You are on page 1of 61

www.pwc.

com/mk

МСС 18 -
Приходи
Содржина
Дел 1: МСС 18 Преглед
Дел 2: Признавање на приходи
Дел 3: Мерење на приходите
Дел 4: Трансакции со повеќе елементи
Дел 5: Останати прашања
Дел 6: Обелоденување
www.pwc.com/mk

МСС 18 Преглед
Преглед– Видови на Приходи

Клучни принципи

МСС 18 МСС 11
Продажба Давање на Камати, Договори за
на услуги тантиеми, изградба
производи дивиденди

Трансакции со повеќе елементи

Останати прашања

PwC 4
www.pwc.com/mk

Признавање на
приходите
Признавање на приход од продажба на
производи
Приходот од продажба на производи треба да биде признаен
кога ќе бидат исполнети сите од следниве услови:
 ентитетот му ги пренел на купувачот значајните ризици и награди од
сопственоста на производите;
 ентитетот не задржува ниту континуирана менаџерска инволвираност
до степен кој вообичаено се поврзува со сопственоста ниту пак
ефективна контрола над продадените производи;
 износот на приходот може веродостојно да се измери;
 веројатно е дека економските користи поврзани со трансакцијата ќе
преставуваат прилив за ентитетот; и
 трошоците кои се направени или треба да бидат направени во врска со
трансакцијата може веродостојно да се измерат.

МСС 18 параграф 14

PwC 6
Продажба на производи– ризици и награди

Пренесувањето на ризиците и наградите, се совпаѓа со пренесувањето на


законското право на сопственост (продажба на мало). Но исто така може
да се случи порано или подоцна.
Размислете за:
• На кого му припаѓа ценовниот ризик?
• Кој го има ризикот од застареност?
• Кој го има ризикот на осигурување?
• Кој го има ризикот од враќање на производите?
• Дали може продажбата да биде откажана?

PwC 7
Спротивставување на приходите и расходите

Приходите и расходите
Приходи кои се однесуваат на иста
трансакција се признаваат
истовремено.

Не може да се призне
приход доколку расходите
не можат веродостојно
Расходи да се измерат. Тогаш,
надоместокот кој бил
примен за продажбата
на производите се
признава како обврска.

PwC 8
Признавање на приход од давање на услуги

Кога резултатот на трансакцијата која вклучува давање на


услуги може веродостојно да се процени, приходот поврзан со
трансакцијата треба да се признае со повикување на степенот на
довршеност на трансакцијата на крајот на периодот на
известување.
За приходот веродостојно да се измери, сите овие услови треба да бидат
исполнети:
 износот на приходот може веродостојно да се измери;
 веројатно е дека економските користи поврзани со трансакцијата ќе
преставуваат прилив за ентитетот;
 степенот на довршеност на трансакцијата на крајот на периодот на
известување може веродостојно да се измери; и
 трошоците направени за трансакцијата и трошоците за довршување
на трансакцијата може веродостојно да се измерат.

PwC 9
Признавање на приход од давање на услуги

• Кои се идните
економски
придобивки?
• Во кој период ќе се
даваат услугите?
• Дали постои
веродостојна
проценка на исходот?

PwC 10
Давање услуги - тек

Веродостојна проценка на исходот?

Да Не

Добивка ? Покривање на трошоците?


Да Не Да Не

Нема
Признавање
Признавање на признавање на
Признавање приход до
приход врз приход
очекувана степен на
основа на фази (трошоците се
загуба веднаш трошоците
на проектот
(нема профит) признати како
расходи)

PwC 11
www.pwc.com/mk

Мерење на
приходите
Основи на мерењето на приходите

Приходите треба да се мерат според објективната


вредност на надоместокот кој е примен или се
побарува. (мсс 18 пара 9)

Износот на приходот кој произлегува од дадена трансакција


вообичаено се определува со договор помеѓу ентитетот и
купувачот или корисникот на средството. Тој се мери според
објективната вредност на надоместокот кој е примен или се
побарува, земајќи го предвид износот на сите трговски рабати
и количински попусти одобрени од страна на ентитетот. (мсс 18 пара
10)

PwC 13
Давање на услуги

Од практични причини…

Неопределив број на дејствија:

Специфични значајни дејствија:

PwC 14
www.pwc.com/mk

Трансакции со
повеќе
елементи
Повеќе елементи– Дрво на одлучување
Идентификување на трансакцијата

Колку елементи?
ЕДЕН ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН

Можат да бидат разграничени?

