You are on page 1of 10

Реосигурување

Реосигурувањето претставува работа со која еден осигурител самиот го


„осигурува“ целиот ризик или дел од него, останувајќи притоа единствен во однос
на обврската спрема осигурениот
Реосигурувањето, практично, претставува пренесување на вишок од ризикот над
самопридржајот на друштвото за осигурување на друштво кое обавува работи од
реосигурување. Реосигурувањето е осигурување на самиот осигурител за делот од
обврските кои не може да ги покрие со расположливите средства.
Реосигурување е осигурување за осигурителите, и е процес невидлив за
осигуреникот.
Реосигурителите работат со примарни осигурителни компании, осигурителни
брокери. Примарниот осигурител се нарекува цедент. Реосигурителот се означува
како цесионер.
Реосигурителот и самиот може да пренесе дел од ризикот кој го има преземено со
договорот за реосигурување (тогаш станува збор на ретроцедент) на друг
реосигурител (кој во таквата работа е ретроцесионер). Ретроцесијата е честа кај
осигурување на големи ризици и во работи кои се обавуваат од помали
реосигурители.
Реосигурувањето има за цел осигурителите да им ги пренесат на реосигурителите
ризиците (износите) кои ги примиле во осигурување а кои самите не можат да ги
сервисираат. Секој осигурител има свој капацитет кој зависи од финансиските
средства т.е. резерви на сигурност, техничка премија и сл., од кои зависи
одредувањето на своите самопридржаи. Самопридржај претставува дел од ризикот
кој осигурителот го задржува за своја сметка.
Осигурителот е должен да го реосигурува износот на ризикот кој го надминува
сопствениот самопридржај.

Еволуција на реосигурување
 Се јавува по постоењето на осигурувањето
 14 век во Џенова
 Реосигурување-соосигурување( со бројни недостатоци)
 1842 год. e прв случај на реосигурител(Cologne Re) по големиот пожар во
Хамбург, Германија
 1863- SwissRe по пожар во Glarus
 1880- Munchen Re
 Во денешно време постојат над 200 компании за реосигурување во светот,
при што реосигурувањето го одразува географска неурамнотеженост( до 5%
од животно осигурување се реосигурува, и 12-13% од неживотно
осигурување)
 Базични механизми на осигурување, дополнително со зајакната географска
дисперзија и диверзификација
Предности за клиентите(примарни осигурители)

Предности од реосигурувањето економијата(општеството) како целина

Карактеристики на договори за реосигурување


Договорот може да биде поединечен(case by case) или рамковни(општ) договор, и
факултативен или облигаторен договор.
Кај поединечните (факултативни) договори осигурителот пренесува одреден
предмет во покритие на реосигурителот (стока, градежен објект, брод, авион и сл.)
по оригинални или по посебни услови на осигурување. Во практиката се случува
осигурителот да задржи дел од ризикот во износ што е во рамките на својот
самопридржај, додека остатокот го предава односно пренесува на реосигурителот.
Недостатокот на ваквите договори е во тоа што за да се добие факултативно
покритие е потребно време таквото реосигурително покритие да се добие на
реосигурителниот пазар, што во ситуации на итност може да му оневозможи на
осигурителот да прифати одреден ризик, односно да прими во осигурување
одреден предмет чија вредност го надминува капацитетот на осигурителот.
Поповолен е општиот договор за реосигурување од причини што го надминува
претходниот недостаток и затоа обично се склучува на една година, при што се
прецизираат сите елементи во поглед на предавање на одредени предмети и
ризици во реосигурување

Од аспект на просторната дистрибуција, реосигурувањето може да се подели на


домашно и странско.
а. Активно реосигурување
Активно реосигурување подразбира преземање на ризикот од цедентот, во
реосигурување од страна на реосигурителот. Основната логика и интерес на секој
реосигурител е да обезбеди што е можно поширок обем на работи од активното
реосигурување, затоа што на тој начин е во можност да изврши поголемо
селектирање на ризици
б. Пасивно реосигурување
За разлика од активното реосигурување, пасивното се состои во тоа што
надминатиот дефинираниот износ на сопствен самопридржај го пласира во
реосигурување, односно го цедира, го пренесува на реосигурителот. Осигурителот
е Цедент, а реосигурителот што го прифаќа делот од ризикот во реосигурителна
заштита се нарекува Цесионер.
Реосигурителот презема дел од обврските во определен ризик, во зависност од
сопствениот економски потенцијал, сознанијата за портфељот на определен
осигурител, и одлучува дали и со колкав дел ќе учествува во покривањето на еден
портфељ.

