You are on page 1of 363

КОРПОРАТИВНО ФИНАНСИСКО

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Концептуална
рамка
Список со теми

1 Концептуална рамка и ОПСП


2 Концептуалната рамка на ОМСС
3 Целта на финансиските извештаи
4 Основни претпоставки
5 Квалитативни карактеристики на
финансиските извештаи
6 Елементите на финансиските извештаи
7 Признавање на елементите на финансиските
извештаи
8 Мерење на елементите на финансиските
извештаи
9 Објективно презентирање и усогласеност со
МСФИ
Упатување до
наставната
програма
A1
A1
A2
A2
A2

A3
A3

A3

A6
1
Вовед
Рамката за изготвување и презентирање финансиски
извештаи на ОМСС сега е заменета со Концептуалната рамка
за финансиско известување
Концептуалната рамка за финансиско известување може да се
дефинира како обид за кодификација на постоечката општо
прифатена сметководствена практика (ОПСП) за целите на
повторното оценување на тековните сметководствени стандарди
и изготвувањето нови стандарди.

1
Насоки за учење
Ниво на
знаење
A КОНЦЕПТУАЛНА РАМКА ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
1 Потребата за концептуална рамка
(a) Опишете што се подразбира под концептуална рамка за 2
сметководство.
(б) Развијте дискусија дали е неопходна концептуална рамка и кој 2
би можел да биде алтернативниот систем.
2 Разбирливост, релевантност, веродостојност и
споредливост
(a) Објаснете што се подразбира под разбирливост во однос на 2
обезбедувањето финансиски информации.
(б) Објаснете што се подразбира под релевантност и 2
веродостојност и опишете ги квалитетите кои ги зајакнуваат тие
карактеристики.
(в) Објаснете ја важноста на споредливоста за корисниците на 2
финансиските извештаи.
3 Признавање и мерење
(a) Дефинирајте што се подразбира под „признавање“ во 2
финансиските извештаи и објаснете ги критериумите за
признавање.
(б) Применете ги критериумите за признавање: 2
(i) Средства и обврски
(ii) Приходи и расходи
(в) Развијте дискусија за прашањата во врска со признавањето на 2
приходите и наведете кога треба да се случи признавањето на
приходот и расходот.
(г) Демонстрирајте ја улогата на принципот за суштина над 2
формата во однос на признавањето на приходите од
продажбата.
(д) Објаснете ги следниве мерки и пресметајте износи користејќи: 2
(i) историска набавна вредност
(ii) објективна вредност/тековен трошок
(iii) нето реализациона вредност
(iv) сегашна вредност на идни парични текови
6 Концептот за „верно презентирање“ („вистинит и
објективен приказ“)
(a) Опишете што се подразбира кога се вели дека финансиските 2
извештаи постигнале верно презентирање.
(б) Објаснете дали верното презентирање претставува нешто 1
повеќе од усогласеност со сметководствените стандарди.
(в) Наведете ги околностите и потребните обелоденувања во 1
случаите кога може да се примени отстапување од „вистинит и
објективен приказ“.

2 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


1. Концептуална рамка и ОПСП
ДЕФИНИЦИЈА
Постоењето на концептуална рамка има предности и недостатоци.

1.1 Потрагата по концептуална рамка


Концептуална рамка, во областа од наш интерес, е исказ на општоприфатените
теоретски принципи кои ја формираат референтната рамка за финансиско известување.
Овие теоретски принципи ја обезбедуваат основата за развој на нови и унапредување
на веќе постоечките сметководствени стандарди. Процесот на финансиско известување
се занимава со обезбедување информации што се корисни во процесот на деловното и
економското одлучување. Оттаму, концептуалната рамка ќе ја образува теоретската
основа за утврдување кои настани треба да се евидентираат, како тие треба да се
мерат и на кој начин треба да му бидат соопштени на корисникот. Иако таа е теоретска
по природа, концептуалната рамка за финансиско известување има високопрактични
крајни цели.
Опасноста од немање концептуална рамка се огледува во начинот на кој се
развивале стандардите на определени земји во последниве години; стандардите
вообичаено се создаваа случајно и според пристапот за „гаснење пожар“. Кога постои
усогласена рамка, телото за утврдување на стандардите дејствува како архитект или
дизајнер, наместо како пожарникар, градејќи сметководствени правила врз основа на
стабилни и договорени основни принципи.
Непостоењето концептуална рамка значи, исто така, дека основните принципи се
решаваат повеќе пати во различните стандарди, на тој начин создавајќи
противречности и недоследности во основните концепти, како што се концептите за
претпазливост и спротивставување. Ова води кон двосмисленост и тоа влијае врз
концептот за вистинитост и објективност на финансиското известување.
Еден друг проблем со непостоењето концептуална рамка стана очигледен во САД.
Големиот број премногу детални стандарди создадени од Одборот за финансиски
сметководствени стандарди (ОФСС) креираа окружување за финансиско известување
што го уредуваат специфични правила наместо општи принципи. Ова би се избегнало
кога би била воспоставена кохезивна низа принципи.
Концептуалната рамка може, исто така, да им помогне на носителите на стандарди да се
одбранат од политичките притисоци од различните „лоби-групи“ и засегнати страни.
Таквите притисоци би можеле да надвладеат единствено ако се прифатливи во
согласност со концептуалната рамка.

1.2 Предности и недостатоци на концептуалната рамка


Предности
(a) Се избегнува ситуацијата кога стандардите се изготвуваат врз основа на
крпеници, кога се препознава дека се појавил определен сметководствен проблем
и потоа ресурсите се насочуваат кон стандардизирање на сметководствената
практика во таа област, без оглед на тоа дали токму тоа прашање задолжително
било најважното прашање што во тоа време би останало нестандардизирано.
(б) Како што беше наведено горе, развојот на определени стандарди (особено
националните стандарди) беше предмет на значително политичко мешање од
засегнатите страни. Кога постои судир на интереси меѓу групите корисници за тоа
кои политики треба да се изберат, политиките што произлегуваат од
концептуалната рамка ќе бидат помалку отворени на критики дека носителот на
стандарди потклекнал пред надворешните притисоци.
(в) Некои стандарди можат да се фокусираат на добивката или загубата, додека,
пак, некои други можат да се фокусираат на вреднувањето на нето-средствата
(извештај за финансиска состојба).

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 3


Недостатоци
(a) Финансиските извештаи се наменети за низа различни корисници и не е сигурно
дека може да се формулира единствена концептуална рамка што ќе биде
соодветна за сите корисници.
(б) Со оглед на разновидните барања на корисниците, може да постои потреба за
низа различни сметководствени стандарди, секој од нив создаден за различна
намена (и со различни концепти во својата основа).
(в) Не е јасно дали задачата за изготвување, а потоа и за спроведување на
стандардите е воопшто полесна со концептуалната рамка или без неа.
Пред да го разгледаме обидот на ОМСС да создаде концептуална рамка, треба да
разгледаме еден друг поим што е од важност за оваа дебата: општоприфатената
сметководствена практика; или ОПСП.

1.3 Општоприфатена сметководствена практика (ОПСП)


ОПСП ги означува сите правила, без оглед на нивниот извор, што го уредуваат
сметководството.
Во одделни земји ова се смета првенствено за комбинација од:
• Националниот закон за трговски друштва
• Националните сметководствени стандарди
• Барањата на локалната берза
Иако тие извори се основата за ОПСП во одделните земји, концептот ги вклучува и
влијанијата на незадолжителните извори, како што се:
• Меѓународните сметководствени стандарди
• Законските барања во другите земји
Во многу земји, како што е Обединетото Кралство, ОПСП нема каков било законски или
регулаторен авторитет или дефиниција, за разлика од другите земји како, на пример,
САД. Поимот ретко кога се спомнува во законодавството, а и тогаш само во прилично
ограничена смисла.
Постојат различни гледишта за ОПСП во различните земји. Позицијата на Обединетото
Кралство може да се објасни преку следниве извадоци од UK GAAP (Davies, Paterson &
Wilson, Ernst & Young, петто издание).
Нашиот став е дека ОПСП претставува динамички концепт што бара постојано
прегледување, приспособување и реагирање на променетите околности. Ние
сметаме дека употребата на поимот „принцип“ на ОПСП ѝ дава неоправдан и
несоодветен степен на трајност. ОПСП се менува како одговор на променливите
деловни и економски потреби и постигнувања. Како што се менуваат околностите,
сметководствените политики се модификуваат или се развиваат соодветно... Ние
сметаме дека ОПСП е нешто многу повеќе од обичните правила и принципи и ја
опфаќа современата прифатена сметководствена практика.
Често се тврди дека поимот „општоприфатени“ повлекува дека мора да постои
висок степен на практична примена на определена сметководствена практика.
Меѓутоа, ова толкување повлекува определени практични тешкотии. На пример,
што се случува со новите области во сметководството што се уште не се во општа
примена? Што се случува со различните сметководствени третмани за сличните
ставки – дали сите тие се општоприфатени?
Нашиот став е дека „општоприфатени“ не значи „општоусвоени или користени“.
Ние сметаме дека, во контекстот на Обединетото Кралство, ОПСП се однесува на
сметководствени практики што се сметаат за прифатливи од сметководствената
професија. Степенот до којшто определена практика била усвоена, според нашето
мислење, нема пресудно значење. Секоја сметководствена практика што е
легитимна во околностите во кои била применета треба да се смета за ОПСП.
Одлуката дали некоја конкретна практика е прифатлива или легитимна зависи од
еден или од повеќе од следниве фактори:

4 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


• Дали практиката е адресирана во сметководствените стандарди, закон или
во други службени прогласи?
• Ако практиката не е адресирана во сметководствените стандарди на
Обединетото Кралство, дали таа е адресирана во меѓународните
сметководствени стандарди, или во стандардите на други земји како, на
пример, САД?
• Дали практиката е доследна на потребите на корисниците и на целите на
финансиското известување?
• Дали практиката има стручна поддршка во сметководствената литература?
• Дали практиката се применува од страна на други друштва во слични
ситуации?
• Дали практиката е доследна на основниот концепт за „вистинитост и
објективност“?
Меѓутоа, овој став не го делат сите земји. Конкретно, во САД, еквивалентот на
„вистинит и објективен приказ“ е „објективно презентирање во согласност со ОПСП“.
Општоприфатените сметководствени принципи се дефинираат како оние принципи што
имаат „значителна стручна поддршка“. Оттаму, извештаите што се изготвени во
согласност со сметководствени принципи за кои не постои значителна стручна поддршка
се смета дека се лажни или неточни.
Како последица од тоа, „новите“ или „различните“ сметководствени принципи не се
прифатливи освен ако не се усвоени од страна на традиционалната сметководителска
професија, вообичаено преку телата за стандардизација и/или професионалните
сметководствени тела. Овој став е многу построг од ставот на Обединетото Кралство
што беше изразен горе.
Концептуалната рамка за финансиско известување може да се дефинира како обид за
кодификација на постоечката ОПСП за целите на повторното оценување на тековните
сметководствени стандарди и изготвувањето нови стандарди.

2. Концептуалната рамка на ОМСС


ДЕФИНИЦИЈА
Рамката за изготвување и презентирање финансиски извештаи од 1989 година беше
заменета со Концептуалната рамка за финансиско известување во 2010 година. Ова е
резултат на заедничкиот проект со ОФСС.

Рамката за изготвување и презентирање финансиски извештаи на ОМСС беше


изготвена во 1989 година и постепено се заменува со новата Концептуална рамка за
финансиско известување. Ова е резултат на заедничкиот проект на ОМСС и ОФСС што
се спроведува во фази. Првата фаза, која ги опфаќа Главите 1 и 3, беше објавена во
септември 2010 година. Глава 2, со наслов „Известувачкиот ентитет“, се уште не е
објавена. Тековната верзија на Концептуалната рамка ги вклучува преостанатите глави
од Рамката од 1989 година како Глава 4.
Концептуалната рамка за финансиско известување тековно ја има следнава
структура:
Глава 1: Целта на општото финансиско известување
Глава 2: Известувачкиот ентитет (треба да се издаде)
Глава 3: Квалитативни карактеристики на корисните финансиски информации
Глава 4: Преостанатиот текст од Рамката од 1989 година:
• Основна претпоставка
• Елементите на финансиските извештаи
• Признавање на елементите на финансиските извештаи
• Мерење на елементите на финансиските извештаи
• Концепти за капитал и одржување на капиталот
Накратко ќе го разгледаме предговорот на Концептуалната рамка, бидејќи тој ќе го
постави документот во контекст на останатото што сте го научиле за овој испит и

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 5


особено во контекст на Концептуалната рамка во пристапот на ОМСС кон развивањето
на МСФИ.
Додека ја читате оваа глава, размислувајте за влијанието што таа го има врз
стандардите и особено врз дефинициите.

2.1 Предговор
Предговорот на Концептуалната рамка ја нагласува основната причина зошто се
изготвуваат финансиските извештаи ширум светот, т.е. за задоволување на барањата
на екстерните корисници, но и дека практиката се разликува поради поединечните
притисоци во секоја земја. Овие притисоци можат да бидат социјални, политички,
економски или правни, но сите тие резултираат со разлики во практиката од една земја
до друга, вклучително во однос на формата на извештаите, дефинирањето на нивните
составни делови (средства, обврски, итн.), критериумите за признавање на ставките,
како и во однос на опфатот и обелоденувањето на финансиските извештаи.
ОМСС сака да ги намали токму овие разлики преку хармонизирање на сите аспекти на
финансиските извештаи, вклучувајќи ги прописите што ги уредуваат нивните
сметководствени стандарди и нивното изготвување и презентирање.
Предговорот го нагласува начинот на којшто финансиските извештаи се користат за
носење економски одлуки и, оттаму, финансиските извештаи треба да се изготвуваат
за таа цел. Видовите економски одлуки за кои веројатно ќе се користат финансиските
извештаи го вклучуваат следново:
• Одлуките за купување, чување или продавање сопственички вложувања
• Процена на управувањето и одговорноста на раководството
• Процена на способноста на ентитетот да ги плаќа вработените
• Процена на сигурноста на износите што му се позајмени на ентитетот
• Утврдување на политиките за оданочување
• Утврдување на добивката што може да се распределува и на дивиденди
• Вклучување во статистичките податоци за националниот приход
• Прописи за дејностите на ентитетите
Сите дополнителни барања што се наметнати од националните влади за нивните
сопствени цели не треба да влијаат врз финансиските извештаи што се изготвени за
потребите на други корисници.
Концептуалната рамка допушта финансиските извештаи да можат да се изготвуваат
користејќи низа различни модели. Иако најчесто користениот модел се заснова врз
историската набавна вредност и номиналната парична единица (т.е. фунта, американски
долар, итн.), Концептуалната рамка може да се примени на финансиски извештаи што
се изготвени врз основа на низа модели.

2.2 Цел и статус


Предговорот дава список со целите на Концептуалната рамка.
(a) Му помага на Одборот во развојот на идни МСФИ и во проверката на
постоечките МСФИ.
(б) Му помага на Одборот во промовирањето хармонизација на прописи,
сметководствени стандарди и процедури кои се однесуваат на презентирањето на
финансиските извештаи преку обезбедување основа за намалување на бројот на
алтернативни сметководствени третмани што се дозволени со МСФИ.
(в) Им помага на националните тела за утврдување стандарди во развивањето на
националните стандарди.
(г) Им помага на изготвувачите на финансиски извештаи во применувањето на
МСФИ и во справувањето со теми што сè уште не станале предмет на некој
МСФИ.
(д) Им помага на ревизорите во формирањето мислење за тоа дали финансиските
извештаи се во согласност со МСФИ.

6 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


(ѓ) Им помага на корисниците на финансиски извештаи во толкувањето на
информациите содржани во финансиските извештаи што се изготвени во
согласност со МСФИ.
(е) Им обезбедува на оние што се заинтересирани за работата на ОМСС
информации за неговиот пристап кон формулирањето на МСФИ.
Концептуалната рамка не е МСФИ, па затоа не претставува замена за кој било
поединечен МСФИ. Во (ретките) случаи на судир меѓу МСФИ и Концептуалната рамка,
МСФИ има предност.

2.2.1 Опфат
Концептуалната рамка се однесува на:
(a) Целта на финансиските извештаи
(б) Квалитативните карактеристики кои ја определуваат корисноста на
информациите во финансиските извештаи
(в) Дефинирањето, признавањето и мерењето на елементите од кои се сочинети
финансиските извештаи
(г) Концептите за капитал и одржување на капиталот

2.2.2 Корисниците и нивните потреби за информации


Корисниците на сметководствените информации се состојат од вложувачи, вработени,
заемодавци, добавувачи и други трговски доверители, купувачи, владата и нејзините
агенции и јавноста. Би требало да запомните доволно за да ја изработите следната
вежба.

Размислете за потребите за информации на горенаведените корисници на финансиски


информации.

Одговор
(a) Вложувачите се оние кои обезбедуваат ризичен капитал
(i) Потребни се информации што ќе го помогнат во носењето одлука за
купување или продажба на акции, прифаќање на емисијата на правата и
гласање.
(ii) Вложувачите мора да имаат информации за минатото, сегашното и идното
ниво на дивидендата и за сите промени на цената на акцијата.
(iii) Вложувачите, исто така, треба да знаат дали раководството ефикасно го
водело друштвото.
(iv) Освен за позицијата што е наведена во билансот на успех и останата
сеопфатна добивка , извештајот за финансиската состојба и заработката по
акција (ЗПА), вложувачите ќе сакаат да знаат за состојбата со ликвидноста
на друштвото, идните перспективи на друштвото и како акциите на
друштвото се споредуваат со акциите на неговите конкуренти.
(б) На вработените им се потребни информации за сигурноста на вработувањето и
за идните можности за вработување во друштвото, како и информации што ќе им
помогнат во колективното договарање за платите.
(в) Заемодавците имаат потреба од информации што ќе им помогнат да одлучат
дали да му дадат заем на некое друштво. Тие, исто така, ќе треба да проверат
дали вредноста на какво било обезбедување на заемот останува соодветно, дали
исплатите на каматата се обезбедени, дали има готовина на располагање за откуп
во соодветното време и дали се прекршени какви било финансиски ограничувања
(како што се, на пример, максималниот сооднос меѓу долгот и главнината).

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 7


(г) Добавувачите треба да знаат дали друштвото ќе биде добар купувач и ќе ги
плаќа своите долгови.
(д) Купувачите треба да знаат дали друштвото ќе биде способно да продолжи да ги
произведува и да ги добавува стоките.
(ѓ) Владата може да има интерес во некое друштво во својство на доверител или
купувач, а исто така, особено е заинтересирана за усогласеноста со законот за
даноци и за трговски друштва, за способноста за плаќање на данокот и за општиот
придонес на друштвото во стопанството.
(е) Јавноста, воопшто, би сакала да има информации за сите причини што се
спомнуваат горе, но би можело да се каже дека би било невозможно да се
обезбедат сметководствени информации за општи намени што се посебно
дизајнирани за задоволување на потребите на јавноста.

3. Целта на општото финансиско известување


ДЕФИНИЦИЈА
Концептуалната рамка наведува дека:
„Целта на општото финансиско известување е да обезбеди информации за
известувачкиот ентитет што се корисни за постоечките и можните вложувачи,
заемодавци и за останатите доверители при носењето на одлуките за
обезбедување ресурси на ентитетот.“

На овие корисници им се потребни информации за:


• економските ресурси на ентитетот;
• обврските на ентитетот; и
• промените во економските ресурси и обврските на ентитетот.
Информациите за економските ресурси и обврските на ентитетот им помагаат на
корисниците да ја проценат ликвидноста и солвентноста на ентитетот и неговите
веројатни потреби за дополнително финансирање.
Информациите за финансиските резултати на известувачкиот ентитет (промените на
неговите економски ресурси и обврски) им помагаат на корисниците да ги разберат
приносите што ентитетот ги генерирал од своите економски ресурси. Ова е показател за
тоа колку ефикасно и ефективно раководството ги користело ресурсите на ентитетот и
помага во предвидувањето на идните приноси.
Концептуалната рамка јасно утврдува дека овие информации треба да се изготвуваат
врз пресметковна основа.

Пресметковна основа. Ефектите на трансакциите и другите настани се признаваат кога


се случуваат (а не кога парите или паричните еквиваленти се примаат или се плаќаат) и
тие се евидентираат во сметководствените евиденции и се прикажуваат во
финансиските извештаи за периодите на кои тие се однесуваат.

Финансиските извештаи изготвени според пресметковна основа, на корисниците им ги


покажуваат минатите трансакции што вклучувале пари, обврските за плаќање пари во
иднина, како и ресурсите што претставуваат пари кои треба да се примат во иднина.
Информациите за паричните текови на известувачкиот ентитет за време на определен
период исто така им помагаат на корисниците да ја проценат способноста на
ентитетот за генерирање идни нето парични приливи и им помага на корисниците
подобро да го разберат неговото работење.

8 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


4. Основна претпоставка
ДЕФИНИЦИЈА
Континуитетот е основната претпоставка во изготвувањето на финансиските извештаи.

4.1 Континуитет
Клучен
поим Континуитет. Ентитетот вообичаено се смета за ентитет во континуитет, односно
продолжува со работењето во догледно време. Се претпоставува дека ентитетот нема
ниту намера ниту потреба да го ликвидира или материјално ограничи обемот на своето
работење. (Концептуална рамка)

Се претпоставува дека ентитетот нема намера да ги ликвидира или да ги ограничи


главните операции. Доколку има намера да го стори тоа, тогаш финансиските извештаи
би се изготвувале врз различна (обелоденета) основа.

5. Квалитативни карактеристики на корисните


финансиски информации
ДЕФИНИЦИЈА
Концептуалната рамка наведува дека квалитативните карактеристики се атрибутите
што ги прават финансиските информации корисни за корисниците.

Глава 3 на Концептуалната рамка прави разлика меѓу основни и напредни


квалитативни карактеристики за целите на анализата. Основните квалитативни
карактеристики ги разграничуваат корисните информации во финансиските извештаи од
информациите кои не се корисни или кои се лажни. Напредните квалитативни
карактеристики ги разграничуваат покорисните информации од помалку корисните
информации.
Двете основни квалитативни карактеристики се релевантноста и верното
презентирање.

5.1 Релевантност
Клучен
поим Релевантност. Релевантната информација може значително да влијае врз одлуките
што ги носат корисниците. Таа може да влијае врз одлуките ако има предвидувачка
вредност, потврдувачка вредност, или ако ги има и двете. (Концептуална рамка)

Врз релевантноста на информацијата влијаат нејзината природа и нејзината


материјалност.
Клучен
поим Материјалност. Информацијата е материјална ако нејзиното испуштање или нејзиното
погрешно прикажување би можело да влијае врз одлуките што ги носат корисниците врз
основа на финансиските информации за определен известувачки ентитет.
(Концептуална рамка)

5.2 Верно презентирање


Клучен
Верно презентирање. Финансиските извештаи ги презентираат економските појави со
поим зборови и бројки. За да бидат корисни, финансиските информации мора не само да
презентираат релевантни појави, туку мора верно да ја презентираат појавата што
тврдат дека ја презентираат. (Концептуална рамка)

За да бидат верно презентирани, информациите мора да бидат целосни, неутрални и


да не содржат грешки.

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 9


Целосното опишување ги опфаќа сите информации што му се неопходни на корисникот
за да ја разбере појавата што се опишува, вклучувајќи ги сите потребни описи и
објаснувања.
Неутралното опишување не е пристрасно во однос на изборот или презентирањето на
финансиските информации. Ова значи дека со информациите не смее да се манипулира
на каков било начин со цел да се влијае врз одлуките на корисниците.
Непостоењето грешки значи дека нема грешки или пропусти во опишувањето на
појавата и дека не се направени никакви грешки во процесот на изготвување на
финансиските информации. Тоа не значи дека не може да се појават никакви
неточности, особено во случајот кога мора да се прават процени.
5.2.1 Суштина над формата
Ова не е посебна квалитативна карактеристика во согласност со Концептуалната
рамка. ОМСС вели дека тоа би било излишно затоа што истото е имплицирано во
верното презентирање. Верното презентирање на некоја трансакција единствено е
можно ако таквата трансакција е евидентирана врз основа на својата суштина и
економската реалност.

5.3 Напредни квалитативни карактеристики


5.3.1 Споредливост
Клучен
поим Споредливост. Споредливоста е квалитативна карактеристика која им овозможува на
корисниците да ги идентификуваат и да ги разберат сличностите и разликите меѓу
ставките. Информациите за некој известувачки ентитет се покорисни доколку можат да
се споредат со слични информации за други ентитети и со слични информации за
истиот ентитет за друг период или датум. (Концептуална рамка)

Конзистентноста, иако е поврзана со споредливоста, не се однесува на истото. Таа се


однесува на користењето исти методи за исти ставки (т.е. конзистентност на третманот)
или од период во период во рамките на еден известувачки ентитет или во еден период
кај повеќе ентитети.
За ова, многу е важно обелоденувањето на сметководствените политики.
Корисниците мора да бидат способни да ги разликуваат различните сметководствени
политики за да бидат способни да направат важечка споредба со сличните ставки во
извештаите на различните ентитети.
Споредливоста не е исто што и униформноста. Ентитетите треба да ги менуваат
сметководствените политики доколку таквите политики станат несоодветни.
Треба да се прикажат соодветни информации за претходните периоди за да се
овозможи споредба низ времето.
5.3.2 Потврдливост
Клучен
поим Потврдливост. Потврдливоста помага во уверувањето на корисниците дека
информациите верно ја презентираат економската појава што тврдат дека ја
презентираат. Тоа значи дека разните добро информирани и независни набљудувачи
можат да постигнат консензус дека определено опишување е верно презентирање.
(Концептуална рамка)

5.3.3 Навременост
Клучен
поим Навременост. Навременоста значи дека информациите треба да им бидат достапни на
носителите на одлуките навреме за да можат да влијаат врз нивните одлуки.
Вообичаено, колку се постари информациите, толку се помалку корисни. (Концептуална
рамка)

10 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


Информациите можат да станат помалку корисни ако има доцнење во нивното
известување. Постои рамнотежа меѓу навременоста и обезбедувањето
веродостојни информации.
Ако за информациите се известува навремено кога не се познати сите аспекти на
трансакцијата, тие можат да бидат нецелосни или да содржат грешки.
Спротивно на тоа, ако се познати сите детали за некоја трансакција, можеби ќе биде
предоцна да се објави информацијата затоа што таа станала нерелевантна. Основната
грижа е како најдобро да се задоволат потребите на корисниците за носење економски
одлуки.
5.3.4 Разбирливост
Клучен
поим Разбирливост. Јасното и концизно класифицирање, карактеризирање и презентирање
на информациите ги прави разбирливи. (Концептуална рамка)

Финансиските извештаи се изготвуваат за корисници кои имаат разумно познавање на


деловните и економските активности и кои внимателно ги проверуваат и ги
анализираат информациите. Некои појави се природно сложени и не можат да се
направат лесно разбирливи. Исклучувањето на информациите за таквите појави може
да ги направи информациите полесни за разбирање, но без нив извештаите би биле
нецелосни и, според тоа, невистинити. Оттаму, работите не треба да се изоставуваат од
финансиските извештаи единствено поради нивната сложеност, бидејќи дури и на добро
информираните и внимателните корисници понекогаш им е потребна помош од советник
за да ги разберат информациите за сложените економски појави.
Рамнотежа меѓу користа и трошокот
Ова е се поприсутно ограничување, а не квалитативна карактеристика. Кога се
обезбедува определена информација, нејзините користи мора да ги надминуваат
трошоците за нејзиното добивање и презентирање. Ова е субјективна област и затоа
постојат други тешкотии: некои други лица, покрај планираните корисници можат да
добијат некоја корист; исто така, трошоците може да ги плати некој друг наместо
корисниците. Токму затоа е тешко да се примени анализа на трошоци и користи, а
изготвувачите на извештаите и нивните корисници треба да бидат свесни за
ограничувањето.

6. Елементите на финансиските извештаи


ДЕФИНИЦИЈА
Трансакциите и другите настани се групираат заедно во широки класи и на овој начин
нивните финансиски ефекти се прикажани во финансиските извештаи. Овие широки
класи се елементите на финансиските извештаи.

Концептуалната рамка ги структурира овие елементи како што следува.


Елементи на
финансиските извештаи

Мерење на Мерење на
финансиската состојба во успешноста во
извештајот за финансиска состојба билансот на успех и
извештајот за останата
сеопфатна добивка
Средства
Обврски Приходи
Главнина
Расходи

Потоа следува процесот на подкласификација за презентирање во финансиските


извештаи, на пример, средствата се класифицираат според својата природа или

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 11


функција во претпријатието за да се прикажат информациите на најдобриот начин што
им овозможува на корисниците да носат економски одлуки.

6.1 Финансиска состојба


Треба да ги дефинираме трите поими што се наведени под горниот наслов.
Клучен
поим • Средство. Ресурс што е контролиран од ентитетот како резултат на минати
настани и од кој се очекува прилив на идни економски користи за ентитетот.
• Обврска. Сегашна облигација на ентитетот која произлегува од минати настани и
чиешто подмирување се очекува да резултира со одлив на ресурси на ентитетот
кои содржат економски користи.
• Капитал. Остаток на учеството во средствата на ентитетот по одземање на сите
негови обврски.
(Концептуална рамка)

Овие дефиниции се важни, но тие не ги опфаќаат критериумите за признавање на која


било од овие ставки за коишто се зборува во следниот дел од оваа глава. Тоа значи
дека дефинициите можат да вклучуваат ставки што фактички нема да бидат признаени
во извештајот за финансиската состојба бидејќи не ги исполнуваат критериумите за
признавање, особено веројатниот тек на економски користи до или од
претпријатието.
Дали некоја ставка задоволува некоја од дефинициите горе ќе зависи од суштината и
економската реалност на трансакцијата, а не само од нејзината правна форма. Пример
за ова е финансискиот наем (видете Глава 16).

6.2 Средства
Можеме подетално да ги разгледаме компонентите на дефинициите дадени горе.
Клучен
поим Идна економска корист. Потенцијалот за придонесување, директно или индиректно,
кон приливот на пари или парични еквиваленти во ентитетот. Може да се работи за
производствениот потенцијал, што претставува дел од оперативните активности на
ентитетот. Таа може да биде и во облик на конвертибилност во пари или парични
еквиваленти или способност за намалување на паричните одливи, како во случајот кога
некој алтернативен производствен процес гo намалува производствениот трошок.
(Концептуална рамка)

Средствата вообичаено се ангажираат за производство на стоки или услуги за


купувачите; купувачите потоа плаќаат за истите. Парите сами по себе му служат на
ентитетот поради својата контрола над другите ресурси.
Постоењето на некое средство, особено од аспект на контролата, не зависи од:
(a) физичкиот облик (оттаму патентите и авторските права); ниту од
(б) законските права (оттаму наемите).
Трансакциите или настаните во минатото создаваат средства; трансакциите или
настаните што се очекува дека ќе се случат во иднина самите по себе не создаваат
средства. На пример, намерата да се купи некое нетековно средство самата по себе не
ја задоволува дефиницијата за средство.

6.3 Обврски
Повторно повнимателно ќе разгледаме определени аспекти на дефиницијата.
Суштинска карактеристика на една обврска е тоа што ентитетот има сегашна обврска.
Клучен
Обврска. Должност или одговорност да се постапи или да се изврши нешто на
поим
определен начин. Обврските можат да бидат законски извршни како последица на
обврзувачки договор или законско барање. Обврските, сепак, произлегуваат, исто така,

12 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


од вообичаената деловна практика, обичајот и од желбата за одржување добри деловни
односи или за дејствување на правичен начин. (Концептуална рамка)

Важно е да се прави разлика меѓу сегашна обврска и идна обврска. Одлуката на


раководството да купи средства во иднина самата по себе не создава сегашна обврска.
Подмирувањето на некоја сегашна обврска вклучува откажување од страна на
ентитетот од ресурси што претставуваат економски користи заради задоволување на
барањето на другата страна. Ова може да се направи на различни начини, не само со
парична исплата.
Обврските мора да произлегуваат од минати трансакции или настани. Во случајот, да
речеме, на признавање идни рабати на купувачите врз основа на годишните набавки,
продажбата на стоки во минатото е трансакцијата што ја создава обврската.

6.3.1 Резервирања
Дали резервирањето претставува обврска?
Клучен
поим Резервирање. Сегашна обврска што го задоволува остатокот од дефиницијата за
обврска, дури и ако износот на обврската треба да биде проценет.
(Концептуална рамка)

Разгледајте ги следниве ситуации. Во секој од случаите, дали имаме средство или


обврска во смисла на дефинициите што се дадени во Концептуалната рамка?
Образложете го вашиот одговор.
(a) Друштвото Пат Ко (Pat Co) купило патент за $20.000. Патентот му дава право на
друштвото да биде единствениот корисник на определен производствен процес
што ќе му заштеди $3.000 годишно во следните пет години.
(б) Друштвото „Болдвин“ му платило $10.000 на Дон Бренан за да отвори
работилница за поправка на автомобили, под услов возилата од возниот парк на
друштвото да добиваат приоритетен третман.
(в) Друштвото „Дилс он Вилс Ко“ дава гаранција за секој продаден автомобил.

Одговор
(a) Ова е средство, иако е нематеријално средство. Постојат минат настан, контрола
и идна економска корист (преку заштеда на трошоците).
(б) Ова не може да се класифицира како средство. Друштвото „Болдвин“ нема
контрола врз работилницата за поправка на автомобили и тешко е да се
аргументира дека постојат „идни економски користи“.
(в) Барањето од гаранцијата во целост претставува обврска; друштвото преземало
обврска. Таа ќе биде признаена кога се издава гаранцијата, наместо кога се
поднесува барањето.

6.4 Капитал
Капиталот горе се дефинира како остаток, но тој може да се подкласифицира во
извештајот за финансиската состојба. Тоа укажува на законски или други ограничувања
на способноста на ентитетот да го распределува или на друг начин да го користи својот
капитал. Некои резерви се бараат со статут или друг закон, на пример, за идната
заштита на доверителите. Износот што е прикажан како капитал зависи од мерењето на
средствата и обврските. Тој воопшто не е поврзан со пазарната вредност на акциите
на ентитетот.

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 13


6.5 Успешност
Добивката се користи како мерка за успешноста, или како основа за други мерки (на
пример, заработка по акција). Таа зависи непосредно од мерењето на приходите и
расходите што, за возврат, зависат (делумно) од усвоените концепти за капитал и
одржување на капиталот.
Според тоа, се дефинираат елементите на приходот и расходот.
Клучен
поим • Приход. Зголемувања на економските користи во текот на сметководствениот период
во облик на приливи или зголемувања на средствата или пак намалувања на
обврските што резултираат со зголемувања на главнината, освен оние што се
поврзани со уплатите од страна на учесниците во главнината.
• Расходи. Намалувања на економските користи во текот на сметководствениот
период во вид на одливи или намалувања на средствата или создавање на
обврските што резултираат со намалувања на главнината, освен оние што се
поврзани со распределбите на учесниците во главнината.
(Концептуална
рамка)

Приходите и расходите можат да се презентираат на различни начини во билансот на


успех и останата сеопфатна добивка заради обезбедување информации што се
релевантни за економското одлучување. На пример, приходите и расходите што се
однесуваат на тековното работење се разликуваат од резултатите на прекинатото
работење.

6.6 Приход
Во дефиницијата за приход се вклучени како приходите, така и признаените добивки.
Приходот произлегува во текот на редовното работење на ентитетот.
Клучен
поим Признаени добивки. Зголемувања на економските користи. Како такви, тие по својата
природа не се разликуваат од приходите.

(Концептуална рамка)

Признаените добивки ги вклучуваат приходите што произлегуваат од отуѓување


нетековни средства. Дефиницијата за приход ги опфаќа и нереализираните добивки,
на пример, при ревалоризација на пазарни хартии од вредност.

6.7 Расходи
Како и со приходите, дефиницијата на расходите ги вклучува загубите, како и оние
расходи кои произлегуваат од редовниот тек на работењето на ентитетот.
Клучен
поим Загуби. Намалувања на економските користи. Како такви, тие по својата природа не се
разликуваат од другите расходи. (Концептуална рамка)

Загубите ги вклучуваат оние што произлегуваат од отуѓување на нетековни средства.


Дефиницијата за расходите, исто така, ги вклучува нереализираните загуби, на
пример, опаѓање на вредноста на некое вложување.

6.8 Резиме на делот


Осигурете се дека сте ги научиле важните дефиниции.
• Финансиска состојба:
– Средства
– Обврски
– Капитал
• Финансиска успешност:
– Приходи

14 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


– Расходи

7. Признавање на елементите на
финансиските извештаи
ДЕФИНИЦИЈА
Ставките кои ја за задоволуваат дефиницијата за средства или обврски сепак може да
не бидат признаени во финансиските извештаи бидејќи тие мора, исто така, да
задоволат определени критериуми за признавање.

Клучен Признавање. Процес на инкорпорирање во извештајот за финансиска состојба или


поим билансот на успех (извештајот за сеопфатна добивка) на ставка која ја исполнува
дефиницијата на елемент и ги задоволува следните критериуми за признавање:
(a) веројатно e дека сите идни економски користи поврзани со ставката ќе
претставуваат прилив или одлив за ентитетот; и
(б) ставката има набавна вредност или друга вредност која може веродостојно да се
измери.
(Концептуална рамка)

Мора да се земе предвид материјалноста (видете Дел 5 горе).

7.1 Веројатност на идните економски користи


Веројатноста овде значи степен на неизвесност дека идните економски користи што се
поврзани со ставката ќе претставуваат прилив или одлив за ентитетот. Ова мора да се
оценува врз основа на карактеристиките на окружувањето на ентитетот и на
достапните докази кога се изготвувале финансиските извештаи.

7.2 Веродостојност на мерењето


Набавната вредност или друга вредност на некоја ставка, во голем број случаи, мора да
се процени. Меѓутоа, Концептуалната рамка наведува дека користењето разумни
процени е суштински дел од изготвувањето на финансиските извештаи и дека тоа не ја
поткопува нивната веродостојност. Кога не може да се направи разумна процена,
ставката не треба да се признае, иако нејзиното постоење треба да биде обелоденето
во белешките или во друг објаснувачки материјал.
Ставките сè уште можат да се квалификуваат за признавање подоцна поради промени на
околностите или поради последователни настани.

7.3 Средства што не може да се признаваат


Критериумите за признавање не опфаќаат ставки што голем број претпријатија можат да
ги сметаат за средства. Квалификуваната работна сила несомнено претставува
средство, но работниците можат да си заминат во секое време, така што не може да
постои извесност во врска со веројатноста на идните економски користи. Некое друштво
можеби измислило ново име за својот производ, што во голема мера ја зголемило
продажбата, но бидејќи тоа не го купило името, тоа име нема своја набавна вредност
или друга вредност што може веродостојно да се измери, така што тоа не се признава.

7.4 Признавање ставки


Можеме да ги сумираме критериумите за признавање за средства, обврски, приходи и
расходи врз основа на дефиницијата за признавање дадена горе.

Ставка Признаена во Кога


Средств Извештај за Веројатно е дека идните економски користи ќе
о финансиската состојба претставуваат прилив за ентитетот, и средството има
набавна вредност или друга вредност што може да
се измери веродостојно.
Обврска Извештај за Веројатно е дека подмирувањето на некоја сегашна

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 15


Ставка Признаена во Кога
финансиската состојба обврска како последица ќе има одлив на ресурси што
претставуваат економски користи и дека износот
според кој се врши подмирувањето може да се
измери веродостојно.
Приходи Биланс на успех и Зголемување на идните економски користи што е
останата сеопфатна поврзано со зголемување на средствата или
добивка намалување на обврските што може веродостојно да
се измери.
Расходи Биланс на успех и Намалување на идните економски користи што е
останата сеопфатна поврзано со намалување на средствата или
добивка зголемување на обврските што може веродостојно да
се измери.

8. Мерење на елементите на финансиските


извештаи
ДЕФИНИЦИЈА
Во финансиските извештаи се користат повеќе различни основи за мерење. Тие
вклучуваат:
– Историска набавна вредност
– Тековен трошок
– Реализациона вредност (вредност при порамнување)
– Сегашна вредност на идни парични текови

Мерењето се дефинира како што следува.

Клучен Мерење. Процес на определување монетарни износи по кои елементите на


поим финансиските извештаи треба да бидат признаени и прикажани во извештајот за
финансиска состојба и билансот на успех и останата сеопфатна добивка. (Концептуална
рамка)

Ова вклучува избор на определена основа за мерење. Повеќе такви основи се користат
во различен обем и различни комбинации во финансиските извештаи. Тие ги вклучуваат
следниве.

Клучни Историска набавна вредност. Средствата се евидентираат според износот на платени


поими пари или парични еквиваленти или според објективната вредност на дадениот надомест
за нивно стекнување во времето на нивната набавка. Обврските се евидентираат
според износот на примените приливи во замена за обврската или, во некои околности
(на пример, даноци на добивка), според износот на пари или парични еквиваленти кои
се очекува да бидат платени за да се подмири обврската во нормалниот тек на
работење.
Тековен трошок. Средствата се водат според износот на пари или парични еквиваленти
кои би требало да се платат доколку тековно би било стекнато исто или еквивалентно
средство.
Обврските се водат според недисконтираниот износ на пари или парични еквиваленти
кои би биле потребни за тековно подмирување на обврската.
Реализациона вредност (вредност при подмирување).
• Реализацона вредност. Износот на пари или парични еквиваленти кои тековно
можат да се добијат со продажба на средство по пат на уредно отуѓување.
• Вредност при порамнување. Недисконтирани износи на пари и парични
еквиваленти кои се очекува да се платат за подмирување на обврските во
нормалниот тек на работењето.
Сегашна вредност. Тековна проценка на сегашната дисконтирана вредност на идните
парични текови во нормалниот тек на работење. (Концептуална рамка)

16 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


Историската набавна вредност е најчесто користената основа за мерење, но таа
вообичаено се комбинира со други основи, на пример, залихите се водат според
пониската вредност од набавната вредност и нето реализациона вредност.
Поновите стандарди го користат концептот за објективна вредност, што во МСФИ 13 се
дефинира како „цената што се прима за продажба на средството или се плаќа за пренос
на обврската во уредна трансакција меѓу учесниците на пазарот на датумот на мерење“.
Пример
Некоја машина била купена на 1 јануари 2008 година за $3 милиони. Тоа била нејзината
изворна набавна вредност. Машината има корисен век од 10 години и согласно
спогодбата за историската набавна вредност, таа се води според изворната
набавна цена намалена за акумулираната депрецијација. Оттаму, во финансиските
извештаи на 31 декември 2009 година таа се евидентира како:
$3 м. – (0,3 x 2) = $2,4 м.
Тековниот трошок на машината, што веројатно ќе претставува и нејзина објективна
вредност, ќе може да се утврди лесно, освен ако таа не е премногу специјализирана. На
пример, машините од тој вид што се стари две години можат тековно да се разменуваат
за $2,5 м., така што тоа би била соодветна објективна вредност.
Нето реализациона вредност на машината ќе биде износот што може да се добие со
нејзината продажба, намален за сите трошоци кои се потребни за да се изврши
продажбата. Ако трошоците за демонтирање и превоз на машината до локацијата на
купувачот изнесувале $200.000, НРВ би изнесувала $2,3 м.
Трошокот за замена на машината ќе биде набавната цена на новиот модел намалена
за двегодишната депрецијација. Набавната цена на новата машина сега би можела да
биде $3,5 м. Под претпоставка дека има корисен век од 10 години, трошокот за замена
би изнесувал $2,8 м.
Сегашната вредност на машината е еднаква на дисконтираната вредност на идните
парични текови што се очекува таа да ги генерира. Ако се очекува дека машината ќе
генерира $500,000 годишно во преостанатите 8 години од својот корисен век и ако
трошокот на капиталот на друштвото е 10%, сегашната вредност се пресметува како:
$500.000 x 5,335* = $2.667.500
* Кумулативна сегашна вредност од $1 годишно за 8 години, дисконтирана со 10%.

9. Објективно презентирање и усогласеност


со МСФИ
Она што е најважно е дека финансиските извештаи треба објективно да ги
презентираат финансиската состојба, финансиската успешност и паричните текови на
определен ентитет. Усогласеноста со МСФИ се претпоставува дека ќе резултира со
финансиски извештаи кои постигнале објективно презентирање.
Следниве заклучоци од МСС 1 дополнително го разработуваат овој принцип.
(a) Усогласеноста со МСФИ треба да се обелодени.
(б) Ако е обелоденета усогласеноста со МСФИ мора да се следат сите релевантни
МСФИ.
(в) Користењето несоодветен сметководствен третман не може да се поправи
преку обелоденување на сметководствените политики или преку
белешки/објаснувачки материјал.
Може да се јават (многу ретко) околности кога раководството ќе одлучи дека
усогласеноста со некое барање од определен МСФИ би наведувала на погрешен
заклучок. Оттаму, потребно е отстапување од МСФИ за да се постигне објективно
презентирање. Во таквиот случај треба да се обелодени следново.
(a) Потврда од раководството дека финансиските извештаи објективно ги
презентираат финансиската состојба, успешноста и паричните текови на
ентитетот.

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 17


(б) Изјава дека постои усогласеност со сите МСФИ со исклучок на отстапување од
еден МСФИ за да се постигне објективно презентирање.
(в) Детали за природата на отстапувањето, зошто третманот според МСФИ би навел
на погрешен заклучок, и за усвоениот третман.
(г) Финансиското влијание на отстапувањето.

Ова вообичаено се нарекува „отстапување од вистинитиот и објективниот приказ“.

9.1 Обелоденувања во екстремни случаи


Во многу ретки околности, раководството може да заклучи дека усогласеноста со некое
барање од определен стандард или толкување може во толкава мера да наведува на
погрешен заклучок што би било во судир со целта на финансиските извештаи која е
утврдена во Концептуалната рамка, но релевантната регулаторна рамка го забранува
отстапувањето од барањата. Во таквите случаи, ентитетот треба да ги намали
претпоставените аспекти што водат кон погрешни заклучоци на усогласувањето со
обелоденување:
(a) Насловот на стандардот, природата на барањето и причината зошто
раководството го извлекло тој заклучок.
(б) За секој период, исправките на секоја ставка во финансиските извештаи што ќе
бидат неопходни за постигнување објективно презентирање.
МСС 1 наведува што е потребно за објективно презентирање.
(a) Избор и примена на сметководствени политики.
(б) Презентирање на информациите на начин што обезбедува релевантни,
веродостојни, споредливи и разбирливи информации.
(в) Дополнителни обелоденувања кога е потребно тоа.

18 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• Постоењето на концептуална рамка има свои предности и недостатоци.
• Рамката за изготвување и презентирање финансиски извештаи од 1989 година беше
заменета со Концептуална рамка за финансиско известување во 2010 година. Ова е
резултат на заеднички проект со ОФСС.
• Целта на финансиските извештаи е да обезбедат информации за известувачкиот
ентитет што се корисни за постоечките и можните вложувачи, заемодавци и за
останатите доверители при носењето на одлуките за обезбедување ресурси на
ентитетот.
• Континуитетот е основната претпоставка во изготвувањето на финансиските извештаи.
• Концептуалната рамка наведува дека квалитативните карактеристики се атрибутите
што ги прават финансиските информации корисни за корисниците.
• Трансакциите и други настани се групираат заедно во широки класи и на овој начин
нивните финансиски ефекти се прикажани во финансиските извештаи. Овие широки
класи се елементите на финансиските извештаи.
• Ставките кои ја задоволуваат дефиницијата за средства или обврски, сепак, може да не
бидат признаени во финансиските извештаи бидејќи тие мора, исто така, да задоволат
определени критериуми за признавање.
• Во финансиските извештаи се користат повеќе различни основи за мерење. Тие
вклучуваат:
– Историска набавна вредност
– Тековен трошок
– Реализациона вредност (вредност при подмирување)
– Сегашна вредност на идни парични текови

Краток тест
1 Дефинирајте „концептуална рамка“.
2 Кои се предностите и недостатоците на изготвувањето концептуалната рамка?
3 Потребите на која категорија корисници се од најголемо значење при изготвувањето на
финансиските извештаи?
4 Дефинирајте „релевантност“.
5 На кои два начина корисниците треба да бидат во состојба да ги споредуваат
финансиските извештаи на ентитетот?
6 Резервирањето може да биде обврска. Точно или неточно?
7 Дефинирајте „признавање“.
8 Набавната вредност или друга вредност на ставките во финансиските извештаи никогаш
не се проценува. Точно или неточно?
9 Која е најчесто користената основа за мерење во финансиските извештаи?

F7 Финансиско известување  1: Концептуална рамка 19


Одговори на краткиот тест
1 Таа е исказ на општоприфатените теоретски принципи кои ја формираат референтната
рамка за финансиско известување.
2 Предности
• Стандардизирана сметководствена практика
• Помалку простор за критики
• Се фокусира на билансот на успех и останата сеопфатна добивка или извештајот
за финансиската состојба, соодветно
Недостатоци
• Низа различни корисници, така што нема сите да бидат задоволни
• Низа различни стандарди за различни намени
• Изготвувањето и имплементацијата на стандардите не е задолжително олеснето
3 Потреби на вложувачите.
4 Информациите се релевантни кога влијаат врз економските одлуки на корисниците
помагајќи им да ги оценат минатите, сегашните и идните настани или потврдувајќи (или
исправајќи) ги нивните минати оцени.
5 • Низ времето за да се идентификуваат трендовите
• Со извештаите на други ентитети
6 Точно. Тоа ја задоволува дефиницијата за обврска, но износот можеби треба да се
процени.
7 Видете Клучен поим во Дел 7.
8 Неточно. Монетарните вредности често се проценуваат.
9 Историска набавна вредност.

Сега обидете се да ги одговорите долунаведените прашања од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


1 Испит 10 18 минути

20 1: Концептуална рамка  F7 Финансиско известување


Регулаторна
рамка

Список со теми

1 Потребата за регулаторна рамка


2 Одборот за меѓународни
сметководствени стандарди (ОМСС)
3 Утврдување на Меѓународните
стандарди за финансиско известување
Упатување до
наставната
програма
B1
B2

B2
2
Вовед
Ние веќе ги разгледавме ОМСС и МСФИ во
определена мера. Во оваа глава се занимаваме
со односот меѓу ОМСС и другите тела и со
начинот на којшто работи ОМСС и како се
изготвуваат МСФИ.
Подоцна во текстот разгледуваме дел од
теоријата зад она што се појавува во извештаите.
Најважниот документ во оваа област е
Концептуалната рамка за финансиско
известување на ОМСС.

19
Насоки за учење
Ниво на
знаење
Б РЕГУЛАТОРНА РАМКА ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
1 Причини за постоењето на регулаторната рамка
(a) Објаснете зошто е потребна регулаторна рамка, вклучувајќи ги, 2
исто така, предностите и недостатоците на МСФИ наспроти
националната регулаторна рамка.
(б) Објаснете зошто сметководствените стандарди сами за себе не 2
претставуваат целосна регулаторна рамка.
(в) Направете разлика меѓу рамка што се заснова врз принципи и 1
рамка што е заснова врз правила и објаснете дали тие можат
да бидат комплементарни.
2 Процесот за утврдување стандарди
(a) Опишете ги структурата и целите на Фондацијата за МСФИ, 2
Одборот за меѓународни сметководствени стандарди (ОМСС),
Советодавниот совет за МСФИ (МСФИ СС) и Комитетот за
толкување на МСФИ (МСФИ КТ).
(б) Опишете го процесот на ОМСС за утврдување стандарди, 2
вклучувајќи го ревидирањето и толкувањето на стандардите.
(в) Објаснете го односот меѓу националните носители на 2
стандарди и ОМСС во однос на процесот за утврдување на
стандардите.

Насоки за испитот
Може да бидете прашани за овие теми како дел од некое пообемно прашање.

1. Потребата за регулаторна рамка


1.1 Вовед

Регулаторната рамка е најважниот елемент за обезбедувањето релевантни и верно


презентирани финансиски информации и, оттаму, за задоволувањето на потребите на
акционерите и другите корисници.
Без да постои единствено тело со општа одговорност за изготвување на стандардите за
финансиското известување (ОМСС) и рамка од општи принципи во која тие можат да се
изготвуваат (Концептуалната рамка), не би постоеле начини за спроведување на
усогласеноста со ОПСП. Исто така, ОПСП нема да може да се развиваат на каков било
структуриран начин како одговор на промените на економските состојби.

1.2 Системи засновани врз принципи наспроти системи


засновани врз правила
ДЕФИНИЦИЈА
Системот што е заснован врз принципи функционира во рамките на група од утврдени
принципи. Системот што е заснован врз правила ги регулира прашањата како што тие
произлегуваат. Двата система имаат свои предности и недостатоци.

Концептуалната рамка ја дава основата на принципите во чиишто рамки можат да се


развиваат стандардите. Овој систем е наменет за осигурување дека не се изготвуваат
стандарди што се во судир едни со други, како и дека секое отстапување од некој
стандард може да се оценува врз основа на тоа дали е или не е во согласност со
принципите што се утврдени во Концептуалната рамка. Ова е систем што се заснова
врз принципи.

20 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


Во отсуство на рамка за известување, треба да се усвои пристап што е повеќе заснован
врз правила. Ова води кон огромен број прописи што се дизајнирани за опфаќање на
секоја евентуалност, како што е случајот во САД. Како што можевме да видиме во текот
на изминатите неколку години, големиот обем на регулаторни мерки не секогаш ги
открива или ги спречува финансиските неправилности. Една од претпоставените
предности на системите што се засноваат врз правила е тоа што користењето на
расудувањето е сведено на минимум. Ревизорите што се плашат од судските постапки
вообичаено ги претпочитаат системите што се засноваат врз правила. Можеби
пристапот заснован врз правилата е соодветен за контроверзните области во
сметководството.

2. Одборот за меѓународни сметководствени


стандарди (ОМСС)
ДЕФИНИЦИЈА
Организациската структура се состои од:
• Фондацијата за МСФИ
• ОМСС
• Советодавниот совет за МСФИ
• Комитетот за толкување на МСФИ

2.1 Вовед
Одборот за меѓународни сметководствени стандарди е независно, приватно
финансирано тело за утврдување стандарди со седиште во Лондон.
Во март 2001 година беше формирана Фондацијата на КМСС како непрофитна
организација што е основана во САД. Фондацијата на КМСС е матичниот ентитет на
ОМСС. Во јули 2010 година таа го промени своето име во Фондација на МСФИ.
Од април 2001 година, ОМСС ги презеде обврските за утврдување сметководствени
стандарди од својот претходник, Комитетот за меѓународни сметководствени стандарди
(КМСС). Оваа реконструкција се засноваше врз препораките што беа дадени во
Препораки за моделирање на КМСС во иднина.

2.2 Кој го сочинува ОМСС


Петнаесетте членови на ОМСС доаѓаат од девет земји и имаат различни квалификации
со мешавина од ревизори, изготвувачи на финансиски извештаи, корисници на
финансиски извештаи и еден академик. Одборот се состои од 12 члена со полно
работно време и два члена со скратено работно време.

2.3 Целите на ОМСС


Формалните цели на ОМСС, формулирани во неговата изјава за мисијата, се:
(a) Да изготви, во интерес на јавноста, единствена низа од висококвалитетни,
разбирливи и применливи глобални сметководствени стандарди што бараат
висококвалитетни, транспарентни и споредливи информации во финансиски
извештаи за општа намена.
(б) Да ја промовираат употребата и енергичната примена на тие стандарди.
(в) Да работат активно со националните носители на сметководствените стандарди
за постигнување конвергенција на националните сметководствени стандарди и
МСФИ преку висококвалитетни решенија.

2.4 Структурата на ОМСС


Структурата на ОМСС ги има следниве главни карактеристики:
(a) Фондацијата за МСФИ е независна организација што има две главни тела –
повереници и ОМСС. Фондацијата за МСФИ ги поседува авторските права за
МСФИ и за сите останати публикации на ОМСС.

F7 Финансиско известување  2: Регулаторна рамка 21


(б) Поверениците на Фондацијата за МСФИ ги назначуваат членовите на ОМСС,
вршат надзор и ги обезбедуваат потребните средства.
(в) ОМСС има единствена одговорност за утврдување на сметководствените
стандарди.
(г) Постојат и уште две дополнителни тела, Советодавниот совет за МСФИ и
Комитетот за толкување на МСФИ (видете долу).
Структурата може да се илустрира како што следува.

Легенда Фондација за
МСФИ
Назначува
(22 повереници)

Поднесува
извештаи на

Врски со членството Одбор за меѓународни


сметководствени стандарди
Советува
(15 членови на Одборот)

Советодавен совет за Комитет за толкување


Национални носители на A МСФИ на МСФИ
стандарди и други
заинтересирани страни (12 членови)
Советодавни комитети

Оперативен директор Директор за технички


и нетехнички персонал активности
Повереници. Поверениците претставуваат група од дваесет и два поединци со
различно географско и функционално потекло. Поверениците ги назначуваат членовите
на Одборот, Комитетот за толкување на МСФИ и на Советодавниот совет за МСФИ.
Покрај следењето на ефективноста на Фондацијата и обезбедувањето на нејзините
средства, поверениците го одобруваат буџетот и имаат одговорност за конститутивните
промени. Поверениците беа назначени на таков начин што првично имаше шест од
Северна Америка, шест од Европа, четири од Азија и уште три од која било област, под
услов ако се одржува географската рамнотежа. Поверениците беа избрани како што
следува:
(a) Меѓународната федерација на сметководители (МФС) предложи кандидати за
пополнување пет од деветнаесетте поверенички места, а меѓународните
организации на изготвувачите и корисниците на финансиските извештаи и
членовите на академската заедница предложија по еден кандидат.
(б) Преостанатите повереници се „слободни повереници“ во смисла на тоа што не се
избрани преку процес на номинација од избирачкото тело.
Советодавен совет за МСФИ. Советодавниот совет за МСФИ обезбедува формален
начин како дополнителните групи и лица со различно географско и функционално
потекло можат да му даваат совети на Одборот и, повремено, да ги советуваат
поверениците. Тој се состои од приближно педесет членови и се состанува најмалку
трипати годишно. Советот се консултира од страна на ОМСС за сите поголеми проекти и
неговите состаноци се отворени за јавноста. Тој го советува ОМСС за утврдувањето на
приоритетите во неговото работење и за импликациите на предложените стандарди за
корисниците и изготвувачите на финансиските извештаи.
Комитетот за толкување на МСФИ. Комитетот за толкување обезбедува навремени
насоки за примената и толкувањето на Меѓународните стандарди за финансиско
известување. Комитетот се занимава со новоидентификуваните прашања во врска со
финансиското известување што не се посебно адресирани во МСФИ, или со прашања за

22 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


коишто произлегле или веројатно е дека ќе произлезат незадоволителни или
конфликтни толкувања.

2.5 Други меѓународни влијанија


Постојат уште неколку други меѓународни тела што треба да се спомнат. Од вас не се
бара детално да го следите нивното работење, но нивното познавање ќе ви помогне во
учењето и во читањето општи материјали што се поврзани со предметната област.

2.5.1 ОМСС и ЕК/меѓувладините тела


Европската комисија ја призна улогата на ОМСС во усогласувањето на
сметководствените правила на светско ниво и претставниците на ЕК присуствуваат на
состаноците на ОМСС и се приклучија на Управните одбори што се вклучени во
утврдувањето на МСФИ. Ова треба да стави крај на идејата за посебно ниво на
европски правила за известување.
ЕК, исто така, воспостави комисија што треба да истражува каде постојат судири меѓу
нормите на ЕУ и меѓународните стандарди за да може да се постигне нивната
компатибилност. За возврат, ОМСС ги користеше директивите на ЕК во својата работа.
Од 2005 година сите котирани ентитети во земјите-членки мора да ги користат
МСФИ во своите консолидирани финансиски извештаи.
ОМСС, исто така, има блиска соработка со експертските работни групи на Обединетите
нации за меѓународните стандарди за сметководство и известување (група за МССИ при
ОН) и со Работната група за сметководствени стандарди на Организацијата за
економска соработка и развој (Работна група на ОЕСР). Овие тела ги поддржуваат
хармонизацијата и подобрувањето на финансиското известување, но тие не
претставуваат тела за стандардизација и големиот дел од нивните материјали се
заснова врз работата на ОМСС (на пример, користејќи ја Рамката на ОМСС).
2.5.2 Обединети нации (ОН)
Обединетите нации имаат Комисија и Центар за меѓународни известувачки корпорации
преку кои собираат информации во врска со активностите и известувањето на
мултинационалните друштва. Процесите на ОН се високополитички и најверојатно ги
одразуваат ставовите на владите на земјите во развој во однос на мултинационалните
друштва. На пример, постои меѓувладина работна група „експерти“ за меѓународните
стандарди за сметководство и известување во која преовладуваат членови од земјите
во развој.
2.5.3 Меѓународна федерација на сметководители (МФС)
МФС е тело од приватниот сектор што е воспоставено во 1977 година и денес се состои
од над 100 професионални сметководствени тела од околу 90 различни земји. Главната
цел на МФС е да ја координира сметководствената професија во светски рамки преку
издавање и воспоставување меѓународни стандарди за ревизија, управувачко
сметководство, етика, образование и обука. Вие веќе сте запознаени со Меѓународните
стандарди за ревизија што се изготвени од ОМСРУ (Одбор за меѓународни стандарди
за ревизија и уверување), тело во рамките на МФС. МФС има посебни комитети што
работат на овие теми и го организира Светскиот конгрес на сметководители што се
одржува на секои пет години. ОМСС е поврзан со МФС.
2.5.4 Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР)
ОЕСР е основана во 1960 година од страна на владите на 21 земја за „постигнување на
највисокиот одржлив економски раст и вработување и повисок стандард на живеење во
земјите-членки, притоа одржувајќи ја финансиската стабилност и, на тој начин,
придонесувајќи за светската економија“. ОЕСР ја поддржува работата на ОМСС, но,
исто така, спроведува сопствени истражувања во врска со сметководствените
стандарди преку ад хок работни групи. На пример, во 1976 година, ОЕСР издаде
упатства за мултинационалните друштва за финансиско известување и нефинансиски
обелоденувања. Се чини дека ОЕСР работи во името на развиените земји за да ги
заштити од екстремните предлози на Обединетите нации.

F7 Финансиско известување  2: Регулаторна рамка 23


2.5.5 Меѓународна организација на комисии за хартии од вредност
(МОКХВ)
МОКХВ ги застапува регулаторите на пазарите на хартии од вредност во светот и има
блиска соработка со ОМСС во развојот на стандардите. Во 2000 година, организацијата
им препорача на сите свои членови да им дозволат на мултинационалните корисници да
поднесуваат финансиски извештаи што се засноваат врз МСФИ.

2.6 Општоприфатена сметководствена практика (ОПСП)


Треба да разгледаме, исто така, неколку важни поими со кои ќе се сретнете во текот на
изучувањето на финансиското сметководство. Како поим, ОПСП се појави последниве
години и ги означува сите правила, без оглед на нивниот извор, што го уредуваат
сметководството. Правилата може да произлегуваат од:
(a) Локалното (национално) законодавство за трговските друштва.
(б) Националните и меѓународните сметководствени стандарди.
(в) Законските барања во другите земји (особено во САД).
(г) Барањата на берзата.
Целосната регулаторна рамка ги опфаќа сите од горенаведените, во случај кога
постојат.

2.7 Вистинит и објективен приказ (или објективна


презентација)
Националното законодавство (во определени земји) наложува дека финансиските
извештаи треба да даваат вистинит и објективен приказ (или „објективна презентација
во секој материјален поглед“) за финансиската состојба на ентитетот на крајот од
финансиската година.
Поимите „вистинит и објективен приказ“ и „објективна презентација“ во секој материјален
поглед“ не се дефинирани во сметководствените или ревизорските стандарди. Без оглед
на ова, раководителите на друштвата можат да отстапат од која било одредба на
сметководствените стандарди доколку таа не е доследна на барањето за обезбедување
вистинит и објективен приказ. Ова вообичаено се нарекува „отстапување од вистинитиот
и објективниот приказ“. Тоа се третираше како важна дупка во законот во различните
земји и беше причина за многу расправии и незадоволства во рамките на
сметководствената професија.

2.8 МСФИ – предности и недостатоци


Секоја земја што ги усвојува МСФИ треба да ги разгледа предностите и недостатоците
на нивното усвојување и за ова прашање моментално се води широка дебата во САД.
Се смета дека главните предности се:
• Едно претпријатие може да ги презентира своите финансиски извештаи врз истата
основа како неговите меѓународни конкуренти, на тој начин правејќи ја споредбата
полесна.
• Со тоа се олеснува прекуграничното котирање, со што се олеснува
обезбедувањето капитал во странство.
• Друштвата со странски подружници имаат заеднички сметководствен јазик на ниво
на друштвото.
• Странските друштва кои се цел за преземање или спојување можат полесно да се
проценат.
Се смета дека недостатоците се:
• Цената на спроведувањето на МСФИ.
• Пониското ниво на деталност на МСФИ.
Земјите што имаат национални стандарди кои се многу нормативни се загрижени за
стандардите што се засноваат врз принципи во МСФИ кои бараат примена на

24 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


расудување. Ова особено е применливо во САД. Сметководителите во САД во голема
мера се предмет на судски постапки и нивната одбрана пред судот вообичаено гласи
дека работеле во согласност со релевантниот став на еден од стотиците детални
стандарди што ја сочинуваат ОПСП на САД. Тие се плашат дека усвојувањето на МСФИ
би ја укинало оваа одбрана.

Во сметководствена смисла, кои сметате дека се:


(a) Предностите на меѓународната хармонизација?
(б) Пречките од меѓународната хармонизација?

Одговор
(a) Предности на глобалната хармонизација
Предностите на хармонизацијата се засноваат врз користите за корисниците и
изготвувачите на извештаите, како што следува.
(i) Вложувачите, како поединечните, така и корпоративните, би сакале да бидат
во состојба да ги споредуваат финансиските резултати на различните
друштва во меѓународни рамки, како и на национално ниво при носењето на
одлуките за вложување.
(ii) Мултинационалните друштва би имале придобивки од хармонизацијата
поради многу причини, вклучувајќи ги следниве:
(1) Би добиле подобар пристап до фондовите на странските вложувачи.
(2) Би се подобрила контролата на раководството, бидејќи
хармонизацијата би ја помогнала внатрешната комуникација на
финансиските информации.
(3) Процената на странските ентитети за преземања и спојувања би била
поедноставна.
(4) Полесно би било да се почитуваат барањата за известување на
странските берзи.
(5) Полесно би било изготвувањето на финансиските извештаи на
групациите.
(6) Би можело да се постигне намалување на трошоците за ревизија.
(7) Преносот на сметководствениот персонал преку државните граници би
бил полесен.
(iii) Владите на земјите во развој би заштедиле време и пари доколку би можеле
да ги усвојат меѓународните стандарди, и доколку тие би се користеле
интерно, владите на земјите во развој би можеле да се обидат да ги
контролираат активностите на странските мултинационални друштва во
своите земји. Овие друштва не би можеле да се „скријат“ зад странските
сметководствени практики што се тешки за разбирање.
(iv) Даночни власти. Полесно би било да се пресметаат даночните обврски на
вложувачите, вклучувајќи ги мултинационалните друштва кои примаат
приходи од странски извори.
(v) Регионалните економски групи вообичаено ја промовираат трговијата во
рамките на определен географски регион. Ова би било помогнато од
заедничка сметководствена практика во регионот.
(vi) Големите меѓународни сметководствени друштва би имале придобивки
затоа што сметководството и ревизијата би биле многу полесни ако постојат
слични сметководствени практики насекаде во светот.

F7 Финансиско известување  2: Регулаторна рамка 25


(б) Пречки за хармонизацијата
(i) Различните намени на финансиското известување. Во некои земји тоа е
наменето исклучиво за даночна процена, додека, пак, во други е наменето
за донесување одлуки за вложување.
(ii) Различни правни системи. Тие го спречуваат развојот на определени
сметководствени практики и ги ограничуваат достапните опции.
(iii) Различни групи корисници. Земјите имаат различни идеи за тоа кои се
релевантните групи корисници и за нивната соодветна важност. Во САД,
групите на вложувачите и доверителите добиваат предност, додека, пак, во
Европа вработените уживаат повисок профил.
(iv) Потребите на земјите во развој. Земјите во развој очигледно заостануваат
во процесот на утврдување на стандардите и тие треба да ги развијат
основните стандарди и принципи што се веќе воспоставени во најголемиот
број развиени земји.
(v) Се изразува национализам преку неподготвеноста да се прифати
стандардот на некоја друга земја.
(vi) Културните разлики резултираат во цели на сметководствените системи што
се разликуваат од една земја до друга.
(vii) Единствени околности. Некои земји можат да доживуваат единствени
околности што влијаат врз сите аспекти на секојдневниот живот и ја засегаат
способноста на друштвата да изготвуваат соодветни извештаи како, на
пример, хиперинфлацијата, граѓанските војни, девизните ограничувања, итн.
(viii) Недостигот од силни сметководствени тела. Голем број земји немаат силни
и независни сметководствени или деловни тела што би креирале притисок
за подобри стандарди и поголема хармонизација.

ОМСС и тековните сметководствени стандарди


КМСС, телото што му претходеше на ОМСС, издаде 41 меѓународни сметководствени
стандарди (МСС) на 1 април 2001 година и ОМСС ги усвои сите овие стандарди и денес
ги издава сопствените Меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ).
Досега беа издадени тринаесет нови МСФИ.

26 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


2.9 ОМСС и ОФСС
Моментално ОМСС е вклучено во заеднички проект со ОФСС (Одбор за финансиски
сметководствени стандарди) за развој на заедничка концептуална рамка. Ова ќе
обезбеди солидна основа за развој на идните сметководствени стандарди. Целта е
идните стандарди да се засноваат врз принципи и да бидат меѓународно усогласени.
Ова претставува поместување од пристап што се заснова врз правила кои ги
карактеризираат сметководствените стандарди во САД.
Новата рамка ќе претставува надградба на постоечките рамки на ОМСС и ОФСС и ќе ги
земе предвид последователните постигнувања.

2.10 Европската комисија и МСФИ


Од 2005 година сите котирани ентитети во земјите-членки мора да ги користат
МСФИ во своите консолидирани финансиски извештаи.
За оваа цел, ОМСС спроведуваше проекти за подобрување што се занимаваа со
ревидирање на МСФИ, на пример, во областа на материјалноста, презентирањето,
наемите, поврзаните страни и заработката по акција. Како одговор на тоа, во Обединетото
Кралство, на пример, се спроведуваше проект за конвергенција со кој ОПСП на ОК се
доведуваа во согласност со МСФИ во случајот кога вторите се подобри.

3 . Утврдување на Меѓународните стандарди


ДЕФИНИЦИЈА
за финансиско известување
МСФИ се изготвуваат преку формален систем на дефиниран процес и со широки
меѓународни консултации што вклучуваат сметководители, финансиски аналитичари и
други корисници и регулаторни тела од целиот свет.

3.1 Дефиниран процес


Севкупната агенда на ОМСС првично се утврдува во дискусија со Советодавниот совет
за МСФИ. Процесот за изготвување еден поединечен стандард ги вклучува следниве
чекори.
Чекор 1 Во текот на првите фази од проектот, ОМСС може да воспостави
Советодавен комитет што ќе дава совети за прашањата што се јавуваат во
проектот. Консултациите со Советодавниот комитет и со Советодавниот
совет за МСФИ се вршат во текот на целиот проект.
Чекор 2 ОМСС може да изготви и да објави документи за дискусија за коментари
од јавноста.
Чекор 3 По приемот и прегледувањето на коментарите, ОМСС изготвува и објавува
нацрт за дискусија за коментари од јавноста.
Чекор 4 По приемот и прегледувањето на коментарите, ОМСС го издава конечниот
Меѓународен стандард за финансиско известување.
Периодот на изложеност за коментари од јавноста вообичаено трае 90 дена. Меѓутоа, во
исклучителни околности, можат да се даваат предлози со рок за коментирање од 60
дена. Нацрт-толкувањата на МСФИ се изложени за коментари во рок од 60 дена.

