You are on page 1of 1

Гордост и Предрасуди

Љубовен роман

Гордост и предрасуди е љубовен роман кој се случува во Англија на почетокот на 19 век. Се


работи за семејството Бенет, кое вклучува пет многу различни сестри: Џејн, Елизабет, Мери, Кити
и Лидија и нивната мајка Г-ѓа Бенет. Г-ѓа Бенет е опседната со тоа да ги омажи ќерките за богат
човек, зашто по смртта на Г. Бенет нивната куќа ќе му припадне на Г. Колинс, кој бил нивен
далечен роднина. На соседниот имот се доселуваат богатиот Г. Бингли со неговата сестра,
пријателот Фицвилијам Дарси, другата мажена сестра, г-ѓа Хрст и нејзиниот сопруг. На еден бал,
богатиот и ново пристигнат Чарлс Бингли веднаш се интересира за најстарата ќерка Бенет, убавата
и срамежлива Џејн. Додека, пак, Дарси одбива да танцува со Елизабет зашто мисли дека не е
доволно убава. Елизабет случајно го слуша ова и ѝ се чини дека г. Дарси е многу горд човек.

По балот, Џејн добива писмо од Г-цата Бингли во кое ја поканува на нивниот имот Недерфилд.
Притоа, Џејн се разболува и мора да остане неколку дена таму. Елизабет ѝ доаѓа во посета. Во
исто време, кај Бенетови доаѓа на посета г. Колинс, наследникот, којшто планира да се ожени за
една од сестрите. Тој ја запросува Елизабет, но таа го одбива; малку подоцна, тој се свршува со
пријателката на Елизабет, Шарлот Лукас. На големо изненадување на Џејн, Бингли оди
во Лондон и таа добива писмо од г-цата Бингли дека најверојатно нема да се вратат.
Елизабет оди на посета кај Шарлот, а Колинс ги носи кај Кетрин де Бург, нивната заштитница. Таму
го среќава Дарси, на кој малку време му треба да ѝ признае дека ја сака. Но Елизабет го одбива; го
обвинува за несреќата на сестра ѝ Џејн, велејќи дека тој го набедил Бингли да ја остави Џејн.
Малку подоцна, тој ѝ дава писмо во кое ѝ објаснува дека не е виновен за ништо.

Подоцна, Елизабет оди кај нејзините тетин и тетка, Гардинерови и заедно со нив оди во
Пемберли, имотот на Дарси, мислејќи дека тој не е таму и дека наредниот ден ќе дојде со сестра
му Џорџијана, но тој изненадно се појавува таму. Кога Дарси и Елизабет почнуваат да се
зближуваат, Елизабет добива писмо од Џејн во кое ѝ кажува дека сестра им Лидија побегнала со
Викам. Елизабет се враќа дома, а набрзо доаѓаат Викам и Лидија венчани. Лидија случајно издава
пред сестра ѝ дека Дарси ги нашол и бил присутен на нивното венчање. Откако Лидија и Викам си
заминуваат, кај Бенетови доаѓа Кетрин, барајќи од Елизабет да се откаже од љубовта што ја
чувствува кон Дарси, но Елизабет одбива. Леди де Бург оди кај Дарси и му открива дека Елизабет
го сака. Потоа и Бингли се враќа во Недерфилд и запросува Џејн, а Дарси ја запросува Елизабет. На
крајот се венчаваат.

You might also like