You are on page 1of 10

ПОСЕБНИ УСЛОВИ

ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА


- ЕВРО КАСКО -
I. ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ ВО ОВИЕ УСЛОВИ:

Одделни изрази употребени во Општите услови за комбинирано осигурување на


возила – каско, го имаат следното значење:
1) ОСИГУРУВАЧ е „ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,,
2) ОСИГУРЕНИК е физичко лице, сопственик на возилото, чиј предмет односно имотен
интерес е осигуран со осигурителната полиса, и на кое му припаѓаат правата од
осигурување.
3) ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ е лице кое во свое име и за своја сметка, а во
име на друг склучило договор за осигурување. Како Договорувач на осигурување ќе се
смета и лицето (правно или физичко) кое дало гаранција дека ќе плати ако осигуреникот-
корисникот на осигурувањето нема да ја исполни обврската за плаќање на премијата.
ЗАСТАПНИК НА ОСИГУРЕНИКОТ е секое физичко или правно лице кое има
полномошно заверено кај нотар, или адвокат со уредно полномошно издадено од самиот
осигуреник, да дејствува во интерес на ОСИГУРЕНИКОТ во однос на осигурениот
предмет после склучување на осигурувањето, освен дејствија на застапување кои се
казниви според Кривичниот Законик на Република Македонија. Секаде во текстот каде е
употребен терминот ДОГОВОРОРУВАЧ или ЗАСТАПНИК се подразбира и
ОСИГУРЕНИК и обратно.
4) ВОЗИЛО во смисла на овие услови е моторно возило ( со исклучок на моторцикл) на
сопствен погон наменето исклучиво за превоз на патници со максимален број на осум
места за седење без возачкото седиште и кое се управува со возачка дозвола од „Б„
категорија со македонски регистарски број наменето за движење по пат (без возила за
трки) .
5) ВОЗАЧ е лице кое управува со возило на пат или кое се вози во возилото, со цел да биде
на располагање на возење, доколку е неопходно;
6) ВОЗАЧ-ПОЧЕТНИК е секој возач на моторно возило до 21 година возраст, како и возач
на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола,
независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач
почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на
возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за
друга категорија;
7) СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ е износ на кој предметот, односно имотниот интерес е
осигуран;
8) ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ претставува износот што се плаќа од договорот за
осигурување;
9) НЕТОЧНО ПРИЈАВЕНА СОСТОЈБА по смисла на овие Општи услови е секоја
значајна состојба за која осигуреникот не му дал точна информација на осигурувачот
10) СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА е настан, кој се случил во процесот на движење на возилото
и предизвикало ошетување на друго моторно возило ( со исклучок на моторцикл) .
11) СТРАНСКА ВАЛУТА е следната парична единица: EUR (евро).
12) ЛИЦА БЛИСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ се лица со кои сопственикот на возилото и/или
ОСИГУРЕНИОТ и/или него в близо к со ко ј живее во брачни односи, без да е склучен
брак; деца земени за чување, но не усвоени; роднините по права линија и нивните брачни
другари; роднините по странична линија до трет степен, вклучувајќи и лица кои живеат со
него во едно домаќинство, негови вработени со работен договор, договор за управување,
договор за контрола и договор за прокурорство;
13) РОДНИНИ ПО ПРАВА ЛИНИЈА се низа сродници по крв кои произлегуваат еден од
друг во права линија и се пресметуваат по принцип „колку раѓања толку степени “ (нпр.
роднини по права линија до трет степен са : дедо, татко, син/ќерка и внук/а)
14) ЗБСП - Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата;
15) ЗВ – Законот за возила;
16) ЗОО - Закон за облигационите односи;

II. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Објект на осигурување
Член 1
ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје , понатаму во овие услови наречено
„ОСИГУРУВАЧ“, за платена премија за осигурување, ги осигурува под овие посебни услови за
Комбинирано осигурување на возила – Евро каско, возилата со македонски регистарски таблици,
сопственост исклучиво на физички лица со постојна или сегашна адреса во Република
Македонија, кои лица понатаму се нарекуваат „ОСИГУРЕНИК“.
Осигурувањето е важечко за осигурани настани кои се случиле исклучиво на
територијата на Република Македонија.