3.2 Координација со националните носители на стандарди


Тесната координација меѓу дефинираниот процес на ОМСС и дефинираниот процес на
националните носители на стандарди е важна за успехот на задачата на ОМСС.
ОМСС истражува начини како да го интегрира својот дефиниран процес потесно со
националниот дефиниран процес. Таквото интегрирање може да расте како што се
развиваат односите меѓу ОМСС и националните носители на стандарди. Конкретно,
ОМСС ја разгледува следнава постапка за проектите што имаат меѓународни
импликации.

F7 Финансиско известување  2: Регулаторна рамка 27


(a) ОМСС и националните носители на стандарди би ги координирале своите работни
планови така што кога ОМСС ќе започне одреден проект, националните носители
на стандарди би ги приклучиле сопствените работни планови кон него и на тој
начин би зеле полно учество во создавањето меѓународен консензус. Слично на
тоа, кога националните носители на стандарди започнуваат проекти, ОМСС би
разгледал дали треба да изготвува нов стандард или треба да ги провери своите
постоечки стандарди. Во текот на разумен временски рок, ОМСС и националните
носители на стандарди треба да се стремат кон вршењето проверка на сите
стандарди во кои тековно постојат значителни разлики, давајќи им приоритет на
областите каде што разликите се најголеми.
(б) Од националните носители на стандарди не би се барало да гласаат за
претпочитаното решение на ОМСС во своите национални стандарди, бидејќи
секоја земја ја задржува слободата да ги усвои стандардите на ОМСС со измени
или да донесе други стандарди. Меѓутоа, јасно е дека постоењето на меѓународен
консензус е фактор што членовите на националните тела за утврдување на
стандардите треба да го земат предвид при одлучувањето како да гласаат за
националните стандарди.
(в) ОМСС би продолжило со објавувањето на своите нацрти за дискусија и
останатите документи за коментари од јавноста.
(г) Националните носители на стандарди би ги објавиле своите документи за
дискусија приближно во исто време со нацртите за дискусија на ОМСС и би
барале специфични коментари за какви било значителни разидувања меѓу двата
документи за дискусија. Во некои случаи, националните носители на стандарди во
своите документи за дискусија можат да вклучат специфични коментари за
прашања од особено значење за својата земја или да вклучат подетални упатства
од оние во соодветниот документ на ОМСС.
(д) Националните носители на стандарди би го следеле сопствениот дефиниран
процес што, во идеален случај, би избрале да го интегрираат со дефинираниот
процес на ОМСС. Со таквата интеграција би се избегнале непотребните доцнења
во завршувањето на стандардите и би се свела на минимум веројатноста за
непотребните разлики меѓу крајните стандарди.

3.3 Членови за контакти на ОМСС


Седум од членовите на ОМСС со полно работно време имаат формални обврски за
одржување контакти со националните носители на стандарди со цел да го унапредат
приближувањето на националните сметководствени стандарди и Меѓународните
стандарди за финансиско известување. ОМСС предвидува партнерство меѓу ОМСС и
овие национални носители на стандарди во нивното заедничко работење на
постигнувањето конвергенција на сметководствените стандарди на светско ниво.
Покрај тоа, сите членови на ОМСС имаат одговорности за одржување контакти со
националните носители на стандарди што немаат членови за врска, а голем број земји
се застапени и во Советодавниот совет за МСФИ.
Фокус на Оваа тема веројатно ќе биде вклучена во испитот во форма на прашање за кратка
испитот дискусија.

3.4 Тековни МСС/МСФИ


Тековниот список е како што следува.

Меѓународни сметководствени стандарди Датум на


издавање
МСС 1 Презентирање на финансиски извештаи
(ревидиран) сеп. 2007
МСС 2 Залихи дек. 2003
МСС 7 Извештај за парични текови дек. 1992
МСС 8 Сметководствени политики, промени на
сметководствени проценки и грешки дек. 2003

28 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


Меѓународни сметководствени стандарди Датум на
издавање
МСС 10 Настани по периодот на известување дек. 2003
МСС 11 Договори за изградба дек. 1993
МСС 12 Даноци на добивка ное. 2000
МСС 16 Недвижности, постројки и опрема дек. 2003
МСС 17 Наеми
(ревидиран) дек. 1997
МСС 17 Наеми дек. 2003
МСС 18 Приходи дек. 1993
МСС 19 * Користи за вработените дек. 2004
МСС 20 Сметководство за државни поддршки и обелоденување
јан. 1995
на државната помош
МСС 21 Ефекти од промени на девизни курсеви дек. 2003
МСС 23 Трошоци за позајмување
(ревидиран) јан. 2008
МСС 24 Обелоденувања за поврзани страни дек. 2003
МСС 26 * Сметководство и известување од страна на плановите
за користи при пензионирање јан. 1995
МСС 27 Консолидирани и посебни финансиски извештаи
(ревидиран) јан. 2008
МСС 28 Вложувања во придружени ентитети дек. 2003
МСС 29 * Финансиско известување во хиперинфлаторни економии јан. 1995
МСС 30 * Обелоденувања во финансиските извештаи на банки и
јан. 1995
слични финансиски институции
МСС 31 * Учества во заеднички вложувања дек. 2003
МСС 32 Финансиски инструменти: презентирање дек. 2003
МСС 33 Заработка по акција дек. 2003
МСС 34 Меѓупериодско финансиско известување фев. 1998
МСС 36 Обезвреднување на средствата март 2004
МСС 37 Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства сеп. 1998
МСС 38 Нематеријални средства март 2004
МСС 39 Финансиски инструменти: признавање и мерење дек. 2004
МСС 40 Вложувања во недвижности дек. 2003
МСС 41 * Земјоделство фев. 2001
МСФИ 1 Првично усвојување на меѓународните стандарди за јуни 2003
финансиско известување
МСФИ 2 * Плаќање врз основа на акции фев. 2004
МСФИ 3 Деловни комбинации јан. 2008
(ревидиран)
МСФИ 4 * Договори за осигурување март 2004
МСФИ 5 Нетековни средства кои се чуваат за продажба и март 2004
прекинати работења
МСФИ 6 * Истражување за и вреднување на минерални ресурси дек. 2004
МСФИ 7 Финансиски инструменти: обелоденувања авг. 2005
МСФИ 8 * Оперативни сегменти ное. 2006
МСФИ 9 Финансиски инструменти ное. 2009

F7 Финансиско известување  2: Регулаторна рамка 29


Меѓународни сметководствени стандарди Датум на
издавање
МСФИ 10 Консолидирани финансиски извештаи мај 2011
МСФИ 11* Заеднички аранжмани мај 2011
МСФИ 12* Обелоденување за учество во други ентитети мај 2011
МСФИ 13 Мерење на објективната вредност мај 2011
* Овие стандарди не се испитуваат во рамките на F7.

3.5 Алтернативни третмани


Голем број од старите МСС допуштаа два сметководствени третмани за слични
трансакции и настани. Еден третман беше означен како основен третман (всушност,
претпочитаниот третман), а другиот беше познат како дозволен алтернативен
третман. Ова повеќе не е така. Последниот стандард што вклучуваше основна
алтернатива беше МСС 23, кој беше ревидиран за да се отстрани основниот третман. Во
согласност со ревидираниот стандард, дозволените трошоци за позајмување мора да се
капитализираат. Меѓутоа, некои стандарди сè уште дозволуваат повеќе од една
политика – на пример, МСС 16 дозволува недвижностите, постројките и опремата да се
признаваат по набавна вредност или по ревалоризиран износ.

3.6 Толкување на МСФИ


ОМСС изготви постапка за издавање толкувања за своите стандарди. Во септември
1966 година, Одборот на ОМСС го одобри основањето на Комитетот за толкување на
стандардите (КТС) за оваа цел. Истиот беше преименуван во рамките на ОМСС во
Комитет за толкување на МСФИ (МСФИ КТ).
Должностите на Комитетот за толкување се:
(a) Да ја толкува примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување
и да осигури навремено упатство за прашања за финансиско известување што не
се посебно разгледани во МСФИ или МСС во контекст на Рамката на ОМСС и да
спроведува други задачи по барање на Одборот.
(б) Да ја има предвид целта на Одборот за активна соработка со националните
носители на стандарди за постигнување усогласеност на националните стандарди
и МСФИ преку висококвалитетни решенија.
(в) Да ги објави, по добивањето дозвола од Одборот, нацрт-толкувањата за
коментари од јавноста и да ги разгледа дадените коментари во разумен рок пред
финализирањето на толкувањето.
(г) Да му поднесува извештаи на Одборот и да добие одобрение од Одборот за
конечните толкувања.
При изготвувањето на толкувањата, МСФИ КТ тесно соработува со сличните
национални комитети. Ако не повеќе од три од неговите членови гласаат против
толкувањето, МСФИ КТ ќе побара од Одборот да го одобри толкувањето за издавање.
Толкувањата се објавуваат формално по одобрувањето од Одборот.

3.7 Опфат и примена на МСФИ


3.7.1. Опфат
Секое ограничување на примената на определен МСФИ се наведува јасно во рамките на
тој стандард. МСФИ не се наменети да бидат применувани за нематеријални ставки
и не се ретроспективни. Секој посебен МСФИ го наведува својот опфат на почетокот
од стандардот.

3.7.2 Примена
Во секоја посебна земја, локалните прописи го уредуваат, во помала или поголема
мера, издавањето на финансиските извештаи. Овие локални прописи ги вклучуваат
сметководствените стандарди што се издадени од страна на националните регулаторни
тела и/или професионалните сметководствени тела во предметната земја.

30 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


ОМСС се фокусираше на суштинските прашања кога ги создаваше МСФИ. Тие се
обидоа да не ги направат МСФИ премногу сложени, бидејќи во спротивен случај би била
неможна нивната примена во светски рамки.

3.8 Ефектот на МСФИ и ОМСС во светски рамки


ОМСС, и КМСС пред него, постои веќе приближно 25 години и вредно е да се разгледа
неговиот ефект во тоа време.
Што се однесува до Европа, консолидираните финансиски извештаи на голем број од
најголемите европски мултинационални друштва денес се изготвуваат во согласност со
националните барања, директивите на ЕК и МСФИ. Дополнително, МСФИ имаат сè
поголемо влијание врз националните сметководствени барања и практики. Голем број
од ваквите постигнувања добија дополнителен стимул од интернационализацијата на
пазарите на капиталот. Како што беше претходно наведено, МСФИ се применуваат во
ЕУ за котираните друштва од 2005 година.
Во Јапонија, влијанието на КМСС до неодамна беше занемарливо. Ова се должеше
главно на врските меѓу даночните правила и финансиското известување во Јапонија.
Јапонското министерство за финансии воспостави работна комисија што треба да
разгледа дали националните барања треба да се усогласат со МСФИ. Токиската берза
најави дека ќе ги прифаќа финансиските извештаи од странските издавачи што се во
согласност со домашните стандарди, кои ги вклучуваат МСФИ.
Ова беше сфатено како обид за привлекување на странските издавачи, особено
друштвата од Хонгконг и Сингапур. Со оглед на тоа што овие земји го засноваат своето
сметководство врз меѓународните стандарди, ваквата мерка, оттаму, претставува
имплицитно признавање на барањата од МСФИ од страна на јапонското министерство
за финансии.
Во Америка, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) во 1993 година се согласи да им
дозволи на странските издавачи (на акции, итн.) да ги применуваат третманите од
МСФИ за одредени прашања, вклучувајќи ги извештаите за паричните текови од МСС 7.
Севкупната последица од ова е тоа што во случаите кога третманот од МСФИ се
разликува од ОПСП на САД, овие третмани сега ќе бидат прифатливи. КХВ денес го
поддржува ОМСС бидејќи сака да привлече странски котации. Во октомври 2002 година,
во согласност со Спогодбата од Норвок, ОФСС и ОМСС формално се договорија дека ќе
работат заеднички на приближувањето на ОПСП на САД и МСФИ и во февруари 2006
година тие издадоа „патоказ“ во кој се наведуваат проектите за приближување.

3.9 Критиките на ОМСС


Треба да ги разберете проблемите што можат да се појават.
Ќе започнеме со разгледување на некои од општите проблеми што се создадени од
страна на сметководствените стандарди.

3.9.1 Сметководствени стандарди и избор


Понекогаш се тврди дека друштвата треба да добијат право на избор во однос на
прашањата поврзани со финансиското известување врз основа на тоа што
сметководствените стандарди се штетни за квалитетот на таквото известување. Двете
страни имаат свои аргументи.
Во полза на сметководствените стандарди (и националните и меѓународните) може
да се наброи следново.
• Тие ги намалуваат или ги елиминираат збунувачките варијации на користените
методи за изготвување на извештаите.
• Тие обезбедуваат простор за дебата и дискусии за сметководствената практика.
• Тие ги обврзуваат друштвата да ги обелоденат сметководствените политики што
биле користени за изготвување на извештаите.
• Тие се помалку строгата алтернатива на извршувањето на усогласеноста преку
законодавството.

F7 Финансиско известување  2: Регулаторна рамка 31


• Тие ги обврзаа друштвата да обелоденат повеќе сметководствени
информации отколку што би обелодениле тие доколку не постоеја
сметководствените стандарди, на пример, МСС 33 Заработка по акција.
Голем број друштва се неподготвени да обелоденуваат информации што не се бараат
со националното законодавство. Меѓутоа, следниве аргументи би можеле да се наведат
против стандардизацијата и во полза на изборот.
• Групата правила што поддржуваат еден метод за изготвување на извештаите
може да биде несоодветна во одредени околности. На пример, МСС 16 за
амортизацијата е несоодветен за вложувања во недвижности (недвижности што
не се зафатени од ентитетот, туку се чуваат единствено заради вложување), што
се опфатени со МСС 40 за вложувања во недвижности.
• Стандардите можат да бидат предмет на лобирање или притисоци од владата
(во случајот на националните стандарди). На пример, во САД, сметководствениот
стандард ФСС 19 за извештаите за друштвата за нафта и гас доведе до можно
лоби на нафтените друштва кои ја убедија КХВ (Комисија за хартии од вредност)
да се вклучи. ФСС 19 потоа беше суспендиран.
• Голем број национални стандарди не се засноваат врз концептуална рамка за
сметководство, за разлика од МСФИ.
• Може да постои тренд за зголемување на строгоста и намалување на
флексибилноста во примената на правилата.

3.9.2. Политички проблеми


Секое меѓународно тело, без оглед на неговата намена или дејност, се соочува со
огромни политички тешкотии во обидите да постигне меѓународен консензус и ОМСС
не е исклучок од ова правило. Како може ОМСС да ја усогласи состојбата во врска со
финансиското известување меѓу економиите што се толку различни, од земјите во развој
од третиот свет до софистицираните индустриски моќници од првиот свет?
Земјите во развој со недоверба гледаат на ОМСС, сметајќи дека со него доминираат
САД. Ова произлегува од фактот што прифаќањето на МСС од страна на берзанските
власти во САД, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), се смета како главна пречка
што треба да се надмине. Од практична гледна точка, американскиот пазар е тој што
мора да се убеди да ги прифати МСФИ.
На земјите во развој им се прави услуга во определена мера преку издавањето на
стандардот за земјоделство, што начелно има многу поголемо значење за таквите
земји.
Исто така, постојат тензии меѓу моделот на ОК/САД за финансиско известување и
европскиот модел. Моделот од ОК/САД се заснова врз известување за вложувачи,
додека, пак, европскиот модел главно се фокусира на даночните правила, така што
известувањето за акционерите има многу помал приоритет.
Распаѓањето на поранешниот СССР и преобразбата на голем број источноевропски
земји во слободни пазарни стопанства исто така доведе до тешкотии. Најверојатно овие
земји ќе треба да „ги стигнат“ меѓународните стандарди како што ќе се стабилизираат
нивните економии.
Вие мора да го следите финансискиот печат за да бидете во тек со напредокот на ОМСС
и со проблемите со кои се соочува. Исто така, би требало да бидете способни да
дискутирате за:
• Дефинираниот процес на ОМСС
• Користењето и примената на МСФИ
• Идната работа на ОМСС
• Критиките за ОМСС

32 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


Една од способностите што ќе ви биде неопходна за исполнување на целта 10 за
успешноста од ПЕР е способноста за препознавање и примена на надворешната правна
и професионална рамка и прописи во финансиското известување. Информациите од
оваа глава ви даваат знаења што ќе ви помогнат да ја покажете таквата способност.

Резиме на главата
• Системот што е заснован врз принципи функционира во рамките на група утврдени
принципи. Системот што е заснован врз правила ги регулира прашањата како што тие
произлегуваат. Двата система имаат свои предности и недостатоци.
• Организациската структура се состои од:
– Фондацијата за МСФИ
– ОМСС
– Советодавниот совет за МСФИ
– Комитетот за толкување на МСФИ
• МСФИ се изготвуваат преку формален систем на соодветен процес и со широки
меѓународни консултации што вклучуваат сметководители, финансиски аналитичари и
други корисници и регулаторни тела од целиот свет.

Краток тест
1 Кои неодамнешни одлуки ќе имаат корисен ефект врз глобалната хармонизација на
сметководството?
2 Една од целите на ОМСС е да го промовира подготвувањето финансиски извештаи
користејќи го еврото.

Точно
Неточно
3 Концептуалната рамка е:
A Теоретски израз на сметководствените стандарди
Б Список на клучни поими користени од страна на ОМСС
В Исказ на теоретските принципи што ја формираат референтната рамка за
финансиско известување
Г Проформа финансиски извештаи
4 Кои промени во рамките на ОМСС го помогнаа толкувањето на МСФИ од страна на
корисниците?
5 Кои од следните аргументи не се во полза на сметководствените стандарди, но се во
полза на сметководствениот избор?
A Тие ги намалуваат разликите во користените методи за изготвување на
финансиските извештаи
Б Тие ги обврзуваат друштвата да ги обелоденат своите сметководствени практики
В Тие претставуваат помалку строга алтернатива на законодавството
Г Тие можат да се стремат кон строгост во применувањето на правилата

F7 Финансиско известување  2: Регулаторна рамка 33


FAST

Одговори за краткиот тест


1 Одобрувањето од Меѓународната организација на комисии за хартии од вредност
(МОКХВ) и барањето на ЕК дека котираните друштва треба да ги користат МСФИ од
2005 година.
2 Неточно
3 В
4 Воспоставувањето на Комитетот за толкување на МСФИ.
5 Г Сите останати аргументи се во полза на сметководствените стандарди.

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


2 Испит 10 18 минути
3(a) – 5 9 минути

34 2: Регулаторна рамка  F7 Финансиско известување


Презентирање на
објавените
финансиски
извештаи
Список со теми

1 МСС 1 (ревидиран) Презентирање на


финансиски извештаи
2 Извештај за финансиската состојба
3 Разграничување меѓу тековно и
нетековно
4 Биланс на успех и извештај за останата
сеопфатна добивка
5 Биланс на успех
6 Повторен преглед на основните
финансиски извештаи
7 Промени во главнината
Упатување до
наставната
програма
C10

C10
C10

C10

C10
C10

C10
3
8 Белешки кон финансиските извештаи C10

Вовед
Поголемиот дел од овој дел од учебникот се однесува на
финансиските извештаи на друштвата со ограничена одговорност
- поединечни друштва или групи.
Оваа глава ја започнуваме со разгледување на општата
содржина и на форматот на финансиските извештаи на
друштвото. Тие се уредуваат со МСС 1 (ревидиран)
Презентирање на финансиски извештаи.

33
Насоки за учење
Ниво на
знаење
10 Регулаторни барања во врска со изготвувањето на
финансиските извештаи.
(г) Опишете ги структурата (форматот) и содржината на 2
финансиските извештаи презентирани според МСФИ.
(д) Изгответе ги финансиските извештаи на еден ентитет во 2
согласност со пропишаната структура и содржина.
11 Известување за финансиската успешност
(г) Изгответе ја и објаснете ја содржината и намената на 2
извештајот за промените во главнината.
(д) Опишете и изгответе извештај за промените во главнината. 2

1. МСС 1 (ревидиран) Презентирање на


финансиски извештаиFAST
ДЕФИНИЦИЈА МСС 1 ги опфаќа формата и содржината на финансиските извештаи. Главните
компоненти се:

– Извештај за финансиската состојба

– Биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка


– Извештај за промени во главнината
– Извештај за парични текови
– Белешки кон финансиските извештаи

ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Во јуни 2011 година беше објавена измена на МСС 1. Со оваа измена се промени името
на целиот извештај од „извештај за сеопфатна добивка“ во „биланс на успех и извештај
за останата сеопфатна добивка“. Извештајот познат како „добивка (загуба) за годината“,
што претходно се нарекуваше „Извештај за добивката и загубата“, стана „биланс на
успех“. Во овој текст ја користевме ревидираната терминологија, но веројатно се уште ќе
се среќавате со „извештај за добивката и загубата“ и „извештај за сеопфатна добивка“
во други публикации или статии.

1.1 Добивка и загуба за годината


Билансот на успех и извештајот за останата сеопфатна добивка е најзначајниот
показател за финансиската успешност на друштвото. Затоа е важно да се осигури дека
тој не наведува на погрешен заклучок.
МСС 1 предвидува дека сите ставки на приходи или расходи за периодот треба да се
признаат во добивка или загуба освен ако некој стандард или толкување не бараат
поинаку.
Околностите во кои некои ставки можат да се исклучат од добивката или загубата за
тековната година ги вклучуваат корекцијата на грешките и ефектот од промените на
сметководствените политики. Тие се опфатени во МСС 8.

1.2 Како се обелоденуваат ставките


МСС 1 утврдува обелоденување на определени ставки на определени начини.
• Некои ставки мора да се појават на лицето на извештајот за финансиската
состојба или билансот на успех и останата сеопфатна добивка
• Други ставки можат да се појават во белешка кон финансиските извештаи
• Дадени се препорачани формати што ентитетите може но не мора да ги следат во
зависност од своите околности

34 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


Се разбира, мора да се направат и обелоденувањата што се утврдени со други
стандарди и ние ќе ги наведеме потребните обелоденувања како што ќе го покриваме
секој извештај. Обелоденувањата во МСС 1 и во другите стандарди мора да се направат
или на лицето на извештајот или во белешките, освен ако не е наведено поинаку, т.е.
обелоденувањата не можат да се прават во придружен коментар или извештај.

1.3 Идентификација на финансиски извештаи


Како резултат на горенаведената точка, најважно е ентитетите многу јасно да ги
разликуваат финансиските извештаи од какви било други информации што се објавени
со нив. Ова се должи на фактот што сите МСС/МСФИ се применуваат единствено на
финансиските извештаи (т.е. на главните извештаи и поврзаните белешки), така што
читателите на годишниот извештај мора да бидат во состојба да ги разликуваат
деловите на извештајот што се изготвени согласно МСФИ и останатите делови што не
се.
Ентитетот треба многу јасно да ги идентификува сите финансиски извештаи и
белешките. МСС 1, исто така, бара обелоденување на следниве информации на
истакнато место. Доколку е тоа неопходно, тие треба да се повторуваат секаде каде што
се смета дека тоа ќе му помогне на читателот во разбирањето на презентираните
информации.
• Името на известувачкиот ентитет (или друг начин на идентификација)
• Дали извештаите се на поединечен ентитет или на група ентитети
• Датумот на крајот од периодот на известување или периодот што е опфатен со
финансиските извештаи (како што е соодветно)
• Валутата на презентирање
• Нивото на прецизност на заокружување во презентирањето на износите во
финансиските извештаи
Мора да се користи расудување за да се определи најдобриот метод за презентирање
на овие информации. Конкретно, стандардот сугерира дека пристапот кон ова ќе биде
многу различен кога финансиските извештаи се соопштуваат во електронска форма.
Нивото на прецизност на заокружувањето е важно, бидејќи презентирањето на износите
во илјади или милиони единици ги прави износите поразбирливи. Нивото на прецизност
на заокружувањето, сепак, мора да се обелодени и тоа не треба да прикрива неопходни
детали или да ги прави информациите помалку релевантни.

1.4 Период на известување


Вообичаено ентитетите ги презентираат финансиските извештаи годишно и МСС 1
наведува дека тие треба да се изготвуваат најмалку толку често. Ако (невообичаено) се
промени крајот на периодот на известување на ентитетот од какви било причини,
периодот за којшто се презентираат извештаите ќе биде пократок или подолг од една
година. Во таквите случаи, ентитетот треба, исто така, да обелодени:
(a) Причината за користењето период што не е една година; и
(б) Фактот дека дадените споредбени износи всушност не се споредливи.
Од практични причини, некои ентитети претпочитаат да користат период што е
приближно еднаков на една година, на пример, 52 недели, и МСС го допушта овој приод,
бидејќи тој ќе даде извештаи што материјално не се разликуваат од извештаите што се
изготвени врз годишна основа.

1.5 Навременост
Ако објавувањето на финансиските извештаи доцни премногу по периодот на
известување, нивната корисност ќе биде сериозно намалена. Стандардите
предвидуваат дека ентитетите треба да бидат способни да ги изготват своите
финансиски извештаи во рок од шест месеци по завршувањето на периодот на
известување. Некој ентитет што има конзистентно сложени операции не може да го
употреби истото како оправдување за неуспехот да известува навремено. Локалното

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 35


законодавство и пазарните прописи воведуваат посебни крајни рокови за определени
ентитети.
МСС 1 ги разгледува извештајот за финансиската состојба и билансот на успех и
останата сеопфатна добивка. Нема да ги дадеме сите детални обелоденувања, бидејќи
некои од нив се надвор од опфатот на вашата наставна програма. Наместо тоа, ќе
разгледаме „проформа“ сет извештаи што се засноваат врз стандардот.

2. Извештај за финансиска состојба


ДЕФИНИЦИЈА МСС 1 предлага формат за извештајот за финансиска состојба. Определени ставки се
утврдени за обелоденување на лицето на финансиските извештаи.

МСС 1 ја објаснува разликата помеѓу тековни и нетековни ставки во определена мера,


како што ќе видиме во следниот дел. Најпрво ќе го разгледаме предложениот формат
на извештајот за финансиска состојба (даден во прилог на стандардот), а потоа ќе ги
разгледаме бараните дополнителни обелоденувања.

2.1 Пример на извештај за финансиска состојба


Примерот што е даден во МСС 1 е како што следува.
XYZ ГРУПАЦИЈА ‒ ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ
20X7 20X6
Средства $’000 $’000
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 350.700 360.020
Гудвил 80.800 91.200
Други нематеријални средства 227.470 227.470
Вложувања во придружени ентитети 100.150 110.770
Вложувања во сопственички инструменти 142.500 156.000
901.620 945.460
Тековни средства
Залихи 135.230 132.500
Побарувања од купувачите 91.600 110.800
Други тековни средства 25.650 12.540
Пари и парични еквиваленти 312.400 322.900
564.880 578.740
Вкупни средства 1.466,500 1.524,200
Главнина и обврски
Главнина што им се припишува на сопствениците на
матичното друштво
Акционерски капитал 650.000 600.000
Задржана заработувачка 243.500 161.700
Други компоненти на главнината 10.200 21.200
903.700 782.900
Неконтролирано учество 70.050 48.600
Вкупна главнина 973.750 831.500
Нетековни обврски
Долгорочни позајмувања 120.000 160.000
Одложен данок 28.800 26.040
Долгорочни резервирања 28.850 52.240
Вкупно нетековни обврски 177.650 238.280
Тековни обврски
Обврски кон добавувачи и други обврски 115.100 187.620
Краткорочни позајмувања 150.000 200.000
Тековен дел на долгорочните позајмувања 10.000 20.000
Тековни обврски за даноци 35.000 42.000
Краткорочни резервирања 5.000 4.800
Вкупно тековни обврски 315.100 454.420
Вкупно обврски 492.750 692.700
Вкупно главнина и обврски 1.466,500 1.524,200

36 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


МСС 1 (ревидиран) наведува различни ставки што мора да се појават на лицето на
извештајот за финансиска состојба како минимално обелоденување.
(a) Недвижности, постројки и опрема (Глава 4)
(б) Вложувања во недвижности (Глава 4)
(в) Нематеријални средства (Глава 5)
(г) Финансиски средства (исклучувајќи ги износите што се прикажани под (д), (ж) и (з))
(Глава 14)
(д) Вложувања евидентирани со примена на методот на главнина (Глава 11)
(ѓ) Биолошки средства (надвор од опфатот на наставната програма)
(е) Залихи (Глава 12)
(ж) Побарувања од купувачи и други побарувања
(з) Пари и парични еквиваленти (Глава 21)
(ѕ) Средства класификувани како средства кои се чуваат за продажба согласно
МСФИ 5 (Глава 7)
(и) Обврски кон добавувачи и други обврски
(ј) Резервирања (Глава 13)
(к) Финансиски обврски (освен оние прикажани како (ѕ) и (и))
(л) Обврски и средства за тековен данок, како што се дефинирани во МСС 12 (Глава
17)
(љ) Одложени даночни обврски и одложени даночни средства (Глава 17)
(м) Обврски вклучени во групите за отуѓување согласно МСФИ 5 (Глава 7)
(н) Неконтролирано учество (Глава 9)
(њ) Издаден капитал и резерви
Ќе ги разгледаме овие ставки во означените глави.
Какви било други линиски ставки, наслови и подзбирови се прикажуваат во извештајот
за финансиската состојба кога таквото презентирање е неопходно за разбирање на
финансиската состојба на ентитетот.
Примерот што беше прикажан погоре е само за илустративни цели (иако ќе го следиме
форматот во овој учебник). МСС, сепак, не го пропишува редоследот или формата во
кои треба да се прикажат наведените ставки. Тој едноставно наведува дека тие мора да
се презентираат одвоено, бидејќи се толку многу меѓусебно различни според својата
природа или функција.
Дали дополнителните ставки ќе се презентираат одвоено зависи од расудувањето што
се заснова врз оцената на следниве фактори:
(a) Природата и ликвидноста на средствата и нивната материјалност. Затоа гудвилот
и средствата што произлегуваат од издатоците за развој се презентираат
одвоено, исто како и монетарните/немонетарните средства и
тековните/нетековните средства.
(б) Функцијата во рамките на ентитетот. Оттаму, оперативните и финансиските
средства, залихите, побарувањата и парите и паричните еквиваленти се
прикажуваат одвоено.
(в) Износите, природата и временскиот распоред на обврските. Обврските кои носат
камата и обврските кои не носат камата и резервирањата се прикажуваат одвоено,
класификувани како тековни или нетековни, како што е соодветно.
Стандардот бара, исто така, одвоено прикажување кога се користат различни основи за
мерење на средствата и обврските што се разликуваат според својата природа или
функција. Во согласност со МСС 16, на пример, дозволено е определени ставки на
недвижности, постројки и опрема да се водат по набавна вредност или ревалоризирани
износи.

2.2 Информации што се презентираат на лицето на


извештајот за финансиска состојба или во белешка
Натамошната поткласификација на горенаведените линиски ставки треба да се
обелодени или на лицето на извештајот за финансиска состојба или во белешките.
Класификацијата ќе зависи од природата на работењето на ентитетот. Исто како што
сите ставки се поткласификувани според својата природа, сите износи на побарувања
или обврски од или кон некое друштво во рамките на групацијата или друга поврзана
страна треба да се обелоденат одвоено.

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 37


Деталните информации кои треба да се обезбедат во рамките на поткласификациите
делумно ќе зависат од МСФИ. Големината, природата и функцијата на вклучените
износи ќе бидат значајни, а исто така и горенаведените фактори треба да се земат
предвид. Обелоденувањата ќе се разликуваат од една ставка до друга и МСС 1 ги дава
следниве примери:
(a) Недвижности, постројки и опрема се класификуваат по групи, како што е опишано
во МСС 16, Недвижности, постројки и опрема
(б) Побарувањата се разделуваат на износи на побарувања од купувачи, од други
членови на групацијата, побарувања од поврзани странки, претплати и други
износи
(в) Залихите се поткласификуваат во согласност со МСС 2 Залихи, во класификации
какви што се стоки, помошни материјали за производство, материјали,
производство во тек и готови производи
(г) Резервирањата се разделуваат како резервирања за користи за вработените и
други ставки класификувани на начин што е соодветен за работењето на
ентитетот
(д) Акционерскиот капитал и резервите се разделуваат во различните класи, како
уплатен капитал, премија на акции и резерви
Стандардот потоа наведува определени специфични обелоденувања што мора да се
направат, било во извештајот за финансиска состојба или во поврзаните белешки.
(a) Обелоденувања за акционерски капитал (за секоја класа акционерски капитал)
(i) Број на овластени акции за издавање
(ii) Бројот на издадените и целосно платени акции, и издадените акции кои не
се целосно платени
(iii) Номинална вредност по акција, или дека акциите немаат номинална
вредност
(iv) Усогласување на бројот на акции во оптек на почетокот и на крајот од
годината
(v) Права, приоритети и ограничувања кои се поврзани со онаа класа која
вклучува ограничувања за распределбата на дивиденди и отплатата на
капиталот
(vi) Акции во ентитетот кои се чуваат од страна на самиот ентитет или од страна
на поврзаните друштва во рамките на групацијата
(vii) Акции резервирани за издавање според опции и договори за продажба на
акции, вклучувајќи ги условите и износите
(б) Опис на природата и намената на секоја резерва во рамките на сопственичката
главнина
Определени ентитети како, на пример, партнерствата, немаат акционерски капитал.
Таквите ентитети треба да обелоденат информации што се еквивалентни на
горенаведените информации. Тоа значи обелоденување на промената за време на
периодот во секоја категорија сопственичко учество и какви било права, приоритети или
ограничувања вклучени во секоја категорија сопственичко учество.

3. Разграничување меѓу тековно и нетековно


ДЕФИНИЦИЈА Треба да ја разберете разликата меѓу тековните и нетековните средства и обврски и
нивните различни третмани.

3.1 Разграничување меѓу тековно и нетековно


Ентитетот мора да прикажува тековни и нетековни средства како одвоени класификации
во својот извештај за финансиската состојба. Презентирањето врз основа на
ликвидноста треба да се користи единствено кога тоа дава информации што се
порелевантни и веродостојни, при што сите средства и обврски мора да се презентираат
општо според редоследот на ликвидноста.

38 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


Во двата случаи, ентитетот треба да го обелодени износот од средството или обврската
што се очекува да биде надоместен или подмирен по повеќе од дванаесет месеци. На
пример, за износ на побарување што доспева на рати во текот на 18 месеци, делот што
доспева по повеќе од 12 месеци мора да се обелодени.
МСС нагласува колку се корисни информациите за оперативниот циклус за корисниците
на финансиските извештаи. Кога ентитетот обезбедува добра или услуги во рамките на
јасно идентификуван оперативен циклус, информациите со кои се обелоденуваат
таквите нето-средства што континуирано циркулираат како обртен капитал се корисни.
Тоа ги разликува од нето-средствата што се користат за долгорочните активности на
ентитетот. Според тоа, се нагласуваат средствата што се очекува да се реализираат и
обврските кои доспеваат за подмирување во тековниот оперативен циклус.
Исто така, се укажува на ликвидноста и солвентноста на ентитетот преку информациите
за датумите на доспевање на средствата и обврските. Како што ќе видиме подолу,
МСФИ 7 Финансиски инструменти: Обелоденувањата бараат обелоденување на
датумите на доспевање на финансиските средства и финансиските обврски.
(Финансиските средства вклучуваат побарувања од купувачи и други побарувања;
финансиските обврски вклучуваат обврски кон добавувачи и други обврски.)

3.2 Тековни средства


Клучен
поим Некое средство треба да се класификува како тековно средство кога:

• се очекува да се реализира средството, или се чува за продажба или употреба, во


рамките на нормалниот оперативен циклус на ентитетот; или
• се чува првенствено за целите на тргување или краткорочно и се очекува да се
реализира во рок од дванаесет месеци по завршувањето на периодот на
известување; или
• средството претставува пари или паричен еквивалент чијашто употреба не е
ограничена.
Сите останати средства треба да се класификуваат како нетековни средства. (МСС 1)
Нетековните средства ги опфаќаат материјалните, нематеријалните, оперативните и
финансиските средства од долгорочна природа. Можат да се користат и други поими со
истото значење (на пример, „фиксни“, „долгорочни“).
Поимот „оперативен циклус“ беше употребен неколку пати претходно и стандардот го
дефинира на следниов начин.

Клучен Оперативниот циклус на ентитетот е времето помеѓу стекнувањето на средствата за


поим обработка и нивната реализација во пари или парични еквиваленти. (МСС 1)

Според тоа, тековните средства вклучуваат залихи и побарувања од купувачи што се


продаваат, се трошат или се реализираат како дел од нормалниот оперативен циклус.
Ова важи и во случајот кога не се очекува истите да бидат реализирани во рамките на
дванаесет месеци.
Тековните средства ги вклучуваат и хартиите од вредност наменети за тргување ако се
очекува тие да бидат реализирани во рамките на дванаесет месеци по периодот на
известување. Ако се очекува да се реализираат подоцна, тие треба да бидат вклучени
во нетековните средства.

3.3 Тековни обврски


Клучен Некоја обврска се класификува како тековна обврска кога:
поим • се очекува таа да биде подмирена во текот на нормалниот оперативен циклус на
ентитетот; или
• таа се чува првенствено за целите на тргување; или
• таа доспева за подмирување во рамките на дванаесет месеци по завршувањето
на периодот на известување; или кога

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 39


• ентитетот нема безусловно право да го одложува подмирувањето на обврската за
најмалку дванаесет месеци по завршувањето на периодот на известување.
Сите други обврски треба да се класификуваат како нетековни обврски. (МСС 1)

Категоризацијата на тековните обврски е многу слична на категоризацијата на тековните


средства. Оттаму, некои тековни обврски се дел од обртниот капитал што се користи во
нормалниот оперативен циклус на претпријатието (т.е. обврски кон добавувачи и
пресметани обврски кон вработени и други оперативни трошоци). Таквите ставки се
класификуваат како тековни обврски дури и ако тие доспеваат за подмирување за
период кој е подолг од дванаесет месеци по завршувањето на периодот на известување.
Постојат и тековни обврски кои не се подмируваат како дел од нормалниот оперативен
циклус, но доспеваат за подмирување во рамките на дванаесет месеци по
завршувањето на периодот на известување. Тие вклучуваат пречекорувања на сметки
во банка, даноци на добивка, други нетрговски обврски и тековниот дел на обврски кои
носат камата. Сите обврски кои носат камата, коишто се користат за финансирање на
обртниот капитал врз долгорочна основа и што не доспеваат за подмирување во рок од
дванаесет месеци, треба да се класификуваат како нетековни обврски.
Нетековната финансиска обврска, којашто доспева за подмирување во рок од дванаесет
месеци по завршувањето на периодот на известување, треба да се класификува како
тековна обврска, дури и ако договорот за префинансирање, или прераспоредување на
плаќања, на долгорочна основа е завршен по периодот на известување, а пред
финансиските извештаи да се одобрат за издавање.

Крај на периодот на Договор за Датум на Датум на


известување префинансирање одобрување на подмирување <12
врз долгорочна издавањето на месеци по крајот
основа финансиските на периодот на
извештаи известување,
според тоа,
тековна обврска
Нетековна финансиска обврска, којашто е платива по барање бидејќи ентитетот
прекршил услов од својот договор за заем, треба да се класификува како тековна на
крајот од периодот на известување дури и ако заемодавачот се согласил по
завршувањето на периодот на известување, а пред финансиските извештаи да бидат
одобрени за издавање, да не бара плаќање како последица на прекршувањето.

Услов од договорот Крај на периодот Заемодавачот се Датум на


за заем кој е на известување. согласува да не одобрување на
прекршен. изврши присилна издавањето на
Нетековната обврска наплата што финансиските
станува платива по произлегува од извештаи.
барање. прекршувањето. Заемот се
прикажува како
тековна
обврска.
Меѓутоа, ако заемодавачот се согласил до крајот на периодот на известување да
обезбеди грејс-период што завршува најмалку дванаесет месеци по крајот на периодот
на известување во кој ентитетот може да го поправи прекршувањето и во текот на тоа
време заемодавачот не може да бара итна отплата, обврската се класификува како
нетековна обврска.

40 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


4. Биланс на успех и извештај за останата
сеопфатна добивка
Во јуни 2011 година, ОМСС објави измена на МСС 1, наречена „Презентирање ставки од
останата сеопфатна добивка“. Со ова се промени името на „извештајот за сеопфатна
ДЕФИНИЦИЈА добивка“ во „биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка“.

4.1 Формат
МСС 1 (ревидиран) дозволува ставките на приходи и расходи да се презентираат:
(a) во единствен биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка; или
(б) во два извештаи: посебен биланс на успех и посебен извештај за останата
сеопфатна добивка.
Форматот на единствениот биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка е
прикажан како што следува во стандардот. Делот до „добивка за годината“ може да се
прикаже како посебен „биланс на успех“ со дополнителен „извештај за останата
сеопфатна добивка“. Треба да забележите дека сите ставки што се наведени под
„останата сеопфатна добивка“ не се вклучени во вашата наставна програма.

Во испитувањата, ако има упатување до „биланс на успех и извештај за останата


сеопфатна добивка“, тоа секогаш се однесува на форматот со единствен извештај. Ако
се упатува на „биланси на успех“, ова се однесува на извештајот од „приходи“ до
„добивка за годината“. Испитите можат да упатуваат и на „останата сеопфатна добивка“,
што се однесува на делот за „останата сеопфатна добивка“ во извештајот. Во
практиката, ставката од „останата сеопфатна добивка“ што најверојатно ќе ја сретнете е
ревалоризациската добивка. Кога го користевме поимот „биланс на успех“ во овој текст,
тоа може да се сфати дека упатува на делот за билансот на успех во целиот извештај
или на посебниот биланс на успех.

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 41


ГРУПАЦИЈА XYZ ‒ БИЛАНС НА УСПЕХ И ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА
ДОБИВКА ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7
20X7 20X6
$’000 $’000
Приходи 390.000 355.000
Трошоци на реализација (245.000) (230.000)
Бруто-добивка 145.000 125.000
Останати приходи 20.667 11.300
Трошоци на дистрибуција (9.000) (8.700)
Административни расходи (20.000) (21.000)
Други расходи (2.100) (1.200)
Финансиски трошоци (8.000) (7.500)
Учество во добивката на придружени друштва 35.100 30.100
Добивка пред оданочување 161.667
128,000
Расход за данок на добивка (40.417) (32.000)
Добивка за годината од непрекинато работење 121.250 96.000
Загуба за годината од прекинато работење – (30.500)
Добивка за годината 121.250
65,500
Останата сеопфатна добивка:
Ставки што не се прекласификуваат како добивка или
загуба:
Добивка од ревалоризација на недвижности 933 3.367
Вложувања во сопственички инструменти (24.000) 26.667
*Актуарски добивки (загуби) од пензиски планови со (667) 1.333
дефиниран надоместок
Учество во добивки (загуби) од ревалоризација на 400 (700)
недвижности на придружените друштва
Данок на добивка во врска со ставките што не се 5.834 (7.667)
прекласификуваат
(17.500) 23.000
Ставки што можат последователно да се
прекласификуваат како добивка или загуба:
* Курсни разлики од девизното работење 5.334 10.667
*Хеџирани парични текови (667) (4.000)
Данок на добивка во врска со ставките што можат да (1.167) (1.667)
се прекласификуваат
3.500 5.000
Останата сеопфатна добивка за периодот, намалена (14.000) 28.000
за данок
Вкупна сеопфатна добивка за периодот 107.250 93.500
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 97.000 52.400
Неконтролирано учество 24.250 13.100
121.250 65.500
Вкупна сеопфатна добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 85.800 74.800
Неконтролирано учество 21.450 18.700
107.250 93.500
Заработка по акција (во валутни единици) 0,46
0,30

42 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


*Не е дел од наставната програма на F7
Ова е целосниот извештај во согласност со ОМСС. Забележете дека измената на МСС 1
сега ги дели ставките од останата сеопфатна добивка на ставки што можат да се
прекласификуваат во добивка или загуба и ставки што не можат да се
прекласификуваат. Во практиката, ниедна од ставките што можат да се
прекласификуваат не се испитува во рамките на F7, така што ова не е прашање што ќе
го сретнете во вашиот испит.Друштвата имаат избор да ги презентираат овие
информации во два извештаи, како што следува:
ГРУПАЦИЈА XYZ - БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШУВА НА 31
ДЕКЕМВРИ 20X7
20X7 20X6
$’000 $’000
Приходи 390.000 355.000
Трошоци на реализација (245.000) (230.000)
Бруто-добивка 145.000 125.000
Останати приходи 20.667 11.300
Трошоци на дистрибуција (9.000) (8.700)
Административни расходи (20.000) (21.000)
Други расходи (2.100) (1.200)
Финансиски трошоци (8.000) (7.500)
Учество во добивката на придружени друштва 35.100 30.100
Добивка пред оданочување 161.667 128.000
Расход за данок на добивка (40.417) (32.000)
Добивка за годината од непрекинато работење 121.250 96.000
Загуба за годината од прекинато работење – (30.500)
Добивка за годината 121.250 65.500
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 97.000 52.400
Неконтролирано учество 24.250 13.100
121.250 65.500

ГРУПАЦИЈА XYZ - БИЛАНС НА УСПЕХ И ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА


ДОБИВКА ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7 (ФОРМАТ СО ДВА
ИЗВЕШТАИ)
20X7 20X6
$’000 $’000
Добивка за годината 121.250 65.500
Останата сеопфатна добивка:
Ставки што не се прекласифицираат како добивка
или загуба:
Добивка од ревалоризација на недвижности 933 3.367
Вложувања во сопственички инструменти (24.000) 26.667
*Актуарски добивки (загуби) од пензиски планови (667) 1.333
со дефиниран надоместок
Учество во добивки (загуби) од ревалоризација на 400 (700)
недвижности на придружените друштва
Данок на добивка во врска со ставките што не се 5.834 (7.667)
прекласификуваат
(17.500) 23.000
Ставки што може да се прекласифицираат како
добивка или загуба:
* Курсни разлики од девизното работење 5.334 10.667
*Хеџови на парични текови (667) (4.000)
Данок на добивка во врска со ставките што можат (1.167) (1.667)
да се прекласификуваат
3.500 5.000
Останата сеопфатна добивка за периодот, намалена (14.000) 28.000

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 43


Вкупна сеопфатна добивка за периодот 107.250 93.500
Вкупна сеопфатна добивка што се припишува на
Сопствениците на матичното друштво 85.800 74.800
Неконтролирано учество 21.450 18.700
107.250 93.500
*Не е дел од наставната програма на F7

5. Биланс на успех
ДЕФИНИЦИЈА
МСС 1 нуди два можни формати за билансот на успех или посебниот дел за билансот на
успех - по функција или по природа. Класификацијата по функција е повообичаена.

5.1 Примери за посебни биланси на успех


XYZ ГРУПАЦИЈА
БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X8
Илустрација на класификацијата на расходи по функција
20X8 20X7
$'000 $'000
Приходи X X
Трошоци на реализација (X) (X)
Бруто-добивка X X
Останати приходи X X
Трошоци на дистрибуција (X) (X)
Административни расходи (X) (X)
Други расходи (X) (X)
Финансиски трошоци (X) (X)
Учество во добивката на придружени друштва X X
Добивка пред оданочување X X
Расход за данок на добивка (X) (X)
Добивка за годината X X
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво X X
Неконтролирано учество X X
X X
Илустрација на класификацијата на расходи по природа
20X8 20X7
$'000 $'000
Приходи X X
Останати оперативни приходи X X
Промени во залихата на готови производи и производство во тек (X) X
Работа извршена од страна на друштвото што е капитализирана X X
Потрошени суровини и помошни материјали (X) (X)
Расходи за користи за вработените (X) (X)
Трошоци за амортизација (X) (X)
Обезвреднување на недвижности, постројки и опрема (X) (X)
Други расходи (X) (X)
Финансиски трошоци (X) (X)
Учество во добивката на придружени друштва X X
Добивка пред оданочување X X
Расход за данок на добивка (X) (X)
Добивка за годината X X
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво X X
Неконтролирано учество X X
X X
Забелешка: Вообичаената метода на презентација е методата на расходи по функција и
ова е формат што најверојатно ќе го сретнете во вашиот испит.

44 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


5.2 Информации што се презентираат во билансот на успех
Стандардот го наведува следново како минимум што треба да се обелодени во
билансот на успех.
(a) Приходи
(б) Финансиски трошоци
(в) Удел во добивката или загубата на придружени ентитети и заеднички вложувања
кои се евидентираат според методот на главнина
(г) Добивка или загуба пред оданочување при отуѓување на средствата или
подмирување на обврските што се припишуваат на прекинатото работење
(д) Даночни расходи
(ѓ) Добивка или загуба
Следниве ставки мора да се обелоденат како алокации на добивката или загубата за
периодот.
(a) Добивка или загуба која се припишува на неконтролирано учество
(б) Добивка или загуба за периодот која им се припишува на сопствениците на
матичното друштво
Алоцираните износи не смеат да се презентираат како приходни или расходни ставки.
(Овие се однесуваат на финансиските извештаи на групации кои се разгледуваат
понатаму во овој текст.)
Ставките на приходите и расходите можат да се пребиваат ако и само ако:
(a) Тоа е дозволено или се бара со некој МСФИ, или
(б) Добивките, загубите и поврзаните расходи што произлегуваат од исти или слични
трансакции и настани се нематеријални, и во тој случај, тие можат да се да се
собираат.

5.3 Информации што се презентираат во билансот на успех


или во белешките
Мора да се прикаже анализа на расходите или во делот за билансот на успех (како
погоре, што се поттикнува од страна на стандардот) или во белешка, користејќи
класификација што се заснова на природата на расходите или на нивната функција.
Оваа поткласификација на расходите нагласува низа компоненти на финансиската
успешност; тие можат да се разликуваат во смисла на зачестеност, потенцијал за
добивка или загуба и предвидливост.

5.3.1 Метода според природата на расходите


Расходите не се распределуваат меѓу различните функции во ентитетот, туку се
групираат во билансот на успех според нивната природа (на пример, амортизација,
набавки на материјали, транспортни трошоци, плати и надоместоци и трошоци за
реклама). Ова е наједноставна метода, особено за помалите ентитети.

5.3.2 Метода според функција на расходите/трошоците на


реализација
Веројатно сте подобро запознаени со оваа метода. Расходите се класификуваат според
нивната функција како дел од трошоците за реализација, трошоците на дистрибуција
или административните активности. Оваа метода често обезбедува порелевантни
информации за корисниците, но алокацијата на расходи по функции може да бара
произволни алокации и да вклучува значителен степен на расудување. Како последица
од тоа, пак, кога се користи оваа метода, претпријатијата треба да обелоденат
дополнителни информации за природата на расходите, вклучувајќи ги трошоците за
вработените и за амортизација.
Која метода ќе ја избере ентитетот ќе зависи од историски фактори и фактори на
дејноста, како и од природата на организацијата. Во рамките на секоја метода треба да
се укаже на трошоците што веројатно ќе варираат (директно или индиректно) во
зависност од нивото на продажба или производство. Изборот на методата треба

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 45


објективно да ги одразува главните елементи на успешноста на ентитетот. Ова е
методата што треба да очекувате дека ќе ја видите во вашиот испит.
Фокус на
испитот Забележете дека не добивате поени за пишување на форматот на финансискиот
извештај. Меѓутоа, вие мора да го напишете форматот така што ќе можете да ги
пополните бројките и да ги заработите поените.

5.4 Дивиденди
МСС 1, исто така, бара обелоденување на износот на дивиденди по акција за периодот
што е опфатен со финансиските извештаи. Ова може да се прикаже или во билансот на
успех и извештајот за останата сеопфатна добивка или во извештајот за промени во
главнината.
Дополнителни точки
(a) Сите барања кои претходно беа утврдени во други стандарди за презентирање
посебни линиски ставки во извештајот за финансиската состојба и во билансот на
успех и извештајот за останата сеопфатна добивка сега се уредуваат со МСС 1.
Тие линиски ставки се: биолошки средства; одложени даночни обврски и средства
и обврски и средства за тековен данок; и добивка или загуба пред оданочување
признаена при отуѓување на средствата или подмирување на обврските што се
припишуваат на прекинатото работење.
(б) Ентитетот мора да ги обелодени, во прегледот на значајните сметководствени
политики и/или во другите белешки, расудувањата кои раководството ги прави во
процесот на примена на сметководствените политики на ентитетот кои имаат
најзначајно влијание врз износите признаени во финансиските извештаи.
(в) Ентитетот во белешките мора да обелодени информации за клучните
претпоставки за иднината и за другите извори на неизвесност на мерењето за кои
постои значителен ризик дека ќе резултираат во материјална корекција на
сметководствената вредност на средствата и обврските во рамките на наредната
финансиска година.

Една од способностите што ви е потребна за исполнување на целта 10 за успешноста од


ПЕР е способноста за изготвување финансиски извештаи во согласност со соодветните
стандарди и упатства. Можете да го примените знаењето што го стекнавте од овој дел
на текстот како помош за покажување на таквата способност.

6. Повторен преглед на основните


финансиски извештаи
ДЕФИНИЦИЈА
Материјалот за учење бара од вас да можете да изготвите основен сет финансиски
извештаи за некое друштво од бруто-билансот.

Во следниот дел од текстот ќе поминеме на техниката за изготвување на финансиските


извештаи. Во овој момент би било корисно да го освежите помнењето за основното
сметководство што веќе го учевте и овие прашања ќе ви помогнат во тоа. Осигурете се
дека разбирате се пред да продолжите.

Прашање Основи

Некој пријател купил акции во друштво што котира на локалната берза и ги добил
последните финансиски извештаи. Тој има проблеми во разбирањето на една страница.
Кратко но јасно, одговорете ги неговите прашања.
(a) Што е извештај за финансиска состојба?
(б) Што е средство?
(в) Што е обврска?
(г) Што е акционерски капитал?

46 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


(д) Што се резерви?
(ѓ) Зошто извештајот за финансиската состојба е во рамнотежа?
(е) До кој степен извештајот за финансиската состојба го вреднува моето вложување?

Одговор
(a) Извештајот за финансиска состојба е извештај за средствата, обврските и
капиталот на едно друштво на наведениот датум. Тој е поставен така што ги
покажува вкупните средства како еквивалент на вкупните обврски и капиталот или
нето-средствата како еквивалент на капиталот. Можни се и други формати, но
вкупниот износ на горната половина (или левата страна) секогаш ќе биде еднаков
на вкупниот износ на долната половина (или десната страна).
(б) Средството е ресурс што е контролиран од страна на претпријатието и се очекува
да носи определени идни користи. Неговата вредност се утврдува како
историската набавна вредност за неговото произведување или добивање (освен
ако не се прави обид за одразување на зголемените цени во извештаите и во тој
случај може да се користи трошокот за замена). Примери за средства се:
(i) Постројки, машини, земјиште и други нетековни средства
(ii) Тековни средства како што се залихи, пари и долгови кон претпријатието со
разумно уверување за враќање: ова се средства што не се наменети за
континуирано чување во претпријатието
(в) Обврска е износ што некое претпријатие го должи, освен износот што им го должи
на своите сопственици (капитал). Примери за обврски се:
(i) Износи што ѝ се должат на владата (даноци на продажба или други даноци)
(ii) Износи што им се должат на добавувачите
(iii) Пречекорување на сметка во банка
(iv) Долгорочни заеми од банки или вложувачи
Вообичаено се прави разлика меѓу „тековни“ и „долгорочни“ обврски. Првите
доспеваат во рок од една година по завршувањето на периодот на известување.
(г) Акционерски капитал е трајното вложување во некое претпријатие од страна на
неговите сопственици. Во случајот на акционерско друштво, ова се врши во форма
на акции што вложувачите ги запишуваат при основањето на друштвото. Секоја
акција има номинална вредност (на пример, $1). Во извештајот за финансиска
состојба, вкупниот издаден акционерски капитал е прикажан со својата номинална
вредност.
(д) Ако друштвото издава акции за повеќе од нивната номинална вредност (со
премија), тогаш (вообичаено) согласно законот, оваа премија мора да се
евидентира одвоено од номиналната вредност во „конто за премија на акции“. Ова
е пример за резерва. Таа им припаѓа на акционерите, но не може да им се
распредели бидејќи претставува капитална резерва. Другите капитални резерви го
вклучуваат ревалоризацискиот вишок, што ги покажува вишоците кои се јавуваат
при ревалоризацијата на средствата кои се уште се во сопственост на друштвото.
Акционерскиот капитал и капиталните резерви не се распределуваат, освен при
ликвидација на друштвото, како гаранција за доверителите на друштвото дека
друштвото има доволно средства да ги исплати своите долгови. Ова е неопходно
затоа што акционерите во акционерските друштва имаат „ограничена
одговорност“; откако ќе му платат на друштвото за своите акции, тие немаат
никакви натамошни одговорности кон него доколку тоа стане несолвентно. За
споредба, сопствениците на другите видови претпријатија се лично одговорни за
деловните долгови.
Задржаната заработувачка претставуваат акумулирани добивки (намалени за
загубите) остварени од друштвото и можат да им се распределуваат на
акционерите како дивиденди. Тие, исто така, им припаѓаат на акционерите и
оттаму претставуваат побарување од ресурсите на друштвото.
(ѓ) Извештаите за финансиската состојба не се секогаш во рамнотежа по првиот
обид, како што знаат сите сметководители! Меѓутоа, откако ќе се извршат

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 47


исправки на грешките, сите извештаи за финансиската состојба се во рамнотежа.
Ова се должи на фактот што во системот на двојното книговодство секоја
евидентирана трансакција има двојно дејство. Средствата секогаш се еднакви на
обврските плус капиталот и, според тоа, капиталот секогаш е еднаков на
средствата намалени за обврските. Ова има смисла бидејќи сопствениците на
претпријатието имаат право на нето-средствата на претпријатието што го
претставуваат нивниот капитал зголемен за акумулираните вишоци (или намален
за акумулираниот дефицит).
(е) Целта на извештајот за финансиската состојба не е наменет да биде извештај за
вредноста на некое претпријатие во даден момент. Ова се должи на фактот што,
со исклучок на случаите кога се прават определени обиди за усогласување со
ефектите на растечките цени, средствата и обврските се евидентираат по
историска набавна вредност и врз основа на принципот за претпазливост. На
пример, ако постојат какви било сомневања во врска со можноста за
надоместување некој долг, тогаш вредноста во извештаите мора да се намали на
веројатно надоместливиот износ. Покрај тоа, кога нетековите средства имаат
ограничен корисен век, нивната набавна вредност постепено се отпишува за да се
рефлектира нивната искористеност.
Понекогаш нетековните средства се ревалоризираат до својата пазарна вредност,
но оваа ревалоризацја потоа застарува бидејќи само мал број средства се
ревалоризираат секоја година.
Бројката во извештајот за финансиска состојба за капиталот и резервите, оттаму,
не е поврзана со пазарната вредност на акциите. Пазарните вредности се
производ на голем број фактори, вклучувајќи ги општите економски услови,
алтернативните приноси од вложувањата (на пример, каматни стапки),
веројатните идни добивки и дивиденди и, секако, расположението на пазарот.

Прашање Финансиски извештаи на друштво

Сметководителот на Филдс Ко, друштво со ограничена одговорност, започнал со


изготвување на завршните финансиски извештаи, но работата се уште не е завршена.
Во оваа фаза, ставките што се вклучени во списокот на салда на сметки се следниве:
$'000
Земјиште 100
Згради 120
Постројки и машини 170
Акумулирана амортизација 120
Обични акции од $1 100
Пренесена задржана заработувачка 380
Побарувања од купувачи 200
Обврски кон добавувачи 110
Залихи 190
Добивка пред оданочување 80
Резервирање за побарувања 3
Салдо во банка (средство) 12
Времена сметка 1
Треба да се земат предвид долунаведените белешки од (i) до (v).
(i) Износот на синтетичката сметка за побарувањата од купувачите што се користи во
списокот со салда на сметки не се согласува со вкупниот износ во книгата на
продажба. Контраконто од $5.000 е внесено точно во аналитичката сметка, но е
внесено на погрешната страна во двете синтетички сметки.
Групен збир од продажбата во износ од $12.345 е внесен преку системот за двојно
книговодство како $13.345, иако книжењата на тие продажби во аналитичките
сметки биле правилни. Салдото од $4.000 на контото за приходи од продажба
случајно било испуштено од бруто-билансот иако било правилно внесено во
книговодствената евиденција.

48 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


(ii) Трајна нарачка од редовен купувач во износ од $2.000 и банкарски трошоци во
износ од $1.000 се целосно испуштени од евиденцијата.
(iii) Побарување во износ од $1.000 треба да се отпише. Салдото на сметката за
резервирања за побарувања од купувачите треба да се усогласи на 1% од
побарувањата.
(iv) Почетниот износ на залихите бил преценет за $1.000 и завршниот износ на
залихите бил потценет за $2.000.
(v) Преостанатите салда на времената сметка треба да се третираат како набавки во
случај на пасивно салдо и како продажби во случај на активно салдо.
Се бара
(a) Изгответе книжења за опфаќање на ставките во белешките од (i) до (v) горе. Не
треба да отворате нови конта и можете да ги користите единствено контата што се
наведени во списокот на салда на сметки.
(б) Изгответе финансиски извештаи за внатрешна употреба во рамките на
ограничените достапни информации. За целите на презентирањето, сите ставки
што произлегуваат од белешките од (i) до (v) горе треба да се сметаат за
материјални.

Одговор
(a) КНИЖЕЊА ЗА УСОГЛАСУВАЊАТА
Должи Побарува
$ $
(i) Обврски спрема добавувачи 10.000
Побарувања од купувачи 10.000
Добивка пред оданочување 1.000
Побарувања од купувачи 1.000
Добивка пред оданочување 4.000
Времена сметка 4.000
(ii) Банка 2.000
Побарувања од купувачи 2.000
Добивка пред оданочување 1.000
Банка 1.000
(iii) Добивка пред оданочување 1.000
Побарувања од купувачи 1.000
Резервирање за побарувања (W1) 1.140
Добивка пред оданочување 1.140
(iv) Залихи 2.000
Добивка пред оданочување 2.000
Донесена задржана заработувачка 1.000
Добивка пред оданочување 1.000
(v) Времена сметка 3.000
Добивка пред оданочување 3.000
(б) ФИДЛС КО
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА
$ $ $
Средства
Нетековни средства
Земјиште и згради 220.000
Постројки и машини 170.000
Амортизација (120.000)
270.000
Тековни средства
Залихи (190 + 2) 192.000
Побарувања од купувачи (W1) 186.000
Минус резервирање (1.860)
184.140
Банка (12 + 2 – 1) 13.000

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 49


389.140
Вкупно средства 659.140
Главнина и обврски
Главнина
Акционерски капитал 100.000
Задржана заработувачка (видете 459.140
биланс на успех)
559.140
Тековни обврски
Обврски кон добавувачи (110 – 10) 100.000
Вкупно главнина и обврски 659.140
ФИДЛС КО
БИЛАНС НА УСПЕХ (забелешка: ова не е во согласност со МСС 1, туку
едноставно е за интерни потреби)
$
Добивка пред оданочување (W2) 80.140
Донесена задржана заработувачка ($380.000 – 1.000) 379.000
Пренесена задржана заработувачка 459.140
Пресметки
$
1 Побарувања од купувачи
Според почетен бруто-биланс 200.000
Контра (10.000)
Погрешно проценето (1.000)
Траен налог (2.000)
Отпис (1.000)
186.000
Резервирање д/с 3.000
Потребно резервирање 1.860
Книжење 1.140

2 Добивка пред оданочување


$
Според прашање 80.000
Погрешен групен збир (1.000)
Приходи (4.000)
Банкарски трошоци (1.000)
Ненадоместлив долг (1.000)
Резервирање за побарувања 1.140
Залихи (2.000 + 1.000) 3.000
Времена сметка (продажба) 3.000
80.140
Забелешка: Ова прашање се однесуваше на извештаи за интерна употреба. Во
извештаите што се изготвуваат за објавување, билансот на успех ќе биде во
согласност со форматот од МСС 1. Во следната глава ќе ги опфатиме сите
прашања поврзани со изготвувањето финансиски извештаи за објавување.

7. Промени во главнината
ДЕФИНИЦИЈА МСС 1 бара извештај за промени во главнината. Овој извештај ги покажува промените
во делот од извештајот за финансиска состојба што се однесува на главнината.
Целосниот сет финансиски извештаи вклучува извештај за промени во главнината.

7.1 Формат
Ова е форматот на извештајот за промени во главнината во согласност со МСС 1.

50 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


ГРУПАЦИЈА XYZ - ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИТЕ ВО ГЛАВНИНАТА ЗА ГОДИНАТА ШТО
ЗАВРШУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7 година
Акционер Задржана Вложувањ Ревалоризаци Вкупно Неконтролир Вкупнo
ски заработува а во ски вишок ано учество главни
капитал чка сопствени на
чки
инструмен
ти
Состојба на 1 $’000 $’000 $’000 $’000 $’000 $’000 $’000
јануари 20X6 600.000 118.100 1,600 – 719,700 29,800 749,50
година 0
Промени во – 400 – – 400 100 500
сметководстве
ната политика
Повторно 600.000 118.500 1,600 – 720,100 29,900 750,00
прикажана 0
состојба
Промени во
главнината
Дивиденди – (10.000) – – (10,000) – (10,00
0)
Вкупна
сеопфатна – 53.200 16,000 1,600 70,800 18,700 89,500
добивка за
годината
Состојба на 31 600.000 161.700 17,600 1,600 780,900 48,600 829,50
декември 20X6 0
година
Промени во
главнината за
20X7 година
Емисија на 50.000 – – – 50,000 – 50,000
акционерски
капитал
Дивиденди – (15.000) – – (15,000) – (15,00
0)
Вкупна
сеопфатна – 96.600 (14,400) 800 83,000 21,450 104,45
добивка за 0
годината
Пренос во – 200 – (200) – – –
задржана
заработувачка
Состојба на 31 650.000 243.500 3,200 2,200 898,900 70,050 968,95
декември 20X7 0
година

Забележете дека кога има промени на сметководствената политика што условуваат


ретроактивно повторно прикажување, исправката се обелоденува за секој период. Така,
наместо само да се прикаже исправката во салдото д/с на 1.1.X7, повторно се
прикажуваат салдата за 20X6 година.

8. Белешки кон финансиските извештаи


ДЕФИНИЦИЈА
Некои ставки треба да се обелоденат преку белешка.

8.1 Содржина на белешките


Белешките кон финансиските извештаи ги засилуваат информациите што се дадени во
извештајот за финансиската состојба, билансот на успех и извештајот за останата
сеопфатна добивка и во извештајот за промени во главнината. Претходно веќе
укажавме на информациите што МСС допушта да бидат прикажани во белешка наместо
во извештаите. Оттаму, во определена мера, содржината на белешките е утврдена од
нивото на детали што се прикажани на лицето на извештаите.

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 51


8.2 Структура
Белешките кон финансиските извештаи треба да ги вршат следниве функции:
(a) Да обезбедат информации за основата врз која биле изготвени финансиските
извештаи и чии посебни сметководствени политики биле избрани и користени за
значајните трансакции/настани.
(б) Да ги обелоденат информациите што се бараат со МСФИ, а не се прикажани на
друго место во финансиските извештаи.
(в) Да ги презентираат сите дополнителни информации што не се прикажани на друго
место во финансиските извештаи но се релевантни за нивното разбирање.
Начинот на којшто се презентираат белешките е важен. Тие треба да бидат
презентирани на систематски начин и треба да содржат упатувања до сите поврзани
износи во извештајот за финансиска состојба, извештајот за сеопфатна добивка или во
извештајот за паричните текови.
Белешките кон финансиските извештаи ги надополнуваат информациите што се
прикажани во тие извештаи, обезбедувајќи го следново:
(a) Подетална анализа или расчленување на износите во извештаите
(б) Наративни информации што ги објаснуваат износите во извештаите
(в) Дополнителни информации, на пример, неизвесни обврски и договорни
обврзувања.
МСС 1 предлага определен редослед на белешките кон финансиските извештаи. Ова ќе
им помогне на корисниците при споредувањето на извештаите на различните ентитети.
(a) Изјава за усогласеност со МСФИ
(б) Изјава за користените основи за мерење и сметководствени политики
(в) Поткрепувачки информации за ставки што се презентирани во секој финансиски
извештај по истиот редослед по којшто се презентирани линиските ставки и
финансиските извештаи.
(г) Други обелоденувања, на пример:
(i) Неизвесни обврски, договорни обврзувања и други финансиски
обелоденувања
(ii) Нефинансиски обелоденувања
Редоследот на определени ставки може да се менува, но сепак се бара да се задржи
систематската структура.

8.3 Презентирање на сметководствените политики


Делот за сметководствените политики треба да даде опис за следново:
(a) Основата (или основите) за мерење користени при изготвувањето на
финансиските извештаи.
(б) Останатите користени сметководствени политики што се релевантни за
правилното разбирање на финансиските извештаи.
Овие информации можат да се прикажат во белешките или, понекогаш, во посебен дел
од финансиските извештаи.
Информациите за користените основи за мерење очигледно се основни за разбирањето
на финансиските извештаи. Кога е користена повеќе од една основа за мерење, треба
да се наведе за кои категории средства и обврски била применета секоја основа.
Забелешка: сметководствените политики се опфатени во Глава 7.

8.4 Други обелоденувања


Ентитет мора да ги обелодени во белешките:
(a) Износот на дивидендите што биле предложени или објавени пред финансиските
извештаи да бидат одобрени за издавање, но кои не се признаени како

52 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


распределба на сопствениците за време на тој период, и поврзаниот износ по
акција
(б) Износот на кои било кумулативни приоритетни дивиденди што не се признаени
МСС 1 завршува со наведување определени посебни обелоденувања што секогаш ќе се
бараат доколку не се прикажани на друго место во финансиските извештаи.
(a) Домицилот и правната форма на ентитетот, земјата во која е основан ентитетот и
адресата на регистрираното седиште (или главното место на извршување на
основната дејност, доколку тоа се разликува од регистрираното седиште).
(б) Опис на природата на работењето на ентитетот и неговите главни дејности
(в) Името на матичното друштво и основното матично друштво на групацијата

Фокус на Вие ќе треба да изготвите финансиски извештаи што се соодветни за објавување во


испитот рамки на вашиот испит, така што оваа глава е особено важна и треба постојано да се
навраќате.

Прашање Финансиски извештаи

Сметководителот на друштвото АБВ го изготвил следниов список салда на сметки со


состојба на 31 декември 20X7 година.
$'000
50 центи, обични акции (целосно уплатени) 450
10% обврзници (обезбедени) 200
Задржана заработка 1.1.X7 г. 242
Општа резерва 1.1.X7 г. 171
Земјиште и згради 1.1.X7 г. (набавна вредност) 430
Постројки и машини 1.1.X7 г. (набавна вредност) 830
Акумулирана амортизација
Згради 1.1.X7 г. 20
Постројки и машини 1.1.X7 г. 222
Залихи 1.1.X7 г. 190
Продажба 2.695
Набавки 2.152
Обична дивиденда 15
Камата по обврзници 10
Плати и надници 254
Осветлување и греење 31
Разни расходи 113
Времена сметка 135
Побарувања од купувачи 179
Обврски кон добавувачи 195
Пари 126
Белешки
(a) Разните расходи вклучуваат $9.000 платени како осигурување за годината што
завршува на 1 септември 20X8 година. Осветлувањето и греењето не вклучуваат
фактура во износ од $3.000 за електрична енергија за три месеци што завршуваат
на 2 јануари 20X8 година, а која била платена во февруари 20X8 година.
Осветлувањето и греењето вклучуваат и $20.000 поврзани со провизија за
продавачот.
(б) Времената сметка се однесува на следниве ставки.
$'000
Приливи од издавање на 100.000 обични акции 120
Приливи од продажба на постројка 300
420
Намалени за надоместокот за стекнувањето на друштвото „Мери и 285
други“
135

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 53


(в) Нето-средствата на друштвото „Мери и други“ биле купени на 3 март 20X7 година.
Средствата биле вреднувани како што следува
$'000
Сопственички вложувања 231
Залихи 34
265
Сите набавени залихи биле продадени во текот на 20X7 година. Сопственичките
вложувања се уште се држеле од АБВ на 31.12.20X7 година. Нема оштетување на
вредноста на гудвилот.
(г) Недвижностите биле набавени пред неколку години. Елементот на зградите во
набавната вредност бил проценет на $100.000 и проценетиот корисен век на
средствата бил педесет години во времето на набавката. На 31 декември 20X7
година недвижностите треба да се ревалоризираат на $800.000.
(д) Постројката што била продадена имала набавна вредност од $350.000 и нето-
сметководствена вредност од $274.000 на 1.1.X7 година. Треба да се пресмета
амортизација во износ од $36.000 за постројките и машините за 20X7 година.
(ѓ) Раководството сака да ги обезбеди:
(i) Доспеаната камата по обврзници
(ii) Пренос на $16.000 во општата резерва
(iii) Ревизорски надоместоци во износ од $4.000
(е) Залихите на 31 декември 20X7 година биле вреднувани во износ од $220.000
(набавна вредност).
(ж) Оданочувањето треба да се занемари.
Се бара
Изгответе ги финансиските извештаи на друштвото АБВ со состојба на 31 декември
20X7 година. Не треба да изготвувате белешки кон извештаите.

