You are on page 1of 1

Лиса Гарднер освен што пишува фантастични мистерии е и царица за градење

на ликовите. Во „Пред таа да исчезне“ нè запознава со нов главен лик, Френки Елкин
– поранешна зависничка од алкохол, осаменица со тешко минато без свој вистински
дом, пријатели, семејство. Френки лута од град во град трагајќ и по исчезнати
личности кои полицијата не успеала да ги пронајде. Успеала да најде четиринаесет,
но ниеден од исчезнатите не бил жив.
Сега се обидува да ја најде Анжелик Бадо (по можност жива) –
шеснаесетгодишна средношколка која исчезнала од своето средно школо пред
единаесет месеци. Наскоро дознава дека нејзиното исчезнување е поврзано со
исчезнувањето на уште една девојка на истата возраст, сестра на дилер на дрога.
Додека копа по информации сфаќ а дека случајот е многу посложен и поопасен
отколку што претпоставувала и дека многу лесно таа може да биде следната жртва.
Нема шанси некому да не му се допадне книгата кога изобилува со толку
многу пресврти поради кои нема да можете да ја оставите додека не ја прочитате и
кога хероината е толку допадлива поради трагичната судбина.
Одлична книга за размрдување на вашите детективски мозочни ќ елии.
Сигурна сум дека Френки Елкин ќ е ви прирасне за срце исто како и мене.

You might also like