You are on page 1of 16

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-ШТИП

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – Штип

Комуникациски менаџмент и односи со јавноста

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

Комуникациски теории

ТЕМА: ИНТЕРКУЛТУРНИ КОМУНИКАЦИИ

Ментор: Кандидат:

Д-р Професор Андон Мајхошев Александар Младеновски


207541
Содржина:

Вовед..............................................................................................................................2

Култура и комуникација..............................................................................................6

Теории...........................................................................................................................10

Иден развој на интеркултурната комуникација.....................................................14

Заклучок.......................................................................................................................15

Користена литература................................................................................................16

2
ВОВЕД

Темата на овој семинарски труд е Интеркултурната комуникација. Тој ќе го


разгледува почетокот, развојот, уделот на оваа дисциплина во модерното
општество, како и многу други подробности поврзани со неа. Но најпрвин,
потребен е мал број на воведни податоци. При разгледување на називот на оваа
дисциплина, гледаме дека е составен од два збора, ‘интеркултурна’ и
‘комуникација’. Поимот култура може да се дефинира како збир на вредности,
традиции, правци на размислување и живеење кои се заеднички за определена
група на луѓе. Терминот интер искажува дека е помеѓу различни култури, или
една наспроти друга. Зборот комуникација пак, може да се дефинира како акт
или пренос на информации, идеи, чувства, сознанија, со користење на симболи,
зборови, броеви, цртежи (дефиниција на Берелсон и Стеинар). Со ова, можеме да
заклучиме дека интеркултурната комуникација е начин на комуницирање помеѓу
лица кои припаѓаат на различни култури, и кои со оваа дисциплина ги
надминуваат различните бариери и граници кои спротивните култури ги
поставиле. Идејата е да се пренесе порака која ќе биде прилагодена за културата
на лицето реципиент.

Луѓе со различни култури се пресретнувале и комуницирале уште од


почетокот на човечката цивилизација. Ова доведувало да различни исходи. Кога
различните култури прикажувале одреден степен на компатибилност, тоа можело
да доведе до кохабитација на културите во иста средина, па дури и во некои
случаи асмилирање на едната група во другата, или пак создавање преку процес
на мешани бракови, со текот на многу генерации целосно поинаква култура,
мешавина од претходните две. Од друга страна пак, во некои случаи, острите
разлики доведувале до дисјункција помеѓу двете култури, активно ривалство,
непријателско однесување, дури понекогаш и физичко насилство помеѓу
припадниците на различните култури. Иако, мора да се напомене дека ваквата
културна инкомпатибилност би можела да се постави само како повод за
конфликт, а не негова директна причина.

Сепак, кога зборуваме за интеркултурна комуникација пред средината на


20тиот век, го користиме овој поим во слободен контекст, како чадор-термин кој би
можел да опише разни начини кои трговците и дипломатите низ историјата ги
употребувале, а не стриктна комуникациска дисциплина (каква што е сега). На
пример, Римската и подоцна и Византиската империја имале институционален

3
пристап спрема ваквото комуницирање. Прв пат забелешано во Notitia Dignitatum
од 5ти век, Бирото за варвари (лат. Scrinium barbarorum грч. σκρίνιον τῶν
βαρβάρων, skrinion tōn barbarōn) била институција чија што цел била да се изврши
успешно преведување, комуникација и конреспонденција со разните ‘варварски’
народи со кои римската држава контактирала. Внатрешната организација на оваа
институција уште повеќе ја објаснува детерминацијата на Рим ваквата
интеркултурна комуникација да биде извршена на задоволително ниво. Имено,
Бирото било поделено на четири помали корпуси, кои биле задолжени за
четирите административни целини на римската империја, и тоа: Asiana, Pontica,
Oriens и Тракија заедно со Илирија. Под називот ‘варвари’ стојат сите други
народи, кои според римската гледна точка се инфериорни во споредба со
римјаните/ромеите. Некои историчари теоретизираат дека оваа институција имала
и за задача да извршува и шпионски активности, под покритие на нејзиниот
официјален делокруг на должности, но сепак докази за ова сеуште неможат да се
пронајдат.1