Одговор
(a) Потребни се вообичаени усогласувања за пресметаните обврски и претплатите
(осигурување, осветлување и греење, камата по обврзници и ревизорски
надоместок). Пресметаната камата по обврзници се пресметува на следниов
начин.
$'000
Потребен трошок во билансот на успех (10% × $200.000) 20
Претходно платениот износ, како што е прикажано во списокот салда 10
на сметки
Пресметани обврски: претпоставувајќи шестмесечна камата што е 10
платива сега
Пресметаните расходи што се прикажани во извештајот за финансиска состојба
вклучуваат:
$'000
Камата по обврзници 10
Осветлување и греење 3
Надоместок за ревизија 4
17
(б) Погрешното книжење на $20.000 за осветлување и греење е усогласено, исто
така, преку намалување на расходите за осветлување и греење, но со
пренесување $20.000 во провизија за продавачот.
$100.000
(в) Амортизацијата на зградата се пресметува како = $2.000.
50
Нето-сметководствената вредност на зградата, според тоа, изнесува $430.000 –
$20.000 – $2.000 = $408.000 на крајот од годината. При ревалоризацијата на
недвижноста се креира резерва од $800.000 – $408.000 = $392.000.

54 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


(г) Добивката од отуѓувањето на постројката се пресметува како приливи од $300.000
(според времената сметка) намалени за нето-сметководствената вредност од
$274.000, т.е. како $26.000.
$'000
Состојба 1.1.X7 г. 222
Трошок за 20X7 година 36
Минус амортизација за отуѓување (350 - 274) (76)
182
(д) Гудвилот што произлегува од стекнувањето на друштвото „Мери и други“ е:
$'000
Надоместок (според времена сметка) 285
Средство според вреднување 265
Гудвил 20
Ова е прикажано како средство во извештајот за финансиска состојба.
Сопственичките вложувања што се во сопственост на АБВ на крајот од годината,
исто така се прикажани во извештајот за финансиска состојба, додека залихите на
друштвото „Мери и други“, купени и потоа продадени, се додаваат на износот за
набавки за годината.
(ѓ) Другата ставка во времената сметка се решава на следниов начин.
$'000
Приливи од издавање на 100.000 обични акции 120
Намалени за номиналната вредност 100.000 x 50 центи 50
Вишок на надоместокот над номиналната вредност (= премија на акции) 70
(е) Преносот во општата резерва ја зголемува истата на $171.000 + $16.000 =
$187.000.
Сега можеме да ги изготвиме финансиските извештаи.

АБВ
БИЛАНС НА УСПЕХ И ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА ДОБИВКА ЗА
ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7 година
$'000
Приходи 2.695
Трошок на реализација (W1) (2.156)
Бруто-добивка 539
Останати приходи (добивка од отуѓување на постројка) 26
Административни расходи (W2) (437)
Финансиски трошоци (20)
Добивка за периодот 108
Останата сеопфатна добивка:
Добивка од ревалоризација на недвижности 392
Вкупна сеопфатна добивка за периодот 500
Забелешка:
Единствената ставка за „останата сеопфатна добивка“ за годината е добивката од
ревалоризација. Доколку немало добивка од ревалоризација би се барал само биланс
на успех.
Пресметки
1 Трошоци на реализација
$'000
Почетна залиха 190
Набавки (2.152 + 34) 2.186
Крајна залиха (220)
2.156
2 Административни расходи
$'000
Плати, надници и провизија (254 + 20) 274

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 55


Разни расходи (113 – 6) 107
Осветлување и греење (31 – 20 + 3) 14
Амортизација: згради 2
постројка 36
Надоместоци за ревизија 4
437
АБВ
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7 г.
$'000 $'000
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема
Недвижност по ревалоризација 800
Постројка: набавна вредност 480
Акумулирана амортизација (182)
298
Гудвил 20
Сопственички вложувања 231
Тековни средства
Залихи 220
Побарувања од купувачи 179
Претплати 6
Пари 126
531
Вкупно средства 1.880
Главнина и обврски
Главнина
50 центи обични акции 500
Премија на акции 70
Ревалоризациски вишок 392
Општа резерва 187
Задржана заработувачка 319
1.468
Нетековни обврски
10% должнички хартии од вредност (обезбедени) 200
Тековни обврски
Обврски кон добавувачи 195
Пресметани обврски 17
212
Вкупно главнина и обврски 1.880
АБВ
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИ ВО ГЛАВНИНАТА
ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7 г.
Акцион Премија Задржана Општа Ревалориз
ерски на акции заработува резерва ациски
капитал чка вишок Вкупно
$'000 $'000 $'000 $'000 $'000 $'000
Состојба на 1.1.X7 450 – 242 171 - 863
Емисија на акционерски капитал 50 70 120
Дивиденди (15) (15)
Вкупна сеопфатна добивка за 108 392 500
периодот
Пренос во резерва (16) 16
Состојба на 31.12.X7 500 70 319 187 392 1.468

Забележете дека вкупната сеопфатна добивка е расчленета на своите составни делови.

56 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• МСС 1 ги опфаќа формата и содржината на финансиските извештаи. Главните
компоненти се:
– Извештај за финансиската состојба
– Биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка
– Извештај за промени во главнината
– Извештај за парични текови (видете Глава 20)
– Белешки кон финансиските извештаи
• Секоја компонента мора да биде јасно идентификувана.
• МСС 1 предлага формат за извештајот за финансиска состојба и за билансот на успех и
извештајот за останата сеопфатна добивка, но тие не се строго утврдени. Определени
ставки се утврдени за обелоденување на лицето на финансиските извештаи.
• Треба да ја разберете разликата меѓу тековните и нетековните средства и обврски и
нивните различни третмани.
• Во јуни 2011 година, ОМСС објави измена на МСС 1 наречена „Презентирање ставки од
останата сеопфатна добивка“. Со ова се промени името на „извештајот за сеопфатна
добивка“ во „Биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка“.
• МСС 1 нуди два можни формати за билансот на успех или посебниот дел за билансот на
успех ‒ по функција или по природа. Класификацијата по функција е повообичаена.
• МСС 1 бара извештај за промени во главнината. Овој извештај ги покажува промените
во делот од извештајот за финансиска состојба што се однесува на главнината.
Целосниот сет финансиски извештаи вклучува извештај за промени во главнината.

Краток тест
1 Кои од следниве се примери за тековни средства?
(a) Недвижности, постројки и опрема
(б) Претплати
(в) Парични еквиваленти
(г) Лиценци за производство
(д) Задржана заработувачка
2 Резервирањата мора да се обелоденат во извештајот за финансиска состојба.

Точно

Неточно
3 Што од следново мора да се обелодени на лицето на билансот на успех?
(a) Даночни расходи
(б) Анализа на расходите
(в) Нето-добивка или загуба за периодот
4 Каде се прикажани ревалоризациските добивки во финансиските извештаи?

Одговори на краткиот тест


1 единствено (б) и (в)
2 Точно
3 единствено (a) и (в). (б) може да се прикаже во белешките.
4 Во останата сеопфатна добивка и во извештајот за промени во главнината.

F7 Финансиско известување  3: Презентирање на објавените финансиски извештаи 57


Број Ниво Поени Време
4 Испит 25 45 минути

58 3: Презентирање на објавените финансиски извештаи  F7 Финансиско известување


Нетековни
средства

Список со теми

1 МСС 16 Недвижности, постројки и опрема


2 Сметководство за депрецијација
3 МСС 20 Државни поддршки
4 МСС 40 Вложувања во недвижности
5 МСС 23 Трошоци за позајмување
Упатување до
наставната
програма
C2
C2
C2
C2
C2
4
Вовед
Со стандардот МСС 16 веќе би требало да се сте запознаени од
вашите претходни студии, како и со техниките на сметководството
за депрецијација, ревалоризацијата на нетековните средства и
отуѓувањето на нетековните средства. Дел од прашањата се
дадени овде за целите на повторување.
МСС 20 за државните поддршки е едноставен стандард и вие не би
требало да имате проблеми со него.
МСС 40 се занимава со вложувањата во недвижности, што може
да се третираат различно од другите недвижности врз основа на
МСС 16.

57
Насоки за учење
Ниво на
знаење
C2 Материјални нетековни средства
(a) Дефинирајте го и пресметајте го првичното мерење на едно 2
нетековно средство (вклучувајќи ги самостојно изградените
средства и трошоците за позајмување).
(б) Идентификувајте ги последователните трошоци што можат да 2
се капитализираат, правејќи разлика меѓу ставките на капитал
и ставките на приходи.
(в) Објаснете ги барањата од релевантните сметководствени 2
стандарди во врска со ревалоризацијата на нетековните
средства.
(г) Евидентирајте ги ревалоризациските добивки и загуби и 2
добивките и загубите при отуѓување на нетековните средства.
(д) Пресметајте ја депрецијацијата врз основа на трошочниот 2
модел и моделот на ревалоризација и за средства што имаат
два или повеќе значајни делови (сложени средства).
(ѓ) Применете ја одредбата од релевантните сметководствени 2
стандарди во врска со сметководството за државни поддршки.
(е) Објаснете зошто третманот на вложувањата во недвижности 2
треба да се разликува од останатите недвижности.
(ж) Применете ги барањата од релевантните сметководствени 2
стандарди за вложувањата во недвижности.

1. МСС 16 Недвижности, постројки и опрема


ДЕФИНИЦИЈА
МСС 16 ги опфаќа сите аспекти на сметководството за недвижности, постројки и опрема.
Тука се опфатени мнозинството од ставките што претставуваат „материјални“
нетековни средства.

1.1 Опфат
МСС 16 треба да се следи кога се води сметководство за недвижности, постројки и
опрема, освен ако некој друг меѓународен стандард не бара поинаков третман.
МСС 16 не се применува за следново.
(a) Биолошки средства поврзани со земјоделска активност
(б) Права за користење минерални богатства и минерални резерви, како што се
нафта, природен гас и слични нерегенеративни ресурси
Меѓутоа, овој стандард се применува за недвижности, постројки и опрема кои се
користат за развој на овие средства.

1.2 Дефиниции
Овој стандард дава голем број дефиниции.
Клучни
поими • Недвижности, постројки и опрема се материјални средства кои:
– Се чуваат за користење во производство или обезбедување производи или
услуги, за изнајмување на други или за административни цели; и
– Се очекува да бидат користени во текот на повеќе од еден период.

58 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


• Набавна вредност е износот на платени пари или парични еквиваленти или
објективната вредност на друг надоместок даден за стекнување на средството во
времето на негово стекнување или изградба.

• Остаток на вредноста е нето-износ што ентитетот очекува да го оствари од


неговото отуѓување на крајот од неговиот корисен век по одбивање на
Клучни очекуваните трошоци за отуѓување.
поими • Специфична вредност на ентитетот е сегашна вредност на паричните текови
(продолжува) што ентитетот очекува да ги стекне од континуирана употреба на определено
средство и од неговото отуѓување на крајот од неговиот корисен век, или очекува
да ја направи при подмирување определена обврска.

• Објективна вредност е цената што би се добила од продажба на средство или


што треба да се плати за пренос на обврска во уредна трансакција помеѓу
учесниците на пазарот на датумот на мерење. (МСФИ 13)
• Сметководствена вредност е износот според кој средството е признаено во
извештајот за финансиска состојба по одземање каква било акумулирана
депрецијација и акумулирани загуби поради обезвреднување.
• Загуба поради обезвреднување е износот за којшто сметководствената
вредност на едно средство го надминува неговиот надоместлив износ. (МСС 16)

Забележете дека дефиницијата на објективната вредност сега е променета од МСФИ 13.

1.3 Признавање
Во оваа смисла, признавањето значи едноставно вклучување на ставката во извештаите
на ентитетот, во овој случај, како нетековно средство. Признавањето на недвижностите,
постројките и опремата зависи од два критериуми.
(a) Веројатно e дека идните економски користи поврзани со средството ќе
претставуваат прилив за ентитетот
(б) Набавната вредност на средството може веродостојно да се измери
Овие критериуми за признавање се применуваат за последователните трошоци, како
и за почетно настанатите трошоци. Не постојат посебни критериуми за признавање на
последователните трошоци.
Недвижностите, постројките и опремата можат да достигнат значителни износи во
финансиските извештаи, на тој начин влијаејќи врз презентирањето на финансиската
состојба и профитабилноста на ентитетот, преку депрецијација и, исто така, доколку
некое средство е погрешно класифицирано како расход и префрлено во билансот на
успех.

1.3.1 Прв критериум: идни економски користи


Мора да се оцени степенот на извесност што е поврзан со приливот на идните
економски користи. Ова треба да се заснова врз доказите што се достапни на датумот
на првичното признавање (вообичаено датумот на набавка). Ентитетот треба да се
увери дека ќе ги прими наградите што се поврзани со средството и ги поднесува
поврзаните ризици, а ова вообичаено се случува кога наградите и ризиците реално
преминале на ентитетот. Се до тој момент, средството не треба да се признава.

1.3.2 Втор критериум: веродостојно измерена набавна вредност


Вообичаено е лесно да се измери набавната вредност на некое средство како
пренесениот износ при купувањето, т.е. она што било платено за него. Самостојно
изградените средства може, исто така, да се мерат едноставно преку собирање на
набавните цени на сите составни делови (работна рака, материјал, итн.) платени на
надворешни страни.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 59


1.4 Посебни ставки
Најчесто средствата се идентификуваат поединечно, но тоа не важи за помалите
ставки, како што се калапите, алатките и матриците, кои понекогаш се класифицираат
како залихи и се отпишуваат како расходи.
Меѓутоа, главните компоненти или резервните делови треба да се признаваат како
недвижности, постројки и опрема.
Во случајот на многу големи и специјализирани ставки, очигледно поединечното
средство треба да се расчлени на неговите составни делови. Ова се случува кога
различните делови имаат различни корисни векови и се применуваат различни стапки
на депрецијација за секој дел, на пример, авион, каде телото и моторите се одвоени
затоа што имаат различни корисни векови.

1.5 Сигурносна и еколошка опрема


Овие ставки можат да бидат неопходни за ентитетот да ги оствари идните економски
користи од другите свои средства. Поради оваа причина тие се признаваат како
средства. Меѓутоа, оригиналните средства и сигурносната опрема треба да се
ревидираат за обезвреднување.

1.6 Првично мерење


Откако некоја ставка од недвижностите, постројките и опремата ќе се квалификува за
признавање како средство, таа првично се мери по набавната вредност.

1.6.1 Елементи на набавната вредност


Стандардот ги наведува елементите на набавната вредност на ставката од
недвижности, постројки и опрема.
• Набавна цена, намалена за какви било трговски попусти или рабати
• Царина и неповратни даноци на набавка
• Трошоци што директно можат да се припишат на доведувањето на средството
во работна состојба за неговата планирана намена, на пример:
– Трошоци за подготовка на локацијата
– Првични трошоци за испорака и манипулација
– Трошоци за инсталирање
– Трошоци за тестирање
– Надоместоци за стручни лица (архитекти, инженери)
• Првичната процена на неизбежните трошоци за демонтирање и отстранување на
средството и за обновување на просторот каде што тоа е лоцирано
Ревидираниот МСС 16 дава дополнителни упатства за трошоците што можат
директно да се припишат кои се вклучени во набавната вредност на некоја ставка од
недвижности, постројки и опрема.
(a) Ова се трошоците за носење на средството до локацијата и за потребните услови
за работа за тоа да биде оперативно способно на начин предвиден од страна на
раководството, вклучувајќи ги трошоците за тестирање дали средството
функционира соодветно.
(б) Тие се утврдуваат по одземање на нето-примањата од продажба на какви било
ставки произведени додека средството се носи до локацијата и се доведува во
состојбата во која тоа е оперативно способно.
Ревидираниот стандард, исто така, наведува дека приходот и поврзаните издатоци на
инцидентните операции во врска со градењето или развивањето ставка од
недвижности, постројки и опрема се признаваат во добивката или загубата.
Следниве трошоци не се дел од набавната вредност на недвижностите, постројките
или опремата, освен ако тие не можат директно да се припишат на стекнувањето на
средството, или на неговото доведување во оперативна состојба.

60 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


• Административни и други општи режиски трошоци
• Трошоците за отворање нов капацитет и слични претпроизводни трошоци
• Почетни оперативни загуби, пред средството да ја постигне планираната
успешност
Сите овие се признаваат како расходи наместо како средства.

Во случајот на самостојно изградени средства се применуваат истите принципи како


за стекнатите средства. Ако ентитетот произведува слични средства за продажба во
нормалниот тек на работењето, тогаш набавната вредност на средството ќе биде
трошокот за неговото производство во согласност со МСС 2 Залихи. Ова значи, исто
така, дека трошоците за абнормални износи (некорисно трошење материјал, труд или
други ресурси ) не се вклучени во набавната вредност на средството. Пример за
самостојно изградено средство е кога некое градежно претпријатие ја гради зградата на
сопствената дирекција.

1.6.2 Размена на средства


МСС 16 наведува дека размената на ставки од недвижности, постројки и опрема, без
оглед на тоа дали средствата се слични, се мери по објективна вредност, освен ако
трансакцијата на размена нема комерцијална суштина или ако објективната вредност
на применото средство или даденото средство не се веродостојно мерливи. Ако
стекнатата ставка не се мери по објективна вредност, нејзината набавна вредност се
мери по сметководствената вредност на даденото средство.
Расходите што се направени за замена или обновување на некој дел од ставка од
недвижности, постројки и опрема мора да се признаат во сметководствената
вредност на ставката. Сметководствената вредност на заменетиот или обновениот дел
мора да се отпише. Сличен приод се користи и кога некој посебен дел на ставка од
недвижности, постројки и опрема е идентификуван во врска со главна проверка за
овозможување на продолжената употреба на ставката.

1.7 Мерење по првичното признавање


Стандардот нуди два можни третмани за ова, што суштински се сведува на
евидентирање на средството по набавна вредност или негова ревалоризација на
објективната вредност.
(a) Трошочен модел. Средството се евидентира по неговата набавна вредност
намалена за депрецијацијата и акумулираните загуби поради обезвреднување.
(б) Модел на ревалоризација. Средството се евидентира по ревалоризираната
вредност, што ја претставува неговата објективна вредност на датумот на
ревалоризација намалена за последователната акумулирана депрецијација и
последователните акумулирани загуби поради обезвреднување. Ревидираниот
МСС 16 јасно утврдува дека моделот на ревалоризација е достапен
единствено ако објективната вредност на ставката може веродостојно да се
измери.

1.7.1 Ревалоризации
Пазарната вредност на земјиштето и зградите вообичаено ја претставува нивната
објективна вредност, под претпоставка за постоечка употреба и дејност. Таквите
процени вообичаено се вршат од страна на професионално квалификувани
проценители.
Во случајот на постројки и опрема, нивната пазарна вредност, исто така, може да се
смета за нивна објективна вредност. Меѓутоа, ако не е достапна пазарната вредност,
треба да се користи амортизираниот трошок за замена. Може да нема пазарна вредност
кога определени видови постројки и опрема ретко кога се продаваат или поради нивната
специфична природа (т.е. тие обично се продаваат како дел од континуираното
работење).
Зачестеноста на ревалоризациите зависи од променливоста на објективните
вредности на поединечните ставки од недвижности, постројки и опрема. Колку е

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 61


попроменлива објективната вредност, толку почесто се вршат ревалоризации. Ако
тековната објективна вредност е многу различна од сметководствената вредност, тогаш
треба да се изврши ревалоризација.
Најважно, ако ставка од недвижности, постројки и опрема се ревалоризира, целата
група недвижности, постројки и опрема на која ѝ припаѓа тоа средство треба да
биде ревалоризирана.
Сите ставки во рамките на определена група се ревалоризираат истовремено за да се
избегне селективна ревалоризација на средствата и обелоденување мешавина од
набавни вредности и износи од различни датуми во финансиските извештаи.
Периодично-повторливата основа за ревалоризација е дозволена ако ревалоризациите
се ажурираат и ако ревалоризацијата на целата група е завршена во краток временски
период.
Како треба да се третира зголемувањето на вредноста при вршењето на
ревалоризацијата? Намалувањето ќе претставува зголемување на износот во
извештајот за финансиска состојба, но што се случува со зголемувањето? МСС 16 бара
зголемувањето да се признае како ревалоризациски вишок (т.е. дел од сопственичката
главнина), освен ако зголемувањето не анулира некое претходно намалување што било
признаено како расход. Ако се направи ова пребивање, зголемувањето се признава како
приход; секој вишок потоа се префрла во ревалоризацискиот вишок.

1.8 Пример: ревалоризациски вишок


Друштвото Бинки има ставка на земјиште што во неговите книги е евидентирана со
вредност од $13.000. Пред две години драстичното опаѓање на вредноста на земјиштето
ја намали неговата сметководствена вредност од $15.000. Ова било признаено како
расход во билансот на успех. Меѓутоа, во тековната година имало висок пораст на
цените на земјиштето, така што земјиштето сега вреди $20.000.
Објаснете ја сметководствено ревалоризацијата во тековната година.

Решение
Двојното книжење е:
ДОЛЖИ Вредност на средството (извештај за $7.000
финансиска состојба)
ПОБАРУВА Биланс на успех $2.000
Ревалоризациски вишок $5.000
Белешка: зголемувањето на ревалоризацискиот вишок се прикажува под „останата
сеопфатна добивка“.
Сличен случај имаме за намалувањето на вредноста при ревалоризација. Секое
намалување треба да се признае како расход, освен кога со него се анулира претходно
зголемување што било признаено како ревалоризациски вишок во сопственичката
главнина. Секое намалување што е поголемо од претходното зголемување на вредноста
мора да се признае како расход во билансот на успех.

1.9 Пример: ревалоризациско намалување


Едноставно ќе го свртиме примерот даден горе. Првичната набавна вредност била
$15.000 и била зголемена при ревалоризација на $20.000 пред две години. Вредноста
сега опаднала на $13.000.
Објаснете го сметководствено намалувањето на вредноста.

Решение
Двојното книжење е:
ДОЛЖИ Ревалоризациски вишок $5.000
ДОЛЖИ Биланс на успех $2.000
ПОБАРУВА Вредност на средството (извештај за $7.000
финансиска состојба)

62 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


Постојат дополнителни компликации кога ревалоризираното средство се амортизира.
Како што можевме да видиме, ревалоризацијата со зголемување значи дека трошокот за
депрецијација ќе се зголеми. Вообичаено, ревалоризацискиот вишок се реализира
единствено по продажбата на средството, но кога тоа се амортизира, дел од тој вишок
се реализира во текот на користењето на средството. Износот на реализираниот вишок
е разликата меѓу депрецијацијата што е пресметана на ревалоризираниот износ и
депрецијацијата (помалата) што би била пресметана на првичната набавна вредност на
средството. Овој износ може да се пренесе во задржаната (т.е. реализираната)
заработувачка, но не преку добивка или загуба.

1.10 Пример: ревалоризација и депрецијација


Друштвото Кринкл купило некое средство за $10.000 на почетокот од 2005 година. Тоа
имало корисен век од пет години. На 1 јануари 20X8 година средството било
ревалоризирано на $12.000. Очекуваниот корисен век останал непроменет (т.е.
остануваат три години).
Објаснете ја ревалоризацијата и наведете го третманот за депрецијација од 20X8 година
натаму.
Решение
На 1 јануари 20X8 година сметководствената вредност на средството е $10.000 – (2 x
$10.000 ÷ 5) = $6.000. За ревалоризацијата:
ДОЛЖИ Акумулирана депрецијација $4.000
ДОЛЖИ Вредност на средството $2.000
ПОБАРУВА Ревалоризациски вишок $6.000
Депрецијацијата за следните три години ќе биде $12.000 ÷ 3 = $4.000, споредено со
депрецијацијата на набавната вредност од $10.000 ÷ 5 = $2.000. Така, секоја година,
дополнителните $2.000 можат да се третираат како дел од вишокот што бил реализиран:
ДОЛЖИ Ревалоризациски вишок $2.000
ПОБАРУВА Задржана заработувачка $2.000
Ова е промена единствено во сопственичката главнина и не е ставка во билансот на
успех.

Фокус на Забележете дека кога се врши ревалоризацијата, депрецијацијата за периодот до


датумот на ревалоризација треба да се одбие од сметководствената вредност пред да
испитот
се пресметува ревалоризацискиот вишок. Испитувачот укажа на ова како грешка што
често се прави на испитите.

1.11 Депрецијација
Стандардот гласи:
• Износот кој подлежи на депрецијација на некоја ставка од недвижности,
постројки и опрема треба да биде алоциран систематски во текот на корисниот век
на ставката.
• Користениот метод на депрецијација треба да го одрази моделот според кој
ентитетот ги троши економските користи од средството.
• Трошокот за депрецијација за секој период треба да биде признаен како расход
освен ако тој не е вклучен во сметководствената вредност на друго средство.
Земјиштето и зградите се евидентираат посебно дури и кога се стекнати заедно,
бидејќи земјиштето вообичаено има неограничен корисен век и затоа не се депрецира.
Од друга страна, пак, зградите имаат ограничен корисен век и мора да се депрецираат.
Какво било зголемување на вредноста на земјиштето на кое се наоѓа некоја зграда не
влијае врз определувањето на корисниот век на употреба на зградата.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 63


1.11.1 Ревидирање на корисниот век
Ревидирањето на корисниот век на недвижностите, постројките и опремата треба да се
врши најмалку на крајот од секоја финансиска година и трошокот за амортизација за
тековниот и за идните периоди треба да се усогласи ако очекувањата отстапуваат
значително од претходните процени. Промените се промени во сметководствените
проценки и се евидентираат соодветно како усогласувања за идната депрецијација.

1.11.2 Пример: ревидирање на корисниот век


Друштвото Б стекнало нетековно средство на 1 јануари 20X2 година за $80.000. Тоа
немало остаток на вредноста и имало корисен век од 10 години.
На 1 јануари 20X5 година преостанатиот корисен век бил ревидиран на 4 години.
Колкав ќе биде трошокот за депрецијација за 20X5 година?

Решение
$
Првична набавна вредност 80.000
Депрецијација 20X2 – 20X4 (80.000 × 3/10) (24.000)
Сметководствена вредност на 31 декември 20X4 година 56.000
Преостанат корисен век 4 години
Трошок за депрецијација за годините 20X5 – 20X8 (56.000/4) 14.000

1.11.3 Ревидирање на методот на депрецијација


Методот на депрецијација треба, исто така, да се ревидира најмалку на крајот од
секоја финансиска година и, доколку постои значајна промена во очекуваниот начин на
трошење економски користи од тие средства, методот треба да се промени за да се
одрази променетиот начин на трошење. Кога ќе се случи таква промена на методот на
депрецијација, промената треба да се евидентира како промена во
сметководствената проценка и треба да се усогласи трошокот за депрецијација за
тековниот и за идните периоди.

1.11.4 Обезвреднување на средствата


Загубата поради обезвреднување треба да се третира на истиот начин како
ревалоризациско намалување, т.е. намалувањето треба да биде признаено како
расход. Меѓутоа, ревалоризациското намалување (или загубата поради
обезвреднување) се надоместува директно од каков било поврзан ревалоризациски
вишок ако намалувањето не го надминува износот што се чувал во ревалоризацискиот
вишок во однос на истото средство.
Анулирањето на загубата поради обезвреднување треба да се третира на истиот
начин како ревалоризациското зголемување, т.е. ревалоризациското зголемување се
признава како приход ако тоа менува ревалоризациско намалување или загуба поради
обезвреднување на истото средство што претходно било признаено како расход.

64 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


1.12 Сложени средства
Постојат средства што се составени од посебни компоненти. Секоја компонента се
депрецира посебно во текот на својот корисен век. Еден пример што беше искористен во
неодамнешните испити беше примерот за авион. Може да се смета дека авионот е
составен од следниве компоненти:
Набавна Корисен век
вредност
$’000
Труп 20.000 20 години
Стоен трап 5.000 500 слетувања
Мотори 8.000 1.600 часови во
лет
Депрецијацијата на крајот од првата година, во која биле извршени 150 летови со вкупно
времетраење од 400 часови, би била:
$’000
Надворешна конструкција 1.000
Стоен трап (5.000 x 150/500) 1.500
Мотори (8.000 x 400/1.600) 2.000
4.500

1.13 Ремонти
Кога за некое средство се потребни редовни ремонти за тоа да може да продолжи да
функционира, трошокот на ремонтот се третира како дополнителна компонента и се
депрецира во текот на временскиот период до следниот ремонт.
Во горенаведениот пример за авионот ќе претпоставиме дека се бара ремонт на крајот
од годината 3 и на секои три години потоа со трошок од $1,2 милиони. Ова се
капитализира како посебна компонента. Оттаму, депрецијацијата за годината 4
(повторно под претпоставка дека се извршени 150 летови) ќе биде:
$’000
Вкупно како горе 4.500
Ремонт ($1.200.000/3) 400
4.900

1.14 Повлекувања од употреба и отуѓувања


Кога некое средство трајно се повлекува од употреба, се продава или се отпишува
како отпад и не се очекуваат идни економски користи од неговото отуѓување, тоа треба
да се повлече од извештајот за финансиска состојба.
Добивките или загубите се еднакви на разликата меѓу проценетите нето-приливи од
отуѓувањето и сметководствената вредност на средството. Тие треба да се признаат
како приход или расход во билансот на успех.

1.15 Отпишување
Од ентитетот се бара да ја отпише сметководствената вредност на ставка од
недвижности, постројки и опрема што ја отуѓува на датумот на којшто ќе бидат
исполнети критериумите за продажба на стоките во МСС 18 Приходи. Ова важи и за
делови од некое средство.
Ентитетот не може да ја класифицира добивката како приход што ја реализира при
отуѓувањето на некоја ставка од недвижности, постројки и опрема.

1.16 Обелоденување
Стандардот содржи долг список барања за обелоденување за секоја група недвижности,
постројки и опрема.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 65


(a) Основата за мерење за определување на бруто-сметководствената вредност
(ако се користат повеќе основи, бруто-сметководствената вредност за таа основа
во секоја категорија)
(б) Користените методи на депрецијација
(в) Користените корисни векови или користените стапки на депрецијација
(г) Бруто-сметководствената вредност и акумулираната депрецијација (собрана со
акумулираните загуби поради обезвреднување) на почетокот и на крајот од
периодот
(д) Усогласување на сметководствената вредност на почетокот и на крајот од
периодот покажувајќи ги:
(i) Новите набавки
(ii) Отуѓувањата
(iii) Стекнувањата преку деловни комбинации
(iv) Зголемувањата или намалувањата во текот на периодот од
ревалоризациите и од загубите поради обезвреднување
(v) Загубите поради обезвреднување признаени во добивката или загубата
(vi) Загубите поради обезвреднување анулирани во добивката или загубата
(vii) Депрецијацијата
(viii) Нето-курсните разлики (од преведување на финансиските извештаи на
странски ентитет)
(ix) Какви било други промени.
Исто така, финансиските извештаи треба да го обелоденат следното:
(a) Сите надоместливи износи за недвижности, постројки и опрема
(б) Постоењето и износите на ограничувањата на сопственоста и недвижностите,
постројките и опремата заложени како обезбедување за обврски
(в) Сметководствената политика за проценетите трошоци за обновување на
локацијата
(г) Износот на издатоците од ставка од недвижности, постројки и опрема во текот
на изградбата
(д) Износот на договорни обврзувања за стекнување.
За ревалоризираните средства се потребни дополнителни обелоденувања.
(a) Користената основа за ревалоризирање на средствата
(б) Датумот на влегување во сила на ревалоризацијата
(в) Дали бил вклучен независен проценител
(г) Природата на какви било индекси користени за утврдување на трошокот за замена
(д) Сметководствената вредност на секоја група недвижности, постројки и опрема што
би била вклучена во финансиските извештаи доколку средствата биле
евидентирани по набавна вредност намалена за акумулирана депрецијација и
акумулирани загуби поради обезвреднување
(ѓ) Вишоците од ревалоризација, покажувајќи ја промената за периодот и сите
ограничувања на распределбата на салдото на акционерите.
Стандардот, исто така, го поттикнува обелоденувањето на дополнителните информации
што можат да бидат корисни за корисниците на финансиските извештаи.
(a) Сметководствената вредност на привремено неискористените недвижности,
постројки и опрема
(б) Бруто-сметководствената вредност на секои целосно депрецирани недвижности,
постројки и опрема што сè уште се во употреба
(в) Сметководствената вредност на недвижности, постројки и опрема коишто се
повлечени од активна употреба и се чуваат за продажба
(г) Објективната вредност на недвижности, постројки и опрема кога таа е материјално
различна од сметководствената вредност.
Следниов формат (со хипотетички износи) вообичаено се користи за обелоденување на
промените на нетековните средства.

66 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


Земјиште и Постројки и
Вкупно згради опрема
$ $ $
Набавна вредност или вреднување
На 1 јануари 20X4 година 50.000 40.000 10.000
Ревалоризациски вишок 12.000 12.000 –
Нови набавки во годината 4.000 – 4.000
Отуѓувања во годината (1.000) – (1.000)
На 31 декември 20X4 година 65.000 52.000 13.000
Депрецијација
На 1 јануари 20X4 година 16.000 10.000 6.000
Трошок за годината 4.000 1.000 3.000
Елиминирано со отуѓување (500) – (500)
На 31 декември 20X4 година 19.500 11.000 8.500
Нето-книговодствена вредност
На 31 декември 20X4 година 45.500 41.000 4.500
На 1 јануари 20X4 година 34.000 30.000 4.000

Прашање Нетековни средства

(a) Во извештај за финансиската состојба што е изготвен во согласност со МСС 16,


што претставува сметководствената вредност?
(б) Во сет финансиски извештаи изготвени во согласност со МСС 16, дали е правилно
да се каже дека сметководствената вредност во извештајот за финансиска
состојба не може да биде поголема од пазарната (нето-реализациона) вредност
на делумно искористено средство на крајот од периодот на известување?
Објаснете ги причините за вашиот одговор.

Одговор
(a) Едноставно кажано, сметководствената вредност на некое средство е набавната
вредност на средството намалена за „акумулираната депрецијација“, т.е. за
депрецијацијата што е пресметана до тој момент. Треба да се нагласи дека
главната цел на пресметувањето на депрецијацијата е да се осигури објективното
известување за добивките. Оттаму, депрецијацијата е поврзана со билансот на
успех, а не со извештајот за финансиска состојба. Следствено, сметководствената
вредност во извештајот за финансиска состојба може да биде прилично
произволна. Конкретно, таа не мора задолжително да биде поврзана со пазарната
вредност на некое средство и не е од голема полза за планирањето и
одлучувањето.
Очигледен пример за диспаритетот меѓу сметководствената вредност и пазарната
вредност може да се види во случајот на зградите, што може да вредат десет пати
и повеќе од нивната сметководствена вредност.
(б) Сметководствената вредност во определени околности може да биде повисока од
пазарната вредност (нето-реализационата вредност). МСС 16 Недвижности,
постројки и опрема наведува дека вредноста на некое средство не може да биде
поголема од неговиот „надоместлив износ“. Меѓутоа, во МСС 16, надоместливиот
износ е дефиниран како износот што може да се надомести од натамошната
употреба. Овој износ може да биде повисок од пазарната вредност.
Ова има смисла ако земете за пример некоја специјализирана машина која нема
да постигне некоја голема цена на пазарот за половни машини, но ќе произведува
стоки што можат да се продаваат со добивка долги години.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 67


Фокус на
Недвижностите и/или другите нетековни средства веројатно ќе бидат дел од тестот,
испитот
бидејќи се спомнуваат во повеќе материјали.

2. Сметководство за депрецијација
ДЕФИНИЦИЈА Кога средствата што се чуваат од ентитетот имаат ограничен корисен век за тој
ентитет неопходно е да се распредели вредноста на средството во текот на неговиот
корисен век.

2.1 Нетековни средства


Ако корисниот век на некое средство трае подолго од еден сметководствен период, тоа
средство носи добивка подолго од еден период. Тоа е нетековно средство.
Со исклучок на земјиштето што се чува во слободна сопственост или со долгорочен
закуп, секое нетековно средство на крајот се исцрпува со текот на времето.
Машините, автомобилите и другите возила, инвентарот, па дури и зградите не траат
вечно. Кога некое претпријатие стекнува нетековно средство, тоа има определена
претстава за тоа колку долг ќе биде неговиот корисен век и може да одлучи што ќе
прави со него:
(a) Да продолжи да го користи нетековното средство сè додека тоа не се потроши
целосно и додека не стане бескорисно и безвредно.
(б) Да се ослободи од нетековното средство на крајот од неговиот корисен век,
преку негова продажба како половно средство или како отпад.
Бидејќи нетековното средство има набавна вредност и ограничен корисен век и неговата
вредност евентуално опаѓа, произлегува дека треба да се задолжи или добивката или
загубата за да се одрази искористеноста на средството од страна на претпријатието.
Ова задолжување се нарекува депрецијација.

2.2 Опфат
Сметководството за депрецијација се уредува со МСС 16 Недвижности, постројки и
опрема. Во продолжение се дадени некои од дефинициите од МСС 16 што се
однесуваат на депрецијацијата.

Клучни • Депрецијацијата е системска распределба на износот по којшто се депрецира


поими средството во текот на неговиот корисен век на употреба. Трошокот за
депрецијацијата за сметководствениот период се признава во нето-добивката или
загубата за периодот директно или индиректно.

• Средства што подлежат на депрецијација се средствата што:


– Се очекува да бидат користени во текот на повеќе од еден период
– Имаат ограничен корисен век
– Се чуваат за користење во производство или обезбедување производи или
услуги, за изнајмување други или за административни цели
• Корисен век е едно од следниве две работи.
– Временскиот период во рамките на којшто се очекува ентитетот да го
користи средството што подлежи на депрецијација, или
– Бројот на производствени или слични единици кои се очекува ентитетот да
ги добие од средството.
• Износ што подлежи на депрецијација на средство кое подлежи на депрецијација
е историската набавна вредност или друг износ што е замена за набавната
вредност во финансиските извештаи, намален за проценетиот остаток на
вредноста на средството.
(МСС 16)

68 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


„Друг износ што е замена за набавната вредност“ вообичаено е тековната пазарна
цена по вршењето на ревалоризацијата.

2.3 Депрецијација
МСС 16 бара износот што подлежи на депрецијација на средството што подлежи на
депрецијација да се распределува врз систематска основа за секој сметководствен
период во текот на корисниот век на средството. Секој дел на некоја ставка од
недвижности, постројки и опрема со набавна цена што е значителна во однос на
вкупната набавна вредност на ставката мора да се депрецира посебно.
Еден од начините за дефинирање на депрецијацијата е таа да се опише како средство
за распределување на набавната вредност на некое нетековно средство во текот на
неговиот корисен век и на тој начин да се усогласи набавната вредност за целиот
период во којшто средството носи добивка за претпријатието. Трошоците за
депрецијација се пример за примена на пресметковната претпоставка за пресметување
на добивката.
Постојат ситуации каде, во текот на определен период, на некое средство му се
зголемила вредноста, т.е. неговата тековна вредност е поголема од
сметководствената вредност во финансиските извештаи. Можете да помислите дека во
таквите ситуации не е потребно да се изврши депрецијација на средството. Меѓутоа,
стандардот наведува дека тоа е нерелевантно и дека депрецијацијата сепак треба да се
пресмета за секој сметководствен период врз основа на износот што подлежи на
депрецијација, независно од зголемувањето на вредноста.
Од ентитетот се бара да започне со депрецијацијата на некоја ставка од недвижности,
постројки и опрема кога таа е достапна за употреба и да продолжи да ја депрецира сè
додека не биде отпишана, дури и ако е неискористена во текот на периодот.

2.4 Корисен век


Следниве фактори треба да се земат предвид кога се проценува корисниот век на
средство што подлежи на депрецијација.
• Очекуваното физичко трошење
• Застареноста
• Правни или слични ограничувања на користењето на средството
Откако ќе се утврди, корисниот век треба да се ревидира најмалку на крајот од секоја
финансиска година и трошокот за амортизација за тековниот и за идните периоди треба
да се усогласи ако очекувањата значително отстапуваат од првичните процени.
Влијанието на промената треба да се обелодени во сметководствениот период во кој се
случила промената.
Процената на корисниот век бара расудување врз основа на претходното искуство со
слични средства или групи средства. Кога се стекнува целосно нов тип средство (т.е.
преку технолошкиот напредок или преку употреба во производството на сосема нов
производ или услуга) сè уште е потребно да се процени корисниот век, иако во таквиот
случај оваа активност ќе биде многу потешка.
Стандардот укажува, исто така, дека физичкиот век на средството може да биде подолг
од неговиот корисен век за соодветниот ентитет. Еден од главните фактори што треба
да се земат предвид е физичкото трошење што средството веројатно ќе го претрпи.
Ова ќе зависи од различни околности, вклучувајќи го бројот на смените во коишто се
користи средството, програмата за сервисирање и одржување на ентитетот итн.
Останатите фактори што треба да се земат предвид ги вклучуваат застареноста (поради
технолошки напредоци/подобрувања на производството/намалување на побарувачката
за производот/услугата што се произведува со средството) и правните ограничувања,
т.е. должината на поврзаниот наем.

2.5 Остаток на вредноста


Во најголемиот број случаи, остатокот на вредноста на средството веројатно е
нематеријален. Доколку постои веројатност да има каква било значајна вредност, таа

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 69


вредност мора да се процени на датумот на купување или при која било последователна
ревалоризација. Износот на остатокот на вредноста треба да се проценува врз основа
на тековната ситуација кај други слични средства што се користат на ист начин и сега се
на крајот од својот корисен век. Сите очекувани трошоци од отуѓување треба да се
анулираат со бруто-остатокот на вредноста.

2.6 Методи на депрецијација


Конзистентноста е важна. Избраниот метод на депрецијација треба да се применува
конзистентно од период во период, освен ако нема промени на околностите што ја
оправдуваат неговата промена. Кога методот ќе се промени, влијанието треба да се
квантификува и да се обелодени и треба да се наведе причината за промената.
Достапни се различни методи за распределување на депрецијацијата на
сметководствените периоди, но без оглед на тоа кој од нив ќе се избере, тој мора да се
применува конзистентно (како што се бара со МСС 1: видете Глава 1) за да се осигури
споредливоста од период до период. Промена на политиката не е дозволена единствено
поради ситуацијата со профитабилноста на ентитетот.
Вие треба да се запознаете со различните прифатени методи на распределба на
депрецијацијата и со релевантните пресметки и сметководствени третмани кои се
прегледуваат во прашањата на крајот од овој дел.

2.7 Обелоденување
Во белешката за сметководствената политика треба да се обелоденат основите за
вреднување што биле искористени за утврдување на износите со кои се прикажани
депрецираните средства, заедно со останатите сметководствени политики: видете МСС
1.
МСС 16, исто така, бара да се обелодени следново за секоја поголема група
депрецирани средства.
• Користените методи на депрецијација
• Користените корисни векови или користените стапки на депрецијација
• Вкупната депрецијација распределена за периодот
• Бруто-износот на депрецираните средства и поврзаната акумулирана
депрецијација

2.8 Што е депрецијацијата?


Потребата за депрецијација на нетековните средства произлегува од пресметковната
претпоставка. Ако парите се потрошени за купување некое средство, тогаш
потрошениот износ во определен момент мора да се одбие од добивката. Ако се работи
за средство што придонесува за приходите на ентитетот во текот на повеќе
сметководствени периоди, несоодветно би било трошокот да се направи во кој било
поединечен период (на пример, во периодот кога средството било стекнато) за целиот
износ на расходите. Наместо тоа, треба да се најде определен метод за
распределување на набавната вредност на средството во текот на неговиот економски
век на употреба.
Ваквиот став за депрецијацијата како процес на распределба на набавната вредност на
некое средство во текот на неколку сметководствени периоди е ставот што е усвоен во
МСС 16. Треба да се спомне дека има две вообичаени погрешни претстави за
намената и ефектите на депрецијацијата.
(a) Понекогаш се смета дека сметководствената вредност на средството е еднаква на
неговата нето-реализациона вредност и дека целта на депрецијацијата е да се
одрази намалувањето на вредноста на некое средство во текот на неговиот
корисен век. Оваа погрешна претстава е основата за честиот но погрешен
аргумент што гласи дека недвижностите во слободна сопственост (на пример) не
треба да се депрецираат во периодите кога вредноста на недвижностите расте.
Точно е дека извештаите за финансиска состојба со историска набавна вредност
често оставаат погрешен впечаток кога сметководствената вредност на
недвижностите е многу помала од нивната пазарна вредност, но во таквиот случај

70 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


претпријатието слободно може да вклучи ревалоризација во своите деловни
книги, или дури и да ги изготви своите извештаи врз основа на тековните набавни
вредности. Овој проблем не е ист како проблемот за распределбата на набавната
вредност на недвижноста во текот на повеќе последователни сметководствени
периоди.
(б) Другата погрешна претстава е дека депрецијацијата се користи за да може
средството да се замени на крајот од неговиот корисен век. Ова не е точно.
(i) Ако не постои намера за замена на средството, би можело да се тврди дека
воопшто не постои потреба да се врши депрецијација.
(ii) Ако цените растат, трошокот за замена на средството ќе биде поголем од
износот на извршената депрецијација.
Следниве прашање служат единствено за целите на утврдувањето на материјалот.

Прашање Методи за депрецијација

Камион што е купен за потребите на претпријатието има набавна вредност од $17.000.


Се очекува дека камионот ќе има корисен век од пет години и дека потоа ќе биде
продаден во отпад за $2.000. Во текот на петте години се очекува следнава употреба:
Година 1 200 дена
Година 2 100 дена
Година 3 100 дена
Година 4 150 дена
Година 5 40 дена
Се бара
Пресметајте ја депрецијацијата за секоја година според:
(a) Праволинискиот метод
(б) Методот на опаѓачко салдо (со стапка од 35%)
(в) Методот на машински часови
(г) Методот на збир од цифрите на годините

Одговор
(a) Во согласност со праволинискиот метод, депрецијацијата за секоја од петте
години изнесува:
$(17.000 − 2.000)
Годишен трошок за депрецијација = = $3.000
5
(б) Во согласност со методот на опаѓачко салдо, депрецијацијата за секоја од петте
години изнесува:
Година Депрецијација
1 35% × $17.000 = $5.950
2 35% × ($17.000 − $5.950) = 35% × $11.050 = $3.868
3 35% × ($11.050 − $3.868) = 35% × $7.182 = $2.514
4 35% × ($7.182 − $2.514) = 35% × $4.668 = $1.634
5 Салдо за сведување на книговодствената вредност на = $1.034
$2.000 = $4.668 − $1.634 − $2.000
(в) Во согласност со методот на машински часови, депрецијацијата за секоја од петте
години се пресметува како што следува:
Вкупна употреба (денови) = 200 + 100 + 100 + 150 + 40 = 590 дена
$(17.000−2.000)
Трошок за депрецијација по ден = = $25,42
590

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 71


Употреба Депрецијација ($)
Година (денови) (денови × $25,42)
1 200 5.084,00
2 100 2.542,00
3 100 2.542,00
4 150 3.813,00
5 40 1.016,80
14.997,80
Забелешка: Резултатот не изнесува точно $15.000 поради заокружувањето што
било извршено во фазата „депрецијација по ден“ на пресметките.
(г) Методот на збир од цифрите на годините започнува со собирање на годините на
очекуваниот корисен век. Во овој случај, 5 + 4 + 3 + 2 + 1 = 15.
Износот што подлежи на депрецијација од $15.000 потоа се распределува на
следниов начин:
Година 1 15.000 × 5/15 = 5.000
2 15.000 × 4/15 = 4.000
3 15.000 × 3/15 = 3.000
4 15.000 × 2/15 = 2.000
5 15.000 × 1/15 = 1.000

Испитот во декември 2008 година содржеше прашање што ја вклучуваше


депрецијацијата според единиците на производство. Некои кандидати пропуштија да го
одбијат остатокот на вредноста пред да ја пресметаат стапката на производните
единици.

Прашање Дискусија за депрецијација

(a) Кои се целите на утврдувањето на депрецијацијата?


(б) Во кои околности методот на опаѓачко сало е посоодветен од праволинискиот
метод? Образложете го вашиот одговор.

Одговор
(a) Извештаите на едно претпријатие се обидуваат да го прикажат фактот дека
набавната вредност на некое нетековно средство постепено се троши со
физичкото трошење на средството. Ова се врши преку постепено отпишување на
набавната вредност на средството во добивка или загуба во текот на неколку
сметководствени периоди. Овој процес е познат како депрецијација и е пример за
пресметковната претпоставка. МСС 16 Недвижности, постројки и опрема бара
трошокот на депрецијација да се распределува врз систематска основа за секој
сметководствен период во текот на корисниот век на средството.
Со оглед на пресметковниот принцип, објективно е добивката да се намали за
трошокот на депрецијацијата; ова не е произволна активност. Депрецијацијата не
е, како што некогаш се претпоставуваше, обид да се издвојат средства за
купување нови нетековни средства кога е потребно тоа. Депрецијацијата
вообичаено не се врши во случај на земјиште во слободна сопственост, бидејќи
тоа не се „троши“ (освен ако не е наменето за ископување руди, итн.).
(б) Методот на опаѓачко салдо се користи наместо праволинискиот метод кога се
смета дека е објективно да се распредели поголем дел од износот што подлежи на
депрецијација во првите години и помал дел од него во подоцнежните години, под
претпоставка дека користите што ги добива претпријатието од користењето на
средството опаѓаат со текот на времето.
Во корист на овој метод може да се тврди дека тој го поврзува трошокот за
депрецијација со трошоците за одржување и работење на средството. Во првите

72 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


години, овие трошоци се ниски и трошокот за депрецијација е висок, додека, пак,
во подоцнежните години овој сооднос е обратен.

Прашање Сметководство за депрецијација

Едно претпријатие купило две машини за изработка на заковки на 1 јануари 20X5


година, двете со набавна вредност од $15.000. Двете машини имале проценети корисни
векови од пет години и нулта преостаната вредност. Се користи методот на
праволиниска депрецијација.
Поради непредвиден пад на побарувачката за заковки на пазарот, претпријатието
решило да го намали своето производство на заковки и да се префрли на други
производи. На 31 март 20X7 година, една машина за изработка на заковки била
продадена (на почек) на купувач за $8.000.
Меѓутоа, подоцна во годината било одлучено целосно да се напушти производството на
заковки и втората машина била продадена на 1 декември 20X7 година за $2.500 во
готово.
Изгответе го контото за машини, резервирањето за депрецијација на контото за машини
и контото за отуѓување на машините за сметководствената година до 31 декември 20X7
година.

Одговор
КОНТО ЗА МАШИНИ
$ $
20X7 20X7
1 јан. Салдо д/с 30.000 31 Конто за отуѓување
март машини
15.000
1 дек. Конто за отуѓување на
машини 15.000
30.000 30.000
АКУМУЛИРАНА ДЕПРЕЦИЈАЦИЈА НА МАШИНИ
$ $
20X7 20X7
31 Конто за отуѓување
март машини*
6.750 1 јан. Салдо д/с 12.000
1 дек. Конто за отуѓување
машини** 8.750 31 дек. Добивка или загуба*** 3,500
15.500 15.500
* Депрецијација на датумот на отуѓување = $6.000 + $750
** Депрецијација на датумот на отуѓување = $6.000 + $2.750
*** Трошок за депрецијација за годината = $750 + $2.750
ОТУЃУВАЊЕ МАШИНИ
$ $
20X7 20X7
31 март Конто машини 15.000 31 март Побарување (продажна
цена) 8.000
31 март Резервирање за 6.750
депрецијација
1 дек. Машини 15.000 1 дек. Пари (продажна цена) 2.500
1 дек. Резервирање за 8.750
депрецијација
31 дек. Добивка или загуба
(загуба при отуѓување) 4,000
30.000 30.000

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 73


Треба да можете да пресметате дека имало загуба при првото отуѓување од $250 и при
второто отуѓување од $3.750, т.е. вкупна загуба од $4.000.
Пресметки
1 На 1 јануари 20X7 година, акумулираната депрецијација за машините ќе биде:
$15.000
2 машини × 2 години × по машина годишно = $12.000, или $6.000 по
5
машина
$3.000
2 Месечната депрецијација е = $250 по машина месечно
12
3 Машините се отуѓени во 20X7 година.
(a) На 31 март – по изминати 3 месеци од годината. Депрецијацијата за
годината на машината = 3 месеци x $250 = $750.
(б) На 1 декември – по изминати 11 месеци од годината. Депрецијацијата за
годината на машината = 11 месеци x $250 = $2.750.

3. МСС 20 Државни поддршки


Вообичаено е за ентитетите да добиваат државни поддршки за различни намени
(поддршките можат да се нарекуваат субвенции, премии, итн.). Тие можат да примаат и
други видови помош што може да биде во повеќе различни облици. Третманот на
државните поддршки е опфатен со МСС 20 Сметководство за државни поддршки и
обелоденување на државната помош.

3.1 Опфат
МСС 20 не ги опфаќа следниве ситуации.
• Сметководството за државни поддршки во финансиските извештаи кои ги
одразуваат ефектите од променливите цени
• Државната помош што се дава во облик на „даночно олеснување“
• Државата постапува како сопственик на удел во ентитетот

3.2 Дефиниции
Стандардот ги дава следниве дефиниции.
Клучни
поими • Држава. Државата, државните агенции и слични тела, без оглед на тоа дали се
локални, национални или меѓународни.

• Државна помош. Дејствување на државата наменето да обезбеди економска


корист специфична за ентитетот или група ентитети што се квалификуваат според
определени критериуми.
• Државни поддршки. Помош од државата во облик на пренос на ресурси до некој
ентитет за возврат на минато или идно исполнување на определени услови во
врска со оперативните активности на ентитетот. Не се вклучени оние облици на
државна помош за кои не може разумно да се утврди вредноста и трансакциите со
државата што не може да се разликуваат од нормалните трговски трансакции на
ентитетот.
• Поддршки што се однесуваат на средства. Државни поддршки чијшто примарен
услов е дека ентитетот што се квалификува за нив треба да купи, да изгради или
на друг начин да стекне нетековни средства. Можат да се приклучат и
дополнителни услови со кои се ограничува видот или локацијата на средствата
или периодите во кои тие треба да се стекнат или да се чуваат.
• Поддршки што се однесуваат на приходи. Државни поддршки, освен оние што
се поврзани со средства.

74 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


• Неповратни заеми. Заеми за кои заемодавачот се обврзува дека се откажува од
нивното враќање под определени пропишани услови.

МСС 20
• Објективна вредност. Цената што би се добила за продажба на средство или
што треба да се плати за пренос на обврска во уредна трансакција помеѓу
учесниците на пазарот на датумот на мерење.
МСФИ 13

Можете да видите дека има многу различни облици на државна помош: се разликуваат
како видот на помошта, така и условите што се поврзани со неа. Владината помош може
да поттикне некој ентитет да преземе дејствија што инаку не би ги презел.
На кој начин примањето државна помош влијае врз финансиските извештаи?
(a) Мора да се најде соодветен сметководствен метод за евидентирање на сите
пренесени ресурси.
(б) Треба да се покаже во колкава мера ентитетот имал корист од таквата помош во
текот на периодот на известување.

3.3 Државни поддршки


Ентитетот не треба да ги признае државните поддршки (вклучувајќи ги немонетарните
поддршки по објективна вредност) сè додека не добие разумно уверување дека:
• Ентитетот ќе ги исполни сите услови што се поврзани со поддршката
• Ентитетот навистина ќе ја прими поддршката
Дури и ако поддршката е примена, ова не е доказ дека поврзаните услови се исполнети
или ќе бидат исполнети.
Во однос на третманот на поддршката воопшто не е битно дали поддршката е примена
во пари или е дадена како намалување на обврските кон државата, т.е. начинот на
прием е безначаен.
Сите поврзани неизвесни средства или обврски треба да се признаат во согласност
со МСС 37 Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства, по признавањето на
поддршката.
Во случајот на неповратен заем (како што е дефиниран во клучните поими погоре) од
државата, тој треба да се третира на ист начин како државна поддршка кога постои
разумно уверување дека ентитетот ќе ги исполни релевантните услови за простување на
заемот.

3.3.1 Сметководствен третман на државните поддршки


МСС 20 бара поддршките да се признаваат како приход во текот на релевантните
периоди во кои ентитетот ги признава расходите за чиешто надоместување се примени
поддршките. Ова треба да се врши врз систематска основа. Според тоа, поддршките
не треба да се признаваат директно во главнината.
Признавањето државни поддршки во добивката или загубата врз основа на приливи би
било спротивно на пресметковната сметководствена претпоставка, така што мора да се
користи систематска основа за усогласување. Пристапот врз основа на приливите би
бил прифатлив единствено ако не била достапна ниедна друга основа.
Вообичаено е лесно да се идентификуваат трошоците што се поврзани со државната
поддршка, а со тоа и периодот (-ите) во кој поддршката треба да се признае како
приход, т.е. кога е поднесен трошокот. Кога поддршките се примаат во врска со средства
што подлежат на депрецијација, поддршката се признава во периодите во коишто
средството се депрецира и во истите соодноси.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 75


Прашање Признавање

Друштвото Артуро прима државна поддршка што претставува 50% од набавната


вредност на средство што депрецира и чини $40.000. Како ќе се признае поддршката ако
друштвото Артуро изврши депрецијација на средството:
(a) во текот на четири години, праволиниски; или
(б) со 40% опаѓачко салдо?
Преостанатата вредност е нула. Корисниот век е четири години.

Одговор
Поддршката треба да се признае во истиот сооднос како депрецијацијата.
(a) Праволиниски
Депрецијација Приход од
поддршка
$ $
Година 1 10.000 5.000
2 10.000 5.000
3 10.000 5.000
4 10.000 5.000
(б) Опаѓачко салдо
Депрецијација Приход од
поддршка
$ $
Година 1 16.000 8.000
2 9.600 4.800
3 5.760 2.880
4 (остаток) 8.640 4.320

Во случајот на поддршки за средства што не подлежат на депрецијација, можеби ќе


треба да се исполнат определени обврски, и во таквиот случај поддршката треба да се
признае како приход во периодите во кои бил поднесен трошокот за исполнување на
обврската. На пример, ако некое земјиште е доделено под услов ако таму биде
подигната зграда, тогаш поддршката треба да се признае како приход во текот на
животниот век на зградата.
Понекогаш може да постојат низа услови што се поврзани со поддршката која се прима
како дел од пакет за финансиска помош. Ентитетот мора внимателно да ги
идентификува токму оние услови што предизвикуваат трошоци што, за возврат, ќе ги
определат периодите во кои ќе биде заработена поддршката. Кога е тоа соодветно,
поддршката може да се подели, и нејзините делови можат да се распределат врз
различни основи.
Ентитетот може да прими поддршка како надоместок за расходи или загуби што веќе
биле поднесени. Покрај тоа, поддршката може да му се даде на ентитетот едноставно
за да се обезбеди итна финансиска поддршка кога не се очекуваат идни поврзани
трошоци. Во таквите случаи, примената поддршка треба да се признае како приход за
периодот во кој станала побарување.

3.3.2 Немонетарни државни поддршки


Државата може да му пренесе на некој ентитет немонетарно средство како поддршка, на
пример, земјиште или други ресурси. Вообичаено се проценува објективната вредност
на таквото средство, и истата потоа се користи за евидентирање како на поддршката,
така и на средството. Како алтернативно решение, двете може да се вреднуваат според
номиналниот износ.

76 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


3.3.3 Презентирање поддршки што се однесуваат на средства
Постои избор меѓу два начини како државните поддршки што се поврзани со средства
(вклучувајќи немонетарни поддршки по објективна вредност) треба да се прикажат во
извештајот за финансиска состојба.
(a) Признавање на поддршката како одложен приход.
(б) Одбивање на поддршката со цел да се дојде до сметководствената вредност
на средството.
Двата методи се сметаат за прифатливи алтернативи и ние можеме да разгледаме
пример во кој се прикажани и двете.

Пример: сметководствено евидентирање поддршки што се однесуваат на


средства
Едно друштво прима поддршка од 20% за набавната вредност на нова машина која чини
$100.000. Машината има очекуван век од четири години и нула преостаната вредност.
Очекуваните добивки на друштвото, пред сметководствениот третман за
депрецијацијата на машината или за поддршката, изнесуваат $50.000 годишно во секоја
година од животниот век на машината.

Решение
Резултатите на друштвото за четирите години од животниот век на машината би биле
како што следува:
(a) Намалување на набавната вредност на средството
Година Година Година Година Вкупно
1 2 3 4
$ $ $ $ $
Добивка пред 50.000 50.000 50.000 50.000 200.000
депрецијација
Депрецијација* 20.000 20.000 20.000 20.000 80.000
Добивка 30.000 30.000 30.000 30.000 120.000
*Трошокот за депрецијација според праволинискиот метод, за секоја година, е ¼
од $(100.000 – 20.000) = $20.000.
Извештај за финансиска состојба на крај од годината (извадок)
$ $ $ $
Нетековни средства 80.000 80.000 80.000 80.000
Депрецијација 25% 20.000 40.000 60.000 80.000
Сметководствена 60.000 40.000 20.000 –
вредност
(б) Признавање на поддршката како одложен приход.
Година 1 Година 2 Година 3 Година 4 Вкупно
$ $ $ $ $
Добивка како 50.000 50.000 50.000 50.000 200.000
горенаведеното
Депрецијација (25.000) (25.000) (25.000) (25.000) (100.000)
Поддршка 5.000 5.000 5.000 5.000 20.000
Добивка 30.000 30.000 30.000 30.000 120.000
Извештај за финансиска состојба на крај од годината (извадок)
Нетековно средство по 100.000 100.000 100.000 100.000
набавна вредност
Депрецијација 25% (25.000) (50.000) (75.000) (100.000)
Сметководствена 75.000 50.000 25.000 –
вредност
Државна поддршка
одложен приход 15.000 10.000 5.000 –

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 77


Без оглед на тоа кој од овие методи се користи, паричните приливи во врска со
купувањето на средството и приемот на поддршката често се обелоденуваат одвоено
поради нивното значење за промените во паричните текови.

3.3.4 Презентирање поддршки поврзани со приход


Овие поддршки се признаваат во добивката или загубата, но постои избор на методот за
обелоденување.
(a) Се презентираат како посебно одобрување или во рамките на некоја општа
ставка, на пример, „друг приход“
(б) Се одбиваат од поврзаниот расход
Некои би тврделе дека пребивањето на приходите и расходите во билансот на успех не
е добра практика. Други би кажале дека расходите не би биле поднесени доколку
поддршката не била достапна, така што нивното пребивање е прифатливо. Иако и двата
методи се прифатливи, обелоденувањето на поддршката може да биде неопходно за
правилно разбирање на финансиските извештаи, особено на нивното влијание врз која
било ставка од приходи или расходи што се бара да се обелодени посебно.

3.3.5 Отплата на државни поддршки


Ако некоја поддршка мора да се отплати, таа треба да се евидентира како промена на
сметководствена процена (видете МСС 8).
(a) Отплата на поддршка поврзана со приход: прво се усогласува со каков било
неамортизиран одложен приход што е признаен во врска со поддршката; секој
вишок треба веднаш да се признае како расход.
(б) Отплата на поддршка поврзана со средство: се зголемува сметководствената
вредност на средството или се намалува салдото на одложениот приход за
износот што се отплаќа. Кумулативната дополнителна депрецијација што би била
признаена до тој датум доколку не постоела поддршката треба веднаш да се
признае како расход.
Можно е околностите во врска со отплатата да бараат ревидирање на вредноста на
средството и обезвреднување на новата сметководствена вредност на средството.

3.4 Државна помош


Определени облици на државна помош се исклучени од дефиницијата за државни
поддршки.
(a) На определени облици на државна помош не може разумно да им се додели
вредност, на пример, бесплатни технички или маркетиншки совети,
обезбедување гаранции.
(б) Постојат трансакции со државата што не можат да се разликуваат од редовните
трговски трансакции на ентитетот, на пример, државната политика за јавни
набавки што резултира со дел од остварената продажба на ентитетот. Секое
одвојување би било произволно.
Обелоденувањето на таквата помош може да биде неопходно поради нејзиното
значење; треба да се обелоденат нејзината природа, обемот и времетраењето. Заемите
со ниска каматна стапка или без камата претставуваат еден облик на државна помош,
но пресметувањето на каматата не ја квантификува целосно примената корист.

3.5 Обелоденување
Се бара обелоденување на следново.
• Усвоената сметководствена политика, вклучувајќи го методот на презентирање
• Природата и обемот на државните поддршки што се признаваат и на останатите
облици на примената помош
• Неисполнетите услови и други неизвесни настани што се поврзани со
признаената државна помош

78 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


3.6 Толкување на ПКТ 10 Државна помош – без посебна
врска со оперативните активности
Во некои земји државната помош за ентитетите може да биде наменета за поттикнување
или долгорочна поддршка на деловни активности во определени региони или, пак, во
определени стопански сектори. Условите за добивање таква помош може да не бидат
посебно поврзани со оперативните активности на ентитетот. Примери за таква помош се
преносите, од страна на државата, на ресурси за ентитетите што:
(a) Работат во определен сектор
(б) Продолжуваат да работат во неодамна приватизирани сектори
(в) Започнуваат или продолжуваат да работат во недоволно развиени подрачја
Прашањето е дали таквата државна помош е „државна поддршка“ што е во опфатот на
МСС 20 и, оттаму, дали треба да се евидентира во согласност со овој стандард.
Државната помош за ентитетите ја задоволува дефиницијата на државната поддршка во
МСС 20, дури и доколку нема услови што конкретно се однесуваат на оперативните
активности на ентитетот, освен барањето да се работи во определени региони или
сектори во стопанството. Според тоа, таквите поддршки не треба да се признаваат
директно во главнината.

4. МСС 40 Вложувања во недвижности


ДЕФИНИЦИЈА Ентитетот може да поседува земјиште или зграда како вложување наместо за употреба
во својата дејност. Според тоа, може да генерира парични приливи што во голема мера
се независни од другите средства што ги поседува ентитетот. Третманот на
вложувањата во недвижности е опфатен во МСС 40.

4.1 Дефиниции
Разгледајте ги следниве дефиниции.
Клучни
поими Вложувања во недвижности се недвижности (земјиште или зграда – или дел од зграда
– или двете заедно) кои се чуваат (од сопственикот или од наемателот врз основа на
финансиски наем) за да се заработува наемнина или за зголемување на капиталот, или
за двете заедно, наместо да ги користи за:

(a) Употреба во производството или набавка на производи или услуги или за


административни цели, или
(б) Продажба во редовниот тек на работењето
Недвижности користени од сопственикот се недвижности што се чуваат (од
сопственикот или од наемателот врз основа на финансиски наем) за употреба во
производството или обезбедување на производи или услуги или за административни
цели.
Објективна вредност е цената би се добила за продажба на средство или што треба да
се плати за пренос на обврска во уредна трансакција помеѓу учесниците на пазарот на
датумот на мерење.
Набавна вредност е износот на платени пари или парични еквиваленти или
објективната вредност на друг надоместок даден за стекнување на средството во
времето на неговото стекнување или изградба.
Сметководствена вредност е износот според кој средството е признаено во
извештајот за финансиска состојба.
Учество во недвижност што се чува од страна на наемателот под оперативен наем
може да се класифицира и да се евидентира како вложување во недвижност, ако и
само ако недвижноста инаку би ја исполнила дефиницијата за вложување во недвижност
и наемателот го користи моделот на објективна вредност од МСС 40. Оваа
класификација е достапна од недвижност до недвижност.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 79


Примерите за вложувања во недвижности вклучуваат:
(a) Земјиште коешто се чува за долгорочно зголемување на капиталот наместо
за краткорочна продажба во редовниот тек на работењето
(б) Зграда во сопственост на известувачкиот ентитет (или што се чува од ентитетот
врз основа на финансиски наем) и е дадена под оперативен наем
(в) Зграда што е во сопственост на матичното друштво и е дадена под наем на
подружница. Меѓутоа, забележете дека иако ова се смета за вложување во
недвижности во поединечните финансиски извештаи на матичното друштво, во
консолидираните финансиски извештаи овие недвижности се сметаат за
недвижности користени од сопственикот (бидејќи се користат од групацијата) и,
според тоа, се третираат во согласност со МСС 16.
(г) Недвижност која се гради или се доградува за идна употреба како вложување во
недвижност

Прашање Вложување

Друштвото Рич поседува земјиште. Директорите сè уште не одлучиле дали да изградат


фабрика на него за користење во своето деловно работење или да го чуваат и да го
продадат кога ќе се зголеми неговата вредност.
Дали ова ќе се класифицира како вложување во недвижности во согласност со МСС 40?

Одговор
Да. Ако ентитетот сè уште не утврдил дали ќе го користи земјиштето како недвижност
што се користи од сопственикот или за целите на краткорочната продажба во редовниот
тек на работењето, земјиштето се смета дека се чува заради зголемување на капиталот.

4.2 МСС 40
МСС 40 Вложувања во недвижности беше објавен во март 2000 година и неодамна
беше ревидиран. Неговата цел е да го пропише сметководствениот третман за
вложувањата во недвижности и поврзаните барања за обелоденување.
Стандардот ги опфаќа вложувањата во недвижности што се чуваат врз основа на
финансиски наем или се даваат под оперативен наем. Меѓутоа, сегашниот МСС 40 не ја
разгледува материјата што е опфатена во МСС 17 Наеми.
Вие сега знаете што се вложувања во недвижности во согласност со МСС 40. Во
продолжение се дадени примери за ставки што не се вложувања во недвижности.

Вид недвижности што не се вложувања Применлив МСС


Недвижности наменети за продажба во МСС 2 Залихи
редовниот тек на работењето
Недвижности што се во процес на МСС 11 Договори за изградба
изградба или доградба во име на трети
страни
Недвижности користени од сопственикот МСС 16 Недвижности, постројки и опрема

4.3 Признавање
Вложувањата во недвижности треба да се признаат како средство кога се исполнети два
услови.
(a) Веројатно е дека идните економски користи што се поврзани со вложувањето во
недвижности ќе претставуваат прилив за ентитетот.
(б) Набавната вредност на вложувањето во недвижности може веродостојно да се
измери.

80 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


4.4 Првично мерење
Вложувањата во недвижности првично треба да се мерат според нивната набавна
вредност, вклучувајќи ги трансакциските трошоци.
Учеството во недвижноста што се чува под наем и е класифицирана како вложување во
недвижности се евидентира исто како да е финансиски наем. Средството се признава
по пониската вредност од објективната вредност на недвижностите и сегашните
вредности на минималните плаќања за наемот. Еквивалентен износ се признава како
обврска.

