You are on page 1of 14

ТЕОРИИ ЗА МЕНАЏМЕНТОТ

2.1 Класични теории на менаџментот (1880- 1930)


Појавата на класичната школа на менаџментот е некаде крајот
на 19-от и почетокот на 20-от век. Системот на фабрики почнал да се
појавува од 1800-та година и поставил пред менаџментот предизвици
со кои претходните организации не се соочувале. Се појавувале
проблеми во врска со организирањето на менаџерската структура и
воопшто структурата на организацијата, тренирање на вработените
поделба на комплексните производствени операции, како и
справување со нараснатите незадоволства на вработените кои
резултирале со штрајкови. Во одговор на таквите нови проблеми со
кои се соочувал менаџментот во индустријализираната Америка,
менаџерите тестирале и развивале нови солуции за развојните
предизвици. Со тоа започнува еволуцијата на современиот менаџмент
што во литературата многу често се сретнува под наслов класичен
пристап, класична перспектива или класична школа.
Од таквиот пристап произлегуваат првите значајни,
концентрирани напори за изградба на скелетот и суштината на
менаџмент мислата и менаџмент теоријата. Класичниот пристап им
препорачува на менаџерите континуиран напор за зголемување на
ефикасноста на организацијата, со што ќе се подигне и
продуктивноста. Тоа се постигнува со континуирано практично
набљудување, анализа и експеримент.
Работата треба да се анализира, да се подели на составни
делови и да се пронајде “еден најдобар пат” за нејзино
извршување. Во состав на класичниот пристап постојат повеќе
подобласти кои имаат различни детализирања, а ја задржуваат
основата на класичниот пристап. И во таквите поделби постојат
разлики помеѓу одделните автори кои го изучуваат менаџментот.
Најзначајни претставници на научниот менаџмент се: Frederik
Tejlor, Henri Fayol, Emerson, Henri Gant, Henri Ford, Макс Вебер,
Perkinson и др.
Фредерик Тејлор - се залагал за строго одвојување на
планските-подготвителни работи од извршувањето. Укажува на
потребата од одбирање на соодветни работници за соодветни
работни места и обучување на работниците за извршување на
работата. Тејлор укажува на потребата од проучување и студија на
работата, определување на норми за работа и за наградувањето како
услов за интензивирање на трудот. Тргнувал од ставот дека
работниците по природа се мрзеливи и неработни.
Тој го проучувал раководењето и се залагал за хармонични
односи меѓу раководителите и работниците. За него централна
личност бил раководителот, односно шефот кој што бил одговорен за
целокупното работење. Тој ги дефинирал основните принципи на
научниот менаџмнент. Карактеристично негово прочување на научен
пристап е проучувањето на големината на лопатата како услов за
ефикасноста на работникот.
Henri Fayol е инженер кој низ својот работен век ги поминал сите
хиерархиски скали во областа на рударството. Се смета за еден од
основачите на класичната теорија на менаџментот. Тој менаџментот
го поимал како проицес кој е составен од повеќе функции (Функција е
збир на повеќе сродни задачи од одредена област) како техничка,
комерцијална, финансиска, сигурносно-безбедносна, сметководствена
и административна. Административната функција ја смета како
сврзувач на сите претходни функции. Fayol го заокружува
менаџментот како процес кој се состои од пет функции и тоа:
планирање и предвидување, организирање, командување,
координирање, контролирање. Три од овие ункции се сретнуваат кај
сите теоретичари на менаџментот. (планирање, организирање и
контролирање). Додека останатите две функции односно
командувањето најчесто се заменува со мотивирање, а од планирање
и предвидување исклучено е предвидувањето.
Fayol ги проучува и потребните знаења на раководниот кадар во
зависност од нивото и од хиерархија на кое се наоѓат тие во
организацијата. При тоа ја промовира административната доктрина и
14 принципи на менаџментот.
Следен поборник на класичната теорија на менаџментот е Макс
Вебер кој го развил концептот на т.н. “бирократски организации”.
