You are on page 1of 24

Апстракт

Зголемувањето на барањата на туристите придонесе туристите се повеќе да се


насочуваат и да бараат нови туристички содржини кои се сеуште недоволно
туристички афирмирани. Во овие услови во кои неговиот развој го достигнува
највисокото ниво, потребно е туристичката понуда да содржи интересни и прифатливи
содржини со кои би ги мотивирале потенцијалните туристи да остварат одредено
туристичко патување.

Културата е еден од важните инструменти за соработка и претставува


спојувачка сила за развој на туризмот. Историското-културно наследство и
туристичките вредности во еден регион претставуваат важен предуслов за развој на
културниот туризам. Местото на културниот туризам е посебно значајно бидејќи ако
сакаме нашата земја да стане културнa-туристичкa дестинација, мора да ги
афирмираме културните богатства со кои располага Република Македонија, а тука пред
се спаѓаат многубројните историските локации, спомениците на културата, културните
манифестации и природните вредности.

Со осмислено формулирање на културните содржини, што сакаме да ги


вклучиме во културната туристичката понуда, ќе постигнеме повеќе значајни
резултати и тоа во прв ред задоволен туристички потрошувач, како и подобро
афирмирање на културните и туристичките вредности на Република Македонија.

Во овој труд ќе се осврнеме на некои од клучните предности, а исто така ќе ги


согледаме и недостатоците со кои се одликува Југозападниот регион на Република
Македонија, бидејќи се очекува културниот туризам во наредниот период да биде
вклучен во туристичкиот промет во поголем процент, а воедно и да претставува еден
од факторите за стопански и економски развој во Република Македонија.

Клучни зборови: Туризам, Туристичка понуда, Културно наследство, Култура,


Културен туризам.

1
Вовед

Туризмот како економски и општествен феномен секојдневно добива во своето


значење. Ова пред се е условено од масовното вклучување на луѓето од целиот свет во
туристичките патувања, кои се повеќе добиваат интензитет во последните 35-40
години. Претставува една од најмасовните појави во современото општество, поврзана
со потребите од повбременото менување на местото на престој, пред се заради одмор и
рекреација.

Почетокот на туризмот не може точно да се определи, но неспорно е дека тој се


развива паралелно и во зависност од општествените односи, доаѓа до израз особено
кога бројот на туристите кои се вклучуваат во туристичтака понуда се зголемил, добил
таквуи димензии што почнал да влиае и врз формирање на одредени појави и односи,
кои придонесле туризмот да стане посебно важен фактор во општествена и во
економска смисла. Како резултат на состојбите на животната сердина, во современите
услови на живеење туризмот не е привилегија на богатите луѓе, туку примарна
потреба на најголем дел од светското население. Меѓутоа оваа потреба изразена преку
масовни периодични движења на населението од емитивните кон рецептивните
региони сеуште е привилегија на населението од побогатите и развиени земји, односно
од земјите со изразена индустријализација и урбанизација.

Се очекува во наредниот период техничко-технолошкиот развој да се прошири


и на стопанството од недоволно развиените земји и земјите во развиј. Тоа ќе услови во
туристичките движења да се вклучи и дел од населението на овие земји. Со тоа
вкупната маса на туристи постојано ќе се зголемува, а дел од туристите ќе се насочат и
кон региони богати со туристички потенцијали, а сеуште туристички недоволно
изградени.
Културата е фактор во туризмот, и тоа на оној дел што се однесува на
културните вредности или добра, како можност за туристички патувања. Особено од
почетокот на 1990-тите, кога социо-културната, економската соработка и интеграцијата
беа иницирани меѓу земјите. Во овој процес на интеграција, култура се појави како
важна алатка, која придонесе да се запознаат нови култури, а истовремено да се
создадат и нови преку меѓусебното испреплетување на различни култури, кои се
всушност една од димензиите на глобализацијата. Туризмот е еден од најважните
процеси и алатки кои ја овозможуваат оваа културна интеракција. Културниот туризам

