You are on page 1of 2

Опишете ги современите организациски дизајни.

Во тимската структура, целата организација е составена од работните тимови.


Кај матрична структура се доделуваат специјалисти од различни функционални
оддели за да се работи на еден или повеќе проекти кои се предводени од
проект менаџери. Проектна структура е онаа во која вработените континуирано
работат на проекти. Виртуелна организација се состои од мало јадрото на
постојани вработени и надворешни специјалисти привремено вработени на
проекти. Мрежна организација е организација која ги користи своите
вработените да изврши некоја работна активност кај мрежи од надворешни
добавувачи за да обезбеди други потребни производни компоненти или
работни процеси. Организација која што учи е онаа која што има развиено
капацитети постојано да учи, да се приспособи и да се менува. Таа има
одредени структурни карактеристики, вклучувајќи акцент на размена на
информации и соработка, минимална структурни и физички бариери, и
овластен работен тим.
Дискутирајте за тоа како организациите организираат соработка.
Напорите за соработка на организацијата може да биде внатрешни или
надворешни. Структурите кои овозможуваат внатрешната соработка може да
вклучуваат меѓу-функционални тимови, работни групи и communities of practice.
Меѓу-функционални тим е работен тим составен од поединци од различни
функционални специјалности. Task force е привремен комитет или тим
формиран со цел да се справи со специфичен краткорочен проблем кој влијае
врз неколку сектори. Communities of practice се групи на луѓе кои споделуваат
загриженост, множество проблеми, или страст за некоја тема, и кои ги
продлабочат своите знаења и експертиза во таа област преку интеракција на
континуирана основа. Опциите за надворешна соработка вклучуваат отворени
иновации и стратегиски партнерства. Отворените иновации ја прошируваат
потрагата по нови идеи надвор од границите на организацијата и им
овозможуваат на иновации едноставен трансфер внатре и надвор од
организацијата. Стратегиски партнерства се односи на соработка меѓу две или
повеќе организации во кои тие се комбинираат ресурси и способности за некоја
бизнис цел.
Објаснете ги флексибилните работни аранжмани кои се користат од
страна на организациите.
Флексибилните работни аранжмани им даваат на организациите
флексибилност да ги распоредат вработените кога и каде што тие се потребни.
Структурни опции вклучуваат telecommuting (работа од дома), компримирани
работни недели, flextime, и споделување на работата. Работа од дома е
работен аранжман во кој вработените да работат од дома и се поврзани со
работното место со помош на компјутерот. Компримирана работна недела е
онаа во која вработените работат повеќе часови на ден, но помалку дена
неделно. Flextime претставува распоред според кој од вработените се бара да
работат одреден број на часови неделно, но можат слободно да ги
распоредуваат тие часови во рамките на одредени граници. Споделување на
работата е кога две или повеќе лица споделуваат едно работно место со полно
работно време.
Дискутирај за прашањата на организирање поврзани со контингентна
работна сила.
Контингентни работници се привремени, слободни, или работници со договор
за вработување за дело, во зависност од побарувачката за нивните услуги.
Организациските прашања вклучуваат класифицирање кој всушност се
квалификува како независен соработник; поставување на процесот за
регрутирање, скрининг, и поставување контингентните работници; со примена
на методи за воспоставување на цели, распореди и рокови и за следење на
ефикасноста на работата.
Опишете ги предизвиците со кои се соочува организацискиот дизајн
денес.
Двата главни предизвици поврзани со организацискиот дизајн денес вклучуваат
одржување на поврзаноста на вработените и управувањето со глобалните
структурни прашања.

You might also like