You are on page 1of 3

Знаци за директен говор

македонски јазик, правопис

Знаци за директен говор се наводници и црта (тире).

 Црта се пишува кога директниот говор започнува во нов ред:


На пример:

— Кога ќе се вратиш? — праша мајката.

Синот не знаеше што да одговори, па рече:

— Немој да ме чекаш.

 Наводници се ставаат пред почетокот и на крајот од исказот кога директниот говор


не почнува во нов ред:
На пример:

Мајката загрижено го праша: „Кога ќе се вратиш?“

 Наводници се пишуваат за да се обележи внатрешен монолог којшто има форма на


директен говор.
На пример:

„Што да ѝ одговорам?“, си мислеше. „Да ѝ ја кажам вистината? Така ќе ја скршам.


Подобро да премолчам.“ Тивко рече: „Немој да ме чекаш.“

 Обично кога секоја реплика од дијалогот се бележи во нов ред пишуваме црта:
— Здраво!

— Здраво!

— Како си?

— Добро.

 Често во литературните текстови при предавање дијалог се користат само


наводници, па и во дијалози каде секоја реплика е во нов ред.
 
Правила за употреба на другите интерпункциски знаци во директниот говор

 Кога пред директниот говор има зборови што го појаснуваат, излезните наводници
се пишуваат по знакот точка.
На пример:

Марија му рече: „Врати се порано.“

 Излезните наводници се пишуваат и по прашалник, извичник и три точки.


На пример:

„Дојди!“ — викна Петре. „Зошто не доаѓаш?“


„Не можам, заглавен сум…“ — одговори Митре.

 Кога објаснувачките зборови следуваат по директниот говор , по него се ставаат


или запирка или прашалник или извичник или три точки, а потоа се пишува црта.
(Не може да се стават два интерпункциски знака, и прашалник и запирка.
Запирката се пишува во исказните реченици, а не точка зашто реченицата
продолжува.)
На пример:

— Влези слободно, — му рече бабата.

 Запирката може да ја употребиме наместо црта кога употребуваме наводници, па


директниот говор може да се напише на два начина.
На пример:

„Влези слободно“ — му рече бабата.

„Влези слободно“, му рече бабата.

 Ако директниот говор е разделен со објаснувачки зборови, тогаш зад првиот дел се
пишува запирка, извичник, прашалник, три точки, па се пишува црта.
а) По објаснувачките зборови се пишува точка, а потоа црта ако првиот дел од директниот
говор претставува завршена мисла.

На пример:

— Влези слободно. — му рече бабата.


б) По објаснувачките зборови се пишува само црта ако првиот дел од директниот говор е
незавршена мисла.

На пример:

— Влези слободно — му рече бабата — и седни си каде сакаш.

Ако употребиме наводници, примерот ќе биде вака:

„Влези слободно — му рече бабата — и седни си каде сакаш.“

Или:

„Влези слободно“, му рече бабата, „и седни си каде сакаш.“

 Ако едноподруго во ист ред се наведуваат неколку реплики без да се нагласи од


кого се изречени, тогаш секоја од нив се одделува со наводници и секоја од нив се
одделува со црта.
На пример:

„Влези слободно.“ — „Каде  да седнам?“ — „Седни си каде сакаш.“ — „Благодарам.“

You might also like