Предмет на осигурување
Член 2
По сила на овие посебни услови се осигуруваат исклучиво возила во смисол на член 1
точка 4 од овие Услови.

Покриени ризици
Член 3
Договорот за осигурување обезбедува покривање на ризици кои јасно се предвидени во
него, како што следуваат:
1) сообраќајна незгода која се случила на возило во смисол на член 1 т.4 во процес на
движење, односно експлоатација на истото и во која учествуваат најмалку две возила и на
истите е причинета материјална штета и за која е изготвен Европски извештај од страна на
учесниците во незгодата во согласност со одредбите од ЗБСП или е сочинет записник за
извид на лице место од надлежната служба на МВР.
2) Максималниот износ на осигурително покритие за цел период на осигурување изнесува
12.300,00 (дванаесет илјади и тристотини )денари
3) Осигурително покритие важи под услови, возилото да се наоѓа во владение и да се
управува од ОСИГУРЕНИКОТ, лица близки на осигуреникот или лица кои се
ополномоштени или се законски претставници на ОСИГУРЕНИКОТ.

2
Исклучени ризици
Член 4
Осигурувањето, склучено под овие посебни услови, не ги покрива штетите на осигуреното
возило или во врска со него, причинети од или како последица на:
1) Нерегистрирани возила;
2) дејствија со умисла, непреземање дејствија со умисла или груба небрежност од страна
на ОСИГУРЕНИКОТ, на негови блиски, на негови законски претставници или
ополномоштеници, на лица на кои од страна на ОСИГУРЕНИКОТ законски им е
наложено да го управуваат, чуваат или поправаат осигуреното возило, на возачот на
осигуреното возило или на лица кои се превезуваат во осигуреното возило;
3) Кршење на стаклата на возилото од било која причина;
4) управувањето на возило, кое е исклучено од сообраќај согласно законската регулатива;
5) како резултат на принудни дејствија од државни или општински органи или како
резултат на принудно извршување според законот кој е во сила;
6) учество на возилото во секаков вид на натпревари, тренинзи, испитувања и др.
слично;
7) ненаменско користење на возилото во согласност со одредбите од ЗБСП и Законот за
Возила;
8) дејствија со злонамера или непреземање дејствија со умисла од лице, кое ја врши
работата со корисна цел, со соучесништво на ОСИГУРЕНИКОТ или било кој близок
на ОСИГУРЕНИКОТ и на претставник на ОСИГУРЕНИКОТ .
9) дејствија со умисла, непреземање дејствија со умисла на ОСИГУРЕНИКОТ и/или на
негов близок, или претставник насочено кон исценирање на осигурен настан;
10) управување на возилото од страна возач-почетник кој го управувал возилото
недозволено за неговиот степен на обученост согласно ЗБСП и јачина на моторот
поголема од определената во ЗБСП за категоријата возач-почетник и другите
ограничувања за возач- почетник пропишани во ЗБСП;
11) управување на возило од возач кој не поседува возачка дозвола или возачка дозвола
која не е соодветна за категоријата на возилото кое што го управува, возач на кој што
му е изречена мерка забрана за управување со моторно возило за периодот додека трае
забраната, како и непродолжена возачка дозвола над стросниот лимит на возачот
пропишан во ЗБСП, за кој е потребен доплнителен лекарски преглед и слично;
12) управување на возилото од возач кој конзумирал алкохол над дозволената граница и
употребил опојни дроги или други психотропни супстанци спротивно на одредбите од
ЗБСП. Се смета дека возачот е под дејство на алкохол, ако со анализа на крвта или
друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека
содржината на алкохол во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг алкохол во организмот,
или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или
со апарат за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на
количества поголеми од 0,50 г/кги доколку има повеќе од 0 г/кг алкохол во организмот
ако е возач почетник или ако е возач за останатите категории на возачи согласно
ЗБСП, за кои постои забрана за управување на возило, ако во организмот има алкохол
или ако покажува знаци на алкохолна растроеност.
Се смета дека возачот е под дејство на алкохол, без оглед на количеството на
алкохол во организмот,
а) ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се
утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен во случај кога земањето
на крв е штетно за неговото здравје (на пр. Хемофилија)