2
го спречува исчезнувањето на локалните - културни вредности кои неминовно ги носи
глобализацијата.
За да се зборува за културен туризам, истовремено би морале да зборуваме и за
културата и за туризмот. Култура како највисок израз на создавањето на човекот,
подразбира постоење на материјални и духовни вредности, кои се резултат на
материјалната и духовната човечка интервенција во природата и општеството.
Културата во потесна смисла на зборот ги подразбира сите форми на човековото
изразување преку кој човекот го кажува своето искуство, идеи, визија. Значи,
културата се објектите, својствата, луѓето, активностите кои имаат за цел да ја
подобрат личноста на човекот, да ги прошируваат хоризонтите, да се подигнува
општото културно ниво, да се развиваат комуникациите. Секој простор во секое време
има примено одредени културни добра, има превземено посебни културни
карактеристики. Туризмот од друга страна, исто така, вклучува објекти, места, луѓе и
активности. Туризмот е збир на активности и појави кои произлегуваат од престојот на
луѓето во места надвор од нивното постојано место на живеење. Овие односи и појави
се резултат на човековите активности поврзани со набљудувањето, искуството и
контактирање во природни и социо-културни простори.
Со цел да дојдеме до разјаснување на концептот на културен туризам ќе ги
ставиме во корелација поимите култура и туризам, од каде што ќе забележиме дека
многу елементи им се заеднички. Ако во овој контектст во поимот туризам ги
издвоиме само со човечка рака создадени вредности, а ги занемариме природните
вредности, тогаш она што може да остане како заедничко тоа се објектите и појавите
кои човекот ги создал и кои се израз на човековата креативност, и човековите
интереси. Она што е различно е местото на случување. Културата се случува насекаде,
во сите области, додека за туризмот тоа не е така. Туризмот се случува само надвор од
местото на постојано живеалиште. Значи, културата се случува секаде, или барем така
би требало да биде, додека културниот туризам, од аспект на туристите поедноставно
кажано – културата надвор од неговиот престој, при што не е битно дали културата е
поради туризмот или туристот е придружен член, набљудувач, оној кој ја доживува,
запознава и зошто да не учествува. Врз основа на ова може да се даде објаснување на
концептот на културниот туризам. Културниот туризам се сите тие односи и појави кои
произлегуваат од културните активности кои треба да се случуваат во туристичкото
место или простор заради туризмот (како основна содржина за престој туристите), или

3
туристи кои ги посетуваат овие места како дополнување на другите форми на
туризмот.
Во развиените туристички економии, како што се Франција, Италија, Шпанија,
Велика Британија, културниот туризам носи значителни приходи кои надминуваат
една третина од вкупниот приход на туризмот. Култура во овие земји е важен фактор
за извоз, кои носи големи приходи за државите. Се разбира, важноста на ваквите
културни трендови во туризмот не е само зголемување на приходот.
Други позитивни ефекти се наоѓаат во областа на подигање на општото
културно ниво, формирање на интер-културниот контакти, ширење на културата и така
натаму.
И покрај тоа што Република Македонија располага со богато културно
историско наследство сепак овој вид на туризам за жал сеуште е недоволно развиен.

4
Предмет и цели на истражувањето

Современите трендови на глобализација и дерегулација доведоа до зголемување


на барањата на туристите и придонесе туристите се повеќе да се насочуваат и да бараат
нови туристички содржини кои сеуште се недоволно туристички афирмирани. Во овие
услови во кои неговиот развој го достигнува највисокото ниво, потребно е
туристичката понуда да содржи интересни и прифатливи содржини со кои би ги
мотивирале потенцијалните туристи да остварат одредено туристичко патување.

Во тие рамки ја гледамe и можноста од давање на соодветен научен придонес


со реализацијата на ова истражување. Изработката на овој труд ќе претставува
придонес како во полето на научното третирање на проблематиката на улогата што ја
има културниот туризам врз зголемување на туристичката понуда, така и во поглед на
практичната имлементација на културните содржини од нашата земја, како можност да
се зголеми бројот на домашни, а пред се странски туристи. Со овој труд ќе настојувамe
да го приближиме до нашата научна јавност и со тоа да создадеме поттик и подлога за
понатамошно проучување на проблематика која не е доволно експлоатирана во
научните кругови. Во тие рамки, сметаме дека научниот придонес на трудот од
посебно значење за нашата земја ќе се состои од следново: магистерскиот труд ќе
претставува систематизирано и сеопфатно третирање на аспектите кои го третираат
прашањето за културата, културното наследство, туризмот, културниот туризам, врз
развојот на културниот туризам во југозападниот регион на нашата земја.

Поаѓајќи од претходното, прeдмет на истражување во овој труд ќе биде:

 Согледување на културното наследство неговата поделба и класификација;


 Опис на функционалните аспекти на културата;
 Запознавање на културните туристички процеси;
 Обработка на културниот туризам и неговите ефекти;
 Согледување на актуелната состојба на културните вредности во југозападниот
регион на Република Македонија;
 Анализа на потенцијалите за развој на културниот туризам во југозападниот
регион на Република Македонија.
Основна цел на овој труд е да ги анализира причинско-последичните врски
помеѓу културата, културното наследство, туризмот и природните вредности врз

5
развојот на културниот туризам во југозападниот регион од Република Македонија.
Исто така, цел на овој труд е да ја анализира моменталната состојба на културниот
туризам во југозападниот регион од Република Македонија и како таа да се валоризира
со цел да се подобри и зголеми туристичката понуда во овој дел од Република
Македонија.

Основната претпоставка од која тргнуваме при истражувањето е дека развојот


на културниот туризам во југозападниот регион на Република Македонија главно е
детерминиран од валоризирање на постоечките културно - историски содржини како и
воведување на нови содржини, а пред сé поголема застапеност на веќе постоечките.
Воведувањето на културниот туризам треба да е главната стратегиска варијабла во
постигнувањето на целта, а тоа е збогатување на туристичката понуда, со што би се
зголемил бројот на домашни, а пред се на странски туристи во југозападниот регион
на Република Македонија, како и во целата земја воопшто.

Содржината која ќе се обработува во овој магистерски труд е концепирана во четри


тематски целини кои овозможуваат разработување на матрејалите на посебните делови
од секоја тематска целина пооделно.

