Professional Documents
Culture Documents
Переска Дарија
Првото стакло
Првото стакло го создала самата природа. Пред 450 000 000 години,
усвитените карпести материи од јадрото на Земјата се пробиле низ
земјината кора, во вид на растопена вулканска маса. Онаму каде
усвитената лава содржела силициум и нагло се ладела, се
формирало стакло тврдо како камен.
Таквото вулканско стакло се нарекува опсидијан.
Илјадници години стаклото било дар од природата, нешто што само
било убаво за гледање. Имало вредност како украсен материјал и за
правење скапоцени предмети. Стаклото станало корисно дури
откако некој се сетил дека е провидно, дека низ него може да се
гледа.
Никој не знае кога и каде за прв пат била откриена тајната на
правење стакло.
Изработка на стакло
Главните состојки од кои се изработува се:
песок (силициум)
поташа (калиумов карбонат, се добива од пепел и сол)
Варовник