НЕ ДА

Размислете
за алокација
ЕДЕН ЕЛЕМЕНТ КОМБИНАЦИЈА ПОСЕБНИ ЕЛЕМЕНТИ

Признавање врз основа на генералните принципи


PwC 16
Повеќе елементи– Една трансакција

Фактори кои укажуваат дека повеќе елементи треба да се


комбинираат во една трансакција:
 Се во иста нарачка или ист договор
 Внесен во рамките на краток временски период
 Преговарано со клиентот да биде како една трансакција
 Деловите се технички поврзани
 Одредбите од едниот елемент се однесуваат на другиот

Клучен фактор - Комерцијалната суштина

PwC 17
Повеќе елементи– Дали елементите можат
да бидат разделени?

Фактори кои укажуваат дека два или повеќе елементи не


можат да се одвојат се:
 Елементите немаат самостојна вредност или не може да се
продаваат одделно во самостојна трансакција;
 Испораката на елементот во иднина не е во контрола на
продавачот или не е веројатно дека ќе се случи;
 Објективната вредност ме може да се утврди за секој
елемент;
 Другите елементи се незначителни.

Клучен фактор – Комерцијалната суштина

PwC 18
www.pwc.com/mk

Останати
прашања
Останати прашања- Застапник или агент

Производител

Дистрибутер

Купувач
PwC 20
Останати прашања
Евалуација кој е застапник

Застапник типично:
 ја има примарната одговорност за обезбедување
на стоки или услуги
 има ризик на залихи (вклучувајќи за време на
транспорт
 има дискреционо право во создавањето на
цените – директно или преку обезбедување
дополнителни стоки или услуги
 го носи кредитен ризик

PwC 21
Останати прашања- Сметководство за агент

Агентот:
 Нема примарна одговорност за директни
трошоци
 има мала или никаква дискреција во
создавањето на цените
 веројатно нема значаен ризик на залихи
 може само да препознае провизија заработена на
трансакција

PwC 22
www.pwc.com/mk

Обелоденување
Обелоденување

Ентитетот треба да ги обелодени:


• Усвоените сметководствени политики за признавање на
приходите, вклучувајќи ги и усвоените методи за определување
на степенот на довршеност на трансакциите кои вклучуваат
давање на услуги;
• Износот на секоја значајна категорија на приходи признаени во
текот на периодот, вклучувајќи ги и приходите кои
произлегуваат од продажба на производи, давање на услуги,
камати, тантиеми, дивиденди
• Износот на приходот кој произлегува од размена на производи
или услуги вклучен во секоја значајна категорија на приходи

PwC 24
www.pwc.com/mk

МСС 11 -
Договори за
изградба
Содржина
Секција 1: Вовед
Секција 2: Комбинирање и сегментирање на договорите
за изградба
Секција 3: Приходи поврзани со договори за изградба
Секција 4: Трошоци поврзани со договори за изградба
Секција 5: Признавање на приходите и трошоците
Секција 6: Обелоденување
Секција 7: КТМФИ 15 Толкувањe
www.pwc.com/mk

Вовед
Цел и делогруг
 Да го опише сметководствениот третман на приходите и
трошоците кои произлегуваат од договорите за изградба.

 Се применува во сметководството за договорите за


изградба во финансиските извештаи на изведувачите.
[МСС 11.1]

PwC 28
Договори за изградба?

Што е договор за
изградба?

Како се разликува од
продажба на добра?