4.5 Мерење по првичното признавање


МСС 40 бара од ентитетот да избере еден од два модели.
• Моделот на објективна вредност
• Моделот на набавна вредност
Без оглед на тоа која политика ќе ја избере, таа треба да се применува на сите негови
вложувања во недвижности.
Кога ентитетот ќе избере да класифицира недвижност што се чува врз основа на
оперативен наем како вложување во недвижности, не постои избор. Моделот на
објективна вредност мора да се користи за сите вложувања во недвижности на
ентитетот, без оглед на тоа дали се поседуваат или се земени под наем.

4.5.1 Модел на објективна вредност


Клучни (a) По првичното признавање, ентитетот што го одбрал моделот на објективна
поими вредност треба да ги мери сите свои вложувања во недвижности според
објективната вредност, со исклучок на екстремно ретките случаи кога тоа не може
да се измери веродостојно. Во таквите случаи треба да го примени моделот на
набавна вредност од МСС 16.

(б) Добивката или загубата што произлегува од промената на објективната вредност


на вложувањето во недвижности треба да се признае во нето-добивката или
загубата за периодот во којшто настанала.
(в) Објективната вредност на вложувањата во недвижности треба да ги одразува
пазарните услови на крајот од периодот на известување.

Ова беше првиот пат ОМСС да дозволи користење на моделот на објективната


вредност за нефинансиски средства. Ова не е исто како ревалоризација, каде
зголемувањата на сметководствената вредност над измереното според набавната
вредност се признаваат како ревалоризациски вишок. Во согласност со моделот на
објективната вредност, сите промени на објективната вредност се признаваат во
добивката или загубата.
Стандардот разработува прашања што се поврзани со објективната вредност.
(a) Објективната вредност претпоставува дека е извршена уредна трансакција меѓу
учесниците на пазарот, т.е. и купувачот и продавачот се разумно запознаени со
природата и карактеристиките на вложувањето во недвижноста.
(б) Купувачот кој учествува во уредна трансакција е мотивиран, но не и обврзан да
купува. Продавачот кој учествува во уредна трансакција не е ниту претерано
нестрплив ниту принуден продавач, ниту, пак, е подготвен да продава по која било
цена или да очекува цена што не се смета за разумна според тековните пазарни
услови.
(в) Објективната вредност не е исто што и „употребна вредност“ како што е
дефинирана во МСС 36 Обезвреднување на средства. Употребната вредност е
одраз на фактори и знаења што се специфични за ентитетот, додека, пак,
објективната вредност е одраз на фактори и знаења што се релевантни за
пазарот.
(г) При утврдувањето на објективната вредност, ентитетот не треба да врши двојно
броење на средствата. На пример, лифтовите или клима-уредите често

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 81


претставуваат составен дел од некоја зграда и треба да бидат вклучени во
вложувањето во недвижности наместо да се признаваат одвоено.
(д) Во ретките случаи кога ентитетот не може веродостојно да ја утврди
објективната вредност на некое вложување во недвижности, мора да се
применува моделот на набавна вредност од МСС 16 сè додека не се отуѓи
вложувањето во недвижности. Остатокот на вредноста мора да се претпостави
дека е нула.

4.5.2 Модел на набавна вредност


Моделот на набавна вредност е истиот модел на набавна вредност од МСС 16.
Вложувањата во недвижности треба да се мерат според депрецираната набавна
вредност, намалена за какви било акумулирани загуби поради обезвреднување.
Ентитетот што ќе го избере моделот на набавната вредност треба да ја обелодени
објективната вредност на своите вложувања во недвижности.

4.5.3 Менување на моделите


Откако ентитетот ќе го избере моделот на објективна вредност или моделот на набавна
вредност, тој треба да го применува тој модел на сите свои вложувања во недвижности.
Тој не треба да менува од еден модел во друг освен ако таквата промена не
резултира со посоодветно презентирање. МСС 40 наведува дека е многу мала
веројатноста промената од моделот на објективна вредност на моделот на набавна
вредност да резултира со посоодветно презентирање.

4.6 Преноси
Преноси во или од вложувања во недвижности треба да се вршат само ако постои
промена во нивната употреба. На пример, почнува користење од страна на
сопственикот, така што вложувањата во недвижности ќе се третираат во согласност со
МСС 16 како недвижности користени од сопственикот.
Кога постои пренос од вложување во недвижности што е евидентирано по објективна
вредност во недвижности користени од сопственикот или во залихи, набавната вредност
на недвижноста за последователното сметководство во согласност со МСС 16 или МСС
2 треба да биде неговата објективна вредност на датумот на промена на употребата.
Во спротивен случај, некоја недвижност користена од сопственикот може да стане
вложување во недвижности и треба да се евидентира според објективната вредност.
Ентитетот треба да го применува МСС 16 до датумот на промена на употребата. Тој треба
да ги третира сите разлики на тој датум меѓу сметководствената вредност на недвижноста
согласно МСС 16 и нејзината објективна вредност како ревалоризација согласно МСС 16.

4.7 Разработен пример: Пренос во вложување во


недвижности
Некое друштво поседува зграда што ја користи како своја дирекција. За да ги намали
трошоците, на 30 јуни 20X9 година тоа ги преселило службите од дирекцијата во еден од
своите производни центри и сега ја издава под наем својата дирекција. Друштвото има
усвоено политика да го користи моделот на објективна вредност за своите вложувања
во недвижности.
Зградата имала првична набавна вредност од $250.000 на 1 јануари 20X0 година и била
депрецирана во текот на 50 години. На 31 декември 20X9 година нејзината објективна
вредност била проценета на $350.000.
Како ќе се прикаже ова во финансиските извештаи на 31 декември 20X9 година?

82 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


Решение
Зградата се депрецира сè до 30 јуни 20X9 година.
$
Првична набавна вредност 250.000
Депрецијација 1.1.X0 – 1.1.X9 (250/50 × 9) (45.000)
Депрецијација до 30.6.X9 (250/50 × 6/12) (2.500)
Сметководствена вредност на 30.6.X9 202.500
Ревалоризациски вишок 147.500
Објективна вредност на 30.6.X9 350.000
Разликата меѓу сметководствената вредност и објективната вредност се признава во
ревалоризацискиот вишок во согласност со МСС 16.
Меѓутоа, зградата ќе биде предмет на утврдување на објективната вредност на крајот
од секоја година и овие добивки или загуби се признаваат во добивка или загуба. Ако
на крајот од следната година се утврди дека објективната вредност на зградата е
$380.000, износот од $30.000 се признава во добивка или загуба.

4.8 Отуѓувања
Вложувањата во недвижности се отпишуваат (елиминираат од извештајот за
финансиска состојба) при отуѓување или кога тие трајно се повлекуваат од употреба и не
се очекуваат идни економски користи од нивното отуѓување.
Какви било добивки или загуби од отуѓувањето се еднакви на разликата меѓу
проценетите нето-приливи од отуѓувањето и сметководствената вредност на
средството. Тие начелно треба да се признаат како приход или расход во добивката
или загубата.
Надоместокот од трети страни за вложување во недвижности што било обезвреднето,
загубено или предадено се признаваат во добивката или загубата кога таквиот
надоместок ќе стане побарување.

4.9 Барања за обелоденување


Тие се однесуваат на:
• Изборот на моделот на објективна вредност или моделот на набавна вредност
• Дали учествата во недвижности што се чуваат под оперативен наем се вклучени
во вложувањата во недвижности
• Критериумите за класификација на вложувањата во недвижности
• Претпоставки при утврдувањето на објективната вредност
• Користењето независен професионален проценител (се охрабрува, но не е
задолжително)
• Приход и расходи од наемнина
• Какви било ограничувања или обврски

4.9.1 Модел на објективна вредност – дополнителни обелоденувања


Ентитетот што го применува моделот на објективна вредност мора, исто така, да
обелодени усогласување на сметководствената вредност на вложувањата во
недвижности на почетокот и на крајот од периодот.

4.9.2 Модел на набавна вредност – дополнителни обелоденувања


Овие обелоденувања се однесуваат првенствено на методот на депрецијација. Покрај
тоа, ентитетот што го применува моделот на набавна вредност мора да ја обелодени
објективната вредност на вложувањето во недвижности.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 83


5. МСС 23 Трошоци за позајмување
ДЕФИНИЦИЈА
МСС 23 го разгледува третманот на трошоците за позајмување, особено кога
поврзаните позајмувања се применуваат за изградба на определени средства. Овие
вообичаено се нарекуваат „самостојно изградени средства“, кога ентитетот го гради
сопствениот инвентар или нетековните средства во текот на значителен временски
период.

5.1 Дефиниции
МСС 23 Трошоци за позајмување беше ревидиран во март 2007 година. Претходно
стандардот даваше избор на методот за адресирање на трошоците за позајмување:
капитализација или расход. Ревидираниот стандард бара капитализација.
Стандардот дава само две дефиниции.

Клучни Трошоци за позајмување. Камата и други трошоци што ги поднесува ентитетот во


поими врска со позајмувањето на финансиските средства.
Средство кое се квалификува. Средство на кое задолжително му е потребен
значителен временски период за да биде спремно за неговата намена или продажба.
(МСС 23)

Стандардот наведува што може да биде опфатено со трошоците за позајмување.


• Камата на пречекорувања на сметки во банка и на краткорочни и долгорочни
позајмувања
• Амортизација на дисконти или премии поврзани со позајмувања
• Амортизација на споредни трошоци поднесени во врска со аранжманот за
позајмувања
• Финансиски трошоци во врска со финансиски наеми признаени во согласност со
МСС 17
• Курсни разлики што произлегуваат од позајмувања во странски валути до
степенот до којшто се сметаат како исправка на трошоците за камата
Во зависност од околностите, кое било од следново може да биде средство што се
квалификува.
• Залихи
• Производни постројки
• Енергетски капацитети
• Нематеријални средства
• Вложувања во недвижности
Финансиските средства и залихите што се произведени или создадени на друг начин во
текот на краток временски период, не се средства што се квалификуваат. Средствата
што се подготвени за нивна намена или продажба во моментот кога се стекнати не се
средства што се квалификуваат.

5.2 Основен третман


Пред ревидирањето на МСС 23, основниот третман предвидуваше признавање на
трошоците за позајмување како расход. Овој освен третман/дозволена алтернатива
сега е отстранет.

5.3 МСС 23 ревидиран: капитализација


Во согласност со ревидираниот стандард, сите трошоци за позајмување што се
квалификуваат мора да се капитализираат.
Единствено трошоците што можат директно да се припишат на стекнувањето,
изградбата или производството на средство што се квалификува можат да се
капитализираат како дел од набавната вредност на тоа средство. Стандардот ги

84 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


утврдува критериумите за утврдување чии трошоци за позајмување се квалификуваат за
капитализација.

5.3.1 Трошоци за позајмување што се квалификуваат за


капитализација
Трошоците за позајмување што можат директно да им се припишат на стекнувањето,
изградбата или производството на средство што се квалификува мора да се
идентификуваат. Тоа се трошоците за позајмување што би се избегнале доколку
издатокот за средството кое се квалификува не бил направен. Ова е очигледно
едноставно кога финансиските средства се позајмени за финансирање на едно
конкретно средство.
Меѓутоа, се појавуваат тешкотии кога ентитетот користи цела низа должнички
инструменти за финансирање широк опсег средства, така што не постои директна
поврзаност меѓу некое конкретно позајмување и некое посебно средство. На пример, сите
позајмувања можат да се вршат централизирано и потоа да се распределуваат на
различни делови од групацијата или ентитетот. Оттаму, неопходно е да се користи
расудување, особено во случај кога можат да се појават и дополнителни компликации (на
пример, заеми деноминирани во странски валути).
Откако ќе бидат идентификувани релевантните позајмувања, што се однесуваат на
некое конкретно средство, тогаш износот на трошоците за позајмување што се
достапни за капитализација ќе биде еднаков на фактичките трошоци за позајмување
што биле поднесени за тие позајмувања во текот на периодот, намалени за какви било
приходи од временото вложување на тие позајмувања. Не е невообичаено дел или сите
финансиски средства да бидат вложени пред фактички да се искористат за средството
што се квалификува.

Прашање Капитализација

На 1 јануари 20X6 година, друштвото Стреманс позајмило $1,5 милиони за да го


финансира производството на две средства, при што се очекувало дека за изградбата
на двете средства ќе биде потребна една година. Работата започнала во текот на 20X6
година. Кредитната линија била повлечена и поднесена на 1 јануари 20X6 година и била
искористена на следниов начин, при што преостанатите финансиски средства биле
времено вложени.
Средство А Средство Б
$'000 $'000
1 јануари 20X6 г. 250 500
1 јули 20X6 г. 250 500
Стапката на заемот била 9% и друштвото Стреманс може да го вложи вишокот на
финансиските средства со стапка од 7%.

Се бара
Занемарувајќи ја сложената камата, пресметајте ги трошоците за позајмување што
можат да се капитализираат за секое од средствата и последователно пресметајте ја
набавната вредност на секое средство на 31 декември 20X6 година.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 85


Одговор
Средство А Средство Б
$ $
Трошоци за позајмување
до 31 декември 20X6 г. $500.000/$1.000,000 × 45.000 90.000
9%
Намалени за приход од вложување
до 30 јуни 20X6 г. $250.000/$500.000 × 7% × 6/12 (8.750) (17.500)
36.250 72.500
Набавна вредност на средствата
Поднесени издатоци 500.000 1.000,000
Трошоци за позајмување 36.250 72.500
536.250 1.072.500

Во ситуацијата кога позајмувањата се добиваат општо, но се користат делумно за


добивање средство што се квалификува, тогаш износот на трошоците за позајмување
што се квалификуваат за капитализација се утврдува со примена на „стапката на
капитализација“ на издатоците за средството.
Стапката на капитализација е пондерираниот просек од трошоците за позајмување што
се применливи за позајмувањата на ентитетот што не се исплатени во текот на
периодот, исклучувајќи ги позајмувањата што се направени конкретно за добивање на
средството што се квалификува. Меѓутоа, постои ограничување на износот на
трошоците за позајмување што се пресметуваат на овој начин: тој не смее да биде
поголем од фактичките трошоци за позајмување што биле поднесени.
Понекогаш може да се пресмета еден општ пондериран просек за групација или ентитет,
но во определени ситуации може да биде посоодветно да се користи пондериран просек
на трошоците за позајмување за поединечните делови на групацијата или ентитетот.

Прашање Изградба

Друштвото Акруни ги имало следниве заеми на почетокот и на крајот на 20X6 година.


1 јануари 31
Декември
20X6 20X6
$ м. $ м.
10% Заем од банка, отплата во 20X8 г. 120 120
9,5% Заем од банка, отплата во 20X9 г. 80 80
8,9% обврзница, отплата во 20X7 г. – 150
Обврзницата од 8,9% била издадена за финансирање на изградба на средство што се
квалификува (дел од рударска опрема), чијашто изградба започнала на 1 јули 20X6
година.
На 1 јануари 20X6 година, друштвото Акруни започнало изградба на средство што се
квалификува, дел од машините за хидроелектрична централа, користејќи ги постоечките
позајмувања. Повлечените издатоци за изградбата биле: $30 м. на 1 јануари 20X6
година, $20 м. на 1 октомври 20X6 година.
Се бара
Пресметајте ги трошоците за позајмување што можат да се капитализираат за машината
во хидроелектричната централа.

86 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


Одговор
Стапка на капитализација = стапка по пондериран просек =
120 80
(10% × ) + (9,5% × ) = 9,8%
120+80 120+80
Трошоци за позајмување = ($30m × 9,8%) + ($20m × 9,8% × 3/12) = $3,43m

5.3.2 Сметководствена вредност што го надминува надоместливиот


износ
Може да се појави ситуација кога сметководствената вредност (или очекуваните конечни
трошоци) на средството што се квалификува го надминува неговиот надоместлив износ
или нето-реализационата вредност. Во овие случаи, сметководствената вредност мора
да се намали или да се отпише во согласност со барањата од другите МСС. Во
определени околности (повторно согласно дозволеното со другите МСС) овие износи
можат да се вратат во идните периоди.

5.3.3 Почеток на капитализацијата


Мора да се случат три настани или трансакции за да може да започне
ДЕФИНИЦИЈА капитализацијата на трошоците за позајмување.
(a) Издатоците за средството се настанати
(б) Трошоците за позајмување се настанати
(в) Во тек се неопходните активности за подготвување на средството за неговата
планирана намена или за продажба
Издатоците мора да резултираат во парични плаќања, пренос на други средства или
претпоставени каматоносни обврски. Издатоците се намалуваат за сите прогресивни
плаќања или примени поддршки во врска со средството. МСС 23 го дозволува
користењето на просечната сметководствена вредност на средството за периодот
(вклучувајќи ги претходно капитализираните трошоци за позајмување) како разумна
процена за издатоците врз коишто е применета стапката на капитализација за периодот.
Се претпоставува дека можат да се користат поточни пресметки.
Активностите што се потребни за да се подготви средството за неговата
планирана намена или продажба подразбираат повеќе од самите физички градежни
работи. Тие ги опфаќаат и техничките и административните работи пред изградбата, на
пример, добивањето дозволи. Овие активности не го вклучуваат поседувањето на
средството ако нема производство или развој што ја менуваат состојбата на средството,
на пример, кога некое земјиште се поседува без какви било поврзани градежни
активности.

5.3.4 Прекин на капитализацијата


Ако активниот развој на средството се прекине во какви било продолжени временски
периоди, капитализацијата на трошоците за позајмување за таквите периоди треба да
се прекине.
Прекинувањето на капитализацијата на трошоците за позајмување не е неопходна за
привремените одложувања или за периодите кога се вршат значителни технички или
административни работи.

5.3.5 Престанок на капитализацијата


Откако ќе се завршат сите битни активности кои се неопходни за подготвување на
средството што се квалификува за неговата планирана намена или за продажба,
капитализацијата на трошоците за позајмување треба да престане. Ова вообичаено се
случува кога е завршена физичката изградба на средството, иако можеби
преостанува да се завршат некои помали модификации.

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 87


Средството може да се заврши во делови или фази, каде секој дел може да се користи
додека сè уште трае изградбата на останатите делови. Капитализацијата на трошоците
за позајмување треба да престане за секој дел по неговото завршување. Стандардот
дава пример за деловен комплекс што се состои од повеќе згради.

5.3.6 Обелоденување
Следново треба да се обелодени во финансиските извештаи во врска со трошоците за
позајмување.
(a) Износот на трошоците за позајмување што се капитализирани за време на
периодот
(б) Стапката на капитализацијата што е користена за утврдување на износот на
трошоците за позајмување кои се квалификуваат за капитализација

88 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• МСС 16 ги опфаќа сите аспекти на сметководството за недвижности, постројки и опрема.
Тука се опфатени мнозинството од ставките што претставуваат „материјални“ нетековни
средства.
• Кога средствата што се чуваат од ентитетот имаат ограничен корисен век за тој
ентитет, неопходно е да се распредели вредноста на средството во текот на неговиот
корисен век.

• Вообичаено е ентитетите да примаат државни поддршки за различни намени. Нивниот


третман е опфатен со МСС 20 Сметководство за државни поддршки и обелоденување
државна помош.

• Ентитетот може да поседува земјиште или зграда како вложување наместо за употреба
во својата дејност. Според тоа, може да генерира парични приливи што во голема мера
се независни од другите средства што ги поседува ентитетот. Третманот на
вложувањата во недвижности е опфатен во МСС 40.
• МСС 23 го разгледува третманот на трошоците за позајмување, особено кога
поврзаните позајмувања се применуваат за изградба на определени средства. Овие
вообичаено се нарекуваат „самостојно изградени средства“, кога ентитетот го гради
сопствениот инвентар или нетековните средства во текот на значителен временски
период.

Краток тест
1 Дефинирајте ја депрецијацијата.
2 Кои од следниве елементи можат да се вклучат во трошокот за производство на некое
нетековно средство?
(i) Набавна цена на суровини
(ii) Надоместоци за архитектот
(iii) Царина
(iv) Трошоци за инсталирање
3 Пазарната вредност вообичаено може да се земе како објективна вредност.

Точно

Неточно
4 Вложувањата во недвижности мора секогаш да се прикажуваат според објективната
вредност.

Точно

Неточно
5 Кој е правилниот третман за недвижности што се во изградба за идна употреба како
вложувања во недвижности?

F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 89


Одговори на краткиот тест
1 Видете став 2.2.
2 Сите.
3 Точно.
4 Неточно. Може да се употребува моделот на набавна вредност, под услов ако се
употребува конзистентно.
5 Се третира како вложување во недвижности во согласност со МСС 40.

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


5 Испит 10 18 минути

90 4: Нетековни средства  F7 Финансиско известување


F7 Финансиско известување  4: Нетековни средства 91
Нематеријални
средства

Список со теми

1 МСС 38 Нематеријални средства


2 Трошоци за истражување и развој
3 Гудвил (МСФИ 3)
Упатување до
наставната
програма
C3
C3
C3
5
Вовед
Нашето разгледување на нематеријалните нетековни
средства го започнуваме со разгледување на соодветниот
МСС (МСС 38).
Гудвилот и неговиот третман се контроверзни прашања, а истото
важи и за ставките што се слични на гудвилот, како, на пример,
трговските марки. Гудвилот е многу значаен во финансиските
извештаи за група и ние повторно ќе го разгледаме ова прашање
во Глава 9.

87
Насоки за учење
Ниво на
знаење
C Финансиски извештаи
3 Нематеријални средства
(a) Објаснете ги природата и сметководствениот третман на 2
внатрешно генерираните и купените нематеријални средства.
(б) Правете разлика меѓу гудвил и други нематеријални средства. 2
(в) Опишете ги критериумите за првично признавање и мерење на 2
нематеријалните средства.
(г) Опишете го последователниот сметководствен третман, 2
вклучувајќи го принципот за тестови на обезвреднувањето во
однос на гудвилот.
(д) Наведете зошто вредноста на надоместокот за купување за 2
некое вложување може да биде помала од вредноста на
стекнатите идентификувани нето-средства и на кој начин може
да се објасни разликата.
(ѓ) Опишете ги и применете ги барањата од релевантните 2
сметководствени стандарди за издатоците за истражување и
развој.

1. МСС 38 Нематеријални средства


ДЕФИНИЦИЈА
Нематеријалните средства во МСС 38 се дефинираат како немонетарни средства без
физичка содржина.

МСС 38 Нематеријални средства беше првично објавен во септември 1998 година.


Неодамна стандардот беше ревидиран за да ги одрази промените што беа воведени со
МСФИ 3 Деловни комбинации.

1.1 Целите на стандардот


(a) Да ги утврди критериумите за тоа кога некое нематеријално средство може или
треба да се признае
(б) Да наведе како треба да се мерат нематеријалните средства
(в) Да ги наведе барањата за обелоденување за нематеријалните средства

1.2 Дефиниција за нематеријално средство


Дефиницијата на нематеријалното средство е еден од клучните аспекти на стандардот,
бидејќи правилата за одлучување дали некое нематеријално средство може да се
признае или не во финансиските извештаи на ентитетот се засноваат на дефиницијата
што е тоа нематеријално средство.
Клучен
поим Нематеријално средство е немонетарно средство, без физичка содржина, кое може да
се идентификува. Средството мора да биде:
(a) контролирано од страна на ентитетот како резултат на минати настани и
(б) нешто од кое ентитетот очекува прилив на идни економски користи.

Примери за ставки што можат да се сметаат за нематеријални средства вклучуваат


компјутерски софтвер, патенти, авторски права, играни филмови, списоци со купувачи,
франшизи и дозволи за риболов. Меѓутоа, една ставка не треба да се признае како
нематеријално средство освен ако не ја задоволува во целост дефиницијата од
стандардот. Упатствата детално го разработуваат ова прашање.

88 5: Нематеријални средства  F7 Финансиско известување


1.3 Нематеријално средство: мора да постои можност за
идентификување
Нематеријалното средство мора да може да се идентификува за да се разграничи од
гудвилот. Во случајот на нефизичките ставки може да има проблем со „можноста за
идентификување“.
(a) Ако некое нематеријално средство е стекнато одделно преку купување, може да
постои пренос на законско право што ќе помогне средството да може да се
идентификува.
(б) Нематеријалното средство може да се идентификува ако е деливо, т.е. ако може
да се даде под наем или да се продаде одвоено. Меѓутоа, „деливоста“ не е
суштинска карактеристика на нематеријалното средство.

1.4 Нематеријално средство: контрола од страна на


ентитетот
Друг елемент на дефиницијата за нематеријалното средство е дека тоа мора да биде
под контрола на ентитетот како резултат на некој минат настан. Оттаму, ентитетот мора
да биде во состојба да ги искористи идните економски користи од средството и да го
спречи пристапот на останатите кон таквите користи. Законски извршното право е
доказ за таквата контрола, но не е секогаш неопходен услов.
(a) Контролата врз техничкото знаење или стручното знаење постои единствено
ако истата е заштитена со законско право.
(б) Вештините на вработените, што произлегуваат од користите на трошоците за
обука, малку е веројатно дека би можеле да се признаат како нематеријално
средство, бидејќи ентитетот не може да ги контролира идните постапки на своите
вработени.
(в) Слично на тоа, пазарниот удел и лојалноста на купувачите вообичаено не
можат да бидат нематеријални средства со оглед на тоа што ентитетот не може
да ги контролира постапките на своите купувачи.

1.5 Нематеријално средство: очекувани идни економски


користи
Некоја ставка може да се признае како нематеријално средство единствено ако се
очекуваат приливи на економски користи во иднина од сопственоста на средството.
Економските користи можат да произлегуваат од продажба на производи или услуги или
од намалување на издатоците (заштеда на трошоци).
Нематеријалното средство, кога се признава првично, мора да се измери според
набавната вредност. Тоа треба да се признае ако и само ако се задоволени и двата
услови.
(a) Веројатно е дека идните економски користи што му се припишуваат на
средството ќе претставуваат прилив за ентитетот.
(б) Набавната вредност може веродостојно да се измери.
Раководството треба да го користи своето расудување при проценувањето на степенот
на сигурност што е поврзан со приливот на економските користи во ентитетот.
Надворешните докази се најдобри.
(a) Ако некое нематеријално средство е стекнато одделно, неговата набавна
вредност вообичаено може да се измери веродостојно како неговата набавна цена
(вклучувајќи ги споредните трошоци на набавката, како што се правните
надоместоци и други трошоци што се направени за средството да се подготви за
употреба).
(б) Кога некое нематеријално средство се стекнува како дел од деловна
комбинација (т.е. стекнување или преземање), набавната вредност на
нематеријалното средство е неговата објективна вредност на датумот на
стекнување.

F7 Финансиско известување  5: Нематеријални средства 89


МСФИ 3 објаснува дека објективната вредност на нематеријалните средства што се
стекнати во деловни комбинации вообичаено можат да се измерат доволно
веродостојно за да се признаат одвоено од гудвилот.
Котираните пазарни цени на еден активен пазар даваат најверодостојна процена за
објективната вредност на нематеријалното средство. Ако не постои активен пазар за
некое нематеријално средство, неговата објективна вредност е износот што би го платил
ентитетот на датумот на стекнување, во уредна трансакција меѓу учесниците на пазарот
што се заснова врз најдобрите достапни информации. При утврдувањето на овој износ,
ентитетот треба да го земе предвид исходот на неодамнешните трансакции за слични
средства. Постојат техники за процена на објективните вредности на единствените
нематеријални средства (како што се трговски марки) и тие можат да се употребат за
мерење на некое нематеријално средство што е стекнато во деловна комбинација.
Во согласност со МСС 20, нематеријалните средства што се стекнати преку државна
поддршка и самата државна поддршка можат првично да се признаат или по набавната
вредност (што може да биде нула) или по објективната вредност.

1.6 Размена на средства


Ако некое нематеријално средство е разменето за друго средство, набавната вредност
на нематеријалното средство се мери според објективната вредност, освен ако:
(a) На трансакцијата за размена ѝ недостасува комерцијална содржина, или
(б) Објективната вредност ниту на применото средство ниту на отстапеното средство
не може да се измери веродостојно.
Во спротивен случај, неговата набавна вредност се мери според сметководствената
вредност на отстапеното средство.

1.7 Внатрешно создаден гудвил

Правило што треба да се научи


Внатрешно создадениот гудвил не може да се признае како средство.

Стандардот намерно го спречува признавањето на внатрешно создадениот гудвил


бидејќи бара, при првичното признавање, набавната вредност на средството, наместо
неговата објективна вредност, да може да се измери веродостојно и средството да може
да се идентификува и да биде контролирано. Оттаму, не можете да признаете средство
што е субјективно и не може да се измери веродостојно.

2. Трошоци за истражување и развој


ДЕФИНИЦИЈА
Трошоците за развој можат да се признаат како средство ако исполнуваат одредени
критериуми.

2.1 Истражување
Активностите за истражување по дефиниција не ги исполнуваат критериумите за
признавање во согласност со МСС 38. Ова се должи на фактот што во текот на фазата
на истражување на еден проект, ентитетот не може да биде сигурен дека веројатно
идните економски користи од проектот ќе претставуваат прилив за ентитетот. Постои
преголема неизвесност во однос на веројатниот успех на проектот и други неизвесности.
Според тоа, трошоците за истражување треба да се отпишат како расход во
времето на нивното настанување.

Примери за трошоци за истражување


(a) Активности наменети за стекнување ново знаење
(б) Барање, евалуација и конечен избор на примени на истражувачките наоди или
друго знаење

90 5: Нематеријални средства  F7 Финансиско известување


(в) Истражување алтернативи за материјали, уреди, производи, процеси, системи или
услуги
(г) Формулација, оцена на дизајнот и конечен избор на можни алтернативи на нови
или усовршени материјали, уреди, производи, процеси, системи или услуги

2.2 Развој
Трошоците за развој можат да се квалификуваат за признавање како нематеријални
средства под услов ако може да се покаже задоволувањето на следниве строги
критериуми.
(a) Техничката изводливост за довршување на нематеријалното средство, така што
тоа ќе биде расположливо за употреба или за продажба.
(б) Неговата намера да го доврши нематеријалното средство и да го користи или да
го продаде.
(в) Неговата способност да го користи или да го продаде нематеријалното средство.
(г) Како нематеријалното средство ќе создава веројатни идни економски користи.
Меѓу другото, ентитетот треба да покаже постоење пазар за производите на
нематеријалното средство или за самото нематеријално средство или, доколку
тоа се користи внатрешно, да ја покаже корисноста на нематеријалното средство.
(д) Неговата способност за веродостојно мерење на издатокот што може да му се
препише на нематеријалното средство во текот на неговиот развој.
За разлика од трошоците за истражување, трошоците за развој се поднесуваат во
подоцнежна фаза на проектот и веројатноста за успех треба да биде поочигледна.
Примери за трошоци за развој го опфаќаат следново.
(a) Дизајн, изградба и тестирање на прототипи и модели пред производство или пред
употреба
(б) Дизајн на алати, примероци, калапи и шаблони со користење нова технологија
(в) Дизајн, изградба и операционализација на експериментален погон што не е со
обем кој обезбедува економска изводливост за комерцијално производство
(г) Дизајн, изградба и тестирање избрана алтернатива за нови или усовршени
материјали, уреди, производи, процеси, системи или услуги

2.3 Други внатрешно создадени нематеријални средства


Стандардот го забранува признавањето на внатрешно создадени трговски марки,
импресуми, наслови на објавување и списоци со купувачи и слични ставки како
нематеријални средства. Сите од нив не ја исполнуваат дефиницијата или еден или
повеќе (во некои случаи сите) критериуми за признавање и во определени случаи
веројатно не можат да се разликуваат од внатрешно создадениот гудвил.

2.4 Набавна вредност на внатрешно создадени


нематеријални средства
ДЕФИНИЦИЈА
Нематеријалните средства треба првично да се мерат по набавна вредност, но потоа
можат да се евидентираат по набавна вредност или според ревалоризираниот износ.

Трошоците што се распределуваат на некое внатрешно создадено нематеријално


средство се единствено трошоците што можат директно да се припишат или да се
распределат врз разумна и конзистентна основа на создавањето, производството или
подготвувањето на средството за неговата планирана намена. Принципите што ги
уредуваат трошоците што можат или не можат да се вклучат се слични на оние за
другите нетековни средства и залихите.
Набавната вредност на внатрешно создаденото нематеријално средство е збирот на
издатоците настанати од датумот кога нематеријалното средство за првпат ги
задоволило критериумите за признавање. Како што често се случува, ако некои
значителни трошоци веќе биле признаени како расходи пред да може раководството да
покаже дека се задоволени критериумите, овие поранешни издатоци не треба

F7 Финансиско известување  5: Нематеријални средства 91


ретроактивно да се признаваат како дел од набавната вредност на некое нематеријално
средство.

Друштвото Даг развива нов производен процес. Во текот на 20X3 година, поднесените
издатоци изнесуваат $100.000, од кои $90.000 биле поднесени пред 1 декември 20X3
година и $10.000 биле поднесени помеѓу 1 декември 20X3 и 31 декември 20X3 година.
Друштвото Даг може да покаже дека на 1 декември 20X3 година производниот процес ги
исполнил критериумите за признавање како нематеријално средство. Надоместливиот
износ на стручното знаење што е вградено во процесот се проценува на $50.000.
Како треба да се третираат издатоците?

Одговор
На крајот од 20X3 година, производниот процес е признаен како нематеријално средство
со набавна вредност од $10.000. Ова се издатоците што се настанати по датумот на
исполнување на критериумите за признавање, т.е. 1 декември 20X3 година. Издатоците
од $90.000 што се поднесени пред 1 декември 20X3 година се признаваат како расход,
бидејќи не биле исполнети критериумите за признавање. Тие никогаш нема да
претставуваат дел од набавната вредност на производниот процес што е признаена во
извештајот за финансиска состојба.

2.5 Признавање на расход


Сите издатоци што се поврзани со некое нематеријално средство и што не ги
исполнуваат критериумите за признавање како нематеријално средство што може да се
идентификува или како гудвил што произлегува при стекнување треба да се признаат
како расход кога настануваат. МСС дава примери за таквите издатоци.
• Издатоци за отпочнување активности • Издатоци за рекламирање
• Издатоци за обука • Издатоци за прелокација на ентитетот
Претплатените трошоци за услуги, на пример, трошоците за реклами и маркетинг за
кампањи што биле изготвени но не биле спроведени, сепак, можат да се признаат како
претплата.

2.6 Мерење на нематеријални средства по првичното


признавање
Стандардот дозволува два методи за вреднување на нематеријалните средства откако
тие биле првично признаени.
При примената на моделот на набавна вредност, нематеријалното средство треба да
се евидентира по неговата набавна вредност, намалена за каква било акумулирана
амортизација и за какви било акумулирани загуби поради обезвреднување.
Моделот на ревалоризација дозволува нематеријалното средство да се евидентира по
ревалоризираната вредност, што ја претставува неговата објективна вредност на
датумот на ревалоризација, намалена за последователната акумулирана амортизација
и последователните акумулирани загуби поради обезвреднување.
(a) Објективната вредноста мора да може да се измери веродостојно со повикување
некој активен пазар за средства од тој вид.
(б) Целата група нематеријални средства од тој вид мора да се ревалоризира
истовремено (за да се спречи селективната ревалоризација).
(в) Ако некое нематеријално средство од група ревалоризирани нематеријални
средства не може да се ревалоризира бидејќи не постои активен пазар за тоа
средство, средството треба да се евидентира според набавната вредност

92 5: Нематеријални средства  F7 Финансиско известување


намалена за каква било акумулирана амортизација и загуби поради
обезвреднување.
(г) Ревалоризациите треба да се прават со таква редовност што сметководствената
вредност нема да се разликува од вредноста што би била утврдена со користење
на објективната вредност на крајот од периодот на известување.

Забелешка Овој третман не е достапен за првичното признавање на нематеријалните средства. Ова


е поради тоа што набавната вредност на средството мора да се измери веродостојно.

Упатствата наведуваат дека вообичаено нема да постои активен пазар за


нематеријалното средство; оттаму, моделот на ревалоризација вообичаено нема да
биде достапен. На пример, иако авторските права, правата за објавување и филмските
права можат да се продаваат, секое од нив има единствена продажна вредност. Во
таквите случаи, ревалоризацијата до објективната вредност би била несоодветна.
Меѓутоа, објективната вредност би можела да се добие за средства како што се
дозволите или квотите за риболов или лиценците за такси.
Кога со ревалоризацијата се зголемува вредноста на нематеријалното средство до
објективната вредност, износот на ревалоризацијата треба да се признае директно во
главнината на позицијата за ревалоризацискиот вишок.
Меѓутоа, ако ревалоризацискиот вишок е обратен од ревалоризациско намалување
што претходно било порамнето со приходите, зголемувањето може да се признае како
приход.
Ако сметководствената вредност на нематеријалното средство е намалена со
ревалоризацијата, износот на ревалоризациското намалување треба да се признае
како расход со намалување на приходот, освен ако вредноста на средството претходно
не била зголемена со ревалоризација. Ревалоризациското намалување се признава
прво со намалување на каков било ревалоризациски вишок во однос на тоа средство.

Едно друштво го мери нематеријалното средство според неговата објективна вредност.


Средството било ревалоризирано за $400 во 20X3 година и има ревалоризациски вишок
од $400 во извештајот за финансиска состојба. На крајот од 20X4 година средството се
вреднува повторно и потребно е ревалоризациско намалување од $500.
Се бара
Наведете го сметководствениот третман за ревалоризациското намалување.

Одговор
Во овој пример, ревалоризациското намалување од $500 прво може да се анулира од
ревалоризацискиот вишок од $400. Ревалоризацискиот вишок се намалува на $ нула и
се евидентира расход од 100$ во 20X4 година.

Кога се користи моделот на ревалоризација и вредноста на нематеријалното средство


се зголемува со ревалоризацијата, кумулативниот ревалоризациски вишок може да се
пренесе во задржаната заработувачка кога вишокот ќе се реализира на крајот.
Вишокот се реализира кога ќе се отуѓи средството. Меѓутоа, вишокот може да се
реализира со текот на времето преку користење на средството од ентитетот. Износот
на реализираниот вишок секоја година е разликата меѓу трошокот за амортизација што е
пресметан за средството врз основа на ревалоризираната вредност на средството и
амортизацијата што би била пресметана врз основа на историската набавна вредност
на средството. Во таквиот случај, реализираниот вишок треба да се пренесе од
ревалоризацискиот вишок директно во задржаната заработувачка и не треба да се
признава преку добивката или загубата.

F7 Финансиско известување  5: Нематеријални средства 93


2.7 Корисен век
Ентитетот треба да го процени корисниот век на нематеријалното средство што може да
биде ограничен или неограничен. Едно нематеријално средство има неограничен
корисен век ако не постои предвидливо ограничување на периодот во кој се очекува
дека средството ќе генерира нето-парични приливи за ентитетот.
При утврдувањето на корисниот век на нематеријалното средство се земаат предвид
многу фактори, вклучувајќи ги: очекуваната употреба; типичниот животен циклус на
средството; техничката, технолошката, комерцијалната и други видови застареност;
стабилноста на дејноста; очекувани дејствија од страна на конкурентите; нивото на
потребните издатоци за одржување и законските и другите ограничувања за употреба на
средството, како што се датумите на истекување на поврзаните наеми. Компјутерскиот
софтвер и многу други нематеријални средства вообичаено имаат краток корисен век
бидејќи се подложни на технолошка застареност. Меѓутоа, неизвесноста не го оправдува
избирањето корисен век што е нереално краток.
Корисниот век на нематеријално средство што произлегува од договорни или други
законски права не треба да биде подолг од рокот на правата, но може да биде пократок
од него во зависност од периодот во којшто ентитетот очекува дека ќе го користи
средството.

2.8 Период на амортизација и метод на амортизација


Нематеријалното средство со ограничен корисен век треба да се амортизира во текот на
неговиот очекуван корисен век.
(a) Амортизацијата треба да започне кога средството ќе биде расположливо за
употреба.
(б) Амортизацијата треба да се прекине на првиот датум што настапува од датумот на
кој средството е класифицирано како расположливо за продажба во согласност
со МСФИ 5 Нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинати
работења и датумот кога средството е отпишано.
(в) Користениот метод на амортизација треба да го одрази моделот според кој
ентитетот ги троши економските користи од средството. Ако таквиот модел не
може да се предвиди веродостојно, треба да се користи праволинискиот метод.
(г) Трошокот за амортизација за секој период треба вообичаено да се признае во
добивката или загубата.
Остатокот на вредноста на нематеријално средство со ограничен корисен век треба да
се смета за еднаков на нула, освен ако некоја трета страна е обврзана да го купи
средството на крајот од неговиот корисен век, или ако постои активен пазар за
средството од тој вид (така што ќе може да се измери очекуваниот остаток на
вредноста) и постои веројатност дека таквиот пазар за средството ќе постои на крајот од
неговиот корисен век.
Периодот на амортизација и методот на амортизација за нематеријално средство со
ограничен корисен век треба да се проверуваат на крајот од секоја финансиска
година.

2.9 Нематеријални средства со неограничен корисен век


Нематеријално средство со неограничен корисен век не треба да се амортизира. (МСС
36 бара таквото средство да се тестира за обезвреднување најмалку еднаш годишно.)
Корисниот век на нематеријално средство коешто не се амортизира треба да биде
предмет на проверка секоја година со цел да се утврди дали сè уште е соодветно да
се проценува неговиот корисен век како неограничен. Преоценувањето на корисниот век
на нематеријалното средство од неограничен во ограничен е показател дека средството
може да се обезвредни и затоа тоа треба да се тестира за обезвреднување.

Нематеријалните средства можат да се појават како дел од прашањето за изготвување


на извештаите или во прашањата 4 или 5. Осигурете се дека ги знаете критериумите за
капитализација.

94 5: Нематеријални средства  F7 Финансиско известување


Може да биде тешко да се утврди корисниот век на едно нематеријално средство и ќе
биде потребно да се користи расудувањето. Размислете како би се утврдил корисниот
век на купена трговска марка.

Одговор
Треба да се земат предвид следниве фактори:
(a) Законската заштита на трговската марка и контролата на ентитетот врз
(незаконската) употреба на трговската марка од страна на другите (т.е. контрола
врз пиратеријата)
(б) Староста на трговската марка
(в) Статусот или позицијата на трговската марка на нејзиниот конкретен пазар
(г) Способноста на раководството на ентитетот да управува со трговската марка и да
ги мери активностите што ја поддржуваат трговската мрака (на пример,
рекламирање и активности за односи со јавноста)
(д) Стабилноста и географската распространетост на пазарот на кој се продаваат
производи што ја носат трговската марка
(ѓ) Моделот на користите што се очекува дека трговската марка ќе ги генерира со
текот на времето
(е) Намерата на ентитетот да ја користи и да ја промовира трговската марка со текот
на времето (што може да се види, на пример, во деловниот план во кој се
предвидени значителни издатоци за промовирање на трговската марка)

2.10 Отуѓувања/повлекувања од употреба


Нематеријалното средство треба да се отстрани од извештајот за финансиска состојба
кога е отуѓено или кога не се очекуваат натамошни економски користи од неговата идна
употреба. При отуѓувањето, добивките или загубите што произлегуваат од разликата
меѓу проценетите нето-приливи од отуѓувањето и сметководствената вредност на
средството се признаваат во добивката или загубата како добивка или загуба од
отуѓување (т.е. се третираат како приход или расход).

2.11 Резиме на делот


• Нематеријалното средство треба да се признае ако и само ако е веројатно дека
идните економски користи ќе претставуваат прилив за ентитетот и ако набавната
вредност на средството може да се измери веродостојно.
• Средството првично се признава по набавна вредност и потоа се евидентира или
по набавна вредност или по ревалоризирана вредност.
• Трошоците што не ги исполнуваат критериумите за признавање треба да се
признаат како расход кога настануваат.
• Нематеријалното средство со ограничен корисен век треба да се амортизира во
текот на неговиот корисен век. Нематеријално средство со неограничен корисен
век не треба да се амортизира.

Како помош при повторувањето, наведете ги примерите што се дадени во МСС 38 за


активностите што можат да бидат опфатени со истражувањето или развојот.

F7 Финансиско известување  5: Нематеријални средства 95


Одговор
МСС 38 ги наведува следниве примери.
Истражување
• Активности наменети за стекнување ново знаење
• Барање примени на истражувачките наоди или друго знаење
• Истражување алтернативи за производи или процеси
• Формулација и дизајн на можни алтернативи на нови или усовршени производи
или процеси
Развој
• Евалуација на алтернативите за производи или процеси
• Дизајн, изградба и тестирање прототипи и модели пред производство
• Дизајн на алати, примероци, калапи и шаблони со користење нова технологија
• Дизајн, изградба и операционализација на експериментален погон кој нема обем
што обезбедува економска изводливост за комерцијално производство

3. Гудвил (МСФИ 3)
Купениот гудвил што произлегува од консолидација се задржува во извештајот за
финансиска состојба како нематеријално средство во согласност со МСФИ 3. Потоа, тој
треба да се проверува еднаш годишно за обезвреднување.

3.1 Што е гудвил?


Гудвил се создава преку добрите односи меѓу едно претпријатие и неговите купувачи.
(a) Преку градење репутација (на пример, од еден човек на друг) за
висококвалитетните производи или за високите стандарди на услугата
(б) Одговарајќи навремено и корисно на прашањата и поплаките од купувачите
(в) Преку личноста на вработените и нивните ставови кон купувачите
Вредноста на гудвилот за едно претпријатие може да биде значителна. Меѓутоа,
гудвилот вообичаено воопшто не се вреднува во финансиските извештаи на
претпријатието и вообичаено не би требало да очекуваме да најдеме износ за гудвил во
извештајот за финансиска состојба. На пример, пријатната насмевка на вработените во
некој бар може да придонесе повеќе за добивката на барот од фактот што неодамна
била купена нова електронска каса. Без оглед на тоа, касата ќе биде евидентирана во
извештаите како нетековно средство, додека, пак, вредноста на вработените ќе се
игнорира за сметководствените цели.
Ако размислиме, би можеле да се согласиме со ваквото испуштање на гудвилот од
финансиските извештаи на претпријатието.
(a) Гудвилот е неразделив дел од претпријатието, но за него не било платено и тој
нема „објективна“ вредност. Може да претпоставуваме колку вреди таквиот
гудвил, но таквите претпоставки ќе зависат од индивидуалното мислење и нема да
се засноваат врз цврсти факти.
(б) Гудвилот се менува секојдневно. Една лоша постапка во односите со купувачите
може да му наштети на гудвилот, додека, пак, една добра постапка во тие односи
може да го подобри. Вработените со благопријатно однесување можат да се
пензионираат или да заминат да бараат друга работа и да бидат заменети со
вработени на кои ќе им биде потребно време да застанат на цврсти нозе на
работното место, итн. Бидејќи вредноста на гудвилот постојано се менува, таа не
може реално да се прикаже во финансиските извештаи на едно претпријатие.

96 5: Нематеријални средства  F7 Финансиско известување


3.2 Стекнат гудвил
Постои еден исклучок за општото правило дека гудвилот не може да има објективна
вредност. Таков е случајот кога се продава некое претпријатие. Луѓето што сакаат да
започнат со деловно работење имаат избор како да го сторат тоа – тие можат или да ги
купат своите долгорочни средства и инвентарот и да го започнат своето работење од
нула, или, пак, можат да купат некое постојно претпријатие од сопственик кој сака да го
продаде. Кога купувачот купува некое постојно претпријатие, тој треба да ги купи не
само неговите долгорочни средства и инвентарот (и можеби да ги преземе неговите
обврски и побарувања), туку и гудвилот на тоа претпријатие.
ДЕФИНИЦИЈА
Стекнатиот гудвил се прикажува во извештајот за финансиска состојба бидејќи за него
било платено. Тој нема материјална содржина и затоа претставува нематеријално
нетековно средство.

3.3 Како се утврдува вредноста на стекнатиот гудвил?


Кога се продава некое претпријатие, постои веројатност да има определен стекнат
гудвил во продажната цена. Но, како да се утврди вредноста на овој стекнат гудвил?
Ова, всушност, не е проблем за сметководителите кои мора само да го евидентираат
гудвилот во извештаите на новото претпријатие. Вредноста на гудвилот е прашање за
кое треба да се договорат купувачот и продавачот при утврдувањето на
купопродажната цена. Сепак, овде е вредно да се спомнат два методи за вреднување.
(a) Продавачот и купувачот се договараат за цената на претпријатието без да
наведат посебен износ за гудвилот. Во тој случај, купениот гудвил ќе биде
разликата меѓу договорената цена и вредноста на идентификуваните нето-
средства во деловните книги на новото претпријатие.
(б) Меѓутоа, пресметката на гудвилот често му претходи на утврдувањето на
куповната цена и станува централен елемент на преговорите. Има повеќе
начини како да се дојде до вредноста на гудвилот и најголемиот дел од нив се
поврзани со евидентираната добивка на предметното претпријатие.
Без оглед на тоа како се пресметува гудвилот во рамките на вкупната договорена
купопродажна цена, гудвилот што купувачот го прикажува во своите извештаи ќе биде
разликата меѓу надоместокот за купување и сопственото вреднување на нето-
стекнатите средства. Ако А ја утврдил вредноста на своите нето-средства на $40.000,
гудвилот е договорен во износ од $21.000 и Б е согласен да плати $61.000 за
претпријатието, но нето-средствата ги вреднува само на $38.000, тогаш гудвилот во
книгите на Б ќе биде $61.000 – $38.000 = $23.000.

3.4 МСФИ 3 Деловни комбинации


МСФИ 3 го опфаќа сметководствениот третман на гудвилот што е стекнат во деловна
комбинација.

Клучни Гудвил. Идна економска корист која произлегува од средства кои не се индивидуално
поими идентификувани и поединечно признаени. (МСФИ 3)

Гудвилот што е стекнат во деловна комбинација се признава како средство и првично


се мери по набавна вредност. Набавната вредност е разликата меѓу набавната
вредност на комбинацијата и учеството на стекнувачот во нето-објективната вредност на
идентификуваните средства, обврски и неизвесни обврски на стекнатиот ентитет.
По првичното признавање, гудвилот што е стекнат во деловна комбинација се мери по
набавна вредност намалена за какви било акумулирани загуби поради
обезвреднување. Гудвилот не се амортизира. Наместо тоа, тој се тестира за
обезвреднување најмалку еднаш годишно, во согласност со МСС 36 Обезвреднување
средства.
Негативниот гудвил се појавува кога учеството на стекнувачот во нето-објективната
вредност на идентификуваните средства, обврски и неизвесни обврски на стекнатиот
ентитет е поголемо од набавната вредност на деловната комбинација. МСФИ 3 упатува

F7 Финансиско известување  5: Нематеријални средства 97


на негативниот гудвил како „вишокот на учеството на стекнувачот во нето-објективната
вредност на средствата и обврските на стекнатиот ентитет кои можат да се
идентификуваат над трошоците за тоа учество“.
Негативниот гудвил може да се појави како резултат на грешки во мерењето на
објективната вредност на трошокот за комбинацијата или на идентификуваните нето-
средства на стекнатиот ентитет. Тој може да се појави и како резултат на поволна
набавка.
Кога постои негативен гудвил, ентитетот треба прво да направи повторна процена на
измерените износи на трошокот на комбинацијата и идентификуваните нето-средства на
стекнатиот ентитет. Оваа активност треба да ги идентификува сите грешки.
Секој негативен гудвил треба веднаш да се признае во добивката или загубата.
МСФИ 3 бара обемни обелоденувања. Тие вклучуваат усогласување на
сметководствената вредност на гудвилот на почетокот и на крајот од периодот,
покажувајќи ги посебно:
(a) Бруто-износот и акумулираните загуби поради обезвреднување на почетокот од
периодот
(б) Дополнителниот гудвил признаен во текот на периодот
(в) Загубите поради обезвреднување признаени во текот на периодот
(г) Нето-курсните разлики кои се појавуваат во текот на периодот, и
(д) Бруто-износот и акумулираните загуби поради обезвреднување на крајот од
периодот

Кои се главните карактеристики на гудвилот што го разликуваат од другите


нематеријални нетековни средства? До која мера сметате дека овие карактеристики
треба да влијаат врз сметководствениот третман на гудвилот? Образложете го вашиот
одговор.

Одговор
Гудвилот може да се разграничи од другите нематеријални нетековни средства со
упатување на следниве карактеристики.
(a) Не може да се реализира одвоено од претпријатието како целина.
(б) Неговата вредност нема сигурни или предвидливи односи со какви било трошоци
што можеби биле поднесени.
(в) Неговата вредност произлегува од различни нематеријални фактори, како што се
квалификуваните вработени, ефективното рекламирање или стратешката
местоположба. Овие индиректни фактори не можат да се вреднуваат.
(г) Вредноста на гудвилот може да флуктуира во голема мера во согласност со
внатрешните и надворешните околности во текот на релативно кратки временски
периоди.
(д) Процената на вредноста на гудвилот е многу субјективна.
Би можело да се тврди дека, бидејќи гудвилот е толку различен од другите
нематеријални нетековни средства, нема смисла тој да се евидентира сметководствено
на истиот начин. Оттаму, третманите на капитализација и амортизација не би биле
прифатливи. Покрај тоа, бидејќи е толку тешко да се утврди вредноста на гудвилот,
секое вреднување може да доведе до погрешен заклучок и најдобро е тој целосно да се
отстрани од извештајот за финансиска состојба. Сепак, постојат силни аргументи во
корист на неговото третирање како кое било друго нематеријално нетековно средство.
Ова прашање останува контроверзно.

98 5: Нематеријални средства  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• Нематеријалните средства во МСС 38 се дефинираат како немонетарни средства без
физичка содржина.
• Трошоците за развој можат да се признаат како средство ако исполнуваат определени
критериуми.
• Нематеријалните средства треба првично да се мерат по набавна вредност, но потоа
можат да се евидентираат според набавната вредност или според ревалоризираниот
износ.
• Купениот гудвил што произлегува од консолидација се задржува во извештајот за
финансиска состојба како нематеријално средство во согласност со МСФИ 3. Потоа, тој
мора да се проверува секоја година за обезвреднување.
• Стекнатиот гудвил се прикажува во извештајот за финансиска состојба, бидејќи за него
било платено. Тој нема материјална содржина и затоа претставува нематеријално
нетековно средство.

Краток тест
1 Нематеријалните средства можат да се признаат во финансиските извештаи на
друштвото само ако:
• Постои веројатност дека ……………………… ќе претставуваат прилив за ентитетот
• Набавната вредност може ………………………..
2 Кои се критериумите што мора да се задоволат пред да се одложат издатоците за
развој?
3 Издатоците за отпочнување активности мора да се признаат како расход.

Точно

Неточно
4 Пеги го купува претпријатието на Фил за $30.000. Средствата на претпријатието се бар
со проценета вредност од $20.000, инвентар со вредност од $3.000 и побарувања од
$3.000. На колкав износ се вреднува гудвилот?
5 Кој метод за сметководство за гудвилот што произлегува од консолидација се бара со
МСФИ 3?
6 Како треба да се евидентира негативниот гудвил во согласност со МСФИ 3?

Одговори на краткиот тест


1 Идни економски користи. Да се измери веродостојно.
2 Видете став 2.2.
3 Точно.
4 $30.000 – $20.000 – $3.000 – $3.000 = $4.000
5 Набавна вредност намалена за загуби поради обезвреднување.
6 Се признава веднаш во добивката или загубата.

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


6 Почетно 10 18 минути

F7 Финансиско известување  5: Нематеријални средства 99


100 5: Нематеријални средства  F7 Финансиско известување
Обезвреднување
на средствата

Список со теми

1 МСС 36 Обезвреднување на средства


2 Единици што генерираат пари
3 Гудвил и обезвреднување на средствата
4 Сметководствен третман на загуба поради
обезвреднување
Упатување до
наставната
програма
C8
C8
C8
C8
6
Вовед
МСС 36 е важен стандард. Правилата за обезвреднување се
применуваат и за материјалните и за нематеријалните средства.

99
Насоки за учење
Ниво на
знаење
8 Обезвреднување средства
(a) Дефинирајте загуба поради обезвреднување. 2
(б) Идентификувајте ги околностите што можат да укажуваат на 2
обезвреднување на средствата.
(в) Опишете што се подразбира под единица што генерира пари. 2
(г) Наведете ја основата врз којашто треба да се алоцираат 2
загубите поради обезвреднување и алоцирајте ја загубата
поради обезвреднување средства на единица што генерира
пари.

1. МСС 36 Обезвреднување средства


Обезвреднувањето се утврдува со споредување на сметководствената вредност на
средството со неговиот надоместлив износ. Ова е поголемиот износ од неговата
објективна вредност намалена за трошоците за продажба и неговата употребна
вредност.

Постои востановен принцип дека средствата не треба да се водат по износ кој е поголем
од нивниот надоместлив износ. Ентитетот треба да ја намали сметководствената
вредност на некое средство до неговиот надоместлив износ ако сметководствената
вредност на средството не е надоместлива во целост. МСС 36 воспоставува детална
методологија за вршење на проверките за обезвреднување и за поврзаните
сметководствени третмани и обелоденувања.

1.1 Опфат
МСС 36 се применува за сите материјални, нематеријални и финансиски средства, со
исклучок на залихи, средства кои произлегуваат од договори за изградба, одложени
даночни средства, средства кои произлегуваат во согласност со МСС 19 Користи за
вработените и финансиски средства што се во опфатот на МСС 32 Финансиски
инструменти: презентирање. Ова се должи на фактот што тие МСС веќе содржат
правила за признавање и мерење на обезвреднувањето. Забележете, исто така, дека
МСС 36 не се применува за нетековни средства кои се чуваат за продажба, кои се
уредени со МСФИ 5 Нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинати
работења.
Клучни
поими • Обезвреднување е намалување на вредноста на средството така што неговиот
„надоместлив износ“ е помал од неговата сметководствена вредност во
извештајот за финансиска состојба.

• Сметководствена вредност е нето-вредноста според која средството е


признаено во извештајот за финансиска состојба (т.е. по одземање на
акумулираната депрецијација/амортизација и сите загуби поради
обезвреднување).
(МСС 36)

Основниот принцип врз којшто е заснован МСС 36 е релативно едноставен. Ако


вредноста на некое средство во извештаите е повисока од неговата реална вредност,
измерена според неговиот „надоместлив износ“, се смета дека средството претрпело
загуба поради обезвреднување. Оттаму, неговата вредност треба да се намали за
износот на загубата поради обезвреднување. Износот на загубата поради
обезвреднување треба веднаш да се отпише на товар на добивката.
Според тоа, главните сметководствени прашања што треба да се разгледаат се
следниве:

100 6: Обезвреднување на средства  F7 Финансиско известување


(a) Како може да се идентификува кога може да се случила загуба поради
обезвреднување?
(б) Како треба да се мери надоместливиот износ на средството?
(в) Како треба да се прикаже „загубата поради обезвреднување“ во финансиските
извештаи?

1.2 Идентификување на средство кое може да биде


обезвреднето
На крајот од секој период на известување, ентитетот треба да оцени дали постојат
индикации за обезвреднување на кои било средства. Се применува концептот за
материјалност и треба да се идентификува само материјалното обезвреднување.
Доколку постои индикација за можно обезвреднување, ентитетот треба да направи
формална процена на надоместливиот износ на соодветните средства.
МСС 36 сугерира како можат да се признаваат индикациите за можно
обезвреднување. Овие предлози во голема мера се засноваат врз здравиот разум.
(a) Надворешни извори на информации
(i) Намалување на пазарната вредност на средството што е значително
поголемо од очекуваното намалување како резултат на одминувањето на
времето или вообичаената употреба.
(ii) Значителна промена на технолошкото, пазарното, економското или
правното окружување на претпријатието во кое се користат средствата.
(iii) Зголемување на каматните стапки на пазарот или пазарните стапки на
повратот на вложувањата што веројатно ќе влијаат врз дисконтната стапка
што се користи за пресметување на употребната вредност.
(iv) Сметководствената вредност на нето-средствата на ентитетот е поголема
од неговата пазарна капитализација.
(б) Внатрешни извори на информации: доказ за застареност или физичко
оштетување, штетни промени во начинот на кој се употребува средството или на
економската успешност на средството.
Дури и ако не постојат индикации за обезвреднување, следниве средства мора секогаш
да се проверуваат за обезвреднување најмалку еднаш годишно.
(a) Нематеријално средство со неограничен корисен век
(б) Гудвил што е стекнат во деловна комбинација

1.3 Мерење на надоместливиот износ на средството


Што е надоместливиот износ на едно средство?

Клучeн Надоместливиот износ на средството треба да се мери како поголемиот износ од:
поим
(a) објективната вредност на средството намалена за трошоците за продажба; и
(б) неговата употребна вредност. (МСС 36)

Објективната вредност на едно средство намалена за трошоците за продажба е износот,


намален за нето-трошоците за продажба, што може да се добие од продажбата на тоа
средство. Трошоците за продажба ги вклучуваат трансакциските трошоци за
продажбата, како што се правните трошоци.
(a) Ако постои активен пазар за средството, нето-продажната цена треба да се
заснова врз пазарната вредност или врз цената на неодамнешните трансакции
со слични средства.
(б) Доколку нема активен пазар за средството, можно е да се процени нето-
продажната цена, користејќи ги најдобрите процени за тоа што би можеле да
платат „информирани и подготвени страни“ во непосредна трансакција.
Нето-продажната цена не може да се намалува, сепак, преку вклучување во трошоците
за продажба на какви било издатоци за преструктуирање или реорганизација, или со
какви било трошоци што веќе биле признаени во извештаите како обврски.

F7 Финансиско известување  6: Обезвреднување на средства 101


Концептот за „употребна вредност“ е многу важен.

Употребната вредност на едно средство се мери како сегашната вредност на


Клучeн проценетите идни парични текови (приливи минус одливи) што се генерираат од
поим средството, вклучувајќи ја неговата нето-проценета вредност при отуѓување (ако ја има)
на крајот од неговиот очекуван корисен век.

1.4 Признавање и мерење загуба поради обезвреднување


Правилото за средства според историска набавна вредност е:

Правило што треба да се научи


Ако надоместливиот износ на средството е помал од неговата сметководствена
вредност, сметководствената вредност на средството треба да се намали за разликата
(т.е. загубата поради обезвреднување) што треба да се признае како расход во
добивката или загубата.

Правилото за средствата што се водат според ревалоризирана вредност (како што се


недвижностите ревалоризирани во согласност со МСС 16) е:

Правило што треба да се научи


Загубата поради обезвреднување треба да се третира како ревалоризациско
намалување во согласност со релевантниот МСС.

Во практиката ова значи:


• Под услов ако постои ревалоризациски вишок што се чува во врска со средството,
загубата поради обезвреднување треба да се призне со намалување на
ревалоризацискиот вишок.
• Секој остаток се признава во добивката или загубата.

2. Единици што генерираат пари


ДЕФИНИЦИЈА
Доколку не е можно да се пресмета надоместливиот износ на поединечното средство,
ентитетот треба да го измери надоместливиот износ на единицата која генерира пари
на која ѝ припаѓа средството.

2.1 Користење единица што генерира пари


МСС дава прилично детални објаснувања за важниот концепт за единици што
генерираат пари. Како основно правило, надоместливиот износ на едно средство треба
да се пресметува за средството поединечно. Меѓутоа, во одредени случаи нема да
биде можно да се процени таквата вредност за поединечното средство, особено при
пресметката на употребната вредност. Ова се должи на фактот што паричните приливи
и одливи не можат да му се припишат на поединечното средство.
Ако не е можно да се пресмета надоместливиот износ на поединечното средство,
наместо него треба да се мери надоместливиот износ на единицата која генерира пари
на која ѝ припаѓа средството.
Клучен
поим Единица што генерира пари е најмалата група средства која може да се идентификува
и која генерира независни парични приливи кои можат да се идентификуваат и да се
измерат.

102 6: Обезвреднување на средства  F7 Финансиско известување


Дали можете да замислите неколку примери за тоа како би се идентификувала
единицата што генерира пари?

Одговор
Еве две можности за тоа.
(a) Рударско друштво поседува приватна железница што ја користи за превоз на
производството од еден од своите рудници. Железницата сега нема друга пазарна
вредност освен како отпад и не е можно да се идентификуваат какви било посебни
парични приливи од користењето на самата железница. Како последица на тоа,
ако рударското друштво се сомнева дека постои обезвреднување на вредноста на
железницата, тоа треба да го третира рудникот како целина како единица што
генерира пари и целосно да го измери надоместливиот износ на рудникот.
(б) Друштво за автобуски превоз има случено договор со градските власти да
обезбедува услуги за автобуски превоз на четири линии во градот. За секоја од
автобуските линии се алоцирани посебни средства што можат да се
идентификуваат и паричните приливи и одливи можат да ѝ се припишат на секоја
посебна линија. Три линии работат со добивка и една линија работи со загуба.
Друштвото се сомнева дека постои обезвреднување на средствата на линијата
што работи со загуба. Меѓутоа, друштвото нема да биде во можност да ја затвори
линијата што работи со загуби бидејќи со договорот со градските власти е
обврзано да работи на сите четири линии. Како последица на тоа, друштвото
треба да ги третира сите четири автобуски линии заедно како една единица што
генерира пари и да го пресмета надоместливиот износ за единицата како целина.

Минимарт му припаѓа на Максимарт, синџир продавници на мало. Минимарт ги врши


сите свои малопродажни набавки преку набавниот центар на Максимарт. Политиките за
утврдување на цените, маркетинг, рекламирање и човечки ресурси (освен за
вработување на касиерите и продавачите на Минимарт) се утврдуваат од страна на
Максимарт. Максимарт поседува, исто така, 5 други продавници во истиот град во кој се
наоѓа Минимарт (иако во различни делови од градот) и уште 20 други продавници во
други градови. Со сите продавници се управува на ист начин како со Минимарт.
Минимарт и уште 4 други продавници биле купени пред 5 години и бил признаен гудвил.
Што е единицата што генерира пари за Минимарт?

Одговор
При идентификацијата на единицата што генерира пари на Минимарт, ентитетот треба
да разгледа дали, на пример:
(a) Внатрешното известување за раководството е организирано на таков начин што ќе
ја мери успешноста по продавници.
(б) Дали со претпријатието се управува врз основа на добивката по продавница или
врз основа на добивката по регион/град.
Сите продавници на Максимарт се наоѓаат во различни населби и веројатно имаат
различни бази на купувачи. Оттаму, иако со Минимарт се раководи на корпоративно
ниво, тој генерира парични приливи што во голема мера се независни од паричните
приливи на останатите продавници на Максимарт. Според тоа, веројатно е дека
Минимарт претставува единица што генерира пари.

F7 Финансиско известување  6: Обезвреднување на средства 103


Доколку за излезните единици произведени со средството или групата средства постои
активен пазар, тогаш тоа средство или групата средства треба да бидат
идентификувани како единица која генерира пари, дури и ако дел или сите излезни
единици се користат внатрешно.
Единиците што генерираат пари треба да се идентификуваат конзистентно од еден
период во друг за истото средство или видовите средства, освен ако е оправдана
промената.
Групата нето-средства намалени за обврските што се разгледуваат за обезвреднување
треба да биде иста како средствата што се земаат предвид при пресметката на
надоместливиот износ. (За третманот на гудвилот и корпоративните средства видете
подолу.)

2.2 Пример: Надоместлив износ и сметководствена


вредност
Друштвото Форвејс е составено од четири единици што генерираат пари. Сите четири
единици се проверуваат за обезвреднување. Средствата и обврските им се
распределуваат како што следува:
(a) Недвижностите, постројките и опремата и посебните нематеријални средства се
алоцираат на единиците што генерираат пари, доколку е можно тоа.
(б) Тековните средства како што се залихите, побарувањата и претплатите се
алоцираат на соодветната единица што генерира пари.
(в) Обврските (на пример, обврски кон добавувачите) се одбиваат од нето-средствата
на соодветната единица што генерира пари.
(г) Нето-износот за секоја единица која генерира пари што се добива како резултат на
оваа активност се споредува со соодветниот надоместлив износ што е пресметан
врз истата основа.

3 Гудвилот и обезвреднувањето на средства


3.1 Распределба на гудвил на единици што генерираат
пари
Гудвилот што е стекнат во деловна комбинација не генерира парични приливи
независно од другите средства. Тој мора да се распредели на секоја од единиците на
стекнувачот што генерираат пари (или групи единици што генерираат пари) за кои се
очекува да остварат корист од синергијата на комбинацијата. Секоја единица во којашто
се распределува гудвилот треба:
(a) Да го претставува најниското ниво во рамките на ентитетот на кое се следи
гудвилот за цели на внатрешното раководење
(б) Да не биде поголема од оперативен сегмент определен во согласност со МСФИ
8 Оперативни сегменти.
Може да биде непрактично да се спроведе распределбата на гудвилот пред првиот
датум на известување по деловната комбинација, особено ако стекнувачот ја
евидентира комбинацијата за првпат, користејќи привремени вредности. Првичната
распределба на гудвилот мора да се заврши пред крајот на првиот период од
известување по датумот на стекнувањето.

3.2 Тестирање единици што генерираат пари со гудвил за


обезвреднување
Единица што генерира пари и на која бил распределен гудвил треба да се тестира за
обезвреднување еднаш годишно. Сметководствената вредност на единицата,
вклучувајќи го гудвилот, се споредува со надоместливиот износ на единицата.
Доколку сметководствената вредност на единицата го надминува надоместливиот износ,
ентитетот мора да признае загуба поради обезвреднување.

104 6: Обезвреднување на средства  F7 Финансиско известување


Годишниот тест за обезвреднување може да се изврши во кое било време во текот на
сметководствениот период, но мора да се врши секоја година во истото време.

3.3 Пример: распределба на загубата поради


обезвреднување
Единицата што генерира пари се состои од следново:
$ м.
Зграда 30
Постројки и опрема 6
Гудвил 10
Тековни средства 20
66

По рецесија, проверката за обезвреднување го проценила надоместливиот износ на


единицата што генерира пари на $50 м.
Како ја распределуваме загубата поради обезвреднување?
Загубата се распределува прво во гудвилот, а потоа во материјалните нетековни
средства врз сразмерна основа.
Сметководствена Загуба поради Сметководстве
вредност обезвреднување на вредност по
обезвреднување
то
$ м. $ $
Зграда 30 (5) 25
Постројки и опрема 6 (1) 5
Гудвил 10 (10) –
Тековни средства 20 – 20
66 (16) 50

4. Сметководствен третман на загуба поради


обезвреднување
Ако и само ако надоместливиот износ на средството е помал од неговата
сметководствена вредност во извештајот за финансиска состојба, се случила загуба
поради обезвреднување. Оваа загуба треба да се признае веднаш.
(a) Сметководствената вредност на средството треба да се намали до неговиот
надоместлив износ во извештајот за финансиска состојба.
(б) Загубата поради обезвреднување треба да се признае веднаш во добивката
или во загубата (освен ако средството не било ревалоризирано и во тој случај
загубата се третира како ревалоризациско намалување).
По намалување на вредноста на средството до неговиот надоместлив износ, трошокот
за депрецијација на средството треба да се заснова врз неговата нова
сметководствена вредност, неговиот проценет остаток на вредноста (ако постои) и
неговиот проценет преостанат корисен век.
Загубата поради обезвреднување треба да се признае за некоја единица што генерира
пари ако (и само ако) надоместливиот износ на единицата што генерира пари е помал
од сметководствената вредност во извештајот за финансиска состојба за сите средства
во единицата. Кога се признава загуба поради обезвреднување за некоја единица што
генерира пари, загубата треба да се распредели меѓу средствата во единицата по
следниов редослед.
(a) Прво, на сите средства што се очигледно оштетени или уништени
(б) Потоа, на гудвилот што е распределен на единицата што генерира пари
(в) Потоа, сразмерно, на сите останати средства во единицата што генерира пари

F7 Финансиско известување  6: Обезвреднување на средства 105


При распределбата на загубата поради обезвреднување, сметководствената вредност
на средството не треба да се намали под повисоката вредност од:
(a) Неговата објективна вредност намалена за трошоците за продажба
(б) Неговата употребна вредност (ако може да се утврди)
(в) Нула
Каков било преостанат износ од загубата поради обезвреднување треба да се признае
како обврска ако тоа се бара со другите МСС.