Многу е често, ваквите комуникации помеѓу групи со различни куптури да


бидат сериозно хендикепирани од ставовите кои едната група на луѓе ги има за
културите на другите. Оваа карактеристика се појавува на многу различни
наврати, и ја имале античките грци и римјани, европските истражувачи и
колонизатори во Новиот Свет, како и кинезите спрема трговците кои започнале да
доаѓаат од европа кон крајот на средниот и во текот на новиот век. Понекогаш,
дури и мерките превземени за успешна интеркултурна комуникација биле
неуспешни. Еден од овие случаи е експедицијата на Кристофер Колумбо, која со
себе го понела како преведувач Луис Де Торез, кој течно говорел хебрејски,
арамејски, арапски и португалски јазик. Де Торез бил поставен на оваа позиција
бидејќи се сметало дека тие ќе наидат на еврејски (а можеби и арапски) трговци
низ Азија, која била нивна дестинација. Се ова, се разбира се покажало како
бескорисно, бидејќи во Америка тие наишле на луѓе кои не ги зборувале овие
јазици. Сепак, комуникацијата со сите племиња не би била иста, и Колумбосовата
експедиција имала среќа што пристигнала кај Таинос племето (кои биле искусни
трговци, морепловци и навигатори) а не кај нивното сродно племе Карибес кои
биле познати по канибализмот што го практикувале. Како и да е, Таинос племето
најпрвин комуницирало со невербална комуникација, разни гестикулации и
пријатни гестови (споделување на храна, давање и примање дарови и слично) кое
ја олеснило комуникацијата помеѓу нив и експедиционерите. Со текот на времето,
поедини зборови кои биле битни за преживувањето на средината во која живееле
започнале да се користат и од екипажот на Колумбос (имено, зборови со корени
од нивниот јазик подоцна се инкорпорирале во шпанскиот и анлискиот јазик, како

1
Превземено од Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Bureau_of_Barbarians

4
на пример ураган, кану, тобако, савана и слично).2 Целосниот јазик, со неговата
граматика и други подробности како дијалекти понекогаш бил пренесуван на
хартија, најчесто од страна на учени припадници на католичкиот клер, кои
комуницирале со локалното население. За ова, се разбира било потребно многу
време, и не било извршено во иницијалните експедиции во Америка.

Вакви грешки биле правени и подоцна, во 19тиот и 20тиот век. Домородното


население на еден од Адаманските острови, наречен Северен Сентинел живееле
на истиот остров 55,000 години без надворешен контакт. Тие имаат поинаков јазик
од другите племиња во тоа подрачје, и при секој контакт со други култури се
повлекуваат во густата џунгла на нивниот остров или праќаат воини кои со стрели
и копја ги бркаат новодојденците. Причината за ова е непозната, но можеме да
претпоставиме дека првичниот контакт со надворешниот свет се покажал како
екстремно трауматичен, и истиот е пренесуван како предупредување за идните
генерации. Станува збор за британската експедиција на Адаманските острови,
предводена од локален колониален администратор, Маурис Видал Портман. Во
Јануари 1880 година, на чело на вооружена експедициона формација, Портман
пристигнал за да го истражи островот и да киднапира неколку од домородците.
Ваквата постапка била стандарден пристап кои британската империја го имала
при контактирање со потенцијално непријателски племиња. Тие ќе киднапирале
неколку од домородците, ќе третирале добро и ќе ги опсипувале со подароци, и
потоа ќе ги врателе таму каде што ги нашле. Ова создавала позитивна слика во
очите на тоа племе, и тие со текот на времето ги прифаќале новодојденците.
Проблемот се јавил кога двајца од доморотците кои ги кидапирале, се разболеле
и починале, најверојатно поради слабоста на нивниот имунитет и неможноста да
се заштити од разните заболувања на кои новодојденците се отпорни. Оние кои
преживеале, неколку деца, биле пуштени и се вратиле во џунглата. По ова,
британците се откажале од понатамошни контакти со ова племе и се
концентрирале на комуницирање со други племиња. Се мисли дека ова
тауматично искуство се всадило во колективната свест на Сентинелците, и дека
тие од тогаш се обидуваат да спречат било каков контакт со туѓинци. Во 1960тите
и 70тите Индиската влада на неколку наврати се обидела да стапи во контакт со
ова племе, но секој обид од нив бил насилно одбиван. По смртта на двајца рибари
кои во 2006 таму го насукале својот брод, индиската влада забранува било какво
доближување до тој остров.3

2 Превземено од Quora.com https://www.quora.com/How-did-Christopher-Columbus-talk-to-Native-


