You are on page 1of 2

Негација 

 
Негацијата служи за одрекување на дејството, односно негово неизвршување. 

 
I Средства за негација: 
 
А) честици :  не ,ни, ниту ;  Не кажа збор. Не кажа ни збор.Не пушти ниту една солза. Ни
јаде ни пие. ; 

Б) одречни заменски зборови:  никој, ништо, ничиј, никаков, никаде, никому, никако ; 

В) префикси:  - не: несериозен;  без – бездомен;   ин – инсолвентен (немоќен да плати) ; 


 де – дебаланс;  а  – афоничен(безгласен) . 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
II  Видови негација 
1.  Негација според број на одречни зборови во реченицата: 
 
А) еднократна негација: Тој не е тука.  Не може да учи. 

Б) двојна негација ( за засилување ):  Ништо не смее да знае. Никако не оди


со учењево. 
 
* При двојна негација може да се случи заемно поништување на негациите, па ќе
се добие позитивен ефект:   Тој не е несимпатичен.(симпатичен е)  Не
е неначитана. (начитана е) 
 
В) повеќекратна : Никаде од никого ништо не добивa. 
 
 
 
 
 
 
2. Негација на прирок или друг реченичен член со негацијата - НЕ: 

А) реченична негација – се негира прирокот:        Не можам да верувам. Не кажаа ништо. 

Б) членска негација – се негира кој било  друг реченичен член:  


Го посетив градот, а не селото.    Те советувам тебе, а не него. 
 
( Може да се забележи дека во примерот под Б), прирокот е испуштен. Во следниов
пример е додаден, па се менува и видот на негацијата:
Те советувам тебе, а не го советувам него.) 
 
 
 
 
 
 
 
3. Вградена негација – зборовите не се негирани, но самите имаат одречно
значење: 
Одрекува ( не признава) , забранува ( не дозволува) , ретко (не често), 
 
 одвај (Скоро и не станува.),  спречи ( Не дозволи.), заборави (Не се сети...) и
др. 
 
 
-домашна:  стр. 72-74 :  1-8 

You might also like