3
б) ако по сообраќајната незгода, но пред вршење на алкотестирање според
утврдената процедура од страна на надлежните органи, избега или одбие да се
подложи на испитување на неговата алкохолизираност, или консумира
алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта
в) возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се
утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба дрога или
други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се
подложи на испитување неговата дрогираност.
13) ако штетата е причинета од груба небрежност, во која се смета, управување со брзина
на движење поголема од 50% од максимално дозволената, или намерно движење по
пат со големи оштетувања на коловозните ленти.
14) непридржување кон прописите на надлежните органи, поврзани со движење по
забранети и означени делници, патишта, движење без ланци, движење со приколки и
полуприколки, движење со истрошени гуми и/или со гуми несоодветни за условите на
патот;
15) Полисата на Евро каско не може да биде искористена истовремено за барање оштета
со полиса на каско за еден ист осигурителен случај.

ОСИГУРУВАЧОТ не должи обештетување на ОСИГУРЕНИКОТ, ако се утврди дека:


1) постојат податоци, дека на ОСИГУРУВАЧОТ му се доставени неавтентични документи
или документи со неточна содржина, независно од тоа дали ОСИГУРЕНИКОТ, односно
ОСИГУРУВАЧОТ знаел дека соодветниот документ е неавтентичен и/или неточен;
2) осигуреното возило незаконски е внесено во земјата, независно дали тој факт му бил
познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно на ОСИГУРУВАЧОТ, при склучување на
осигурувањето;
3) осигуреното возило не е регистрирано од надлежните органи според законот, независно
дали тој факт му бил познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно на ОСИГУРУВАЧОТ, при
склучување на осигурувањето;
4) осигуреното возило не му припаѓа на лицето кое е пријавено како сопственик пред
ОСИГУРУВАЧОТ;
5) бројот на шасија на осигуреното возило не се совпаѓа со бројот на шасијата на
произведените возила од истиот тип и модел, согласно базата на податоци на фирмата
производител или воопшто не постои во базата на податоци на производителот на тој тип
и модел на возило, независно дали тој факт му бил познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно
на ОСИГУРУВАЧОТ, при склучување на осигурувањето, освен ако констатирана
несоодветност во броевите на шасијата на осигуреното возило се должи на објективни
причини и истите се докажат од страна на ОСИГУРЕНИКОТ со документ издаден од
производителот на возилото или од надлежен државен орган. Исто така,
ОСИГУРУВАЧОТ не го плаќа обесштетувањето, ако се пронајде несоодветност меѓу
бројот поставен на шасијата на осигуреното возило, со бројот запишан во сообраќајната
дозвола за возилото;
6) ако ОСИГУРЕНИКОТ намерно го доведе во заблуда ОСИГУРУВАЧОТ или со измама од
страна на договорувачот на осигурување или корисниците на осигурувањето со давање на
неточни податоци поврзани со бројот на шасијата на возилото или кога се работи за
украдено возило;
7) осигуреното возило се наоѓа на територијата на Р.Македонија по истекот на рокот на
специјалниот царински режим, без исполнување на соодветните царински и даночни
барања, независно од тоа дали тој факт му бил познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно на
ОСИГУРУВАЧОТ, при склучување на осигурувањето;