Americans-when-he-landed-in-America
3
Превземено од Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Sentinelese

5
Научната дисциплина на интеркултурална комуникација настанала во
втората половина на 20тиот век, а причините за нејзиното создавање биле од
практична природа. По крајот на Втората светска војна, земјите во светот биле
нестрпеливи да се залечат себеси, економски, политички и културално. Со тоа,
нови трговски врски и економски соработки се интензивирале. Како резултат на
ова, а и овозможено од усовршените методи на транспорт, се повеќе патувања
надвор од границите на своите земји биле извршувани од различни видови на
луѓе. Масовниот туризам првпат се појавил како феномен во општеството. САД ја
зголемил својата улога во светските збиднувања, конечно отфрлајќи ја својата
изолационистичка политика, и со тоа започнал „извоз“ на сопствената култура
преку холивудските филмови, музичките нумери на своите изведувачи,
американските модни креации и слично. Ваквите нови промени за прв пат се
појавиле во општества кои со векови биле изолирани, и знаеле само за
сопствениот начин на живот. Одеднаш, протокот на вакви културни размени
значително се зголемил, и разните изолирани општества се помалку и помалку
можеле да останат отсечени од остатокот на светот. Други, апстрактни причини
биле менувањето на ставот спрема туѓите „егзотични“ култури, намалување на
евроцентризмот и желбата на луѓето да ги запознаат културите на другите.
Ваквиот начин на размислување ефективно ја разурна дистинкцијата помеѓу
„цивилизирани“ и „нецивилизирани“ култури. Понатамошните стадиуми на развој
кои оваа дисциплина ги има достигнато (како и тие кои ќе ги достигне) ќе бидат
разгледани во другите сегменти на овој труд.4

КУЛТУРА И КОМУНИКАЦИЈА

Како што напоменавме во воведниот дел, културата е екстремно битна, не


само за оваа дисциплина, туку и буквално за се кое што е поврзано со живеењето
и функционирањето на поединците и групите во општеството. Културата, како
општествен феномен има безброј различни дефиниции. Таа настанува, дејствува
и има влијание спрема останатите општествени појави. Таа доживува
метаморфоза при разните дејствувања на поединците и групите, нивна соработка,
ривалство, па дури и низ меѓусебен конфликт. Со ова, можеме да заклучиме дека
ваквите правила на живеење настануваат преку овие односи. Би било целосно
погрешно да се тврди дека ваквите духовни творештва се стриктно продукт од
имагинацијата и инспирацијата на одредени поединци, надарени со посебни
способности. Културата, во општа смисла на зборот, е создадена од колективот на
припадниците на едно општество. Но, таа не треба да се смета како еден
монолит, односно константа која кога еднаш ќе се оформи и „прифати“ од
мнозинството, така останува и не се менува. Секоја генерација допринесува

4
Превземено од Coursera https://pt.coursera.org/learn/intercultural-communication-
russians/lecture/pzxz6/1-3-history-of-intercultural-communication-an-overview

6
спрема овој феномен, врз основа на достигнувањата на претходниците. Постојат
и определни инстанци каде што знањата на претходниците веќе неможат да се
употребат за да се задоволат потребите на денешните генерации, и тие се
заменуваат со поинаков и подобар пристап.

Врз основа на се погоре, екстензивна дефиниција за овој поим би била:


Културата е систем на вредности, постапки и стандарди на однесување и на
дејствување, поим кој го репрезентира општеството или група ама во неговиот
карактеристичен образец на постоење, односно индивидуална интеграција и
материјализација на вредностите и знаењата на општеството или групата. За овој
феномен да може да се опише подобро, би требало да се одредат некои негови
елементи. Во рамките на овие елементи треба да се опфатат и сознајните,
комуникациските и регулативните функции на културата од една страна, и разните
видови на творештвото во една култура, од друга страна. Тие би можеле да се
поделат во следниве неколку категории5:

