You are on page 1of 6

Активности за УЧЕЊЕ ОД ДОМА по предметот МАКEДОНСКИ ЈАЗИК за периодот

од 23.03.2020 до 27.03.2020

Активност бр.1

Јазик - Директен и индиректен говор стр. 116 – обработка

ПЛАН:

ДИРЕКТЕН И ИНДИРЕКТЕН ГОВОР

Точното наведување на туѓите мисли се вика директен говор.

Директен говор – примери

1.Мама ме праша: „Ја читаш ли книгата?“


2.Кире рече: „Сите дојдоа навреме“.
3.Нина тивко ми шепна: „Внимавај, те гледа учителката!“

Пренесувањето на туѓите мисли со сопствени зборови се вика


индиректен говор.

Индиректен говор – примери

1.Мама ме праша дали ја читам книгата.


2.Кире рече дека сите дошле навреме.
3.Нина тивко ми шепна да внимавам зашто ме гледа учителката.
Задача за домашна работа:
Напиши 3 реченици во директен и 3 реченици во индиректен говор!
Ако ти е полесно можеш напишаните реченици во директен говор да ги запишеш во
индиректен!
Активност бр.2 ПЛАН:

Интерпункциски знаци кај директен говор


(: - , „ “)
Директниот говор во реченицата може да се запише на 3 начини:

Прв начин:
Прво се пишуваат зборовите за појаснување, се ставаат две точки, а
потоа се запишува директниот говор во наводници.

Пр.

Елена рече: „Пролетта е најубавото годишно време


сѐ е раззеленето“.

Зборови за појаснување Директен говор

Задолжително се употрбуваат две точки (:) и наводници („ “)

Втор начин:
Прво се пишуваат директниот говор, тој се става во наводници, а
зборовите за појаснување се одделуваат со цртичка (-), тире.

Пр.

„Пролетта е најубавото годишно време, сѐ е


раззеленето“ – рече Елена.

Директен говор Зборови за појаснување


Трет начин:
Кога има два директни говори (цитати), а меѓу нив се зборовите за
појаснување, директниот говор (цитатот) се става во наводници, а
зборовите за појаснување се одделуваат со цртичка (тире).

Пр.

„Пролетта е најубавото годишно време“ – рече Елена-


„сѐ е раззеленето“.

Директен говор Зборови за појаснување

Еве уште еден пример!


ЗАПОМНИ!
На крајот од реченицата напишана во директен говор прво се
пишува прашалник, извичник или три точки, а потоа се
затвараат наводниците.

Пр:

Наставничката праша: „Кој ја прочита лектирата?“

Мама извика: „Не го отварај прозорецот кога дува силен ветер! “

„Во овој камион сум превезувал: јаболка, круши, зелки ...“ - му кажа
возачот на тато.

Кога реченицата завршува со точка прво се пишуваат


наводниците, а потоа точката.
Пример:

Мила напиша оглас: „ Ја менувам мојата топка, за јаже за


скокање“.

Задача за домашна работа:


Незадолжиелно, но корисно! Кликни на линкот ако сакаш да
научиш уште нешто за Директен и индиректен говор!
ДИРЕКТЕН И ИНДИРЕКТЕН ГОВОР

You might also like