4.1 Пример 1: загуба поради обезвреднување


Друштво што експлоатира природен гас и нафта има платформа за дупчење во
Каспиското Езеро. Со законодавството на предметната земја се бара да се демонтира и
да се отстрани платформата на крајот од нејзиниот корисен век. Во согласност со тоа,
друштвото во своите извештаи вклучило износ за трошоците за демонтирање и
отстранување и врши депрецијација на овој износ во текот на очекуваниот корисен век
на платформата.
Друштвото спроведува активност за утврдување дали имало обезвреднување на
платформата.
(a) Нејзината сметководствена вредност во извештајот за финансиска состојба е $3
м.
(б) Друштвото добило понуда од $2,8 м. за платформата од друга нафтена компанија.
Понудувачот би ја презел одговорноста (и трошоците) за демонтирање и
отстранување на платформата на крајот од нејзиниот корисен век.
(в) Сегашната вредност на проценетите парични приливи од продолженото
користење на платформата е $3,3 м. (пред усогласувањето за трошоците за
демонтирање).
(г) Сметководствената вредност во извештајот за финансиска состојба за
резервирањето за демонтирање и за отстранување тековно е $0,6 м.
Колку треба да изнесува вредноста на платформата за дупчење во извештајот за
финансиска состојба и колкава е, ако ја има, загубата поради обезвреднување?

Решение
Објективна вредност = $2,8 м.
намалена за трошоците
за продажба
Употребна вредност = СВ на паричните текови од употреба намалени за
сметководствената вредност на
резервирањето/обврската = $3,3 м. – $0,6 м. = $2,7 м.
Надоместлив износ = Повисокиот од овие два износи, т.е. $2,8 м.
Сметководствена = $3 м.
вредност
Загуба поради = $0,2 м.
обезвреднување
Сметководствената вредност треба да се намали на $2,8 м.

4.2 Пример 2: загуба поради обезвреднување


Едно друштво стекнало друго друштво за $4,5 м.: материјалните средства се
вреднувани на $4,0 м. и гудвилот на $0,5 м.
Едно средство со сметководствена вредност од $1 м. е уништено во терористички
напад. Средството не било осигурано. Загубата на средството, без осигурување, го
навело друштвото да процени дали имало обезвреднување на средствата во стекнатиот
ентитет и колкав е износот на таквите загуби.
Надоместливиот износ на претпријатието (единствена единица што генерира пари) е
измерен на $3,1 м.

106 6: Обезвреднување на средства  F7 Финансиско известување


Решение
Имало загуба поради обезвреднување од $1,4 м. ($4,5 м. – $3,1 м.).
Загубата поради обезвреднување се признава во добивката или во загубата. Загубата
се распределува меѓу средствата во единицата што генерира пари како што следува.
(a) Загуба од $1 м. може да му се припише директно на неосигураното средство што
било уништено.
(б) Преостанатата загуба од $0,4 м. треба да се распредели во гудвил.
Сметководствената вредност на средствата сега ќе изнесува $3 м. за материјалните
средства и $0,1 м. за гудвилот.

4.3 Анулирање загуба поради обезвреднување


Годишната процена за утврдување дали имало определено обезвреднување треба да
се примени на сите средства, вклучувајќи ги средствата што веќе биле обезвреднети
во минатото.
Во некои случаи, надоместливиот износ на средството што претходно било
обезвреднето може да излезе повисок од тековната сметководствена вредност на
средството. Со други зборови, можеби се случило анулирање на некои од претходните
загуби поради обезвреднување.
(a) Анулирањето на загубата поради обезвреднување треба да се признае веднаш
како приход во добивката или загубата.
(б) Сметководствената вредност на средството треба да се зголеми на неговиот нов
надоместлив износ.
Исклучок од ова правило е гудвилот. Загуба поради обезвреднување признаена за
гудвил не треба да се анулира во последователен период.

Единица што генерира пари која се состои од фабрика, постројки и опрема, итн. и
поврзаниот стекнат гудвил се обезвреднуваат бидејќи производот што таа го прави е
претекнат од технолошки понапредниот модел што го произведува некој конкурент.
Надоместливиот износ на единицата што генерира пари се намалува на $60 м., што
резултира со загуба поради обезвреднување од $80 м. распределена како што следува.
Сметководствени Сметководствени
вредности пред вредности по
обезвреднувањето обезвреднувањето
$ м. $ м.
Гудвил 40 –
Патент (без пазарна вредност) 20 –
Материјални нетековни средства (пазарна 80 60
вредност $60 м.)
Вкупно 140 60
По три години, ентитетот постигнува технолошки напредок и надоместливиот износ на
единицата што генерира пари се зголемува на $90 м. Сметководствената вредност на
материјалните нетековни средства, доколку не се случило обезвреднувањето, би била
$70 м.
Се бара
Пресметајте го анулирањето на загубата поради обезвреднување.

Одговор
Анулирањето на загубата поради обезвреднување се признава ако таа ја зголемува
сметководствената вредност на материјалните нетековни средства до износот што таа
би го имала доколку не се случило обезвреднувањето, т.е. се признава анулирање на
загубата поради обезвреднување од $10 м. и вредноста на материјалните нетековни
средства се намалуваат на $70 м. Анулирањето на обезвреднувањето не се признава во

F7 Финансиско известување  6: Обезвреднување на средства 107


однос на гудвилот и патентот, бидејќи влијанието на надворешниот настан што го
предизвикал првичното обезвреднување не било анулирано – првичниот производ сè
уште е претекнат од понапредниот модел.

Фокус на
испитот Во испитно прашање може да се побара од вас да пресметате и да распределите загуба
поради обезвреднување. Осигурете се дека го знаете редоследот по којшто се
распределува загубата.

4.4 Резиме
Главните аспекти на МСС 36 што треба да се разгледаат се:
• Индикации за обезвреднување средства
• Мерење на надоместливиот износ, како нето-продажна цена или употребна
вредност
• Мерење на употребната вредност
• Единици што генерираат пари
• Сметководствениот третман на загубата поради обезвреднување за поединечни
средства и единици што генерираат пари
• Анулирање загуба поради обезвреднување

Резиме на главата
• Обезвреднувањето се утврдува со споредување на сметководствената вредност на
средството со неговиот надоместлив износ. Ова е поголемиот износ од неговата
објективна вредност намалена за трошоците за продажба и неговата употребна
вредност.
• Доколку не е можно да се пресмета надоместливиот износ на поединечното средство,
ентитетот треба да го измери надоместливиот износ на единицата што генерира пари
на која ѝ припаѓа средството.

Краток тест
1 Дефинирајте го надоместливиот износ на некое средство.
2 Како се третира загубата поради обезвреднување на некое ревалоризирано средство?
3 Како се распределува загубата поради обезвреднување на средствата во една единица
што генерира пари?

Одговори на краткиот тест


1 Поголемиот износ од објективната вредност намалена за трошоците за продажба и
употребната вредност.
2 Како ревалоризациско намалување.
3 По следниов редослед: а) на какви било оштетени или уништени средства; потоа, б) на
гудвил; потоа, в) сразмерно, на сите останати средства.

Сега обидете се да ги одговорите долунаведените прашања од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


7 Испит 15 27 минути

108 6: Обезвреднување на средства  F7 Финансиско известување


Известување за
финансиската
успешност

Список со теми

1 МСС 8 Сметководствени политики, промени


на сметководствени проценки и грешки
2 Промени во сметководствените политики
3 Грешки
4 МСФИ 5 Нетековни средства што се чуваат
за продажба и прекинати работења
5 МСС 10 Настани по периодот на
известување
Упатување до
наставната
програма
A2

A2
A2
C11

C11
7
Вовед
МСС 8 се занимава со сметководствените политики.
Стандардот, исто така, разгледува определени околности и
трансакции за коишто е потребен различен третман на
вообичаените ставки на добивката и загубата.
МСФИ за средствата што се чуваат за продажба и
прекинатите работења е важен стандард што на
корисниците им обезбедува дополнителни информации за
изворите на добивката и загубите на ентитетот.
МСС 10 го утврдува третманот за настаните што се
случуваат по крајот на сметководствената година.

109
Насоки за учење
Ниво на
знаење
A2 Концептуална рамка за финансиско известување
(г) Разликувајте ги промените во сметководствените политики и 2
промените во сметководствените проценки и опишете како
сметководствените стандарди го применуваат принципот на
споредливост кога ентитетот ги менува своите
сметководствени политики.
(д) Признавање и евидентирање на промените во 2
сметководствените политики и исправка на грешки од
претходниот период.
C11 Финансиски извештаи
(a) Објаснете ја важноста на идентификувањето и известувањето 2
на резултатите од прекинато работење.
(б) Дефинирајте и евидентирајте нетековни средства кои се чуваат 2
за продажба и прекинати работења.
(в) Наведете ги околностите во кои се бара посебно 2
обелоденување на материјалните ставки на приход и расход.
(е) Настани по датумот на известување:
i) разликувајте ги и евидентирајте ги корективните и
некорективните настани
ii) идентификувајте ги ставките за кои е потребно посебно 2
обелоденување, вклучувајќи го нивниот сметководствен
третман и бараните обелоденувања

1. МСС 8 Сметководствени политики, промени


на сметководствени проценки и грешки
ДЕФИНИЦИЈА МСС 8 се занимава со промените на сметководствените проценки, промените во
сметководствените политики и грешките.

1.1 Дефиниции
Стандардот ги дава следниве дефиниции.
Клучни
поими • Сметководствени политики се специфични принципи, основи, конвенции,
правила и практики кои ги применува ентитетот при подготвување и презентирање
на финансиските извештаи.

• Промена на сметководствена проценка е исправка на сметководствената


вредност на средството или обврската, или на износот на периодичниот потрошок
на средството, која е резултат на проценка на сегашната состојба , и очекуваните
идни користи и обврски поврзани со средствата и обврските. Промените на
сметководствените проценки произлегуваат од нови информации или новиот
развој на настаните и, според тоа, не претставуваат исправка на грешки.
• Материјалност: Испуштањата или погрешните прикажувања на ставки се
материјални доколку тие би можеле, поединечно или заедно, да влијаат врз
економските одлуки што ги донесуваат корисниците врз основа на финансиските
извештаи.
• Грешки од изминатиот период се пропусти од, и погрешни прикажувања во
финансиските извештаи на ентитетот за еден или повеќе претходни периоди
настанати поради недостаток од користење, или погрешно користење, на
веродостојни информации што:

110 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


– Биле на располагање кога финансиските извештаи за тие периоди биле
одобрени за издавање, и
– Би било разумно да се очекува дека тие би биле обезбедени и земени во
предвид во подготвувањето и презентирањето на тие финансиски извештаи.
Таквите грешки ги вклучуваат ефектите од математички грешки, грешки во
примената на сметководствените политики, превиди или погрешни толкувања на
факти, и измами.
• Ретроактивна примена е примена на новата сметководствена политика на
трансакции, останати настани и услови, како истата отсекогаш да била
применувана.
• Ретроактивно повторно прикажување е исправка на признавањето, мерењето и
обелоденувањето на износите на елементите на финансиските извештаи како
грешката од претходните периоди никогаш да не се случила.
Клучни поими • Идна примена на промена во сметководствената политика и признавањето на
(продолжува) ефектот од промена во сметководствената проценка е, соодветно:
– Примена на новата сметководствена политика на трансакции, други настани
и услови што се случуваат по датумот на промена на политиката; и
– Признавање на ефектот од промената на сметководствената проценка во
тековните и идните периоди на кои влијае промената.
• Непрактично. Примената на некое барање станува непрактично доколку
ентитетот, и покрај направените разумни напори, сепак не успева да го примени
тоа барање. Не е практично да се примени промена на сметководствена политика
ретроактивно или да се направи ретроактивно повторно прикажување за да се
коригира грешка доколку:
– Ефектите од ретроактивната примена или ретроактивното повторно
прикажување не можат да се утврдат.
– Ретроактивната примена или ретроактивното прикажување бараат
претпоставки за тоа какви биле намерите на раководството во тој период.
– Ретроактивната примена или ретроактивното повторно прикажување бараат
значителни процени на износи и не е можно објективно да се разграничат
информациите во врска со тие проценки кои: обезбедуваат докази за
околностите што постоеле на датумот (датумите) на кои тие износи треба да
се признаат, да се измерат и да се обелоденат; би биле достапни кога
финансиските извештаи за тој претходен период биле одобрени за
издавање, од другите информации. (МСС 8)

1.2 Сметководствени политики


Сметководствените политики се утврдуваат со примена на релевантниот МСС, МСФИ
или Толкување на МСФИ и земајќи ги предвид сите релевантни Упатства за
спроведување издадени од страна на ОМСС за тој МСФИ/Толкување.
Во случајот кога не постои применлив МСФИ и Толкување, раководството треба да го
употреби своето расудување во развојот и примената на сметководствена политика
што резултира во информација која е релевантна и веродостојна. Раководството
треба да се повика на:
(a) Барањата и упатствата во МСФИ и КТМФИ што се однесуваат на слични и
поврзани прашања
(б) Дефинициите, критериумите за признавање и концептите за мерење на
средствата, обврските и расходите во Концептуалната рамка
Раководството може, исто така, да ги разгледа последните објави на другите тела што
утврдуваат стандарди и што користат слична концептуална рамка за развојот на
сметководствени стандарди, останатата сметководствена литература и прифатените
практики во дејноста, под услов истите да не бидат во судир со горенаведените извори.
Ентитетот мора да ги избере и да ги применува своите сметководствени политики за
еден период конзистентно за слични трансакции, други настани и услови, освен во

F7 Финансиско известување  7: Известување за финансиската успешност 111


случаи кога некој МСФИ или КТМФИ посебно бара или дозволува категоризација на
ставки за кои можат да бидат соодветни различни политики. Ако некој МСФИ или
КТМФИ бара или дозволува таква категоризација на ставките, мора да се избере и да се
применува соодветна сметководствена политика конзистентно за секоја категорија.

2. Промени во сметководствените политики


ДЕФИНИЦИЈА Промените во сметководствената политика се применуваат ретроактивно.

2.1 Евидентирање на промените во политиката


Истите сметководствени политики вообичаено се усвојуваат од еден во друг период,
што им овозможува на корисниците да ги анализираат трендовите со текот на времето
во однос на добивката, паричните текови и финансиската состојба. Оттаму, промените
во сметководствените политики се ретки и се вршат само ако:
(a) Промената се бара со определен МСФИ; или
(б) Промената ќе резултира во посоодветно презентирање на настаните и
трансакциите во финансиските извештаи на ентитетот, обезбедувајќи
порелевантни и поверодостојни информации.
Стандардот нагласува два вида настани што не претставуваат промени во
сметководствената политика.
(a) Донесување сметководствена политика за нов вид трансакција или настан со
кои ентитетот претходно не се справувал.
(б) Донесување нова сметководствена политика за трансакции или настани што не
се случиле претходно или биле нематеријални.
Во случајот на материјални нетековни средства, ако политиката за ревалоризација е
донесена за првпат, тогаш тоа не се третира како промена во сметководствената
политика во согласност со МСС 8, туку како ревалоризација во согласност со МСС 16
Недвижности, постројки и опрема (видете Глава 5). Оттаму, следниве ставови не се
применуваат за промената во политиката за примана на ревалоризации.
Промената во сметководствената политика мора да се применува ретроактивно.
Ретроактивната примена значи дека новата сметководствена политика се применува
на трансакциите и настаните исто како да се применувала отсекогаш. Со други зборови,
политиката се применува од најраниот датум на којшто се случиле таквите трансакции
или настани.
Идната примена повеќе не е дозволена во согласност со ревидираниот МСС 8 освен
ако е непрактично (видете Клучни поими) да се утврди кумулативниот ефект на
промената.

2.2 Разработен пример: промена во сметководствената


политика
Едно друштво секогаш ги вреднувало залихите врз ФИФО (прва влезна, прва излезна)
основа. Во 20X9 година друштвото одлучило да се префрли на методот за вреднување
според пондерираниот просек. Бруто-добивката во финансиските извештаи за 20X8 година
била пресметана како што следува:
$'000
Приходи 869
Трошоци за реализација:
Почетни залихи 135
Набавки 246
Завршни залихи (174) (207)
Бруто-добивка 662
За да ги изготви споредливите износи за 20X8 година што ја покажуваат промената во
сметководствената политика, неопходно е повторно да се пресметаат износите за 20X7

112 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


година, така што почетните залихи за 20X8 година ќе се вреднуваат врз основа на
пондерираниот просек.
Утврдено е дека почетните залихи за 20X8 година врз основа на методот на пондериран
просек би изнесувале $122.000 и дека завршните залихи би изнесувале $143.000.
Според тоа, бруто-добивката за 20X8 година сега станува:
$'000
Приходи 869
Трошоци за реализација:
Почетни залихи 122
Набавки 246
Завршни залихи (143) (225)
Бруто-добивка 644

Ова ја покажува бруто-добивка за 20X8 година што е помала за $18.000 и што ќе ги


намали нето-добивката и задржаната заработувачка за истиот износ. Почетните залихи
за 20X9 година ќе изнесуваат $143.000 наместо $174.000 и извештајот за промените во
главнината за 20X9 година ќе покажува исправка од $18.000 на почетната задржана
заработувачка.

2.3 Усвојување на МСФИ


Кога се усвојува нов МСФИ, МСС 8 бара да се следат какви било преодни одредби во
новиот МСФИ. Доколку во МСФИ што се усвојува нема такви одредби, треба да се
следат општите принципи од МСС 8.

2.4 Обелоденување
Се бараат определени обелоденувања кога промената во сметководствената политика
има материјално влијание врз тековниот период или врз кој било друг претходен период,
или кога таа би можела да има материјално влијание во идните периоди.
(a) Причините за промената/природата на промената
(б) Износот на исправката за тековниот период и за секој презентиран период
(в) Износот на исправката што се однесува на периоди кои им претходат на оние што
се вклучени во споредливите информации
(г) Фактот дали споредливата информација била повторно прикажана или е
непрактично да се направи тоа
Ентитетот треба, исто така, да обелодени информации што се релевантни за процена на
влијанието на новите МСФИ врз финансиските извештаи кога тие сè уште не се во
сила.

2.5 Промени на сметководствени проценки


ДЕФИНИЦИЈА Промените на сметководствените проценки не се применуваат ретроактивно.

Проценките во врска со деловните активности произлегуваат од неизвесностите што


се вградени во нив. Се користат расудувања што се засновани врз најажурните
информации и употребата на таквите процени е неопходен дел од изготвувањето на
финансиските извештаи. Тоа не ја намалува нивната веродостојност. Еве неколку
примери за сметководствени процени.
(a) Неопходно резервирање за ненадоместлив долг
(б) Корисни векови на средства што подлежат на депрецијација
(в) Резервирање за застареност на залихите
Во овој случај, правилото е дека ефектот на промената на сметководствената
проценка треба да се вклучи во утврдувањето на нето-добивката или на загубата во:
(a) Периодот на промената, доколку промената влијае само врз тој период
(б) Периодот на промената и идните периоди, доколку промената влијае и врз двете

F7 Финансиско известување  7: Известување за финансиската успешност 113


Можат да се случат промени на околностите што важеле во времето кога била
пресметана проценката, или можеби се појавиле дополнителни информации или
последователни развои на настаните.
Пример за промена на сметководствена проценка што влијае само врз тековниот
период е процената на износот на ненаплатливите побарувања. Меѓутоа, промената на
корисниот век во кој се депрецира некое средство би влијаела и врз тековниот и врз
идните периоди преку износот на трошокот за депрецијација.
Се разбира, ефектот од промената на сметководствената проценка треба да се вклучи
во истата класификација на расходи што била користена претходно за проценката.
Ова правило помага да се осигури конзистентноста меѓу финансиските извештаи од
различните периоди.
Материјалноста на промената, исто така, е релевантна. Природата и износот на некоја
промена на сметководствена проценка што има материјално влијание врз тековниот
период (или се очекува да има материјално влијание врз идните периоди) треба да се
обелодени. Ако не е можно да се изврши квантификација на износот, оваа
непрактичност треба да се обелодени.

ДЕФИНИЦИЈА
3. Грешки
Грешките од претходните периоди мора да се поправаат ретроактивно.

3.1 Вовед
Грешките што се откриени во текот на тековниот период и се однесуваат на некој
претходен период можат да се појават поради:
(a) Математички грешки
(б) Грешки во примената на сметководствените политики
(в) Погрешно толкување факти
(г) Превиди
(д) Измама
Поформална дефиниција е дадена во Клучните поими во став 1.1.
Најголемиот дел од овие грешки можат да се корегираат преку нето-добивката или
загубата за тековниот период. Меѓутоа, кога се работи за материјални грешки од
претходниот период, ова не е соодветно. Стандардот предвидува два можни третмани.

3.2 Сметководствен третман


Грешки од претходен период: се корегираат ретроактивно. Повеќе не постои каков
било друг дозволен алтернативен третман.
Ова вклучува:
(a) Повторно прикажување на споредбените износи за претходниот период (периоди)
во кој настанала грешката,
(б) Или, кога грешката настанала пред најраниот претходен период кој е презентиран
во финансиските извештаи, повторното прикажување на почетната состојба на
средствата, обврските и главнината за тој период
така што финансиските извештаи се презентираат исто како грешката никогаш да не
се случила.
Единствено во случајот кога е непрактично да се утврди кумулативниот ефект од
грешката врз претходните периоди, ентитетот може да ја корегира грешката во иднина.
Се бараат различни обелоденувања.
(a) Природата на грешката од претходен период
(б) За секој претходен период, до онаа мера до којашто е практично тоа, износот на
исправката:
(i) За секоја линиска ставка на финансиските извештаи што претрпела
влијание

114 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


(ii) Ако се применува МСС 33, за основната и разводнетата заработувачка по
акција
(в) Износот на исправката на почетокот од најраниот период што е презентиран
(г) Ако ретроактивното повторно прикажување е непрактично за определен
претходен период, околностите кои довеле до постоењето на тие услови и опис
за тоа како и од кога била корегирана грешката. Овие обелоденувања не треба да
се повторуваат во последователните периоди.

Ако треба да одговарате на прашање што се однесува на промена во


сметководствената политика или грешка при изготвувањето на извештаите, запомнете
дека треба да го корегирате салдото на задржаната заработувачка што е донесена од
претходен период.

Прашање Грешка

Во текот на 20X7 година, друштвото Глобал открило дека определени ставки биле
вклучени во залихите на 31 декември 20X6 година, вреднувани на $4,2 м., што,
всушност, биле продадени пред крајот на годината. Достапни се следниве износи за
20X6 година (според извештајот) и 20X7 година (нацрт).
20X6 20X7
(нацрт)
$'000 $'000
Продажба 47.400 67.200
Трошок за продадени стоки (34.570) (55.800)
Добивка пред оданочување 12.830 11.400
Данок на добивка (3.880) (3.400)
Довика за периодот 8.950 8.000
Задржаната заработувачка на 1 јануари 20X6 година изнесувала $13 м. Трошоците за
продадените стоки за 20X7 година вклучуваат грешка од $4,2 м. во почетните залихи.
Стапката на данок на добивка била 30% за 20X6 и 20X7 година. Не биле објавени или
исплатени дивиденди.
Се бара
Прикажете ги билансот на успех за 20X7 година со споредбени податоци за 20X6 година
и задржаната заработувачка.

Одговор
БИЛАНС НА УСПЕХ
20X6 20X7
$'000 $'000
Продажба 47.400 67.200
Трошок за продадени стоки (W1) (38.770) (51.600)
Добивка пред оданочување 8.630 15.600
Данок на добивка (W2) (2.620) (4.660)
Добивка за годината 6.010 10.940
ЗАДРЖАНА ЗАРАБОТУВАЧКА
20X6 20X7
Почетна состојба на задржана заработувачка $'000 $'000
Претходно објавена (13.000 + 8.950) 13.000 21.950
Исправка на грешка од претходен период (4.200 – 1.260)
– (2.940)
Повторно прикажано 13.000 19.010
Добивка за годината 6.010 10.940
Крајна состојба на задржаната заработувачка 19.010 29.950

F7 Финансиско известување  7: Известување за финансиската успешност 115


Пресметки
1 Трошок за продадени стоки 20X6 20X7
$'000 $'000
Како што е наведено во прашањето 34.570 55.800
Исправка на залихите 4.200 (4.200)
38.770 51.600
2 Данок на добивка 20X6 20X7
$'000 $'000
Како што е наведено во прашањето 3.880 3.400
Исправка на залихите (4.200 × 30%) (1.260) 1.260
2.620 4.660

4. МСФИ 5 Нетековни средства кои се чуваат


за продажба и прекинато работење
ДЕФИНИЦИЈА МСФИ 5 бара „средствата што се чуваат за продажба“ да се презентираат посебно во
извештајот за финансиска состојба. Тој ги утврдува критериумите за признавање
прекинато работење.

4.1 Историјат
МСФИ 5 е резултат на краткорочниот проект за конвергенција со Одборот за финансиски
сметководствени стандарди од САД (ОФСС). Тој го замени МСС 35 Работење што се
прекинува.
МСФИ 5 бара средствата и групите средства што се „чуваат за продажба“ да се
презентираат одделно во извештајот за финансиска состојба и резултатите од
прекинатото работење да се презентираат одделно во билансот на успех и извештајот
за останата сеопфатна добивка. Ова се бара за корисниците на финансиските извештаи
да станат поспособни за правење проекции за финансиската состојба, добивката и
паричните текови на ентитетот.
Група за отуѓување. Група средства кои треба да бидат отуѓени, со продажба или на друг
начин, заедно како група во една трансакција, и обврските кои се директно поврзани со
Клучни тие средства и кои, исто така, се пренесени со таа трансакција. (Во практиката, групата за
поими отуѓување може да биде подружница, единица што генерира пари или единична операција
во рамките на ентитетот.)

Единица што генерира пари. Најмалата група средства која може да се идентификува
и која генерира независни парични приливи што можат да се идентификуваат и да се
измерат.
(МСФИ 5)

МСФИ 5 не се применува за определени средства што се опфатени со други


сметководствени стандарди:
(a) Одложени даночни средства (МСС 12)
(б) Средства кои произлегуваат од користи за вработените (МСС 19)
(в) Финансиски средства (МСС 39)
(г) Вложувања во недвижности евидентирани во согласност со моделот на објективна
вредност (МСС 40)
(д) Земјоделски и биолошки средства (МСС 41)
(ѓ) Договори за осигурување (МСФИ 4)

4.2 Класификација на средства што се чуваат за продажба


Нетековно средство (или група за отуѓување) треба да се класификува како средство
што се чува за продажба ако неговата сметководствена вредност ќе биде надоместена

116 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


првенствено преку трансакција на продажба наместо преку континуирано
користење. Треба да се задоволат низа детални критериуми:
(a) Средството мора да биде расположливо за продажба веднаш во неговата
сегашна состојба.
(б) Неговата продажба мора да биде многу веројатна (т.е. значително поверојатна
отколку неверојатна).
За да биде продажбата многу веројатна, мора да важи следново:
(a) Раководството мора да се обврзе на план за продажба на средството.
(б) Мора да постои активна програма за наоѓање купувач.
(в) Средството мора да биде рекламирано за продажба по цена што е разумна во
однос на неговата тековна објективна вредност.
(г) Треба да се очекува дека продажбата ќе се изврши во рок од една година од
датумот на класификацијата.
(д) Не е веројатно дека ќе бидат направени значајни промени на планот или дека
планот ќе биде повлечен.
Средството (или групата за отуѓување) сè уште може да се класификува како средство
што се чува за продажба дури и ако продажбата фактички не се случила во рок од една
година. Меѓутоа, одложувањето мора да биде предизвикано од настани или околности
кои не се под контрола на ентитетот и мора да постојат доволно докази дека
ентитетот останува обврзан да го продаде средството или групата за отуѓување. Во
спротивен случај, ентитетот мора да престане да го класификува средството како
средство што се чува за продажба.
Ако некој ентитет стекне група за отуѓување (на пример, подружница) исклучиво за
целите на неговото последователно отуѓување, тој може да го класификува тоа
средство како средство што се чува за продажба ако се очекува дека продажбата ќе се
случи во рок од една година и ако е веројатно дека сите останати критериуми ќе бидат
задоволени во краток временски рок (вообичаено три месеци).
Средството што треба да се напушти не треба да се класификува како средство што се
чува за продажба. Тоа е така затоа што неговата сметководствена вредност ќе биде
надоместена првенствено преку неговото континуирано користење. Меѓутоа, некоја група
за отуѓување што треба да се напушти може да ги задоволува критериумите за прекинато
работење и, оттаму, може да биде потребно посебно обелоденување (видете подолу).

Прашање Чување за продажба

На 1 декември 20X3 година, некое друштво се обврзало на план за продажба на


производен погон и веќе нашло потенцијален купувач. Друштвото нема намера да го
прекине работењето што тековно се врши во погонот. На 31 декември 20X3 година има
заостанати неизвршени нарачки од купувачи. Друштвото нема да може да му го пренесе
погонот на купувачот сè додека не го прекине работењето на погонот и додека не ги
елиминира заостанатите неизвршени нарачки од купувачите. Ова не се очекува пред
пролетта 20X4 година.
Се бара
Дали производниот погон може да се класификува како „средство што се чува за
продажба“ на 31 декември 20X3 година?

Одговор
Погонот нема да се пренесе сè додека не се извршат заостанатите нарачки; ова
покажува дека погонот не е расположлив веднаш за продажба во неговата сегашна
состојба. Погонот не може да се класификува како „средство што се чува за продажба“
на 31 декември 20X3 година. Тој мора да се третира на истиот начин како останатите
ставки од недвижности, постројки и опрема: треба да продолжи да се депрецира и не
треба да се обелоденува одделно.

F7 Финансиско известување  7: Известување за финансиската успешност 117


4.3 Мерење средства што се чуваат за продажба
Објективна вредност: Цената што се би се добила за продажба на средство или што
треба да се плати за пренос на обврска во уредна трансакција помеѓу учесниците на
пазарот на датумот на мерењето.

Трошоци за продажба: инкременталните трошоци што можат да му се припишат


директно на отуѓувањето на средството (или групата за отуѓување), со исклучок на
финансиските трошоци и расходот за данок на добивка.

Надоместлив износ: поголемиот износ од објективната вредност намалена за


трошоците за продажба и употребната вредност.

Употребна вредност: сегашната вредност на проценетите идни парични текови што се


очекува да произлезат од континуираното користење на средството и од неговото
отуѓување на крајот од неговиот корисен век.

Нетековно средство (или група за отуѓување) што се чува за продажба треба да се мери
по пониската од неговата сметководствена вредност и објективната вредност
намалена за трошоците за продажба. Објективната вредност намалена за трошоците
за продажба е еднаква на нето-реализационата вредност.
Треба да се признае загуба поради обезвреднување кога објективната вредност
намалена за трошоците за продажба е помала од сметководствената вредност.
Забележете дека ова е исклучок од вообичаеното правило. МСС 36 Обезвреднување
средства бара од ентитетот да признае загуба поради обезвреднување единствено кога
надоместливиот износ на средството е помал од неговата сметководствена вредност.
Надоместливиот износ се дефинира како поголемата од нето-реализационата вредност
и употребната вредност. МСС 36 не се применува на средствата што се чуваат за
продажба. Загуба поради обезвреднување средство што се чува во согласност со МСФИ
5 се признава во добивката или во загубата.
Нетековните средства што се чуваат за продажба не треба да се депрецираат, дури и
ако тие сè уште се користат од страна на ентитетот. Меѓутоа, секое обезвреднување
(што произлегува, на пример, од зголемување на трошоците за продажба) се признава
во добивката или во загубата.
Нетековно средство (или група за отуѓување) што повеќе не се класификува како
средство што се чува за продажба (на пример, затоа што продажбата не била
извршена во период од една година) се мери по пониската од:
(a) Неговата сметководствена вредност пред да биде класификувано како средство
што се чува за продажба, усогласена за каков било трошок за депрецијација што
би бил пресметан доколку средството не се чувало за продажба
(б) Неговиот надоместлив износ на датумот на одлуката да не се продава

4.4 Презентирање нетековно средство или група за


отуѓување класификувани како средство што се чува за
продажба
Нетековните средства или групи за отуѓување што се класификувани како средства што
се чуваат за продажба треба да се презентираат одделно од другите средства во
извештајот за финансиската состојба. Обврските на група за отуѓување се презентираат
одделно од другите обврски во извештајот за финансиската состојба.
(a) Средствата и обврските што се чуваат за продажба не треба да се пребиваат.
(б) Главните класи средства и обврски што се чуваат за продажба треба да се
обелоденат одделно во извештајот за финансиската состојба или во белешките.
(в) МСФИ 5 бара нетековните средства или групи за отуѓување што се чуваат за
продажба да се прикажат како посебен елемент на тековните
средства/тековните обврски.

118 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


На пример (преземено од стандардот)
СРЕДСТВА
Нетековни средства
AAA X
Тековни средства
БББ X
ВВВ X
X
Нетековни средства класификувани како такви што се чуваат за X
продажба
X
Вкупно средства X
ГЛАВНИНА И ОБВРСКИ
Главнина
ГГГ X
Нетековни обврски
ДДД X
Тековни обврски
ЃЃЃ X
ЕЕЕ X
Обврски што се директно поврзани со нетековни средства X
класификувани како такви што се чуваат за продажба
X
Вкупно главнина и обврски X

4.5 Дополнителни обелоденувања


Во периодот во кој нетековно средство (или група за отуѓување) било или
класификувано како такво кое се чува за продажба, или било продадено, се
обелоденува следново:
(a) Опис на нетековното средство (или групата за отуѓување)
(б) Опис на фактите и околностите на отуѓувањето
(в) Каква било добивка или загуба признаена кога ставката била класификувана
како таква што се чува за продажба
Кога некое средство што претходно било класификувано како средство што се чува за
продажба повеќе не се чува за продажба, ентитетот треба да обелодени опис на
фактите и околностите што довеле до одлуката за тоа и за нејзиното влијание врз
резултатите.

4.6 Презентирање на прекинато работење


Клучни
поими Прекинато работење: компонента на ентитетот која е или отуѓена или е класификувана
како таква која се чува за продажба, и или:

(a) Претставува одделна главна дејност или географска област на работењето


(б) Претставува дел од еден координиран план за отуѓување на одделна главна
дејност или географска област на работењето, или
(в) Претставува подружница стекната исклучиво со цел за препродажба.
Компонента на ентитет: работење и парични текови кои можат јасно да се разликуваат,
оперативно и за целите на финансиското известување, од остатокот на ентитетот.

Ентитетот треба да презентира и да обелодени информации што им овозможуваат на


корисниците на финансиските извештаи да ги оценат финансиските ефекти на
прекинатите работења и отуѓувањата на нетековните средства или групи за отуѓување.
Ова им овозможува на корисниците да го разграничат работењето што ќе продолжи во
иднина од она што нема да продолжи и на тој начин да ја зголемат можноста за
предвидување на идните резултати.

F7 Финансиско известување  7: Известување за финансиската успешност 119


Ентитетот треба да обелодени еден износ во билансот на успех што се состои од
вкупниот износ на:
(a) Добивката или загубата на прекинатото работење по оданочување
(б) Добивката или загубата по оданочувањето, признаена при мерењето до
објективната вредност намалена за трошоците за продажба или при
отуѓувањето на средствата или групата (-ите) за отуѓување кои го сочинуваат
прекинатото работење.
Ентитетот треба, исто така, да обелодени анализа на овој единствен износ во:
(a) Приходот, расходите и добивката или загубата од прекинатото работење пред
оданочување
(б) Поврзаниот расход за данок на добивка
(в) Добивката или загубата признаена при мерењето до објективна вредност
намалена за трошоците за продажба или при отуѓувањето на средствата од
прекинатото работење
(г) Поврзаниот расход за данок на добивка
Ова може да се презентира во билансот на успех или во белешките. Ако се презентира
во билансот на успех, треба да се презентира во дел што е идентификуван како дел што
се однесува на прекинатото работење, т.е. одделно од континуираното работење. Оваа
анализа не се бара кога прекинатото работење е новостекната подружница што била
класификувана како средство што се чува за продажба.
Ентитетот треба да ги обелодени нето-паричните текови што можат да им се припишат
на оперативните, вложувачките и финансиските активности на прекинатото работење.
Овие обелоденувања можат да се презентираат во извештајот за паричните текови или
во белешките.
Добивките и загубите при повторното мерење на некоја група за отуѓување што не
претставува прекинато работење но се чува за продажба, треба да се вклучат во
добивката или во загубата од континуираното работење.

4.7 Илустрација
Следнава илустрација е преземена од упатството за спроведување на МСФИ 5.
Добивката за периодот од прекинатото работење се анализира во белешките.
XYZ ГРУПАЦИЈА
БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X2 г.
20X2 20X1
Континуирано работење $'000 $'000
Приходи X X
Трошок на реализација (X) (X)
Бруто-добивка X X
Друг приход X X
Трошоци на дистрибуција (X) (X)
Административни расходи (X) (X)
Други расходи (X) (X)
Финансиски трошоци (X) (X)
Учество во добивката на придружени друштва X X
Добивка пред оданочување X X
Расход за данок на добивка (X) (X)
Добивка за годината од непрекинато работење X X
Прекинато работење
Добивка за годината од прекинато работење X X
Добивка за годината X X
Добивка што им се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво X X
Неконтролираното учество X X
X X

120 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


Забележете дека ако имаше ставки од „останата сеопфатна добивка“, ова ќе беше
прикажано како целосен „биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка“ во
согласност со форматот од Глава 3.

Прашање Затворање

На 20 октомври 20X3 година, директорите од едно матично друштво јавно ги објавиле


плановите за затворање на челичана. Затворањето значи дека групацијата повеќе нема
да ја врши таа дејност, што до неодамна учествувала со приближно 10% во нејзините
вкупни приходи. Челичаната ќе се затвори постепено во рок од неколку месеци, при што
целосното затворање се очекува да се случи во јули 20X4 година. На 31 декември
производството било значително намалено и веќе биле отпуштени работници како
технолошки вишок. Паричните текови, приходите и расходите што се поврзани со
челичаната можат јасно да се разграничат од оние што произлегуваат од другото
работење на подружницата.
Се бара
Како треба да се третира затворањето во финансиските извештаи за годината што
завршува на 31 декември 20X3 година?

Одговор
Бидејќи челичаната се затвора наместо да се продава, таа не може да се класификува
како средство „што се чува за продажба“. Покрај тоа, челичаната не претставува
прекинато работење. Иако на 31 декември 20X3 година групацијата била цврсто
обврзана на затворањето, тоа сè уште не се случило, ниту, пак, нејзините средства
можат да се класификуваат како средства што се чуваат за продажба и, според тоа,
челичаната мора да биде опфатена во континуираното работење. Информациите за
планираното затворање треба да се обелоденат во белешките кон финансиските
извештаи.

5. МСС 10: Настани по периодот на известување


МСС 10 ги утврдува критериумите за признавање на настаните што се случуваат по
ДЕФИНИЦИЈА
датумот на известување.

Стандардот ги дава следниве дефиниции.

Клучен Настани по периодот на известување се оние настани, како поволни, така и


поим неповолни, што се случуваат помеѓу крајот од периодот на известување и датумот кога
финансиските извештаи се одобрени за издавање. Можат да се идентификуваат два
вида настани.
• Настани што обезбедуваат доказ за условите кои постоеле на крајот од периодот
на известување – корективни настани
• Настани што укажуваат на услови кои се појавиле по крајот од периодот на
известување – некорективни настани
(МСС 10)

Во периодот меѓу крајот од периодот на известување и датумот кога финансиските


извештаи се одобрени (т.е. за издавање надвор од организацијата), можат да се случат
настани што покажуваат дека средствата и обврските на крајот од периодот на
известување треба да бидат предмет на исправка, или дека треба да се даде
обелоденување за таквите настани.

F7 Финансиско известување  7: Известување за финансиската успешност 121


5.1 Корективни настани
Стандардот бара исправка на средствата и обврските во определени околности.

Ентитетот треба да ги коригира признаените износи во своите финансиски извештаи за


да ги одрази корективните настани по периодот на известување. Ентитетот не треба да
ги коригира признаените износи во своите финансиски извештаи за да ги одрази
некорективните настани по периодот на известување. (МСС 10)

Пример за дополнителни докази што стануваат достапни по периодот на известување е


случајот кога некој купувач банкротира, на тој начин потврдувајќи дека салдото за
побарувањата од купувачите на крајот од годината не може да се наплати. Во
однос на континуитетот, стандардот наведува дека кога оперативните резултати и
финансиската состојба се влошиле по периодот на известување, може да биде
неопходно да се преиспита дали претпоставката за континуитет е соодветна за
изготвување на финансиските извештаи.

122 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


Примери за корективни настани се:
• докази за трајно намалување на вредноста на недвижностите пред крајот на
годината
• продажба на залихи по периодот на известување со цена што е помала од
нивната сметководствена вредност на крајот од годината
• несолвентност на некој купувач што ги нема подмирено своите обврски на крајот
од годината
• примени или платени износи во врска со правни или осигурителни барања за кои
се воделе преговори на крајот од годината
• утврдување по крајот на годината на купопродажната цена на средства што се
продадени или што се купени пред крајот на годината
• докази за трајно намалување на вредноста на долгорочно вложување пред крајот
на годината
• откривање грешка или измама што покажува дека финансиските извештаи биле
неточни

5.2 Некорективни настани


Стандардот потоа ги разгледува некорективните настани.
Стандардот ги дава следниве примери за некорективни настани:
• стекнување или отуѓување подружница по крајот на годината
• објавување план за прекинување на работењето
• поголеми набавки и отуѓувања средства
• уништување производен погон од пожар по периодот на известување
• објавување или започнување со спроведувањето на поголемо преструктуирање
• трансакции со акции по периодот на известување
• судска постапка поведена по периодот на известување
Но, треба да забележите дека некои настани по периодот на известување, иако се
некорективни, треба да бидат обелоденети.

Ако некорективните настани по периодот на известување се материјални,


необелоденувањето може да влијае врз економските одлуки на корисниците што се
носат врз основа на финансиските извештаи. Според тоа, ентитетот треба да го
обелодени следново за секоја материјална категорија на настан што не повлекува
исправка по периодот на известување:
(a) природата на настанот; и
(б) проценката на неговиот финансиски ефект или изјава дека не може да се направи
таквата проценка.
(МСС 10)

Примерот што го дава стандардот за таков настан е кога вредноста на некое


вложување се намалува во периодот меѓу крајот од периодот на известување и
датумот на кој финансиските извештаи се одобрени за издавање. Намалувањето на
вредноста ги претставува околностите во тековниот период, а не условите што постоеле
на крајот од претходниот период на известување, така што не е соодветно да се врши
исправка на вредноста на вложувањето во финансиските извештаи. Обелоденувањето,
сепак, претставува помагало за корисниците, укажувајќи на „невообичаените промени“
во состојбата на средствата и обврските по периодот на известување.
Правилото за обелоденување настани што се случуваат по периодот на известување и
се однесуваат на услови што се појавиле по тој датум предвидува дека
обелоденувањето треба да се направи ако необелоденувањето би ја намалило
способноста на корисникот за вршење правилно оценување и носење правилни одлуки
врз основа на финансиските извештаи. Пример за ова може да биде стекнувањето друго
претпријатие.

F7 Финансиско известување  7: Известување за финансиската успешност 123


Една од способностите што ќе ви бидат потребни за исполнување на целта 10 за
успешноста од ПЕР е способноста за обезбедување поткрепувачки информации што ќе
ги направат изјавите и извештаите поразбирливи за корисниците. Оваа глава се
занимава со важни обелоденувања и вие можете да го примените знаењето што ќе го
стекнете од оваа глава како помош за покажување на таквата способност.

Резиме на главата
• МСС 8 се занимава со третманот на промените на сметководствените проценки,
промените во сметководствените политики и грешките.
• Промените во сметководствената политика се применуваат ретроактивно.
• Промените на сметководствените проценки не се применуваат ретроактивно.
• Грешките од претходните периоди мора да се исправаат ретроактивно.
• МСФИ 5 бара „средствата што се чуваат за продажба“ да се презентираат одделно во
извештајот за финансиска состојба. Тој ги утврдува критериумите за признавање
прекинато работење.
• МСС 10 ги утврдува критериумите за признавање на настаните што се случуваат по
датумот на известување.

Краток тест
1 Како треба да се коригира некоја грешка од претходниот период во согласност со МСС
8?
2 Наведете ги околностите кога може да се бара промена во сметководствената политика.
3 Кога некое нетековно средство може да се класификува како средство што се чува за
продажба?
4 Како треба да се мери средството што се чува за продажба?
5 Како се дефинира прекинато работење во согласност со МСФИ 5?

Одговори на краткиот тест


1 Преку исправки на почетната состојба на задржаната заработувачка (став 3.2).
2 (a) Промената се бара со определен МСФИ; или
(б) Промената ќе резултира во посоодветно презентирање на настаните и
трансакциите во финансиските извештаи на ентитетот, обезбедувајќи
порелевантни и поверодостојни информации.

3 (а) Средството мора да биде расположливо за продажба веднаш во неговата сегашна


состојба
(б) Неговата продажба мора да биде многу веројатна (т.е. значително поверојатна
отколку неверојатна).

4 По пониската од неговата сметководствена вредност и објективната вредност намалена


за трошоците за продажба.
5 Видете Клучни поими став 4.6.

Сега обидете се да ги одговорите долунаведените прашања од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


8 Испит 25 45 минути

124 7: Известување за финансиската успешност  F7 Финансиско известување


Вовед во групи

Список со теми

1 Финансиски извештаи за група


2 Консолидирани и посебни финансиски
извештаи
3 Содржина на финансиските извештаи за
група и структура на групата
4 Финансиски извештаи за група: прашањето
за поврзаните страни
Упатување до
наставната
програма
D1
D1

D1

D2
8
Вовед
Консолидацијата е исклучително важна област од вашата
наставна програма за Тестот 7.
Од суштинско значење за одговарање на прашањата за
консолидација во испитот е да усвоите логички пристап и
да извежбате што е можно повеќе прашања.
Во оваа глава ќе ги разгледаме најважните дефиниции во
консолидацијата. Овие прашања се од суштинско значење
за вашето разбирање на финансиските извештаи за
групите и затоа осигурете се дека сте ги разбрале и потоа
научете ги.

123
Насоки за учење
Ниво на
знаење
Г ДЕЛОВНИ КОМБИНАЦИИ
1 Концепт и принципи на групата
(a) Опишете го концептот за групата како единствена економска 2
единица.
(б) Објаснете ја и применета ја дефиницијата за подружница во 2
согласност со релевантните сметководствени стандарди.
(в) Идентификувајте ги и дајте краток опис, користејќи ги 2
сметководствените стандарди и останатите применливи
прописи, на околностите во коишто од групата се бара да
изготвува консолидирани финансиски извештаи.
(г) Опишете ги околностите во коишто групата може да бара 2
ослободување од обврската за изготвување консолидирани
финансиски извештаи.
(д) Објаснете зошто директорите може да не сакаат да
консолидираат определена подружница и опишете ги,
користејќи ги сметководствените стандарди и останатите
применливи прописи, околностите во коишто е дозволено ова.
(ѓ) Објаснете ја потребата за користење исти датуми за крајот на
годината и еднообразни сметководствени политики при
изготвувањето консолидирани финансиски извештаи.
2 Концептот за консолидирани финансиски извештаи
(a) Објаснете ја целта на консолидираните финансиски извештаи. 2
(б) Наведете го ефектот што односот на поврзани страни меѓу 2
матичното друштво и подружницата може да го има врз
извештаите на подружницата и врз консолидираните
финансиски извештаи.

Насоки за испитот
Ќе добиете задолжително прашања за финансиските извештаи на групациите.
Прочитајте ја оваа глава внимателно и навраќајте се на неа по потреба.

1. Финансиски извештаи на група


ДЕФИНИЦИЈА
Голем број големи претпријатија се составени од неколку друштва што се контролирани
од едно централно или административно друштво. Заедно, овие друштва се нарекуваат
група. Друштвото што има контрола, наречено матично или холдинг-друштво,
поседува дел од или сите акции во другите друштва, што се нарекуваат подружници.

1.1 Вовед
Постојат многу причини зошто друштвата работат како групации; заради гудвилот што се
поврзува со имињата на подружниците, заради даночни или правни цели, итн. Во голем
број земји, законот за трговски друштва бара резултатите на групата да се прикажуваат
во целост. За жал, не е можно едноставно да се соберат сите резултати заедно и оваа
глава, како и главите што следат по неа ќе ве научи како да ги консолидирате сите
резултати на друштвата во рамките на една група.
Според традиционалната сметководствена терминологија, групата друштва се состои
од матично друштво и една или повеќе друштва-подружници што се контролирани од
матичното друштво.

124 8: Вовед во групи  F7 Финансиско известување


1.2 Сметководствени стандарди
Во оваа и во следните три глави ќе разгледуваме пет сметководствени стандарди.
• МСС 27 (ревидиран) Посебни финансиски извештаи
• МСФИ 3 Деловни комбинации
• МСФИ 10 Консолидирани финансиски извештаи
• МСС 28 Вложувања во придружени ентитети
Сите овие стандарди се занимаваат со различни аспекти на финансиските извештаи на
групата, но постои определено преклопување меѓу нив, особено меѓу МСФИ 10 и МСС
27.
Во оваа и во следната глава ќе се фокусираме на МСС 27 и МСФИ 10, кои ги опфаќаат
основните дефиниции за група и постапките за консолидација на односите меѓу
матичното друштво и подружниците. Меѓутоа, пред сè, ќе ги разгледаме сите важни
дефиниции кои се поврзани со финансиските извештаи на групата, што утврдуваат
како треба да се третира вложување од определен вид во извештаите на групата.

1.3 Дефиниции
Некои од овие дефиниции ќе ги разгледаме подетално подоцна, но тие се корисни во
овој момент и ќе ви обезбедат преглед на сите аспекти на финансиските извештаи на
групата.
Фокус на
испитот Сите дефиниции што се однесуваат на финансиските извештаи на група се особено
важни. Мора да ги научите и да го разбирате нивното значење и нивната примена.

Клучни
поими • Контрола. Еден вложувач го контролира ентитетот во којшто вложува кога
вложувачот е изложен или има право на променлив принос од својата поврзаност
со ентитетот во којшто вложува и има можност да влијае врз таквите приноси
преку моќта што произлегува од вложувањето. (МСФИ 10)
• Моќ. Постојните права што ја даваат тековната способност за управување со
релевантните активности на ентитетот во којшто се вложува.
(МСФИ 10)
• Подружница. Ентитет што е контролиран од друг ентитет. (МСФИ 10)
• Матично друштво. Ентитет што контролира еден или повеќе ентитети. (МСФИ 10)
• Група. Матично друштво и сите негови подружници. (МСФИ 10)
• Придружен ентитет. Ентитет врз којшто вложувачот има значајно влијание и што не е
ниту подружница ниту учество во заедничко вложување. (МСФИ 10)
• Значајно влијание е моќта да се учествува во одлуките за финансиските и
оперативните политики на ентитетот во кој се вложува, но не претставува
контрола или заедничка контрола врз тие политики. (МСС 28)

Различните видови вложувања и бараното сметководство за нив можеме да ги


резимираме на следниов начин.

Вложување Критериуми Баран третман во извештаите на


групата
Подружница Контрола Целосна консолидација
Придружен ентитет Значајно влијание Сметководство според методот на
главнина (видете Глава 11)
Вложување што не е Средство што се Исто како за извештаите за поединечно
ниту едно од чува за зголемување друштво во согласност со МСФИ 9
горенаведените на вредноста

F7 Финансиско известување  8: Вовед во групи 125


1.4 Вложувања во подружници
Она што е важно овде е контролата. Во најголемиот број случаи, ова вклучува холдинг
или матично друштво што поседува мнозинство од обичните акции во подружницата
(што носат обични права на глас). Меѓутоа, постојат околности кога матичното друштво
може да поседува само малцински дел од гласачките права во подружницата, но
матичното друштво сè уште има контрола.
МСФИ 10 дава дефиниција за контрола и идентификува три посебни елементи на
контролата:
Вложувачот го контролира ентитетот во којшто вложил ако и само ако има сè од
следново:
1) Моќ врз ентитетот во којшто вложил;
2) Изложеност или права на променливи приноси од својата поврзаност со
ентитетот во којшто вложува; и
3) Можноста да ја користи својата моќ врз ентитетот во којшто вложува за да влијае
врз износот на приносите за вложувачот.
Ако има промени на еден или повеќе од овие три елементи на контрола, вложувачот
треба да преиспита дали го контролира ентитетот во којшто вложил.
Моќта (како што е дефинирана во Клучните поими) може да се добие директно од
сопственоста на мнозинството гласачки права или може да произлегува од други права,
како што се:
• Права да назначува, да прераспоредува или да отстранува членови на клучниот
раководен персонал што можат да управуваат со релевантните активности
• Права да назначува или да отстранува друг ентитет што управува со
релевантните активности
• Права да му наредува на ентитетот во којшто вложува да склучува или да
забрани промени на трансакции во корист на вложувачот
• Други права, како оние што се наведени во договорот за раководството
Фокус на
испитот Треба да ја научите содржината на горенаведениот параграф, бидејќи може да се
побара од вас да ја примените во испитот.

1.4.1 Сметководствен третман во извештаите на групата


МСФИ 10 бара од матичното друштво да поднесе консолидирани финансиски извештаи
во кој извештаите на матичното друштво и на подружницата (или подружниците) се
комбинирани и презентирани како извештаи за единствен ентитет.

1.5 Вложувања во придружени ентитети


Овој вид вложување претставува нешто помалку од подружница, но повеќе од обично
вложување. Клучниот критериум во овој случај е значајното влијание. Ова се
дефинира како „овластување за учествување“, но не и за „контрола“ (што би направила
вложувањето да биде подружница).
Значајното влијание може да се утврди преку поседувањето на гласачки права
(вообичаено поврзани со акциите) во ентитетот. МСС 28 наведува дека ако некој
вложувач поседува 20% или повеќе од гласачката моќ на стекнатиот ентитет, може да
се претпостави дека вложувачот има значајно влијание врз стекнатиот ентитет, освен
ако може јасно да се покаже дека тоа не е така.
Може да се претпостави дека не постои значајно влијание ако вложувачот поседува
помалку од 20% од гласачката моќ на стекнатиот ентитет, освен ако не може да се
покаже спротивното.
Постоењето на значајно влијание вообичаено се докажува на еден или повеќе од
следните начини.
(a) Застапеност во одборот на директори (или еквивалентно управувачко тело) на
ентитетот во којшто се вложува
(б) Учество во процесите за креирање политики
(в) Материјални трансакции меѓу вложувачот и ентитетот во којшто се вложува

126 8: Вовед во групи  F7 Финансиско известување


(г) Меѓусебна размена на раководен персонал
(д) Обезбедување суштински технички информации
МСС 28 бара користење на методот на главнина за евидентирање на вложувањата во
придружени ентитети. Овој метод ќе биде детално објаснет во Глава 11.

Прашање Третмани

Резимето на делот што следува по ова прашање ќе ви даде проширена верзија на


табелата што е дадена во Ставот 1.3 горе. Пред да ја погледнете, обидете се дали
можете сами да ја пополните табелата.

1.6 Резиме на делот


Вложување Критериуми Баран третман во извештаите на
групата
Подружница Контрола (>50% Целосна консолидација (МСФИ 10)
правило)
Придружен ентитет Значајно влијание Сметководство според метод на
(20% + правило) главнина (МСС 28)
Вложување што не Средство што се чува Исто како за извештаите за поединечно
е ниту едно од за зголемување на друштво (МСФИ 9)
горенаведените вредноста

2. Консолидирани и посебни финансиски


извештаи
МСФИ 10 бара од матичното друштво да презентира консолидирани финансиски
ДЕФИНИЦИЈА извештаи.

2.1 Вовед
Клучен
поим Консолидирани финансиски извештаи. Финансиските извештаи на една група во кои
средствата, обврските, главнината, приходите, расходите и паричните текови на
матичното друштво и неговите подружници се презентирани како за единствен
економски ентитет. (МСФИ 10)

Кога некое матично друштво издава консолидирани финансиски извештаи, тоа треба да
ги консолидира сите подружници, како домашни, така и странски.

2.2 Ослободување од обврската за изготвување


финансиски извештаи за групата
Матичното друштво не треба да презентира консолидирани финансиски извештаи ако
и само ако се исполнети сите следни услови:
(a) Самото матично друштво претставува целосно поседувана подружница или е
делумно поседувана подружница на некој друг ентитет и ако неговите останати
сопственици, вклучувајќи ги и оние кои инаку немаат право на глас, биле
информирани и немаат приговори за тоа што матичното друштво да не
презентира консолидирани финансиски извештаи
(б) Со неговите хартии од вредност не се тргува на јавен пазар;
(в) Матичното друштво не е во процес на издавање хартии од вредност на јавните
пазари на хартии од вредност; и

F7 Финансиско известување  8: Вовед во групи 127


(г) Основното или посредното матично друштво објавува консолидирани
финансиски извештаи што се во согласност со Меѓународните стандарди за
финансиско известување.
Матичното друштво што не презентира консолидирани финансиски извештаи мора да ги
почитува правилата од МСС 27 за посебните финансиски извештаи (се разгледуваат
понатаму во овој дел).

2.3 Потенцијални гласачки права


Ентитетот може да поседува варанти за акции, опции за акции кои даваат право на
продажба, или други слични инструменти кои се конвертибилни во обични акции во
некој друг ентитет. Ако овие се извршат или се конвертираат може да му дадат гласачка
моќ на ентитетот или да ја намалат гласачката моќ на некоја друга страна во однос на
финансиските и оперативните политики на другиот ентитет (потенцијални гласачки
права). Постоењето и ефектот на потенцијалните гласачки права, вклучувајќи ги
потенцијалните гласачки права што се во сопственост на некој друг ентитет, треба да се
земат предвид кога се оценува дали некој ентитет има контрола врз друг ентитет (и,
според тоа, има подружница).

2.4 Исклучување на подружница од консолидацијата


Правилата за исклучување на подружниците од консолидација се задолжително строги,
бидејќи тоа е вообичаената метода што ентитетите ја користат за манипулирање со
своите резултати. Ако може да се исклучи некоја подружница што има големи долгови,
тогаш коефициентот за задолженост на групата како целина ќе се подобри. Со други
зборови, ова е начин за отстранување на долгот од консолидираниот извештај за
финансиска состојба.
МСС 27 првично дозволуваше исклучување на некоја подружница од консолидацијата во
случаите кога било планирано контролата да биде привремена. Овој исклучок потоа
беше отстранет со МСФИ 5.
Подружниците што се чуваат за продажба се евидентираат во согласност со МСФИ 5
Нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинати работења.
Во минатото се тврдеше дека подружниците треба да бидат исклучени од
консолидацијата врз основа на различните активности, т.е. активностите на
подружницата се толку различни од активностите на другите друштва во групата што
нејзиното вклучување во консолидацијата би довело до погрешни заклучоци. МСС 27 и
МСФИ 10 го отфрлаат овој аргумент: исклучувањето врз оваа основа не е оправдано
бидејќи можат да се обезбедат подобри (релевантни) информации за таквите
подружници преку консолидирање на нивните резултати и потоа обезбедувајќи
дополнителни информации за различните деловни активности на подружницата.
Претходната верзија на МСС 27 дозволуваше исклучување кога подружницата работи
под тешки долготрајни ограничувања и тие значително ја намалуваат нејзината
способност да пренесува финансиски средства на матичното друштво. Овој исклучок
сега е отстранет. Мора фактички да се загуби контролата за да дојде до исклучување.

2.5 Различни датуми на известување


Во најголемиот број случаи, сите друштва во рамките на групата ги изготвуваат
финансиските извештаи со ист датум на известување. Меѓутоа, една или повеќе
подружници можат да изготвуваат извештаи со датум што е различен од тој на
матичното друштво и повеќето останати подружници во групата.
Во таквите случаи, подружницата може да изготви дополнителни извештаи со датумот
на извештаите на остатокот од групата за целите на консолидацијата. Ако тоа не е
можно, извештаите на подружницата сепак можат да се користат за целите на
консолидацијата, под услов разликата меѓу датумите на известување да биде три
месеци или помалку.
Кога извештаите на некоја подружница се изготвени со различен датум, треба да се
направат корекции за ефектите на значајните трансакции или други настани што се
случиле во периодот меѓу тој датум и датумот на извештаите на матичното друштво.

128 8: Вовед во групи  F7 Финансиско известување


2.6 Единствени сметководствени политики
Консолидираните финансиски извештаи треба да се изготвуваат со користење
единствени сметководствени политики за слични трансакции и други настани во
слични околности.
Мора да се направат корекции кога членовите на групата користат различни
сметководствени политики, така што нивните финансиски извештаи ќе бидат соодветни
за консолидација.

2.7 Датум на вклучување/исклучување


МСФИ 10 бара резултатите на друштвата-подружници да се вклучат во консолидираните
финансиски извештаи од:
(a) датумот на „стекнување“, т.е. датумот на кој вложувачот добил контрола врз
стекнатиот ентитет, до
(б) датумот на „отуѓување“, т.е. датумот на кој вложувачот ја загубил контролата
врз стекнатиот ентитет.
Откако некое вложување ќе престане да претставува подружница, тоа треба да се
третира како придружен ентитет во согласност со МСС 28 (ако е применливо) или како
вложување во согласност со МСФИ 9 (видете Глава 14).

2.8 Сметководство за подружници и придружени ентитети


во посебните извештаи на матичното друштво
Матичното друштво вообичаено изготвува сопствени финансиски извештаи за
единствено друштво и тие треба да се изготвуваат во согласност со МСС 27 (ревидиран)
Посебни финансиски извештаи. Во овие извештаи, вложувањата во подружници и
придружени ентитети што се вклучени во консолидираните финансиски извештаи треба,
или:
(a) Да се евидентираат по набавна вредност, или
(б) Да се евидентираат во согласност со МСФИ 9 (видете Глава 14).
Кога подружниците се класифицирани како средства што се чуваат за продажба во
согласност со МСФИ 5, тие треба да се евидентираат во согласност со МСФИ 5 (видете
Глава 7) во посебните финансиски извештаи на матичното друштво.

2.9 Обелоденување – поединечни финансиски извештаи


Ако матичното друштво избере да ги искористи исклучоците од изготвувањето на
консолидирани финансиски извештаи (видете горе) во согласност со МСС 27, во
посебните финансиски извештаи мора да се обелодени:
(a) Фактот дека финансиските извештаи се посебни финансиски извештаи; дека е
искористено ослободувањето од консолидирање; називот и земјата на основање
на ентитетот чии консолидирани финансиски извештаи коишто се усогласени со
МСФИ се издадени; и адресата каде овие консолидирани финансиски извештаи се
достапни
(б) Список со значајни вложувања во подружници, заеднички контролирани ентитети
и придружени ентитети, вклучувајќи ги називот, земјата на основање, соодносот на
сопственичко учество и, доколку се разликува, соодносот на поседуваната
гласачка моќ
(в) Опис на користениот метод за евидентирање на вложувањата наброени под (б)
Кога матично друштво изготвува посебни финансиски извештаи, овие посебни
финансиски извештаи мора да ги обелоденат:
(a) Фактот дека финансиските извештаи се посебни финансиски извештаи и
причините зошто овие извештаи се изготвуваат доколку тоа не се бара со закон.
(б) Информации за вложувањата и за користениот метод за нивно евидентирање,
како горе.

F7 Финансиско известување  8: Вовед во групи 129


3. Содржина на извештаите за групата и
структура на групата
ДЕФИНИЦИЈА Важно е да се прави разлика меѓу посебните извештаи на матичното друштво и
извештаите на групата.

3.1 Вовед
Информациите што се содржани во поединечните финансиски извештаи на матичното
друштво и на секоја од неговите подружници не даваат целосна слика за вкупните
активности на групата. Од поединечните извештаи може да се изготви посебен сет
извештаи на групата. Потсетете се дека групата не постои како посебен (правен)
субјект, освен за сметководствените цели.
Консолидираните извештаи се еден вид извештаи на групата што ги комбинираат
информациите што се содржани во посебните извештаи на холдинг-друштвото и
неговите подружници исто како тие да се извештаи на единствен ентитет. „Извештаи на
група“ и „консолидирани извештаи“ се поими што често се користат како синоними.
Со прости зборови, сетот консолидирани извештаи се изготвува со собирање на
средствата и обврските на матичното друштво и сите подружници. Средствата и
обврските на секое друштво се вклучени во целост, иако некои подружници можеби се
поседувани само делумно. Делот за „главнина и обврски“ во извештајот за финансиска
состојба ќе покажува колку од нето-средствата ѝ се припишуваат на групата, а колку на
надворешните вложувачи во делумно поседуваните подружници. Овие надворешни
вложувачи се познати како неконтролирано учество.
Клучен
поим Неконтролирано учество. Главнина во некоја подружница што не може да се припише,
директно или индиректно, на матичното друштво.
(МСФИ 3, МСС 27)

Неконтролираното учество треба да се прикаже во консолидираниот извештај за


финансиска состојба во главнината, одделно од сопственичкото учество во
главнината на матичното друштво.
Најголемиот број матични друштва ги презентираат сопствените поединечни извештаи и
извештаите на групата во еден пакет. Пакетот вообичаено се состои од следново:
• Финансиските извештаи на матичното друштво што ги вклучуваат
„вложувањата во подружници“ како средство во извештајот за финансиска
состојба, и приходи од подружниците (дивиденди) во билансот на успех
• Консолидиран извештај за финансиска состојба
• Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка
• Консолидиран извештај за парични текови
Може да не биде потребно да се објавуваат сите финансиски извештаи на матичното
друштво, во зависност од локалните или националните прописи.

3.2 Структура на групата


Откако ги решивме тешките прашања во врска со дефиницијата и обелоденувањата,
сега да ги разгледаме структурите на групата. Наједноставните структури се оние кога
матичното друштво има само директно учество во акциите на своите подружници. На
пример:
P

100% 80% 75% 90%

S1 S2 S3 S4

130 8: Вовед во групи  F7 Финансиско известување


Друштвото S1 е подружница целосно поседувана од друштвото P. Друштвата S 2 , S 3 и S 4
се делумно поседувани подружници; дел од акциите во овие друштва ги поседуваат
надворешни вложувачи.
Често матичното друштво има индиректни удели во своите подружници. Ова може да
доведе до посложени структури на групата што вклучуваат потподружници.
P

51%

51%

SS

Друштвото P поседува 51% од акциите во главнината во друштвото S, кое, според тоа, е


негова подружница. Друштвото S за возврат поседува 51% од акциите во главнината на
друштвото SS. Оттаму, SS е подружница на друштвото S и, следствено, подружница на
друштвото P. Друштвото SS би го опишало друштвото S како свое матично (или холдинг)
друштво, а друштвото P како своето основно матично друштво.
Забележете дека иако друштвото P може да ги контролира средствата и деловното
работење на друштвото SS по пат на синџирот на контролата, неговото учество во
средствата на друштвото SS е само 26%. Ова може да се види ако се разгледа една
дивиденда од $100 платена од друштвото SS: како акционер со 51%, друштвото S би
примило $51; друштвото P би имало учество од 51% во тие $51 = $26,01.
Во периодот до вашиот испит треба да добиете колку што е можно повеќе комплети
објавени извештаи на големи друштва од вашата земја. Испитајте ги сметководствените
политики во однос на подружниците и придружените друштва и разгледајте на кој начин
овие политики се прикажани во сметководствениот и консолидираниот третман. Исто
така, разгледајте ги сите направени обелоденувања во врска со објективни вредности,
гудвил, итн., и споредете ги со барањата за обелоденување што се наведени во оваа
глава и во следните глави за МСФИ 3 и МСС 28.
Алтернативно (или дополнително) би требало да се обидете да добиете такви
информации од финансискиот печат.
Во рамките на F7 нема да бидете тестирани за сложени структури на групи. Вашиот
испит нема да содржи прашања поврзани со потподружници, но со оваа тема ќе се
сретнете повторно во P2.

4. Финансиски извештаи на група: прашањето


за поврзаните страни
Матичните друштва и подружниците се поврзани страни во согласност со МСС 24.
ДЕФИНИЦИЈА Треба да имате предвид дека овој однос може да се искористи.

МСС 24 укажува на значењето на односите и трансакциите меѓу поврзаните страни –


дека трансакциите меѓу страните можат да не бидат „непосредни“ и дека корисниците на
извештаите мора да се информираат за тоа бидејќи тоа може да влијае врз нивното
мислење за финансиските извештаи.

4.1 Извештаи на поединечните друштва


Односот меѓу матичното друштво и некоја подружница е најочигледниот пример за
однос меѓу поврзани страни и тој нуди повеќе можности за манипулирање со
резултатите. Некои од нив можат да бидат насочени кон подобрување на финансиските
извештаи на матичното друштво.

F7 Финансиско известување  8: Вовед во групи 131


Би можело да се случи што било од следново:
• Подружницата му продава стоки на матичното друштво по вештачки ниска цена.
Ова ја зголемува добивката на матичното друштво, намалувајќи ја добивката во
подружницата, на тој начин зголемувајќи ја добивката што е достапна за
распределба на акционерите на матичното друштво за сметка на
неконтролираното учество.
• Матичното друштво ѝ продава стоки на подружницата по вештачки висока цена.
Ова ги има истите последици како горенаведените.
• Подружницата му дава заем на матичното друштво со вештачки ниска каматна
стапка, или матичното друштво ѝ дава заем на подружницата со вештачки висока
каматна стапка. Заемите се поништуваат при консолидацијата, но со плаќањето на
каматата се пренесува добивката од подружницата на матичното друштво.
• Матичното друштво може да ѝ продаде некое средство на подружницата по износ
што е повисок од неговата сметководствена вредност. Ова, повторно, служи за
пренос на добивката (и пари) на матичното друштво.

4.2 Консолидирани финансиски извештаи


Целта на горенаведените трансакции е да се подобрат поединечните извештаи на
матичното друштво за сметка на поединечните извештаи на подружниците.
Дивидендите им се плаќаат на акционерите врз основа на овие поединечни финансиски
извештаи на друштвото, а не врз основа на консолидираните финансиски извештаи.
Намалувањето на можностите за исклучување на некоја подружница од консолидацијата
во согласност со МСС 27 ги намали можностите за подобрување на изгледот на
консолидираните финансиски извештаи. Пред ова можеше да злоупотребат повеќе
можности:
• Групата можеше да добие заеми преку некоја подружница што потоа не беше
консолидирана. Заемот не би се појавил во консолидираниот извештај за
финансиска состојба и коефициентот за задолженост на групата (% од капиталот
што е обезбеден преку заеми) би имал помала од неговата фактичка вредност.
• Можат да се вршат трансакции на продажба и повторен наем во кои средствата се
продаваат на некоја неконсолидирана подружница и потоа се земаат под повторен
наем со оперативен наем. Ова овозможува отстранување на средството и
поврзаните позајмувања од извештајот за финансиска состојба.

4.3 Отуѓување на подружници


Иако сите горенаведени ситуации се однесуваат на подобрување на изгледот на
финансиските извештаи на матичното друштво или на групата за сметка на извештаите
на подружниците, можат да постојат и случаи кога намерата е да се стори спротивното.
На пример, кога некое матично друштво ќе одлучи да ги отуѓи своите акции во некоја
подружница што работи лошо, тоа може да се обиде да ги подобри резултатите на таа
подружница со цел да ја продаде со добивка. Во овој случај, можат да се извршат
трансакциите што се наведени во 4.1 горе, но во обратниот правец – да се пренесе
добивка од матичното друштво на подружницата.

4.4 Влијание врз тргувањето


Дури и во случајот кога не се извршени трансакции меѓу поврзани страни, односите меѓу
матичното друштво и подружниците сепак можат да влијаат врз тоа како работат
страните. На пример, ако пред стекнувањето од страна на матичното друштво,
подружницата имала некој главен купувач или добавувач што бил конкурент на
матичното друштво, може да се очекува дека тој трговски аранжман ќе престане.
Можеби и самата подружница била конкурент на матичното друштво и во таквиот случај
таа можеби ќе мора да се повлече од определени пазари во корист на матичното
друштво.
Внимавајте на овие работи во прашањето за консолидираните извештаи.

