You are on page 1of 4

МАТЕРИЈАЛ ЗА ТЕМАТСКИ ТЕСТ бр.

1
1. СТИЛИСТИКА е наука за стилот на говорење и пишување, односно за начинот
на изразување на мислите, чувствата и впечатоците. Тоа е дел од науката за
јазикот што ги проучува можностите за изразување што ги дава јазикот и начинот
на кој избираме од тие средства за да се изразиме во одредена ситуација.
2. ФУНКЦИОНАЛЕН СТИЛ е начин на употреба на јазикот во определени услови
на јазично општење. Функционалните стилови ги употребуваме во зависност од
тоа каде, со кого и за што зборуваме или пишуваме. На пример, различен стил на
зборување ќе употребиме при комуникација со пријателите, со наставниците и
претпоставените, со некој кој има повисоко или пониско образование, итн.
Различно ќе се изразиме при пишуваме есеј, научен труд, писмо, молба или некој
друг пишан текст. Секој човек, во различни ситуации и заради различни потреби
употребува различни функционални стилови.
Од повеќето видови функционални стилови кои ги користиме во секојдневието, се
издвојуваат:
1. Разговорен стил
2.Уметничколитературен
3.Административен стил
4.Научен стил
5. Публицистички стил

Факторите од кои зависи каков стил ќе употребиме може да бидат субјективни и


објективни.
Стилот зависи од индивидуалните особини на соговорниците, што е субјективен
фактор, бидејќи е важно какво образование имаат, каков карактер и темперамент,
какво е нивното расположение во моментот, нивната вораст, условите во кои го
водат разговорот, целта на разговорот, темата на разговорот, итн.
Под објективни фактори, пак, за употреба на различни функционални стилови
може да ги вброиме: видот на комуникацијата (јавна, службена, официјална или
лична); усна или писмена како и областа за која се води комуникацијата.

ФУНКЦИОНАЛНИ СТИЛОВИ

1. РАЗГОВОРЕН СТИЛ се применува во неофицијалната комуникација, односно во


секојдневните разговори меѓу луѓето, најчесто со луѓе кои ни се познати и блиски.

Карактеристики:
 не се употребува стандарден јазик
 Најчесто се употребува во усна форма, но може да се употреби и во писмена
форма (на социјалните мрежи)
 Елизија (испуштање) на гласови: Ај до`и вечер, мо`eш?
 Економичност на изразот (кратки или непотполни реченици, понекогаш сведени на
еден збор): Добар? ОК, ка`o увек...
 Еден збор може да замени неколу зборови во реченицата: Матурска на 17 мај
 Во говорот ги изоставуваме сите непотребни делови, а ги надополнуваме со израз
на лицето и гестикулација и интонација
 Употреба на неутрални зборови од секојдневниот живот: мерак, ич, сабајле, утнав
работа, секад, некад...
 Употреба на форми за обраќање: бате, брат, друже, шефе, мајсторе, чиче и др.
 Употреба на сврзници од српскиот јазик: али (но, ама), пошто (бидејќи), чим
(штом),
него (туку, ами) и др.
 Употреба на зборови, искази и реченици со кои се изразува симпатија,
антипатија,надмоќ, потценување, покорност и др.
 Употреба на кратенки: OMG,BFF, НЗМ и др.

2. УМЕТНИЧКОЛИТЕРАТУРНИОТ СТИЛ е збир од начини за убаво изразување и


сликовите претставување на нештата околу нас или на она што го глрдаме или
замислуваме. Се однесува на уметноста, односно на сферата на естетското
комуницирање меѓу луѓето.

Карактеристики:

 употреба на литературен јазик


 авторска слобода во изборот, поврзувањето и комбинирањето на јазичните
средства (зборови, реченици)
 експресивност, сликовитост и изразност
 употреба на стилски фигури
 употреба на фразеологизми, дијалектизми, архаизми, историзми, неологизми
 заради поверодостојно прикажување на ликовите и ситуациите, понекогаш се
употребуваат и вулгаризми итн.

*фразеологизми – готови изрази кои се употребуваат во усното и писменото изразување


со преносно значење: мед и млеко, стави му крст, му падна секирата во мед

*дијалектизми – зборови што се употребуваат во дијалектите

*неологизми – нови зборови

*архаизми – стара лексика

3. АДМИНИСТРАТИВЕН СТИЛ се употребува при официјално-деловното


комуницирање меѓу државите, институциите во една држава, во рамките на
институциите и меѓу граѓаните и државата (институциите). И тука се разликуваат три
потстила:

Карактеристики:
 употреба на стандарден јазик
 нема чувства, емоции и лично мислење
 доминација на правна, законодавно-правна и дипломатска терминологија
 специфични формати на изразување: молба, жалба, барање, уверение, решение,
договор и др.
 прецизност и еднозначност во изразувањето (нема двосмисленост!)

