You are on page 1of 13

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Филозофски Факултет
Институт за Социологија

Есеј по предметот :Социологија 1

Ментор: Проф.
Студент: Горан Стојановски бр. на индекс 22095/10
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”


Филозофски Факултет
Институт за Социологија

Есеј по предметот :Социологија 1

Ментор: М-р
Студент: Горан Стојановски бр. на индекс 22095/10

Декември, 2010, Скопје

1 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

Содржина:

Бирократија........................................................................................................................1
Веберово гледиште за бирократијата..............................................................................2
Формални и неформални односи во бирократијата.......................................................3
Физички рамки на организацијата...................................................................................4
Значење на зборовите........................................................................................................5
Литература..........................................................................................................................6

2 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

БИРОКРАТИЈА

Бирократијата претставува посебен општествен слој кој


професионално се занимава со работите за раководење,
управување и -˝ организација во општествената администрација и
другите големи хиерархиски организации˝. Освен тоа, со
бирократијата, не ретко, се идентификуваат општествените и
политичките односи во некоја општествена заедница, каде
одредени слоеви на луѓе, релативно независни или, дури,
потполно самостални, надвор од било каква демократска контрола
и можност за влијаење на широките слоеви, управувајќи со
општествените работи.
Она без што бирократијата би била незамислива е доста
развиената поделба на работата, ˝специјализација˝ за
извршување на одредени видови на работа, прецизно поставени
задолженија, надлежности, субординација на ˝повисоките˝ во
однос на ˝пониските˝ и слично на тоа.
Растењето и фаворизирањето на бирократијата и
бирократизирањето на општествените односи е низ на факти. Да
истакнеме само некои. Не само во капиталистичкото, туку и во т.н.
социјалистички земји, доста е проширен државниот апарат
односно, дошло до умножување на државните функции, потоа
настанале големи системи во стопанството, јавните служби,
политиката, во воените области итн. а што е впрочем организирано
на една централистичка, односно хиерархиска основа.
Процесот на бирократизација се одвивал така што се повеќе
јакнеле извршните органи (влада, министерства, администрација)
на сметка на претставничките и законодавните органи (собрание,
односно парламент). Нешто слично се случувало и на планот на

3 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

политичката дејност, т.е. во работата на политичките партии и


синдикатите. Се одвивал процес на се поголема доминација на
раководството врз членството т.е. концентрирање на политичката
моќ во врвовите на тие политички структури.
Треба да се нагласи дека, кога станува збор за бирократијата и
бирократското организаирање на општествата, повеќето
теоретичари имаат негативен став кон тој вид на појави. Меѓутоа,
има и такви кои единствено во неа гледаат можност за рационално
и ефикасно организирање на општеството, односно извршување на
одредени работи.
Меѓутоа, ако пробаме ваквите тврдења да ги провериме врз основа
на докажаните примери на бирократското општетсво, односно
држава, како што е сталинистичката пракса во поранешен СССР, но
и на таа матрица на организирање на некои други земји, ќе се
увериме дека овие другите не биле во право.
Од друга страна треба да се има во предвид т.н. бирократски
менталитет и пракса кои се доста адаптибилни, да може без големи
проблеми да се прилагодат на различни ситуации т.е. да се
менуваат во физиономиска смисла, а да се, при тоа, воопшто да не
се изгуби суштината. Оттука, борбата против бирократијата, а за
кои многу се залагаат, е тешка сизифовска работа.

Веберовото гледиште за бирократијата

Сите големи организации како што вели Вебер, имаат тенденција


да се бирократизираат. Зборот ˝бирократија˝ ја смислил Дегурнеј
во 1745 година со тоа што го додал зборот ˝биро˝, која означува
канцеларија или работна маса, што е израз кој е изведен од
грчкиот глагол ˝владее˝. Бирократијата е, според тоа, владеење