Со овој концепт тој ги означува организациите во кои
вработените во голема мера биле лојални на поединецот кој ја
имал управувачката функција, при тоа занемарувајќи ја
организацијата и нејзината мисија. Клучни принципи-
карактеристики на бирократската организација се:
 Хиерархија. На основа на јасна поделба на работата и со
соодветни надлежности се развиваат односите на подреденост и
надреденост.
 Правила и процедури. Однесувањето на секој поединец е
предвидено во детали и со прописи е утврдено како обврзно.
Ова овозможува да се развие дисциплина во однесувањето.
 Власта е сврзана со положбата, а не за поединецот како
личност. Колку едно работно место има поголема власт толкава
власт ќе ужива и лицето на тоа работно место без разлика на
личните квалитети.
 Структура. Во бирокртатските организации формалната
структура е суштенствена. Се е подредено на неа.
Емерсон особено внимание му посветува на раководењето.
Неговата особена заслуга е изработка на посебен систем на
раководење. Според него постојат два вида на раководители:
линиски и штабни. Линиските раководители се на
хиерархиската линија од директор до работниците, додека
штабните раководители му помагаат на директорот по
одделни прашања: технички, кадровски, финансиски итн.
Емерсон е креатор на принципот на ефикасност.
Henri Gant бил близок соработник на Тејлор кој ја истражувал
продуктивноста во една продавница. Негов голем придонес кон
науката за менаџмент е графичкото прикажување на односите
помеѓу планираната работа и завршената работа на едната
оска на графиконот (квадрантот) и поминатото време на
другата оска од квадрантот (графикон познат како Gantограм).
Henri Gant сметал дека на овој начин менаџерите можат да ја
подобрат својата работа и да ја зголемат продуктивноста на фирмата.
Пример на Гантограм...
Henri Ford го воведе масовниот – линиски тип на
производство, односно производството на лента. Го подржувал
воведувањето на технологијата во производството како начин на
интензивирање на човечкиот труд. Според него, работниците кога се
на лента неможат да ги избегнуваат работните обврски.
Перкинсон го објаснува феноменот на зголемување на
организациите, односно нивно превработување. Според него кога
еден службеник е навистина или фиктивно преоптоварен со работата
има три можности:
- да поднесе оставка
- да даде предлог да се растовари со тоа што ќе се
прими нов работник и дел од задолженијата ќе му се
дадат на неговиот нов колега.
- да побара да се зголеми бројот на вработените со
тоа што ќе се примат два нови службеници-
работници, па тој ќе стане нивни шеф.
Според Перкинсон првите две можности се неприфатливи за
работникот и највероватна логична солуција е третата. Ова тврдење е
наречено Перкинсонов закон. Врз основа на овој закон се зголемува
бројот на вработени во организацијата и расте хиерархиската
пирамида.
Поборниците на класичната школа на менаџментот утврдиле
дека продуктивноста на трудот покрај- залагањето на работниците
зависи и од други фактори, меѓу кои централно место му припишуваат
на управувањето и научната организација на трудот. Како најзначаен
придонес кој и се припишува на оваа теорија на менаџмент може да се
наведе:
 Развивање на стандардни методи за извршување на секоја
работа;
 Зголемување на продуктивноста на трудот;
 Тренирање на работниците по стандардни методи;
 Обезбедување на плати според учинокот кои стимулираат;
 Организацијата на работа се базира на студија на задачите и
активностите.
Како негативни критики на теоријата за научен менаџмент или
класичната теорија и се припишуваат најчесто дека:
 Не се почитува социјалниот контекст на работата и
повисоките потреби на вработените;
 Не се признаваат варијантите-разликите помеѓу индивидуите;
 Работниците се гледаат само како прости извршители без да
се прифаќаат било какви нивни идеи и предлози.
Генерално голема забелешка на овој пристап е дека не
води доволно грижа за човечките ресурси и човечките односи.