Механизми на реосигурувањето
Самопридржај
Самопридржјот претставува еден од основните фактори кој е одлучувачки при
определувањето кој ризик ќе се пласира во реосигурување. Станува збор за оној
дел од ризикот што го задржува цедентот и за кој смета дека во случај на голема
делумна или тотална штета, може да го покрие од сопствени средства а притоа
исплатата на штетите да не влијае да стане несолвентен. Определувањето на
висината на самопридржајот зависи од бројни фактори и неговото пресметување е,
пред сè, резултат на работа на актуарската служба .
ММШ (ПМЛ)
ММШ всушност е максималниот износ на тоталната штета која може да се случи на
еден осигурен ризик. Како економска категорија ММШ се јавува кај определен
осигурен објект или група објекти кои го сочинуваат ризикот, и претставува
најголемата можна очекувана штета, која се определува согласно искуството,
стручна оцена и познавање на техничките и технолошките специфичности на
одделни ризици. Од особено значење е правилно да се определи ММШ затоа што
во спротивно може да има последици како и кај грешките во процената на
самопридржајот. ММШ најчесто се искажува во апсолутен износ, но може да се
искаже и во релитивен показател (во проценти). Вообичаена пракса е во договорите
за реосигурување реосигурителот да внесе клаузула за погрешна процена на ММШ.
Лимит
Секој договор за реосигурување е дефиниран со лимит, односно вкупен или краен
капацитет на реосигурителниот договор. Тоа е максималниот износ што го презема
реосигурителот како обврска да го исплати во случај на штета.

Провизија
Во овој контекст провизијата претставува износ изразен во релативен показател кој
служи за покривање на административните трошоци кои цедентот ги има при
изготвување и предавање на ризикот во реосигурување, трошоците за
комуникација за време на траењето на реосигурителното покритие и сл. Во случај
кога реосигурителот преземената работа ја дистрибуира во ретроцесија,
провизијата му се одобрува нему, а тој истата ја дели со цедентот.
Профитна провизија
Профитната провизија претставува дополнителна стимулативна мерка за остварени
позитивни технички резултати од страна на цедентот. Реосигурителите
практикуваат да издвојат или да се откажат од својата добивка во случај на
остварено квалитетно работење и им одобруваат на цедентите провизија во форма
на профитна провизија во определена пропорција( се движи под 20% до 25% во
зависност од договорите)
Основна документација во реосигурувањето
Основен и најбитен документ во реосигурувањето претставува договорот за
реосигурување. Рокот на кој се склучува договорот за реосигурување е вообичаено
на една година, со прецизиран отказен рок. Тој може да биде склучен и на
повеќегодишен период, како и на неопределено време.
Составни делови на договорот за реосигурување во практиката се вообичаено два
документа:
Слип претставува писмена понуда за реосигурување на определен портфељ. Во
него се дефинираат детали кои се битни при склучување на договорот за
реосигурување меѓу цедентот и реосигурителот, односно ретроцесионерот и
ретроцедентот.
Cover note. Овој документ е сличен на слипот и со истиот се потврдува дека
ретроцедентот ги прифатил условите од слипот и дека е согласен со покритието на
определениот ризик.

