You are on page 1of 2

Сложен глаголски прирок 

 Составен е од 2 прирока, од кои првиот е воведен, а вториот е врзан со  ДА -конструкција: 
 
Прирок +  ДА -  конструкција   (ДА +  прирок )  

Марија тргна да пешачи.

!!!  Воведниот прирок треба да биде само од следниве 3 вида глаголи:  фазен,  модален  и  III група. 


 

1. Сложен глаголски прирок со фазен глагол (фазен е оној глагол што покажува фаза, етапа од некое
дејство: почеток, продолжение и крај ) : 

 Прирок +  ДА -  конструкција  

Пр:  Германците почнаа да отстрелуваат. 


Германците почнаа да го отстрелуваат градот. 
Сандре престана да јаде. 
Земјата фатила да црвенее. 
Продолжи да оди на курс по готвење.  

2. Сложен глаголски прирок со модални глаголи ( може, мора, сака, смее и треба ) : 

  Прирок +  ДА -  конструкција   (ДА +  прирок )  

Пр: Само таа може да разбере. 


Мора да те потсетам за книгата. 
Сакам да те прашам нешто. Сакам да прашам нешто.
Смеам да те замолам нешто? 
Треба да почнеш да работиш. 
 
 

3. Сложен глаголски прирок со  III група глаголи  ( успее, настојува, се обидува, се труди, се мачи): 

  Прирок +  ДА -  конструкција   (ДА +  прирок )  

Пр:       Марко успеа да дојде навреме. 


Гого настојува да заврши факултет навреме. 
Роска се обидува да научи да вози автомобил. 
Иво се труди да изеде сẻ. 
Се мачеше да ја истера болката. 
 
 

!!!   Не значи дека ако реченицата е сложена и прирокот мора да биде сложен: 
 
Пр:  Таа стана, се изми, се облече, појадуваше, го испи кафето и замина на работа.   

(нема да-конструкција и не може да биде сложен глаголски прирок) 


Таа стана да се измие, се облече, појадуваше, го испи кафето и замина на работа.   
 
 
*домашна задача :  стр. 52,53 : вежба 1 и 2 

You might also like