 Јазик – една од карактеристичните творештва на едно општество, и може


да се дефинира како систематски начин на комуницирање идеи и чувства
преку знаци, звуци и гестови кои имаат одредени значења.
 Сознајни творештва – Преку кои светот и неговите појави се објективно
доловени и објаснети. Вакви творештва можат да бидат религија,
филозофија стереотипи, предрасуди, идеологија како и науката.
 Вредностите – се хиерархиски систем на творби кои го осмислуваат
животот и го насочуваат човековото дејствување, одредувајќи што е
пожелно, мудро, исправно, добро, праведно или користно. Тие ги
одредуваат целите, објектите и идеалите кон кои треба да се стремат сите
поединци. Во творештвата од овој вид има многу скриени категории, како на
пример естетската вредност, односно што е убаво во едно општество.
 Нормите – правилата – како елементи на културата содржат наредби и
забрани за човековото однесување. Тие претставуваат операционализација
на вредностите. Оваа категорија го опфаќа и концептот на санкционирање,
доколку истите не се следат. Санкциите можат да се поделат според тоа
дали се доделуваат од страна на државните органи според јасно
дефинирани законски одредби, или пак се неофицијално санкционирани од
околината (во форма на потсмев, озборување и слично)

5
Превземено од „Мултикултурализам и интеркултурна комуникација“ (2013) Владо Петровски,
Снежана Мирасчиева Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.17

7
 Експресивни симболи – творби кои ја изразуваат приврзаноста и верноста
спрема еден систем на вредности, можат да бидат химни и други песни,
разни знамиња и барјаци, државни грбови и слични амблеми.

Но како културата влијае на начинот на кој комуницираме? Одговорот на


ова прашање може да се пронајде во фактот дека културата, со сите нејзини
категории на творештва, импринтира уште од млада возраст определени начини
на размислување и однесување во рамките на карактерот на едно лице. Ова
понекогаш е многу суптилно, и ние самите неможеме да го забележиме. Неможат
понекогаш да го забележат и оние кои пораснале во истото општество и со нас јас
споделуваат истата култура. За луѓето тоа е ‘природно’. Се разбира, ваките
вредности можат да бидеат интерпретирани во безброј варијации кои се различни
од човек до човек. Проучувањето на културата на определен народ нема да ни
каже што точно ќе се случи во секоја ситуација, туку што би можеле да очекуваме
и што најчесто би можело да се случи.

Еве неколку генерализации6 за тоа точно како културата го обликува


начинот на кој различни видови на луѓе комуницираат:

 Различната култура придонесува околу тоа кои медиуми се


преферираат за воспоставување комуникација – Општествата кои се
високо индустријализирани имаат тенденција да користат електронски
технолошки направи. Тие ја вреднуваат пишаната порака повеќе од
вербалното комуницирање лице-в-лице. Такви земји се Соединетите
Американски Држави, Канада, Британија, Австралија, Германија и слично.
Интересно е да се забележи дека Јапонија, која е високо
индустријализирана и вообичаено се смета за општество кое е многу
навикнато да користи технологија, сепак одбира разговор лице-в-лице многу
повеќе отколку преку пишана порака.
 Високо-контекстуални и ниско-контекстуални општества - Факторот кој
што детерминира ова не е секогаш нивото на индустриски развој, туку и
разликата помеѓу културите кои се високо-контекстуални и ниско-
контекстуални. Во некои култури, неформалните контакти и договори се
многу поважни отколку оние официјалните, формални договори. Вакви
култури се застапени во Медитеранот, Латинска Америка, Централна и
источна европа, Африка и некои делови од азија. Покрај вреднувањето на
неформалните контакти, во ваквите култури се испраќаат пораки кои имаат

6
Превземено од Forbes https://www.forbes.com/sites/carolkinseygoman/2011/11/28/how-culture-controls-
communication/#61bd4080263b

