцеларија на адвокат поединец и
адвокатско друштво?
203. Претресување на канцеларија на адвокат поединец и адвокатско друштво може да се врши
само во присуство на адвокатот и овластен претставник на Адвокатската комора на
Република Македонија. – чл.21
Што се случува со правото на вршење на адвокатска дејност, доколку на адвокатот му е
204. изречена мерка на безбедност забрана на вршење адвокатска дејност?
Правото му престанува чл.23
Кои се основите за мирување на вршењето на адвокатската дејност?
- Нa адвокат избран или именуван на јавна функција, вршењето на адвокатската дејност
му мирува до престанувањето на функцијата.чл.24
Ha барање на адвокатот вршењето на адвокатската дејност може да му мирува:
205. 1) поради болест;
2) негово отсуство, односно отсуство на брачниот другар кога се упатени на работа во
странство од страна на Република Македонија;
3) стручно усовршување и
4) засновање на работен однос. – чл.24 ст.2
Кои се органите на Адвокатската комора на РСМ?
Органи на Адвокатската комора на Република Македонија се Собрание, претседател, Управен одбор,
Надзорен одбор, Дисциплински обвинител, Дисциплински суд, Жалбен совет и други органи основани
206. од страна на Собранието на Адвокатската комора на Република Македонија. – член 33а – измена на
закон од 2008
Во стаутот на комората се наведени сами Собрание, управен одбор, надзорен одбор, дисциплински
обвинител, дисциплински суд и жалбен совет.
Каков орган е Управниот одбор на Адвокатската комора на РСМ?
207. Управниот одбор е раководен орган на Комората и извршен орган на Собранието – чл.20
статут на комора
По какви барања одлучува Дисциплинскиот суд на Адвокатската комора на РСМ?
208. Дисциплинскиот суд одлучува по барањата на дисциплинско обвинение, поднесени против
членовите на АКРСМ за сторени дисциплински повреди. – член 27 статут ак
Кои се општи акти на Адвокатската комора на РСМ? Чл.33 од Статут на комора
1.Статут на Комората;

2.Кодекс на адвокатската етика;

3.Тарифа за награда и надоместок на трошоците на адвокатите;


209. 4.Правилник за дисциплинска одговорност;

5.Деловници за работа на органи и тела на Комората;

6.Правилници;

7.Одлуки и други акти кои имаат карактер на општи акти

Кои се видовите на именици што ги води Адвокатската комора на РСМ?


Именикот на адвокатите;
Именикот на адвокатските друштва;
210. Именикот на странските адвокати;
Именикот на странските адвокатски друштва;
Именикот на адвокатските стручни соработници и
Именикот на адвокатските приправници; чл.37
Кој може да обезбедува секундарна правна помош како облик на бесплатна правна помош?
Адвокати во постапка пред суд,
Државен орган,
211.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија,
Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија и
Лица кои вршат јавни овластувања согласно одредбите од овој закон – чл.4
Кој може да обезбедува примарна правна помош како облик на бесплатна правна помош?
Овластено службено лице на Министерство за правда,
212.
овластено здружение и
правната клиника. Чл4 закон за бесплатна правна помош
Што опфаќа секундарната правна помош како облик на бесплатна правна помош?
Секундарна правна помош опфаќа застапување во постапка пред суд, државен орган, Фондот на
пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, Фондот за здравствено
213.
осигурување на Република Северна Македонија и лица кои вршат јавни овластувања согласно членот
14 од овој закон, како и ослободување од трошоците согласно одредбите предвидени со овој и друг
закон – чл.13 ст.2
Што опфаќа примарната правна помош што ја дава Министерството за правда?
-иницијален правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош,
214. - општа правна информација,
- општ правен совет,
- помош при комплетирање на барањето за секундарна правна помош. – чл.7 ст.4
Кои трошоци не ги опфаќа бесплатната правна помош?
215. Бесплатната правна помош согласно овој закон не ги опфаќа трошоците кои корисникот на бесплатна
правна помош е должен да ги надомести ако не успее во парничната постапка чл.13ст.10
Кои трошоци ги опфаќа секундарната правна помош?
216. Секундарна правна помош ги опфаќа оние трошоци на постапката што настанале по денот на
одобрувањето на барањето за доделување на бесплатна правна помош чл.13 ст.11
217. Што се определува со потврдата со која се одобрува секундарна правна помош?

Со потврдата со која се одобрува секундарна правна помош се: чл.13


- овластува назначениот адвокат за давање на секундарна правна помош,
- ослободува корисникот од судски такси и трошоци поврзани со постапката пред суд согласно
закон,
- ослободува корисникот од трошоците за вештачењето и
- ослободува корисникот од административни такси.

Во кој случај адвокатот може да одбие да дава секундарна правна помош?


Назначениот адвокат не може да одбие да дава секундарна правна помош, освен во случај кога
побараната правна помош е надвор од опсегот на овој закон или не е во согласност со етичките
218.
правила или ограничувањата предвидени со актите на Адвокатска комора за што е должен
веднаш а најдоцна во рок од три дена да го извести Министерството.

