You are on page 1of 12

844 2464 0207

039700

1. Објективното облигационо право се дефинира како збир на правни норми


сокои се регулураат општествено-економските односи од доменот на промет
на стоки и вршењето на стоковни услуги. Субјективното облигационо право
не се јавува како регулатор на облигациони односи, туку како право кое
произлегува од овие односи. Субјективното облигационо право настанува, за
неговиот носител, во моментот на настанување на облигациониот однос
помеѓу него од една страна и некое друго лице од друга страна. Од ова
произлегува дека правото и обврската земени заедно ја сочинуваат
содржината на облигациониот однос.

Облигационото право како правна наука се занимава со теоретска обработка


и проучување на објективното облигационо право, со посебен акцент на
облигационите односи; на субјективното облигационо право; како и на
правната практика создадена со примената на објективното облигационо
право.

Изворите на облигационото право се појавуваат во два вида и тоа како:


материјални и формални извори.

- Под материјални извори на облигационото право се подразбираат


општествно-економските односи или стоково-паричните односи израснати во
рамките на едно стопанство. Таков вид на односи, на пример, претставуваат:
размената на стока за пари и обратно или пак размената на стока за стока.

- Под формални извори на облигационото право се подразбира нормативно-


правен систем за регулирање на облигационите односи. Тие се делат на
пишани (устав, закон и подзаконски правни акти) и непишани (обичај,
стандарди и судска практика).

Начела на Облигационо право се: начело на слободно уредување на


облигационите односи; начело на еднаквост и рамноправност; начело на
еквивалентност; начело на злоупотреба на правото; начело на совесност и
чесност; начело на справедливост; начело на забрана за предизвикување на
штета.

Формални извори на Облигационо право


Формалните извори на облигационото право ги сочинуваат повеќе видови
домашни правни акти донесени од надлежни органи како и акти од
меѓународен карактер. Формалните извори на облигационото право се делат
на пишани (устав, закон и подзаконски правни акти) и непишани (обичај,
стандарди и судска практика).

Уставот како темелен и најзначаен правен акт врз чија основа се гради
целокупниот правен систем и поредок на земјата е извор на облигационото
право во таа смисла што тој уредува прашања кои директно или индиректно
се однесуваат на облигационото право. Во редот на одредбите што имаат
свое влијание врз облигационото право се споменува одредбата од членот 8.
Овде се мисли на двете темелни вредности: правната заштита на
сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото

- Кога станува збор за законот ние го поседуваме Законот за облигациони


односи со кои се уредуваат истите.

- Други закони и подзаконски акти како извори на облигационото право се и


Законот за сопственост, Законот за домување, Законот за земјоделско
земјиште, Законот за индустриска сопственост, Закон за трговски друштва,
Закон за заштита на конкуренцијата и други.

2. Видови на облигациони односи

1. Според начинот на нивна заштита облигационите односи се делат на:


правно заштитени облигации и натурални облигации;

2. Облигационите односи според степенот на нивната правна одреденост:


именувани и неименувани;

3. Облигационите односи според правните факти: согласност на волјите;


причинување на штета; стекнување без основ; работоводство без налог;
еднострана изјава на волја;

4. Според нивните страни облигационите односи се делат на: облигациони


односи со прости и сложени страни; двострани и повеќестрани облигациони
односи; лични и нелични облигациони односи;
5. Според видот на дејствитето (објектот) се делат на: активни и пасивни;
делливи и неделливи; парични и непарични; алтернативни, факултативни и
комулативни облигациони односи;

6. Облигационите односи според нивната содржина се делат на: еднострани и


двострано обврзувачки; едноставни и сложени; моментални, трајни и
последователни облигациони односи.

Облигационите односи според правните факти: согласност на волјите;


причинување на штета; стекнување без основ; работоводство без налог;
еднострана изјава на волја;

Согласноста на волјите како правен факт, доведува до настанување на


облигационите односи. Причинувањето на штета како правен факт доведува
до настанување на облигационите односи со причинување на штета, тука
спаѓаат сите облигавиони односи настанати помеѓу штетникот и оштетениот.
Стекнувањето без основ доведува до настанување на облигационите односи
како што се: плаќање на недолгувано, односите кај кои основот постоел а
подоцна отпадна, односите кои до моментот на нивното настанување биле
без основ. Работоводство без налог, доведува до настанување на
облигационите односи за неповикано вршење на туѓи работи не за себе туку
за друг, а за тоа другиот не дал овластување. Еднострана изјава на волја
доведува до настанување на едностраните облигациони правни дела ( јавно
ветување на награда, хартии од вредност.)