Се дели на следниве потстилови:


 личен (персонален) потстил – комуникација меѓу граѓаните и меѓу граѓаните и
државата (молба, жалба, барање, уверение, полномошно, долупотпишаниот,
горенаведениот итн.).

 деловен потстил – однос меѓу институциите и меѓу институциите и државата (се


употребува во канцелариите, за деловно комуницирање меѓу два субјекта). Се
употребува специфична терминологија (договор, меморандум...)
 законодавно-правен потстил – во Уставот и во законите со кои се уредуваат
односите во државата. Во овој стил се применува специфична терминологија
(закон, член, точка, алинеја, Преамбула, параграф, договорна страна, обвинет,
бранител, пресуда и др.)

 општествено-политички потстил – се врзува со политичкото уредување на


државата и партискиот живот во државата, особено доаѓа за израз за време на
изборите. Се употребува специфична лексика (партиска програма, позиција,
опозиција, митинг, објава, партиски став, партиски рејтинг, предизборен молк и др.)

 дипломатски потстил – се употребува во меѓудржавното комуницирање, преку


договори, спогодби, ултиматуми, ноти, декларации итн. Специфични термини за
овој стил се: акредитив, коминике, гест на добра волја, тркалезна маса, демарш,
нота, протокол, меморандум, ултиматум итн.

4. НАУЧНИОТ СТИЛ е функционален стил што се употребува за научниците да ги


споделат со другите луѓе (неспецијалисти и специјалисти во одредена област)
сознанијата до кои дошле, резултатите од своите истражувања и набљудувања. Тој ги
покрива областите на науката и техниката, образованието и просветувањето.

Карактеристики:

 Употреба на стандарден јазик


 Усна и писмена употреба
 Точни и проверени факти и податоци
 постапност, логичност и прецизност
 Употреба на терминолошка лексика соодветна за областа
 Употреба на табели, графикони, равенки, формули, статистички податоци
 Богат илустративен материјал (слики, фотографии, изводи од архивски
материјали)

Во научниот стил разликуваме три потстила:

 Строго научен потстил – се употребува во текстови што ги пишуваат


специјалисти наменети за специјалисти од истата област и се карактеризира со
масовна употреба на термини.
Овој стил се карактеризира со информативност, прецизност, логичност и се
користи при пишување монографии, докторски дисертации, реферати, статии и
воопшто секаква стручна литература.
 Научно – популарен потстил – се употребува од специјалисти за
неспецијалисти. Овој стил е поедноставен, а термините се преведуваат или
објаснуваат. Се користи во книги, статии (списанија), предавања и сл.
 Научно – учебнички стил – се употребува за неспецијалисти кои треба да
добијат извесни знаења и да станат специјалисти од соодветната област.
Обемот на материјалот е строго ограничен со програмата на наставниот
предмет, а начинот на излагањето треба да биде во согласност со возраста и
претходните знаења на тие што го користат учебникот. Овој стил се користи во
учебници, учебни помагала, статии, прирачници и сл.

5. ПУБЛИЦИСТИЧКИ СТИЛ е оној стил што ги покрива сите области од општествено –


политичкиот живот: политика, економија, наука, образование, култура, спорт,
секојдневен живот (она што го има во весник и на вести).

Овој стил го употребуваат новинарите во весниците, списанијата, на радио и


телевизија, на интернет-порталите и др.
Овој стил има две функции: информативна (да се пренесе информација) и
поттикнувачка (да се поттине читателт/ слушателот/гледачот да размисли, да развие
свој став, да се поттикне реакција, симпатија, но и омраза (говор на омраза)) . Со овие
функции се создава јавното мислење во едно општество. Тука е важна брзината на
информацијата, но и привлекување на вниманието, најчесто преку насловите и најавите.

Карактеристики:
 Употреба на стандарден јазик, освен во емисии или списанија со забавен карактер
 Има писмена и усна форма
 Употреба на точни и проверени факти
 стилот стегнат, со кратки и јасни реченици во кои треба да доминираат вистинити
факти и информации
 богат илустративен материјал (слики, фотографии, изводи од архивски
материјали)

Може да се подели на два потстила:

1. Новинарски потстил (репортажи, коментари, интервјуа, прикази и сл.) – со кој


се пренесуваат информации преку средствата за јавно информирање)
2. Монографско-публицистички потстил (фељтон и монографија) - со кој се
пишуваат книги за истакнати личности и настани важни за историјата на еден народ
(монографии) и кратки текстови со секојдневна тематика: научно-популарна,
општествено-политичка или забавна, кои обично се печатат како додаток во дневните и
во неделните весници, понекогаш во продолженија (фељтон).

You might also like