Секундарната правна помош се одобрува за застапување во следниве постапки: граѓански


судски, управни постапки, управни спорови, застапување во постапка за расправање на
оставина пред нотар.+ составување на поднесоци на должник пред надлежен извршител кога
извршувањето се спроведува со продажба на недвижност од чл.19. ---чл.14

Секундарна правна помош се одобрува за застапување во сите степени во граѓански судски


219. постапки, управни постапки и управни спорови.
(2) Секундарна правна помош се одобрува за застапување во постапка за расправање на оставината
пред нотар доколу истата се однесува на имот од членот 19 од овој закон.
(3) Секундарна правна помош се одобрува за составување на поднесоци на должник пред
надлежен извршител, кога извршувањето се спроведува со продажба на недвижност од членот 19
став (1) алинеја 1 од овој закон и се исполнети условите за одобрување

Еден од случаите во кои секундарната правна помош ќе се одобри без утврдување на


финансиската состојба на барателот и членовите на неговото семејство е:

- барателот е сместен во згрижувачко семејство, станбена единица за организирано живеење со


поддршка или во установа за социјална заштита, со решение на Центар за социјална работа (во
натамошниот текст: посебни околности),
220.
- барателот има потреба од покренување и застапување во постапка за изрекување на привремени
мерки за заштита од семејно насилство пред надлежен суд, или
- барателот поради елементарна непогода, виша сила или други околности кои се надвор од негова
контрола се најде во финансиска состојба што го спречува самостојно да обезбеди заштита на
своите права. – чл.20

221. Во кој случај слободите и правата гарантирани со Уставот на РСМ можат да се одземат или
ограничат?
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или
вонредна состојба според одредбите на Уставот. – чл.54

Според Уставот на РСМ, врз која основа може да биде извршена екстрадиција на странец?
Екстрадиција на странец може да биде извршена само врз основа на ратификуван меѓународен
222.
договор и врз начелото на реципроцитет. Странец не може да биде екстрадиран заради политичко
кривично дело. Дејствијата на тероризам не се сметаат за политички кривични дела. Чл.29

На кој начин се стекнува правото на вршење адвокатска дејност?


223.
Со упис во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Република Македонија – чл 10
На кој начин адвокатот одлучува за застапување на правата и интересите на странката?
Адвокатот е слободен, самостоен и независен во својата работа и во рамките на законот,
224. актите на Комората и овластувањето самостојно одлучува за начинот на застапување на
правата и интересите на странката.- чл.15
 
Дали адвокатот има право да ги пренесе овластувањата што му ги дала странката?
Адвокатот има право, овластувањата што му ги дала странката, да ги пренесе врз друг
225.
адвокат или да овласти друг адвокат за преземање само на одделни процесни дејствија во
постапката.- член 16 ст.2
На кој начин адвокатот ги добива овластувањата за давање правна помош?
226. Овластувањата за давање правна помош адвокатот поединец и адвокатите здружени во
адвокатско друштво ги добиваат со полномошно издадено од странката. – чл.16
За повреда на должноста или угледот на адвокатурата, на адвокатот може да му се изречат
следниве дисциплински мерки:
 За повреда на должноста или угледот на адвокатурата, на адвокатот можат да му се изречат
227.
дисциплински мерки: јавна опомена, парична казна во висина до десетократен износ на
годишната коморска членарина и привремено престанување на правото на вршење
адвокатска дејност во траење до една година. – чл.31
Адвокатското друштво се стекнува со статус на правно лице со:
228. Со запишување во Именик на адвокатски друштва којшто се води во Адвокатската комора на
Република Македонија – чл.8
На кои исправи или поднесоци, адвокатот става свој потпис и печат?
229.  Адвокатот става свој потпис и печат на секоја исправа или поднесок составен во неговата
канцеларија.- член 18
230. Највисок орган на Адвокатската комора на РСМ е:
 Највисок орган на Адвокатската комора на Република Македонија е Собранието, во кое членуваат сите
адвокати запишани во именикот на адвокати – член 33а ст.2 – измена на закон 2008
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ го избира:
231.  Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија се избира од страна на Собранието
со мандат од две години. Нема право на глас во собранието – чл33а ст.3
Ако адвокатот не се осигура од одговорност за штета нанесена на странката, тоа е еден од
232. законските основи за: престанок на правото за вршење на адвокатска дејност – чл.23
 
Кодексот на адвокатската етика го донесува: Адвокатската комора на РМ – член 37
233.
 
Согласно Законот за адвокатурата, од што се состои правната помош?
 Правната помош се состои во давање на правни совети, застапување во водење прего-вори
и вршење услуги од областа на деловен протокол, составување на исправи за правни дела,
составување на договори за основање, партнерство, соработка и слични акти во врска со
234.
основањето или работењето на деловните субјекти, составување на поднесоци во судски и
други постапки, застапување на странките пред судовите, државните органи,органите на
единиците на локалната самоуправа и други правни и физички лица, одбрана на осомничени
и обвинети лица и вршење на други работи на правна помош. – чл.3
Непостапување по овластувањето и непреземањето дејствија што адвокатот е должен да ги
преземе во заштита на правата и интересите на странката се смета како:

 Како потешка повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата, особено се


235.
смета неизвршување или очигледно несовесно вршење на работите на правна помош и
вршење на јавни овластувања, непостапување по овластувањето и непреземањето дејствија
што адвокатот е должен да ги преземе во заштита на правата и интересите на странката и
повредување на должноста на чување тајна.чл.30 ст.2

You might also like