You are on page 1of 7

КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА - ЕГИПЕТ

КЕОПСОВА ПИРАМИДА
 Пирамидите на Кеопс (фараонот
Куфу, кој во хеленистичкото време е
познат како Кеопс), Кефрен и на
Менкаур (добро познат под неговото
хеленизирано име Микерин) во
египетскиот град Гиза, со години се
во центарот на интересот на
локалните и странските туристи,
пишува Агенција Анадолија (АА).
КУЛТУРА И УМЕТНОСТ
 Пирамидите во Гиза, мистеријата на
Египет, продолжуваат да се во
центарот на внимание на археолозите
и историчарите,правејќи теории за
истите
- Се проценува дека изградбата на
Кеопсовата пирамида, која била
највисоката човекова градба во светот
до почетокот на 20 век, траела околу
20 години.
ИСТОРИЈА НА ПИРАМИДИТЕ И ФАКТИ
 Според информациите објавени на
официјалната веб-страница на Министерството
за туризам на Египет, повеќевековните
пирамиди на Кеопс, Кефрен и Микерин биле
изградени како гробишта на фараоните кои
живееле за време на четвртата фараонска
династија (3494 пр.н.е. ‒ 2613 пр.н.е.).

Пирамидите кои се наоѓаат на исто подрачје и


претставуваат гробници на таткото, синот и
внукот, именувани се по фараоните од тој
период, од кои најголема пирамида е на Кеопс,
средната пирамида на Кефрен и малата
пирамида е на Микерин.
КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА ВО АНТИЧКИ ЕГИПЕТ
 Пирамидата на Кеопс ​широка 230 метри и висока 147
метри, повеќе од 3.800 години по изградбата го
одржувала рекордот на „највисока зграда“ во светот,
но денес нејзината височина е намалена за околу 10
метри поради ерозијата со текот на времето.
Кеопсовата пирамида се смета за најголема и
најстара пирамида меѓу пирамидите пронајдени во
Египет.

Кеопсовата пирамида, која за себе ја изградил


фараонот Кеопс, припадник на четвртата фараонска
династија, била изградена од варовнички камења,
секој од нив тежок илјадници килограми.Гробната
одаја на фараонот во Кеопсовата пирамида била
изградена од гранитни камења, за кои се смета дека
биле донесени од египетскиот град Асуан.
ТЕОРИИ ЗА ПИРАМИДИТЕ
 Овие монументални објекти
продолжуваат да ја чуваат својата
вистинска тајна, иако се изнесени голем
број теории за тоа како биле изградени
пирамидите, кои се ладни во летниот
период и топли во зима, и покрај
ограничените можности во тоа време.

Освен тоа, меѓу седумте светски чуда


Кеопсовата пирамида се издвојува и
како најстара градба.
I5
Изработено од:
Јана Талевска
Викторија Трајковска
Мартина Стојановска
Христина Гоцевска

You might also like