132 8: Вовед во групи  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• Голем број големи претпријатија се составени од неколку друштва што се контролирани
од едно централно или административно друштво. Заедно, овие друштва се нарекуваат
група. Друштвото што има контрола, наречено матично или холдинг-друштво,
поседува дел од, или сите акции во другите друштва што се нарекуваат подружници.
• МСФИ 10 бара од матичното друштво да презентира консолидирани финансиски
извештаи.
• Важно е да се прави разлика меѓу посебните извештаи на матичното друштво и
извештаите на групата.

• Матичните друштва и подружниците се поврзани страни во согласност со МСС 24.


Треба да имате предвид дека овој однос може да се искористи.

F7 Финансиско известување  8: Вовед во групи 133


Краток тест
1 Дефинирајте „подружница“.
2 Кога може да се преземе контрола?
3 Каков сметководствен третман се бара од матичното друштво со МСФИ 10?
4 Кога некое матично друштво е ослободено од обврската за изготвување на
консолидирани финансиски извештаи?
5 Под кои околности подружниците треба да се исклучат од консолидацијата?
6 Како треба да се евидентира вложување во подружница во посебните финансиски
извештаи на матичното друштво?
7 Што е неконтролирано учество?

134 8: Вовед во групи  F7 Финансиско известување


Одговори на краткиот тест
1 Ентитет што е контролиран од друг ентитет.
2 Кога вложувачот има права на променливи приноси од стекнатиот ентитет и може да
влијае врз таквите приноси преку својата моќ врз стекнатиот ентитет.
3 Извештаите на матичното друштво и на подружницата се комбинираат и се
презентираат како извештај на единствен ентитет.
4 Кога матичното друштво е самото целосно поседувана подружница или делумно
поседувана подружница и сопствениците на неконтролираните учества немаат
приговори, кога неговите хартии од вредност се јавно тргувани и кога неговото основно
или посредно матично друштво објавува финансиски извештаи во согласност со МСФИ.
5 Многу ретко, или воопшто не. Видете дел 2.4.
6 (a) По набавна вредност, или
(б) Во согласност со МСФИ 9.
7 Главнина во некоја подружница што не може да се припише, директно или индиректно,
на матичното друштво.

F7 Финансиско известување  8: Вовед во групи 135


Консолидиран
извештај за
финансиска
состојба
Список со теми

1 МСФИ 10 Резиме на постапките за


консолидација
2 Неконтролирани учества
3 Дивиденди исплатени од подружница
4 Гудвил што произлегува од консолидација
5 Неконтролиранo учество по објективна
вредност
6 Тргување во рамки на групата
7 Продажба на нетековни средства во рамките
на групата
8 Резиме: консолидиран извештај за финансиска
состојба
9 Стекнување подружница во текот на нејзиниот
сметководствен период
Упатување до
наставната
програма
D1

D3
D1
D2
D3

D1
D1

D3

D3
9
10 Објективните вредности во сметководството D2
за стекнувања

Вовед
Оваа глава дава вовед за основните постапки што се потребни
за консолидацијата и обезбедува формален план во чекори за
извршување на консолидација на извештајот за финансиска
состојба. Ваквата постапка во чекори би требало да ви биде
корисна како почетно упатство за давање одговор на кое било
прашање, но запомнете дека не може да очекувате дека
постапката самата ќе ви го одговори прашањето.
Секое прашање мора да се разгледа и одговори само по себе.
Испитувачите често вклучуваат мали дополнителни или различни
проблеми, бидејќи тие секогаш ги потсетуваат студентите дека
консолидацијата не може да се научи наизуст.
Методот на консолидација што е прикажан овде користи
распореди за пресметките (задржана заработка, неконтролирани
учества, итн.) наместо конта од главната книга што се користат во
некои други текстови. Ова е така бидејќи ние сметаме дека
контата од главната книга ги наведуваат студентите да ги „научат“
книжењата за консолидацијата без да размислуваат за тоа што
прават – а тоа е секогаш опасна практика кога се работи за
прашањата за консолидацијата.
Во оваа глава има многу прашања – разработете ги сите од нив
внимателно.

135
Насоки за учење
Ниво на
знаење
Г ДЕЛОВНИ КОМБИНАЦИИ
1 (a) Објаснете зошто е потребно да се елиминираат 2
трансакциите во рамките на групата.
2 (a) Опишете го и применете го бараниот сметководствен 2
третман за консолидираниот гудвил.
(б) Објаснете зошто е неопходно да се користат објективните
вредности за надоместокот за вложување во подружница
заедно со објективните вредности на идентификуваните
средства и обврски на подружницата при изготвувањето на
консолидирани финансиски извештаи.
3 (a) Изгответе консолидиран извештај за финансиска состојба 2
за едноставна група (матично друштво и една
подружница), адресирајќи ги со добивката пред и по
стекнувањето, неконтролираните учества и
консолидираниот гудвил.
(в) Објаснете ги и евидентирајте ги останатите резерви (на 1
пример, премија на акции и ревалоризирани резерви).
(г) Евидентирајте ги ефектите (во финансиските извештаи) на 2
тргувањето во рамките на групата.
(д) Евидентирајте ги ефектите на усогласувањата на 2
објективната вредност (вклучувајќи го нивниот ефект врз
консолидираниот гудвил) врз:
(i) нетековни средства што подлежат и не подлежат на
депрецијација
(ii) залихи
(iii) монетарни обврски
(iv) средства и обврски што не се вклучени во извештајот
за финансиска состојба на подружницата, вклучувајќи
неизвесни средства и обврски.
(ѓ) Евидентирајте го обезвреднувањето на гудвилот. 2

1. МСФИ 10 Резиме на постапките за


консолидација
МСФИ 10 ги наведува основните постапки за изготвување консолидирани финансиски
извештаи.

1.1 Основна постапка


Финансиските извештаи на матичното друштво и неговите подружници се комбинираат
линија по линија, собирајќи ги сличните ставки како што се средствата, обврските,
главнината, приходите и расходите.
Потоа се преземаат следниве чекори, со цел консолидираните финансиски извештаи да
презентираат финансиски информации за групата како единствен ентитет.
(a) Сметководствената вредност на вложувањето на матичното друштво во секоја
подружница и делот од главнината на матичното друштвото во секоја
подружница се елиминира или се поништува.

136 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


(б) Неконтролираните учества во нето-добивката на консолидираните
подружници се усогласуваат во однос на добивката на групата за да се добие
нето-добивката што се припишува на сопствениците на матичното друштво.
(в) Неконтролираните учества во нето-средствата на консолидираните подружници
треба да се прикажат одделно во консолидираниот извештај за финансиска
состојба.
Другите прашања што треба да се решат ги вклучуваат следниве:
(a) Со гудвилот при консолидација се постапува во согласност со МСФИ 3
(б) Мора да се евидентираат исплатените дивиденди од подружницата
МСФИ 10 наведува дека сите салда и трансакции во рамки на групата и
нереализираните добивки што произлегуваат од нив треба целосно да се
елиминираат. Нереализираните загуби што произлегуваат од трансакциите во групата
треба да се елиминираат освен ако трошокот може да се надомести. Ова ќе биде
објаснето во продолжение на оваа глава.

1.2 Поништување и делумно поништување


Изготвувањето консолидиран извештај за финансиска состојба, во многу едноставна
форма, се состои од две постапки.
(a) Се земаат поединечните извештаи на матичното друштво и на секоја подружница
ѝ се поништуваат ставките што се појавуваат како средство во едно друштво и
обврска во друго.
(б) Се собираат сите непоништени средства и обврски во рамките на групата.
Ставките што е потребно да се поништат можат да го вклучуваат следново:
(a) Средството „удели во подружници“ што се јавува во извештаите на матичното
друштво се споредува со обврската „капитал на сопствениците“ во извештаите на
подружниците.
(б) Може да постои меѓусебно тргување во рамки на групата. На пример,
друштвото Б може да му продава стоки со одложено плаќање на друштвото А.
Друштвото А тогаш би било побарување во извештаите на друштвото Б, додека,
пак, друштвото Б би било обврска во извештаите на друштвото А.

1.3 Пример: поништување


Друштвото А редовно ѝ продава стоки на една од своите подружници, друштвото Б, што
го поседува уште од основањето на Б. Извештајот за финансиска состојба на двете
друштва на 31 декември 20X6 година е даден долу.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X6 г.
Друштво Друштво
А Б
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 35.000 45.000
Вложување во 40.000 акции од $1 во 40.000
друштвото Б по набавна вредност
75.000
Тековни средства
Залихи 16.000 12.000
Побарувања: Друштво Б 2.000 –
Други 6.000 9.000
Пари во банка 1.000
Вкупно средства 100.000 66.000
Главнина и обврски
Главнина
40.000 обични акции од $1 – 40.000
70.000 обични акции од $1 70.000 –
Задржана заработувачка 16.000 19.000

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 137


86.000 59.000
Тековни обврски
Пречекорување на сметка во банка 3.000
Обврски: Друштво А 2.000
Обврски: Други 14.000 2.000

Вкупно главнина и обврски 100.000 66.000


Се бара
Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба на друштвото А на 31
декември 20X6 година.

Решение
Ставките што се поништуваат се:
(a) Средството на друштвото А „вложување во акции во друштвото Б“ ($40.000) се
поништува со обврската на друштвото Б „капитал на сопствениците“ ($40.000);
(б) Средството на друштвото А „побарувања: друштво Б“ ($2.000) се поништува со
обврската на друштвото Б „обврски: друштво А“ ($2.000).
Преостанатите средства и обврски се собираат за да се изготви следниов консолидиран
извештај за финансиска состојба.
Друштво А
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X6 г.
Средства $ $
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 80.000

Тековни средства
Залихи 28.000
Побарувања 15.000
Пари во банка 1.000
44.000
Вкупно средства 124.000
Главнина и обврски
Главнина
70.000 обични акции од $1 70.000
Задржана заработувачка 35.000
105.000
Тековни обврски
Пречекорување на сметка во банка 3.000
Обврски 16.000
19.000
Вкупно главнина и обврски 124.000
Забележете го следново:
(a) Салдото пари во банка на друштвото А не се пребива со пречекорувањето на
сметката во банка на друштвото Б. Нивното меѓусебно пребивање би било
помалку информативно и би било во спротивност со принципот дека средствата и
обврските не треба да се пребиваат.
(б) Акционерскиот капитал во консолидираниот извештај за финансиска состојба е
само акционерскиот капитал на матичното друштво. Ова мора секогаш да
биде така, без оглед на тоа колку е сложена консолидацијата, бидејќи капиталот
на сопствениците кај подружниците мора секогаш да биде ставка што се
поништува во целост.

1.4 Делумно поништување


Некоја ставка може да се јавува во извештаите за финансиска состојба на матичното
друштво и на неговата подружница, но не во истите износи.

138 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


(a) Матичното друштво можеби ги стекнало акциите во подружницата по цена што е
повисока или пониска од нивната номинална вредност. Средството ќе биде
прикажано во извештаите на матичното друштво по набавна вредност, додека,
пак, обврската ќе биде прикажана во извештаите на подружницата по номинална
вредност. Ова го отвора прашањето за гудвил што се разгледува подолу во оваа
глава.
(б) Дури и ако матичното друштво ги стекнало акциите по номинална вредност, тоа
можеби не ги стекнало сите акции во подружницата (така што подружницата
може да биде само делумно поседувана). Ова го отвора прашањето за
неконтролирано учество што, исто така, се разгледува подолу во оваа глава.
(в) Салдата од меѓусебните тргувања во групата можат да бидат неусогласени
поради стоки или пари во транзит.
(г) Едно друштво може да издало должнички хартии од вредност од кои другото
друштво презело само дел.
Следново прашање ги илустрира потребните техники за постапување со ставките (в) и
(г) горе. Постапката предвидува поништување во најголема можна мера.
Преостанатите непоништени износи ќе се појават во консолидираниот извештај за
финансиска состојба.
(a) Непоништените должнички хартии од вредност се јавуваат како обврска на
групата.
(б) Непоништените салда на контата за меѓусебно тргување во групата
претставуваат стоки или пари во транзит што се појавуваат во консолидираниот
извештај за финансиска состојба.

Прашање Поништување

Извештаите за финансиска состојба на друштвото А и неговата подружница, друштвото


Б, се изготвени до 30 јуни. Друштвото А ги поседува сите обични акции и 40% од
должничките хартии од вредност на друштвото Б од неговото основање.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 30 ЈУНИ
Друштво А Друштво Б
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 120.000 100.000
Вложување во друштвото Б, по набавна вредност
80.000 обични акции, секоја со вредност $1 80.000
$20.000 од 12% должнички хартии од вредност во 20.000
друштвото Б
220.000
Тековни средства
Залихи 50.000 60.000
Побарувања 40.000 30.000
Тековна сметка со друштвото Б 18.000
Пари 4.000 6.000
112.000 96.000
Вкупно средства 332.000 196.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1, целосно 100.000 80.000
уплатени
Задржана заработувачка 95.000 28.000
195.000 108.000
Нетековни обврски
10% должнички хартии од вредност 75.000
12% должнички хартии од вредност 50.000
Тековни обврски
Обврски 47.000 16.000

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 139


Данок 15.000 10.000
Тековна сметка со друштвото А 12.000
62.000 38.000
Вкупно главнина и обврски 332.000 196.000
Разликата на тековната сметка се должи на стоките во транзит.
Се бара
Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба на друштвото А.

Одговор
Друштво А
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 30 ЈУНИ
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема (120.000 + 220.000
100.000)
Тековни средства
Залихи (50.000 + 60.000) 110.000
Стоки во транзит (18.000 – 12.000) 6.000
Побарувања (40.000 + 30.000) 70.000
Пари (4.000 + 6.000) 10.000
196.000
Вкупно средства 416.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секој со вредност од $1, целосно 100.000
уплатени (матично друштво)
Задржана заработувачка (95.000 + 28.000) 123.000
223.000
Нетековни обврски
10% должнички хартии од вредност 75.000
12% должнички хартии од вредност (50.000 × 60%) 30.000
105.000
Тековни обврски
Обврски (47.000 + 16.000) 63.000
Данок (15.000 + 10.000) 25.000
88.000
Вкупно главнина и обврски 416.000
Забележете особено како:
(a) Непоништените должнички хартии од вредност во друштвото Б стануваат обврски
на групата.
(б) Стоките во транзит ја претставуваат разликата меѓу тековните сметки ($18.000 –
$12.000).
(в) Вложувањето во акциите на друштвото Б е поништено со акционерскиот капитал
на друштвото Б.

2. Неконтролирани учества
ДЕФИНИЦИЈА
Во консолидираниот извештај за финансиска состојба неопходно е да се разграничат
неконтролираните учества од нето-средствата што можат да ѝ се припишат на групата и
се финансираат со сопствено учество во главнината.

140 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


2.1 Вовед
Претходно беше наведено дека вкупните средства и обврски на подружниците се
вклучени во консолидираниот извештај за финансиска состојба, дури и во случајот на
подружници што се само делумно поседувани. Дел од нето-средствата на таквите
подружници фактички им припаѓаат на вложувачи надвор од групата (неконтролирани
учества).
МСФИ 3 дозволува два алтернативни начина за пресметување на неконтролираното
учество во извештајот за финансиска состојба на групата. Неконтролираното учество
може да се вреднува според:
(a) Неговиот пропорционален удел во објективната вредност на нето-средствата на
подружницата; или
(б) Целосната (или објективната) вредност (вообичаено се заснова врз пазарната
вредност на акциите што се поседувани од неконтролираното учество).
Од вас се бара да бидете способни да ги употребите и двата методи во F7. Испитното
прашање ќе наведе точно кој метод треба да го употребите. Ако се бара од вас да го
употребите методот на „целосна (или објективна) вредност“, тогаш ќе ви биде дадена
цената на акциите или објективната вредност на неконтролираното учество.
Вообичаено, од вас ќе се бара да го употребите методот на објективна вредност.
Во следниов пример е прикажано неконтролираното учество што е пресметано според
неговиот пропорционален удел во нето-средствата на подружницата.

2.2 Пример: Неконтролирано учество


Друштвото А поседува 75% од акционерскиот капитал на друштвото Б уште од датумот
на основањето на друштвото Б. Нивните последни извештаи за финансиска состојба се
дадени долу.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА
Друштво А Друштво Б
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 50.000 35.000
30.000 обични акции од $1 во друштвото Б по набавна 30.000
вредност
80.000
Тековни средства 45.000 35.000
Вкупно средства 125.000 70.000
Главнина и обврски
Главнина
$1 обични акции 80.000 40.000
Задржана заработувачка 25.000 10.000
105.000 50.000
Тековни обврски 20.000 20.000
Вкупно главнина и обврски 125.000 70.000
Се бара
Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба.

Решение
Сите нето-средства на друштвото Б се консолидирани без оглед на фактот што
друштвото е поседувано само 75%. Износот на нето-средствата што им се припишуваат
на неконтролираните учества се пресметува како што следува.
$
Неконтролиран удел во акционерскиот капитал (25% × $40.000) 10.000
Неконтролиран удел во задржаната заработувачка (25% × $10.000) 2.500
12.500

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 141


Од акционерскиот капитал на друштвото Б во износ од $40.000, $10.000 се вклучени во
износот за неконтролираното учество, додека, пак, $30.000 се поништени со средството
„вложување во друштвото Б“ на друштвото А.
Сега може да се изготви консолидираниот извештај за финансиска состојба.
ГРУПА А
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА
$ $
Средства
Недвижности, постројки и опрема 85.000
Тековни средства 80.000
Вкупно средства 165.000
Главнина и обврски
Главнина што им се припишува на сопствениците на матичното друштво
Акционерски капитал 80.000
Задржана заработувачка $(25.000 + (75% × $10.000)) 32.500
112.500
Неконтролирано учество 12.500
125.000
Тековни обврски 40.000
Вкупно главнина и обврски 165.000

2.3 Постапка
(a) Соберете ги средствата и обврските во извештајот за финансиска состојба, т.е.
100% А + 100% Б, независно од тоа фактички колку поседува А.
Ова го покажува износот на нето-средствата што се контролирани од групата.
(б) Акционерскиот капитал е само тој на матичното друштво.
(в) Салдото на резервите на подружницата се консолидира (по поништување на сите
ставки во рамки на групата).
(г) Пресметајте го уделот на неконтролирано учество во нето-средствата на
подружницата (акционерски капитал плус резерви).

Фокус на Видете го списанието Student Accountant од јули 2010 година, за статија од испитувачот,
испитот Стив Скот, со наслов „МСФИ 3 Деловни комбинации (ревидиран)“.

3. Дивиденди исплатени од подружницата


Кога некоја подружница плаќа дивиденда во текот на годината, сметководствениот
третман не е тежок. Да претпоставиме дека друштвото Б, 60% подружница на друштвото
А, плаќа дивиденда од $1.000 на последниот ден од својот сметководствен период.
Неговите вкупни резерви, пред да ја исплати дивидендата, изнесувале $5.000.
(a) $400 од дивидендата им се плаќаат на сопствениците на неконтролираните
учества. Парите излегуваат од групата и нема да се појават никаде во
консолидираниот извештај за финансиска состојба.
(б) Матичното друштво прима $600 од дивидендата, задолжувајќи го контото пари и
одобрувајќи во добивката или загубата. Ова се поништува при консолидацијата.
(в) Преостанатото салдо на задржаната заработувачка во извештајот за финансиска
состојба на друштвото Б ($4.000) се консолидира на вообичаениот начин.
Учеството на групата (60% x $4.000 = $2.400) се вклучува во задржаната
заработувачка на групата во извештајот за финансиска состојба; уделот на
неконтролираното учество (40% x $4.000 = $1.600) се одобрува на контото за
неконтролирано учество во извештајот за финансиска состојба.

142 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


4. Гудвил што произлегува од консолидација
ДЕФИНИЦИЈА Гудвил е вишокот на пренесениот износ плус износот на неконтролираните учества во
однос на објективната вредност на нето-средствата на подружницата.

4.1 Сметководство
За почеток, ќе ги разгледаме книжењата што ги направило матичното друштво во
сопствениот извештај за финансиска состојба кога се стекнало со акциите.
Кога друштвото А сака да купи акции во друштвото Б, тоа мора да им плати на
претходните сопственици на тие акции. Најочигледниот облик на плаќање би бил во
пари. Да претпоставиме дека друштвото А ги купува сите 40.000 акции од $1 во
друштвото Б и им плаќа $60.000 во готово на претходните сопственици како надоместок.
Книжењата во книгите на друштвото А ќе бидат:
ДОЛЖИ Вложување во друштвото Б по набавна вредност $60.000
ПОБАРУВА Банка $60.000
Меѓутоа, претходните сопственици можат да бидат подготвени да прифатат надоместок
во некој друг облик. На пример, тие би можеле да прифатат договорен број акции во
друштвото А. Друштвото А потоа би издало нови акции во договорениот број и би им ги
доделило на поранешните акционери на друштвото Б. Ваквата зделка би можела да
биде примамлива за друштвото А затоа што со неа ја избегнува потребата за големи
парични издатоци. Поранешните акционери на друштвото Б би можеле да задржат
индиректно учество во профитабилноста на тоа друштво преку својот нов удел во
неговото матично друштво.
Продолжувајќи со примерот, да претпоставиме дека наместо паричен износ од $60.000,
акционерите на друштвото Б се согласиле да прифатат по една обична акција од $1 во
друштвото А за секои две обични акции од $1 во друштвото Б. Друштвото А, во тој
случај, би требало да издаде и да додели 20.000 нови акции од $1. Како би била
евидентирана оваа трансакција во книгите на друштвото А?
Поранешните акционери на друштвото Б веројатно се согласиле да прифатат 20.000
акции во друштвото А, бидејќи сметаат дека секоја од тие акции има вредност од $3.
Ова ни го дава следниов метод за евидентирање на трансакцијата во книгите на
друштвото А.

ДОЛЖИ Вложување во друштво Б $60.000

ПОБАРУВА Акционерски капитал $20.000


Конто за премија на акции $40.000
Износот што друштвото А го евидентира во своите книги како набавната вредност на
своето вложување во друштвото Б може да биде поголем или помал од
сметководствената вредност на средствата што ги стекнува. Да претпоставиме дека
друштвото Б во претходниот пример има нула резерви и нула обврски, така што неговиот
акционерски капитал од $40.000 е балансиран со материјални средства со
сметководствена вредност од $40.000. За да ги поедноставиме работите, да
претпоставиме дека сметководствената вредност на средствата на друштвото Б е
еднаква на нивната пазарна или објективна вредност.
Оттаму, кога директорите на друштвото А се согласни да платат $60.000 за 100%
вложување во друштвото Б, тие мора да веруваат дека, покрај неговите материјални
средства од $40.000, друштвото Б мора, исто така, да има нематеријални средства што
вредат $20.000. Овој износ од $20.000 платен преку и над вредноста на стекнатите
материјални средства се нарекува гудвил што произлегува од консолидација
(понекогаш и премија на стекнување).
Следејќи ја вообичаената постапка за поништување, акционерскиот капитал од $40.000
во извештајот за финансиска состојба на друштвото Б се поништува со $40.000 од
„вложувањето во друштво Б“ во извештајот за финансиска состојба на друштвото А. Ова
би оставило $20.000 салдо должи непоништено во извештаите на матичното друштво и
овие $20.000 би се појавиле во консолидираниот извештајот за финансиска состојба под

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 143


заглавјето „Нематеријални нетековни средства: гудвил што произлегува од
консолидација“.

4.2 Гудвил и добивки пред стекнување


Досега претпоставувавме дека друштвото Б имало нула задржана заработувачка кога
неговите акции биле купени од друштвото А. Ако, наместо тоа, претпоставиме дека
друштвото Б заработило добивка од $8.000 во периодот пред стекнувањето, неговиот
извештај за финансиска состојба непосредно пред купувањето би изгледал како што
следува:
$
Вкупно средства 48.000
Акционерски капитал 40.000
Задржана заработувачка 8.000
48.000
Ако друштвото А ги купи сите акции на друштвото Б, тоа ќе се стекне со вкупно средства
во вредност од $48.000 по набавна вредност од $60.000. Јасно е дека, во овој случај,
нематеријалните средства (гудвил) на друштвото Б се вреднуваат на $12.000. Би
требало да биде очигледно дека сите заработувачки што се задржани од подружницата
пред нејзиното стекнување од страна на матичното друштво мора да се вклучат во
процесот на поништување со цел да се дојде до определен износ за гудвил што
произлегува од консолидацијата. Со други зборови, не само акционерскиот капитал на
друштвото Б, туку и неговата задржана заработувачка пред стекнувањето, мора да се
поништат со средството „вложување во друштво Б“ во извештаите на матичното
друштво. Непоништениот остаток од $12.000 се појавува во консолидираниот извештај
за финансиска состојба.
Како последица од ова, сите задржани заработувачки на подружницата пред
стекнувањето не се собираат со задржаните заработувачки на матичното друштво
во консолидираниот извештај за финансиска состојба. Износот на консолидираната
задржана заработувачка се состои од задржаната заработувачка на матичното друштво
плус задржаната заработувачка по стекнувањето само на подружниците.
Задржаната заработувачка по стекнувањето е едноставно задржаната заработувачка
сега намалена за задржаната добивка при стекнувањето.

4.3 Пример: гудвил и добивки пред стекнување


Друштвото Синг ги стекнало обичните акции на друштвото Винг на 31 март и во тоа
време нацрт-извештаите за финансиска состојба на двете друштва биле како што
следува.
ДРУШТВО СИНГ
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 МАРТ
$
Средства
Нетековни средства
Вложување во 50.000 акции на друштвото Винг по набавна вредност 80.000
Тековни средства 40.000
Вкупно средства 120.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции 75.000
Задржана заработувачка 45.000
Вкупно главнина и обврски 120.000
ДРУШТВО ВИНГ
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 МАРТ
$
Тековни средства 60.000
Главнина
50.000 обични акции, секоја со вредност од $1 50.000
Задржана заработувачка 10.000
60.000

144 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба на 31 март.

Решение
Техниката што треба да се употреби во овој случај е да се изготви нова пресметка:
„гудвил“. Во продолжение е дадена проформа пресметка.
Гудвил
$ $
Пренесен надоместок X
Стекнати нето-средства претставени преку:
Капитал од обични акции X
Премија на акции X
Задржана заработувачка при стекнување X
(X)
Гудвил X
Ако го примениме ова во нашиот пример, пресметката би изгледала вака.
$ $
Пренесен надоместок 80.000
Стекнати нето-средства претставени преку:
Капитал од обични акции 50.000
Задржана заработувачка при стекнување 10.000

(60.000)
Гудвил 20.000

ДРУШТВО СИНГ
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 МАРТ
$
Средства
Нетековни средства
Гудвил што произлегува од консолидација (П) 20.000
Тековни средства (40.000 + 60.000) 100.000
Вкупно средства 120.000

Главнина и обврски
Обични акции 75.000
Задржана заработувачка 45.000
Вкупно главнина и обврски 120.000

4.4 Гудвил и неконтролирано учество


Сега да разгледаме што би се случило ако друштвото Синг стекнало помалку од 100%
од акциите на друштвото Винг.
Ако друштвото Синг платило $70.000 за 40.000 акции во друштвото Винг, пресметката за
гудвилот би била како што следува:
$
Пренесен надоместок 70.000
Неконтролирано учество (60.000 x 20%) 12.000
Стекнати нето-средства (60.000)
Гудвил 22.000

4.5 Неконтролирано учество по објективна вредност


МСФИ 3 (ревидиран) им дава можност на ентитетите да го вреднуваат
неконтролираното учество (НУ) по објективна вредност. Размислувањето за ова е дека
неконтролираното учество, исто така, поседува дел од гудвилот во подружницата и дека
традиционалниот начин на консолидација не го покажува овој гудвил.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 145


Ревидираниот МСФИ 3 сугерира дека најблиската проценка за објективната вредност ќе
биде пазарната цена на акциите што се поседувани од сопствениците на
неконтролираното учество непосредно пред стекнувањето од матичното друштво.
Ако продолжиме со горенаведениот пример, ќе претпоставиме дека пазарната цена на
акциите изнесувала $1,25. Во тој случај, пресметката на гудвилот ќе биде како што
следува:

$
Пренесен надоместок 70.000
Објективна вредност на НУ (10.000 × $1,25) 12.500
Нето-средства при стекнување (60.000)
Гудвил 22.500
Гудвилот (вкупно $22.500) е $500 поголем од гудвилот што е пресметан со мерење на
неконтролираното учество според неговиот удел во нето-средствата на подружницата.
Овие $500 го претставуваат гудвилот што се припишува на неконтролираното
учество.

4.6 Неконтролирано учество на крајот од годината


Кога се користи можноста за вреднување на неконтролираното учество по објективна
вредност, гудвилот што се припишува на НУ, исто така, се додава на НУ на крајот од
годината. Наједноставниот начин за пресметување на ова е да се започне со
објективната вредност на НУ при стекнување и додавање на уделот на НУ во
задржаната заработувачка по стекнувањето.
Ова е илустрирано во следниов разработен пример.

4.7 Разработен пример


А стекнало 75% од акциите во Б на 1 јануари 2007 година, кога Б имало задржана
заработувачка од $15.000. Пазарната цена на акциите на Б непосредно пред датумот на
стекнување била $1,60. А го вреднува неконтролираното учество по објективна
вредност. Гудвилот не е обезвреднет.
Извештаите за финансиска состојба на А и Б на 31 декември 20X7 година биле како што
следува:
А Б
$ $
Недвижности, постројки и опрема 60.000 50.000
Акции во Б 68.000 –
128.000 50.000
Тековни средства 52.000 35.000
180.000 85.000
Акционерски капитал – акции од $1 100.000 50.000
Задржана заработувачка 70.000 25.000
170.000 75.000
Тековни обврски 10.000 10.000
180.000 85.000
Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба на групата А.

4.8 Решение
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА
$
Средства
Недвижности, постројки и опрема (60.000 + 50.000) 110.000
Гудвил (П1) 23.000
Тековни средства (52.000 + 35.000) 87.000
Вкупно средства 220.000
Главнина и обврски

146 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Главнина што им се припишува на сопствениците на А
Акционерски капитал 100.000
Задржана заработка (П2) 77.500
177.500
Неконтролираното учество (П3) 22.500
Вкупно главнина 200.000
Тековни обврски (10.000 + 10.000) 20.000
220.000
Пресметки
1 Гудвил
Група
$
Пренесен надоместок 68.000
Објективна вредност на НУ (12.500 x $1,60) 20.000
Нето-средства на Б при стекнување (50.000 + (65.000)
15.000)
Гудвил 23.000

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 147


2 Задржана заработувачка
А Б
$ $
Според извештај за финансиска состојба 70.000 25.000
Намалено за износ пред стекнување (15.000)
10.000
Учество на групата во Б (10.000 × 75%) 7.500
Задржана заработувачка на групата 77.500
3 Неконтролираното учество на крајот од годината
$
НУ при стекнување 20.000
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето (10.000 x 2.500
25%)
22.500

4.9 Ефектот на неконтролирано учество по објективна


вредност
Од горенаведениот пример може да видите дека употребата на опцијата за вреднување
според објективната вредност ги зголемува гудвилот и неконтролираното учество за
истиот износ. Тој износ го претставува гудвилот што се припишува на акциите што се
поседувани од сопствениците на неконтролираните учества. Тој не мора задолжително
да биде сразмерен на гудвилот што му се припишува на матичното друштво. Матичното
друштво можеби платило сразмерно повеќе за да стекне контролирано учество. Ако
неконтролираното учество било вреднувано според уделот во нето-средствата, гудвилот
и неконтролираното учество во горенаведениот пример би биле како што следува:
П1 Гудвил
$
Пренесен надоместок 68.000
Неконтролираното учество ((50.000 + 15.000) × 25%) 16.250
Нето-средства на Б при стекнување (50.000 + 15.000) (65.000)
19.250
П3 Неконтролираното учество на крајот од годината
$
НУ при стекнување 16.250
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето 2.500
18.750
Споредете ги овие со гудвилот и неконтролираното учество во решението горе и ќе
видите дека и двете се намалени за $3.750 – гудвилот што му се припишува на
неконтролираното учество. Така, без оглед на тоа дали неконтролираното учество е
вреднувано според уделот во нето-средствата или според објективната вредност,
извештајот за финансиска состојба сè уште е балансиран.
Фокус на
испитот Можноста за вреднување на неконтролираното учество по објективна вредност е
воведена со ревидираниот МСФИ 3, но претставува само опција. Друштвата можат да
изберат да ја усвојат или да продолжат да го вреднуваат неконтролираното учество
според уделот во нето-средствата. На испитот веројатно ќе добиете упатство да ја
примените опцијата со објективната вредност. Ако се бара од вас да ја употребите
опцијата со објективната вредност, испитувачот нагласи дека има две можности:
(1) Може да ви биде дадена цената на акциите на подружницата непосредно пред
стекнувањето.
(2) Може да ви биде кажано дека неконтролираното учество е вреднувано со
определен износ.
На испитот ќе ви биде кажано кој метод треба да го користите во прашањето за
консолидацијата. Таму ќе биде наведено:
„Политиката на групата е да го вреднува неконтролираното учество според целосната
(или објективната) вредност“; или

148 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


„Политиката на групата е да го вреднува неконтролираното учество според неговиот
сразмерен удел во (објективната вредност на) идентификуваните нето-средства на
подружницата“.
Поголема е веројатноста дека ќе ве тестираат за неконтролираното учество по целосна
(објективна) вредност.

4.10 Обезвреднување на гудвил


Гудвилот што произлегува од консолидацијата подлежи на годишна проверка за
обезвреднување и обезвреднувањето може да се изрази како износ или како процент.
Двојното книжење за отпишување на обезвреднувањето е:
ДОЛЖИ Задржана заработувачка на групата ПОБАРУВА Гудвил
Меѓутоа, кога неконтролираното учество е вреднувано по објективна вредност,
гудвилот во извештајот за финансиска состојба го вклучува гудвилот што се припишува
на неконтролираното учество. Во овој случај, двојното книжење ќе го одразува уделот на
неконтролираното учество врз основа на уделот во акциите на следниов начин:
ДОЛЖИ Задржана заработувачка на групата ПОБАРУВА Гудвил
ДОЛЖИ Неконтролирано учество
Во нашето решение во точката 4.8, неконтролираното учество поседува 25%. Ако
вкупниот гудвил од $23.000 бил обезвреднет за 20%, двојното книжење за тоа би било:
$ $
ДОЛЖИ Задржана заработувачка 3.450 ПОБАРУВА Гудвил 4.600
ДОЛЖИ Неконтролираното учество 1.150
Неконтролираното учество на крајот од годината, во тој случај, би изнесувало $21.350.

4.11 Добивка од поволна набавка


Гудвилот што произлегува од консолидацијата е еден облик на стекнат гудвил и се
уредува со МСФИ 3. Како што беше објаснето во претходната глава, МСФИ 3 бара
гудвилот што произлегува од консолидацијата да се капитализира во
консолидираниот извештај за финансиска состојба и да се проверува за
обезвреднување еднаш годишно.
Гудвилот што произлегува од консолидацијата е разликата меѓу набавната вредност на
стекнувањето и вредноста на стекнатите нето-средства на подружницата. Оваа разлика
може да биде негативна: збирот на објективните вредности на посебните стекнати нето-
средства може да биде поголем од износот што матичното друштво го платило за нив.
Ова често се нарекува негативен гудвил. МСФИ 3 го нарекува „добивка остварена при
поволна набавка“. Во оваа ситуација:
(a) Ентитетот прво треба да направи повторна процена на измерените износи на
трошокот на комбинацијата и идентификуваните нето-средства на стекнатиот
ентитет. Оваа активност треба да ги идентификува сите грешки.
(б) Секој преостанат вишок треба веднаш да се признае во добивката или
загубата.

4.12 Облици на надоместок


Надоместокот што матичното друштво го платило за акциите во подружницата може да
биде во повеќе различни облици и ова ќе влијае врз пресметката на гудвилот. Еве
неколку примери за тоа:

4.12.1 Неизвесен надоместок


Матичното друштво стекнало 60% од акционерскиот капитал на подружницата во износ
од $100 м. на 1 јануари 20X6 година за парична уплата во износ од $150 м. и за
дополнителна уплата од $50 м. на 31 март 20X7 година ако добивката на подружницата
надмине определен договорен износ до тој датум.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 149


Во финансиските извештаи за годината, до 31 декември 20X6 година, му се додаваат
$50 м. на трошокот на комбинацијата, дисконтирани ако е тоа соодветно.
МСФИ 3 бара објективната вредност на неизвесниот надоместок на датумот на
стекнување да се признае како дел од пренесениот надоместок во замена за стекнатиот
ентитет. Во испитното прашање, на студентите ќе им биде соопштена објективната
вредност на денот на стекнувањето или како да ја пресметаат истата.
Од стекнувачот може да се бара да го плати неизвесниот надоместок во облик на
главнина, должнички инструмент или пари. Должничкиот инструмент треба да се
прикаже во согласност со МСС 32. Неизвесниот надоместок може, исто така, да биде
средство, ако надоместокот веќе бил пренесен и стекнувачот има право да бара да му
се врати дел од него доколку се исполнети определени услови.
Забелешка: Со претходната верзија на МСФИ 3 се бараше неизвесниот надоместок да
се признае ако постои веројатност дека тој ќе стане обврска. МСФИ 3 (ревидиран) го
отфрла ова барање – сега се признава целиот неизвесен надоместок. Можно е
објективната вредност на неизвесниот надоместок да се промени по датумот на
стекнување. Ако ова се должи на добиени дополнителни информации што влијаат врз
состојбата на датумот на стекнување, гудвилот треба повторно да се измери. Ако
промената се должи на настани по датумот на стекнување (како што е исполнувањето
повисока цел за заработката, така што е платлив поголем дел), таа треба да се
евидентира во согласност со МСФИ 9 ако надоместокот е во облик на финансиски
инструмент (на пример, должничка обврзница) или во согласност со МСС 37 како
зголемување на резервирањето ако е во форма на пари. Какви било сопственички
инструменти не се мерат повторно.

4.12.2 Одложен надоместок


Може да се постигне договор, дел од надоместокот за комбинацијата да се плати на
некој подоцнежен датум. Овој надоместок, според тоа, се дисконтира до својата сегашна
вредност со користење на трошокот на капиталот на стекнувачот.

Пример
Матичното друштво стекнало 75% од вкупно 80 милиони акции од $1 на подружницата
на 1 јануари 20X6 година. Тоа платило $3,50 по акција и се согласило да плати
дополнителни $108 м. на 1 јануари 20X7 година.
Трошокот на капиталот на матичното друштво е 8%.
Во финансиските извештаи за годината до 31 декември 20X6, трошокот на
комбинацијата ќе биде како што следува:
$ м.
80 м. акции × 75% × $3,50 210
Одложен надоместок:
$108 м. × 1/1,08 100
Вкупен надоместок 310
На 31 декември 20X6 година, $8 м. се признаваат во финансиски трошоци и
претставуваат амортизација на дисконтот за одложениот надоместок. Одложениот
надоместок бил дисконтиран за $8 м. за да се земе предвид временската вредност на
парите. На 1 јануари 20X7 година целиот износ станува платлив.

4.12.3 Размена на акции


Матичното друштво стекнало 12.000 акции од $1 во подружницата преку издавање 5
свои акции од $1 за секои 4 акции во подружницата. Пазарната вредност на акциите на
матичното друштво е $6.
Трошокот на комбинацијата е:
$
12.000 × 5/4 × $6 90.000
Забележете дека ова се одобрува во акционерскиот капитал и премијата на акциите на
матичното друштво на следниов начин:

150 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Должи Побарува
Вложување во подружница 90.000
Акционерски капитал ($12.000 × 5/4) 15.000
Премија на акции ($12.000 × 5/4 × 5) 75.000

4.12.4 Расходи и трошоци за издавање


Расходите за комбинацијата, како што се надоместоците за адвокати и сметководители,
се расходуваат кога настануваат. Меѓутоа, МСФИ 3 предвидува дека трошоците на
ентитетот што издава акционерски капитал треба да се третираат како одбиток од
приливите од издавањето на акциите. Според тоа, трошоците за издавање акции се
задолжуваат на сметката за премија на акции. Трошоците за издавање финансиски
инструменти се одбиваат од приливите на финансискиот инструмент.

4.13 Консолидирани усогласувања


На датумот на стекнувањето, матичното друштво ги признава средствата, обврските и
неизвесните обврски на подружницата по нивната објективна вредност на датумот на кој
била стекната контрола. Може да се случи некои од овие средства или обврски да не
биле претходно признаени од страна на стекнатиот ентитет.
На пример, подружницата може да има даночни загуби што биле пренесени од
претходните години, но таа не ги признала како средство затоа што не можела да ги
предвиди идните добивки со коишто тие можеле да се анулираат. Ако даночните загуби
сега можат да се искористат од страна на стекнувачот, тие ќе бидат признаени како
средство што може да се идентификува и ќе бидат вклучени во пресметката за гудвилот.

5. Неконтролирано учество по објективна


вредност
Сега ќе го разгледаме целосното прашање за консолидацијата, вклучувајќи го
неконтролираното учество по објективна вредност.

Прашање Консолидиран извештај за финансиска состојба

Нацрт-извештаите за финансиска состојба на друштвата Пинг и Понг на 30 јуни 20X8


година биле како што следува.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 30 ЈУНИ 20X8 година
ДРУШТВО ДРУШТВО
ПИНГ ПОНГ
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 50.000 40.000
20.000 обични акции друштвото Понг по набавна вредност 30.000 -
80.000 -
Тековни средства
Залихи 3.000 8.000
Долг на друштвото Пинг - 10.000
Побарувања 16.000 7.000
Пари 2.000 –
21.000 25.000
Вкупно средства 101.000 65.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 45.000 25.000
Ревалоризационен вишок 12.000 5.000
Задржана заработувачка 26.000 28.000
83.000 58.000
Тековни обврски

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 151


ДРУШТВО ДРУШТВО
ПИНГ ПОНГ
$ $
Се должи на друштвото Понг 8.000 –
Обврски кон добавувачите 10.000 7.000
18.000 7.000
Вкупно главнина и обврски 101.000 65.000
Друштвото Пинг го стекнало своето вложување во друштвото Понг на 1 јули 20X7 година
кога задржаната заработувачка на друштвото Понг изнесувала $6.000. Договорениот
надоместок изнесувал $30.000 во пари и дополнителни $10.000 на 1 јули 20X9 година.
Трошокот на капиталот на друштвото Пинг е 7%. Друштвото Понг има внатрешно
развиена трговска марка – „Понг“ – што била вреднувана на $5.000 во времето на
стекнувањето. Немало промени на акционерскиот капитал или ревалоризациониот
вишок на друштвото Понг по тој датум. На 30 јуни 20X8 година, друштвото Понг му
испратило фактура на друштвото Пинг за стоки во вредност од $2.000 и друштвото Пинг
испратило исплата во целост, но таа не била примена од друштвото Понг.
Нема обезвреднување на гудвилот. Политиката на групата е да го вреднува
неконтролираното учество според целосната објективна вредност. На датумот на
стекнување, неконтролираното учество било вреднувано на $9.000.
Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба на друштвото Пинг на 30
јуни 20X8 година.

Одговор
1 Пресметајте го гудвилот
Гудвил
Група
$
Пренесен надоместок (П2) 38.734
Објективна вредност на НУ 9.000
Стекнати нето-средства претставени
преку:
Капитал од обични акции 25.000
Ревалоризиран вишок при стекнување 5.000
Задржана заработувачка при стекнување 6.000
Нематеријално средство – трговска марка 5.000
(41.000)
Гудвил 6.734
Гудвилот мора да се капитализира во консолидираниот извештај за финансиска
состојба.
2 Пренесен надоместок
$
Платени пари 30.000
Објективна вредност на одложениот надоместок (10.000 x 1/(1.072*)) 8.734
38.734
* Забележете дека одложениот надоместок бил дисконтиран по стапка од 7% за
две години (од 1 јули 20X7 до 1 јули 20X9 година).
Меѓутоа, на датумот на тековните финансиски извештаи, 30 јуни 20X8 година,
дисконтот за една година бил амортизиран. Износот на амортизираниот дисконт е
$
(10.000 × 1/1,07) – 8.734 612
Така, овој износ се задолжува во финансиските трошоци во консолидираните
финансиски извештаи и одложениот надоместок во обврските се прикажува како
$9.346 (8.734 + 612).
3 Пресметајте ги консолидираните резерви.
Консолидиран ревалоризиран вишок

152 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


$
Друштво Пинг 12.000
Уделот во ревалоризираниот вишок на друштвото Понг по –
стекнувањето
12.000
Консолидирана задржана заработувачка
Пинг Понг
$ $
Задржана заработувачка според прашање 26.000 28.000
Намалена за износот пред стекнувањето (6.000)
Амортизиран дисконт – финансиски трошоци (612) 22.000
Удел на Понг: 80% × $22.000 17.600
42.988
4 Пресметајте го неконтролираното учество на крајот од годината
$
Објективна вредност на неконтролирано учество 9.000
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето 4.400
(22.000 x 20%)
13.400
5 Сложете ги тековните сметки
Друштвото Понг има пари во транзит во износ од $2.000 што треба да се додадат
на ставката пари и да се одбијат од износот што го должи друштвото Пинг.
Поништете ги вообичаените ставки: тоа се тековните сметки меѓу двете друштва,
секоја во вредност од $8.000.
6 Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба.
ДРУШТВО ПИНГ
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 30 ЈУНИ 20X8 г.
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема (50.000 + 40.000) 90.000
Нематеријални средства: Гудвил (П1) 6.734
Трговска марка (П1) 5.000
Тековни средства
Залихи (3.000 + 8.000) 11.000
Побарувања (16.000 + 7.000) 23.000
Пари (2.000 + 2.000) 4.000
38.000
Вкупно средства 139.734
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 45.000
Ревалоризационен вишок (П3) 12.000
Задржана заработувачка (П3) 42.988
99.988
Неконтролирано учество (П4) 13.400
113.388
Тековни обврски
Обврски кон добавувачи (10.000 + 7.000) 17.000
Одложен надоместок (П2) 9.346
Вкупно главнина и обврски 139.734

Испитувачот изјави дека тој вообичаено ќе ја испитува пресметката на гудвил во која


неконтролираното учество е прикажано по објективна вредност, така што треба да се
осигурите дека сте разбрале како се прави тоа.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 153


6. Тргување во рамки на групата
ДЕФИНИЦИЈА
Тргувањето во рамките на групата може да доведе до нереализирана добивка што се
елиминира при консолидацијата.

6.1 Нереализирана добивка


Какви било неподмирени салда на побарувања и обврски помеѓу друштвата се
поништуваат при консолидацијата. Не се јавува никаков дополнителен проблем ако сите
трансакции меѓу друштвата во групата се извршени по цена на чинење, без било каква
маржа за добивка.
Меѓутоа, секое друштво во групата е посебен трговски ентитет и може да посака да ги
третира останатите друштва во групата на ист начин како и останатите купувачи. Во овој
случај, едно друштво (на пример, друштво А) може да купува стоки по една цена и да ги
продава по повисока цена на друго друштво во групата (друштво Б). Извештаите на
друштвото А сосема уредно ќе ја вклучуваат заработената добивка од продажбата на
друштвото Б; на сличен начин, извештајот за финансиска состојба на друштвото Б ќе
вклучува залихи по нивната набавна вредност за друштвото Б, т.е. по износот за којшто
тие биле купени од друштвото А.
Ова доведува до два проблеми.
(a) Иако друштвото А остварува добивка веднаш штом ќе му продаде стоки на
друштвото Б, групата не врши продажба или добивка сè додека некој надворешен
купувач не ги купи стоките од друштвото Б.
(б) Сите набавки од друштвото А што ќе останат непродадени од страна на
друштвото Б на крајот од годината ќе бидат вклучени во залихите на друштвото Б.
Нивната вредност во извештајот за финансиска состојба ќе биде нивната набавна
вредност за друштвото Б, што не е иста како нивната набавна вредност за
групата.
Целта на консолидираните финансиски извештаи е да ја презентираат финансиската
состојба на повеќе поврзани друштва како тие да се единствен ентитет, групата. Ова
значи дека во консолидиран извештај за финансиска состојба, единствените
признаени добивки треба да бидат оние што се остварени од страна на групата
преку обезбедување стоки или услуги на надворешни страни; и, слично на тоа, залихите
во консолидираниот извештај за финансиска состојба треба да се вреднуваат според
нивната набавна вредност за групата.
Да претпоставиме дека матичното друштво А купува стоки за $1.600 и ги продава истите
на целосно поседувана подружница Б за $2.000. Стоките се во залихите на друштвото Б
на крајот од годината и се појавуваат во извештајот за финансиска состојба на
друштвото Б во вредност од $2.000. Во овој случај, друштвото А ќе евидентира добивка
од $400 во своите посебни извештаи, но од гледна точка на групата, износите се:
Набавна вредност $1.600
Надворешна продажба нула
Конечна состојба на залихи по набавна вредност $1.600
Добивка/загуба нула
Ако ги собереме износите за задржаната заработувачка и залихите во посебните
извештаи за финансиска состојба на друштвото А и друштвото Б, збирните износи за
консолидираната задржана заработувачка и консолидираните залихи ќе бидат
преценети за $400. Оттаму, потребно е усогласување за консолидација, како што
следува.
ДОЛЖИ Задржана заработувачка на групата
ПОБАРУВА Залихи на групата (извештај за финансиската состојба)
со износот на нереализираната добивка за групата.

154 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


6.2 Неконтролирани учества во нереализираните добивки
во рамките на групата
Се појавува дополнителен проблем кога некоја подружница што не е целосно
поседувана е вклучена во тргување со друштвата во рамките на групата. Ако
подружницата Б е 75% поседувана и продава стоки на матичното друштво за набавна
вредност од $16.000 плус $4.000 добивка, т.е. за $20.000, и ако овие стоки не се
продадени од страна на друштвото А на крајот од периодот на известување,
„нереализираната“ добивка од $4.000 што е заработена од друштвото Б и му е
наплатена на друштвото А ќе биде делумно поседувана од неконтролираното учество во
друштвото Б.
Правилниот третман за ваквите добивки во рамките на групата е да се отстрани целата
добивка, задолжувајќи го неконтролираното учество со неговиот дел.

Книжења ДОЛЖИ Задржана заработувачка на групата


што треба ДОЛЖИ Неконтролирано учество
да се научат ПОБАРУВА Залихи на групата (извештај за финансиската состојба)

6.3 Пример: неконтролирани учества и добивки во рамките


на групата
Друштвото А поседува 75% од акциите во друштвото Б уште од неговото основање. Во
текот на годината до 31 декември 20X2 година, друштвото Б му продало стоки со
набавна вредност од $16.000 на друштвото А по цена од $20.000 и овие стоки потоа
останале непродадени од друштвото А на крајот од годината. Нацрт-извештаите за
финансиската состојба на двете друштва на 31 декември 20X2 година биле како што
следува.

Друштво А Друштво Б
Средства $ $ $ $
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 125.000 120.000
Вложување: 75.000 акции во друштвото Б 75.000 –
по набавна вредност
200.000 120.000
Тековни средства
Залихи 50.000 48.000
Побарувања од купувачите 20.000 16.000
70.000 64.000
Вкупно средства 270.000 184.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1, 80.000 100.000
целосно уплатени
Задржана заработувачка 150.000 60.000
230.000 160.000
Тековни обврски 40.000 24.000
Вкупно главнина и обврски 270.000 184.000
Се бара
Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба на друштвото А на 31
декември 20X2 година. На датумот на стекнување, неконтролираното учество било
вреднувано на $25.000.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 155


Решение
Добивката што била заработена од друштвото Б, но нереализирана од групата е $4.000,
од кои $3.000 (75%) ѝ се припишуваат на групата и $1.000 (25%) на неконтролираното
учество.
Друштво А Друштво Б
$ $
Задржана заработувачка
Според прашање 150.000 60.000
Намалено за нереализирана добивка (4.000)
56.000
Учество во друштвото Б: $56.000 × 75% 42.000
192.000
Неконтролирано учество
Објективна вредност при стекнување 25.000
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето (56.000 x 14.000
25%)
39.000
Друштво А
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X2 г.
$ $
Средства
Недвижности, постројки и опрема 245.000
Тековни средства
Залихи $(50.000 + 48.000 – 4.000) 94.000
Побарувања од купувачите 36.000
130.000
Вкупно средства 375.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 80.000
Задржана заработувачка 192.000
272.000
Неконтролирано учество 39.000
311.000
Тековни обврски 64.000
Вкупно главнина и обврски 375.000

Прашање Нереализирана добивка

Друштвото А стекнало 80% од акциите во друштвото Б пред една година, кога резервите
на друштвото Б изнесувале $10.000. Нацрт-извештаите за финансиската состојба за
секое друштво се како што следува.
Друштво А Друштво Б
$ $ $ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 80.000 40.000
Вложување во друштвото Б по набавна 46.000
вредност
126.000
Тековни средства 40.000 30.000
Вкупно средства 166.000 70.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 100.000 30.000
Задржана заработувачка 45.000 22.000
145.000 52.000
Тековни обврски 21.000 18.000
Вкупно главнина и обврски 166.000 70.000

156 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Во текот на годината, друштвото Б му продало стоки на друштвото А за $50.000, при што
добивката за друштвото Б е 20% од продажната цена. На крајот од периодот на
известување, стока во вредност од $15.000 останала непродадена во залихите на
друштвото А. На истиот датум, друштвото А му должело на друштвото Б $12.000 за
купените стоки и овој долг е вклучен во обврските кон добавувачите на друштвото А и во
побарувањата од купувачите на друштвото Б. Неконтролирано учество е вреднувано по
објективна вредност. Тоа било вреднувано на $9.000 на датумот од стекнувањето.
Се бара
Изгответе консолидиран нацрт-извештај за финансиска состојба на друштвото А.

Одговор
Друштво А
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема (80.000 + 40.000) 120.000
Гудвил (П1) 15.000
135.000
Тековни средства (П3) 55.000
Вкупно средства 190.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 100.000
Задржана заработувачка (П2) 52.200
152.200
Неконтролирано учество (П5) 10.800
Тековни обврски (П4) 27.000
Вкупно главнина и обврски 190.000

Пресметки
1 Гудвил
$ $
Пренесен надоместок 46.000
Објективна вредност на неконтролирано учество 9.000
Стекнати нето-средства претставени преку
Акционерски капитал 30.000
Задржана заработувачка 10.000
(40.000)
Гудвил 15.000

2 Задржана заработувачка
Друштво Друштво
А Б
$ $
Задржана заработувачка според прашање 45.000 22.000
Нереализирана добивка: 20% × $15.000 (3.000)
Пред стекнување (10.000)
9.000
Учество во друштвото Б 80% 7.200
52.200
3 Тековни средства
$ $
Во извештајот за финансиска состојба на друштвото А 40.000
Во извештајот за финансиска состојба на друштвото Б 30.000
Намалено за поништената тековна сметка на друштвото Б (12.000)
со друштвото А
18.000

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 157


58.000
Намалено за нереализирана добивка што е исклучена од (3.000)
вреднувањето на залихите
55.000
4 Тековни обврски
$
Во извештајот за финансиска состојба на друштвото А 21.000
Намалено за поништената тековна сметка на друштвото А со (12.000)
друштвото Б
9.000
Во извештајот за финансиска состојба на друштвото Б 18.000
27.000
5 Неконтролирано учество
$
Објективна вредност на датумот на стекнувањето 9.000
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето (9.000 x 20%) 1.800
10.800

7. Продажба на нетековни средства во


рамките на групата
ДЕФИНИЦИЈА Исто како што вршат меѓусебни трговски активности, друштвата во групата можат
повремено да сакаат да извршат пренос на нетековни средства.

7.1 Сметководствен третман


Во своите посебни извештаи, засегнатите друштва ќе го третираат преносот исто како
продажба меѓу неповрзани страни: друштвото што продава ќе евидентира добивка или
загуба од продажбата, додека, пак, друштвото што купува ќе го евидентира средството
по износот што бил платен за неговото стекнување и ќе го искористи тој износ како
основа за пресметување на депрецијацијата.
При консолидација се применува вообичаениот принцип за „ентитет-група“.
Консолидираниот извештај за финансиската состојба мора да ги покажува средствата по
нивната набавна вредност за групата и каков било трошок за депрецијација мора да се
заснова врз таа набавна вредност. За да се постигне ова, вообичаено се потребни две
консолидирани усогласувања.
(a) Усогласување за менување на задржаната заработувачка и набавната вредност
на нетековните средства за да се отстранат сите елементи на нереализирана
добивка или загуба. Ова е слично на усогласувањето што се бара во однос на
нереализираната добивка во залихите.
(б) Се врши усогласување за менување на задржаната добивка и акумулираната
депрецијација, така што консолидираната депрецијација се заснова врз набавната
вредност на средството за групата.
Во практиката, овие чекори се комбинираат така што задржаната заработувачка на
ентитетот што ја остварува нереализираната добивка се задолжуваат со
нереализираната добивка намалена за дополнителната депрецијација.
Двојното книжење е како што следува:
(a) Продажба од матичното друштво
ДОЛЖИ Задржана заработувачка на групата
ПОБАРУВА Нетековни средства
со добивката при отуѓување, намалена за дополнителната депрецијација.
(б) Продажба од подружницата

158 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


ДОЛЖИ Задржана заработувачка на групата (учеството на А во Б)
ДОЛЖИ Неконтролирано учество (учеството на НУ во Б)
ПОБАРУВА Нетековни средства
со добивката при отуѓување, намалена за дополнителната депрецијација.

7.2 Пример: продажба на нетековни средства во рамките


на групата
Друштвото А поседува 60% од акциите на друштвото Б и на 1 јануари 20X1 година
друштвото Б му продава на друштвото А постројка во вредност од $10.000 за $12.500.
Друштвата изготвуваат извештаи до 31 декември 20X1 година и салдата на нивните
задржани заработувачки на тој датум се:
Друштво А по пресметување депрецијација од 10% за постројката
$27.000
Друштво Б вклучувајќи ја добивката од продажбата на постројката $18.000
Се бара
Покажете ја пресметката за консолидираната задржана заработувачка.

Решение
Задржана заработувачка
Друштво Друштво
А Б
$ $
Според прашање 27.000 18.000
Отуѓување постројка
Добивка (2.500)
Депрецијација: 10% × $2.500 250
15.750
Учество во друштвото Б: $15.750 × 60% 9.450
36.450
Белешки
1 Неконтролираното учество во задржаната заработувачка на друштвото Б е 40% x
$15.750 = $6.300.
2 Вредноста на средството е намалена до неговата набавна вредност и
депрецијацијата на елементот „добивка“ е отстранета. Добивката на групата за
годината, според тоа, е намалена за нето (($2.500 – $250) x 60%) = $1.350.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 159


8. Резиме: консолидиран извештај за
финансиска состојба
Цел Да ги покаже нето-средствата што се под контрола на А и сопственоста
на тие средства.
Нето- Секогаш 100% А плус 100% Б под услов ако А поседува мнозинство од
средства гласачките права.
Акционерски Само А.
капитал
Причина Единствено поради поднесување извештаи на акционерите на
матичното друштво во друга форма.
Задржана 100% А плус учеството на групата во задржаната заработувачка по
заработувачк стекнувањето на Б намалено за усогласувањето за консолидација.
а
Причина Да се покаже степенот до којшто групата фактички ги поседува вкупните
средства намалени за обврските.
Неконтролира Објективна вредност на датумот на стекнувањето плус учество во
но учество задржаната добивка (загуба) по стекнувањето.
Причина Да се покаже главнината во некоја подружница што не може да му се
припише на матичното друштво.

9. Стекнување подружница во текот на


нејзиниот сметководствен период
ДЕФИНИЦИЈА Кога некое матично друштво стекнува подружница во текот на нејзиниот сметководствен
период, единствените сметководствени книжења што се вршат во тоа време се
книжењата за евидентирање на набавната вредност на стекнувањето во книгите на
матичното друштво. На крајот од сметководствениот период се вршат усогласувањата
за консолидација.

9.1 Добивки пред стекнувањето


Како што веќе видовме, на крајот од сметководствената година ќе биде потребно да се
изготват консолидирани извештаи.
Извештаите на подружницата што треба да се консолидираат ќе ја покажуваат
добивката или загубата на подружницата за целата година. Меѓутоа, за потребите на
консолидацијата ќе биде неопходно да се разграничат:
(a) Добивките што се заработени пред стекнувањето
(б) Добивките што се заработени по стекнувањето
Во практиката, добивката на подружницата не се зголемува рамномерно во текот на
годината; на пример, подружницата може да се занимава со трговска дејност, како што е
продажбата на играчки, што има особени сезонски флуктуации. Сепак, може да се
претпостави дека добивката ќе се зголемува рамномерно секогаш кога е неизводливо
утврдувањето на точната поделба на добивките пред и по стекнувањето.
Откако ќе се утврди износот на добивката пред стекнувањето, можат да се извршат
неопходните пресметки за консолидација (гудвил, задржана заработувачка).
Би било добро да резимираме што се случува при консолидацијата со износите за
задржаната заработувачка што се извлечени од извештајот за финансиската состојба на
подружницата. Да претпоставиме дека извештаите на друштвото Б, што е 60%
подружница на друштвото А, покажуваат задржана заработувачка од $20.000 на крајот
од периодот на известување, од кои $14.000 биле заработени пред стекнувањето.

160 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Износот од $20.000 се појавува во консолидираниот извештај за финансиска состојба,
како што следува.
$
Пресметка за неконтролирано учество: нивното учество во задржаната
заработувачка по стекнувањето (40% x 6.000) 2.400
Пресметка за гудвил: задржана заработувачка пред стекнувањето 14.000
Пресметка за консолидирана задржана заработувачка: учество на групата во
задржаната заработувачка по стекнувањето (60% x $6.000) 3.600
20.000

Фокус на Испитувачот пријави дека голем број кандидати забораваат да ги распределат


испитот резултатите на подружницата за да ги вклучат само нејзините резултати по
стекнувањето.

Прашање Стекнување

Друштвото Кинг стекнало 80% од обичните акции во друштвото Конг на 1 април 20X5
година. На 31 декември 20X4 година, извештаите на друштвото Конг покажувале конто
за премија на акции од $4.000 и задржана заработувачка од $15.000. Извештаите за
финансиската состојба на двете друштва на 31 декември 20X5 година се дадени долу.
Ниедно друштво не платило дивиденда во текот на годината. Неконтролираното учество
треба да се вреднува по целосната објективна вредност. Пазарната цена на акциите во
подружницата изнесувала $2,50 пред стекнувањето од страна на матичното друштво.
Од вас се бара да го изготвите консолидираниот извештај за финансиската состојба на
друштвото Кинг на 31 декември 20X5 година. Нема обезвреднување на гудвилот.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X5 г.
КИНГ КОНГ
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 32.000 30.000
16.000 обични акции, секоја со вредност 50c, во друштвото Конг 50.000
82.000
Тековни средства 85.000 43.000
Вкупно средства 167.000 73.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 100.000
Обични акции, секоја со вредност од 50 c. 10.000
Конто за премија на акции 7.000 4.000
Задржана заработувачка 40.000 39.000
147.000 53.000
Тековни обврски 20.000 20.000
Вкупно главнина и обврски 167.000 73.000

Одговор
Друштвото Конг остварило добивка од $24.000 ($39.000 – $15.000) за годината. Во
отсуство на какви било насоки што упатуваат на спротивното, треба да се претпостави
дека таа добивка се зголемувала рамномерно во текот на годината; $6.000 во трите
месеци до 31 март и $18.000 во деветте месеци по стекнувањето. Оттаму, задржаната
заработувачка на друштвото пред стекнувањето е како што следува.
$
Состојба на 31 декември 20X4 15.000
Добивка за трите месеци пред 31 март 20X5 6.000
Задржана заработувачка пред стекнувањето 21.000
Салдото од $4.000 на контото за премија на акции е во целост пред стекнувањето.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 161


Сега можат да се изготват пресметките за консолидацијата.
1 Гудвил
$ $
Пренесен надоместок 50.000
Неконтролирано учество ($2,50 x 4.000) 10.000
Стекнати нето-средства
претставени преку
Капитал од обични акции 10.000
Задржана заработувачка (пред стекнување) 21.000
Премија на акции 4.000
(35.000)
Гудвил при стекнување 25.000

2 Задржана заработувачка
Кинг Конг
$ $
Според прашање 40.000 39.000
Пред стекнување (видете горе) (21.000)
18.000
Учество во Конг: $18.000 × 80% 14.400
54.400
3 Неконтролирано учество на датумот на известување
$
НУ при стекнување 10.000
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето (18.000 x 20%) 3.600
13.600
КИНГ
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X5 г.
$ $
Средства
Недвижности, постројки и опрема 62.000
Гудвил (П1) 25.000
Тековни средства 128.000
Вкупно средства 215.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 100.000
Конто за премија на акции 7.000
Задржана заработувачка (П2) 54.400
161.400
Неконтролирано учество (П3) 13.600
175.000
Тековни обврски 40.000
Вкупно главнина и обврски 215.000

9.2 Пример: загуби на подружница пред стекнување


Како илустрација на книжењата што произлегуваат кога некоја подружница има загуби
пред стекнувањето, да претпоставиме дека друштвото А ги стекнало сите 50.000 обични
акции од $1 во друштвото Б за $20.000 на 1 јануари 20X1 година, кога постоело долговно
салдо од $35.000 во задржаната заработувачка на друштвото Б. Во годините од 20X1 до
20X4 г., друштвото Б остварува вкупна добивка од $40.000, оставајќи салдо побарува од
$5.000 во задржаната заработувачка на 31 декември 20X4 година. Задржаната
заработувачка на друштвото А на истиот датум е $70.000.

162 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Решение
Пресметката за консолидацијата би изгледала како што следува.
1 Гудвил
$ $
Пренесен надоместок 20.000
Стекнати нето-средства
претставени преку
Капитал од обични акции 50.000
Задржана заработувачка (35.000)
(15.000)
Гудвил 5.000
2 Задржана заработувачка
Друштво Друштво
А Б
$ $
На крајот од периодот на известување 70.000 5.000
Загуба пред стекнување – 35.000
40.000
Друштво Б - учество во задржаната заработувачка по
стекнување
(40.000 × 100%) 40.000
110.000

10. Објективните вредности во


сметководството за стекнувања
ДЕФИНИЦИЈА
Објективните вредности се многу важни за пресметувањето на гудвилот.

10.1 Гудвил
За да ја разбереме важноста на објективните вредности во стекнувањето на
подружница, да разгледаме уште еднаш што подразбираме под гудвил.
Клучен
поим Гудвил. Вишокот на објективната вредност на пренесениот надоместок плус износот на
неконтролираните учества во однос на објективната вредност на идентификуваните
нето-средства на стекнатиот ентитет на датумот на стекнување. (МСФИ 3)

Извештајот за финансиската состојба на подружницата на датумот на нејзиното


стекнување може да не дава насоки за објективната вредност на нејзините нето-
средства. На пример, пазарната вредност на некоја зграда во слободна сопственост
можеби во голема мера се зголемила по нејзиното стекнување, но во извештајот за
финансиската состојба може да биде прикажана според историската набавна вредност
намалена за акумулираната депрецијација.

10.2 Што е објективна вредност?


Објективната вредност е дефинирана како што следува од МСФИ 13. Ова е важна
дефиниција.
Клучен
поим Објективна вредност. Цената што се прима за продажба на средството или се плаќа за
пренос на обврската во уредна трансакција меѓу учесниците на пазарот на датумот на
мерење.

Барањата на МСФИ 3 во врска со објективната вредност ќе ги разгледаме подетално во


продолжение. Прво, да разгледаме некои практични работи.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 163


10.3 Пресметки за усогласување на објективната вредност
Досега го пресметувавме гудвилот како разлика меѓу пренесениот надоместок и
сметководствената вредност на нето-средствата што се стекнати од групата. За да
биде оваа пресметка во согласност со горенаведената дефиниција, мора да се
осигуриме дека сметководствената вредност на нето-средствата на подружницата е
иста со нивната објективна вредност.
Има два можни начини како да се постигне тоа.
(a) Подружницата може да ги вклучи сите неопходни ревалоризации во
сопствените деловни книги. Во овој случај, можеме да продолжиме директно со
консолидацијата, земајќи ги вредностите на средствата и износите на резервите
директно од извештајот за финансиската состојба на подружницата.
(б) Ревалоризациите можат да се направат во форма на консолидирано
усогласување без да бидат вклучени во деловните книги на подружницата. Во
овој случај, мора да ги извршиме потребните усогласувања на извештајот за
финансиска состојба на подружницата во форма на пресметка. Дури потоа
можеме да продолжиме со консолидацијата.
Забелешка: Запомнете дека кога се ревалоризираат средства што подлежат на
депрецијација може да има соодветна промена на износот на трошокот за депрецијација
и на акумулираната депрецијација.

10.4 Пример: усогласувања на објективната вредност


Друштвото А стекнало 75% од обичните акции во друштвото Б на 1 септември 20X5
година. На тој датум, објективната вредност на нетековните средства на друштвото Б
била поголема за $23.000 од нивната сметководствена вредност, а салдото на
задржаната заработувачка било $21.000. Извештаите за финансиската состојба на
двете друштва на 31 август 20X6 година се дадени долу. Друштвото Б не вклучило каква
било ревалоризација во своите деловни книги. Неконтролираното учество се вреднува
по целосната објективна вредност, што се сметало дека изнесува $18.000 на датумот на
стекнување.
Друштво А
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 АВГУСТ 20X6 г.
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 63.000
Вложување во друштвото Б по набавна вредност 51.000
114.000
Тековни средства 82.000
Вкупно средства 196.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 80.000
Задржана заработувачка 96.000
176.000
Тековни обврски 20.000
Вкупно главнина и обврски 196.000
Друштво Б
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 АВГУСТ 20X6 г.
$ $
Средства
Недвижности, постројки и опрема 28.000
Тековни средства 43.000
Вкупно средства 71.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 20.000
Задржана заработувачка 41.000

164 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


$ $
61.000
Тековни обврски 10.000
Вкупно главнина и обврски 71.000
Ако друштвото Б ги ревалоризирало своите нетековни средства на 1 септември 20X5
година, би биле додадени $3.000 на трошокот за депрецијација за 20X5/X6 г.
Се бара
Изгответе го консолидираниот извештај за финансиска состојба на друштвото А на 31
август 20X6 г.

Решение
ДРУШТВО А КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 АВГУСТ
20X6 г.
$ $
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема (63.000 + 28.000 + 23.000 – 111.000
3.000)
Гудвил (П1) 5.000
116.000
Тековни средства 125.000
241.000
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од $1 80.000
Задржана заработувачка (П2) 108.750
188.750
Неконтролирано учество (П3) 22.250
211.000
Тековни обврски 30.000
241.000

1 Гудвил
Група
$
Пренесен надоместок 51.000
Објективна вредност на НУ 18.000
Стекнати нето-средства претставени
преку:
Капитал од обични акции 20.000
Задржана заработувачка 21.000
Усогласување на објективната вредност 23.000
(64.000)
Гудвил 5.000
2 Задржана заработувачка
Друштво Друштво
А Б
$ $
Според прашање 96.000 41.000
Добивка пред стекнување (21.000)
Усогласување за депрецијација (3.000)
По стекнување Друштво Б 17.000
Учество на групата во друштвото Б
($17.000 × 75%) 12.750
Задржана заработувачка на групата 108.750
3 Неконтролирано учество на датумот на известување
$
Објективна вредност при стекнување 18.000
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето (17.000 x 25%) 4.250
22.250

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 165


Прашање Објективна вредност

Некое средство е евидентирано во книгите на друштвото Б по својата историска набавна


вредност од $4.000. На 1 јануари 20X5 година, друштвото А купило 80% од главнината
на друштвото Б. Директорите на друштвото му припишале објективна вредност од
$3.000 на средството на тој датум. Тоа било предмет на депрецијација две години од
очекуваниот корисен век од четири години, користејќи го праволинискиот метод. Немало
очекуван остаток на вредноста. На 30 јуни 20X5 година, средството било продадено за
$2.600. Колкава е добивката или загубата од отуѓувањето на ова средство што треба да
се евидентира во извештаите на друштвото Б и во консолидираните извештаи на
друштвото А за годината што завршува на 31 декември 20X5 година?

