You are on page 1of 1

(Не)Издржливиот мост

Кон книгата на Дарија Јовановска “Мост”, Феникс, Скопје, 2023

Со својата нова, а и прва поетска книга, Јовановкса нѐ носи на мост на кој што можеме
да се извикаме и целата таа болка од љубовта да си ја истуриме во водата која тече низ тој
мост.
Без употреба на многу стилски фигури, Дарија не втурнува во една книга на болката
создадена од љубовта. Ја имаме пред нас сликата на една голем мост, кој со текот на
времето се кине и ослабува од употребата на останатите. Така и Дарија ни го изкажува
целиот тој бес кој го собирала и го ослободила со пишување на овие стихови... Трите точки
на скоро секоја песна се производ од недоволно искажување. Точно, таа ни го искажува
бесот со тоа што ја користи шемата на приморан крај или крај кои ние треба да го
откриеме. Читателот е тој кој што му ја дава смислата на делото, а не авторот. Тој е тука
само да го даде значењето, и после тоа го снемува откако читателот ќе ја земе книгата во
својата рака. Така е и тука. Јовановска ни го дава целиот тој бес кој е предизвикан од
страна на некој одреден човек, но не ни ја дава смислата. Таа ние ја откриваме. Стиховите
се тешки. Болката преовладува во нив. Но и изгубеното чуство за љубов. “Нешто во мене
ко да замре.../ Нешто во мене оѕунува уште погласно.../ Нешто во мене никогаш нема
да е исто!.../ Станав безначајна.../ Станав прашинка,..”
Мостот е љубовната фраза која ја поминуваме низ животот. Дарија во песната “Мост” ја
опишува цела таа болка кој некој ѝ ја нанел. Враќање на самотијата, уморувањето за
пронаоѓањето... понекогаш се запрашуваме дали ликот воопшто ја има најдено љубовта за
која пишува или таа личност е само една фикција која со тек на времето испарува од
памтењето. Дали таа е некој вид интертекстуалност, текст кој е прочитан од некоја друга
песна и инспирирана за цела стихозбирка, но не е. Таа личност е вистинска. Вистински го
срушила мостот по кој Јовановкса сигурно газела.
Ќе изградам мост.
За да те премостам.
За да продолжам.
Да се ослободам од товарот,
и од местото од кое
не можам да избегнам...
Во неколку стихови можеме да ја видиме целата борба на пребродувањето. На тгнување на
теретото од самата себе, кој, за жал, не успева. Дарија става крај на својот текст со песната
“Која сум?”, во која се опишува самата себе. Ја опишува ситуацијата на пребродувањето,
на она што сакала да биде, но нешто ја спречило. И завршетокот кој гласи “Некогаш, некој
друг,/ појасно ќе зборува.../, самата ја завтора старата рана и очекува тоа да не ѝ прави
проблем со идното само-запознавање. Ставање крај на една ера од нејзиниот живот, и
почеток на друг дел од животот, кој ќе е поуспешен.

You might also like