You are on page 1of 4

СКРАТЕНИЦИ И СКРАТУВАЊЕ НА ЗБОРОВИТЕ

1. Скратеници се добиваат со скратување на одделни зборови или со спојување на


почетните букви или групи букви од зборови што влегуваат во состав на сложени
имиња.

а) Зборовите се скратуваат со тоа што се пишуваат само почетните букви наместо


целиот збор:

в. – век

в.д. – вршител на должност

г. – господин

г. или год. – година

ж.р. – женски род (во граматиката)

м.р. – машки род

н.е. – нова, наша ера

т.е. – то ест

т.н. – таканаречениот

б) Вака се скратуваат и некои латински зборови што се употребуваат во нашиот јазик:

m. – masculinum (машки род)

f. – femininum (женски род)

n. – neutrum (среден род)

p.s. или P.S. – post scriptum (по напишаното, по писмото)

в) Вообичено е некои скратеници да се пишуваат со големи букви:

В.П. – воена пошта

М.П. – место за печат

2. Скратеници се добиваат и со скратување на зборовите до првата самогласка во


зборот:

бр. – број
и др. – и друго

и сл. – и слично

на пр. – на пример

ср.р. – среден род ( во граматиката)

стр. – страница

чл. – член

Изразот и така натаму се скратува како итн.

3. а) Скратеници се добиваат и со скратување на зборовите до првиот слог, односно до


самогласката на вториот слог:

арх. – архитект

гимн. – гимназија

ден. – денари

едн. – еднина (во граматиката)

ул. – улица

инж. – инженер

проф. – професор

мат. – математика

физ. – физика

хем. – хемија

б) Некои скратеници се добиваат со скратување на зборовите до вториот слог, односно


до самогласката на третиот слог:

геогр. – географија

истор. – историја

литер. – литература

поет. – поетски

4. а) За мерките на метричкиот систем и за други мерки и големини се употребуваат


следниве скратеници:
м – метар

мм – милиметар

см – сантиметар

дм – дециметар

км – километар

кг – килограм

мг – милиграм

г – грам

т – тон

хл – хектолитар

л – литар

б) За претходните зборови во науката се употребуваат и меѓународни скратеници:

m – метар

mm – милиметар

cm – сантиметар

km – километар

kg – килограм

l – литар...

5. а) Со поврзување на првата и последната буква или последниот слог се добиени


скратениците:

д-р – доктор

г-ѓа – госпоѓа

г-ца – госпоѓица

б) Со пишување на почетните согласки и една или повеќе согласки од редината на


зборот се добиени скратениците:

стсл. – старословенски

Бгд – Белград
Згб – Загреб

6. Посебен тип се скратениците што се добиваат кога почетните букви (слогови) или
повеќе букви (слогови) на зборовите што влегуваат со состав на сложени изрази
(имиња) ќе се здружат во една целина:.

а) Кога ќе се земат само почетните букви на зборовите што влегуваат во состав на


сложени имиња, се добиваат скратеници од следниов тип:

АСНОМ – Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија

МЖ – Македонски железници

НОБ – Народноослободителна борба

ООН – Организација на обединетите нации

САД – Соединети Американски Држави

СССР - Сојуз на Советските Социјалистички Републики

СФРЈ – Социјалистичка Федератина Република Југославија

б) Кога ќе се земат почетните слогови или други делови од зборовите што влегуваат во
состав на сложениот израз, се добиваат вакви скратеници:

Трансшпед – Транспорт и шпедиција (претпријатие)

фискултура – физичка култура

в) Скратениците од туѓи јазици по правило ги предаваме со наше писмо: УНЕСКО,


ФИФА, УНИЦЕФ

You might also like