2.2 Бихевиористички теории на менаџментот (1920- до денес)


Бихевиористичката школа е правец во развојот на
менаџментот во кој се предлагаат ефективни начини за
раководење на луѓето во организацијата. Почетоците на
бихевиористичките сфаќања во менаџментот се среќаваат уште на
крајот на 19-от век. Застапниците на оваа теорија главен акцент
ставаат на однесувањето на луѓето и хуманизмот во организацијата.
Позначајни претставници на бихејвиористичките теории на
менаџментот можеме да ги издвоиме Mary Parrker Folet која ја
нагласува важноста на луѓето пред техниката и Честер Барнард со
неговите ставови за неформалните односи на луѓето во
организациите, неформалните групи и теоријата за прифаќање на
авторитет.
Голем дел од трудовите од овој правец се критика на
класичната менаџмент школа и на сваќањата дека луѓето се
само еден од факторите на производството, само еден инпут
и се обичен додаток на машините.
Претставниците на овој правец ја потенцираат улогата
на луѓето, нивните ставови, нивното однесување, нивните
потреби и факторите кои ги мотивираат.
Елтон Мајо е основоположник на школата за човечките односи
или хуманистичката школа. Тој активно учествува во истражувањата
во Hawthorn експериментите кои укажале на тоа дека добрите
меѓучовечки односи и задоволството да се припаѓа на групата
влијаат повеќе врз продуктивноста, отколку воведувањето на
електричната енергија што било предмет на испитување.
Заклучокот од низата експерименти кои биле направени во Hawthorn
бил дека човечкиот фактор во организацијата има значително
влијание врз продуктивноста. Се сметало дека факторот кој
најдобро го објаснува порастот на аутпутот се “човечките односи”.
Односно дека вработените започнале да го зголемуваат
производството кога менаџерите обезбедиле позитивен
третман кон нив. “Основна претпоставка на школата на човечки
односи била дека целта на менаџментот треба да биде да ги снабди
работниците со задоволство од работата. Се верувало дека
партиципацијата на вработениот треба да обезбеди да се произведе
задоволство од работата и да се унапреди моралот на вработениот.
Претпоставката зад ова верување била дека поголемото задоволство
од работата би резултирало во поголема продуктивност. Ваквите
откритија биле публикувани и започнала револуција во третманот на
работниците во интерес на унапредување на продуктивноста.
Покрај Мајо, најзначајни претставници на приодот на
бихевиористичката теорија се Абрахам Маслов и Даглас Мек
Грегор. Тие продолжуваат да ја развиваат школата на човечки
односи преку воведување на две нови димензии:
1. Човекот е сложено општествено и психолошко суштество со
различни потреби, вкусови, желби, со различен темперамент и
карактер така што огромен е бројот на факторите кои го
определуваат неговото однесување. Луѓето сакаат повеќе од
моментално задоволство и награда;
2. Методите на научните истражувања ги примениле во
проучувањето на однесувањето на луѓето во организациите
како засебни целини.
Абрахам Маслов ќе го изучуваме во темата за мотивација, а во
оваа тема ќе ја споменеме само суштината на неговата теорија на
хиерархија на потребите, според која работниците имаат различни
потреби во различно време и во различен стадиум од нивниот развој и
развој на организацијата. Успешноста на работата многу зависи од
способноста на менаџментот да ги согледа тие потреби соодветно и
во соодветно време кај работниците и да постапи соодветно.
Даглас Мек Грегор е творец на т.н. теорија »С«. Теоријата
»С« вели дека луѓето по природа се мрзливи, дека не сакаат да
работат, а ако веќе се приморани тогаш се трудат да работат
колку може помалку. Затоа се потребни: надзор, контрола и
средства за принуда, па и казни.
Повикувајќи се на бројни случаи каде однесувањето на луѓето не
е неработно и безволно, како и на соодветни истражувања и
проучувања, ги формирал претпоставките на теоријата »У«. За оваа
теорија работата може да биде извор на задоволство на човекот.
Тогаш човекот прифаќа и одговорност и ги развива своите работни и
креативни способности. Теоријата »У« се залага за разновидно и
комплетно гледање на човековата личност и на нејзините развојни
можности. Но, треба во таа насока да се развие и соодветен концепт
за раководење, па сето тоа да се искористи.
Крис Аргирис ги проучувал однесувањата на човекот во животот
и во работата укажувајки на разновидни ограничувања и
подредености. Тие влијаат врз однесувањето на човекот во
организацијата. Неопходно е да се проучуваат тие однесувања и да се
спречат фрустрациите кои можат да се јават кај луѓето, а со тоа да се
намали работата.
Ренсис Ликерт го проучувал прашањето на однесување на
луѓето во групи, т.н. командни групи. Еден раководител е член на
група А од повисоко ниво, но и раководител на група Б на пониско
ниво. Надзорникот пак кој е член во групата Б е раководител во
групата В. Раководството треба да знае да прави баланс меѓу
двете улоги.
Д А

