You are on page 1of 2

Уметност

Што е уметност?
На ова прашање многу филозофи , уметници и социолози со векови се
обидувале да дадат прецизен одговор.Тоа е можеби затоа што значењето на
самиот збор УМЕТНОСТ се менува низ вековите.Како збор се појавува во
Античка Грција но до ден денес е предизвик да се дефинира прецизно.
( Во 2014 година имаше онлајн истражување до белградската уметница Весна
Опавски, каде луѓето се обидуваа да дадат прецизен одговор.Заклучокот од тоа
истражување е дека дури во 21 век,зборот уметност не дава да се дефинира
конечно.Субјективно се доживува и секој различно го дефинира.)
На нашите почетни часови кога разговаравме на оваа тема и се обидувавме да
дадеме конкретна дефиниција , но и ние имавме такви дилеми и слични
заклучоци.
Можеби самиот збор не сака/одбива да биде ставен во рамка?
(пример бр.2)
Ако пребараме на интернет , ќе најдеме дефиниции кои ќе ни помогнат да не
биде толку неодредено прашањето но и неговиот одговор.
“Уметност — човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата,
поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Може да се рече дека
уметноста му е својствена на човекот, со што тој се разликува во рамки
на природата, и се издвојува од останатите живи битија”-ова е денешната
дефиницијата за уметноста.
Секој од нас на оваа дефиниција , би додал нешто за да ја прецизира таа човечка
активност?Ве охрабрувам да размислувате и понатаму на оваа тема , можеби
токму вие ќе бидете оние кои ќе помогнат да се дефинира поимот- уметност.
Уште од Антиката, филозофијата се прашува за природата на
уметноста. Платон во неговите дијалози или Аристотел во делото Поетика се
прашуваат за уметноста како одраз на убавото, односно естетиката. Сепак,
античката естетика понекогаш се разликува од подоцнежните естетики
а грчкиот збор τέχνη (техне), кој е најблискиот еквивалент на зборот вештина
односно умеење (уметност), во Стара Грција означувал збир на активности
подложни на одредени правила.
Едно е сигурно,уметноста е јазик кој ни овозможува да комуницираме , да
кажеме одреден став на одредена тема, да ги покажеме нашите чувства и
емоции , да се забавуваме , но и да научиме нешто за самите себеси и за
другите околу нас.
Сепак , поимот уметност онаков каков што денес го знаеме и прифаќаме се
појавил во 17 век.На тој список човечки активности кои се уметност спаѓаат
1.Литература
2.Музичка уметност
3.Ликовна уметност
4.Театар
5.Архитектура
6.Танц
7.Филм
Се разбира, дека списокот на уметности во 21 век е проширен и е подолг , но
ние ќе се осврнеме на изучување на една уметност- музичката
уметност,консултирајќи ги притоа и другите уметности кои можат да ни помогнат
да добиеме прецизен преглед за развојот музиката низ вековите.
Не смееме да го заборавиме податокот дека уметноста е најпрецизната
рефлексија и показател на времето во кое живееме и тоа е една од причините
зошто треба да бидеме одговорни кон неа.

You might also like