You are on page 1of 2

Според Џ.

Сварбрук културните атракции во туризмот можат да се групираат во три


категории:

1. Градби, структури и места што не се создадени за да привлекуваат туристи,


туку тие се создадени за други цели и намени;
2. Градби, структури и места што изворно се создадени за да привлекуваат
туристи; и
3. Специјални настани .

Во првата група спаѓаат: цркви, катедрали; грандиозни домови(замоци, плати);


историски куќи; антички споменици; археолошки локалитети; историски
паркови(локалитети); индустриска историја; стари железнички патишта (пруги за
парни локомотиви). Во втората група спаѓаат: музеи и галерии; тематски паркови(со
историска содржина); културни центри; изложбени центри; занаетчиски центри. Во
третата група спаѓаат : религиозни манифестации; уметнички фестивали; фолклорни
манифестации; саеми;историски изложби.

Р.Прентис дава повеќе категории на културни атракции поврзани со туризмот и тоа:

1. Религиозни атракции-цркви, манастири, џамии,поклоненички свети места;


2. Воени атракции-замоци, утврдувања, места на значајни битки, воени музеи итн.
3. Градови-историски градови, комплекси на градби во урбани наслеби;
4. Села и живеалишта-рурални населби претежно со народна архитектура;
5. Крајбрежни градови и пејсажи-крајбрежни области со специфична убавина;
6. Социо-културни атракции-историски места и изложби, музеи за социјална
историја, етнографски музеи, музеи за декоративни уметности;
7. Атракции придружени кон историски личности-места и објекти поврзани со
значајни со значајни уметници или историски личности;
8. Атракции поврзани со некои уметности- театри, опери
9. Тематски паркови-историско-забавни паркови
10. Атракции поврзани со примарно производство-рачна изработка на производи
како склуптури, грнчарија, стакло, метални предмети, дрводелство,ткаење;
11. Атракции поврзани со индустриското производство-стари винарии , стари
пиварници, дрводелски капацитети, воденици, музеи за економска историја;
12. Транспортни атракции- музеи за стари транспортни сретства, стари железници.
Сето ова наведува дека културните туристички вредности можат да се подредуваат
на различни начини и тематски да се групираат според одредени критериуми. Така,
црквите на пример, можат да се постават како културни историски вредности, како
градби што изворно не се создадени за да привлекуваат туристи или да се вбројат во
религиозни атрактивности. Затоа типологијата, како и дефиницијата на самото
културното наследство, а со тоа и културните туристички вредности , не претставуваат
затворено поглавје. Напротив, овие поими се осовременуваат и се прилагодуваат кон
тековните цели и потреби.

Сепак целокупното наследство нема исти карактеристики и не поседува еднакви


вредности. Затоа се создадени критериуми за вреднување ана културното наследство .
Местата со културни вредности првенствено и припаѓаат на заедницата каде што се
наоѓаат, но нивната вредност и значење може да ги помине локалните и националните
граници. Таков е случајот со местата вклучени во Светското Културно Наследство .
Нивната вредност има универзално општочовечко значење . Местата кои се дел од оваа
листа се всушност една од главините туристички атракции, директно поврзани со
значителни туристички движења.

You might also like