Првата глава носи наслов Културата и културното наследство која


претставува појдовна основа и теоретски дел во обработката на овој труд. Најпрвин ќе
се обидеме да ја објасниме улогата и значењето на културата и културното наследство
во современи услови. Поделбата на културата на матерјална и духовна ќе ја
разработеме со што ќе овозможиме да се согледа разликата која ќе придонесе за
понатамошно прецизно одредување на културните потреби на туристите.

Богатото културно наследство придонесува за развој на туризмот, но класификацијата


на културното нслетсво придонесува да се развијат и пооделни гранки на културниот
туризам. На крајот на првата глава ќе ја разработиме функционалноста на културата
потенцирајќи ја нејзината значајност за комуницирање и овозможување соработка со
учесниците во туризмот и креирањето на туристичкиот производ.

Во втората глава Туризам и видови туризам, ќе се обидеме да го објасниме


значењето кое го имаат културните туристички вредности во функција на развој на
туризмот како и културната и туристичка потребата како значајни носители за
одвивање на одредено туристичко патување. Понатаму во оваа глава ќе ја обработеиме

6
диференцијацијата на туристичките вредности, како културна содржина од културен
аспект на природните туристички вредности како и од аспект на културата како
општествена вредност во туризмот.Исто така ќе се осврнеме на валорициата на
културното наслетство и нејзината улога во креирањето на туристичката понуда.

Во третата глава Културен туризам ќе се обидеме да укажеме на важноста која


ја има културниот туризам врз развојот на туризмот како стопанска гранка. Ќе се
потрудиме да ги објасниме ефектите од културниот туризам, односно ќе ги
потенцираме придобивките од неговиот развој, а исто така ќе се осврнеме на
проблемите и негативните влијанија кои произлегуваат од овој вид на туризам.

Четвртата глава Карактеристики и потенцијали на културниот туризам во


југозападниот регион на Република Македонија Претставува скелетот на овој труд.
Најпрвин во оваа глава ќе ја анализираме моменталната состојба на културниот
туризам во југозападниот регион на Република Македонија. Централно место во оваа
глава ќе има третата точка во која ќе направиме емпириски истражувања со помош на
прашалник кој ке го испратиме до соодветни институции од чии одговори ќе дознаеме
за нивните ставови и мислења во врска со карактеристиките на културниот туризам во
Југозападниот регион на Република Македонија.

Врз основа на добиените инфоирмации ќе направиме обид да го посочиме


значењето на културниот туризам врз развојот на туризмот во југозападниот регион на
Република Македонија.

7
Задачи на истражувањето

Врз основа на дефинираниот проблем и цел на истражувањето, би можеле да се


идентификуваат следнивe задачи на кои се очекува да одговори ова истражување:

Кое е местото и улогата на културата како фактор во туризмот?

Кои се придобивките од развојот на културниот туризам?

Утврдување на придобивките и согледување на проблемите од развојот на културниот


туризам?

Каква е состојбата на културниот туризам во југозападниот регион на Република


Македонија?

Кои се ставовите и мислењата на релевантните институции од областа на туризмот во


југозападниот регион на Република Македонија кои треба да се превземат со цел
успешно анимирање на културниот туризам во југозападниот регион на Република
Македонија?

Дефинирање на потенцијалите за развој на културниот туризам во југозападниот


регион на Република Македонија?

Врз основа на дефинираните прашања, а за постигнување на целта на нашето


истражување ќе ја поставиме следната истражувачка хипотеза:

Hо:Развојот на културниот туризам ќе придонесе за зголемување на бројот на


туристите во југозападниот регион на Република Македонија.

Со реализирање на истражувањето и давањето одговори на поставените задачи,


се надеваме дека ќе се збогати туристичката содржина и ќе се развие културниот
туризам во југозападниот регион на Република Македонија.

8
Методи кои ќе се користат во истражувањето

За реализација на целта коja сме ja поставиле при конципирањето на овој


предмет на истражување, која претставува актуелна тема недоволно обработена во
нашето подрачје, најчесто се водeвме од дедуктивниот метод, односно поаѓавме од
општите законитости и принципи ги откривавме посебните.

При разработката се презентираат официјални податоци изнесени во сите


видови на документи како што се извештаите и соопштенијата на World Tourism
Organization, United Nations Educational, Sceintific and Cultural Organization,
exploringmacedonia и останати светски реномирани институции односно ќе ги
анализираме најрелевантните податоци и информации за потврда на реалните слики за
состојбите во наведениот систем на односи. Врз основа на тие податоции ќе
конструираме соодветни заклучоци.

Во разработката на трудот ќе користиме и соодветна литература од познати


експерти и научници од туризмот и културното наследство како и дефиниции кои се
коментираат, објаснуваат и дополнуваат. Појавите за кои нема официјални
информации, а кои се важни за согледување на состојбите и тенденциите во областа на
културниот туризам ќе бидат квалитативно анализирани односно од добиените
сознанија ќе ги изведеме оние карактеристики кои најмногу ја детерминираат
анализираната појава.

