You are on page 1of 6

АКЦЕНТ: ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

1. Во граматичка смисла на зборот под АКЦЕНТ подразбираме:


деф.:
............................................................................................................................
............................................................................................................................
2. Гласовите во акцентираниот слог се ................... отколку гласовите надвор
од акецентираниот слог.
3. Збор-носител на акцент е: ...........................................................................
4. Збор што нема акцент e ............................. и се врзува со акцентогена
форма:
акцентогена форма
кај мајка ми
5. Зборот АКЦЕНТ (ACCENT) означува:
А) ........................................................
Б) ............................................................
В) .............................................................

6. Според начинот на акцентирање акцентот уште може да биде:


А) .............................................: го одликува силината на гласовниот удар врз
определен слог; од современие јазици таков е акцентот во македонскиот јазик,
но и во: рускиот, англискиот, германскиот
Б) ........................................: го одликува висината на изговорот на еден слог
во зборот; од современите јазици таков акцент имаат: италијанскиот,
словенечкиот, кинескиот, корејскиот
В) .....................................: акцентот го одликува должината на изговорот на
еден слог на зборот, на пр.: новогрчкиот
Г) .......................................: силина + висина + квантитет: српски, хрватски
Д) ....................: кога слоговите што претходат или следуваат по
акцентираниот слог имат различна должина
Ѓ) Неопределен: кога акцентот .................................. со конкретен слог

7. Според местото на акцентирање разликуваме два типа акцент:


А) ............................... – врши морфолошка функција
Б) ............................... – фиксиран на конкретен слог:
-на последниот слог .............................: француски
-на претпоследниот слог ..........................................: полски
-на третиот слог од крајот на зборот .........................................................
- на првиот слог ..............................................: фински, чешки
8. Акцентот во македонскиот јазик е акцентот на ............................... наречје
9. АКЦЕНТОТ го одликува:
А) ...............................: зголемување на јачината на издишната воздушна
струја т.е. зголемување на интензитетот на гласовниот удар (акцентираниот
слог го карактеризира зголемена сила на издишната воздушна струја со која се
изговара)
Б) ...............................: според местото, фиксиран е третиот слог од крајот на
зборот (секој збор, земен сам за себе, има точно определено место на
акцентот)
В) ............................: најдолг е акцентираниот слог, со средна долѓина е слогот
пред акцентираниот слог, а најкраток е слогот по акцентот

10. Акцентот се разгледува од два аспекта:


А) Како .......................акцент: во однос на неговото место на одделните
зборови и тогаш го определуваме слогот на кој паѓа

б) Како ....................акцент: во однос на неговото место во различните


зборовни споеви во рамките на реченицата (акцентски целости)

11. ПРАВИЛА ЗА АКЦЕНТИРАЊЕ


А) едносложните, двосложните и тросложните зборови по правило се изговараат со
акцент на ...................... слог
Б) повеќесложните зборови по правило се акцентираат на ............... слог, броејќи од
крајот
В) кај менливите зборови, кои својата форма ја менуваат со додавање наставки,
акцентот од форма на форма се поместува .............., за да падне на третиот слог од
крајот

5. 4. 3. 2. 1.
ра бот ник
ра бот ни ци
ра бот ни ци те

пр.:

-стандарден јазик:

з‘афати, заф‘ати го, зафат‘ете го

-источни говори:
заф'ати – сегашно време, зафат'и – минато време, з'афати – заповеден начин.
ОТСТАПУВАЊА ОД ТРЕТОСЛОЖНОТО АКЦЕНТИРАЊЕ

1. Исклучоци кај зборовите од домашно потекло:


А) акцентот паѓа на вториот слог од крајот на зборот
-............................... – форми изведени од глагол, исклучиво од несвршен вид
со наставката –јќи. Сите такви прилози во македонскиот јазик се акцентираат на
претпоследниот слог:
пр.: гледа’јќи, оде’јќи, уче’јќи
*забелешка: ист. контракција на два вокала: сак'аешти > сак'аеќи > сак'ајќи (ка+е = кај)

Б) конкретен тип ......................... добиени од форми на членувани именки, се


акцентираат на претпоследниот слог и по тоа се разликуваат од членуваните
именки, кои одат со акцент на третиот слог од крајот на зборот:
пр.: лето’во, зима’ва, година’ва, недела’ва
*забелешка: ист.: годин'а_ова > годин'а_ава > годин'ава (на +о/а = на)

Разликата ја откриваме според нивната различна служба во реченицата:


 Прилозите го определуваат глаголското дејство од аспект на
временската околност во која се врши

пр. Лето’во ќе одам во Струга на одмор (Кога?- Ова лето! прилог)


пр. Година’ва ќе одам на скијање. (Кога? – Оваа година!прилог)

 Именките се подмет во реченицата и го покажуваат вршителот на


дејството или носителот на состојбата во една активна реченица:

пр. Ле’тово беше многу топло. (Кој? – Летово! именка)


пр. Годи’нава беше успешна. (Кој? – Годинава! именка)

В) именки од .............................. што завршуваат на –ана::


пр.: апс’ана, топ’ана, тарап’ана
*забелешка: ист: апс'ахана > апс'аана > апс'ана (са + а = са)

.....................: минимални парови каде што акцентот врши смислоразликувачка


функција:

пр.: нед'елава – недел'ава, к'антата – кант'ата, п'ијано – пиј'ано итн.


