You are on page 1of 4

ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ОПЕРАТА

КАКВО МУЗИЧКО ДЕЛО Е ОПЕРАТА?


 Операта е вокално инструментално музичко сценско
дело
 Операта има за цел да ни прикаже драмско дејствие или
некаква случка каде текстот(либретото) се пее од
професионални пеачи со придружба на инструментална
музика изведена со симфониски оркестар
ОПЕРАТА ПРЕТСТАВУВА СПОЈ НА УМЕТНОСТИТЕ
 Операта е најкомплексното и најграндиозно музичко
сценско дело
 Претставува синтеза на сите уметности и тоа
музиката може да биде:вокална (пеење) и
инструментална (свирење)
 Кај литературата имаме пишан текст (либрето)
 Глумата претставува создавање драматика на сцена
 Кај балетот по потреба се танцува
 Во ликовната уметност се подготвува сцената
ПОЈАВА НА ОПЕРАТА
 Првите почетоци на операта датираат уште од
времето на старите Грци (V век) за време на изведба на
Грчката трагедија старите Грци настојувале да биде
присатна и музиката во форма на пеење
ОЖИВУВАЊЕ НА ГРЧКАТА ТРАГЕДИЈА ПРЕКУ ОПЕРАТА
 Кон крајот на XVI век во Фиренца –Италија група
уметници наречени firentinska camerata составена од
писатели,музичари и филозофи дошле на идеја да ја
обноват Грчката трагедија со создавање на нова музичка
сценска форма наречена опера што значи драма која се
пее.Меѓу уметниците се наоѓал и творецот на првата
опера композиторот Јакопо Пери. Првата Опера
настанала во 1594 година и се викала Дафне, а ја создал
Јакопо Пери, но нотниот текст е изгубен и немаме
никакви податоци за оваа опера.Втора создадена опера е
операта Евридика од истиот композитор.За прв пат се
извела во 1600 година
РЕФОРМИ И РАЗВОЈ НА ОПЕРАТА
 Операта во својот развој претрпела три реформи.
Затоа што композиторите барале да се постигне
урамнотеженост и баланс помеѓу музиката и драмското
дејствие
 Првата реформа е во Барокот во XVII век наречена
Монодиска Опера (повеќе текст, а помалку музика)
 Втората реформа е во Класицизмот во XVIII век наречена
Опера со Нумери (повеќе музика отколку текст)
 Трета реформа e во Романтизмот во XIX век и конечно
до посакуваната музичка сценска форма наречена
Музичка Драма
ПРВА РЕФОРМА
 Клаудио Монтеверди(1567-1643) е Италијански
композитор и прв реформатор на операта- Монодиска
опера.Се смета за најголем мајстор на операта во
своето време кој постигнал единство меѓу музиката и
драмата.Ја развил Ариата од едноличниот речитатив.
Операта Орфеј се смета за прво музичко сценско дело.Го
поставил темелот за создавање на оперскиот оркестар
ВТОРА РЕФОРМА
 Кристоф Вилибалд Глук е Германски композитор (1714-
1787). Ја усовршува операта и тој работи на единството
помеѓу музиката и драмата, оди во друга крајност и
оперите имаат повеќе музика отколку текст. Нумерите
во оперите сакал да ги спои и да ги замагли за да не
бидат оделени една од друга
ТРЕТА РЕФОРМА
 Рихард Вагнер ( 1813 – 1883) е германски композитор и е
третиот и најзначаен реформатор на Операта. Ја
создава Операта ДРАМА-Драмското дејствие и музиката
ги изедначува
 Дејствието го дели на чинови
 Чиновите на слики
 Употребува Лајт Мотив
 Композиторот и Либретистот треба де е една иста
личност
 Ја усовршува оркестрацијата
 Работи на Акустичките проблеми, гради свој театар од
дрво
 Ја издигнува Германската опера
 Создава опери на либрето од Германски легенди и
преданија

ИЗРАБОТИЛЕ:Христина Талевска
Ива Томевска
Глориа Петковска
Илина Лозановска

You might also like