4
8) постои обид за измама или заблуда на ОСИГУРУВАЧОТ од страна на ОСИГУРЕНИКОТ ,
при склучување на договорот за осигурување и/или при побарување за исплата на
обесштетувањето од осигурувањето и/или при докажување на настанот кој е осигуран
и/или при проценка на штетите;
9) осигуреното возило било предмет на договор за продажба со исплата со задржување на
сопственоста според македонското законодавство од областа на залог на движни
предмети, без претходна писмена согласност на ОСИГУРУВАЧОТ за тоа;
10) во моментот на осигурениот настан возилото служи за обезбедување на долг на
ОСИГУРЕНИКОТ или на трето лице, без да постои претходна писмена согласност на
ОСИГУРУВАЧОТ за тоа;
11) ОСИГУРЕНИКОТ, негов близок или негов преставник со умисла, поради
незаинтересираност, поради неподготвување, поради неподнесување или поради
ненавремено поднесување на документ во врска со осигурениот настан, го лиши
ОСИГУРУВАЧОТ од правото да достави регресно барања кон причинителите на штетата;
12) постои неточно пријавена и/или премолчана состојба од страна на ОСИГУРЕНИКОТ или
негов претставник во врска со случувањето на осигурениот настан.
13) Осигуреното возило било користено за вршење на превоз на патници како такси возило,
или било изнајмено за користење како рента кар возило.

III. ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Склучување на договорот за осигурување


Член 5
Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмен предлог од сопственикот на
возилото кое се нуди за осигурување, односно од ДОГОВОРУВАЧОТ. Во предлогот или во
прилогот, кој е неразделен дел од предлогот, сопственикот на возилото и/или
ДОГОВОРУВАЧОТ е должен да ги пријави сите постоечки состојби, кои му се познати или се од
значење за покривање на ризиците и/или за осигурената сума, и/или за висината на
осигурителната премија.
Договорот за осигурување е неважечки за возила кои се исклучени од сообраќајот според
прописите и/или не го поминале годишниот технички преглед, како и возило на кое на
незаконски начин му се сменети фабричките броеви на шасијата.
ОСИГУРУВАЧОТ не е одговорен за штети на возилото, кои се констатирани при
склучување на договорот за осигурување.
Договорот за осигурување-полиса за осигурување се подготвува во најмалку 2 (два)
еднакви примероци, при што првиот примерок останува кај ОСИГУРУВАЧОТ, а вториот му се
дава на ОСИГУРЕНИКОТ, односно ДОГОВОРУВАЧОТ.
Вториот примерок од договорот за осигурување (осигурителната полиса) се предава на
ОСИГУРЕНИОТ по плаќање на целата премија,
Со потпишување на осигурителната полиса, ОСИГУРЕНИКОТ изјавува дека е
информиран за правата според Законот за заштита на личните податоци и дека ја дава својата
согласност неговите лични податоци да се користат, обработат и чуваат од ОСИГУРУВАЧОТ за
извршување на сите потребни дејствија за склучување, извршување и прекинување на договорот
за осигурување како и да му се нудат други видови на осигурување, согласно барањата на
Законот за заштита на личните податоци, Законот за облигационите односи и Законот за
супервизија на осигурување, како и со придржување кон останатите соодветни законски и
подзаконски акти на македонското законодавство.
Дополнителните спогодби меѓу страните по договорот за осигурување се склучуваат во
форма на анекси кон осигурителната полиса и се неразделен дел од неа.

5
Рок на важење на договорот за осигурување
Член 6
Договорот за осигурување се склучува за рок од една година и стапува во сила од 24.00
часот на денот кој е посочен во осигурителната полиса како почеток на договорот.

Сума на осигурување
Член 7
Сумата на осигурување е 12.300 ,00 (дванаесет илјади и тристотини )денари.

Премија на осигурување
Член 8
Висината на премијата на осигурување изнесува 850,00 (осумстотини и педесет денари).
Осигурителната премија се плаќа во денари еднократно при склучување на договорот за
осигурување.

Важност на договорот за осигурување


Член 9
Договорот за осигурување важи, ако е склучен согласно процедурите за прием во
осигурување.
Престанок на договорот за осигурување
Член 10
Договорот за осигурување се прекинува пред истек на рокот:
1) поради неплаќање на премија согласно член 969 став 3 од Законот на облигационите
односи
2) без писмено известување, со взаемна согласност на страните, сметано од 00.00 часот во
денот, кој следува по настанување на тотална штета (целосна загуба) на осигуреното моторно
превозно средство;
3) во други случаи, императивно предвидени во македонското право, во овие услови или во
конкретниот договор за осигурување.