Според нивните страни облигационите односи се поделени на прости и


сложени облигациони односи. Со прости страни се оние облигациони односи
кај кои секоја од страните е сочинета од по едно лице. (договор за продажба
на учебник). Со сложени страни се оние облигациони односи кај кои и двете
нивни страни се сочинети од повеќе лица.

Облигациони односи според видот на дејствието

- Според објектот облигационите односи се делат на: активни и пасивни,


делливи и неделливи, парични и непарични, алтернативни, факултативни и
кумулативни облигациони односи

Активн и пасивни облигациони односи. Активни се оние облигациони


односи чиј предмет се состои во некоја активност, а тоа значи во некое
давање или сторување. Пасивни се оние облигациони односи, чиј предмет е
дејствие што се состои во некоја пасивност, а тоа значи во некое сторување
или трпење.

Делливи и неделливи облигациони односи. Делливи се оние облигациони


односи кај кои предметот на обврската е деллив и поради тоа, можно е
исполнувањето на тие односи да се врши во делови. Недделиви пак, се оние
облигациони односи, чиј предмет е неделлив и поради тоа не постои можност
исполнувањето да се врши во делови.

Парични и непарични облигациони односи. Парични облигациони односи се


оние облигациони односи чиј предмет се состои во давање на одредена сума
на пари. Непарични се оние облигациони односи чиј предмет се состои во
некое друго давање или во друг вид дејствие.

Алтернативни, факултативни и кумулативни облигациони односи.


Алтернативни се оние облигациони односи кои за време на нивното
настанување имаат најмалку два предмети, а во времето на исполнувањето,
во зависност од тоа кој го врши изборот, некој од нив престануваат да бидат
тоа. Факултативни се оние облигациони односи кај кои е можно, по волја на
едната страна, наместо дејствието што е предмет на тие односи, да дојде
друго дејствие. Тоа со други зборови значи замена на постојното дејтвие со
друго. Кумулативни облигациони односи се пак таков вид на односи кои
имаат два или повеќе различни предмети што должникот треба да ги предаде
сите од нив или да ги изврши. Кумулативноста се изразува на два начина:
бројот на предметите кој не може да биде помал од два и во обврската сите
тие да се предадат на доверителот

Облигациони односи според нивната содржина

- Со оглед на својата содржина облигационите односи можат да бидат:


еднострано и двострано обврзувачки; едноставни и сложени; и моментални,
трајни и последователни.

Еднострано и двострано обврзувачки. Еднострано обврзувачки се оние


облигациони односи од кои, за едната страна произлегува најмалку едно
субјективно право, а за другата исто така најмалку една обврска. Двострано
обврзувачки, се оние облигациони односи од кои истовремено и за едната и
за другата страна произлегуваат и права и обврски.

Едноставни и сложени облигациони односи. Едноставни се оние


облигациони односи чија содржина ја сочинуваат права и обврски кои
произлегуваат само од еден единствен однос. Сложени облигациони односи,
се оние облигациони односи чија содржина ја сочинуваат

права и обврски кои произлегуваат од повеќе облигациони односи обединети


во еден сложен однос.

Моментални, трајни и последователни облигациони односи. Моментални се


оние облигациони односи чија содржина се остварува истовремено со
нивното полноважно настанување. Ттрајни се оние облигациони односи чија
содржина се остварува во еден подолг временски период. Последователни се
оние облигациони односи, чија содржина се остварува постепено во повеќе
точно определени временски интервали.

Облигациониот однос е граѓански однос кој настанува меѓу точно одредени


лица како негови страни, од кои за едната страна (доверител) произлегува
облигационо право да бара од другата страна (должник) таа да изврши
одредено дејствие и за должникот произлегува обврската да го изврши тоа
дејствие. Облигациониот однос претставува правна врска помеѓу две или
повеќе страни. Негови карактеристики се: облигациониот однос е правен
однос; облигациониот однос настанува помеѓу точно определени лица како
негови страни; облигациониот однос е од релативен карактер; облигациониот
однос за свој објект има одредено дејствие; облигациониот однос е од имотен
карактер.

