You are on page 1of 2

Современи организациски дизајни

• Тимска структура – Организациска структура кај која целата организација се состои од работни
тимови.
• Матрична структура – Организациска структура која назначува специјалисти од различни
функционални оддели да работат на еден или повеќе проекти.
• Проектна структура –Oрганизациска структура кај која вработените континуирано работат на
проекти.
• Организација без граници – Oрганизација чиј дизајн не е дефиниран од, или ограничен со
хоризонтални, вертикални или надворешни граници наметнати од предефинирана структура.
• Виртуелна организација – Oрганизација која се состои од мало јадро на вработени со целосно
работно време и привремено ангажирани надворешни специјалисти според потребите на
проектите.
• Мрежна организациja – Oрганизација која ги користи сопствените вработени да извршуваат
некои работни активности и мрежи од надворешни добавувачи за да обезбедат други компоненти
за производи или работни процеси.
• Организација што учи – Oрганизација која има развиено капацитет континуирано да учи, да се
приспособува и менува.

Организирање на соработка

• Внатрешна соработка
– Меѓу-функциски тимови – Работен тим составен од поединци од различни функционални
специјалности.
– Task force (или ад-хок комитет) – Привремен комитет или тим формиран да се справи со
одредени краткорочни проблеми кои влијаат врз повеќе оддели.

• Communities of Practice – Групи на луѓе кои споделуваат грижа, множество проблеми, или страст
за некоја тема, и кои ги продлабочуваат своите знаења и експертиза во таа област преку
континуирана интеракција.

Како работат Communities of Practice ?


• Имајте поддршка од врвниот менаџмент и поставете јасни очекувања.
• Создадете средина што ќе ги привлече луѓето и ќе ги натера да сакаат да се вратат за совет,
разговор и споделување на знаење.
• Охрабрете одржување редовни состаноци на заедницата, без оглед дали е лично или преку
Интернет.
• Воспоставете редовна комуникација меѓу членовите на заедницата.
• Фокусирајте се на вистински проблеми и прашања важни за организацијата.
• Имајте јасна одговорност и менаџерски надзор.

Надворешна соработка

• Отворена иновација – Oтворање на потpагата по нови идеи надвор од границите на


организацијата и овозможување на иновациите слободно да се движат кон внатре и кон надвор.
• Стратегиско партнерство – Kолаборативен однос меѓу две или повеќе организации во кој што
тие ги комбинираат нивните ресурси и способности за некоја бизнис цел.
Флексибилни работни аранжмани

• Telecommuting – Работен аранжман каде што вработените работат дома и се поврзуваат со


работното место преку компјутер.
• Компресирана работна недела – Работна недела каде што вработените работат повеќе часови
на ден, но помалку денови неделно.
• Flextime (или флексибилни работни часови) – Распоред на работа каде што од вработените се
бара да работат одреден број часови неделно, но слободно може да ги распределуваат тие
часови во рамките на неделата.
• Споделување на работа – Практика каде што двајца или повеќе луѓе споделуваат едно работно
место со целосно работно време.

Контингентна работна сила


• Контингентни работници – Привремени, freelance (слободни), или работници по договор за
дело чие вработување зависи од побарувачката за нивните услуги

Денешни предизвици за организациски дизајн


• Одржување на поврзаност на вработените – Мобилната технологија и комуникациската
технологија им дадоа на организациите и вработените начини да останат поврзани и да бидат
попродуктивни. – Е-mail, календари, безжични мрежи, корпоративни бази на податоци, видео
конференции и веб камери.

• Управување со глобалните структурни проблеми – При дизајнирање или менување на


структурата, менаџерите можеби ќе треба да размислат за културните импликации на одредени
елементи на дизајнот. – Формализацијата може да биде поважна во економски помалку
развиените земји и помалку важна во економски поразвиените земји каде што вработените
можат да имаат повисоки нивоа на професионално образование и вештини.

You might also like