You are on page 1of 7

ВИДОВ

И
ТИМОВ
И
Виртуелен
тим
Тим е група на луѓе кои се стремат заедно кон иста цел. Тимовите се
соодветни за извршување на задачи кои имаат висока комплексност и
многу меѓузависни подзадачи. Постојат повеќе видови на тимови но ние
ќе се задржиме конкретно на виртуелните тимови.

Виртуелен тим претставува група на луѓе кои меѓусебно комуницираат, со


заедничка цел, низ просторот, времето и организациските ограничувања,
притоа користат технологија за да комуницираат и соработуваат.
Виртуелни тимови можат да бидат лоцирани низ една земја или светот
воопшто, ретко се сретнуваат лице во лице и вклучуваат членови од
различни култури. Членовите на виртуелните тимови во потполност
зависат од телефоните, интернетот, e-mail и други средства за
комуникација, како би можело успешно да разменуваат информации и
знаења, да соработуваат и да ги координираат своите активности.
Причините за формирање виртуелни тимови се многубројни. Прво, желба
е на многу компании да го прошират својот бизнис, како на национално
така и на меѓународно ниво, да го максимизираат профитот, престижот
итн. Второ, деловните трошоци се намалуваат, особено оние поврзани со
работниот простор, службено патување и слично. Трето, процесот на
глобализација бара брза акција на повеќе луѓе, најчесто во исто време, на
повеќе локации. И четврто, некои компании честопати се соочуваат со
фактот дека на една локација имаат вишок на квалификувана работна
сила, исклучителни вештини, а на друга локација има недостиг на такви
луѓе. Понекогаш е невозможно да се натераат луѓето да се преселат на
работни места ако се врзани за нивното сегашно место на живеење, на
пример: работа на брачниот другар, училиште во кое присуствуваат
нивните деца, климатски и здравствени причини, проблеми со
домувањето итн. Значи има многу причини, па дури и повеќе, ако тимот
функционира на посакуваниот начин. Колку компанијата ќе биде успешна
во дизајнирањето на виртуелните тимови зависи пред се од неа самата и
од начинот на кој се управува со човечките ресурси, а во извесна мера и
од други фактори.

Најзначајни карактеристики на овие тимови се следниве:


 Членовите на виртуелниот тим, како и членовите на
традиционалните тимови, се меѓусебно одговорни за резултатите од
работата
 Членовите на тимот се раздвоени временски или просторно, а
работата ја извршуваат кога, каде, колку и како сакаат
 Членовите на тимот се приврзани кон целите и задачите на
организацијата
 Средбите на членовите лице в лице се ретки или воопшто не
постојат
 Мала е можноста за започнување на афективни и други конфликти
во тимот по било кој основ, а посебно по основ на верски, културни,
расни, политички и други причини
 Членовите на тимот создаваат атмосфера во која преовладува
соработка, доверба и поддршка
 Виртуелниот тим обично брои околу 15 членови
Менаџирање со виртуелните тимови

Стратегии за менаџирање со виртуелните тимови се:


 Менаџерот на тимот мора да ги постави целите и очекувањата за
проектот на тимот
 Потсетување на сите дека се дел од тимот и да го поттикне
извршувањето на активностите
 Утврдување на основни правила но и разбирање и почитување на
различни организациони култури
 Одлучување за точната технологија која ќе помага во
комуникацијата
 Менаџерите да бидат специфични за времето на завршување на
работата и никогаш да не оставаат ништо на случајност
 Собирање на тимот заедно и барање можност за социјализирање
 Комуникација
Предуслови за успешно функционирање на
виртуелните тимови

За да може работата да се заврши добро и целосно, неопходно е да се


исполнат одредени барања и предуслови меѓу нив се:
 висок степен на доверба: тимскиот концепт за организирање на
работа не може да се замисли без доверба;
 софистицирана комуникациска технологија: основниот начин за
комуникација на виртуелните тимови е софистицирана техника која
се движи од Интернет, преку е-пошта и видео конференција до
телефони и факсови;
 воспоставување соодветна комуникација: еден од проблемите со
кои повремено се соочуваат членовите на виртуелниот тим е
комуникацијата заради јазичните и културните препреки
 правилен состав на членовите на тимот: виртуелните тимови имаат
поголема предност во однос на останатите тимови затоа што многу
лесно може да обезбедат кадри со посакувани знаења и
способности, притоа може многу лесно да ги регрутираат речиси на
сите можни локации
 соодветен надомест: членовите на виртуелниот тим сакаат да бидат
соодветно наградени за својата работа, без оглед на тоа што
нивните тимови можат да обезбедат поевтина работна сила
 хуман однос спрема секој член на тимот: предност е овде што се
работи на далечина со мал број на средби или без нив, што може да
биде значајно за лица со физички недостатоци, сериозни болести
итн.
Предности на виртуелните тимови:
 Намалени кирии и заштеда на технологија
 Пониски трошоци за транспорт и помалку време потрошено за
патување
 Инстант комуникација и размена на информации
 Членовите на тимот може да работат било каде и било кога
 Членовите се бираат врз основа на нивната компетентност, а не
само по нивното место на живеење

Недостатоци на виртуелните тимови


 Слаба контрола на виртуелните групи (ова може да резултира во
намалена доверба во виртуелните тимови), бидејќи не постојат
алатки за директна контрола
 Проблеми за воспоставување на добро раководство на виртуелниот
тим
 Отежнато мотивирање на членовите на тимот
 Јазични и културни бариери
 Многубројните локации и различните временски зони може да
доведат до отежнато функционирање на тимот
 Потешкотии во јакнењето на тимскиот дух

Заклучокот од сево ова би бил дека уште од многу одамна, од самиот


почеток на цивилизацијата човекот работел поефикасно, подобро и
поефективно кога работел со други за заедничка цел. Иако доста нешта се
сменети од тогаш, заедно секогаш можеме многу повеќе да постигнеме.
Користена литература:
https://prezi.com/
https://mk.wikipedia.org/
https://mymanagementguide.com/
http://vasic.info/
https://www.biznis-akademija.com/

You might also like