АКЦЕНТОТ КАЈ СЛОЖЕНИТЕ ЗБОРОВИ

1. Сложените зборови се добиени од ........................:


- правопис, новогодишен, дрворед

2. Од аспект на местото на зборовите, за сложените зборови важат правилата


како и за простите – .......................................................................
НО:
А) кај некои сложени зборови акцентот паѓа на последниот или на
претпоследниот слог, поточно, на оној слог, на кој се акцентира и кога е тоа
самостоен збор - отстапувања заради избегнување на натегнатост:

пр. светлоси’в, жолтозе’лен


р'усокос, но: црвенок'ос
т‘емносин, но: темноз‘елен
п‘олуглас, но: полу'остров, полут'опка
северо‘исток, југо‘запад (страни на светот)

Б) сложените зборови кои се пишуваат со цртичка меѓу двата составни дела,


како последица на нивното нецелосно сраснување, се акцентираат со
................ – секој составен дел носи свој акцент!
пр: кли’ма-у’ред, ме’бел-што’ф, ко’ка-ко’ла, ре’мек-де’ло, ви’зит-ка’рта

АКЦЕНТОТ КАЈ ЗБОРОВИТЕ ОД ТУЃО ПОТЕКЛО

1. Најголем дел од овие зборови се акцентираат на ...................... или на


.............................. слог од зборот
2. Има и такви кои се акцентски сосема адаптирани и се акцентираат
.......................................
3. Тоа што е недозволено е ...................... акцентирање – но токму тука денес
најчесто се греши:
пр. поли’тиката, демокра’тијата, по’стапката

4. Зборовите од туѓо потекло се делат во 3 групи:


А) ........................... – зборови со акцент на третиот или на вториот слог од
крајот
на зборот: пол’итика, к’ино, т’орзо, т’абу, н’ервира
Б) ................................, со оригинален акцент – зборови со акцент на првиот
слог
од крајот: плат’о, деп’о, телеф’он, велосип’ед
В) ............................................................................, нормата не ја следи
промената: a’втобу’с, ба’на’лен, е’кра’н, ба’ро’к, нив’о, р’ел’и, кл’иш’е
5. ВАРИЈАТНОСТ НА АКЦЕНТОТ КАЈ ЗБОРОВИТЕ ОД ТУЃО ПОТЕКЛО

А) АКЦЕНТ НА ТРЕТИОТ СЛОГ ОД КРАЈОТ:

................. со акцент на третиот слог од крајот


 -ија: гимна’зија, коми’сија
 -ика: грама’тика, поли’тика
 -иум: ка’лиум, коло’квиум
 -ичар: исто’ричар, поли’тичар

................ со акцент на третиот слог од крајот


 -ичен: мело’дичен, ене’ргичен
 -ивен: а’ктивен, па’сивен,
 -илен: мо’билен, ла’билен,
 -ектен: ди’ректен, ко’ректен
 -урен: ку’лтурен, а’зурен

Б) АКЦЕНТ НА ВТОРИОТ СЛОГ ОД КРАЈОТ:

.............. со акцент на вториот слог од крајот


 литерату’ра, операти’вец, генија’лец, органи’зам, сарка’зам,

.............. со акцент на вториот слог од крајот


 генија’лен, гала’нтен, имане’нтен, организи’ран, грандио’зен

............... со акцент на вториот слог од крајот


 стабилизи’ра, организи’ра, ирити’ра, модели’ра, нерви’ра

В) АКЦЕНТ НА ПОСЛЕДНИОТ СЛОГ ОД КРАЈОТ НА ЗБОРОТ:

ИМЕНКИ ОД ФРАНЦУСКО ПОТЕКЛО НА: -е, -и, -у, -и

– на вокал: куп'е, сепар'е, лаваб'о, рокок'о, депо’, рандев'у; интервју’, жири’

- На консонант:

– на -он: електр'он, куп'он;


– на -ин: никот'ин, проте'ин
– на -ар: формул'ар, хонор'ар
– на -ер: амат'ер, диспанз'ер
– на -ат: уник'ат, адвок'ат
– на -ал: материј'ал, иде'ал
– на -итет: суверенит'ет, имунит'ет
– на -ист: лингв'ист, ватерпол'ист
– на -ант: практик'ант, дебит'ант
– на -олог: филол'ог, психол'ог и др.

6. ГРЕШЕЊЕ ПРИ АКЦЕНТИРАЊЕТО

- акцент на првиот слог: ов'ој, он'ој,


- акцент на вториот слог: одгов'орност, зад'ача, иск'уство, согл'асност,
понед'елник, ов'аа,
- акцент на четвртиот слог, “политички акцент”: организ'ацијата, 'учеството,
'изборите, пр'ашањето.

- акцент на петтиот слог: з'аедницата, 'интересите, пр'еговорите

- секундарен акцент: д'ефини#т'ивно, п'ерсо#н'ални, п'ози#т'ивни,


д'емо#кр'атски итн. (јазици кои разликуваат примарен и секундарен акцент –
англиски, пр.: an’ecd’otal, pr’ovid’ential)

You might also like