Префрлување на правата по договорот за осигурување


Член 11
При промена на сопственоста на осигуреното возило, договорот за осигурување се
прекинува, сметано од моментот на нотарското заверување на потписите на страните од
договорот за промена на сопственоста, а новиот сопственик не ги добива правата на
ОСИГУРЕНИКОТ.
IV. ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Услови и потребни документи за исплата на обештетување


Член 12
При настанување на осигуран настан во Р.Македонија, ОСИГУРЕНИКОТ е должен:
1) да преземе мерки за спасување, ограничување и намалување на штетите на осигуреното
возило;
2) усно веднаш да ги извести надлежните државни органи (полиција и др.) или со другите
учесници во незгодата да потпише Европски извештај во согласност со одредбите од
ЗБСП
6
ОСИГУРЕНИКОТ е должен да го чува возилото во состојба која настанала по случување
на осигурениот настан до одредување на висината на штетите од страна на ОСИГУРУВАЧОТ.
При поднесување на побарување за исплата на обесштетување, ОСИГУРЕНИКОТ или
некое од лицата блиски на осигуреникот (лично или преку свој изричен ополномоштеник или
друг законски претставник) поднесува „Пријава за штета по Авто-каско“, по образец на
ОСИГУРУВАЧОТ и се легитимира со лична карта пред овластен работник на ОСИГУРУВАЧОТ.
Кон барањето, ОСИГУРЕНИКОТ зависно од видот на осигурениот настан му ги доставува
на ОСИГУРУВАЧОТ следните документи:
1) Осигурителна полиса - оригинал;
2) Сообраќајната дозвола - оригинал ;
3) Возачка дозвола или потврда за поднесено барање за издавање на возачка дозвола од
лицето кое го управувал возилото кога се случил осигурениот настан - оригинал
4) Документите кои ги докажуваат околностите во врска со осигурениот настан – записник
од МВР за сообраќајна незгода, Европски извештај за сообраќајна незгода, потврда од
МВР за испитување на крвта,
5) Писмена изјава за штетниот настан
6) Копија на картичка на трансакциона сметка
ОСИГУРУВАЧОТ го задржува правото по потреба да побара други докази, податоци и
документи надвор од посочените во став (4), за докажување на осигурениот настан, сопственоста,
правото и начинот на добивање на обесштетувањето, како и во однос на сметката, на која треба
да се уплати обесштетувањето.

Одредување на висината на обештетувањето


Член 13
Преглед и опис на штетите на осигуреното возило се врши од стручни лица-експерти за
извид, или комисија на ОСИГУРУВАЧОТ. Извидот на оштетеното возило се врши во присуство
на ОСИГУРЕНИКОТ со претходно одредени и посочени на ОСИГУРЕНИКОТ ден, час и место.
За извршениот извид, експертот односно комисијата составува писмен записник - ,, Записник за
извид на оштетено возило“.
Врз основа на констатациите од извидот, експертот односно Комисијата одредува:
1) степен на оштетување на деловите;
2) деловите кои се предлагаат за замена, како и констатација дали истите соодествуваат на
случениот штетен настан, при што констатацијата на експертот или комисијата се дава во
документот „Записник за извид на оштетено возило“и се потврдува со дигитални
фотографии.
3) Во случај договорените страни да не се согласат при заедничкото утврдување и
процена на штетата, секоја од договорените страни може да го оствари своето право
во судска постапка кај надлежниот суд во Скопје.
Проценката на штетите се врши согласно важечките процедури и нормативи на
ОСИГУРУВАЧОТ во моментот на пријава на штетите , а во врска со одредби од македонското
законодавство. ОСИГУРУВАЧОТ изготвува експертска проценка, со која се одредува вредноста
на штетата, и ја соопштува на ОСИГУРЕНИКОТ. Тој, по негово барање, има право да се
запознае со Процедурите и нормативите на ОСИГУРУВАЧОТ во секое време пред и за време на
траење на осигурувањето.
По одредување на вредноста на штетата, ОСИГУРУВАЧОТ ја одредува висината на
обесштетувањето кое го должи.
При одредување на висината на обештетувањето се земаат во предвид:
1) веќе исплатените обештетувања по договорот за осигурување;