Облигациониот однос е правно заштитен и е правна врска помеѓу две или


повеќе страни и доколку истиот се повреди следува имотна санкција;

Облигациониот однос секогаш настанува помеѓу точно определени лица и


тоа можат да бидат физички или правни лица;

Релативниот карактер на облигационите односи, значи дека тие се таков вид


на односи што создаваат права и обврски само за страните за кои настанале;
Облигациониот однос за свој објект има определено дејствие; давање,
сторување, несторување или трпење; Облигациониот однос е од имотен
карактер бидејќи страните се стремат кон остварување на имотен интерес.

3. Престанувањето на облигационите односи претставува извршување на


обврските заради кои се обврзале страните во облигациониот однос.
Престанувањето на облигациониоте односи се врши на следниве начини:
пребивање (компензација), новација, отпуштање од долг, соединување,
неможност за исполнување, протек на време и отказ, смрт и застареност.
Застареноста се сфаќа како начин на престанок на облигациите поради тоа
што доверителот подолго време не бара од должникот извршување на
обврската. Тоа значи, дека со нејзиното настапување, се губи само правото
принудно да се оствари одредено побарување, а не и самото тоа побарување.

Застареноста по правило почнува да тече првиот ден по денот кога


доверителот имал право да бара исполнување на обврската ако за одделни
случаи со закон е е пропишано нешто друго. Тоа значи, дека застареноста
почнува наредниоот ден од втасаноста на обврската. Од тој момент, па се до
истекувањето на последниот ден од времето утврдено во законот за
застареност, доверителот има правна можност своето побарување да го
оствари по судски пат (присилно). За сето тоа време должникот, пак, е во
задоцнување и него го погаѓаат сите правни последици што произлегуваат од
задоцнувањето. Кога рокот за исполнување не е определен, за должникот ќе
се рече дека паѓа во задоцнување откако доверителот ќе го опомене да ја
исполни обврската. Притоа, тој ова може да го стори: усно или писмено, во
вонсудска опомена или со започнување на некоја постапка чија цел е да се
постигне исполнување на обврската.

Во насока на ЗОО се предвидува еден таканаречен општ рок и повеќе


посебни рокови во кои може да се бара реализирањето на содржината т.е да
се оствари правото и да се изврши обврската.

Општиот рок на застареност се однесува само на оние побарувања за кои со


закон не е предвиден некој од посебните рокови за нивна застареност. Тој
рок, е утврден на 5 години, сметано од денот на започнувањето на
застарувањето.

- Со настапувањето на застареноста, доаѓа до губење на правото на правна


заштита. Тоа значи дека со неа се губи само правото на тужба, или правото
по судски пат присилно да се бара намирувањето на своето побарување или
извршување или неизвршување на одредено друго дејствие. Без приговор,
судот не ја зема предвид застареноста. Во отсуство на приговор од
должникот, без оглед на застареноста, судот ќе донесе одлука со која ќе го
прифати тужбеното барање на доверителот за намирување на неговото
побарување по судски пат.

Во случај на застареност, должникот не престанува да биде должник.


Неговиот долг и натаму останува, со таа разлика што поради загуба на
правото на тужба доверителот не може присилно да го натера да го исплати
тој долг.

4. Договорот е посебен вид облигационен однос кој според правните факти


ги раѓа облигациите. Зборот договор се употребува во најмалку три значења
и тоа: како правен факт, правен однос и правен документ.

Договорите се појавуваат како правен факт, што се огледа во согласноста на


волји за битните елементи на договорот. Тој правен факт го раѓа договорот
како посебен вид облигационен однос (правен однос). Од тој однос, настанат
со согласност на волјите на страните, произлегуваат права и обврски чии
носители се овие страни. Договорот, понатаму, се појавува и во значењето на
правен документ или подлогата на која е фиксирана согланоста на волјите.
Договорите можат да бидат од различен карактер: облигациони, меѓународни
и домашни, меѓудржавни со јавно правни елементи, трговски, наследни,
семејни, трудови, управни и сл.

Облигационите договори се разликуваат според 3 белези од другите


договори:

- Првиот основен белег на договорите е неговиот волев карактер. Тие можат


да настанат само со согласност на волјите на нивните страни за нивната
содржина. Друг облигационен факт освен согласноста на волјите не доведува
до настанување на договори.