PwC 29
Договори за изградба – примери
МСС МСС
18 11
Спортски автомобил со клима, автоматски
менувач, големи тркала, четири отвори за
издувни гасови и 12 звучници
Опрема за печатење на списанија дизајнирана
за потребите на списанието ‘Big Business’ кој се
печати на триаголна хартија

Договор со архитект за дизајнирање на деловна


зграда

Договор за изградба на болница за Владата

PwC 30
www.pwc.com/mk

Комбинирање и
сегментирање на
договорите
за изградба
Комбинирање и сегментирање на договорите
за изградба
Кога договорот покрива определен број на
средства, изградбата на секое средство
треба да се третира како посебен договор за
изградба кога:
 За секое средство била доставена посебна
понуда;
 Секое средство било предмет на одделно
договарање, а изведувачот и
нарачателот биле во можност да го
прифатат или одбијат делот од
договорот за секој средство; и
 Можат да се идентификуваат
трошоците и приходите за секое
средство.

PwC 32
Комбинирање и сегментирање на договорите
за изградба
Група на договори, без поглед на тоа дали се
однесуваат на еден нарачател или на
неколку нарачатели, треба да се третира
како еден единствен договор за изградба
кога:
 Групата на договори е договорена како
еден единствен пакет;
 Договорите се толку тесно меѓусебно
поврзани што, практично
претставуваат дел на еден единствен
пакет со вкупна бруто маржа; и
 Договорите се извршуваат истовремено
или во континуиран редослед.

PwC 33
www.pwc.com/mk

Приходи од
договорот
Дефиниција на приходи

Почетниот
износ на
договорените
приходи

Приходи Измените во
договорената
работа, - До степен до кој е
барањата веројатно дека тие
(claims) и ќе резултираат во
стимулативни приходи;
плаќања
- Можат
веродостојно да се
измерат.

PwC 35
Приходи од договорот - мерење
Приходите од договорот се мерат според објективната
вредност на надоместокот којшто е примен или се побарува.

Врз мерењето на приходите влијаат различни неизвесности кои зависат од


резултатите на идните настани. Проценките често треба да бидат ревидирани
со случувањето на настаните и решавањето на неизвесностите. Според тоа,
приходите од договорот може да се зголемуваат или намалуваат од еден период во
друг.

На пример:
 Изведувачот и нарачателот можат да договорат измени или дополнителни
надомести кои ги зголемуваат или намалуваат приходите од договорот во некој
последователен период;
 Износот на приходите кои се договорени во договор со фиксна цена може да
се зголеми како резултат на клаузула за зголемување на трошоците;
 Износот на прихосите од договорот може да се намали како резултат на казни
кои произлегуваат од задоцнувања предизвикани од страна на изведувачот;
 Кога договорот со фиксна цена содржи фиксна цена по излезна единица,
приходите од договорот се зголемуваат со зголемување на бројот на единиците.

PwC 36
Измени во изградбата

Измената претставува упатство на нарачателот за промена во опсегот на


работите кои треба да бидат извршени според договорот. Измената може
да резултира во зголемување или намалување на приходите од договорот.
Пример:
 Промени во спецификациите или дизајнот на средството;
 Промени во времетраењето на договорот.

Измената се вклучува во приходите од договорот кога:


 Е веројатно дека нарачателот ќе ја одобри измената и износот на
приходите кои произлегуваат од измената ; и
 Износот на приходите може веродостојно да се измери.

PwC 37
Дополнителен надомест (Claims)

Дополнителен надомест претставува износ кој изведувачот настојува да


го наплати од нарачателот или некоја друга странка како надоместок за
трошоците кои не се вклучени во договорената цена.

Пример:
 Задоцнувања предизвикани од нарачателот, грешки во спецификациите
или дизајнот и спорните измени во договорените работи.

Забелешка: Мерењето на дополнителните надомести, е поврзано со висок


степен на неизвесност и често зависи од резултатите на преговорите.

Дополнителните надомести се вклучуваат во приходите, само кога:


 Преговорите достигнале напредна фаза, така што е веројатно дека
нарачателот ќе го прифати дополнителниот надомест; и
 Износот кој веројатно ќе биде прифатен од нарачателот може
веродостојно да се измери.