7
2) други околности во врска со висината на обештетувањето, предвидени во овие услови и
во договорот за осигурување.
Не се исплатува обештетување за оштетувања на возилото кои постоеле пред склучување
на договорот за осигурување и биле забележани во него. Следна можност за впишување во
договорот на постоечки оштетувања е дозволено по вршење на нов преглед од страна на
ОСИГУРУВАЧОТ, со кој се констатира нивно отстранување.

Обештетување при делумна штета


Член 14
При делумна штета ОСИГУРЕНИКОТ може по свој избор:
1) да го прими обештетувањето, одредено со експертска проценка на основа на составениот
Записник за извид на оштетено возило. Проценката се врши според одредбите и условите
на член 14 од овие услови.
2) да ја отстрани, во авто сервис со кој ОСИГУРУВАЧОТ има склучено договори за
соработка и во кој ќе биде упатен од страна на ОСИГУРУВАЧОТ.
По поправка на оштетеното возило, ОСИГУРЕНИКОТ е должен да го даде на
ОСИГУРУВАЧОТ за преглед за констатирање на исправноста и дали е отстранета штетата, а за
таа цел се составува записник за преглед. Во спротивно, при оштетување на истите делови при
нов осигуран настан, ОСИГУРУВАЧОТ не должи обесштетување за нив.
По исплата на обесштетувањето за делумна штета, возилото се смета за осигурано до
крајот на рокот на договорот за сума еднаков на разликата меѓу осигурената сума и збирот од
исплатените обештетувања.
При делумна штета на осигуреното возило, ОСИГУРЕНИКОТ е должен да ги предаде на
ОСИГУРУВАЧОТ сите оштетени делови и системи на возилото, кои биле заменети при вршење
на поправката на осигуреното возило. Сопственоста врз тие делови и системи се префрла од
ОСИГУРЕНИКОТ на ОСИГУРУВАЧОТ во моментот на исплата на обесштетувањето за нив.

Регрес и застареност на обештетувањето


Член 15
Ако е причинета штета по вина на трето лице, Осигуреникот ги отстапува правата на
Осигурувачот во однос на третото лице до висина на исплатеното обештетување и направените
трошоци.
ОСИГУРЕНИКОТ е должен да му ги достави на ОСИГУРУВАЧОТ сите документи,
докази и податоци, кои го потврдуваат осигурениот настан и кои се потребни за поднесување на
регресно барање.
Откажувањето на ОСИГУРЕНИКОТ да ги користи правата против виновните лица нема
сила во однос на ОСИГУРУВАЧОТ.
Правата по договорот за осигурување, склучен според овие Општи услови, застаруваат со
истекување на 3 (три) години од случување на осигурениот настан, односно во согласност со
ЗОО.

V. ДРУГИ ОДРЕДБИ

Kореспонденција
Член 16
Сите соопштенија и известувања помеѓу страните од склучениот договор за осигурување
се вршат писмено на наведените во полисата за осигурување адреси на ОСИГУРЕНИКОТ и
ОСИГУРУВАЧОТ.

8
Не се смета за писмено соопштение или известување, изјава испратена по факс или телекс
освен ако од книгите и документите кои ја одразуваат работата на тие апарати е исклучено
неточно спроведување на изјавата. Не се смета за писмено соопштение и изјава направена по e-
mail, освен ако се исполнети соодветните барања за електронски потпис.
Страните се должни да се известуваат една со друга за секоја промена на својата адреса за
кореспонденција. При неисполнување на таа своја обврска, сите соопштенија и известувања
испратени до последната известена адреса на соодветната страна се сметаат за уредно врачени.