- Вториот основен белег на договорите се состои во тоа што со нив може да


се постигнат три различни правни дејства. Најнапред со договор може да
настане облигација а договорите со кои се постигнува ова дејство се
нарекуваат облигациони договори. Во овие договори облигационен однос
постои помеѓу две лица со причинување на штета. Со ова на должникот му се
наметнува обврската за надомест на штета и договор за дело. Ако должникот
воопшто нема средства да ја надомести штетата тој може на доверителот да
му понуди да го исплати долгуваното за една година, но при тоа да плати
камата во определен износ. Ако страната на ошѓтетениот се согласи со ова,
меѓу нив настанува договор со кој престанува постојната облигација и
настанува нова.

- Третиот белег на договорите се состои во тоа што кај нив најпотполно доаѓа
до израз методот на координација. Имено договорните страни сами
одлучуваат дали ќе склучат договор, со кого ќе го склучат договорот, што ќе
биде предмет на тој договор, каква ќе биде неговата содржина, дали ќе
извршат соодветни промени во тој договор, на кој начин ќе престане
договорот и сл. Во случај на повреда на дововорот се појавува имотната
санкција преку каматата договорна или казнена, и договорната казна, како и
надоместок на штета во случај на повреда на договорот.

--- За да постои облигационен договор потребно е постоење на предмет на


договорот. Предметот на договорот се состои во одредено човеково дејствие,
кое може да се состои од одредено: давање, сторување, несторување; или
трпење. Предметот на договорите потребно е да биде: дозволен, возможен и
определен. Предметот е дозволен ако не постои законска забрана за да биде
ставен во правен предмет. Предметите наменети за широка потрошувачка се
апсолутно слободен правен промет, додека јавните добра и добрата од општа
употреба се надвор од правен промет. Предметот е возможен кога дејствието
може да биде извршено. Ако дејствието не може да биде извршено,
предметот е невозможен. Предметот е определен кога се состои во предавање
на точно определена ствари или извршување на точно определено дејствие.

5. Обврски на вршителот на работа (работодовителот без налог )

Работоводство без налог претставува недозволено дејство на субјектите да


преземаат правни дејствија кои навлегуваат во имотот на друг субјект на
правото, кој за тоа не дал своја согланост.. Доколку станува збор за
извршување на правна работа, вршителот треба да го има оној вид на правна
и деловна способност кои ги бара конкретниот вид на правно дело. Доколку
станува збор за фактичка работа, потребно е да има фактичка способност.

Обврски на работоводителот без налог се:

Работоводителот без налог е должен за својата постапка да го извести што е


можно побргу оној чија е работа и да ја продолжи започнатата работа
доколку му е тоа разумно можно, додека овој не ќе биде во можност да ја
преземе грижата за неа. По завршената работа тој е должен да му положи
сметка и да му го отстапи на оној чија е работата сето она што го прибавил
вршејќи ја неговата работа. Доколку поинаку не е определено со закон,
работоводителот без налог има обврски на налогопримач. При вршењето на
туѓа работа работоводителот без налог е должен да се раководи со
вистинските или веројатните намери и потреби на оној чија е работата. Тој е
должен да постапи со внимание на добар стопанственик, односно добар
домаќин. Господарот на работата е должен да го ослободи вршителот од сите
обврски што поради таа работа ги презел врз себе и да ги преземе сите
обврски што ги прифатил од негово име. Господарот на делото е должен да
му ги надомести на вршителот сите нужни и корисни трошоци , како и да му
ја надомести претрпената штета, дури и ако не е постигнат очекуваниот
резултат. Судот може, со оглед на околностите во кои некој неповикано врши
туѓа работа, да ја намали неговата одговорност или сосем да го ослободи од
одговорноста за невнимание. За одговорноста на деловно неспособен
работоводител без налог важат правилата за неговата договорна и вон
договорна одговорност.

6. Штетата како правен факт претставува одредена околност која доведува до


настанување или промена на облигационите односи. Штетата како
последица, го погодува имотот или личноста на оштетениот. Ваквата повреда
се јавува како облигационо субјективно право за оштетениот и наспроти тоа
облигационо субјективна обврска.

Штетникот, било да е тој физичко или правно лице, е страната во


облигациониот однос, која одговара за причинетата штета. За да може да
боде страна на штетник, потребно е покрај правната, да ја има и деликтната
способност. Деликтната способност претставува способност да се одговара за
причинетата штета.