Воедно овој труд ќе се темели претежно на користење на кабинетско


истражување (desk research) и со користење на емпириски податоци и показатели кои
стручната литература ги познава. Одредени теренски истражувања (field research) ќе ги
направиме со користење на Интернетот како медиум кој содржи голем број на
секундарни податоци, како и со изработка на прашалници кој ќе биде доставен до
релевантните институци од областа на туризмот во југозападниот регион на Република
Македонија, и до одреден број на туристи од кои ќе добиеме голем број на примарни
податоци. Примарните податоци кои ќе ги добиеме преку aнкетите се од примарно
значење за целта на овој труд, бидејќи ќе ги добиеме од главните институции и број на
туристи кои се засегнати со проблематиката на културниот туризам кои податоци ќе ни
дадат насоки со кои прашања и со кои проблеми би се соочиле релевантните

9
институции во Република Македонија, при развојот и имплементирање на културниот
туризам.

Анкетирањето ќе започне со неколку структуирани прашања, потоа дискусијата


ќе се одвива во зависност од ситуацијата и ќе следат неструктуирани прашања.
Добиените податоци ќе бидат анализирани и интерпретирани со соодветни
квалитативни техники за анализа и интерперетација, од кои ќе произлегуваат
коментари и конклузии.

Во истражувањето на оваа проблематика ќе бидат користени постојните


теориски стојалишта од најреномираните теоретичари од областа на туризмот и од
областа на културното наследство, како и емпириски податоци и показатели кои
стручната литература ги познава. Истите ќе придонесуваат за подлабоко истражување
на состојбите со развојот на културниот туризам во нашата земја.

10
I. КУЛТУРАТА И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

1. Поим за културата
Културата е еден од факторите во туризмот, и тоа на оној дел што се однесува
на културните вредности или добра, како можност за туристички патувања. Особено
од почетокот на 1990-тите, кога социо-културната, економската соработка и
интеграцијата беа иницирани меѓу земјите. Во овој процес на интеграција, култура се
појави како важна алатка, која придонесе да се запознаат нови култури, а истовремено
да се создадат и нови преку меѓусебното испреплетување на различни култури, кои се
всушност една од димензиите на глобализацијата.
Културата претставува општествена категорија која го претставува човековиот
специфичен начин на живот и јасно го дистанцира човекот од останатиот
животинскиот свет.

Културата во потесна смисла на зборот ги подразбира сите форми на човековото


изразување преку кој човекот го кажува своето искуство, идеи, визија. Значи,
културата се објектите, својствата, луѓето, активностите кои имаат за цел да ја
подобрат личноста на човекот, да ги прошируваат хоризонтите, да се подигнува
општото културно ниво, да се развиваат комуникациите.

Пренесувањето на одредени видови култура од една генерација на друга или од едно


општество во друго, претставува континуитет–продолжување, непрекината врска,
постојано траење на културата.

Економските и општествените услови беа и се основните причини за развој на


културата. Заради тоа, зависно од степенот на економскиот развој постои и различен
степен на развој на културата кај соодветните народи.

Една од законитостите на тој процес е заемното дејство на културата врз друга. Она
што е најсилно, во прогрсивна смисла, кај една култура, континуирано може да делува
во друга соодветна култура.

Д-р Наум Целакоски ”Културата и туризмот” Факултет за туризам и угостителство-


Охрид 1997 стр.21-22

11
Поимот култура потекнува од латинскиот глагол colere. Овој термин првобитно
значел обработка, одгледувањена земја. Тој првобитен смисол потоа се заменува со
лексемата агрикултура, што значи замјоделие.

Смислата на литинскиот збор cilere, еден од познатите теоретичари на културата-


Вундт, го толкува како грижа за оплеменување и проучување на човековиот живот.

Некои други научници сметаат дека поимот култура потекнува од латинскиот


збор cultus-со кој се означувало-одгледување, нега, обработка, воспитување,
образование.

За првпат терминот култура со значењето кое го има денес го употребил германскиот


преродбеник Хенри Јохан Хердер филозоф и историчар кој објавува книги во кои ја
обработува културата како се она што не може да се добие од природата, според тоа
Хердер поимот култура ги опфаќа сите културни вредности што ги сосзал човекот.

Културата може да се разбере од неколку гледишта, меѓу нив се и оние во кои човекот
има власт над природата, каде одедени природни добра ги употребува со помош на
научните и техничко-технолочките достигнувања, и како духовна вредност која терба
да ја поседува човековото битие.

Постојат повеќе објаснувања за поимот култура кои се резултат на различното


толкување, поставување теории и критериуми за разбирање и оценување на човековата
активност во општеството.

Според Проф Илиќ “Под култура се подразбира збирот на сите оние процеси, промени
и творби кои настанале како последица на матрејалната и духовната интервенција на
човековото општество ( во природата општеството и мислењето). А основната смисла
на културата се состои во тоа да се олесни одржувањето, продолжувањето и
напредокот на човековото оштество”.

Во оваа дефиниција опфатени сеповеќе аспекти како што се: материјалната и


духовната вредност, историската и динамичката категорија кои се изучуваат поради
временски и просторни промени, се исклучуваат сите процеси кои не придонесуваат за
одржување, продолжување и напредок на ковековиот род, и ја потенцира улогата на
свесниот труд кој придонесува за поповолни услови за живот.

