You are on page 1of 3

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ

Предмет: ПРАВНА РЕТОРИКА

Доц.д-р Лиљана Миланова

Испит, Јуни,2020

Име и Презиме Александра Митевска

Број на индекс 1782005

Датум 22.06.2020

Вкупно поени --------------------------------

(8 прашања по 10 поени, вкупно 80 поени)

1. Објасни ги петте дела од кои е составена реториката.

Реториката е составена од 5 делови: пронаоѓање, распоредувањее, израз или стил; меморија и


изложување на говорот.

Пронаоѓање е делот на размислување на говорникот за материјалот што ќе биде тема на негова


обработка како и процесот на прибирање на истиот.

Распоредување е распоред на материјалот на говорникот и средствата кои ќе се изложуваат во


доказната постапка.

Стилот е најбитен за успехот на говорникот.

Памтењето му овозможува на говорникот во секој момент да располага со потребните факти,


закони и примери.

Изложување на говорот е најважен елемент и при него се потребни сите импресивни и силни
зборови и мисли.

2. Античката реторика вели дека говорот треба да се одликува со повеќе вредности. Кои?
Има три вида говорништво. Секој говор има три составни елементи: од кого, за што и пред кого се
говори а крајната цел се однесува на слушателот.

Античката реторика укажува дека говорот треба да се одликува со повеќе вредности и тоа:
правосилност на говорот; естетски особини на говорот; чистота на говорот; јавност во говорот;
тонски особини и орнаментика.

3. Најголемо внимание реторичарите му посветувале на стилот со кој говорникот го


реализира говорот. Што е она што го карактеризира стилот?

Стилот во изразувањето зависи од многу елементи: талент; писменост; образование; искуство;


воспитание; животно искуство.

Главни одлики на стилот се: јасност, употреба на зборовите во вистинско значење; нивниот
правилен распоред; недоалгање на завршување на реченичниот период.

Стилот е спој на мислата, зборот и формата во која се изразуваат истите.

Според функцијата говорот се дели на: обичен, среден и висок тон.

4. Задача на реториката, вели Аристотел е ,, способност за изнаоѓање на сите можни средства


за убедување,,. Што сака да каже со тоа?

Со ова Аристотел сака да каже да се употребат систе можни средства за убедување односно да се
говори вистината, да се говори добро и да се има сила на убедување од страна на говорникот.

Како и секој обичен говорник така и беседникот пред насобраните слушатели говори за етиките,
научните, верските и социјалните и друштвени вистини со посредство на својата говорничка
умешност или вештина, и има за цел да го наговори слушателот и да го убеди во исправноста на
своите ставови.

5. Што претставува Хомилитиката?

Хомиликата претставува духовно/религиозно беседништво. Таа го опфаќа проповедниот збор на


проповедникот кој на слуштателите им се обраќа со намера да ги советува нешто или да им укаже
нешто.

Таков е примерот со будистичко, старо-еврејство, муслиманско и христијанско беседништво.

Начинот на кој хомилитичките говори се реализираат се разликува од другите беседи и тие се


изнесуваат со посебна тонска нијанса која би требало да оствари мистично расположение. Нема
некое посилно отскокнување од основниот тон, ниту во темпото, ниту во динамиката или
висината, мелодиката и интензитетот. Се се остварува со гласовна и ритмичка постојаност.

Добар проповедник не можел да биде секој и требало некоја личност да има дарба, добар и убав
глас како и моќ да влијае и да ја контролира публиката.
6. Направи компарација на Платон и Аристотел за судската реторика.

Во судската реторика говорникот се обраќа кон судот во рамките на определена судска постаока
чија цел е решавањето на определени правни прашања.

Платон укажува на противречност во реткоричката теорија посебно кога станува збор за


злоупотребите од страна на адвокатите. Адвокатската вештина е манипулирање и измама па
оттука ја осудува како неетичка. Како поткрепа на овај стој тој укажува на аргументот на
веројатност како доказ дека во судската реторика доминира убедувањето наместо учењето на
вистината.

Аристотел ја дефинира судската реторика како легиримна и етичка и според него иако парничарот
треба да се држи до рационалните докази за она што се сличило сепак поротата често дозволува
страстите да завладеат со неа.

Најголема придобивка на Аристотеловата судска реторика е концептот на реторички аргумент кој


во себе ги вклучува од една страна нестручните докази а од друга страна стучните докази.

7. Што е реторски силогизам?


Реторски силогизам е учење за изведување заклучоци. Пример за ваков силогизам е „Сите
луѓе се смртни, Сократ е човек, значи Сократ е смртен“.
Аристотел разликува ентитем од научен силогизам и наведува четири вида реторски
силогизми и тоа: веројатност, пример, знак и знак кој нужно води кон заклучок.

8. Направи компарација помеѓу Средновековното беседништво и Доцната реторика.


Со распаѓањето на Римското царство интересот за беседниптвото замира. Во Европа во тоа
време се наметнува еден од попознатите говорници Јован Дамаскин кој се смета за
основач на теологијата.
Со Средновековното беседниптво се изучуваат старите говори за од нив да се согледаат
нивните норми и вредности. Се организирале слични седенки или собири на кои учените
луѓе беседеле за се што било од интерес за ренесансната мисла.
Во доцната реторика се јавува црковното беседништво кое се засилува со појавата на
рефаторматорите. Тука како најзначаен реформатор се јавува Мартин Лутер.
Тоа е време кога во Европа интересот за беседништво се повеќе расте и се отвоораат
првите школи.

You might also like