Применети норми
Член 17
За се што не е регулирано во овие услови во однос на склучување на договори за
осигурување и обештетување во случај на осигурен случај, ќе се применуваат одредбите од:
- Законот за супервизија на осигурување,
- Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,
- Законот за задолжително осигурување во сообраќајот,
- Законот за возила,
- Законот за облигациони односи
- и други соодветни законски и подзаконски акти.

Начин на поднесување на оштетно побарување


Член 18
Осигуреникот/корисникот на осигурување има право да поднесе оштетно побарување до
Осигурувачот кое задолжително се доставува во писмена форма до Генералната дирекција на
Друштвото, на адреса на седиштето на Друштвото по податоците на Друштвото во Централниот
регистар на РМ, и тоа лично или по пошта.
Доколку договорот за осигурување е склучен преку Осигурително брокерско друштво, во
случај на настанување на осигуран случај, при поднесување на оштетното побарување,
осигуреникот може да побара помош од Осигурително брокерското друштво.

Орган надлежен за супервизија во осигурување


Член 19
Осигуреникот/корисникот на осигурување има право да поднесе жалба, односно приговор
во однос на работењето на Осигурувачот, како и во однос на работењето на Осигурително
брокерското друштво, Друштво за застапување во осигурувањето и/или Застапник во
осигурувањето (доколку договорот за осигурување е склучен со посредство на некој од овие
субјекти) до Агенцијата за супервизија во осигурување на РМ како надлежен орган за
супервизија во осигурувањето.

Вонсудско решавање на спорови


Член 20
Доколку осигуреникот/корисникот на осигурување смета дека му се нарушени одредени
права кои произлегуваат од договорот за осигурување, а во согласност со Општите и посебните
услови кои се составен дел на договорот, или законската и подзаконската регулатива, истиот има
право да поднесе претставка до Друштвото.
Претставката се доставува задолжително во писмена форма до Генералната дирекција на
Друштвото, на адреса на седиштето на Друштвото, наведена во Решението за регистрација од
Централниот регистар на РМ, по пошта или лично, по што истата се заведува во деловодна книга

9
за преставки, а на осигуреникот доколку го поднесува барањето лично во Генералната дирекција
му се дава потврда за приемот и деловоден број.

Член 21
Претставката со комплетната документација се доставува до Директорот на Дирекцијата
за ликвидација на штети и регреси, кој по запознавањето со содржината на истата, ја доставува до
Техничкиот референт за штети.
Техничкиот референт за штети ја обезбедува од соодветниот вработен во Друштвото,
соодветната документација (оштетно побарување, полиса, регресно побарување и сл.) и веднаш
претставката ја евидентира во Регистерот на претставки, а документацијата ја чува кај себе до
првата седница на Комисијата за вонсудско решавање на спорови.

Член 22
Комисијата за вонсудско решавање на спорови одржува редовни седници секој
понеделник во термин кој го определува Претседателот на Комисијата, а може и друг ден во
седмицата да одржат вонредна седница, во зависност од бројот на доставени претставки.
Доколку е потребна дополнителна документција за решавање по оштетното побарување,
вработените од кои се бараат податоци и образложенија по преставките имаат рок од 7
календарски дена (до наредна седница на Комисијата) да достават писмен предлог по
преставката до Комисијата, а 14 дена доколку е побарана дополнителна документација од
подносителот на претставката.

Член 23
Врз основа на добиената документација и писмен предлог, Комисијата во рок од 30 дена
од приемот на претставката, донесува Одлука која во писмена форма се доставува до
подносителот на преставката, односно осигуреникот/корисникот на осигурување.

VII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 24
За споровите кои нема да бидат успешно вонсудски решени, надлежен ќе биде Основниот
суд Скопје 2 Скопје.

Член 25
Овие Услови ги донесе и усвои Одборот на директори на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД
Скопје на ден 28.12.2012 година.

10

You might also like