Р Р Р Б

Н Н Н Н Н Н Н Н Н
В

и и и

Слика 1 Комбинирани командни групи


2.3 Современи теории во менаџмент (од 1950- до денес)
Од 1950 година па до ден денешен науката за менаџмент
поинтензивно се развива преку користење на придобивките и
позитивните белези на претхотните правци преку развивање на нови
перспективи во нејзини рамки. Како најзначајни современи тенденции
на менаџментот се среќаваат:
 Системски пристап во менаџментот;
 Ситуациски пристап во менаџментот;
 Стратегиски менаџмент.
Системскиот менаџмент е пристап кој се базира на теоријата
на системите, а главен негов претставник е Лудвиг Вон Берталанф.
Главната премиса на системската теорија е да се разбере
функционирањето на ентитетот како една поврзана целина, односно
дека ентитетот мора да се набљудува како систем. Тој се однесува на
организациите кои се уредени и делуваат како системи составени од
повеќе подсистеми. Секој дел од целината или секој подсистем е
разгледуван индивидуално како посебен елемент, а неговиот однос
или придонес кон следното ниво во хиерархиската структура е
програмиран и мерен, но секогаш тој е насочен кон целината.
Системскиот менаџмент во суштина е насочен кон остварување на
поставените цели, оптимализација на вкупниот систем, јакнење на
одговорноста на менаџерите и давање на задачи на луѓето со кои тие
треба да се идентификуваат со резултатите.
Во системскиот менаџмент, како влезни големини се земаат:
луѓето, суровините, средствата, методите за работа, финансиите,
пазарите и информациите. Процесот на трансформација го
сочинуваат функциите на менаџментот: планирање, организирање,
координирање, мотивирање и контрола. Излезни големини се
создадената подобра состојба во околината и благосостојбата на
човекот. Повратната спрега или информациите, преку функциите на
менаџментот овозможува корегирање на влезните големини.
За системскиот менаџмент карактеристично е и тоа што, тој е
насочен кон целината или кон организациите, оди кон
самостабилизирање и е отворен за влијание од страна на неговата
околина, а влијае и врз сопствената средина. Тоа значи почитување
на пет технолошки компоненти кои имаат интерактивно дејство, и тоа:

- системско размислување: да се разбере суштината на


системот со размислување за целината, а не само со
индивидуалните делови;

- лична контрола: вложување на постојани напори да се развие


визија, да се концентрира енергијата и да се развијат лични
карактеристики за да може да се согледа реалноста;

- интелектуални модели: создавање способност за формирање


на слика за светот во кој човекот мора да се соочи со разни
активности;

- креирање посебна визија: создавање на способности и моќ за


да може да се видат работите;