12
Д-р Ѓорѓи Тоноски- “Социологија”, Факултет за туризам и угостителство-Охрид
2000,стр196-197 - превземено од 41 Д-р Милош Илиќ-“Социологија на културата и
уметноста”, научна книга Беогрд 1983, стр.13-14

Културата е еден од важните инструменти за соработка и претставува спојувачка сила


за развој на туризмот. Историското-културно наследство и туристичките вредности во
еден регион претставуваат важен предуслов за развој на културниот туризам.

Културата претставува процес на физичкиот, материјалниот и умстваниот спој без


кои нејзиниот развој не може да се издигнува на повисок степен во својата
рзановидност , културата има суштинска вредност за развој, како социјална кохезија.

Културната разновидност е движечка сила на развојот, не само во однос на


економскиот раст, туку и како средство за исполнување на интелектуалната,
емоционалната, моралната и духовната страна во животот.

Обезбедување на диверзитетот на културните изразувања претставува предизвик за


локалните, националните и меѓународните заедници. Со цел да се одговори на оваа
димензиј на културната рзановидност, замјите-членки на УНЕСКО усвоија Конвенција
за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања во 2005година.
Конвенцијата стапува во сила во текот на 2007 година. Истата има нови пристапи кон
културните изразувања во различни форми кои придонсеуваат за нејзин развој. Заедно
со обезбедувањето на секрњтарјатот на Конвенцијата, УНЕСКО е во моментов во
процес на редизајнирање на своите оперативни проекти и изработка на нови програми
за да придонесе за остварување на целите на Конвенцијата.

www.unesco.org

13
2. Материјална и духовна култура

Култура, како највисок израз на создавањето на човекот, подразбира постоење


на материјални и духовни вредности, кои се резултат на материјалната и духовната
човечка интервенција во природата и општеството, таа претставува материјалната и
духовнта вредност што ја создал човекот.

 Материјалната култура опфаќа се што има материјална форма, кое е


продукт на човековиот труд, и се наоѓа во сверата на материјалното
производство, таа претставува суштествените изрази на човековата
природа.

Значаен фактор за создавањето и оформувањето на карактерот и особеностите на


материјалната култура се: природните, климатските услови, особеностите на теренот,
топографијата. Суштината и спецификата на материјалната култура зависи и од
опшествено-историските услови, социјалните услови, како и субјективниот фактор.

Без потребни материјални сретства не може да се развива духовната култура, таа се


надградува над материјалната и се развива со неа.

Од аспект на глобализацијата духовното културно наследство претставува важен


фактор во одржувањето на културната различност. Согледувањето на важноста на
духовното културно наследство помага за разбирањето на другите култури и нивниот
начин на живеење.

Духовното културно наследство не ги претставува само културните манифестации тоа


е богатство од знаења и вештини кои се пренесуваат од една на друга генерација.
Социјалната и економската вредност на овој пренос на знаење е важно како за
малцинските групи така и за земјите во развој воопшто.

 Духовната култура го претставува степенот на свеста на секој човек.


Достигнувањето во духовната култура се наоѓа во нераскинлива врска со
нивото на развој на материјалната култура.

Залихите се составен дел на заштитата на духовното културно наследство, бидејќи со


нив може да се подигне свеста за духовното културно наследство и неговото значење
за индивидуалниот и колективниот идентитет. Со процесот на инвентаризација на
нематреријалното културно наследство се овозможува списите да станат достапни за

14
јавноста, исто така тоа може да ја поттикне креативноста и самопочитта на заедниците
и индивидуите, од каде што потекнуваат.

Конвенцијата на УНЕСКО од 2003 година предлага пошиток домен во кој духовното


културното наследство се манифестира како:

- Вршење на уметност,
- Социјални практики, ритуали и свечани настани,
- Знаење и практики во врска со природата иуниверзумот,
- Традиционалните знаети

Духовното културно наследство претставува единство на многубројни елементи од


повеќе области, од аспект на тоа дали куктурното наследство може да се пренесува или
не, истото се дели на движно и недвижно.

 Во движно културно наследство спаѓаат, главно предметите кои се


карактеризираат со помали димензии токму тоа е причината која им
овозможува да бидат пренесени од едно до друго место, од местото каде
што ќе бидат пронајдени до местото каде ќе се наоѓаат. Во еден нов
контекст кој е нарекуван музеолошки и понатаму да се третираат како
предмет на музејот.

Поради природата на движното културно наследство кое може да биде дислоцирано,


во одредени случаи истото може да биде злоупотребувано. Тоа се однесува на случаите
кога се експлоатира низ историјата и конечниот простор во кој ќе биде сместено ќе
биде намерен или ненамерен.

 За разлика од движните предмети на наследството кои се


карактеризираат со својата преносливост и можност за пренесување од
едно до друго место, недвижното културно наследство (претставено
преку споменици на културата) спротивно на нив е врзано за тлото, па
затоа просторната компонента игра сосема поинаква улога.

Д-р Даворин Трпески, Виртуелни “Модели на живеалишта од македонско народно


градителство”, Институт за етнологија и антропологија,Скопје 2006.