8
високо ниво на симболичност и двосмисленост. Наспроти нив, северно
европските култури, на пример, имаат тенденција да ги ценат
официјалните, формални договори и директното, недвосмислено значење
на нивните пораки.
 Сметањето на времето во различни култури (секвенцијално и
синхроничко) – За успешно да можат да ги извршуваат различните
функции и цели кои живеењето ги налага, луѓето мора да имаат чувство за
време и навременост. Постојат два основни концепти за сметање на време,
и тоа:
o Секвенцијално – времето се гледа како линеарен комодитет кој
може да се заштеди, даде, потроши. Екстензивни и комплексни
распореди на време се изработуваат, пред се во професионалната
сфера на животот на луѓето, со цел тие навремено да ги извршат
сите нивни обврски и да ја максимизираат својата продуктивност.
Ваквиот no-nonsense стил на живеење и работење се употребува во
Северна Америка, Западна и северна европа и слично. Најдобро
може да се изрази во американскиот идиом ‘Времето е пари’.
o Синхроничко – времето и неговиот тек се гледа како круг, во кој
минатото, сегашноста и иднината се поврзани и меѓусебно се
прелеваат. Вакви култури можеме да пронајдеме во јужна европа,
латино-америка и слични земји. Ова влијае на начинот и пристапот
до организирање на активностите, комуникацијата и долго рочното
планирање на поединците и групите во едно општество. Во
секвенцијалните општества, задоцнувањето е знак на неодговорност,
а во синхроничките пак, настојувањето се да биде навремено и
прецизно одредено е гледано како детинеста нетрпеливост.
 Контролата на емоциите при комуникација (афективни наспроти
неутрално-емоционални култури) – Дуалитетот во оваа поделба е
поставен помеѓу емоциите и разумот, како две алтернативи при
комуницирањето. Култури кои се афективни преферираат да бидат ‘по-
отворени’ во искажувањето на своите емоции. Тие комуницираат преку
смеа, интензивни гестикулации, често допирање, помал личен простор и
слично. Кај нив, прикажувањето на емоциите доведува до природност и
транспарентност, вибрантниот и жив начин на вербално комуницирање е
знак на заинтересираност и соживување во комуникацијата. За разлика од
нив, неутралните култури преферираат контрола на емоциите, несакаат
директно да го искажат своето мислење и/или чувство (оваа карактеристика
е во согласност со високото ниво на двосмисленост во пораките), а
физичкиот контакт, гестикулациите или силните изрази на лицето се
сметаат за табу. Монотоноста во гласот е знак на почит, а самоконтролата е

9
многу ценета. Доколку комуникација е воспоставена помеѓу лица со
различни култури во кои има вакви спротивни вредности, ова може да
резултира до мискомуникација и недоразбирања (понекогаш, дури и до
степен на комичност).

Ова се само неколку од многуте начини на кои разликата во културите може


да доведе до разлика во комуницирањето.

ТЕОРИИ

Како што првично беше спомнато во воведниот дел, развојот на оваа


дисциплина започнува во втората половина на 20тиот век, поточно во 1950тите
години. Едвард Хол, со неговата публикација на ‘The silent language’ прв
почнува да го користи терминот ‘интеркултурална комуникација’. Хол има
започнато многу револуционерни пристапи, и тој се смета за еден од
татковците на оваа дисциплина. Тој прв започнал да користи компаративно
културно изучување, кое се противело на дотогашниот монокултурен пристап.
Тој предложил културите да се споредуваат една со друга, и да се проучуваат
од различни аспекти. Во врска со ова, микро-анализата е користена, и со
помош на неа се проучувани културите на партикуларизиран начин (како луѓето
го сметаат времето, како го организираат просторот меѓу нив, итн.), а не општо,
преку создавање на еден стереотип (национален карактер, културален mindset
и слично). Низ 60тите, овие концепти продолжиле да се надоградуваат и
развиваат, и во средина на 70тите тие станале дел од редовен курикулум за
интеркултурна комуникација во американските универзитети. Во оваа декада
настанале и нови термини, и конечно интеркултурно и крос-културно се
дефинирале како поими кои меѓусебно се разликуваат. Имено, интеркултурно
означува преминување на културните граници, односно бариерите кои
различните култури ги поставуваат. Од друга страна пак, крос-културно
означува изучување на различните карактеристики кои ги поставуваат самите
бариери. 70тите биле декада која денес се нарекува ‘декадата на
истражувањето’. Ваквите истражувања акумулирале голем број на податоци,
кои, при нивна анализа довеле до новитети. Акумулирани биле варијабили и
параметри за изучување на интеркултуралната комуникација, како и
различните култури. Докази за плодноста на 70тите се делата на Самовар и
Портер и нивните две дела “Communication between cultures” и “Intercultural
communication reader”, чии копии се печатат и продаваат до денденес. Потоа,
во 80тите, започнаа да се создаваат различните видови на теории. Називот кој
се користи за оваа декада, всушност е ‘декада на теории’. Главната дилема
која се создаде е дали интеркултуралната комуникација треба да се посматра

10
како критички описи на различни интеракции помеѓу поединци и групи, или пак
како културален дијалог. Бидејќи овој сегмент е одреден да се посвети на
теории, ќе се обидеме да наброиме и објасниме неколку7. Тие би можеле да се
групираат во различни гранки: оние кои се концентрираат на ефективни
резултати, на акомодација или адаптација, идентификациско нагодување и
менаџмент, на комуникациски мрежи, на акулризација и акомодација.

