You are on page 1of 2

Во рамките на секој тип од речениците што ги разгледуваме среќаваме

потврдни и одречни реченици(расказни,извични,желбени, заповедни,


прашални). Потврдувањето и одрекувањето се заеммно поврзани појави. Кога
одрекуваме? Кога не се извршило, не се врчи или нема да се изврши некое
дејство што требало да се изврши:

Негираме со:
1. честичките: не, ни и ниту;
2. одречните заменки, заменски придавки и прилози: никој, ништо, ничиј,
никаков, никаде, никогаш, никако;
3. со некои префикси: не- (непријател); без- (безмилосен); како и некои
префикси прифатени од туѓите јазици: а- (анемичен); де-
(деконцентрира).

Разликуваме неколку видови негација:


1. Во зависност од бројот на одречните зборови во реченицата се
разликуваат: еднократна и повеќекратна негација.
На пр.: Тој не ја напиша лектирата. (еднократна негација)
Повеќекратната негација се јавува во различни видови:
а) со повеќе реченични членови – Никој ништо не ми кажа.
а) двојна негација – Ништо не смее да направи без нејзина дозвола.
б) заемно поништување на негацијата – Не можеш да не кажеш. (значењето е
дека – мора да кажеш).
2. Во зависност од тоа дали го негираме прирокот или некој друг член од
реченицата: разликуваме: реченична (прирокот) и членска (друг член
од реченицата).
За македонскиот јазик е карактеристична реченичната негација зашто и кога
негираме некој друг член тоа го поврзуваме со прирокот – односно со целата
реченица.
На пр.: Не дојдоа на прославата.
На прославата ни тој ни неговите другари дојдоа.
3. Покрај негирањето како во претходните примери, може да се негира и со
зборови со вградена негација: заборави (не се сети), ретко (не е често),
спречи (не дозволи) итн.
Вежби:
Наспрема наведените потврдни реченици наведи ги одречните:
1. Јана и Ивана се сретнаа на договореното место.
2. Предлогот за посета на Крушево беше едногласно прифатен.
3. Гледај го соговорникот во очи.
4. Раскажи ми ја подробно вчерашната случка пред дискотеката.
5. Зар си зборувал со родителие за твојот успех?
6. Секогаш има пподготвен одговор за сѐ.
Како се нарекува негацијата во следниве реченици
1. Никогаш ништо лошо не сум направил, а постојано ми е лут.
2. Божем никој ништо не кажал за планот,а веќе наредниот ден се
шепотеше за него по ходниците на Министерството за
здравство.

You might also like