15
Просторот за недвижното наследство претставува трајна локација на која е
сместено, за разлика од движните предмети, за кои просторот е само место на кое е
сместено наследството за одреден временски период.

Непренесливоста на недвижното културно наследство му овозможува да биде


заштитено од злоупотреба. Тоа не може да се пренесе на друг простор со што се
овозможува зашта на податоците за неговото потекло, а во исто време можe да
обавува одредена функција. Најголем процент од таков вид на недвижно културно
наследство претставуваат спомениците на културата кои имаат специфична и
атрактивна локација, како и спомениците кои се создадени од цврст материјал. Овој
вид на споменици на културата поради карактеристиките кои ги поседува, можат да
бидат подолго време изложени атмосверски влијанија без да претрпат промени во
физичкиот изглед или во својставата на материјалите од кои е изграден.

За овој вид на наследство истражување може да се изврши за состојбата во која е


пронајдено, карактеристиките на материјалите од кои е создадено, намената за која
служело во периодот во кој се претпоставува или со сигурност се нае дека потекнува.

Богатството на урбани и рурални средини, материјалното и духовното (нематеријално)


културно наследство, различните историски епохи, етички и верски заедници,
претставуваат заедничка вредност во поглед на развојот на културата.

16
3. Класификации на културнотот наследство

Културното наследство на секоја земја е составен и неразделив дел oд културата


и цивилизацијата на светот, тоа ги претставува продуктите на една култура кои често
пати ја преживуваат епохата што ги произвела, односно опстануваат многу подолго од
духовната атмосвера во која се создадени. Автентичноста на културното наследство се
развивала различно и хетерогено, во одредени историски периоди и кај одредени
народи, сега познати како конкретни национални богатства на народите ширум светот.

Севкупниот човеков живот, со сите елементи на неговото творештво и егзистенција


всушност го претставува културно наследство на секој народ, него го сочинуваат
споменици на културата, од материјална природа, движни и недвижни, како и
антрополошко наследство кое во основа се претставува како материјална и духовна
култура.

Културно историските соменици се објекти и простори на материјалната култура кои


имаат некакви својства на туристички атрактивности (естетски, знаменитости и
куриозитет) и кои ги поттикнуваат психичките функции на човекот кој тежнее да ја
задоволи својата културна туристичка потреба. Тие се класифицираат како недвижни
и движни ствари, како и групи на ствари кои заради својата историска, научна,
техничка или културна вредност се сметаат за културно наследство од посебно значење
за општеството. Спомениците на културата се користат и употребуваат за
задоволување на културните потреби на луѓето.

Споменикот на културата кој е присутен подолго време или континуирано, лоциран во


одреден простор на новата култура, истата постепено со текот на времерто го адаптира
објектот на своите потреби или на различни начини самата се прилагодува на неговото
присуство. Најчесто тоа го прави преку промена на наеговата функција, изгледот,
името, или преку создавање легенди се со цел објектот да се вгради во системот на таа
култура. Спомениците на културата, и тоа особено недвижните, се едни од најтрајните
продукти кои особено често ја преживуваат својата матична култура. Градбата на
спомениците на културата е специфична бидејќи е последица на специфичностите на
архитектурата како културен феномен.

17
Националната класификација на културното наследство претставува
стандардизирана форма на типолошко одредување/идентификување и
систематизирање на разновидното културно наследство на Република Македонија,
произлезена од член 33 од Законот за заштита на културното наследство.

Согласно со одредбите на Законот, за материјалните и нематеријалните добра, во


документот на националната класификација се предвидува воспоставување систем на
степенување на трите основни класи на културното наследство (недвижно, движно и
духовно) на видови, групи, подгрупи и типови.

Меѓународното искуство во класификацијата на културното наследство во целина или


на одделни негови содржини и делови упатува на разновидност како во
методолошкиот приод така и во терминолошкото одредување/прецизирање на
различните класи и видови културно наследство.

Имено, системите на класификација на културното наследство се базираат на бројните


карактеристики што ги поседуваат и според кои се групираат различните видови
културни добра (функција, материјал, техника, форма, хронолошка или културна
припадност, начин на користење и сл.), како и на различните цели и потреби (научни,
образовни, културни, заштитно-функционални, социо-економски, просторно-
урбанистички и сл.), според коишто се изготвуваат посебни организациони шеми за
соодветен третман и достапност на информации.

Класификацијата на недвижното културно наследство третира три основни видови на


добра: споменик, споменичка целина и културен предел (според членовите 12, 13 и 14
од Законот). Класификацијата на недвижното културно наследство во пошироки
меѓународни рамки до неодамна главно се однесуваше на спецификите на
архитектонското и археолошкото наследство. Притоа, архитектонското наследство се
сместува во три категории: поединечни споменици, групи на 3споменици и места
(споменички целини), во согласност со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на
светското културно и природно наследство ( Париз, 1972) и со Конвенцијата за
заштита на архитектонското наследство на Европа, (Гранада 1985). Археолошкото
наследство е дефинирано во Европската конвенцијата за заштита на овој вид
наследство (Лондон, мај 1969) и во ревидираната верзија (Валета, јануари 1992).