PwC 38
Стимулативни плаќања
(Incentive payments)

Стимулативни плаќања се дополнителни износи кои му се исплаќаат


на изведувачот доколку бидат исполнети или надминати определени
стандарди за работа.

Пример:
 Стимулативно плаќање за предвремено завршување на договорот.

Стимулативните плаќања се вклучуваат во приходите, само кога:

 Договорот е во значително напредна фаза, така што е веројатно


дека определените стандарди за работа ќе бидат исполнети или
надминати; и
 Износот на стимулативното плаќање може веродостојно да се
измери.

PwC 39
www.pwc.com/mk

Трошоци на
договорот
Трошоци на договорот

Трошоците кои
општо земено се Трошоците кои
припишуваат на директно се
договорената однесуваат на
активност и можат определен
да се алоцираат на договор
договорот

Други трошоци
кои конкретно
се наплаќаат од
нарачателот
според условите
од договорот

Трошоци
PwC 41
1. Директни трошоци
Трошоци за труд Трошоци за дизајн и Проценети
на местото на техничка помош кои трошоци за
изградба, директно се
поврзани со одржување во
вклучувајќи го и
договорот гарантниот рок
надзорот

Трошоци за
Трошоци за закуп Побарувања
материјали
на постројки и (claims) од трети
употребени во
опрема лица
изградбата

Амортизација на Трошоци за МСС 11.17 Овие трошоци


можат да бидат намалени
постројките и пренесување на за износот на инцидентни
постројките, опремата
опремата кои се и материјалите до и
приходи кои не се вклучени во
договорените приходи (пр.
користат при од местото на Приходи од продажба на
вишок на материјали или
изградбата изградба отуѓување на постројките и
опремата по завршување на
договорот)

PwC 42
2. Трошоците кои општо земено се
припишуваат на договорената активност и
можат да се алоцираат на договорот

Осигурување

Трошоци за
дизајнирање и Општи трошоци на
техничка помош кои изградбата
не се однесуваат (Construction
директно само на overheads)
еден договор

PwC 43
3. Други трошоци

Трошоците кои конкретно се наплаќаат од


нарачателот врз основа на условите од договорот,
може да се вклучат извесни општи
административни трошоци и трошоци за развој
чиешто надоместување е определено со условите
од договорот. [MСС 11.19]

PwC 44
Трошоци кои не можат да се припишат
на договорената активност или кои не
можат да се алоцираат на некој
договор
Амортизација на
Општите
неискористениот
административни
капацитет на постројките
трошоци чиешто
и опремата кој не се
надоместување не е
користи на конкретен
определено со договор
договор

Трошоците за
истражување и развој
Трошоците на
чиешто надоместување
продажба
не е определено со
договорот

PwC 45
www.pwc.com/mk

Признавање на
приходите и
расходите од
договорот
Видови на договори за изградба

Во зависност од очекуваниот резултат на договорот за


изградба, МСС 11 разликува три типа на договори:
 Договори со очекувана добивка;
 Договори со очекувана добивка; и
 Договори кај кои резултатот не може веродостојно да се
процени.

Првите два типови на договори бараат веродостојно мерење на


резултатот од договорот.

PwC 47
Признавање на приходите – Клучни критериуми

 Приходите можат веродостојно да се


измерат

 Постои веројатност дека економски


користи ќе бидат прилив за ентитетот
Договор
 Степенот на довршеност на крајот на трошоци
со фиксна- цена
плус
периодот на известување може
веродостојно да се измери

 Трошоците на договорот можат јасно


да се идентификуваат и веродостојно
да се измерат

PwC 48
Правило !

Кога резултатот на договорот за изградба може


веродостојно да се процени, приходите од и
трошоците на договорот за изградба треба да бидат
признаени во Извештајот на сеопфатна добивка, во
зависност од степенот на довршеност на
договорената активност на крајот на периодот на
известување.
Секоја очекувана загуба треба да биде признаена како
расход веднаш (согласно МСС 11.36).