4 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

на чиновниците. Терминот за прв пат бил применет во државните


служби, но постепено се проширил на сите организации од поголем
обем. Поимот означен со овој збор од почетокот се користел во
негативна конотација. Дегурнеј говорел дека се поголемата моќ на
činovnika ˝болест наречена бироманија˝. Францускиот писател
Оноре де Балзак ја гледал бирократијата како ˝џиновска моќ која
ја имаат пигмеите˝. Таквото гледиште допрело дека нашите
денови: Бирократијата често се поврзува со претеран формализам,
неефикасност и расипништво. Но, има и автори кои ја гледаат во
друга смисла; за нив таа е обрзец на внимателност, прецизност и
делотворна администрација и, во суштина, најефикасен облик на
организација кои луѓето ја создале, бидејќи на тој начин сите
задачи се решаваат по строги процедурални правила. Веберовото
сваќање на бирократијата е накаде на средина помеѓу овие два
екстрема.
И во традиционалните цивилизации, како што укажува Вебер, во
општетсвото се, иако во ограничен број, постоеле организиации
(на пр. Империјална Кина). Но, дури во нашето време дошло до
полно развивање на бирократијата.
По Вебер, ширењето на тој систем е неизбежно во модерното
општество, идејќи бирократската власт е единствен начин на
излегување н карј со административните барања во големите
општествени системи. Меѓутоа, тој верува дека бирократијата има
еден број поголеми недостатоци кои, како што и ќе видиме,
значително влијае на природата на современиот живот во
општеството.
За да се проучи потеклото и природата на ширењето на
бирокатските организации, Вебер (1978) конструирал еден

5 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

идеален тип на бирократија (идеален чист а не најпосакуван). Ова


се карактеристиките на тој тип:
Постоење на јасно одредена хиерархија на овластувања. На тој
начин задачите во организацијата се распоредуваат како
¨службени должности˝. Бирократијата изгледа како пирамида, а со
тоа што позициите на највисоката власт (овластување) се
ситуирани на самиот врв. Постои и ланец на командување кој се
протега од врвот надоле, со што се овзможува ускладено
одлучување.
Со пишаните правила се одредува однесувањето на службениците
на сите организациони нивоа. Тоа не значи дека бирократските
должности и задачи се само чиста рутинска работа. Колку е
повисоко нивото на сегменти во организацијата, толку е поголем
рановидниот број на случаи кои се опфатени со правилата, што
значи дека и во нивното толкување е потребна поголема ширина.
Службениците работат полно работно време и имаат плата. За
секое работно место во хиерархијата е предвидена плата, а од
поединецот се очекува да градат кариера во организацијата.
Унапредувањето е овозможено врз основа на способноста и
годината на службата, како и со примената на двата критериуми.
Постои поделеност помеѓу должноста на службеникот на работа,
односно во организацијата, и неговата работа после работа.
Приватниот живот е одвоен од активноста на работното место,
вклучувајќи и физичка одвоеност на тие два домени.
Припадниците на организацијата не се сопственици на
метријалните средства со кои работат. Развојот на бирократијата,
спорд Вебер, ги одвојува работниците од контролата над нивните
средства за производство. Во традиционалните заедници
земјосопствениците и занатчиите обично имаат контрола над

6 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

процесот на производство во кој се ангажирани и поседуваат


алатки кои ги користат. Во бирократијата службениците не се
сопственици на канцелариите во кои работат, столчињата на кои
седат или техничката опрема која ја користат.
Вебер верувал дека што повеќе една организација се приближува
до идеалниот тип на бирократија, тоа ќе биде поделотворна во
исполнувањето на целите за кои и е основана. Тој исто така често
ја поврзувал бирократијата со усовршена техничка опрема во
канцелариите.