18
Класификацијата на движното културно наследство е изготвена како типолошка
поделба на основните видови движни културни добра: археолошки предмети,
етнолошки предмети, историски предмети, уметнички предмети, технички предмети,
архивска граѓа, библиотечни добра, кинотечни добра и фонотечни добра (членовите
15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22 и 23 од Законот).

При класификацијата на духовното културно наследство прецизирани се основните


видови на добра: фолклорни добра, јазик и топоними (според членовите 24, 25 и 26 од
Законот). Треба да се напомене дека духовното наследство, како „жива” материја, а
според тоа тешко опредметувана во систем на прецизно кодифицирање, како при
домашната стручно-научна опсервација така и во меѓународни рамки е со недоволно
елаборирани а често пати и со различни приоди за различни видови духовни добра,
имајќи ги во предвид импликациите што таа ги има од историско-културолошки и
општествено-политички аспект (особено кога станува збор за заштитниот третманот на
јазикот и/или јазиците што се во употреба).

Превземено од (http://www.uzkn.gov.mk)

Во последните децении терминот “Културно наследство” ја има сменето својата


содржина, делумно тоа се должи на нормативните инструменти развиени од страна на
УНЕСКО. Културното наследство не завршува на споменици и збирови на предмети.
Тоа исто така вклучува традиции или изрази наследени од нашите предци кои ќе се
пренесат на нашите потомци. Таков вид на културно наследство претсатвуваат усни
традиции, изведувачки уметности, општествени пратки, ритуали, празнични настани,
знаење и практики во врска со природата и универзумот на знаење и вештини за
производство на традиционални занаети.

Генералната конференција на Обединетите нации за образование, наука и


култура на состанокот во Париз кој се одержувал од 17 Октомври до21 ноември
1972година, на 16 ноември 1972 година ја донесе:

I. Дефиницијата на културното и природното наследство Член 1 во кој за


културно наследство ќе се смета:
 Споменици: Археолошки работи, работи на монументална склуптура и
сликарство, елементи или објекти од археолошка природа, натписи,
пештери станови и комбинации на функции, кои се од исклучително

19
ѕниверзална вредност од точка на гледање на историјата, уметноста или
науката;
 Група објекти: Група на одделни или поврзани обекти, кои поради
нивната архитектура, нивната хомогеност или нивното место во
пејзажот, се од исклучително универзална вредност од точка на гледање
на историјата, уметноста или науката;
 Места: Делата на човекот или комбинација на делата од природата и
човекот, и области вклучувајќи археолошки локалитети кои се од
исклучително универзална вредност од историска, етнолошка или
антрополошка гледна точка.

Секоја држава членка на оваа Конвенција признава дека има должност да обезбеди
идентификација, заштита, конзервација, презентација и пренос на идните генерации на
културното и природното наследствонаведени во членовите 1 и 2, а се наоѓаат на
нејзината територија, припаѓаат првенствено на таа држава. Таа ќе направи се што
може за таа цел, до крајот на сопствените средства, а каде што е соодветно, со било
која меѓународна помош и соработка, а особено финансиски, уметнички, научни и
технички, кои може да бидат можност да се добие.

Културното историско наследство може да се наоѓа и во подводните површини,


пристапот до него е тешко достапен, поради тие причини не е доволно афирмирано и
заштитено.

Подводното културно наследство ги опфаќа сите траги на човековото постоење, што се


наоѓаат или лежат под вода и имаат културни или историски карактер. Признавање на
итна потреба да се зачува и заштити како наследство, УНЕСКО елаборира во
2001година на Конвенцијата за заштита на подводно културно наследство.

Превземено од ( www.unesko.com)

Културното наследство има големо значење за развојот на туризмот, тоа им


овозможува на туристите да ги задоволат своите културни и туристички потреби ,
посетувајќи одредена локација која е богата со културно наследство автентично за
периодот од кој потекнува.

20
4.Функционални аспекти на културата

Културата е еден од важните инструменти за соработка и претставува


спојувачка сила за развој на туризмот. Историското-културно наследство и
туристичките вредности во еден регион претставуваат важен предуслов за развој на
културниот туризам. Местото на културниот туризам е посебно значајно бидејќи ако
сакаме нашата земја да стане културна-туристичка дестинација, мора да ги
афирмираме културните богатства со кои располага, тука пред се спаѓаат
многубројните историските локации, спомениците на културата, културните
манифестации и природните вредности.

