You are on page 1of 1

Штo е менаџмент?

• МЕНАЏМЕНТ е универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на


работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите во остварување на
однапред дефинирани цели.
✓Објасни го терминот ефикасно извршување на работата.
• Ефикасност е мерка за тоа колку добро или колку продуктивно се користени ресурсите
за остварување на целта. Организацијата е ефикасна кога менаџерот успева со
користење на најмалку ресурси да добие резултат.
✓Објасни го терминот ефективно извршување на работата.
• Ефективност односно успешност може да се дефинира како способност да се
детерминираат и постигнуваат целите односно претставува израз на задоволување на
потребите на потрошувачите со создадените производи и услуги. Таа е мерка за тоа
колку фирмата ги прави вистинските работи (doing the right things).
✓Кoи ресурси ги знаеш? Напиши ги карактеристиките на секoј oд ресурсите oд аспект
на мерка вo кoја се мерат? Дали се oграничени и кoј не oграничени?
• Ресурсите се влезови во процесот на производството во претпријатието и може да се
поделат на: човечки, материјални, финансиски и информациони ресурси.Материјалните
ресурси ги сочинуваат средствата и предметите за работа ( машини, опрема,
инсталации, суровини, материјали, енергија и др.) кои се неопходни за нормално
одвивање на процесот на работа.Финансиските ресурси ги опфаќаат паричните
средства и сите хартии од вредност со кои претпријатието располага во своето
портфолио. Информациите претставуваат значаен ресурс без кои не може да се
одлучува ефективно во поглед на користење на сите други расположливи ресурси во
претпријатието. РЕСУРСИТЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ!!!
✓Од кој латински збор потекнува терминот „менаџмент“?
• Manus (рака)
✓Што значи во превод италијанскиот збор maneggieare?
• ракување со алатки
7. Кои се аспектите кои ги регулира Фредирик Тејлор во неговото научно дело The
Principles of Scientific Management од 1911?
• • Внимателно специфицирање и мерење на сите организациски задачи.
• • Задачите се стандардизирале колку што е можно повеќе.
• • Биле воведени награди и казни.
• • Одлично функционирал во линиското производство и кај сите
механизирани и рутински активности.
• ✓Што е визија?
• • Визијата е идеална слика од иднината која ја отсликува идеалната промена која
сакаме да ја постигнеме.
• ✓На кои нивоа можеме да креираме визија?
• • Можеме да креираме на повеќе различни нивоа: лична, на ниво на
организациски сегмент, цела организација, држава...
• ✓Што е мисија?
• • Мисија се акциите кои треба да ги преземеме за да ја оствариме нашата визија.

You might also like