 Социјално конструирање на ефективни резултати


o Културална конвергенција – Конвергенцијата како израз
означува приближување на некои својства на појавите.Во оваа
теорија, конвергенцијата се користи во два контекста, во и вон
една култура. Интракултурално, кога едно затворено општество
нема рестрикции во комуникацијата помеѓу поединци и групи, со
текот на времето преку ваквото комуницирање, доаѓаме до
ситуација на униформност на разни духовни творештва и други
елементи на културата. Поголема рестикција на комуникацијата, и
одреден временски период може да има реверзибилен ефект на
ова. Во контекст на интеркултурално комуницирање, олеснување
на комуницирањето помеѓу две или повеќе култури (пример,
зборувањето на англиски јазик во 21виот, француски во 20тиот и
19тиот или латински во средниот век како lingua franca) се
олеснува и културите започнуваат да се развиваат на сличен
начин, доведувајќи до униформитет. Ова, во современото
општество е поврзано со процесот на глобализацијата.
o Теорија на комуникациска акомодација – Создадена од Хауард
Гајлс, оваа теорија е врзана со претходната, со тоа што се
предложува дека процесот на дивергенција и конвергенција може
да се контролира, односно регулира преку контрола на начините
на комуницирање. При комуницирање, соговорниците свесно (а
понекогаш и несвесно) се адаптираат на начинот на комуникација
на нивниот соговорник/соговорници. Тие можат, според желба и
умешност да ги адаптираат својот акцент, гестикулации, фрази и
инонација за да конвергираат со останатите (и со тоа подобро да
се поврзат). Од друга страна пак, желбата за истакнување на
некаква посебност може да доведе до менување на начинот на
комуницирање на поединецот во спротивен правец од оној на
неговиот соговорник/соговорници (ова е всушност, дивергенцијата
опишана погоре).

7
Превземено од Викверсити https://en.wikiversity.org/wiki/Intercultural_Communication/ICC-overview

11
o Теорија на интеркултурна адаптација – Според Гундикуст и Ким
‘Оваа адаптација инволвира континуирано употребување на
декултуризација и акултуризација која што доведува до промена
кај туѓинците (имигрантите) во поглед на асимилација, кој е
теоретски највисокиот вид на културална адаптација.’ Ваквото
конформирање, се разбира, е барано од страна на малцинствата
во едно општество, кои е потребно да ги ‘одучат’ навиките и
културните вредности кои ги имаат, и да ги прифатат оние на
мнозинството во средината во која живеат. Ретенцијата на било
каков аспект од поранешната култура треба да се санкционира и
да се гледа како личен неуспех на неконформираните поединци.
o Ко-културална теорија- Креатор на оваа теорија е Марк П. Орб,
и општо гледано, таа ги проучува процесите и начини на
комуницирање помеѓу доминантните припадници на една група и
оние кои се потчинети. Исто така, оваа теорија ги разгледува и
различните начини на комуницирање кои ги употребуваат лица од
друга раса, лица со посебни потреби и инвалидитети, со поинаква
сексуална ориентација, или пак со понизок социјален статус.
 Идентификациско нагодување или менаџмент
o Теорија на менаџмент на идентитетот – Создадена од Купач и
Имахори во 90-тите, оваа теорија се обидува да ја одреди
интеркултурната комуникација како нешто што зависи не само од
културата на лицата кои комуницираат, туку и од нивната лични
комуникациски способности. Имено, тие треба да имаат високо
развиена интерперсонална комуникациска компетентност, со цел
да одржат уникатен ‘лик’ односно претстава, за себе и за другите.
Доколку имаат ниски способности за комуницирање, тогаш тие се
служат со разните стереотипи кои ги имаат прифатено преку
нивната култура, и преку тоа го доведуваат до опасност
претставата за самите себе пред другите, како и нивната
претстава за другите лица. Тие, според оваа теорија треба да
поминат низ три основни ‘препреки’, а тоа се:
 ‘Trial and error’ при барање на сличности во нивните
идентитети.
 ‘Измешување’ на идентитетите на лицата кои
комуницираат, со цел да се дојде до посакувана ‘средина’.
 Корегирање на дистинктивните културни идентитети кои ги
имаат лицата, преку ‘средината’ постигната во втората
препрека.