- заедничко размислување: создавање на способности кај


членовите на менаџерскиот тим за водење на дијалог за
изнаоѓање на решение кое може да се очекува да биде
прифатено од групата.1
Суштината на ваквиот пристап ќе ја обработиме во една од следните
теми. Во рамките на овој менаџмент пристап во современите теориии
ќе се запознаеме со теоријата 7-С и теоријата-З
Мек Кинсеј ја промовира Теоријата 7 С која е создадена во 70
тите години. Оваа теорија создадена е на база на јапонскиот и
американскиот менаџмент. Таа се состои од
1
Stamenkovski A; “Menaxment so odbranata“, TNID - \ur|a, Skopje, 2004g. str 27-28
1. заеднички вредности - култура на организацијата и
правилата на однесување;
2. кадар - работни карактеристики, односно работни
карактеристики на вработените;
3. вештини - компетенции, вештини способности на
вработените;
4. стил - кој е спој на менаџерските и неменаџерските
работници;
5. стратегија - најдобар пат, начин како да се постигнат целите
на организацијата;
6. структура - како организацијата е структуирана;
7. систем - системи за планирање и контрола на активностите
во организацијата.
Првите 4 се меки варијабли, додека последните 3 се тврдите
варијабли на организацијата.
Теоријата-З. е развиена на база на претходната теорија или
модел 7-С. Оваа теорија се темели на меките варијабли од
претходната теорија, односно персоналот, стилот и способностите.
Според оваа теорија се набљудуваат три групи на фактори: доверба,
чуствителност и блискост.
Доверба значи да се изгради систем во кој вработените ќе си
веруваат меѓу себе. Ако има доверба тогаш вработените ќе бидат
лојални на фирмата и ќе бидат активни на сите полиња.
Чуствителност се гледа во тоа дека раководителите ќе знаат
кога вработените имаат свои потреби, барања итн. Тоа треба
менаџерите и да го уважуваат и да му излезат во пресрет на
вработените.
Блискост се огледа во тоа што луѓето работејќи заедно се
спријателуваат и стануваат како една фамилија си помагаат итн.
Ситуациониот менаџмент поаѓа од претпоставката дека
акциите на менаџерите зависат од конкретната ситуација,
односно од условите и околностите во кои организацијата се
наоѓа. Тој укажува дека менаџерите треба да утврдуваат која
техника во одредена ситуација, во одредено време и под
одредени услови најдобро ќе придонесе за остварување на
поставените цели. Во суштина овој пристап го нагласува односот
“ако - тогаш”. “Ако” значи ако се појави одредена конкретна ситуација,
“тогаш” каква ќе биде акцијата што менаџерот веројатно ќе ја
превземе. При тоа се појавуваат два вида на варијабли: независни
варијабли - тоа се варијаблите на окружувањето на кои менаџерот не
може да влијае и зависни варијабли - тоа се менаџмент концепциите и
техниките кои менаџерот ќе ги избере за да ги користи во неговото
работење. Успехот на организацијата е функција на двата вида на
варијабли.
Ситуациониот пристап ги вклучува сите претходни теории,
но нагласува дека тие се ефикасни во соодветна ситуција, а
менаџерот треба да има способност, вештина, интуиција да
препознае која теорија - пристап да го примени. Тој укажува на
неопходноста дека менаџерите во извршувањето на својата работа
треба да ги идентификуваат главните карактеристики на ситуацијата
со која се соочуваат. Ова подразбира избирање на соодветен
менаџмент концепт, кој, со примена на соодветна техника, ќе
овозможи ефикасно остварување на целите. Ситуациониот менаџмент
упатува на приодот со кој менаџерите треба да подготват одлуки и да
изберат концепти кои ќе бидат од корист за решавање на дадената
ситуација.
Како пример може да се каже дека:
 Приврзаниците на класичната теорија би предложиле нова
поедноставна шема на работа;
 Бихејвиористите би предложиле нова психолошка
мотивирачка клима;
 Претставниците на системскиот пристап нов посоодветен
распоред на елементите-деловите во системот.
Овој пристап во менаџментот започнал да се развива во 70-те
години и се сретнува уште и под називот пристап на “неизвесност”.
Поимот неизвесност произлегува од едноставниот факт што
до иднината на претпријатието (впрочем и до секоја иднина)
може да се стигне само преку сегашноста и одлуките кои ќе се
донесат како и активностите кои ќе се превземат во
сегашноста. Тоа им дава на управувачките одлуки посебна
димензија - димензија на неизвесност. Пристапот на неизвесност
значи дека задачата на менаџментот е да идентификува кои
менаџмент техники во дадената ситуација, во дадените услови и
време најдобро ќе придонесат за остварувањето на целите на
организацијата. Тоа значи дека ако се промени ситуацијата на
претпријатието, мора да се промени и начинот на неговото реагирање.
Ситуациониот менаџмент исто така го зема во предвид
прилагодувањето на факторите кои влијаат врз работењето. Да се
земат предвид факторите на околината значи да се подготви пристап
кон нивно прилагодување. Прилагодувањето кон надворешната
околина значи дека менаџерите:
- мораат да ги познаваат концепциите и техниките на
менаџментот кои можат да бидат применливи во дадената
ситуација;
- треба да имаат знаење за да можат да селектираат каков
било концепт и техника за примена на менаџментот;
- треба да ја познаваат и ситуацијата и факторите кон кои ќе ги
прилагодуваат техниките;
- не само што треба да ги знаат техниките и во која ситуација
да ги применат, туку треба да имаат способности за
прилагодување на техниките кон потребите и барањата.
Ситуациониот менаџмент се остварува како процес во кој
најнапред се прави дијагноза на ситуацијата и се дефинираат
основните проблеми и параметри, се дефинираат целите на
менаџментот и се идентификуваат техниките за решавање на
проблемот. Потоа се врши истражување на фактите на
ситуацијата и се извлекуваат клучните фактори кои влијаат врз
одлучувањето, се развиваат алтернативи на акциите кои ќе се
преземаат и се избира најдобрата алтернатива. 2
Стратегискиот менаџмент се развива од 70-те години на
минатиот век и наваму. Основната насока на овој правец е
организацијата да донесува одлуки за начините т.е.
стратегиите со кои најдобро ќе се вклопи во променливото
окружување.