Одговор
Друштво Б: Сметководствена вредност при отуѓување (по историска набавна вредност)
= $4.000 × 1½/4 = $1.500
∴ Добивка од отуѓување = $1.100 (трошок за депрецијација за годината = $500)
Друштво А: Сметководствена вредност при отуѓување (по објективна вредност) = $3.000
x 1½/2 = $2.250
∴ Добивка од отуѓување за консолидација = $350 (депрецијација за годината =
$750).
На неконтролираното учество му се припишуваат 20% и од добивката од отуѓување и од
трошокот за депрецијација како дел од ставка на една линија во консолидираниот
биланс на успех.

10.5 МСФИ 3 Објективни вредности


МСФИ 3 ги наведува општите принципи за утврдување на објективните вредности на
средствата и обврските на подружницата. Стекнувачот треба да ги признае
идентификуваните средства, обврски и неизвесни обврски на датумот на стекнување
само ако тие ги исполнуваат следниве критериуми.
(a) Во случајот на средство што не е нематеријално средство, веројатно е дека сите
поврзани идни економски користи ќе претставуваат прилив за стекнувачот и
набавната вредност на средството може да се измери веродостојно.
(б) Во случајот на обврска што не е неизвесна обврска, веројатно е дека ќе биде
потребен одлив на ресурси што содржат економски користи за подмирување на
обврската и ако нејзината објективна вредност може да се измери веродостојно.
(в) Во случајот на нематеријално средство или неизвесна обврска, нивната
објективна вредност може да се измери веродостојно.
Идентификуваните средства и обврски на стекнатиот ентитет можат да вклучуваат
средства и обврски што претходно не биле признаени во финансиските извештаи на
стекнатиот ентитет. На пример, некое даночно олеснување што произлегува од
даночните загуби на стекнатиот ентитет што не биле признаени од стекнатиот ентитет
може да биде признаено од групата ако стекнувачот има идни добивки што се
оданочуваат и на коишто може да ги примени даночните олеснувања.

10.5.1 Преструктуирање и идни загуби


Стекнувачот не треба да признава обврски за идни загуби или други трошоци што се
очекува дека ќе бидат поднесени како резултат на деловната комбинација.
МСФИ 3 објаснува дека планот за преструктуирање на подружницата по стекнувањето
не е сегашна обврска на стекнатиот ентитет на датумот на стекнување. Покрај тоа, тој не
ја исполнува дефиницијата за неизвесна обврска. Оттаму, стекнувачот не треба да
признае обврска за таквиот план за преструктуирање како дел од распределбата на
трошокот за комбинацијата освен ако подружницата веќе не презела обврски за планот
пред стекнувањето.

166 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Ова го оневозможува креативното сметководство. Стекнувачот не може да утврди
резервирање за преструктуирање или за идните загуби на некоја подружница и потоа да
ги ослободи овие средства во добивката или загубата во последователните периоди за
да ги намали загубите или да ги израмни добивките.

10.5.2 Нематеријални средства


Стекнатиот ентитет може да има нематеријални средства, како што се издатоците за
развој. Тие можат да се признаат одделно од гудвилот единствено ако можат да се
идентификуваат. Нематеријалното средство може да се идентификува само ако:
(a) Тоа може да се одвои, т.е. може да биде одвоено или одделено од стекнатиот
ентитет, а потоа да биде продадено, пренесено, лиценцирано, дадено под наем
или разменето било поединечно или заедно со поврзаниот договор, средство или
обврска, или
(б) Произлегува од договорни или други законски права.
Стекнатиот ентитет може, исто така, да има внатрешно генерирани средства, како што
се трговски марки кои не се признаени како нематеријални средства. Бидејќи
стекнувачот дава вреден надоместок за овие средства, тие сега се признаваат како
средства во консолидираните финансиски извештаи.

10.5.3 Неизвесни обврски


Неизвесните обврски на стекнувачот се признаваат ако нивната објективна вредност
може да се измери веродостојно. Ова е отстапување од редовните правила во МСС
37; неизвесните обврски вообичаено не се признаваат, туку само се обелоденуваат.
По нивното првично признавање, стекнувачот треба да ги мери одделно признаените
неизвесни обврски по поголемиот од:
(a) Износот што би бил признаен во согласност со МСС 37
(б) Првично признаениот износ

10.5.4 Набавна вредност на деловна комбинација


Општиот принцип гласи дека стекнувачот треба да ја мери набавната вредност на
деловната комбинација како збирот на објективните вредности, на датумот на
размената, на дадените средства, поднесените или преземените обврски и
сопственички инструменти што се издадени од стекнувачот за стекнување контрола врз
стекнатиот ентитет.
Понекогаш набавната вредност на стекнувањето се одложува делумно или целосно (т.е.
не станува обврска веднаш). Објективната вредност на каков било одложен надоместок
се утврдува преку дисконтирање на платливите износи на нивната сегашна вредност
на датумот на размената.
Кога сопственичките инструменти (на пример, обични акции) на некој котиран ентитет
претставуваат дел од набавната вредност на комбинацијата, објавената цена на
датумот на размената вообичаено ги дава најдобрите докази за објективната вредност
на инструментот и, со ретки исклучоци, треба да се користи таа цена.
Идните загуби или други трошоци што се очекува дека ќе бидат поднесени како резултат
на деловната комбинација не треба да бидат вклучени во набавната вредност на
деловната комбинација.
Трошоците што ѝ се припишуваат на комбинацијата, на пример, надоместоци за стручни
лица и административни трошоци, не треба да бидат вклучени: тие се признаваат како
расходи во времето на нивното настанување. Трошоците за издавање должнички
хартии од вредност и сопственички инструменти се опфатени со МСС 32
Финансиски инструменти: презентирање, што наведува дека таквите трошоци треба
да ги намалат приливите од издавањето на должничките или сопственичките
инструменти.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 167


Прашање Гудвил при консолидација

На 1 септември 20X7 година, друштвото Торзо стекнало 6 милиони акции од $1 во


друштвото Корзо за $2,00 по акција. На тој датум, друштвото Корзо ги изготвило
следниве меѓу-периодски финансиски извештаи:
$ м. $ м.
Недвижности, постројки и Обврски кон добавувачи 3,2
опрема
(белешка 1) 16,0 Данок 0,6
Залихи (белешка 2) 4,0 Пречекорување на сметка 3,9
во банка
Побарувања 2,9 Долгорочни заеми 4,0
Пари во каса 1,2 Акционерски капитал (акции 8,0
од $1)
Задржана заработувачка 4,4
24,1 24,1
Белешки
1 Следниве информации се однесуваат на недвижностите, постројките и опремата
на друштвото Корзо на 1 септември 20X7 година.
$ м.
Бруто-трошок на замена 28,4
Нето-трошок на замена (бруто-трошок на замена минус 16,6
депрецијација)
Економска вредност 18,0
Нето-реализациона вредност 8,0

168 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


2 Залихите на друштвото Корзо што биле прикажани во меѓу-периодските
финансиски извештаи се суровини по набавна вредност за Корзо од $4 милиони.
На 1 септември 20X7 година, трошокот за нивната замена би изнесувал $4,2
милиони.
3 На 1 септември 20X7 година, друштвото Торзо донело одлука да ја рационализира
групата за да го интегрира друштвото Корзо. Трошоците за рационализација биле
проценети на вкупно $3,0 милиони и процесот требало да започне на 1 март 20X8
година. Во финансиските извештаи што се дадени горе не е направено
резервирање за овие трошоци.
4 Политиката на групата е да го признава неконтролираното учество според
целосната (објективна) вредност.
Се бара
Пресметајте го гудвилот од консолидацијата на друштвото Корзо што ќе биде вклучен во
консолидираните финансиски извештаи на групата Торзо за годината што завршува на
31 декември 20X7 година, образложувајќи го вашиот третман на горе наведените ставки.
Треба да наведете упатувања до одредбите на соодветните сметководствени
стандарди.

Одговор
Гудвил од консолидација на друштвото Корзо
$ м. $ м.
Пренесен надоместок ($2,00 x 6 м.) 12,0
Неконтролирано учество ($2,00 x 2 м.) 4,0
Објективна вредност на стекнатите нето-средства
Акционерски капитал 8,0
Резерви пред стекнување 4,4
Усогласувања на објективната вредност:
Недвижности, постројки и опрема (16,6 - 16,0) 0,6
Залихи (4,2 – 4,0) 0,2
(13,2)
Гудвил 2,8
Белешки за третманот
(а) Акционерскиот капитал и добивката пред стекнувањето ја претставуваат
сметководствената вредност на нето-средствата на друштвото Корзо на датумот
на стекнување. Потоа се бараат усогласувања на оваа сметководствена вредност
за да се добие објективната вредност на нето-средствата на датумот на
стекнување. За краткорочните монетарни ставки, објективната вредност е нивната
сметководствена вредност при стекнувањето.
(б) МСФИ 3 наведува дека објективната вредност на недвижности, постројки и опрема
треба да се утврди според пазарната вредност или, ако не се достапни
информации за пазарната вредност (како во нашиот случај), со упатување до
депрецираниот трошок за замена, одразувајќи ја вообичаената деловна практика.
Нето-трошокот за замена (т.е. $16,6 м.) го претставува бруто-трошокот за замена
намален за депрецијацијата врз основа на тој износ и, оттаму, непотребни се
какви било натамошни усогласувања за дополнителна депрецијација.
(в) МСФИ 3 наведува, исто така, дека суровините треба да се вреднуваат според
трошокот за замена. Во овој случај, тој износ е $4,2 м.
(г) Трошоците за рационализација не можат да се признаат во резултатите пред
стекнувањето во согласност со МСФИ 3, бидејќи тие не претставуваат обврска на
друштвото Корзо на датумот на стекнување.

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 169


Една од способностите што ќе ви биде неопходна за исполнување на целта 10 за
успешноста од ПЕР е способноста за изготвување финансиски извештаи за поединечни
и комбинирани ентитети. Можете да го примените знаењето што го стекнавте од оваа
глава како помош за покажување на таквата способност.

170 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• МСФИ 10 ги наведува основните постапки за изготвување консолидирани финансиски
извештаи.
• Во консолидираниот извештај за финансиска состојба, неопходно е да се разграничат
неконтролираните учества од нето-средствата што можат да ѝ се припишат на групата
и се финансираат со сопственичкото учество во главнината.
• Гудвил е вишокот на пренесениот износ плус износот на неконтролираните учества во
однос на објективната вредност на нето-средствата на подружницата.
• Тргувањето во рамките на групата може да доведе до нереализирана добивка што се
елиминира при консолидацијата.
• Исто како што вршат меѓусебни трговски активности, друштвата во групата може
повремено да сакаат да извршат пренос на нетековни средства.
• Кога некое матично друштво стекнува подружница во текот на нејзиниот сметководствен
период, единствените сметководствени книжења што се вршат во тоа време се
книжењата за евидентирање на набавната вредност на стекнувањето во книгите на
матичното друштво. На крајот од сметководствениот период се вршат усогласувањата
за консолидација.
• Објективните вредности се многу важни за пресметувањето на гудвилот.

Краток тест
1 Друштвото Кокошка поседува 80% од друштвото Јајце. Друштвото Јајце му продава
стоки на друштвото Кокошка по набавна вредност плус 50%. Вкупната продажба
фактурирана на друштвото Кокошка од страна на друштвото Јајце во годината што
завршува на 31 декември 20X9 година изнесувала $900.000 и, од оваа остварена
продажба, стоки што биле фактурирани со износ од $60.000 се чувале во залихите на
друштвото Кокошка на 31 декември 20X9 година. Колкаво е намалувањето на збирната
бруто-добивка на групата?
2 Друштвото Мајор, што ги изготвува своите извештаи до 31 декември, има 80%
поседувана подружница Минор. Друштвото Минор му продава стоки на друштвото Мајор
со маржа од 33,33% над набавната вредност. На 31 декември 20X8 година, друштвото
Мајор имало такви стоки со вредност од $12.000 во своите залихи и на 31 декември
20X9 година тоа имало такви стоки со вредност од $15.000 во своите залихи.
За колкав износ треба да се усогласи консолидираната добивка што им се припишува на
акционерите на друштвото Мајор во однос на горенаведеното?
Занемарете го данокот
A Должи $1.000
Б Побарува $800
В Побарува $750
Г Должи $600
3 Гудвилот е секогаш позитивен. Точно или неточно?
4 Некое матично друштво може да претпостави дека за подружница што ја стекнало во
текот на нејзиниот сметководствен период, добивките се зголемуваат рамномерно во
текот на годината. Точно или неточно?
5 Кои книжења се прават во пресметките за евидентирање на добивките на подружница
по стекнување?
6 Опишете го барањето од МСФИ 3 во врска со ревалоризацијата на средствата на
подружницата до објективната вредност на датумот на стекнување.
7 Какви упатства дава МСФИ 3 во врска со објективното вреднување згради и земјиште?

F7 Финансиско известување  9: Консолидиран извештај за финансиска состојба 171


Одговори на краткиот тест
50
1 $60.000 × = $20.000
150
33,3
2 Г (15.000 – 12.000) × × 80%
133,3
3 Неточно. Гудвилот може да биде негативен ако купувачот остварил „поволна набавка“.
4 Не мора задолжително да биде така – испитувачот ќе ви даде информации за ова.
5 Видете став 4.2
6 Видете став 10.5
7 Најдобро упатство е пазарната вредност.

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


9 Испит 15 27 минути
10 Испит 15 27 минути

172 9: Консолидиран извештај за финансиска состојба  F7 Финансиско известување


Консолидиран

10
биланс на успех и
извештај за
останата
сеопфатна добивка

Список со теми Упатување до


наставната
програма
1 Консолидиран биланс на успех D3
2 Консолидиран биланс на успех и извештај за D3
останата сеопфатна добивка

Вовед
Оваа глава се занимава со консолидираниот биланс на
успех и консолидираниот биланс на успех и извештај за
останата сеопфатна добивка.
Најголемиот дел од консолидациските усогласувања се
однесуваат на билансот на успех, така што тој е во
фокусот на оваа глава.

169
Насоки за учење
Ниво на
знаење

Г ДЕЛОВНИ КОМБИНАЦИИ
3 (б) Изгответе консолидиран биланс на успех и консолидиран 2
извештај за сеопфатна добивка за едноставна група што
има стекнување во периодот и неконтролирано учество.

1. Консолидиран биланс на успех


ДЕФИНИЦИЈА Изворот на податоци за консолидираниот биланс на успех се поединечните биланси на
успех на посебните друштва во групата.

1.1 Постапка за консолидација


Вообичаено, во практиката се изготвува работен документ (познат како табела за
консолидација) во кој поединечните биланси на успех се поставуваат еден до друг и се
сумираат за да ја дадат основата на консолидираниот биланс на успех.
На испит би било многу побрзо ако не се прави тоа. Употребете пресметки за да го
Фокус на
покажете пресметувањето на сложените износи како што е, на пример,
испитот
неконтролираното учество, и покажете го изведувањето на останатите износ во самиот
биланс на успех, како што е покажано во нашите примери.

ДЕФИНИЦИЈА Во консолидираниот биланс на успех, неконтролираното учество се претставува како


еднолиниско усогласување на крајот од извештајот.

1.2 Едноставен пример: консолидиран биланс на успех


Друштвото А стекнало 75% од обичните акции во друштвото Б при основањето на тоа
друштво во 20X3 година. Резимираните биланси на успех и промената на задржаната
заработувачка за двете друштва за годината што завршува на 31 декември 20X6 година
се дадени долу.
Друштво Друштво
А Б
$ $
Приходи од продажба 75.000 38.000
Трошок на реализација (30.000) ((20.000)
Бруто-добивка 45.000 18.000
Административни расходи (14.000) (8.000)
Добивка пред оданочување 31.000 10.000
Расход за данок на добивка (10.000) (2.000)
Добивка за годината 21.000 8.000
Белешка: Промена на задржаната заработувачка

Задржана заработувачка пренесена од претходниот период 87.000 17.000


Добивка за годината 21.000 8.000
Задржана заработувачка пренесена во наредниот период 108.000 25.000
Се бара
Изгответе консолидиран биланс на успех и извадок од извештајот за промени во
главнината што ги покажува задржаната заработувачка и неконтролираното учество.

170 10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка  F7 Финансиско известување
Решение
Друштво А
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ
ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X6 Г.
$
Приходи од продажба (75 + 38) 113.000
Трошок на реализација (30 + 20) (50.000)
Бруто-добивка 63.000
Административни расходи (14 + 8) (22.000)
Добивка пред оданочување 41.000
Расход за данок на добивка (12.000)
Добивка за годината 29.000
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 27.000
Неконтролираното учество ($8.000 x 25%) 2.000
29.000
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИ ВО ГЛАВНИНАТА (ИЗВАДОК)
Задржана Неконтролирано Вкупно
заработувачка учество главнина
$ $ $
Состојба на 1 јануари 20X6 г. 99.750 4.250 104.000
Вкупна сеопфатна добивка за 27.000 2.000 29.000
годината
Состојба на 31 декември 20X6 г. 126.750 6.250 133.000
Забележете како се третира неконтролираното учество.
(а) До редот „добивка за годината“ се вклучени резултатите на друштвото Б
целосно, без упатување до учеството на групата или неконтролираното учество.
Потоа е вметнато усогласување во еден ред за одбивање на неконтролираното
учество во добивката на друштвото Б.
(б) Неконтролираното учество ($4.250) во задржаната заработувачка на друштвото Б
што се пренесува со следниот период (17.000 x 25%) е исклучено од задржаната
заработувачка на групата. Ова значи дека износот од $126.750 што се пренесува
во следниот период е износот што би се појавил во извештајот за финансиска
состојба за задржаната заработувачка на групата.
Последната точка може да биде појасна ако ја конструираме пресметката за задржаната
заработувачка на групата.
Задржана заработувачка на групата
Друштво А Друштво Б
$ $
На крајот од годината 108.000 25.000
намалена за задржана заработувачка пред стекнувањето –
25.000
Друштво Б ‒ учество во задржаната заработувачка по 18.750
стекнувањето (25.000 x 75%)
126.750
Неконтролираното учество во задржаната заработувачка на друштвото Б се состои од
неконтролираното учество во добивката од $17.000 што се пренесува во следниот
период плус неконтролираното учество ($2.000) во задржаната добивка за годината од
$8.000.
Сега ќе ги разгледаме компликациите што произлегуваат од тргување во рамките на
групата, дивидендите во рамките на групата и добивките пред стекнувањето во
подружницата.

F7 Финансиско известување  10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна


добивка 171
1.3 Тргување во рамките на групата
ДЕФИНИЦИЈА Продажбите и набавките во рамките на групата се елиминираат од консолидираниот
биланс на успех.

Исто како и консолидираниот извештај за финансиска состојба, консолидираниот биланс


на успех треба да ги третира резултатите на групата како резултати на единствен
ентитет. Кога едно друштво во групата му продава стоки на друго друштво, соодветниот
износ му се додава на приходите од продажба на првото друштво и на трошоците за
продажбата на второто друштво. Меѓутоа, во однос на работењето на ентитетот со
надворешните страни не се случила никаква продажба.
Консолидираните износи за приходите од продажбата и трошоците за продажбата треба
да претставуваат продажба на, и набавка од надворешни страни. Според тоа, потребно
е усогласување за намалување на износите за приходите од продажбата и трошоците
на продажбата за вредноста на остварените продажби во рамките на групата во текот на
годината.
Во една од претходните глави, исто така, видовме дека сите нереализирани добивки од
тргувањето во рамките на групата треба да се исклучат од износот за добивките на
групата. Ова се случува секогаш кога стоките што се продаваат со добивка во рамките
на групата, остануваат во залихите на друштвото што ги купило на крајот од годината.
Најдобриот начин за адресирање на ова прашање е да се пресмета нереализираната
добивка од непродадените залихи на крајот од годината и да се одбие овој износ од
консолидираната бруто-добивка. Трошоците на продажбата ќе бидат износ за
сложување.

1.4 Пример: тргување во рамките на групата


Да претпоставиме дека во нашиот претходен пример, друштвото Б имало евидентирано
продажба од $5.000 на друштвото А во текот на 20X6 година. Друштвото Б ги купило
овие стоки од надворешни добавувачи по набавна вредност од $3.000. Една половина
од стоките останале во залихите на друштвото А на 31 декември 20X6 година.
Изгответе го ревидираниот консолидиран биланс на успех.

Решение
Консолидираниот биланс на успех за годината што завршила на 31 декември 20X6
година сега би бил како што следува.
$
Приходи од продажба (75 + 38 – 5) 108.000
Трошок на продажбата (30 + 20 – 5 + 1*) (46.000)
Бруто-добивка (45 + 18 – 1*) 62.000
Административни расходи (22.000)
Добивка пред оданочување 40.000
Расход за данок на добивка (12.000)
Добивка за годината 28.000
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 26.250
Неконтролираното учество (8.000 – 1.000) x 25% 1.750
28.000
Белешка:
Задржана заработувачка пренесена од претходниот период 99.750
Добивка за годината 26.250
Задржана заработувачка пренесена на наредниот период 126.000

*Нереализирана добивка: ½ × ($5.000 – $3.000)


Се врши усогласување за нереализираната добивка од износот на залихите во
консолидираниот извештај за финансиска состојба.

172 10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка  F7 Финансиско известување
1.5 Дивиденди во рамки на групата
Во нашиот пример досега претпоставивме дека друштвото Б ја задржува целата своја
добивка по оданочување. Меѓутоа, може да се случи друштвото Б да распределува дел
од својата добивка како дивиденда. Како и претходно, неконтролираното учество во
добивката на подружницата треба да се пресмета веднаш по износот на добивката по
оданочување. За оваа цел, не треба да се евидентира колку од неконтролираното
учество треба да се распредели од страна на друштвото Б како дивиденда.
Забележете дека задржаната заработувачка на групата се усогласува единствено за
дивидендите што се исплатени на акционерите на матичното друштво. Дивидендите што
подружницата му ги исплатила на матичното друштво се поништуваат при
консолидацијата и дивидендите што се исплатени на неконтролираното учество се
заменуваат со распределба на неконтролираното учество на нивниот удел во добивката
на подружницата за годината.

1.6 Добивки пред стекнувањето


ДЕФИНИЦИЈА Единствено добивките на подружницата по стекнувањето се вклучуваат во
консолидираниот биланс на успех.

Како што беше објаснето погоре, износот за задржаната заработувачка што се


пренесува во следниот период мора да биде ист како износот за задржаната
заработувачка во консолидираниот извештај за финансиска состојба. Во претходните
глави видовме дека задржаната заработувачка во консолидираниот извештај за
финансиска состојба се состои од:
(а) Целата задржана заработувачка на матичното друштво.
(б) Дел од задржаната добивка на подружницата. Делот е учеството на групата во
задржаната заработувачка на подружницата по стекнувањето. Од вкупната
задржана заработувачка на подружницата, според тоа, ние мора да го исклучиме
и неконтролираното учество во вкупната задржана заработувачка и учеството
на групата во задржаната заработувачка по стекнувањето.
Слична постапка е неопходна во консолидираниот биланс на успех ако сакаме да го
поврземе со консолидираниот извештај за финансиска состојба. Претходните примени
ни покажаа како се третира неконтролираното учество во добивката во билансот на
успех. Нивниот удел во добивката за годината се одбива од добивката по оданочување,
додека, пак, износот за добивката што е пренесена од претходниот период во табелата
за консолидација го вклучува единствено учеството на групата во добивката на
подружницата.
На истиот начин, кога разгледуваме примери што вклучуваат добивки пред стекнување
во некоја подружница, износот за добивката што е пренесена од претходниот период
треба да го вклучува единствено учеството на групата во задржаната заработувачка по
стекнувањето. Ако подружницата е стекната во текот на сметководствената година,
неопходно е да се разграничи нејзината добивка за годината на елементите пред и по
стекнувањето. Се користи методот на дел од годината.
Во овој метод, целиот баланс на успех на подружницата се дели на износи пред и по
стекнувањето. Единствено износите по стекнувањето се вклучуваат во консолидираниот
биланс на успех.

Прашање Стекнување

На 1 април 20X5 година, друштвото А стекнало 60% од главнината на друштвото Б во


износ од $100.000. Билансите на успех на двете друштва за годината што завршила на
31 декември 20X5 година се дадени во продолжение.
Друштв Друштв Друштво
оА оБ Б (9/12)
$ $ $
Приходи од продажба 170.000 80.000 60.000
Трошок на реализација (65.000) (36.000) (27.000)

F7 Финансиско известување  10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна


добивка 173
Бруто-добивка 105.000 44.000 33.000
Друг приход – примена дивиденда од друштвото Б 3.600
Административни расходи (43.000) (12.000) (9.000)
Добивка пред оданочување 65.600 32.000 24.000
Расход за данок на добивка (23.000) (8.000) (6.000)
Добивка за годината 42.600 24.000 18.000
Белешка
Дивиденди (исплатени на 31 декември) 12.000 6.000
Задржана добивка 30.600 18.000
Задржана заработувачка пренесена од претходниот 81.000 40.000
период
Задржана заработувачка пренесена во наредниот 111.600 58.000
период
Изгответе консолидиран биланс на успех и извадоци од извештајот за промени во
главнината за задржаната заработувачка и неконтролираното учество.

Одговор
Акциите во друштвото Б биле стекнати по истекувањето на третиот месец во годината.
Единствено делот по стекнувањето (9/12) од билансот на успех на друштвото Б се
вклучува во консолидираниот биланс на успех. Ова е прикажано горе за целите на
прегледноста.
ДРУШТВО А КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ
ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X5 Г.
$
Приходи од продажба (170 + 60) 230.000
Трошок на реализација (65 + 27) (92.000)
Бруто-добивка 138.000
Административни расходи (43 + 9) (52.000)
Добивка пред оданочување 86.000
Расход за данок на добивка (23 + 6) (29.000)
Добивка за годината 57.000
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 49.800
Неконтролирано учество (18 x 40%) 7.200
57.000
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИ ВО ГЛАВНИНАТА
Задржана Неконтролиран
заработувачка о учество
$ $
Состојба на 1 јануари 20X5 81.000 –
Исплатени дивиденди (6.000 – 3.600) (12.000) (2.400)
Вкупна сеопфатна добивка за годината 49.800 7.200
Додадено при стекнувањето на подружницата – 58.400
(W)
Состојба на 31 декември 20X5 г. 118.800 63.200
Белешка: Сите добивки на друштвото Б што е пренесени од претходниот период се
добивки пред стекнувањето.
Пресметки:
$
Додадено при стекнувањето на подружницата:
Акционерски капитал 100.000
Задржана заработувачка пренесена од претходниот период 40.000
Добивки јануари-март 20X5 г. (24.000 – 18.000) 6.000
146.000

174 10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка  F7 Финансиско известување
Неконтролирано учество 40% 58.400

Прашање Неконтролирано учество

Следниве информации се однесуваат на друштвото Бродик и неговата подружница


Ламлаш за годината до 30 април 20X7 година.
Друштво Друштво
Бродик Ламлаш
$'000 $'000
Приходи од продажба 1.100 500
Трошок на реализација (630) (300)
Бруто-добивка 470 200
Административни расходи (105) (150)
Дивиденда од друштвото Ламлаш 24 –
Добивка пред оданочување 389 50
Расход за данок на добивка (65) (10)
Добивка за годината 324 40
Белешка
Исплатени дивиденди 200 30
Задржана добивка 124 10
Задржана заработувачка пренесена од претходниот период 460 106
Задржана заработувачка пренесена во наредниот период 584 116
Дополнителни информации
(а) Издадениот акционерски капитал на групата бил како што следува:
Друштво Бродик: 5.000.000 обични акции, секоја со вредност од $1.
Друштво Ламлаш: 1.000.000 обични акции, секоја со вредност од $1.
(б) Во 20X0 година, друштвото Бродик купило 80% од издадениот акционерски
капитал на друштвото Ламлаш. Во тоа време, задржаната заработувачка на
Ламлаш изнесувала $56.000.
Се бара
Во онаа мера во која тоа го дозволуваат информациите, изгответе го консолидираниот
биланс на успех на групата Бродик за годината до 30 април 20X7 година и извадоци од
извештајот за промени во главнината што ги покажуваат задржаната заработувачка на
групата и неконтролираното учество.

Одговор
ГРУПА БРОДИК
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ
ЗА ГОДИНАТА ДО 30 АПРИЛ 20X7 Г.
$'000
Приходи од продажба (1.100 + 500) 1.600
Трошок на реализација (630 + 300) (930)
Бруто-добивка 670
Административни расходи (105 + 150) (255)
Добивка пред оданочување 415
Расход за данок на добивка (65 + 10) (75)
Добивка за годината 340
Добивка што се припишува на:
$
Сопствениците на матичното друштво 332
Неконтролирано учество (W1) 8
340

F7 Финансиско известување  10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна


добивка 175
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИ ВО ГЛАВНИНАТА
Задржана Неконтролира
заработувачка но учество
$'000 $'000
Салдо што е пренесено од претходниот период (W2), 500 221
(W3)
Исплатени дивиденди (30.000 – 24.000) (200) (6)
Вкупна сеопфатна добивка за годината 332 8
Салдо што се пренесува во наредниот период 632 223
Пресметки
1 Неконтролирано учество
$'000
Во Ламлаш (20% x 40) 8
2 Задржана заработувачка пренесена од претходниот период
Друштво Друштво
Бродик Ламлаш
$'000 $'000
Според прашање 460 106
Намалено за износот пред стекнување (56)
50
Учество во Ламлаш: 80% × 50 40
500
3 Неконтролирано учество, пренесено од претходниот период
$'000
Акционерски капитал 1.000
Задржана заработувачка 106
1.106

Неконтролирано учество 20% 221

1.7 Резиме на делот


Во долунаведената табела се резимирани главните прашања во врска со
консолидираниот биланс на успех.

Цел Да се прикажат резултатите на групата за определен сметководствен


период исто како таа да е единствен ентитет.
Приходи од 100% матично друштво + 100% подружница (исклучувајќи ги
продажба до усогласувањата за трансакциите во рамките на групата).
добивка за
годината
Причина Да се прикажат резултатите на групата што биле контролирани од
матичното друштво.
Продажба во Отстранување на активностите во рамките на групата од приходите од
рамките на продажба и трошоците за реализација.
групата
Нереализирана (а) Стоки продадени од матичното друштво. Зголемување на
добивка од трошоците за реализација за нереализираната добивка.
продажба во (б) Стоки продадени од подружницата. Зголемување на трошоците за
рамките на реализација за целиот износ на нереализираната добивка и
групата намалување на неконтролираното учество за неговиот удел во
нереализираната добивка.
Депрецијација Ако вредноста на нетековните средства на подружницата била
предмет на зголемување до објективната вредност, тогаш секоја
дополнителна депрецијација мора да се признае во добивката или

176 10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка  F7 Финансиско известување
загубата. Треба да се усогласи неконтролираното учество согласно
неговиот удел.
Пренос на Расходите мора да се зголемат за каква било добивка од преносот и
нетековни да се намалат за каква било дополнителна депрецијација што
средства произлегува од зголемената сметководствена вредност на средството.
Неконтролиран Добивката по оданочување на подружницата (ДПО) X
о учество Намалено за: * нереализирана добивка (X)
* добивка од отуѓување нетековни средства (X)
дополнителна депрецијација по зголемување на ОВ (X)
Зголемено за:** дополнителна депрецијација по отуѓување на
нетековни средства X
X
НУ% X
* Применливо единствено ако продажбата на стоките и нетековните
средства е извршена од подружницата.
** Применливо единствено ако продажбата на нетековните средства е
извршена од подружницата.
Причина Да се покаже до кој обем добивките што се генерирани преку
контролата на матичното друштво фактички се поседуваат од други
страни.

2. Консолидиран биланс на успех и останата


сеопфатна добивка
ДЕФИНИЦИЈА
Консолидираниот биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка се
изготвува користејќи го консолидираниот биланс на успех како основа.

Единствените ставки од останатата сеопфатна добивка што се вклучени во вашата


наставна програма се ревалоризираните добивки и загуби, така што ќе биде лесно да се
изготви консолидираниот биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка
откако веќе сте го изготвиле консолидираниот биланс на успех.
За да го илустрираме ова ќе го земеме последното прашање и ќе му додадеме ставка од
сеопфатна добивка.

2.1 Пример: Сеопфатна добивка


Консолидираниот биланс на успех на групата Бродик е ист како во одговорот на
последното прашање. Покрај тоа, Ламлаш остварил ревалоризирана добивка од
$200.000 на една од своите недвижности во текот на годината.

2.2 Решение
ГРУПА БРОДИК
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ И ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА
ДОБИВКА ЗА ГОДИНАТА ДО 30 АПРИЛ 20X7
$'000
Приходи од продажба 1.600
Трошок на реализација (930)
Бруто-добивка 670
Административни расходи (255)
Добивка пред оданочување 415
Расход за данок на добивка (75)
Добивка за годината 340
Останата сеопфатна добивка:
Добивка од ревалоризација на недвижности 200
Вкупна сеопфатна добивка за годината 540

F7 Финансиско известување  10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна


добивка 177
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 332
Неконтролирано учество 8
340
Вкупна сеопфатна добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво (332 + (200 × 80%)) 492
Неконтролирано учество (8 + (200 × 20%)) 48
540

2.3 Консолидиран биланс на успех и извештај за останата


сеопфатна добивка (посебен извештај)
Ако го користевме форматот со два извештаја (како што е објаснето во Глава 3), ќе
изготвевме посебен биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка.

2.4 Пример: Останата сеопфатна добивка


ГРУПА БРОДИК
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ И ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА
ДОБИВКА
Добивка за годината 340
Останата сеопфатна добивка:
Добивка од ревалоризација на недвижности 200
Вкупна сеопфатна добивка за годината 540
Вкупна сеопфатна добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво (332 + (200 × 80%)) 492
Неконтролирано учество (8 + (200 × 20%)) 48
540

2.5 Целосен разработен пример


На 1 јули 20X8 година, друштвото Кристал стекнало 60.000 од 100.000 акции на
друштвото Камче, неговата единствена подружница. Нацрт-билансите на успех и
извештаите за останата сеопфатна добивка на двете друштва на 31 декември 20X8
година се прикажани долу:

Кристал Камче

$’000 $’000

Приходи 43.000 26.000

Трошок на реализација (28.000) (18.000)

Бруто-добивка 15.000 8.000

Друг приход ‒ примена дивиденда од друштвото 2.000 -


Камче

Трошоци на дистрибуција (2.000) (800)

Административни расходи (4.000) (2.200)

Финансиски трошоци (500) (300)

Добивка пред оданочување 10.500 4.700

Расход за данок на добивка (1.400) (900)

178 10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка  F7 Финансиско известување
Добивка за годината 9.100 3.800

Останата сеопфатна добивка:

Добивка од ревалоризација на недвижности - 2.000


(Белешка (i))

Вложување во сопственички инструмент 200 -

Вкупна сеопфатна добивка за годината 9.300 5.800

Дополнителни информации:
(i) На датумот на стекнување, објективните вредности на средствата на Камче биле
еднакви на нивните сметководствени вредности, со исклучок на една зграда што
имала објективна вредност поголема за $1 милион од својата сметководствена
вредност. На датумот на стекнување, зградата имала преостанат корисен век од
20 години. Трошокот за депрецијација на зградата се признава во
административните расходи. Зградата била повторно ревалоризирана на 31
декември 20X8 година и нејзината објективна вредност се зголемила за
дополнителен $1 милион.
(ii) Продажбата од Кристал на Камче изнесувала $6 милиони во текот на периодот по
стекнувањето. Кристал има маржа од 20% на секоја продажба.
(iii) Без оглед на ревалоризацијата на недвижностите, друштвото Кристал заклучило
дека гудвилот во Камче бил обезвреднет за $500.000.
(iv) Политиката на Кристал е да го вреднува неконтролираното учество според
целосната објективна вредност.
(v) Може да се претпостави дека приходите и расходите настанувале рамномерно во
текот на годината.
Изгответе го консолидираниот биланс на успех и извештај за останата сеопфатна
добивка за годината што завршува на 31 декември 20X8 година.
Решение
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ И ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА
ДОБИВКА
$’000
Приход (43.000 + (26.000 x 6/12) – 6.000 (W1)) 50.000
Трошок за реализација (28.000 + (18.000 x 6/12) – 6.000 + 1.000 (W1)) (32.000)
Бруто-добивка 18.000
Трошоци за дистрибуција (2.000 + (800 x 6/12)) (2.400)
Административни расходи (4.000 + (2.200 x 6/12) + 25 (W2) + 500 (5.625)
обезвреднување)
Финансиски трошоци (500 + (300 x 6/12)) (650)
Добивка пред оданочување 9.325
Расход за данок на добивка (1.400 + (900 x 6/12)) (1.850)
Добивка за годината 7.475
Останата сеопфатна добивка:
Добивка од ревалоризација на недвижности (по стекнување) 1.000
Вложување во сопственички инструмент 200
Вкупна сеопфатна добивка за годината 8.675
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 6.925
Неконтролираното учество (W3) 550
7.475
Вкупна сеопфатна добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 7.725
Неконтролираното учество (550 + (1.000 × 40%)) 950
8.675

F7 Финансиско известување  10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна


добивка 179
Пресметки
1 Нереализирана добивка
Отстранете го тргувањето меѓу друштвата:
DR Приход $6 м./CR Трошок за реализација $6 м.
Нереализирана добивка = 6.000 x 20/120 = 1.000 ‒ додадете ја на трошоците за
реализација
2 Усогласување за промените на објективната вредност
Усогласувањето на објективната вредност од $1 м. се депрецира во текот на
преостанатиот корисен век на зградата. Износот што треба да се признае на 31
декември е:
1.000.000/20 x 6/12 = 25.000
40% од ова (10.000) се признава на НУ.
3 Неконтролирано учество – удел во добивката за годината
$’000

Удел во добивката по стекнување (3.800 x 6/12 x 760


40%)

Усогласување за промените на објективната (10)


вредност (25 x 40%)

Удел во обезвреднувањето на гудвилот (500 x (200)


40%)

550

Резиме на главата
• Изворот на податоци за консолидираниот биланс на успех се поединечните биланси на
успех на посебните друштва во групата.
• Во консолидираниот биланс на успех, неконтролираното учество се претставува како
еднолиниско усогласување по ставката „добивка за годината“.
• Продажбите и набавките во рамките на групата се елиминираат од консолидираниот
биланс на успех.
• Единствено, добивките на подружницата по стекнувањето се вклучуваат во
консолидираниот биланс на успех.
• Консолидираниот биланс на успех и извештајот за останата сеопфатна добивка се
изготвува користејќи го консолидираниот биланс на успех како основа.

Краток тест
1 Каде се појавува нереализираната добивка од тргувањето во рамките на групата во
билансот на успех?
2 На почетокот од годината, подружница поседувана 75% врши пренос на нетековно
средство на матичното друштво за $500.000. Неговата сметководствена вредност била
$400.000 и средството имало уште 4 години од неговиот корисен век. Како се
евидентира ова на крајот од годината во консолидираниот биланс на успех?

180 10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка  F7 Финансиско известување
Одговори на краткиот тест
1 Како одбиток од консолидираната бруто-добивка.
2
$
Нереализирана добивка 100.000
Дополнителна депрецијација (100 ÷ 4) (25.000)
Нето-задолжување на добивката или загубата 75.000

Должи Побарува
$ $
Нетековно средство 100.000
Дополнителна депрецијација 25.000
Добивка на групата (75%) 56.250
Неконтролирано учество (25%) 18.750
100.000 100.000

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


11 Испит 15 27 минути
12 – 20 36 минути

F7 Финансиско известување  10: Консолидиран биланс на успех и извештај за останата сеопфатна


добивка 181
Сметководство
за придружени
ентитети

Список со теми

1 Сметководство за придружени ентитети


2 Метод на главнина
3 Биланс на успех и извештај за финансиска
состојба
11
Упатување до
наставната
програма
D3
D3
D3

Вовед
Во оваа глава го разгледуваме третманот на придружените
ентитети во консолидираните финансиски извештаи.
Бидејќи учеството на групата во добивката на
придружениот ентитет се појавува во добивката или
загубата наместо во останата сеопфатна добивка, ние се
концентриравме на посебниот биланс на успех.

181
Насоки за учење
Ниво на
знаење
Г ДЕЛОВНИ КОМБИНАЦИИ
3 (а) Дефинирајте придружен ентитет и објаснете го принципот 2
и расудувањето за користењето на сметководство според
метод на главнина.
(б) Изгответе консолидирани финансиски извештаи што 2
вклучуваат една подружница и придружен ентитет.

1. Сметководство за придружни ентитети


ДЕФИНИЦИЈА
Ова е опфатено во МСС 28 Вложувања во придружни ентитети. Друштвото што
вложува нема контрола како во случајот на подружницата, но има значајно влијание.

1.1 Дефиниции
Дел од важните дефиниции ги разгледавме во Глава 8; тие се повторуваат овде заедно
со неколку дополнителни важни поими.
Клучни • Придружен ентитет. Ентитет, вклучувајќи и неинкорпориран ентитет, како што е
поими партнерството, врз којшто вложувачот има значително влијание и кое не е ниту
подружница ниту учество во заедничко вложување.
• Значајно влијание е моќта да се учествува во одлуките за финансиските и
оперативните политики на ентитетот во кој се вложува, но не претставува
контрола или заедничка контрола врз тие политики.

• Метод на главнина. Сметководствен метод, според кој вложувањето првично се


признава според набавната вредност и потоа се корегира за промена по
стекнувањето во уделот на вложувачот во нето-средствата на ентитетот во кој е
вложено. Добивката или загубата на вложувачот го вклучува уделот на
вложувачот во добивката или загубата на ентитетот во кој е вложено.

Веќе разгледавме како треба да се утврдува статусот на некое вложување во


придружен ентитет. Вратете се на Дел 1 од Глава 8 за да го повторите тоа. (Забележете
дека, како за вложувањето во подружница, сите потенцијални гласачки права треба да
се земат предвид при оценувањето дали вложувачот има значајно влијание врз
ентитетот во којшто вложува.)
МСС 28 бара сите вложувања во придружни ентитети да се евидентираат во
консолидираните извештаи, користејќи го методот на главнина, освен ако вложувањето
не е класифицирано како такво што се „чува за продажба“ во согласност со МСФИ 5, и
во таквиот случај, тоа треба да се евидентира во согласност со МСФИ 5 (видете Глава
7), или се применува исклучокот од параграфот долу.
Еден вложувач е ослободен од обврската за користење на методот на главнина ако:
(а) Тој е матично друштво што е ослободено од обврската за изготвување
консолидирани финансиски извештаи во согласност со МСС 27, или
(б) Ако се задоволени сите следни услови:
(i) Вложувачот е целосно поседувана подружница или е делумно
поседувана подружница на некој друг ентитет и ако неговите останати
сопственици, вклучувајќи ги и оние кои инаку немаат право на глас, биле
информирани и немаат приговори за тоа што вложувачот не го користи
методот на главнина;
(ii) Со хартиите од вредност на вложувачот не се тргува на јавен пазар;

182 11: Сметководство за придружени ентитети  F7 Финансиско известување


(iii) Тој не е во процес на издавање хартии од вредност на јавните пазари на
хартии од вредност; и
(iv) Основното или посредното матично друштво објавува консолидирани
финансиски извештаи што се во согласност со Меѓународните стандарди за
финансиско известување.
Ревидираната верзија на МСС 28 повеќе не дозволува некое вложување во придружен
ентитет да се ослободи од обврската за користење на методот на главнина кога
ентитетот во кој се вложува работи под тешки долготрајни ограничувања и тие
значително ја намалуваат неговата способност да пренесува финансиски средства на
вложувачот. Значајното влијание мора да биде изгубено пред да престане да биде
применлив методот на главнина.
Треба да се прекине со употребата на методот на главнина од датумот кога вложувачот
престанува да има значајно влијание.
По тој датум, вложувачот треба да го евидентира вложувањето во согласност со МСФИ 9
Финансиски инструменти. Сметководствената вредност на вложувањето на датумот
кога тоа престанува да биде придружен ентитет треба да се смета за негова набавна
вредност при првичното признавање како финансиско средство во согласност со МСФИ
9.

1.2 Посебни финансиски извештаи на вложувачот


Ако некој вложувач издава консолидирани финансиски извештаи (бидејќи има
подружници), вложувањето во придружен ентитет треба:
(а) Да се евидентира по набавна вредност, или
(б) Во согласност со МСФИ 9 (по објективна вредност)
во своите посебни финансиски извештаи.
Ако некој вложувач не издава консолидирани финансиски извештаи (т.е. нема
подружници), но има вложување во некој придружен ентитет, ова треба на сличен начин
да биде вклучено во финансиските извештаи на вложувачот или по набавна вредност,
или во согласност со МСФИ 9 (видете Глава 14).

2. Метод на главнина
2.1 Примена на методот на главнина: консолидирани
извештаи
Голем дел од постапките што се бараат за примена на методот на главнина се исти како
оние што се бараат за целосната консолидација. Конкретно, нереализираните добивки
во рамките на групата мора да се исклучат.

2.1.1 Консолидиран биланс на успех


Основниот принцип е дека друштвото-вложувач (друштво А) треба да го земе предвид
своето учество во заработувачката на придружниот ентитет, друштво Б, без оглед на тоа
дали друштвото Б ја распределува заработувачката во форма на дивиденда. Друштвото
А го постигнува ова преку додавање на учеството на групата во добивката по
оданочување на друштвото Б на консолидираната добивка.
Забележете ја разликата меѓу овој третман и консолидацијата на резултатите на некоја
подружница. Кога друштвото Б би било подружница, друштвото А целосно би ги презело
неговите приходи од продажба, трошоци за реализација итн., и потоа би направило
еднолиниско усогласување за отстранување на какво било неконтролирано учество.
Во согласност со методот на главнина, приходите од продажбата, трошоците за
реализација итн. на придружниот ентитет не се соединуваат со тие на групата. Наместо
тоа, единствено учеството на групата во добивката по оданочување на придружниот
ентитет се додава на добивката на групата.

F7 Финансиско известување  11: Сметководство за придружени ентитети 183


2.1.2 Консолидиран извештај за финансиска состојба
Се прикажува износ за вложување во придружни ентитети, што во времето на
стекнувањето мора да биде прикажан по набавна вредност. На крајот од секој
сметководствен период, учеството на групата во задржаните резерви на придружниот
ентитет ѝ се додава на првичната набавна вредност за да се добие вкупното вложување
што се прикажува во консолидираниот извештај за финансиска состојба.

2.2 Пример: придружен ентитет


Друштвото А, што претставува друштво со подружници, стекнува 25.000 од 100.000
обични акции во вредност од $1 во друштвото Б за $60.000 на 1 јануари 20X8 година. Во
годината до 31 декември 20X8 година, друштвото Б заработува добивка по оданочување
од $24.000, од која тоа плаќа дивиденда од $6.000.
Како ќе се евидентираат резултатите на друштвото Б во поединечните и
консолидираните извештаи на друштвото А за годината што завршила на 31 декември
20X8 година?

Решение
Во поединечните извештаи на друштвото А, вложувањето се евидентира на 1 јануари
20X8 година по набавна вредност. Освен ако нема обезвреднување на вредноста на
вложувањето (видете долу), овој износ останува трајно во поединечниот извештај за
финансиска состојба на друштвото А. Единственото книжење во поединечниот биланс
на успех на друштвото А ќе биде книжењето за евидентирање на примените дивиденди.
За годината што завршува на 31 декември 20X8 година, друштвото А ќе:
ДОЛЖИ Пари $1.500
ПОБАРУВА Приход од учество во придружни ентитети $1.500
Во консолидираните извештаи на друштвото А се користат принципите на
сметководството според методот на главнина за евидентирање на вложувањето во
друштвото Б. Консолидираната добивка по оданочување ќе го вклучува учеството на
групата во добивката по оданочување на друштвото Б (25% x $24.000 = $6.000). Ако таа
била распределена како дивиденда, таа е веќе вклучена во поединечните извештаи на
друштвото А и по автоматизам ќе биде пренесена во консолидираните резултати. Оној
дел од учеството на групата во добивката на придружниот ентитет што не бил
распределен како дивиденда ($4.500) се вклучува во консолидацијата преку следново
усогласување.
ДОЛЖИ Вложувања во придружни ентитети $4.500
ПОБАРУВА Учество во добивката на придружни ентитети $4.500
Средството „вложување во придружни ентитети“ потоа се искажува со износ од $64.500,
што е набавната вредност плус учеството на групата во задржаната добивка по
стекнувањето.

3. Биланс на успех и извештај за финансиска


состојба
3.1 Консолидиран биланс на успех
ДЕФИНИЦИЈА Во консолидираниот биланс на успех, групата што вложува го признава своето
учество во добивките по оданочување на придружните ентитети без оглед на тоа
дали тие се распределени како дивиденди или не.

Може да се користи табела за консолидација за изготвување на консолидираниот


биланс на успех на група со придружни ентитети. Забележете го третманот на добивките
на придружниот ентитет во следниов пример.

184 11: Сметководство за придружени ентитети  F7 Финансиско известување


3.2 Илустрација
Следнава табела за консолидација се однесува на групата на друштвото А, што се
состои од матично друштво, 80% поседувана подружница (друштво Б) и придружен
ентитет (друштво В) во кое групата има учество од 30%.
ТАБЕЛА ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА
Група Друштво Друштво Друштво
А Б В
$'000 $'000 $'000 $'000
Приходи од продажба 1.400 600 800 300
Трошок на реализација 770 370 400 120
Бруто-добивка 630 230 400 180
Административни расходи 290 110 180 80
340 120 220 100
Приходи од камата 30 30 – –
370 150 220 100
Расходи за камата (20) – (20) –
Учество во добивката на придружниот 17 – –
ентитет (57 x 30%)
367 150 200 100
Расход за данок на добивка:
Група (145) (55) (90)
Придружен ентитет – – (43)
Добивка за годината 222 95 110 57
Неконтролирано учество (110 x 20%) (22)
200
Забележете го следново
(а) Приходот од продажба на групата, бруто-добивката на групата и трошоците, како
што е трошокот за депрецијација и слично, не ги вклучуваат приходот од
продажба, бруто-добивката и трошоците итн., на придружните ентитети.
(б) Учеството на групата во добивката на придружните ентитети се признава во
добивката или загубата на групата. Ако придружниот ентитет бил стекнат во текот
на годината, ќе биде неопходно да се одбијат добивките пред стекнувањето
(потсетувајќи дека треба да се пресмета данокот на добивките од тековната
година).
(в) Неконтролираното учество се применува единствено на подружниците.

3.3 Проформа консолидиран биланс на успех


Во продолжение е даден предложениот формат (користејќи ги износите од
горенаведената илустрација) на консолидираниот биланс на успех на друштво што има
подружници и придружни ентитети.
$'000
Приходи од продажба 1.400
Трошок на реализација (770)
Бруто-добивка 630
Друг приход: побарување за камата 30
Административни расходи (290)
Финансиски трошоци (20)
Учество во добивката на придружен ентитет 17
Добивка пред оданочување 367
Расход за данок на добивка (145)
Добивка за годината 222
Добивка што се припишува на:
Сопствениците на матичното друштво 200
Неконтролирано учество 22
222

F7 Финансиско известување  11: Сметководство за придружени ентитети 185


3.4 Консолидиран извештај за финансиска состојба
ДЕФИНИЦИЈА
Во консолидираниот извештај за финансиска состојба, вложувањето во придружните
ентитети треба да се прикаже како:

• Набавна вредност на вложувањето во придружниот ентитет; плус


• Учество на групата во добивките по стекнувањето; намалено за
• Какви било износи исплатени како дивиденди; намалени за
• Каков било износ што се отпишува од вложувањето.
Како што беше претходно објаснето, консолидираниот извештај за финансиска состојба
ќе содржи средство „вложување во придружени ентитети“. Износот со кој ќе биде
искажано ова средство ќе биде неговата првична набавна вредност плус учеството на
групата во какви било добивки по стекнувањето што не биле распределени како
дивиденди.

3.5 Пример: консолидиран извештај за финансиска


состојба
На 1 јануари 20X6 година, нето-материјалните средства на друштвото В изнесувале
$220.000, финансирани од 100.000 обични акции од по $1 и резерви на приходи од
$120.000. Друштвото А, што претставува друштво со подружници, стекнува 30.000 акции
во друштвото В за $75.000. Во текот на годината што завршува на 31 декември 20X6
година, добивката по оданочување на друштвото В е $30.000, од што се исплатени
дивиденди во износ од $12.000.
Покажете како ќе се појави вложувањето на друштвото А во друштвото В во
консолидираниот извештај за финансиската состојба на 31 декември 20X6 година.

Решение
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА
НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X6 Г. (извадок)
$
Нетековни средства
Вложување во придружено друштво:
Набавна вредност 75.000
Учество на групата во добивките по стекнувањето
(30% × $18.000) 5.400
80.400

Во продолжение се наведени нацрт-извештаите на Матично друштво и неговите


подружници и на Придружено друштво. Матичното друштво стекнало 40% од
акционерскиот капитал на Придруженото друштво пред три години кога резервите на
второво изнесувале $40.000.
РЕЗИМИРАНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА
Матично
друштво
и подружници Придружено
друштво
$'000 $'000
Материјални нетековни средства 220 170
Вложување во Придруженото друштво по набавна 60 –
вредност
Заем на Придруженото друштво 20 –
Тековни средства 100 50
Заем од Матичното друштво – (20)
400 200

186 11: Сметководство за придружени ентитети  F7 Финансиско известување


Акционерски капитал (акции од $1) 250 100
Задржана заработувачка 150 100
400 200
РЕЗИМИРАНИ БИЛАНСИ НА УСПЕХ
Матично
друштво
и подружници Придружено
друштво
$'000 $'000
Добивка пред оданочување 95 80
Расход за данок на добивка 35 30
Нето-добивка за годината 60 50
Од вас се бара да ги изготвите резимираните консолидирани извештаи на Матичното
друштво.
Белешки
(1) Претпоставете дека средствата/обврските на придружениот ентитет се искажани
по објективна вредност.
(2) Претпоставете дека нема неконтролирани учества во подружниците.

Одговор
МАТИЧНО ДРУШТВО
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ
$'000
Нето-добивка 95
Учество во добивката на придруженото друштво (50 x 40%) 20
Добивка пред оданочување 115
Расход за данок на добивка (35)
Добивка што им се припишува на членовите на Матичното друштво 80
МАТИЧНО ДРУШТВО
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА
$'000
Средства
Материјални нетековни средства 220
Вложување во придружен ентитет (видете белешка) 84
Заем на придружниот ентитет 20
Тековни средства 100
Вкупно средства 424
Главнина и обврски
Акционерски капитал 250
Задржана заработувачка (W2) 174
Вкупно главнина и обврски 424
Белешка
$'000
Вложување во придружен ентитет
Набавна вредност на вложувањето 60
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето (W) 24
84
Пресметки
Матично
друштво и
Задржана заработувачка подружници Придруже
н ентитет
$'000 $'000
Според прашање 150 100
Пред стекнување 40

F7 Финансиско известување  11: Сметководство за придружени ентитети 187


По стекнување 60
Учество на групата во придружениот ентитет
($60 × 40%) 24
Задржана заработувачка на групата 174

Друштвото Алфред купило 25% удел во акционерскиот капитал на 31 декември 20X8


година во друштвото Гримбалд по набавна вредност од $38.000.
Во текот на годината, до 31 декември 20X9 година, друштвото Гримбалд остварил
добивка пред оданочување од $82.000, а расходот за данок на добивка за годината бил
$32.000. Од оваа добивка била исплатена дивиденда во износ од $20.000 на 31
декември.
Пресметајте ги книжењата за придружниот ентитет што би се појавиле во
консолидираните извештаи на групата Алфред, во согласност со барањата од МСС 28.

Одговор
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ
$
Учество во добивката на придружениот ентитет (82.000 x 25%) 20.500
Намалено за данок (32.000 + 25%) (8.000)
Учество во добивката на придружен ентитет 12.500
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА
$
Вложување во придружен ентитет (W) 45.500
Пресметки
$
Набавна вредност на вложувањето 38.000
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето ((82.000 – 32.000 – 7.500
20.000) x 25%)
45.500

Следниве точки, исто така, се релевантни и се слични како ситуацијата на консолидација


меѓу матично друштво и подружница.
(а) Користете финансиски извештаи што се изготвени со ист датум на известување.
(б) Ако ова не е изводливо, усогласете ги финанските извештаи за значајни
трансакции/настани во периодот што следи по датумот на известување.
Разликата меѓу датумот на известување на придружениот ентитет и датумот на
известување на вложувачот не смее да изнесува повеќе од три месеци.
(в) Користете еднообразни сметководствени политики за слични трансакции и
настани во слични околности, усогласувајќи ги извештаите на придружениот
ентитет за да ги одразите политиките на групата, по потреба.

3.6 „Нагорни“ и „надолни“ трансакции


„Нагорните“ трансакции се, на пример, продажбите на средства од придружен ентитет
на вложувачот. „Надолните“ трансакции се, на пример, продажбите на средства од
вложувачот на некој придружен ентитет.
Добивките и загубите што произлегуваат од „нагорни“ и „надолни“ трансакции меѓу
вложувач (вклучувајќи ги неговите консолидирани подружници) и придружен ентитет се
елиминираат до степенот на учеството на вложувачот во придружениот ентитет. Ова е
многу слично на постапката за елиминирање на трансакциите во рамките на групата
меѓу матично друштво и подружница. Важното нешто што треба да се запомни е дека се
елиминира единствено учеството на групата.

188 11: Сметководство за придружени ентитети  F7 Финансиско известување


3.7 Пример: надолна трансакција
Друштвото А, матично друштво со подружници, поседува 25% од акциите во друштвото
Б. Во текот на годината, друштвото А остварува продажба од $1.000.000 на друштвото Б
по набавна вредност плус маржа од 25%. На крајот од годината, сите овие стоки се уште
се во залихите на друштвото Б.

Решение
Друштвото А остварило нереализирана добивка од $200.000 (1.000.000 x 25/125) од
продажбата на придружниот ентитет. Учеството на групата (25%) во ова мора да се
елиминира:
ДОЛЖИ Трошок на реализација (консолидиран биланс на успех) $50.000
ПОБАРУВА Вложување во придружен ентитет (консолидиран извештај за финансиска
состојба) $50.000
Бидејќи продажбата била извршена на придружен ентитет, учеството на групата во
непродадените залихи претставува дел од вложувањето во придружниот ентитет на
крајот од годината. Ако придружениот ентитет ја извршил продажбата на матичното
друштво, усогласувањето би било:
ДОЛЖИ Трошок на реализација (консолидиран биланс на успех) $50.000
ПОБАРУВА Залихи (консолидиран извештај за финансиска состојба) $50.000

3.8 Загуби на придружниот ентитет


Кога се користи методот на главнина и кога учеството на вложувачот во загубите на
придружениот ентитет е еднакво или поголемо од неговото учество во придружниот
ентитет, вложувачот треба да престане со вклучувањето на своето учество во идните
загуби. Вложувањето се евидентира со вредност нула. Откако учеството на вложувачот
е сведено на нула, дополнителните загуби треба да се признаваат единствено ако
вложувачот презел обврски или извршил плаќања во име на придружниот ентитет (на
пример, ако дал гаранции за износи што придружениот ентитет ги должи на трети
страни).

3.9 Загуби поради обезвреднување


МСС 39 наведува список на показатели дека некое финансиско средство (вклучувајќи
придружен ентитет) може да станало обезвреднето. Секоја загуба поради
обезвреднување се признава во согласност со МСС 36 Обезвреднување на средства за
секој придружен ентитет одделно.
Во случајот на придружен ентитет, секоја загуба поради обезвреднување се одбива од
сметководствената вредност во извештајот за финансиската состојба.
Пресметката би била како што следува.
$
Набавна вредност на вложувањето X
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето X
X
Загуба поради обезвреднување (X)
Вложување во придружен ентитет X

Фокус на Не е невообичаено во испитот да треба да извршите евидентирање и на придружен


испитот ентитет и на подружница во консолидација.

Извештаите за финансиската состојба на друштвото В и на двете друштва во коишто


вложува тоа, друштвото А и друштвото Б, на 31 декември 20X5 година се прикажани
долу.

F7 Финансиско известување  11: Сметководство за придружени ентитети 189


ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X5 г.
Друштво В Друштво А Друштво Б
$'000 $'000 $'000
Нетековни средства
Недвижност во слободна сопственост 1.950 1.250 500
Постројки и машини 795 375 285
Вложувања 1.500 – –
4.245 1.625 785
Тековни средства
Залихи 575 300 265
Побарувања од купувачите 330 290 370
Пари 50 120 20
955 710 655
Вкупно средства 5.200 2.335 1.440
Главнина и обврски
Главнина
Акционерски капитал - акции од $1 2.000 1.000 750
Задржана заработувачка 1.460 885 390
3.460 1.885 1.140
Нетековни обврски
12% должнички хартии од вредност 500 100 –
Тековни обврски
Обврски кон добавувачи 680 350 300
Пречекорување сметка во банка 560 – –
1.240 350 300
Вкупно главнина и обврски 5.200 2.335 1.440
Дополнителни информации
(а) Друштвото В стекнало 600.000 обични акции во друштвото А на 1 јануари 20X0
година за $1.000.000, кога задржаната заработувачка на друштвото А изнесувала
$200.000.
(б) На датумот на стекнувањето на друштвото А, објективната вредност на неговите
недвижности во слободна сопственост се сметало дека е за $400.000 повисока од
нивната вредност во извештајот за финансиската состојба на друштвото А.
Друштвото А ја стекнало недвижноста во јануари 20X0 година и елементот на
згради (што претставува 50% од вкупната вредност) се депрецира по набавна
вредност во текот на 50 години.
(в) Друштвото В стекнало 225.000 обични акции во друштвото Б на 1 јануари 20X4
година за $500.000, кога задржаната заработувачка на друштвото Б изнесувала
$150.000.
(г) Друштвото А произведува компонента што се користи и од друштвото В и од
друштвото Б. Друштвото А ги остварува продажбите по набавна вредност плус
25%. Друштвото В чувало залихи од $100.000 од овие компоненти на 31 декември
20X5 година. Во истиот период друштвото В му продало стоки на друштвото Б, од
кои друштвото Б имало залихи од $80.000 на 31 декември 20X5 година. Друштвото
В пресметувало маржа до 25% на овие стоки.
(д) Гудвилот во друштвото А е обезвреднет и треба целосно да се отпише. Треба да
се признае загуба поради обезвреднување во износ од $92.000 на вложувањето во
друштвото Б.
(ѓ) Неконтролираното учество е вреднувано по објективна вредност. Непосредно
пред стекнувањето од друштвото В, акциите на друштвото А биле тргувани по
цена од $1,60.
Се бара
Изгответе го, во формат што е соодветен за вклучување во годишните извештаи на
групата В, консолидираниот извештај за финансиската состојба на 31 декември 20X5
година.

190 11: Сметководство за придружени ентитети  F7 Финансиско известување


Одговор
ГРУПА В КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ
20X5 Г.
$'000
Нетековни средства
Недвижност во слободна сопственост (W2) 3.570,00
Постројки и машини (795 + 375) 1.170,00
Вложување во придружен ентитет (W7)
475,20
5.215,20
Тековни средства
Залихи (W3)
855,00
Побарувања (330 + 290)
620,00
Пари (50 + 120)
170,00
1.645,00
Вкупно средства 6.860,20
Главнина и обврски
Главнина
Акционерски капитал 2.000,00
Задржана заработувачка (W8) 1.792,20
3.792,20
Неконтролирано учество (W9)
878,00
4.670,20
Нетековни обврски
12% должнички хартии од вредност (500 + 100)
600,00
Тековни обврски (680 + 560 + 350) 1.590,00
Вкупно главнина и обврски 6.860,20
Пресметки
1 Структура на групата

2 Недвижност во слободна сопственост


$'000
Друштво В 1.950
Друштво А 1.250
Усогласување на објективната вредност 400
Дополнителна депрецијација (400 x 50% ÷ 40) x 6 години (20X0- (30)
20X5)
3.570
3 Залихи
$'000
Друштво В 575
Друштво А 300
НД (100 × 25/125) (W4) (20)
855

F7 Финансиско известување  11: Сметководство за придружени ентитети 191


4 Нереализирана добивка (НД)
$'000
Од продажбата од А на В (матично друштво) 100 x 25/125 20,0
Од продажба од В на Б (придружен ентитет) 80 x 25/125 x 30% 4,8

5 Усогласувања на објективната вредност


Разлика при Разлика сега
стекнување
$'000 $'000
Недвижност 400 400
Дополнителна депрецијација: 200 × 6/40 – (30)
400 370
∴ Трошок од $30.000 во задржаната заработувачка
6 Гудвил
$'000 $'000
Друштво А
Пренесен надоместок 1.000
Неконтролирано учество (400 x $1,60) 640
Стекнати нето-средства:
Акционерски капитал 1.000
Задржана заработувачка 200
Усогласување на објективната вредност 400
(1.600)
Гудвил при стекнување 40
Загуба поради обезвреднување (40)
0
7 Вложување во придружен ентитет
$'000
Набавна вредност на вложувањето 500,00
Удел во добивката по стекнување (390 – 150) x 30% 72,00
Намалено за НД (4,80)
Намалено за загуба поради обезвреднување (92,00)
475,20

192 11: Сметководство за придружени ентитети  F7 Финансиско известување


8 Задржана заработувачка
В А Б
$'000 $'000 $'000
Задржана заработувачка по прашање 1.460,0 885,0 390,0
Усогласувања
Нереализирана добивка (W4) (4.8) (20,0)
Усогласувања на објективната (30,0)
вредност (W5)
Загуба поради обезвреднување (А) (40,0)
795,0 390,0
Намалена за резерви пред стекнување (200,0) (150,0)
1.455,20 595,0 240,0
А: 60% × 595 357,00
Б: 30% × 240 72,00
Загуба поради обезвреднување Б (92,00)
1.792,20
9 Неконтролирано учество на датумот на известување
$'000
НУ при стекнување (W6) 640,00
Учество во задржаната заработувачка по стекнувањето (595 x 40%) 238,00
878,00

Резиме на главата
• Друштвото што вложува нема контрола како во случајот на подружницата, но има
значајно влијание. МСС 28 бара, во консолидираните финансиски извештаи,
придружените ентитети да се евидентираат, користејќи ги принципите на
сметководството според методот на главнина.

• Во консолидираниот биланс на успех, групата што вложува го признава своето


учество во добивките по оданочување на придружените ентитети без оглед на тоа
дали тие се распределени како дивиденди или не.
• Во консолидираниот извештај за финансиска состојба, вложувањето во
придружените ентитети треба да се прикаже како:
– Набавна вредност на вложувањето во придружениот ентитет; плус
– Учество на групата во добивките по стекнувањето; намалено за
– Какви било износи исплатени како дивиденди и сите отпишани износи.

Краток тест
1 Дефинирајте придружен ентитет.
2 Како треба да се евидентираат придружените ентитети во посебните финансиски
извештаи на вложувачот?
3 Каков ефект има методот на главнина врз консолидираниот биланс на успех и
извештајот за финансиска состојба?

F7 Финансиско известување  11: Сметководство за придружени ентитети 193


Одговори на краткиот тест
1 Ентитет во којшто вложувачот има значајно влијание, но што не е подружница или
заедничко вложување на вложувачот.
2 Или по набавна вредност, или во согласност со МСФИ 9.
3 (а) Консолидиран биланс на успех. Друштвото што вложува го вклучува своето
учество во заработката на придружниот ентитет, додавајќи го своето учество во
добивката по оданочување.
(б) Консолидиран извештај за финансиска состојба. Вложувањето во придружните
ентитети првично е вклучено во средствата по набавна вредност. Ова се
зголемува или се намалува секоја година врз основа на тоа дали придружното
друштво остварува добивка или загуба.

Сега обидете се да ги одговорите долунаведените прашања од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


13 Испит 25 45 минути

194 11: Сметководство за придружени ентитети  F7 Финансиско известување


F7 Финансиско известување  11: Сметководство за придружени ентитети 195
12
Залихи и
договори за
изградба

Список со теми Упатување до


наставната
програма
1 Залихи и краткорочно производство во тек (МСС 2) C4
2 МСС 11 Договори за изградба C4

Вовед
Со залихите и нивното вреднување се сретнавте во вашите
претходни студии. Вреднувањето на залихите и
краткорочното производство во тек има директно влијание
врз бруто добивката на друштвото и вообичаено
претставува материјална ставка во финансиските извештаи
на кое било друштво. Според тоа, ова претставува важна
тематска област. Ако имате какви било недоумици во врска
со сметководството за залихи и методите за вреднување
на залихите, ве советуваме да се вратите на претходните
материјали за учење и да ги повторите тие теми.
Дел 1 од оваа глава повторно покрива дел од оваа област,
фокусирајќи се на ефектот на МСС 2. Дел 2 продолжува со
разгледување нова област, договорите за изградба, што
ефективно претставуваат долгорочно производство во тек.
Ова тема би требало да ви биде прилично логична, под
услов ако ги разработите примерите и прашањата
внимателно.

195
Насоки за учење
Ниво на
знаење

4 Залихи
(а) Опишете ги и применете ги принципите за вреднување на 2
залихите.
(б) Дефинирајте договор за изградба и објаснете ја улогата на 2
сметководствените концепти во признавањето на
добивката.
(в) Опишете ги прифатливите методи за утврдување на 2
степенот (процентот) на реализација на договорот за
изградба.
(г) Изгответе извадоци од финансиски извештаи за договори 2
за изградба.

Насоки за испитот
Испитите редовно содржат прашање за договорите за изградба. Тие претставуваат
добар тест за двојното книжење. Веројатно е дека испитувачот ќе ги тестира, ако ништо
друго, поради тоа што тие не се појавуваат во Испитот П2.

1. Залихи и краткорочно производство во тек


(МСС 2)
Користењето на ЛИФО е забрането во согласност со ревидираниот МСС 2.

1.1 Вовед
Во најголемиот број претпријатија, утврдената вредност на залихите е важен фактор за
утврдување на добивката. Меѓутоа, вреднувањето на залихите е многу субјективна
постапка и, оттаму, во практиката се користат низа различни методи.

1.2 МСС 2 (ревидиран) Залихи


МСС 2 беше ревидиран во декември 2003 година. Тој го утврдува бараниот
сметководствен третман на залихите (понекогаш нарекувани стоки) во согласност со
системот за историска набавна вредност. Најспорното прашање е набавната вредност
на залихите што треба да се евидентира. Таа се признава како средство на ентитетот
сè додека не се признаат поврзаните приходи (т.е. додека не се продадат залихите) и во
тој момент залихите се признаваат како расход (т.е. трошок на реализација). Набавната
вредност на залихите може делумно или целосно да се признае како расход ако е
неопходно намалување на вредноста на залихите до нивната нето-реализациона
вредност. Ревидираниот МСС, исто така, дава упатства за трошковните формули што
се користат за утврдување на набавната вредност на залихите.
Со други зборови, основната сметководствена претпоставка за сметководство врз
пресметковна основа бара набавните вредности да бидат спротивставени на поврзаните
приходи. За да се постигне тоа, трошоците што биле направени за стоки што останале
непродадени на крајот од годината мора да се пренесат во следниот период во
извештајот за финансиска состојба и да се спротивстават на какви било идни приходи.

1.3 Опфат
Следниве прашања се исклучени од опфатот на стандардот.