12
 Интерперсонално нагодување – Теорија создадена во средината на
20тиот век, од повеќе автори, меѓу кои еден од нејзините пионери е
Гофман (ја спомнал во своите дела во 1959 и 1961). Како што нејзиниот
назив предложува, при комуникација на неколку поединци, преку
интеракција, несогласување и судири, поединците ги утврдуваат
претставите еден за друг. По утврдувањето на тие претстави (градењето
на мислења и ставови за другите), тие лица се очекувани да постапуваат
во рамките на веќе поставените параметри. Може да се каже дека
интерперсоналното нагодување е ‘лепилото’ кое ги држи лицата во
меѓусебни релации.
 Double-swing модел – Создадена од Мунео Јошикава, и објаснува како
индивидуи, култури и интеркултурни концепции можат да се пресретнат
на конструктивни начини. Комуникацијата е разбрана како бескраен
процес на транзиции и промени на двете страни, во текот на
интеракцијата. Јошикава потенцира четири различни начини, и тоа:
o Етноцентричен начин – овде лицето ја зема во предвид само
својата култура и идентитет, и воопшто не обидува да се
приспособи.
o Воспоставување на контрола – Имање интерес за културата на
соговорникот, но без сериозно сваќање на истата. Се користи при
манипулација на ситуацијата во корист на вршителот на
контролата.
o Дијалектички начин – По пат на меѓусебен консензус, разликите
на соговорниците навидум исчезнуваат, а со нив и нивните
посебни идентитети.
o Дијалошки начин – Поинаков пристап од претходните три, во кои
индивидуите се гледаат како целини самите за себе, дијалошкиот
начин има корени во будистичката филозофија (концепт на
јапонски познат како soku-hi, или во превод ‘е и не е’), како и
делата на еврејскиот филозоф Мартин Бубер (I and thou
relationship, или ‘јас и ти’ релацијата) . Едноставно објаснето,
според овој концепт лицата се целина само кога комуницираат
едни со други, а не самите по себе.
 Теории кои се фокусираат на комуникациски мрежи
o Мрежи и комуникациска компетенција на ‘Аутсајдери’ – Според
оваа теорија персоналните мрежи на комуникација ги
потенцираат врските помеѓу индивидуите. Свеста и потсвеста се
потпираат на членовите на мрежата за да можат да
интерпретираат разни атрибути. Колку се поблиски врските на

13
‘Аутсајдерите’ и членовите на мрежата, толку е подобра нивната
компетентност за комуницирање.
o Интеркултурни наспроти интракултурни мрежи – Преку оваа
теорија се објаснува дека интеркултуралните теории имаат многу
поголема внатрешна варијабилност, отколку интракултурните.
Преку теоремите на оваа теорија се искажува и дека во рамките
на интракултурните мрежи има многу поголем транзивитет (кога
пријателите на моите пријатели се и мои пријатели).
o Мрежи и аклутуризација – Во оваа теорија социјалните мрежи се
поврзуваат со акултуризацијата кај имигрантите. Во рамките на
оваа теорија се изразува и тврдењето дека имигрантите имаат
тенденција да бидат поврзани со лица кои ги дефинираат нивните
идентитети. Дополнителна претпоставка е дека кога имигрантите
ќе се интегрираат во новата средина нивниот круг на пријатели се
менува.
 Теории кои се фокусираат на акултуризација и адаптирање –
o Комуникациска акултуризација – Според оваа теорија, ‘крос-
културалната адаптација се одвива преку колаборативни напори
од туѓинецот и новата средина во која се наоѓа.’
o Менаџмент на анкциозност и несигурност – Кога туѓинците
комуницираат со домородните жители на едно општество, тие
треба да го контролираат чувството на анкциозност и несигурност
кое што го претрпуваат, со цел тие да можат добро да точно
предвидат како ќе се одвива комуникацискиот процес.
o Асимилација, девијација и отуѓеност – Асимилација и
адаптација не се постојани резултати на процесот на
приспособување. Тие, всушност, се привремени и се произлезени
преку комуницирањето на туѓинците и домородните жители. Од
друга страна пак, отуѓувањето и девијацијата се резултат на
некакво ‘настрано’ (девијантно, кое застранува) однесување или
пак слаба комуникација.