Формални и неформални односи во бирократијата

Во Веберовата анализа на бирократијата на прво место се


формалните односи во самите организации, односно меѓу луѓето
кои се регулирани со правилата на организацијата. Вебер многу
малку кажал за неформалната поврзаност и односите на помалите
групи кои може да бидат во сите организации. Меѓутоа, во
бирократите токму овие неформални односи за ˝завршување на
работите˝ често се важни и со самото тоа претставуваат
најеластичен начин до кој неможе да стигне по друг пат.
Во својата класична студија, Петер Блау (1963) се занимава со
неформални односи во еден државен орган во надлежноста за
утврдување на кршење на даночните прописи. Службениците кои
би наишле на проблем во работата биле по постоечка процедура
обврзани да за тоа го консултираат својот старешина, а не
колегите од ист ранг.
Повеќето службеници, меѓутоа, нерадо се обраќало на
старешините, со страв тоа да не се протолкува како нивна
неспособност во работењето, со што би им се намалиле изгледите

7 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

за напредување. Со кршењето на правилата, се советувале со


колегите, па работата била добро завршена, а се намалила и
непријатноста во работењето. Така на примарното ниво на
општествената група се развиле цврсти односи на лојалност помеѓу
службениците од ист ранг. Таквата група како што заклучува Блау,
успеала на овој начин да развие една неформална постапка во која
би имало се повеќе иницијативи и одговорности отколку што би
биле можни според правилата.
Неформалните врски се јавуваат на сите нивоа на организацијата.
На самиот врв на раководењето на личната врска и односите можат
да бидат поважни од формалните рамки отколку во одлуките кои
треба да се носат според правилата. На пример, правило е на
состаноците на управниот одбор и на акционерите, се одреди и
работната политика на компанијата. Во пракса, меѓутоа, само мал
број на членови на одборот раководи со компанијата, а одлуките се
носат неформално, очекувајќи одборот да ги одобри.
Неформалните врски на овој вид понекогаш се протегаат и на
неколку компании. Работните луѓе од разни фирми, имено, обично
менуваат искуства и се советуваат на неформален начин, а често
пати таквата комуникација им го олеснува припаѓањето на исти
клубови и други здрженија во областа на спортот, рекреацијата и
разонодата. Да се утврди во која мерка неформалната процедура
помага или пречи во ефикасноста на организацијата не е
едноставно. Системите кои личат на Веберовиот идеален тип
најчесто раѓаат цела шума на вакви процедури, претежно зато што
со неслужбените заобиколувања на правилата се доаѓа до
поголема еластичност во работењето. За оние на монотоната
работа тоа може да создаде поволна атмосфера за работење, а
неформалните врски помеѓу раководителите често позитивно

8 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

делуваат на органзиацијата како целина, иако може да се случи да


тие на тоа да не гледаат повеќе за своите интереси.

Физичка рамка на организацијата

Најголемиот број на модерни органзиации функционираат во


потполно формирани физички рамки. Зградата во која работат се
прилагодени архитектонски според видот на активностите во
организацијата. Сличности сепак има во фактите дека сите такви
згради обично имаат ходници и сличен канцелариски намештај, а
понекогаш и сличен надворешен изглед.

Значење на зборовите:

Бирократ – (франц.bureaucrate)
1. претставник на бирократскиот систем на управата
2. службеник кои сите проблеми ги решава зад својата
канцелариска маса (строго по прописи, претеран формалист)

Бирократија – (франц. Bureau + грч. Krateo – владее)


1. збир на Бирократи
2. погледни Бирократизам

Бирократизам - (франц. Bureau + грч. Krateo – владее)


1. Систем на управување во кои државната власт се потпира на
чиновниците;
Владеење на чиновништвото

9 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

2.претеран формализам во вршење на својата должност, решавање


˝строго по прописи˝ без оглед на суштината на прашањето

Демократ – (грч. Demos - народ + грч. krateo – владее)


Човек кој се согласува на демократија, човек со слободоумен
поглед

Демократија - (грч. Demos - народ + грч. krateo – владее)


1.облик на државно уредување во кое суверената власт припаѓа на
народот.
2.почитување на еднаквоста и слободното учество во општествено
– политичкиот живот: слобода, воопшто.

10 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

Литература :
Jusuf Žiga – uvod u sociologiju ( 2 dopunjeno izdanje),Sarajevo
2003.godine
Dr. Radomir Aleksić – rječnik stranih riječi (Prosveta) Beograd

11 Страна
Есеј по предметот: Социологија 1- Бирократија

12 Страна

You might also like