You are on page 1of 3

ЦАР САМУИЛ – САМУИЛОВА ДРЖАВА

Цар Самоил, основоположник на македонското средновековно царство


се родил околу 945 година во Охродската прстолнина во областа - Мокра.
Се истакнува како извинреден војсководец, воинствен човек кој не знае
да мирува, тиранин додека во житијата се бележи дека бил со снага
непобедлив и со моќ несовладлив.
Во 969 година заедно со своите браќ а учествува во востанието против
бугарската власт.

ВОЈСКА
Самуиловата војска во почетокот била составена од војници од
територијата на Македонија, а подоцна од војници од немакедонските
територии кој биле вклучени во рамките на царството. Воениот кадар на
кој главно се потпирал Самуил, го сочинувале луѓе со потекло од
Македонија. Од нив најбројни биле слободните селани, потоа војните
занаетчии и војници собрани од градовите. Војската се состоела од два
основни рода: коњаница и пешадијата како најбројна. Пешадијата покрај
специјално извежбаните војници ја сочинувале и машкото население кое
било способно да војува. Кога се водела одбранбена војна посебно место и
значење имала коњаницата. Главен командант на сета војска бил царот
Самуил, а по неговата смрт и неговите наследници Гаврил Радомир и Јован
Владислав. Според византиските извори, Самуил бил способен војсководач
кој успешно и се спротивставувал на византиската војска. Најголемиот дел
од војсководачите биле истовремено и управници на одделни македонски
области. Некои од византиските извори овие управници ги нарекувале
Филакс, каторхонт итн. Низ целото Самоилово Царство биле изградени
градови и тврдини, а за тоа соопштува и Јован Скилица кој истакнува дека
управителот Кракра на градот Перник кој носел титула Филакс на Василиј
1
II му се предал со други 35 архонти - управници на тврдини. Во овие
тврдини и градови биле сместени војските кои на повик на врховниот
командант влегувале во акција.

ОПРЕМА И ОРУЖЈЕ
Пешадијата била опремена со штит кој имал елипсовидна и тркалезна
форма и копје со знаменце и висулки. Таа била вооружена со мечеви и
лакови за фрлање на стрeли. Таа имала труби и знамиња. Коњаницата била
подобро опремена. Војниците биле облечени различно од зависност на
социјалниот статус и носеле селска облека до најбогата опрема. На главата
носелe шлемови, а поголемиот дел од телото им било покриено со железо.
Самуил со помош на своите војсководачи и синот Гаврило Радомир
успеал да собере голема војска и да изгрди борбена тактика со која можел
да води успешни војни против Византија. Стратегијата која ја создал
Самуил се сведувала на брз и изненаден напад врз Византија. Самуил и
неговите војсководци го пуштале противникот да мине низ тесните
долини, а на враќ ање во зседа го сочекувале и уништувале. Исто така бил и
усовршен системот на градење деми (прегради). Ваквата стратегија
овозможила македонската војска долго да и се спротиставува на Византија.

ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА САМУИЛ ЗА МОНАРХ

Во текот на 976 година за неполни шест месеци умреле браќ ата на


Самуил. Според Јован Скилица Давид бил убиен кај месноста Убави дабови
од страна на Власи Мојсеј загинал во битка со Византиците под sидовите на
градот Сер а Арон бил убиен затоа што сакал да ја приграби власта за себе
со помош на Византиците. Самуил покрај Арон ги ликвидирал и сите
членови на неговото семејство со исклучок на Иван Владислав кој бил
спасен од Гаврило Радомир. На тој начин Самуил станал единствен
владетел (монарх) на целата држава.

КРУНИСУВАЊЕ

По сите овие големи територијални освојувања кон крајот на X век од


Рим на Самоил му била дадена согласност за царска круна. Крунисувањето
за цар било извршено за свеченост во присуство на Преспанскиот патријарх
и преставниците на Папата Григориј и Силвестер, кон крајот на X и
почетокот на XI век во царската престолнина Преспа. Круната на
македонскиот цар била направена од злато и била украсена со скапоцени
камења и бисери. Македонската престолнина и патријаршкиот престол, од
Преспа биле преместени во Охрид.
По крунисувањето на Самоил за цар околу 1000 година, Македонското
царство прераснало во најмоќ на држава на Балканот, која била силен
противник на Византиското Царство. Во границите на Македонското
Царство влегувале: цела Македонија без Солун и Сер, Тесалија, цела
Албанија, Зета, Тавинија, Захумје, Босна, Србија, Срем и цела Бугарија.

2
БИТКАТА НА БЕЛАСИЦА

Битката на Беласица, позната и како Битка кај Клидион се случила на


29. јули 1014 година помеѓу војските на македонскиот цар Самоил и
византискиот цар Василиј II.
До 1014 година, византискиот император Василиј II секоја година
навлегувал во териториите на Самоиловото царство и напаѓал. Самуил
сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно
што веќ е бил притиснат од сите страни, решил да му го спречи влегувањето
со прецизно изградени ровови. Знаејќ и дека византискиот владетел
влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион, тој ги обградил и ги
затворил со кули.
Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самуил
храбро нападнале. При тоа Самуил решил да стави сè на коцка, и го
испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со
војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на
Византијците. Но, тука веќ е подготвен чекал војсководецот на Василиј,
Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица, Самоиловиот
војсководец.Вотанијат всушност, гонејќ и ги Самоиловите војници, стигнал
до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица, и ги изненадил
утврдените војници на Самоил од зад грб.
Самоиловите војници не очекувајќ и напад, се исплашиле и почнале да
бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќ е биле заробени.
Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение
на синот Гавраил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка
си на коњ и го одвел во Прилепската тврдина.
Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу
војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на царот
Самуил била целосно поразена. По битката, византискиот цар Василиј
Втори наредил да се ослепат околу 14.000 Самуилови војници, а на секој
стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите.
Така ослепените војници биле испратени кај царот Самуил. Од глетката
што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син
Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоела 38 години, од 976 година до
смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.

You might also like