2
Isto. str.29
Стратегискиот менаџмент е процес на долгорочно остварување
на содржините преку пет основни задачи:3
 развивање стратешка визија;
 поставување на цели и задачи;
 формулирање на стратегија за остварување на задачите;
 спроведување и извршување на стратегијата:
 оценување на остварувањето на стратегијата, иницирање на
корективни акции и коригирање на стратегијата.
Стратегискиот менаџмент е процес кој се состои од конкурентски
натпревар за да се создадат услови за успешно извршување на
задачите.
Во литературата не постои единствена широко прифатена
дефиниција за стратегискиот менаџмент.
(1) Некои го определуваат како управување на односот на
организацијата со неговата средина (пронаоѓање на начини да се
одговори на конкуренцијата, борба со промените во окружувањето и
ефективна употреба на расположливите ресурси).
(2) Други го определуваат како сет на одлуки и акции кои
водат кон создавање на ефективна стратегија или стратегија која
придонесува за остварување на целите на организацијата
(стратегискиот менаџмент е процес кој потврдува дека организацијата
добива одредени бенефиции- користи од употребата на соодветната
организациона стратегија). Во секој случај стратегискиот
менаџмент е процес кој го користат менаџерите за да одговорат
на стратегиските прашања како што се:
- Каде се наоѓа организацијата?
- Каде би сакала да биде?
- Какви промени и трендови се случуваат во конкурентското
окружување?
- Кои курсеви и акции ќе помогнат да се остварат целите?”
Низ стратегискиот менаџмент се определува општата насока на
организацијата што претставува нејзина главна стратегија. Оттука
произлегува дека стратегискиот менаџмент е долгорочно ориентиран.

3
Isto. str.29
Стратегискиот менаџмент се однесува на одлуки донесени од
страна на менаџерите на повисоко ниво. Во извршувањето на
стратегиските одлуки можат да учествуваат вработените на сите
нивоа во организацијата, но во поглед на нивното донесување
најчесто тоа е работа на менаџерите на повисоко ниво.
Стратегиските одлуки се однесуваат на организацијата во
целина.
Двете исклучително важни подрачја на стратегискиот менаџмент
се; формулирањето на стратегијата од една страна и
имплементацијата на стратегијата. Тоа практично го одделува
стратегискиот менаџмент од стратегиското планирање.
Формулирањето на стратегијата вклучува планирање и
одлучување кое води кон определување на целите на
организацијата и развивање на специфичен стратегиски план.
Формулирање на стратегијата вклучува и проценување на
надворешното окружување и внатрешните проблеми и интегрирање
на резултатите до кои ќе се дојде во целите и стратегијата на
организацијата.
Имплементацијата на стратегијата значи употреба на
менаџерските и организационите ресурси во правец на
остварување на стратегиските резултати. Имплементацијата е
всушност извршување на стратегискиот план. Менаџерите можат да
користат убедување, нова опрема, структурни промени во
организацијата, соодветен систем на наградување итн. за да ги
“натераат” вработените заедно со ресурсите кои им стојат на
располагање да ја остварат претходно формулираната стратегија.
Мисијата, целите и задачите, политиките анализа на надворешната и
внатрешната средина созадаваат основна база за стратегиска
формулација вклучувајќи развој, оцена и избор на стратегиски
алтернативи.

You might also like