You are on page 1of 12

Последични (консекутивни)

зависносложени
прилошкоопределбени реченици
Последични
зависносложени реченици
• Последичните зависносложени прилошкоопределбени реченици
спаѓаат во групата на каузалните затоа што двете дејства се и во
нив поставени во однос причина - последица, само што
причината е кај нив изнесена во главната, а последицата - во
зависната дел-реченица. Значи, дејствата се поставени во однос
причина — последица, но се инсистира на последицата.
Зависната дел-реченица претставува предикативна прилошка
определба за последица.
Во последични зависносложени реченици односот на дејствата е причина –последица. Зависната
дел-реченица ја содржи последицата, а главната дел-реченица причината.
Тој не
отиде на училиште бидејќи беше болен. (причинска)
Тој беше болен, така што не отиде на училиште.(последична)
1. Дефиниција: Последични зависносложени реченици се оние во кои зависната дел-реченица ја
содржи последицата од вршењето на дејството во главната дел-реченица.
2. Сврзници:
а) така што
б) толку....што; таква.....што; такви....што; така....што...

3. Правописна забелешка: во последичните реченици со сврзникот така што редовно се


пишува запирка, а со другите сврзници може да се напише запирка, ако има подолга главна дел-
реченица, но и не мора.
Беше радосен поради петката, така што ништо не забележа.

На училиште имав среќа, така што наставникот ме прескокна при


испрашувањето.

Таа толку убаво раскажуваше што сите внимателно слушаа.

На нашето барање добивме такви одговори што се зачудивме.

Тие создадоа таква атмосфера што секој присутен се


чувствуваше убаво.

Машината создаде таков звук што ушите ни бучеа цел ден.


Толку / толкав / таков / така во главната и што во зависната
дел-реченица.

• Најчестиот корелат толку најчесто стои со личноглаголската


форма, но може и со некои други реченични членови.
• Примери:
• Толку се беше сродил со таа куќа, што понекогаш дури и викаше
на Тереза;
• Таа беше толку зафатена со својата работа, што не го забележа
неговото влегување;
• Tu зборуваш толку матно, што човек помислува дека не си
нормален.
• Во поглед на редот на дел-речениците
треба да се каже дека секогаш зависната
е во постпозиција.
Правописна б е л е ш к а:
• Пред така што редовно се пишува
запирка, а во речениците со толку — што
таа не е задолжителна.
•Нешто повеќе ...
• Кај последичните реченици во нашиот современ јазик
забележуваме извесни отстапувања од нормата и специфичности:
• а. Се комбинира толку со така што:
• Тој е толку полн со барања, така што никој не може да одговори
на нив. Се разбира дека треба или: Тој е толку полн со барања
што никој не може да одговори на нив, или пак: Тој е преполн со
барања, така што никој не може да одговори на нив.
• б. Место така што се употребува така да. Ова е грешка што
навлегува директно во системот на македонскиот јазик со оглед
на значењето и на употребата на да-конструкцијата во него.
• в. Во Речникот на македонскиот јазик се наведува дека
заменскиот прилог така може да означува и "количественост", на
пример: ...тоа е така (толку) едноставно... Меѓутоа, за оваа
употреба на така се вели дека е добиена по литературен пат.
Ваквото така го среќаваме и во рамките на последичните
зависносложени, но со оглед на горенаведеното, како
посоодветна ја сметаме употребата на толку. Примери: Me
креваше така силно што не ja чувствував земјата под себе; Tu така
несмасно ракуваш со пиштолот, што би можел и несакано да
направиш нешто.
• г. Во рамките на главната дел-реченица можат да се јават и други
показни заменски зборови со т-коренот:
• - толкав: Таа почна да го прогонува со толкава сила, што тој веќе не
можеше да ја одбегне.
• - таков: Тоа беше таква болка, што не можев да ја мрднам раката.
• - дотаму: Сето тоа е дотаму природно и логично поставено што
читателот и не го чувствува недостигот од некоја поизразита
анегдотска нишка.
• - до таа мера: Тоа врие во мене до таа мера што повторно морам
да станам.
Неправилна употреба на сврзниците

Се користи ТАКА ШТО, а не ТАКА ДА.

Не е правилна комбинацијата на ТОЛКУ со ТАКА ШТО

Беше толку многу болен, така што не дојде на забавата.

Беше толку многу болен што не дојде на забавата.

You might also like