Типови договори за реосигурување


Во поглед на типовите договори за реосигурување, постојат пропорционални и
непропорционални договори. Во пропорционални договори се вбројуваат
договорите за: квотно реосигурување и реосигурување на вишокот на ризик
(ексцедентен договор).
 Квотно реосигурување
Кај квотниот договор за реосигурување се утврдува процентот на одреден вид
ризик, да речеме 25%, и во тој процент се предава премија на реосигурителот кој
учествува во штетите во ист процент, без оглед на големината на штетата/ите.
Значи, основен критериум во распределбата на ризикот меѓу осигурителот и
реосигурителот е сумата на осигурување (или ПМЛ), реосигурителот презема
сразмерен дел од ризикот и соодветна премија која одговара на преземениот
ризик, а во ист сразмер ги плаќа и настанатите идни штети од реосигурениот
портфељ.
Предности: едноставноста, брзината, го користат мали осигурители, за нови
пазари и ризици
Слабости: загуба на профитот на цедентот, отсуство на дистинкција на
повисоки и пониски ризици
Ексцедентно реосигурување
Овој вид пропорционален договор за реосигурување е најчест, а особено се користи
кај реосигурување на имотните ризици. Практичната реализација на овој договор
се спроведува на тој начин што цедентот го одредува износот на својот придржај,
а ризикот што го надминува утврдениот придржај го реосигурува - со тоа што
процентот на учество на цедентот и реосигурувачот во поединечните ризици варира
во зависност од сумата на осигурување или ПМЛ. Тоа практично значи дека колку
осигурената вредност е поголема, процентот, односно учеството на цедентот во
ризикот е помал и обратно. Или, во случај осигурените вредности да се помали,
можно е целиот ризик да остане внатре во рамките на придржајот на цедентот, со
што се избегнува неселективност при пласман во реосигурување.
Лимит на ексцедентниот договор за реосигурување
Договорот за ексцедентно реосигурување има своја горна граница, т.е. лимит,
често дефинирана како повеќе придржаи (квотни линии) на цедентот, на пр., 10
или 15 придржајни линии. Со бројот на линиите се одредува вкупниот капацитет на
договорот за ексцедентно реосигурување. За толку се зголемува и капацитетот на
цедентот.
Предности за осигурителот(цедентот), со одредени слабости за
реосигурителот(цесионерот), како и сложеноста и трошоците за неговото
подготвување.
Непропорционални договори за реосигурување
Непропорционалните типови договори се договори за реосигурување на вишокот
штети (exscess of loss или скратено „XL“ договори) и вишокот загуба, односно
договори за реосигурување на техничките резултати (stop loss). Се развиваат во
1970-тите години, како одговор на слабостите на пропорционалните договори.
Договор за реосигурување на вишок на штети
Без разлика дали се работи за договор за реосигурување на вишок на штети, на
ризик основа или, пак, на основа штетен настан, концептот на овој вид договор за
реосигурување е ист.
Кај овој вид договори се утврдува максимален износ на штети што ќе го носи
осигурителот, на пример 1.000.000 денари. Тоа значи дека во секоја штета од
одреден ризик осигурителот ќе учествува со 1.000.000 денари. Износот над
1.000.000 денари ќе го носи реосигурителот, кој во договорот утврдува максимален
износ до кој ќе учествува во штетите, за да има контрола над своите евентуални
обврски.
Според тоа дали станува збор за договор за реосигурување вишок на штети на
ризико основа или на основа на настан, се разликуваат два вида договори за
реосигурување вишок на штети.
Првиот се нарекува договор за реосигурување вишок на штети со ризик основа,
што значи дека реосигурителот е обврзан да ги надомести сите штети по полисите
издадени и обновени од страна на цедентот, во определен временски период.
Вториот договор за реосигурување вишок на штети е дефиниран според настан,
што претпоставува обврска за реосигурителот да ги надоместува сите штети кои се
случиле, односно настанале во текот на една година, по полиси за осигурување кои
се на сила, без оглед на тоа со кој датум започнало осигурувањето.
Предностите за цедентот со ваквиот вид договор за реосигурување обезбедува
заштита за штети кои можат да ја нарушат неговата финансиска сигурност. Таа
заштита ја добива на износи над утврдениот придржај на цедентот, и тоа
вообичаено во 100% износ, за однапред утврдена премија. Посебно треба да се
нагласи дека кај овој вид договори премијата се плаќа однапред како минимална и
депозитна премија (МДП). Особено се значајни за можни опасности кои би
предизвикале многу големи штети што би го погодиле и нарушиле осигурителниот
портфељ на цедентот, можно е дефинирање на покритие со изразено високи
лимити кои се нарекуваат „catastrophic cover“, односно заштита од катастрофални
ризици.
Договор за реосигурување врз основа на вишок на загуби („stop loss“)
Овој вид договор е втор тип на непропорционален договор за реосигурување и се
карактеризира со тоа што претставува договор за реосигурување на техничкиот
резултат. Обврската на реосигурителот по овој договор настанува во случај кога
вкупните исплатени штети од страна на цедентот во текот на годината, го надминат
однапред договорениот лимит или пропорција од премискиот приход.
Кај договорот за реосигурување кој се базира на вишокот на загуби (stop loss)
реосигурителот учествува во загубата на осигурителот во договорен процент од
премијата за договорените видови, односно класи на осигурување (брод, стока,
имот, авион и сл.). На пример, по билансот, за одредена година, осигурителот
искажал загуба од 100.000 денари. Таа загуба ја носи реосигурителот, но не во
целост туку во утврден процент, на пример, 75%.

You might also like