Културата е фактор во туризмот, и тоа на оној дел што се однесува на


културните вредности или добра, како можност за туристички патувања. Особено од
почетокот на 1990-тите, кога социо-културната, економската соработка и интеграцијата
беа иницирани меѓу земјите. Во овој процес на интеграција, култура се појави како
важна алатка, која придонесе да се запознаат нови култури, а истовремено да се
создадат и нови преку меѓусебното испреплетување на различни култури, кои се
всушност една од димензиите на глобализацијата. Туризмот е еден од најважните
процеси и алатки кои ја овозможуваат оваа културна интеракција. Културниот туризам
го спречува исчезнувањето на локалните - културни вредности кои неминовно ги носи
глобализацијата.
За да се зборува за културен туризам, истовремено би морале да зборуваме и за
културата и за туризмот. Култура, како највисок израз на создавањето на човекот,
подразбира постоење на материјални и духовни вредности, кои се резултат на
материјалната и духовната човечка интервенција во природата, општеството,
мислењето. Културата во потесна смисла на зборот ги подразбира сите форми на
човековото изразување преку кој човекот го кажува своето искуство, идеи, визија.
Значи, културата се објектите, својствата, луѓето, активностите кои имаат за цел да ја
подобрат личноста на човекот, да ги прошируваат хоризонтите, да се подигнува
општото културно ниво, да се развиваат комуникациите. Секој простор во секое време
има примено одредени културни добра, има превземено посебни културни
карактеристики. Туризмот од друга страна, исто така, вклучува објекти, места, луѓе и
активности. Туризмот е збир на активности и појави кои произлегуваат од престојот на

21
луѓето во места надвор од нивното постојано место на живеење. Овие односи и појави
се резултат на човековите активности поврзани со набљудувањето, искуството и
контактирање во природни и социо-културни простори.

Позитивните ефекти се наоѓаат во областа на подигање на општото културно


ниво, формирање на интер-културниот контакти, ширење на културата и така натаму.

Во последно време се повеќе се посветува внимание на развојот културата која


има значајна функција за развојот на туризмот, кој со совојата масовност значително
допринесува за реализација на културните вредности. Со осмислено формулирање на
културните услуги што сакаме да ги вклучиме во туристичкиот производ,
постигнуваме повеќезначајни резултати и тоа: задоволен туристички потрошувач во
општествена смисла на зборот, како и подобри економски резултати во туристичката
потрошувачка.

Се повеќе цел на туристите станаа спомениците на културата и уметничките


вредности од минатото . Големо почитување и интересот што го покажуваат туристите
во текот на слободното време за културното наследство, е знак на високо ниво на
образовании од областа на културата.

Односот на културата и туристичката понуда не се еднонасочни и не ја


опфаќаат само сверата на културата во туристичката понуда, културата може да се
проследи во текот на целиот процес на одвивњето на туристичото движење и најчесто
е еден од клучните фактори на туристичкиот развој. Односите помеѓу културата и
туризмот треба да се сватат како рамка, која може да се проширува и надоградува при
утврдување на позитивности кои ќе се одразат врз теоретското и практичното
применување.

Степенот на образование во голема маера ја одредува општата култура, а таа


делува врз туристичката култура. Туристичката култура впрочем претставува
севкулност и степен на усвоени туристички навики. Од овој аспект културата може да
се набљудува како фактир од кој зависи туристичкото патување, и како дел од
туристичката понуда која се нуди на патниците во процесот на совладување на
просторот од емитивните до рециптивните простори.

22
Науме М и Наум Ц наведуваат дека културата претставува еден од
најзначајните фактори во непосредното давање на услугите. Во оваа смисла културата
се јавува како неопходен фактор на повеќе случаи како што се:

 Гостопримството и културата на однесување што подразбира стручна


оспособеност со соодветно ниво на образование и специјализација на
вработените во капацитетите во кои се даваат туристички услуги,
 Одржување на нивото на уреденост на инфраструктурата и
супраструктурата во рамките на дозволените стандарди,
 Афирмација на културата на исхрана и во тој контекст гастрономската
понуда како дел од туристичката понуда,
 Ентериерна употреба на уметнички дела во сместувачките капацитети,
 Архитектонско обликување и прилагодување на сместувачките објекти
кон елементите на животната средина,
 Едуцирано рецептивното население кое ќе може успешно да се вклопи во
туристичката активност со своето однесување и односот кон
туристичката понуда,
 Културно-забавна анимација во сместувачките објекти и др.

Туризмот и културата не само што не можат да се сметаат како издвоени појви, туку
тие во сегашниот тренд претставуваат интегрална појава со препознатливи специфики
и веќе утврдени норми во секојдневната пракса.

Андриќ.Н.прагматично ја дефинира културната функција на туризмот. Сосема


разбирливо е дека туризмот со различните компоненти на понудата има многи знчаен
придонес во популаризацијата и презентацијата на културните вредности. Тоа е
присутно во сите облици на туристичкото движење, кај секое реализирано туристичко
патување, без оглед дали мотивот на патување е врзан за културен интерес или не.
Ваквата карактеристика на туризмот дава основ за масовно користење на културните
достигнувања и услуги и претставува своевидна обврска и на туристичките работници
и на вработените од областа на културата. Всушност тоа е факт дека туризмот и
културата имаат изразито заеднички особини кои треба понатаму да се продлабочуваат
и откриваат.

23
Со туристичката активност се овозможува запознавање на појавите и односите во
изворна форма, така добиените информации можат автентично да се утврдат.

Културната функција на туризмот се огледа во комплетното дејство на сите учесници


на туристичката активност таа треба да се свати како надгрсдба на различните ниво.
Преку културното влијание на туризмот се менува куктурата на сите учесници.
Влијанијата кои ги врши културата на туризмот можат да се означат и како влијнија на
туризмот.

24

You might also like