PwC 49
Определување на степенот на довршеност
Степенот на довршеност на договорот може да се утврди на
[МСС 11.30]

различни начини. Ентитетот може да користи метода која веродостојно ја


мери извршената работа. Во зависност од природата на договорот,
методите можат да вклучат:
Мерење на соодносот на трошоците
направени за извршената работа до
• Кумулативни трошоци до датумот на
датумот и проценетите вкупни трошоци на известување / Вкупни проценети трошоци
договорот (‘метод на трошоци - cost
method’)

• Кумулативните трошоци за извршената


Надгледување на извршената работа работа до датумот на известување, кои се
(‘метод на приходи - revenue method’) прифатени од купувачот / Вкупни
приходи од договорот

Завршување на физички дел од


договорената работа (проценки на експерти
- expert estimates)

PwC 50
Резултатот од договорот за изградба не
може веродостојно да се процени

 Приходите треба да бидат признаени само до висината на


трошоците на договорот кои биле направени, а коишто е
веројатно дека ќе бидат надоместени;
 Трошоците на договорот треба да бидат признаени како
расходи во периодот во кој биле направени.
[МСС 11.32]

PwC 51
www.pwc.com/mk

Обелоденување
Обелоденување
Ентитетот треба да го обелодени:
 Износот на приходите од договорот кои се признаени како
приходи во периодот на известување;
 Методите кои се користени за определување на приходите
од договорот кои се признаени во периодот; и
 Методите кои се користени за определување на степенот
на довршеност на договорите чиешто извршување е во
тек.

PwC 53
Обелоденување
Ентитетот треба да ги обелодени следниве податоци за
договорите чиешто извршување е во тек на крајот на
периодот на известување:
 Збирниот износ на трошоците кои биле направени и
признаените добивки (намалени за признаените загуби) до
датумот на известување;
 Износот на примените аванси; и
 Износот на задржаните исплати.

PwC 54
Обелоденување
За сите отворени договори, ентитетот треба да презентира:

Средства Обврски

Бруто износот кој Бруто износот кој


се побарува од им се должи на
нарачателите за нарачателите за
договорените договорените
работи работи

PwC 55
www.pwc.com/mk

КТМФИ - IFRIC 15
Договори за
изградба на
недвижен имот
МСС11 или МСС 18 – Кој стандард треба да се
примени

КТМФИ 15 Можност за
Изградба на
специфични
средство
прилагодувања

Договор за изградба е договор конкретно склучен за изградба


на средство или комбинација на средствата кои се меѓусебно
зависни во поглед на нивниот дизајн, технологија и функција
или во поглед на нивната крајна намена или употреба.

PwC 57
КТМФИ 15 Толкување - Водич

Можност да се специфицираат Ограничена можност


главните структурни елементи да се влијае на дизајнот
на дизајнот на недвижниот имот

МСС 11 МСС 18

PwC 58
Договор за изградба или договор за продажба?

КТМФИ 15

МСС 11 МСС 18
Приходи

1) Контрола; и
2) Значајни ризици
и награди.

PwC
Време 59
Други толкувања на приходи

 КТМФИ 4 – Определување дали аранжманот содржи наем

 КТМФИ 12 – Аранжмани за концесија на услуги

 КТМФИ 13 – Програми за лојалност на потрошувачите

 КТМФИ 18 – Трансфер на средства на купувачите

 ПКИ 31 – Приходи – Компензации кои вклучуваат услуги


за рекламирање

PwC 60
Ви благодариме за
вниманието!

Оваа презентација е подготвена како насока за прашања кои се од општ интерес и не претставува
професионален совет. Не треба да се превземаат активности врз основа на информациите презентирани во
неа, без претходно да се добие професионален совет. ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО - Скопје,
членовите и вработените не превземаат одговорност за точноста и комплетноста на објавените
информации и не превземаат никаква одговорност за последиците од активности превземени или одлуки
донесени врз основа на презентираните информации.

© 2013 ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО. Сите права се задржани. ‘ПрајсвотерхаусКуперс’ се однесува на


мрежата на фирми членки на PricewaterhouseCoopers International Limited, секоја од кои е посебен и
независен правен ентитет.

You might also like