И покрај овие, постојат и многу други теории, кои ги разгледуваат


интеркултурните комуникации на безброј начини. Накратко можат да се споменат,
Гендерликт теоријата (инволвира меѓу полови односи и ги објаснува како
интеркултурни) , Марксистичката теорија (ги објаснува односите на класите и
општествените односи преку економијата), Туѓинската теорија (туѓинците се
хиперсвесни за разликите помеѓу нивната култура и онаа на нивните соговорници,
и таа премногу потенцирана свест ги засенува личните разлики или сличности
помеѓу луѓето) и многу други.

14
ИДЕН РАЗВОЈ НА ИНТЕРКУЛТУРНАТА КОМУНИКАЦИЈА

Кога станува збор за идни развивања на оваа дисциплина, како и за се кое


што е предвидување за иднината, потребно е да се искаже со одредена доза на
разерва. Историјата на човештвото ни покажува дека идните ситуации се зависни
од милиони познати (и непознати) варијабили, кои ниту еден човечки ум неможе
да ги пресмета за да даде точна предикција. Со цел да се воспостави континуитет
при опис на развојот на оваа дисциплина, накратко ќе ги објасниме 90тите години
и двете декади на 21виот век (таму каде што застанавме во претходниот сегмент).
Имено, овие неколку декади донесоа интензивно дебатирање, како и
диверзификација на пристапите. Порастот на пристапи не е само во рамките на
интеркултуралните комуникација како дисциплина, туку и во рамките поширок
општествен концепт – а тоа е мултикултурализмот.

Идниот развој на оваа дисциплина ќе се развива во поглед на дефинирање


и развивање на идејата на мултикултурализмот, и како тој влијае на општествата.
Ќе се работи на тоа да се разбере оваа нова супстанца, како и нејзините
пропратни поими, како на пример ‘инклузија’ и ‘диверзификација’. Ваквиот поглед
кон светот би можел и радикално да се редефинира, барем во рамките на
западната цивилизација. Политичката и економската криза,отежнатата
комуникација помеѓу туѓинците и домородното население, тешката адаптација на
новодојдените, разните немири и порастот на криминалните дејствија од страна
на имигрантската популација, би можела да доведе до целосно дерогирање на
концептот на мултикултурализмот. Овој концепт може да опстане, преку негово
‘наштимување’ во една умерена форма и редефинирање на културните вредности
на западните општества (како и појава на нови духовни творештва кои ќе помогнат
во решавање на разните општествени проблеми и предизвици).

ЗАКЛУЧОК

Интеркултурната комуникација е дисциплина која е витална за


одржувањето и развивањето на врските на глобалното општество. Таа влијае на
начинот на кои ние комуницираме, ги руши стереотипите, го подобрува
космополитанизмот низ целиот свет. Овој труд само накратко објасни неколку
аспекти на оваа комплексна наука. Оваа дисциплина е потребна за развој и
соработка во полето на економијата, медицината, науката, дипломатијата,
администрацијата, работата на Интерпол и слични организации, во уметноста,
спортот и така натаму. Развивањето и надградувањето на интеркултурната

15
комуникација би довела до склучување на повеќе зделки, и испукување на
помалку рафали.

Користена литература:

 Bureau of Barbarians; превземено на 01 мај 2017


https://en.wikipedia.org/wiki/Bureau_of_Barbarians
 Intercultural communication; превземено на 02 мај 2017
https://en.wikipedia.org/wiki/Intercultural_communication#Theories
 Intercultural communication; превземено на 02 мај 2017
https://en.wikiversity.org/wiki/Intercultural_Communication/ICC-overview
 Мултикултурализам и интеркултурна комуникација Владо Петровски,
Снежана Мирасчиева, Штип 2013 Издавач Универзитет „Гоце Делчев“,
Штип 10 – 18 превземено на 04 мај 2017
 How culture controls communication (2011) Carol Kinsey Goman 04 мај
2017 https://www.forbes.com/sites/carolkinseygoman/2011/11/28/how-
culture-controls-communication/#78b4af82263b
 How did Christopher Columbus talk to Native Americans when he landed
in America? (2015) превземено на 05 мај 2017
https://www.quora.com/How-did-Christopher-Columbus-talk-to-Native-
Americans-when-he-landed-in-America

16

You might also like