Деликтната способност се стекнува со наполнети 14 години од животот.


Таквите лица се смета дека се доволно психо-физички зрели за да можат да
го сфатат значењето на своите постапки и на последиците произлезени од тие
постапки. Лицата кои се душевно болни или имаат заостанат умствен развој
се деликтно неспособни. Лицата кои ќе причинат штета во состојба на
опијанетост, дрогираност и слично, се деликтно способни и одговараат за
причинета штета.

Надомест на материјална штета претставува отстранување на штетните


последици настанати од штетното дејствие на штетникот врз имотот на
оштетениот.

Материјална штета се надоместува материјално пришто тоа може да се


изврши на два начина: преку враќање на имотот во состојбата во којашто бил
пред да настане штетата; или преку враќање на имотот во онаа вредносна
состојба во којашто бил пред да настане штетата, односно парично
надоместување на штетата.
При надоместувањето на материјална штета две прашања се од особена
важност: во кој обем треба да се надомести штетата и колкав е износот на тоа
изнесување.

Според ЗОО оштетениот има право како на надомест на обична штета, така и
на надомест на испуштена корист. Во одредени случаи, обемот на
надоместување на материјалната штета значи надоместување на целокупната
штета, а тоа значи надоместување на обичната штета, на испуштената корист
и на штетата што оштетениот ја претрпил поради настанување на определени
околности. Надоместувањето во одредени случаи може да биде намалено во
услови кога штетата не е причинета намерно или со крајно невнимание;
материјалната состојба на одговорното лице е лоша; материјалната состојба
на оштетениот е таква што да може да го поднесе намалувањето на
надоместувањето. До намалување на штетата може да дојде и кога
оштетениот придонел штетата да настане или да биде поголема отколку што
би било инаку.

Што се однесува на висината на надомест на материјална штета, треба да се


каже дека таа се поставува како прашање само кога надоместувањето се врши
во пари. Висината на надоместување на обична штета се определува според
цените во времето на донесување на судска одлука, доколку со закон не е
предвидено поинаку. Доколку обичната штета е причинета со оштетување
или уништување на предмет со умисла, на барање на оштетениот, судот
износот може да го определи повисоко од реалниот износ.

Кога станува збор за висина на надоместокот на испуштената корист, тогаш


висината на надоместот се определува според висината на користа што
оштетениот не ја остварил, со што ќе ја остварел доколку не му била
причинета штетата.

7. Дејство на облигацонен однос ( Судска цесија )

Кога станува збор за дејството на облигационите односи се мисли на тоа на


кого се однесува содржината на облигациониот однос, односно кому му
припаѓаат правата и обврските од тој однос. Според ЗОО „Доверителот во
обврзан однос е овластен да бара од должникот исполнување на обврската, а
должникот е должен да ја исполни таа обврска“. Исплнувањето се состои од
извршување на она што ја сочинува содржината на обврската, па ниту
должникот може да ја исполни со нешто друго, ниту доверителот може да
бара нешто друго.

За да престане дејството на облигационите односи, потребно е да дошло до


реализирање на нивната содржина, а тоа значи да бидат извршени обврските
и да бидат рализирани правата кои произлегуваат од нив. Со ова целта на
облигационите договори е остварена. За дејства на облигационите односи се:
побивање на должниковите правни дејствија, право на задржување и судска
цесија. Судската цесија претставува посебен вид на промена на страната на
доверителот. До неа доаѓа во случај кога должникот од даден облигационен
однос не ја изврши обврската спрема својот доверител од тој однос. Во таков
случај, доверителот, прибегнува кон заведување на судски спор со цел по
судски пат да издејствува извршување на обврската на должникот. Но и при
донесена позитивна судска одлука, доверителот може да остане без
намирување на своето побарување од должникот. При таков случај на
доверителот не му останува ништо друго освен да види дали неговиот
должник има некое свое побарување во однос на трето лице со кое е во
одреден облигационен однос. Доколку ова постои, доверителот од првиот
однос, кој не можел ниту по судски пат да го оствари побарувањето на
должникот, може во извршна постапка да побара од надлежниот извршител
пренос на должниковото побарување што го има спрема третото лице како
свој должник. Со прифаќање на ова барање, доверителот доаѓа наместото на
својот должник кој што е доверител во однос на трето лице.

You might also like