196 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


• Производство во тек врз основа на договори за изградба (опфатено со МСС 11
Договори за изградба, видете Дел 2)
• Финансиски инструменти (т.е. акции, обврзници)
• Биолошки средства
Определени залихи се изземени од правилата за мерење на стандардот, а тоа се
залихите што се чувани од:
• Производители на земјоделски и шумски производи
• Брокери-трговци со стоки

1.4 Дефиниции
Важни се следниве дефиниции.
• Залихи се средства:

Клучни – кои се чуваат за продажба во редовниот тек на работењето;


поими – во процесот на производство наменето за продажба; или
– во форма на суровини или помошни материјали што ќе бидат употребени во
процесот на производство или во давањето услуги.
• Нето-реализациона вредност е проценетата продажна цена во редовниот тек на
работењето, намалена за проценетите трошоци за довршување и проценетите
трошоци неопходни за да се изврши продажбата. (МСС 2)
• Објективна вредност е цената што би се добила за продажба на средство или
што треба да се плати за пренос на обврска во уредна трансакција помеѓу
учесниците на пазарот на датумот на мерењето. (МСФИ 13)

Залихите можат да вклучуваат што било од следново.


• Производи што се купени и се чуваат за препродажба, на пример, трговска
стока што се чува за продажба од трговец на мало, или згради и земјиште што се
чуваат за препродажба
• Произведени готови производи
• Производство во тек што се произведува од ентитетот
• Материјали и помошни материјали што чекаат да се употребат во процесот на
производство (суровини)

1.5 Мерење на залихите


Стандардот предвидува дека „Залихите треба да се мерат според пониската од
набавната и од нето-реализационата вредност“.
Фокус на Ова е многу важно правило и од вас ќе се очекува да го примените во испитот.
испитот

1.6 Набавна вредност на залихите


Набавната вредност на залихите се состои од сите трошоци за:
• Набавка
• Трошоци за конверзија
• Други трошоци направени за да се доведат залихите до нивната сегашна
локација и состојба

1.6.1 Трошоци за набавка


Стандардот ги наведува следниве елементи на трошоците за набавка на залихите:
• Набавна цена, плус
• Увозни давачки и други даноци, плус

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 197


• Трошоци за превоз, манипулирање и други трошоци што директно можат да му
се припишат на стекнувањето на готовите производи, суровините и услугите,
минус
• Трговски попусти, рабатите и други слични ставки.

1.6.2 Трошоци за конверзија


Трошоците за конверзија на залихите се состојат од два главни дела.
(а) Трошоци што се директно поврзани со единиците на производство, на пример,
директни материјали, директен труд.
(б) Фиксни и варијабилни општи трошоци на производство што се направени за
конвертирање на суровините во готови производи, алоцирани врз систематска
основа.
Можеби веќе сте се сретнале со поимите „фиксни општи трошоци на производство“ или
„варијабилни општи трошоци на производство“ во текот на вашите студии. Стандардот
ги дефинира како што следува.

Клучни • Фиксни општи трошоци на производство се оние индиректни трошоци на


поими производството што остануваат релативно непроменети без оглед на обемот на
производство, на пример, трошоците за управување со фабриката и администрацијата.

• Варијабилни општи трошоци на производство се оние индиректни трошоци на


производството што се менуваат директно, или речиси директно, со обемот на
производство, на пример, индиректните материјали и индиректниот труд. (МСС 2)

Стандардот нагласува дека фиксните општи трошоци на производство мора да се


алоцираат на ставките од залихите врз основа на нормалниот капацитет на
производствените средства. Ова е важно прашање.
(а) Нормален капацитет е производството што се очекува да биде постигнато врз
основа на просекот во текот на определен број периоди/сезони под нормални
околности.
(б) Горенаведениот износ треба да ја земе предвид загубата на капацитетот што
произлегува од планираното одржување.
(в) Може да се користи фактичкото ниво на производство доколку е приближно на
нормалниот капацитет.
(г) Мал обем на производството или неискористеност на капацитетот нема да
резултира со алоцирање поголем износ на фиксни општи трошоци на
производство на секоја единица.
(д) Неалоцираните општи трошоци мора да се признаат како расход во периодот во
којшто се направени.
(ѓ) Кога производството е абнормално високо, износот на фиксните општи трошоци
што е алоциран на секоја единица на производство се намалува, така што
залихите нема да се мерат по вредност што е поголема од нивната набавна
вредност.
(е) Алокацијата на варијабилните општи трошоци на производство на секоја единица
се заснова врз фактичкото користење на производствените средства.

1.6.3 Други трошоци


Сите други трошоци треба да се признаваат единствено ако се направени за
доведување на залихите до нивната сегашна локација и состојба.
Стандардот ги наведува видовите трошоци што не се вклучуваат во набавната
вредност на залихите. Наместо тоа, тие се признаваат како расход во периодот во
којшто настанале.
(а) Абнормални износи на растур на материјали, труд и други производствени
трошоци
(б) Трошоци за складирање (освен ако овие трошоци се неопходни во
производствениот процес пред некоја следна фаза во производството)

198 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


(в) Административни општи трошоци што не се направени за доведување на
залихите до нивната сегашна локација и состојба
(г) Трошоци за продажба

1.6.4 Техники за мерење на набавната вредност


Во стандардот се спомнуваат две техники, при што и двете даваат резултати што се
приближни до набавната вредност, така што и двете се погодни за користење.
(а) Стандардните трошоци се утврдени така што предвид ги земаат нормалните
производствени вредности: количините на употребените суровини, труд, итн. Тие
редовно се проверуваат и се ревидираат.
(б) Метод на малопродажба: ова се користи често во секторот малопродажба за
мерење на залихите на голем број ставки кои значително брзо се менуваат, но
сепак, имаат слични маржи. Единствениот практичен метод за вреднување на
залихите може да биде земањето на вкупната продажна цена на залихите и
одбивање на општата просечна маржа, на тој начин намалувајќи ја вредноста до
приближната набавна вредност. Процентот што се користи ги зема предвид
залихите чијашто цена била намалена на износ под нивната почетна продажна
цена. Понекогаш се користат различни проценти за секое малопродажно
одделение.

1.7 Трошковни формули


Набавната вредност на залихите треба да се утврдува преку специфична
идентификација на нивните поединечни трошоци за:
(а) Ставки што вообичаено не се меѓусебно разменливи
(б) Производи и услуги кои се произведени и кои се издвоени за точно определени
проекти
Специфичните трошоци треба да се припишуваат на поединечни ставки од залихата
кога тие се издвоени за точно определен проект, но не и кога залихите се состојат од
голем број меѓусебно заменливи (т.е. идентични или многу слични) ставки. Во вториов
случај важи долунаведеното правило.

1.7.1 Меѓусебно заменливи ставки


Правило што треба да се научи
Набавната вредност на залихите треба да се определи со користење на формулата прв
влезен, прв излезен (ФИФО), или формулата на пондерирана просечна набавна
вредност. Формулата ЛИФО (последен влезен, прв излезен) не е дозволена во
согласност со ревидираниот МСС 2.
Би требало да сте запознаени со овие методи од вашите претходни студии. Според
формулата на пондерирана просечна набавна вредност, можат да се вршат повторни
пресметки по секоја набавка или, алтернативно, само на крајот од периодот.

1.8 Нето-реализациона вредност (НРВ)


Општото правило гласи дека средствата не треба да се водат по износи поголеми од
оние што се очекува дека ќе се реализираат од нивната продажба или употреба. Во
случајот на залихите, овој износ може да биде понизок од набавната вредност кога
ставки од залихите се оштетени или стануваат застарени, или кога трошоците за
довршување се зголемени за да се реализира продажба.
Всушност, можеме да ги идентификуваме основните ситуации во кои НРВ веројатно ќе
биде пониска од набавната вредност, т.е. кога имало:
(а) Зголемување на трошоците или намалување на продажната цена
(б) Физичко оштетување на состојбата на залихите
(в) Застареност на производите
(г) Одлука во рамките на маркетинг-стратегијата на друштвото да произведува и да
продава производи со загуба
(д) Грешки во производството или набавката

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 199


Вредноста на залихите вообичаено се намалува ставка по ставка, но сличните или
поврзаните ставки можат да се групираат. Ова групирање е соодветно, на пример, за
ставки на залиха кои се однесуваат на иста производствена линија, но не е прифатливо
намалувањето на вредноста на залихите врз основа на класификација на залихите (на
пример, готови производи) или сите залихи во определен оперативен сегмент.
Проценките на НРВ треба да се вршат истовремено со проценките на продажната
цена, користејќи ги најверодостојните достапни информации. Промените на цената или
набавната вредност треба да се земат предвид ако тие директно се однесуваат на
настани што се случуваат по крајот на периодот на известување и што ги потврдуваат
условите кои постојат на крајот од периодот.
Треба да се земе предвид и тоа за која намена се чуваат залихите. Некои залихи, на
пример, може да се чуваат за да се задоволат обврзувачки договори и, според тоа,
нивната НРВ ќе биде договорната цена. Од друга страна, пак, сите дополнителни
залихи од истиот вид што се чуваат на крајот од периодот се проценуваат врз основа на
општите продажни цени во времето кога се врши проценката на НРВ.
Нето-реализационата вредност мора повторно да се проценува на крајот од секој
период и мора повторно да се споредува со набавната вредност. Ако НРВ се зголемила
за залихи што се чуваат во текот на повеќе периоди, тогаш претходното намалување на
вредноста мора да се анулира ако залихите потоа се вреднуваат по пониската од
набавната вредност и новата нето-реализациона вредност. Ова е можно кога
продажните цени се намалиле во минатото и потоа повторно пораснале.
Во определени случаи, намалувањето на НРВ може да биде толку големо, зачестено
или да биде со таква природа што ќе мора да биде обелоденето одделно.

1.9 Признавање како расход


Следниов третман се бара кога залихите се продадени.
(а) Сметководствената вредност се признава како расход во периодот во којшто е
признаен поврзаниот приход
(б) Износот на секое намалување на вредноста на залихите до НРВ и сите загуби
на залихите се признаваат како расход во периодот кога се случило
намалувањето на вредноста или загубата
(в) Износот на сите анулирања на намалувањата на вредноста на залихите,
коишто произлегуваат од зголемување на НРВ, се признава како намалување на
износот на залихите што е признаен како расход во периодот во кој се случило
анулирањето

Едно друштво има залихи на крајот од периодот на известување, како што следува:
Единици Набавна Општи Општи Очекувања
вредност трошоци трошоци продажба
на на на
суровини производс продажба
тво
$ $ $ $
Производ А 300 160 15 12 185
Производ Б 250 50 10 10 75
Со кој износ треба да бидат искажани залихите во извештајот за финансиска состојба во
согласност со МСС 2?

200 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


Одговор
Единици Набавна НРВ Пониска Вкупно
вредност
$ $ $ $
Производ А 300 175 173 173 51.900
Производ Б 250 60 65 60 15.000
66.900

1.10 Конзистентност – различни трошковни формули за


залихи
МСС 2 дозволува две формули за набавната вредност (ФИФО или формула на
пондерирана просечна набавна вредност за залихите што се вообичаено меѓусебно
заменливи или не се произведуваат и се одделуваат за посебно определени проекти.
Прашањето е дали некој ентитет може да користи различни формули за различни
видови залихи.
МСС 2 предвидува дека ентитетот треба да ја користи истата трошковна формула за
залихите што имаат слична природа и употреба за ентитетот. За залихите со различна
природа или употреба (на пример, определени трговски стоки што се користат во еден
деловен сегмент и истиот вид трговски стоки што се користат во некој друг деловен
сегмент), може да биде оправдано користењето на различни трошковни формули.
Разликата во географската локација на залихите (и соодветните даночни правила), сама
по себе, не е доволна за да го оправда користењето на различни трошковни формули.

2. МСС 11 Договори за изградба


ДЕФИНИЦИЈА
Приходите од продажба врз основа на договори за изградба се засноваат врз процентот
на довршеност.

2.1 Вовед
Замислете си дека сте сметководител во градежно претпријатие. Вашето друштво гради
голема зграда во која ќе биде сместен канцелариски простор, врз основа на договор со
друштво-вложувач. Потребни се три години за да се изгради зградата и во текот на тој
период вие очигледно ќе треба да плаќате за градежни материјали, плати на
работниците на градилиштето, надоместоци за архитектите, итн. Вие ќе примате
периодични уплати од друштвото-вложувач во различни претходно утврдени фази на
изградбата. Како ќе одлучите, во секоја од трите години, што да вклучите како приход
и расход за договорот во билансот на успех?
Ова е проблемот што се адресира со МСС 11 Договори за изградба.

2.2 Пример: договор за изградба


Еден нумерички пример би можел да ни помогне да го илустрираме проблемот.
Претпоставете дека некој договор започнал на 1 јануари 20X5 година, со проценет
датум на довршување на 31 декември 20X6 година. Конечната цена на договорот е
$1.500.000. Во првата година, до 31 декември 20X5 година:
(а) Настанатите трошоци изнесувале $600.000.
(б) Половината од работите од договорот се завршени.
(в) Издадени се потврди (градежни ситуации) за завршената работа во вредност од
$750.000. (Забелешка: Вообичаената практика, кога се работи за договор за
изградба, е некое квалификувано лице, како што е архитект или инженер, да
изврши контрола врз завршената работа и, доколку е задоволителна, да издаде
потврди. Ова потоа ќе претставува известување за купувачот дека периодичните
плаќањата се достасани за плаќање на изведувачот. Периодичните плаќања

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 201


вообичаено го претставуваат износот со кој биле вреднувани издадените потврди,
намален за задршка за гаранција од 10%.)
(г) Проценето е, со разумна сигурност, дека дополнителните трошоци за довршување
во 20X6 година ќе изнесуваат $600.000.
Колку изнесува добивката од договорот во 20X5 година и какви книжења треба да се
направат за договорот на 31 декември 20X5 година ако:
(а) Добивките се одложени до завршувањето на договорот?
(б) Дел од проценетиот приход и добивката е признаен во добивката или загубата во
20X5 година?

Решение
(а) Ако добивките биле одложени до завршувањето на договорот во 20X6 година,
приходот и добивката што е признаена за договорот во 20X5 година ќе бидат нула,
а вредноста на производството во тек на 31 декември 20X5 година ќе изнесува
$600.000. МСС 11 зазема став дека оваа политика е неразумна, бидејќи во 20X6
година би се евидентирала вкупната добивка од $300.000. Бидејќи приходите врз
основа на договорот се заработуваат во текот на 20X5 и 20X6 година, добивка
нула во 20X5 година и $300.000 во 20X6 година би била спротивна на концептот за
пресметковно сметководство.
(б) Пообјективно е да се признаваат приходот и добивката во целиот тек на
договорот.
На 31 декември 20X5 година, приходот од $750.000 треба да се спротистави со
трошоците на продажба од $600.000 во билансот на успех, на тој начин оставајќи
добивка што се припишува за 20X5 година во износ од $150.000.
Единственото евидентирање во извештајот за финансиска состојба на 31
декември 20X5 година е побарувањето од $750.000, со што се признава дека на
друштвото му се должи овој износ за работата извршена до тој датум. Не
преостанува салдо за производство во тек, бидејќи износот од $600.000 целосно
бил признаен во трошокот на продажба.

2.3 Што е договор за изградба?


Договорот за којшто е потребен третман во согласност со МСС 11 не мора да трае
повеќе од една година. Главната поента е во тоа што активноста од договорот
започнува во еден и завршува во друг финансиски период, на тој начин создавајќи
проблем: во кој од два или повеќе периоди треба да се алоцираат приходите и
трошоците од договорот? Всушност, дефиницијата за договор за изградба што ни ја
дава МСС е многу едноставна.

Клучен Договор за изградба. Договор конкретно склучен за изградба на средство или


поим комбинација од средства што се меѓусебно тесно поврзани или меѓусебно зависни во
смисла на нивниот дизајн, технологијата и функцијата, или во смисла на нивната крајна
намена или употреба. (МСС 11)
Стандардот разликува договори со фиксна цена и договори трошок-плус.

Клучни • Договор со фиксна цена. Договор во кој изведувачот се согласил на фиксна


поими договорна цена или фиксна стапка по единица производ, што во некои случаи е предмет
на клаузула за зголемување на трошоците.

• Договор трошок-плус. Договор за изградба во кој на изведувачот му се


надоместуваат дозволените или на друг начин дефинираните трошоци, плус
процент од овие трошоци или фиксен надоместок.

Договорите за изградба можат да вклучуваат изградба на поединечно средство, на


пример, мост, или низа меѓусебно поврзани средства, на пример, рафинерија за нафта.
Тие можат, исто така, да вклучуваат давање услуги (на пример, архитекти) или
уништување или обновување средства.

202 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


2.4 Комбинирање и сегментирање на договорите за
изградба
Стандардот ги наведува факторите што определуваат дали изградбата на низа
средства врз основа на еден договор треба да се третира како повеќе договори.
• За секое средство била доставена одделна понуда
• Секое средство било предмет на одделно договарање; нарачателот може да го
прифати/одбие секој дел посебно
• Можат да се идентификуваат трошоците и приходите за секое средство
Исто така, постојат околности кога група договори треба да се третираат како
единствен договор за изградба.
• Групата договори е договорена како еден единствен пакет
• Договорите се меѓусебно тесно поврзани и имаат вкупна маржа на добивка
• Договорите се извршуваат истовремено или во континуиран редослед

2.5 Приходи од договорот


Приходот од договорот е износот што е наведен во договорот, а што е предмет на
измени на договорената работа, барањата и стимулативните плаќања ако е веројатно
дека тие ќе резултираат во приходи и ако тие можат веродостојно да се измерат. Како
резултат на тоа, приходите од договорот се мерат според објективната вредност на
надоместокот што е примен или се побарува.
Стандардот ги разработува видовите неизвесности што зависат од исходот на идни
настани и што влијаат врз мерењето на приходите од договорот.
• Договорени измени (зголемување/намалување)
• Клаузули за зголемување на трошоците во договор со фиксна цена
(зголемување)
• Договорни казни што се наметнати поради доцнење на изведувачот
(намалување)
• Бројот на единици се менува во договор за фиксна цена по излезна единица
(зголемување/намалување)
Во случајот на каква било измена, барање или стимулативно плаќање, треба да се
оценат два фактори за да се утврди дали треба да се признаат приходите од договорот.
• Дали постои веројатност дека нарачателот ќе ја прифати измената/барањето,
или дали договорот е во значително напредна фаза за да бидат исполнети
стандардите за работа
• Дали износот на приходите може да се измери веродостојно

2.6 Трошоци на договорот


Трошоците на договорот се состојат од:
• Трошоци што директно се однесуваат на договорот
• Трошоци што се припишуваат на некоја општа договорна активност и што можат
да се алоцираат на договорот, како што се трошоците за осигурување, трошоците
за дизајнирање и техничка помош, коишто не се директно поврзани со определен
договор и општите трошоци за изградба
• Сите останати трошоци што можат да му се наплатат на нарачателот врз основа
на договорот, коишто можат да вклучуваат општи административни трошоци и
трошоци за развој
Трошоците што директно се однесуваат на определен договор вклучуваат:
• Трошоци за труд на градилиштето, вклучувајќи го и надзорот на градилиштето
• Трошоци за материјали употребени во изградбата
• Депрецијацијата на постројките и опремата што се користат за извршување на
договорот

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 203


• Трошоци за пренесување на постројките, опремата и материјалите до и од
градилиштето
• Трошоци за закуп на постројки и опрема
• Трошоци за дизајнирање и техничка помош што директно се поврзани со
договорот
• Проценети трошоци на работите за одржување во гарантниот рок, вклучувајќи
ги очекуваните трошоци за дадените гаранции
• Побарувањата од трети страни
Трошоците за општите договорни активности треба да се алоцираат систематски и
рационално и сите трошоци со слични карактеристики треба да се третираат
конзистентно. Алокацијата треба да се заснова врз нормалното ниво на градежната
активност. На овој начин можат да се припишат трошоците за позајмување (видете МСС
23: Глава 4).
Некои трошоци не можат да се припишат на договорна активност и, според тоа,
следниве треба да бидат исклучени од трошоците на договорот за изградба.
• Општите административни трошоци (освен ако нивното надоместување не е
определено во договорот)
• Трошоци на продажбата
• Трошоците за истражување и развој (освен ако нивното надоместување не е
определено во договорот)
• Депрецијацијата на неискористениот дел од постројките и опремата што не се
користат во определен договор

2.7 Признавање на приходите и расходите од договорот


Приходите и трошоците што се поврзани со некој договор треба да бидат признаени во
зависност од процентот на довршеност на договорот на крајот од периодот на
известување, но само ако резултатот на активноста може веродостојно да се
процени. Ако е предвидена определена загуба од договорот, таа треба веднаш да се
признае. Ова обично е познато како метод на процент на довршеност.
Веродостојната процена на резултатите на некој договор за изградба може да се
направи само ако се исполнети определени услови, а таквите услови се разликуваат
за договорите со фиксна цена и за договорите трошок-плус.
• Договори со фиксна цена
– Постои веројатност дека економските користи поврзани со договорот ќе
претставуваат прилив за ентитетот
– Вкупните приходи од договорот можат веродостојно да се измерат
– Процентот на довршеност на крајот од периодот и трошоците за
довршување на договорот можат да се измерат веродостојно
– Трошоците што можат да му се припишат на договорот, можат јасно да се
идентификуваат и веродостојно да се измерат (фактички направените
трошоци на договорот можат да се споредат со претходните проценки)
• Договори трошок-плус
– Постои веројатност дека економските користи поврзани со договорот ќе
претставуваат прилив за ентитетот
– Трошоците што можат да му се припишат на договорот (без оглед на тоа
дали се надоместливи или не), можат јасно да се идентификуваат и
веродостојно да се измерат
Методот на процент на довршеност претставува примена на претпоставката за
пресметковно сметководство. Приходите од договорот им се спротивставуваат на
трошоците на договорот што настанале при постигнувањето на процентот на
довршеност, така што приходите, трошоците и добивката му се припишуваат на делот
од работата што е завршен.
Третманот можеме да го сумираме на следниов начин.

204 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


• Приходите од договорот се признаваат како приходи во сметководствените
периоди во кои е извршена работата
• Трошоците на договорот се признаваат како расходи во сметководствените
периоди во кои е извршена работата на којашто се однесуваат
• Каков било очекуван вишок на вкупните трошоци на договорот над вкупните
приходи од договорот веднаш се признава како расход
• Сите направени трошоци што се однесуваат на некоја идна активност треба да
се признаат како средство ако е веројатно дека ќе бидат надоместени (често се
нарекуваат договорна работа во тек, т.е. износ кој го должи нарачателот)
• Кога определени износи се признаени како приход од договор, но нивната
наплатливост од нарачателот станува неизвесна, таквите износи треба да се
признаат како расход, а не како исправка на износот на приходите

2.8 Кога може да се направат веродостојни процени?


МСС 11 дозволува признавање на приходите и трошоците од договорот единствено кога
резултатите на договорот можат да се предвидат, т.е. кога е веројатно дека економските
користи што се поврзуваат со договорот ќе претставуваат прилив за ентитетот. МСС 11
наведува дека ова е можно единствено кога е постигнат договор што го предвидува
следново.
• Важечките права на секоја страна во врска со средството што треба да биде
изградено
• Надоместокот што треба да се размени
• Начинот и роковите на плаќање
Покрај тоа, ентитетот треба да има ефективен систем за внатрешно финансиско
планирање и известување, за да може да ги проверува и да ги ревидира проценките
на приходите од договорот и трошоците на договорот во текот на изградбата.

2.9 Утврдување на процентот на довршеност


Како да го утврдите процентот на довршеност на кој било договор? Стандардот
наведува неколку методи.
• Дел од трошоците на договорот што се направени за работата што е завршена
до тој момент
• Надгледување на извршената работа
• Завршување на физичкиот дел од договорената работа

2.10 Пример: процент на довршеност


Друштвото Центар има склучено договор со фиксна цена за изградба на комплекс
згради. Привично договорениот износ на приходите е $220 м. На почетокот од
договорот, на 1 јануари 20X6 година, првичната процена на трошоците на договорот е
$200 м. На крајот од 20X6 година, проценката на вкупните трошоци се зголемила на
$202 м.
Во текот на 20X7 година, нарачателот се согласил на промена, што ги зголемува
очекуваните приходи од договорот за $5 м. и предизвикува дополнителни трошоци од $3
м. На крајот од 20X7 година, на градилиштето се складирани материјали што ќе се
користат во следниот период со набавна вредност од $2,5 м.
Друштвото Центар одлучило да го утврди процентот на довршеност на договорот,
пресметувајќи го уделот на трошоците на договорот што биле поднесени до тој момент
во последно проценетите вкупни трошоци на договорот. Трошоците на договорот што
биле поднесени на крајот од секоја година изнесувале 20X6: $52,52 м., 20X7: $154,2 м.
(вклучувајќи ги материјалите во залиха), 20X8: $205 м.
Се бара
Пресметајте го процентот на довршеност за секоја година на договорот и покажете како
се признаваат приходите, трошоците и добивката секоја година.

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 205


Решение
Финансиските податоци за крајот на секоја година во текот на периодот на изградба
можеме да ги резимираме на следниов начин.
20X6 20X7 20X8
$'000 $'000 $'000
Првично договорен износ на приходите 220.000 220.000 220.000
Промена – 5.000 5.000
Вкупни приходи од договорот 220.000 225.000 225.000
Трошоци на договорот направени до тој 52.520 154.200 205.000
датум
Трошоци за довршување на договорот 149.480 50.800 –
Вкупни проценети трошоци на договорот 202.000 205.000 205.000
Проценета добивка 18.000 20.000 20.000
Процент на довршеност 26% 74% 100%
Процентот на довршеност е пресметан според следнава формула:
трошоци на договорот направени до тој датум
вкупни проценети трошоци на договорот
Процентот на довршеност во 20X7 година е пресметан со одземање на $2,5 м. од
материјалите што се чуваат за следниот период од трошоците поднесени до крајот на
таа година, т.е. $154,2 м. - $2,5 м. = $151,7 м. $151,7 м./$205 м. = 74%.
Приходите, расходите и добивката се признаваат во добивката или загубата како што
следува.
Признаени Признаени
До во во
датумот претходнит тековната
е години година
$'000 $'000 $'000
20X6 Приходи ($220 м. x 26%) 57.200
Трошоци ($202 м. x 26%) 52.520
4.680
20X7 Приходи ($225 м. x 74%) 166.500 57.200 109.300
Трошоци ($205 м. x 74%) 151.700 52.520 99.180
14.800 4.680 10.120
20X8 Приходи ($225 м. x 100%) 225.000 166.500 58.500
Трошоци ($205 м. x 100%) 205.000 151.700 53.300
20.000 14.800 5.200
Од примерот горе може да видите дека, кога процентот на довршеност е утврден
користејќи ги трошоците на договорот што се поднесени дотогаш, единствено трошоците
на договорот што се поврзани со извршената работа до тој датум треба да се вклучат во
трошоците поднесени до тој датум.
• Исклучете ги трошоците што се однесуваат на некоја идна активност, на пример,
трошоци за материјали што се испорачани, но не се искористени
• Исклучете ги авансните плаќања на подизведувачи за извршената работа

2.11 Резултатот на договорот не може да се измери


веродостојно
Кога резултатот на договорот за изградба не може веродостојно да се процени, треба да
се користи следниов третман.
• Приходите треба да бидат признаени само до висината на трошоците на
договорот што биле направени и се очекува дека ќе бидат надоместени
• Трошоците на договорот треба да бидат признаени како расходи во периодот во
кој биле направени

206 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


Ваквиот пристап без добивки/без загуби ја одразува состојбата на почетокот од
договорот, т.е. кога резултатот не може да се процени веродостојно, но е веројатно дека
трошоците ќе бидат надоместени.
Трошоците на договорот што не можат да се надоместат треба веднаш да се признаат
како расходи. МСС 11 ги наведува следниве ситуации кога може да се случи тоа.
• Договорот не може целосно да се спроведе, бидејќи неговата полноважност е
многу дискутабилна
• Завршувањето на договорот зависи од резултатот од судската постапка во тек
или од законодавството
• Договорот се однесува на недвижности што веројатно ќе бидат предмет на
експропријација или конфискација
• Нарачателот не е способен да ги исполни своите обврски од договорот
• Изведувачот не може да го заврши договорот или на друг начин да ги исполни
своите обврски од договорот
Кога овие неизвесности повеќе не постојат, приходите и расходите кои се однесуваат
на договорот за изградба треба да бидат признаени на вообичаениот начин, т.е. со
упатување до процентот на довршеност.

2.12 Признавање на очекуваните загуби


Секоја очекувана загуба од договор за изградба треба да се признае веднаш штом ќе
се предвиди. Загубата ќе биде еднаква на износот за кој вкупните очекувани приходи
од договорот се помали од вкупните очекувани трошоци на договорот. Износот на
загубата нема да зависи од тоа дали се започнати работите на договорот, од процентот
на довршеност на работите или од добивката од другите договори (освен ако не се
работи за поврзани договори што се сметаат за единствен договор).

2.13 Промени на проценките


Ефектот на промената на проценката на приходите од договорот или трошоците на
договорот или ефектот на промената на проценката на резултатот на договорот, се
евидентира како промена на сметководствена проценка во согласност со МСС 8
Сметководствени политики, промени на сметководствени процени и грешки.

2.14 Пример: промени на проценките


Долунаведениот пример го покажува ефектот на промената на проценката на трошоците
врз износите што се појавуваат во билансот на успех и извештајот за останата
сеопфатна добивка и во извештајот за финансиска состојба.
Друштвото Батерсби склучува тригодишен договор.
Проценети приходи = $20.000
Проценети вкупни трошоци = $16.000.
Меѓутоа, во текот на втората година, раководството ја ревидира својата проценка на
вкупните направени трошоци и, според тоа, на резултатот од договорот. Како последица
на тоа, во текот на втората година се признава загуба од договорот за годината, иако
договорот сепак целосно ќе биде профитабилен.
Година 1 Година 2 Година 3
$ $ $
Проценети приходи 20.000 20.000 20.000
Проценети вкупни трошоци 16.000 18.000 18.000
Проценета вкупна добивка 4.000 2.000 2.000
Трошоци поднесени до датумот $8.000 $13.500 $18.000
Процент на реализација 50% 75% 100%
Признаена добивка (загуба) за годината $2.000 ($500) $500
Кумулативна признаена добивка $2.000 $1.500 $2.000

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 207


Времените фактури во износ од $8.000, $8.000 и $4.000 се издаваат на последниот ден
од секоја година и се примаат во првиот месец од следната година. Средството на
крајот од секоја година е:
Година 1 Година 2 Година 3
$ $ $
Поднесени трошоци 8.000 13.500 18.000
Признаени добивки 2.000 2.000 2.500
(Признаени загуби) – (500) (500)
(Времени фактури) (8.000) (16.000) (20.000)
Износ признаен како средство (обврска) 2.000 (1.000) 0
Покрај тоа, на крајот од секоја година, ентитетот признава побарување од купувачите за
неисплатениот износ на крајот од годината од $8.000, $8.000 и $4.000.

2.15 Резиме на делот


При вреднувањето на долгорочните договори и за останатите обелоденувања што се
бараат согласно МСС 11, од суштинско значење е користењето организиран приод.
Следниот предложен метод го дели процесот на пет логички чекори.
Чекор 1 Споредете ја вредноста на договорот со вкупните трошоци што се
очекува да се поднесат за договорот. Ако е предвидена загуба (односно, ако
трошоците до определен момент плус проценетите трошоци за завршување
се поголеми од вредноста на договорот), тоа мора да се анулира од
добивката. Ако некоја загуба веќе била признаена во претходните години,
тогаш треба да се признае само разликата меѓу претходно и тековно
проценетата загуба.
Чекор 2 Користејќи го методот на процентот на реализација до соодветниот датум
(или друга формула што е дадена во прашањето), пресметајте ги приходите
од продажбата што можат да му се припишат на договорот за периодот (на
пример, завршен процент помножено со вкупната вредност на договорот,
минус, се разбира, приходите што се земени во претходните периоди).
Чекор 3 Пресметајте го трошокот на реализација од договорот за периодот.
$
Вкупни трошоци на договорот x завршен процент
(или следете ги дадените упатства во прашањето) X
Минус какви било трошоци признаени во претходните периоди (X)
X
Додајте ги целосно сите очекувани загуби (што не биле X
претходно признаени)
Трошок на реализација од договорот за периодот X
Чекор 4 Одземете го трошокот на реализација за периодот, според пресметката
горе (вклучувајќи какви било очекувани загуби) од приходот од продажба
што е пресметан во чекор 2, за да ја добиете признаената добивка (загуба)
за периодот.
Чекор 5 Пресметајте ги износите што им се должат на/ги должат нарачателите во
согласност со пресметките од претходната страница.
$
Трошоци на договорот поднесени до тој датум X
Признаени добивки (загуби) до тој датум X
X
Времени фактури до тој датум (X)
Износи што им се должат на/ги должат нарачателите X/(X)
Белешка: Ова го претставува нефактурираниот приход. Неплатениот
фактуриран приход е вклучен во побарувањата од купувачите.

208 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


2.16 Резиме на сметководствениот третман
Во продолжение е дадено резиме на сметководствениот третман на долгорочните
договори – осигурете се дека сте го разбрале.

2.16.1 Биланс на успех


(а) Приход и трошоци
(i) Приходите од продажбата и поврзаните трошоци треба да се признаваат во
добивката или загубата како што напредува договорната активност.
(ii) Вклучете соодветен дел од вкупната вредност на договорот како приходи од
продажба во билансот на успех.
(iii) Трошоците што се настанати за постигнување на тој процент на довршеност
се спротивставуваат на овие приходи од продажба и, како резултат на тоа,
се прикажуваат резултатите што можат да му се припишат на делот од
работата што бил завршен.
(iv) Приходите од продажбата се вредноста на работата што била извршена
дотогаш.
(б) Добивка признаена во договорот
(i) Таа мора да го одразува делот на завршената работа.
(ii) Треба да ги земе предвид сите познати нееднаквости во профитабилноста
на различните фази на договорот.

2.16.2 Извештај за финансиска состојба


(а) Тековни средства/обврски
$
Трошоци поднесени до датумот X
Признаени добивки (загуби) до тој датум (X)
X
Времени фактури до тој датум (X)
Износи што се должат на/ги должат нарачателите X (X)
(б) Побарувања
$
Неплатени времени фактури X
(в) Обврски. Кога под (а) е прикажан „нето-износ што им се должи на купувачите“, тој
износ треба да биде вклучен во обврските како „плаќања на сметка“.

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 209


Прашање Договор за изградба

Основната дејност на друштвото Сантолина се договорите за изградба. На крајот од


септември 20X3 година има недовршен договор во своите книги, со следниве детални
податоци:
ДОГОВОР Б
Датум на започнување 1.4.X1
Очекуван датум на завршување 23.12.X3
$
Конечна цена на договорот 290.000
Трошоци до 30.9.X3 година 210.450
Вредност на потврдена работа до 30.9.X3 година 230.000
Времени фактури до 30.9.X3 година 210.000
Примени пари до 30.9.X3 година 194.000
Проценети трошоци за завршување на 30.9.X3 година 20.600
Сантолина го пресметува процентот на реализација врз основа на потврдената
работа/договорната цена.
Се бара
Изгответе ги пресметките во кои се прикажува износот што треба да се вклучи во
билансот на успех и во извештајот за финансиската состојба на 30 септември 20X3
година во однос на горенаведениот договор.

Одговор
Договорот Б е договор за изградба и ќе биде вклучен во извештајот за финансиска
состојба по набавна вредност плус признаената добивка минус времените фактури.
Проценетата конечна добивка е:
$
Конечна цена на договорот 290.000
Намалено за: трошоци до датумот (210.450)
проценети идни трошоци (20.600)
Проценета конечна добивка 58.950
Признаената добивка е утврдена на следниов начин:
завршена работа
Проценета конечна добивка ×
вкупна договорна цена

230.000
$58.950 × = $58.950 × 79,31%
290.000
Признаена добивка = $46.753
Биланс на успех
$
Приход (290.000 × 79,31%) 229.999
Трошок на реализација ((210.450 + 20,600) x 79,31%) (183.246)
Бруто-добивка 46.753
Извештај за финансиска состојба
Бруто-износ што го должат купувачите за договорната работа
$
Трошоци до датумот 210.450

210 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


Добивка што може да се припише 46.753
257.203
Времени фактури (210.000)
Износи што ги должат нарачателите 47.203
Побарувања од купувачите (210 – 194) 16.000

Фокус на Поголема е веројатноста да ви биде поставено прашање за договори за изградба


испитот отколку за залихи, едноставно поради тоа што залихите се тестираат на пониско ниво.

Прашање МСС 11 пресметки

Друштвото Хагрун има два договори во тек, со следниве детални податоци:


Среќен (со Намќор (со загуба)
добивка)
$'000 $'000
Вкупна цена на договорот 300 300
Трошоци поднесени до датумот 90 150
Проценети трошоци за завршување 135 225
Фактурирани и примени времени плаќања 116 116
Се бара
Покажете ги извадоците од билансот на успех и извештајот за останата сеопфатна
добивка и од извештајот за финансиската состојба за секој договор, под претпоставката
дека двата се:
(а) 40% завршени; и
(б) 36% завршени.

Одговор
Договор Среќен
(а) 40% завршен
$'000
Биланс на успех
Приход (300 x 40%) 120
Трошок на реализација ((90 + 135) x 40%) (90)
Добивка до датумот (W) 30
Пресметки
Добивка до датумот
$'000
Вкупна цена на договорот 300
Трошоци до датумот (90)
Трошок за завршување (135)
Вкупна очекувана добивка 75
Добивка до датумот (75 x 40%) 30
Извештај за финансиска состојба
$'000
Трошоци до датумот 90
Признаена добивка до датумот 30
Времени фактури (116)
Износи што ги должат нарачателите 4
(б) 36% завршен
$'000

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 211


$'000
Биланс на успех
Приход (300 x 36%) 108
Трошок на реализација ((90 + 135) x 36%) (81)
Добивка до датумот (75 x 36%) 27
Извештај за финансиска состојба
Трошоци до датумот 90
Признаена добивка до датумот 27
Времени фактури (116)
Износи што ги должат нарачателите 1
Договор намќор
(а) 40% завршен
$'000
Биланс на успех
Приход (300 x 40%) 120
Трошок на реализација* (195)
Очекувана загуба (W) (75)
Пресметки
$'000
Вкупни приходи од договорот 300
Трошоци до датумот (150)
Трошоци за завршување (225)
Очекувана загуба (75)
Извештај за финансиска состојба
Трошоци до датумот 150
Очекувана загуба (75)
Времени фактури (116)
Износи што се должат на нарачателите (41)
* Трошоци до датумот (150 + 225) x 40% 150
Очекувана загуба (75) x 60% ** 45
195
** Останатите 40% се земени предвид во трошоците до датумот. Ова
усогласување го вршиме за внесување на очекуваната загуба во целост.
(б) 36% завршен
$'000
Биланс на успех
Приход (300 x 36%) 108
Трошок на реализација* (183)
Очекувана загуба (75)
Извештај за финансиска состојба
Трошоци до датумот 150
Очекувана загуба (75)
Времени фактури (116)
Износи што се должат на нарачателите (41)
*Трошоци до датумот (150 + 225) x 36% 135
Очекувана загуба (75) x 60% ** 48
183

Фокус на
испитот Видете го списанието „Student Accountant“ од 18 ноември 2008 година за статијата од
Боби Реталак со наслов „Договори за изградба“.

212 12: Залихи и договори за изградба  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• Користењето на ЛИФО е забрането во согласност со ревидираниот МСС 2.
• Приходите од продажба врз основа на договори за изградба се засноваат врз процентот
на довршеност.

Краток тест
1 Нето-реализационата вредност = Продажната цена намалена за .................... намалена
за ....................... .
2 Кој трошковен метод за залихи е дозволен во согласност со МСС 2?
(а) ФИФО
(б) ЛИФО
3 Секоја очекувана загуба од договор за изградба мора да се признае, во целост, во
годината кога била идентификувана.

Точно
Неточно
4 Наведете ги петте чекори што треба да се преземат кога се вреднуваат договорите за
изградба.
5 Кои ставки во билансот на успех и извештајот за останата сеопфатна добивка и во
извештајот за финансиска состојба се потенцијално засегнати од договорите за
изградба?

Одговори за краткиот тест


1 Нето-реализациона вредност = продажна цена намалена за трошоци за завршување
намалени за потребните трошоци за остварување на продажбата.
2 (а) ФИФО. ЛИФО не е дозволен.
3 Точно
4 Видете став 2.15.
5 Биланс на успех и извештај за останата сеопфатна добивка: приходи и трошоци на
реализација.
Извештај за финансиска состојба: залихи, побарувања, обврски.
Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


14 Испит 15 27 минути
15 Испит 15 27 минути

F7 Финансиско известување  12: Залихи и договори за изградба 213


13
Резервирања,
неизвесни обврски
и неизвесни
средства

Список со теми Упатување до


наставната
програма
1 Резервирања C7
2 Резервирања за преструктуирање C7
3 Неизвесни обврски и неизвесни средства C7

Вовед
Со овој стандард сте се сретнале во вашите претходни
студии. Меѓутоа, од вас ќе се бараат подетални одговори
за МСС 37 во Тестот 7.

213
Насоки за учење
Ниво на
знаење
C7 Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства
(а) Објаснете зошто е неопходен сметководствениот стандард 2
за резервирањата.
(б) Направете разлика меѓу законските и изведените обврски. 2
(в) Наведете кога може и кога не може да се прават 2
резервирања и покажете како тие треба да се
евидентираат.
(г) Објаснете како треба да се мерат резервирањата. 1
(д) Дефинирајте неизвесни средства и неизвесни обврски и 2
опишете го нивниот сметководствен третман.
(ѓ) Идентификувајте и евидентирајте ги: 2
(i) Гаранции/емства
(ii) Неповолни договори
(iii) Еколошки и слични резервирања
(iv) Резервирања за идни поправки или реновирања

1. Резервирања
Во согласност со МСС 37, резервирањето треба да се признае кога:
• Ентитетот има сегашна обврска, законска или изведена.
• Веројатно е дека за подмирувањето на обврската ќе биде потребен одлив на
ресурси во кои се вградени економски користи.
• Може да се направи веродостојна проценка за износот на обврската.

1.1 Цел
МСС 37 Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства има цел да осигури
дека за резервирањата, неизвесните обврски и неизвесните средства се применети
соодветни критериуми за признавање и основи за мерење и дека во белешките кон
финансиските извештаи се обелоденети доволно информации за да им овозможат на
корисниците да ја разберат нивната природа, време на настанување и износ.

1.2 Резервирања
Пред МСС 37 не постоеше ниеден сметководствен стандард што го разгледуваше
прашањето за резервирањата. Друштвата што сакаа да ги прикажат своите резултати во
најповолното светло правеа големи „еднократни“ резервирања во годините кога се
генерирале високи нивоа на добивки. Овие резервирања, често нарекувани
резервирања за „големо капење“, потоа биле на располагање за оправдување на
издатоците во идните години кога добивките можеби не биле толку добри.
Со други зборови, резервирањата биле користени за израмнување на добивките.
Израмнувањето на добивките може да наведе на погрешни заклучоци.

Важно Главната цел на МСС 37 е да осигури дека резервирањата се прават единствено кога
за тоа постојат оправдани основи.

МСС 37 го третира резервирањето како обврска.

214 13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства  F7 Финансиско известување


Клучни Резервирање е обврска со неизвесно време на настанување или износ.
поими Обврска е сегашна облигација на ентитетот што произлегува од минати настани и
чиешто подмирување се очекува да резултира во одлив на ресурси на ентитетот во кои
се вградени економски користи. (МСС 37)

МСС прави разлика меѓу резервирањата и другите обврски, како што се обврските кон
добавувачите и разграничувањата. Ова се заснова врз тоа што во случајот на
резервирањата постои неизвесност во врска со времето на настанување или износот
на идните издатоци. Иако неизвесноста е јасно присутна и во случајот на определени
разграничувања, оваа неизвесност е вообичаено многу помала отколку што е за
резервирањата.

1.3 Признавање
МСС 37 наведува дека резервирањето треба да се признае како обврска во
финансиските извештаи кога:
• Ентитетот има сегашна обврска (законска или изведена) како резултат на минат
настан
• Веројатно е дека за подмирување на обврската ќе биде потребен одлив на
ресурси во кои се вградени економски користи
• Може да се направи веродостојна процена за износот на обврската

1.4 Значење на поимот обврска


Прилично е јасно што претставува законската обврска. Меѓутоа, можеби нема да знаете
што е тоа изведена обврска.
Клучен
поим МСС 37 ја дефинира изведената обврска како
„Обврска што произлегува од активностите на ентитетот во кои:
• по пат на воспоставен модел од мината пракса, објавени политики или доволно
конкретни актуелни изјави, ентитетот им укажал на другите страни дека ќе
прифати определени одговорности; и
• како резултат на тоа, ентитетот создал валидно очекување кај тие други страни
дека ќе ги исполни тие одговорности.“

На пример, некое нафтено друштво може да има воспоставена практика секогаш да ги


поправа сите оштетувања на животната средина што се предизвикани со дупчењето,
дури и ако не е законски обврзано да го прави тоа. На овој начин, тоа создало валидно
очекување дека ќе го прави тоа и друштвото ќе мора да ја признае изведената обврска и
да направи соодветно резервирање секогаш кога дупчи нов извор.

1.4.1 Веројатен пренос на ресурси


За целите на МСС, преносот на ресурсите во кои се вградени економски користи се
смета за „веројатен“ ако веројатноста дека настанот ќе се случи е поголема од
веројатноста дека нема да се случи. Се чини дека ова укажува на веројатност
повисока од 50%. Меѓутоа, стандардот јасно укажува дека кога постојат определен број
слични обврски, веројатноста треба да се утврдува разгледувајќи ја групата како целина,
наместо разгледувајќи еден поединечен елемент.

1.4.2 Пример: пренос на ресурси


Ако некое друштво преземало обврска од гаранција, тогаш веројатноста за преносот на
ресурси во кои се вградени економски користи може да биде крајно мала во однос на
една конкретна ставка. Меѓутоа, ако се разгледа популацијата во целина, веројатноста
за определен пренос на ресурси може да биде прилично поголема. Ако веројатноста на
определен пренос на економски користи е повисока од 50%, тогаш треба да се направи
резервирање за очекуваниот износ.

F7 Финансиско известување  13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства 215


1.4.3 Мерење на резервирањата
Важно
Износот што се признава како резервирање треба да биде најдобрата проценка на
издатокот што е потребен за подмирување на сегашната обврска на крајот на периодот
на известување.

Проценките се утврдуваат по пат на расудување на раководството на ентитетот,


надополнето со искуството од сличните трансакции.
Мора да се земе предвид неизвесноста. Кога резервирањето што се мери вклучува
голема популација ставки, обврската се проценува со мерење на сите можни резултати
според нивните соодветни веројатности, т.е. очекуваната вредност.
Кога резервирањето се однесува само на една ставка, како што е резултатот на судска
постапка, резервирањето се прави во целост за најверојатниот резултат.

Прашање Гаранција

Друштвото Паркер продава производи со гаранција што ги покрива трошоците на


купувачите за поправки на какви било производствени дефекти што ќе се појават во
првите шест месеци по набавката. Минатото искуство и идните очекувања на друштвото
го навестуваат следниов модел на веројатни поправки.
Трошок за поправка на
% од продадените Дефекти сите ставки што ги
производи имаат овие дефекти
$ м.
75 Нема –
20 Мали 1,0
5 Големи 4,0
Колку изнесува потребното резервирање?

Одговор
Трошокот се утврдува користејќи ги „очекуваните вредности (75% × $ нула) + (20% × $1,0
м.) + (5% × $4,0 м.) = $400.000.

Во случаите кога ефектот од временската вредност на парите е материјален, износот


на резервирањето треба да биде сегашната вредност на издатоците што се потребни
за подмирување на обврската. Треба да се користи соодветна дисконтна стапка.
Дисконтната стапка треба да биде стапка пред оданочување што ги одразува тековните
пазарни проценки на временската вредност на парите. Дисконтната стапка (-и) не треба
да ги одразува ризиците за кои биле корегирани проценките на идните парични текови.
Белешка: Сите релевантни дисконтни стапки ќе ви бидат дадени во испитното
прашање.

Пример
Некое друштво знае дека кога ќе престане да врши определена дејност по 5 години, тоа
ќе треба да плати трошоци за чистење на животната средина во износ од $5 м.
Резервирањето што треба да се направи, сега ќе биде сегашната вредност на $5 м. по 5
години.
Релевантната дисконтна стапка во овој случај е 10%.
Според тоа, се прави резервирање за:
$
$5 м. x 0,62092* 3.104.600

216 13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства  F7 Финансиско известување


* Дисконтна стапка за 5 години од 10%.
Следната година резервирањето ќе биде:
$5 м. x 0,68301** 3.415.050
310.540
** Дисконтна стапка за 4 години од 10%.
Износот на зголемувањето од $310.450 во втората година се признава во добивката или
загубата. Ова е познато како амортизација на дисконтот. Тоа се евидентира како
финансиски трошок. Првичното резервирање од $3.104.600 се додава на набавната
вредност на средствата што се вклучени во дејноста и се депрецира во текот на 5
години.

1.4.4 Идни настани


Идните настани што разумно може да се очекува дека ќе се случат (на пример, ново
законодавство, промени во технологијата) можат да влијаат врз износот што е потребен
за подмирување на обврската на ентитетот и треба да бидат земени предвид.

1.4.5 Очекувано отуѓување на средства


Добивки од очекувано отуѓување на средствата не треба да се земат предвид при
мерење на резервирањето.

1.4.6 Надоместувања
Дел или сите потребни издатоци за подмирување на некое резервирање може да се
очекува да бидат надоместени од трета страна. Во таквиот случај, надоместувањето
треба да се признае единствено кога практично е сигурно дека надоместувањето ќе
биде примено ако ентитетот ја подмири обврската.
• Надоместувањето треба да се третира како посебно средство, а признаениот
износ не треба да биде поголем од износот на резервирањето.
• Резервирањето и износот што е признаен за надоместувањето може да бидат
порамнети во добивката или загубата.

1.4.7 Промени во резервирањата


Резервирањата треба да се проверуваат на крајот од секој период на известување и да
се корегираат за да ја одразат најдобрата тековна проценка. Доколку не е поверојатно
дека за подмирување на обврската ќе биде потребен одлив на ресурси, резервирањето
треба да се анулира.

1.4.8 Користење на резервирањата


Резервирањето треба да се користи само за издатоци за кои резервирањето било
првично признаено. Покривањето на издатоците на товар на резервирање кое било
првично признаено за друга цел ќе го прикрие влијанието на двата различни настана.

1.4.9 Идни оперативни загуби


Резервирања не треба да се признаваат за идни оперативни загуби. Тие не ги
задоволуваат дефиницијата за обврска и општите критериуми за признавање што се
утврдени во стандардот.

1.4.10 Неповолни договори


Доколку ентитетот има договор кој е неповолен, сегашната обврска, според договорот,
треба да биде признаена и мерена како резервирање. Пример за ова може да биде
неискористена недвижност под закуп. Ентитетот што ја закупил недвижноста има
обврска да ја одржува но не прима какви било приходи или користи од неа.

F7 Финансиско известување  13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства 217


Клучен Неповолен договор е договор што е склучен со друга страна според кој неизбежните
поим трошоци за исполнување на обврските утврдени со договорот ги надминуваат приходите
што се очекува да се примат од стоките или услугите што се обезбедени или набавени
директно или индиректно врз основа на договорот и каде ентитетот мора да ја
обесштети другата страна ако не ги исполни условите на договорот.

1.5 Примери за можни резервирања


Поедноставно е да се види за што се работи во МСС 37 ако ги разгледате примерите за
ставките што претставуваат можни резервирања во согласност со овој стандард. Дел од
нив веќе ги разгледавме претходно.
(а) Гаранции. За нив се тврди дека се изворни резервирања бидејќи, со оглед на
минатото искуство, е веројатно, т.е. поверојатно е дека ќе се појават отколку дека
нема да се појават определени побарувања. Меѓутоа, резервирањето мора да се
процени врз основа на групата како целина, наместо врз поединечните
побарувања. Во овој случај, постои јасна законска обврска.
(б) Големи поправки. Во минатото беше особено популарно меѓу друштвата да
прават резервирања за издатоците за големи ремонти што се зголемуваат
постепено во текот на периодите меѓу ремонтите. Во согласност со МСС 37, ова
повеќе не е можно бидејќи, според МСС 37, повеќе се работи за намера отколку за
обврска за извршување поправки. Ентитетот, секако, може во меѓувреме да го
продаде средството. Единственото решение е да се третираат големите средства,
како што се авионите, бродовите, високите печки, итн. како низа од помали
средства за кои секој дел е предмет на депрецијација во текот на пократки корисни
векови. Така, сите големи ремонти може да се тврди дека претставуваат замена и,
според тоа, се капитални наместо оперативни издатоци.
(в) Самоосигурување. Определен број друштва создавале резервирање за
самоосигурување врз основа на очекуваните трошоци за отстранување на штетите
од пожар, итн., наместо да им плаќаат премии на осигурителните друштва. Врз
основа на МСС 37, ова резервирање повеќе не е оправдано, бидејќи ентитетот
нема обврска сè додека не се случи пожар или друга несреќа. До тој момент не
постои никаква обврска.
(г) Загадување на животната средина. Ако друштвото има политика за заштита на
животната средина, според која другите страни би очекувале од друштвото да
изврши отстранување на какви било загадувања, или ако друштвото го прекршило
важечкото законодавство за заштита на животната средина, тогаш мора да се
нарави резервирање за штетите на животната средина.
(д) Трошоци за затворање или напуштање. Ако некое нафтено друштво првично
купило некое нафтено поле, тоа има законска обврска да ги отстрани постројките
од локацијата на крајот на неговиот корисен век. Пред МСС 37, најголемиот дел од
нафтените друштва утврдуваа резервирања постепено во текот на корисниот век
на нафтеното поле, така што во ниедна година нема да бидат прекумерно
оптоварени со трошоци.
Меѓутоа, МСС 37 инсистира дека постои законска обврска за првичните издатоци
за полето и дека, според тоа, обврската настанува веднаш. Ова би резултирало со
големи промени на добивката и загубата во првата година на работење на полето.
Меѓутоа, МСС го зазема ставот дека трошокот за купување на полето не
преставува само трошок за полето, туку ги содржи и трошоците за неговото
враќање во првобитната состојба. Оттаму, сите трошоци за затворањето можат да
се капитализираат.
(ѓ) Преструктуирање. Ова се разгледува детално во продолжение.

Фокус на Ова се примери за ситуациите што може да ги добиете на испитот. Испитот од декември
испитот 2008 година содржеше прашање што се однесуваше на нафтено поле, што требало да
биде затворено, и поврзаните трошоци за негово враќање во првобитната состојба.

218 13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства  F7 Финансиско известување


2. Резервирања за преструктуирање
ДЕФИНИЦИЈА Една од главите цели на МСС 37 беше да се справи со злоупотребите на
резервирањата за преструктуирање. Според тоа, МСС 37 утврдува строги критериуми
за утврдување кога може да се направи такво резервирање.

Клучен
поим МСС 37 го дефинира преструктуирањето како:
Програма која е планирана и контролирана од страна на раководството и материјално
менува една од двете работи.
• Делокругот на работата преземена од страна на ентитетот
• Начинот на кој тоа работење се управува

МСС ги дава следниве примери за настани што можат да спаѓаат во дефиницијата за


преструктуирање.
• Продажба или прекинување на некој сегмент од деловното работење
• Затворање деловни локации во некоја земја или регион или преселување на
деловните активности од една земја или од еден регион во друг
• Промени во раководната структура, на пример, укинување определено ниво на
раководство
• Темелни реорганизации што имаат материјален ефект врз видот и тежиштето на
работењето на ентитетот
Прашањето е дали ентитетот има или нема обврска – законска или изведена – на крајот
од периодот на известување. За да постои обврска:
• Ентитетот мора да има детален формален план за преструктуирање.
• Мора да предизвикал основано очекување кај засегнатите страни дека
навистина ќе го спроведе преструктуирањето со започнување на имплементација
на тој план или соопштување на неговите главни карактеристики на оние кои се
засегнати од него.

Одлуката на раководството сама по себе вообичаено не е доволна. Одлуките на


раководството понекогаш може да предизвикаат признавање, но само ако претходни
настани, како што се преговори со претставниците на вработените и другите
заинтересирани страни, се извршени под услов ако раководството даде одобрување за
нив.

Кога преструктуирањето вклучува продажба на определено работење, МСС 37


наведува дека не произлегува никаква обврска сè додека ентитетот не склучи
обврзувачки договор за продажба. Ова се должи на фактот што, додека тоа не се
случи, ентитетот може да го промени мислењето и да се повлече од продажбата дури и
ако неговите намери биле јавно соопштени.

2.1 Трошоци што треба да се вклучат во резервирањето за


преструктуирање
МСС наведува дека резервирањето за преструктуирање треба да ги вклучи само
директните издатоци кои произлегуваат од преструктуирањето, што се издатоци кои
истовремено се:
• Нужно наметнати од преструктуирањето; и
• Не се поврзани со тековните активности на ентитетот.
Следниве трошоци не треба да бидат вклучени во резервирањето за преструктуирање:
• Преквалификација или преселба на персоналот што продолжува да работи.
• Маркетинг.
• Вложување во нови системи и дистрибутивни мрежи.

F7 Финансиско известување  13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства 219


2.2 Обелоденување
Обелоденувањата за резервирањата се групираат во два дела.
• Обелоденување детали за промената на сметководствената вредност на
резервирањето од почетокот до крајот на годината.
• Обелоденување на основата за правење на резервирањето и на неизвесностите
што влијаат врз неговиот резултат.

Прашање Резервирање

Во која од следниве околности може да се признае резервирање?


(а) На 13 декември 20X9 година, одборот на некој ентитет донел одлука да затвори
определен оддел. Датумот на извештаите на друштвото е 31 декември. Пред 31
декември 20X9 година, одлуката не ѝ била соопштена на ниедна од засегнатите
страни и не биле преземени какви било други чекори за спроведување на
одлуката.
(б) Одборот дал согласност за детален план за затворање на 20 декември 20X9
година и за тоа биле известени купувачите и вработените.
(в) Друштвото има обврска да ги поднесе трошоците за отстранување на штетите на
животната средина (што веќе биле предизвикани).
(г) Друштвото има намера да направи идни издатоци за да работи на определен
начин во иднина.

Одговор
(а) Не се признава никакво резервирање, бидејќи одлуката не била соопштена.
(б) Се прави резервирање во финансиските извештаи за 20X9 година.
(в) Резервирањето за таквите трошоци е соодветно.
(г) Не постои сегашна обврска и во согласност со МСС 37 никакво резервирање не би
било соодветно. Ова е така затоа што ентитетот може да ги избегне идните
издатоци со своите идни постапки, можеби менувајќи го својот начин на работење.

3. Неизвесни обврски и неизвесни средства


Ентитетот не треба да признае неизвесно средство или неизвесна обврска, но тие
треба да бидат обелоденети.

Сега, откако ги разбирате резервирањата, ќе биде поедноставно да ги разберете


неизвесните средства и обврски.
МСС 37 ја дефинира неизвесната обврска како:

• Можна обврска што произлегува од минати настани и чие постоење ќе биде


потврдено само со случување или неслучување на еден или повеќе несигурни
идни настани, што не се целосно под контрола на ентитетот; или
• Сегашна обврска што произлегува од минати настани, но не е признаена бидејќи:
– Не е веројатно дека за подмирување на обврската ќе биде потребен одлив
на ресурси во кои се вградени економски користи; или
– Износот на обврската не може да се измери со доволна веродостојност.

Општото начело гласи дека веројатно значи веројатност што е поголема од 50%. Ако
некоја обврска е веројатна, таа не е неизвесна обврски – наместо тоа, потребно е
резервирање.

220 13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства  F7 Финансиско известување


3.1 Третман на неизвесните обврски
Неизвесните обврски не треба да се признаат во финансиските извештаи, но тие
треба да се обелоденат. Потребните обелоденувања се:
• Краток опис на природата на неизвесната обврска
• Проценка на нејзиниот финансиски ефект
• Укажување за постоечките неизвесности
• Можноста за какво било надоместување

3.2 Неизвесни средства


Клучен
поим МСС 37 го дефинира неизвесното средство како:

Можно средство што произлегува од минати настани и чие постоење ќе биде потврдено
само со случување или неслучување на еден или повеќе несигурни идни настани, што
не се целосно под контрола на ентитетот.

Неизвесното средство не смее да се признае. Единствено кога реализацијата на


поврзаните економски користи е практично извесна треба да се изврши признавање.
Во тој момент, средството повеќе не претставува неизвесно средство!

3.3 Пример
Некое друштво е вклучено во судски процес. Резултатот од процесот сè уште не е
познат. Произлегуваат повеќе можности:
• Друштвото очекува дека ќе треба да плати околу $100.000. Се признава
резервирање.
• Можното обесштетување изнесува $100.000, но не се очекува дека друштвото ќе
мора да плати. Се обелоденува неизвесна обврска.
• Друштвото очекува дека ќе мора да плати обесштетување, но не може да го
процени неговиот износ. Се обелоденува неизвесна обврска.
• Друштвото очекува да прими обесштетување во износ од $100.000 и ова е речиси
извесно. Се признава средство.
• Друштвото очекува дека веројатно ќе прими обесштетување во износ од $100.000.
Се обелоденува неизвесно средство.
• Друштвото смета дека може да прими обесштетување, но тоа не е веројатно.
Нема обелоденување.

3.4 Обелоденување
3.4.1 Обелоденување: неизвесни обврски
Мора да се даде краток опис на сите материјални неизвесни обврски, освен ако е
веројатно дека можноста за одлив е незначителна. Дополнително, треба да се
обезбеди:
• Проценка на нивниот финансиски ефект
• Детали за какви било неизвесности
• Можноста за какво било надоместување

3.4.2 Обелоденување: неизвесни средства


Неизвесните средства мора да се обелоденат во белешките единствено ако тие се
веројатни. Во тој случај, треба да се даде краток опис на неизвесното средство заедно
со проценка за неговиот веројатен финансиски ефект.

3.5 „Ослободување“
МСС 37 им дозволува на известувачките ентитети да ги избегнат барањата за
обелоденување во врска со резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства ако

F7 Финансиско известување  13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства 221


може да се очекува дека тоа сериозно би ѝ наштетило на позицијата на ентитетот во
некој судски спор со други страни. Меѓутоа, ова треба да се користи во крајно ретки
случаи. Сепак, мора да се обелоденат податоци за општата природа на
резервирањето/неизвесностите, заедно со објаснување зошто тие не се обелоденети.

3.6 Дијаграм
Вие мора да ги вежбате прашањата дадени подолу за да ја сфатите суштината на МСС
37. Но, како прво, проучете го дијаграмот, преземен од МСС 37, што претставува добро
резиме на барањата во врска со резервирањата и неизвесните обврски.

Ако го научите овој дијаграм, би требало да бидете способни да се справите со


прашањата што веројатно ќе ги добиете на испитот.

Почеток

Сегашна обврска
Не Веројатна Не
како резултат на
обврзувачки настан? обврска?

Да Да

Веројатен Не Да
Незначително?
одлив?

Да Не

Веродостојна Не (ретко)
процена?

Да

Обелоденете неизвесна
Резервирајте Не правете ништо
обврска

Прашање Сметководствен третман

Во текот на 20X0 година, друштвото Смек му дало гаранција за определени зајмувања


на друштвото Пони, чијашто финансиска состојба во тоа време била стабилна. Во текот
на 20X1 година, финансиската состојба на друштвото Пони се влошила и на 30 јуни
20X1 година друштвото Пони поднело барање за заштита од своите доверители.
Каков сметководствен третман се бара:
(а) На 31 декември 20X0 година?
(б) На 31 декември 20X1 година?

Одговор
(а) На 31 декември 20X0 година

222 13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства  F7 Финансиско известување


Постои сегашна обврска како резултат на минат обврзувачки настан.
Обврзувачкиот настан е издавањето на гаранцијата, што доведува до законска
обврска. Меѓутоа, на 31 декември 20X0 година не е веројатен каков било пренос
на ресурси за подмирување на обврската.
Не се признава резервирање. Гаранцијата се обелоденува како неизвесна
обврска, освен ако веројатноста за каков било пренос се смета за незначителна.
(б) На 31 декември 20X1 година
Исто како горе, постои сегашна обврска како резултат на минат обврзувачки
настан, имено, издавањето на гаранцијата.
На 31 декември 20X1 година, веројатно е дека ќе биде потребен одлив на ресурси
за подмирување на обврската. Според тоа, се признава резервирање за
најдобрата проценка на обврската.

Прашање Признавање на резервирањето

Друштвото Ворен издава гаранција во времето на продажба на купувачите на неговите


производи. Во согласност со условите на гаранцијата, производителот се обврзува да ги
поправи, со поправки или замена, фабричките дефекти што се појавиле во рок од три
години од датумот на продажбата. Дали треба да се признае резервирање?

Одговор
Друштвото Ворен не може да го избегне трошокот за поправка или замена на
производите што покажуваат фабрички дефекти за коишто била издадена гаранција
пред крајот на периодот на известување и, оттаму, треба да се направи резервирање за
трошокот за таквите поправки и замени.
Друштвото Ворен е обврзано да ги поправи или да ги замени производите што стануваат
дефектни во текот на целиот гарантен рок. Според тоа, во однос на продажбата за
оваа година, обврската за која се прави резервирање на крајот од периодот на
известување треба да биде трошокот за поправање на производите за кои биле
пријавени дефекти, но што сè уште не биле обработени, плус проценка на трошоците во
однос на останатите продадени производи за кои постојат доволно докази дека ќе се
појават фабрички дефекти во текот на преостанатиот период што е опфатен со
гаранцијата.

Прашање Сметководствен третман

По една свадба во 20X0 година умреле десет лица, можеби како резултат на труење со
храна од производите што биле продадени од друштвото „Незрелост“. Биле поведени
судски постапки против друштвото „Незрелост“, во кои се бара од него да исплати
обесштетување, но тоа ја оспорило својата одговорност. До датумот на одобрување на
финансиските извештаи за годината до 31 декември 20X0, адвокатите на ова друштво
информираат дека е веројатно дека друштвото нема да се смета за одговорно. Меѓутоа,
кога друштвото ги изготвува финансиските извештаи за годината до 31 декември 20X1,
неговите адвокати информираат дека, со оглед на развојот на настаните во судската
постапка, веројатно е дека друштвото ќе се смета за одговорно.
Каков е бараниот сметководствен третман:
(а) На 31 декември 20X0 година?
(б) На 31 декември 20X1 година?

F7 Финансиско известување  13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства 223


Одговор
(а) На 31 декември 20X0 година
Врз основа на доказите што биле достапни кога биле одобрени финансиските
извештаи не постои обврска како резултат на минат настан. Не се признава
резервирање. Ова се обелоденува како неизвесна обврска, освен ако
веројатноста за каков било пренос се смета за незначителна.
(б) На 31 декември 20X1 година
Врз основа на достапните докази, постои сегашна обврска. Преносот на ресурси
за подмирување на обврската е веројатен.
Се признава резервирање за најдобрата проценка на износот што е потребен за
подмирување на сегашната обврска.

3.7 Резиме
• Целта на МСС 37 е да осигури дека се применети соодветни критериуми за
признавање и основи за мерење на резервирањата и неизвесните средства и
обврски и дека се обелоденети доволно информации.
• МСС се обидува да осигури дека резервирањата се признаваат единствено кога
постои мерлива обврска. Тој вклучува детални правила кои можат да се
употребат за утврдување кога постои некоја обврска и како треба да се измери таа
обврска.
• Стандардот се обидува да го елиминира „израмнувањето на добивката“ што се
случуваше пред неговото издавање.

Резиме на главата
• Во согласност со МСС 37, резервирањето треба да се признае
– Кога ентитетот има сегашна обврска, законска или изведена.
– Кога е веројатно е дека за подмирување на обврската ќе биде потребен одлив на
ресурси во кои се вградени економски користи.
– Може да се направи веродостојна проценка на овој износ.
• Една од главните цели на МСС 37 беше да се справи со злоупотребите на
резервирањата за преструктуирање. Според тоа, МСС 37 утврдува строги критериуми
за утврдување кога може да се направи такво резервирање.
• Ентитетот не треба да признае неизвесно средство или неизвесна обврска, но тие
треба да бидат обелоденети.

Краток тест
1 Резервирање е .................... со .................. временски распоред или износ.
2 Раководството спроведува програма со која синџир ресторани што претходни биле
целосно поседувани се претвора во франшизи. Дали ова е преструктуирање?
3 Дефинирајте неизвесно средство и неизвесна обврска.
4 Како треба да се евидентираат трошоците за затворање и враќање во првобитна
состојба на нафтено поле во согласност со МСС 37?
5 „Резервирањата за големите ремонти треба да се пресметаат однапред за периодот
меѓу два ремонта.“ Дали ова е точно?

224 13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства  F7 Финансиско известување


Одговори на краткиот тест
1 Обврска со неизвесен временски распоред или износ.
2 Да. Се променил начинот на кој се врши тоа работење.
3 Видете ги ставовите 3.1 и 3.2.
4 Тие треба да се капитализираат како дел од првичните издатоци за нафтеното поле.
5 Не. Тоа не е точно. Видете став 1.5.

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


16 Испит 25 45 минути

F7 Финансиско известување  13: Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства 225


FAST

Финансиски
средства и
обврски

Список со теми

1 Финансиски инструменти
2 Презентирање на финансиските инструменти
3 Обелоденување на финансиските
инструменти
4 Признавање на финансиските инструменти
C5
C5
C5

C5
14
Упатување до
наставната
програма

5 Мерење на финансиските инструменти C5

Вовед
МСС 32: Финансиски инструменти: презентирање, МСФИ
9: Финансиски инструменти и МСФИ 7: Финансиски
инструменти: обелоденување се релевантните стандарди.
МСС 32 и МСС 39 беа воведени за регулирање на
сметководствениот третман на финансиските инструменти,
особено на деривативните инструменти што претходно беа
„вонбилансни“ ставки.
МСФИ 9 беше воведен за поедноставување на третманот
на финансиските инструменти. Тој ги замени деловите од
МСС 39 што се релевантни за наставната програма за F7.

225
Насоки за учење
Ниво на
знаење
C5 Финансиски средства и финансиски обврски
(а) Објаснете ја потребата од сметководствен стандард за 1
финансиски инструменти.
(б) Дефинирајте ги финансиските инструменти во смисла на 1
финансиски средства и финансиски обврски.
(в) За следниве категории финансиски инструменти наведете 1
како тие треба да се мерат и како треба да се третираат
какви било добивки или загуби од последователното
мерење во финансиските извештаи:
(i) амортизирана набавна вредност
(ii) објективна вредност (вклучувајќи ја можноста за
класификација на сопственичките инструменти преку
останата сеопфатна добивка)
(г) Направете разлика меѓу должнички и сопственички 2
капитал.
(д) Применете ги барањата од релевантните сметководствени 2
стандарди во однос на издавањето и финансиските
трошоци за:
(i) сопственички инструменти
(ii) откупливи приоритетни акции и должнички
инструменти без права на конверзија (принцип за
амортизирана набавна вредност)
(iii) конвертибилен долг

Насоки за испитот
Финансиските инструменти вообичаено се тестираат како дел од некое прашање
наместо во целосно прашање.

Фокус на Финансиските инструменти претставуваат сложена област. Вие треба да се фокусирате


испитот само на суштинските работи. Досега, финансиските инструменти претежно се испитуваа
во рамките на посеопфатни прашања со определено сценарио. Сепак, тие се појавија
како прашање за 10 поени на испитот во јуни 2008 година.

1. Финансиски инструменти
ДЕФИНИЦИЈА
Од финансискиот инструмент произлегува финансиско средство за еден ентитет и
финансиска обврска или сопственички инструмент на друг ентитет.

1.1 Вовед
Доколку го следите печатот во областа на финансиите, веројатно сте свесни за брзата
меѓународна експанзија во користењето на финансиските инструменти. Финансиските
инструменти се разликуваат од едноставните, традиционални инструменти, на пример,
обврзниците, до различните облици на таканаречените „деривативни инструменти“.
Причините зошто се сметаше за неопходен проектот за сметководство за финансиските
инструменти би можеле да ги резимираме како што следува:
(а) Значителниот раст на финансиските инструменти во последниве години беше
многу побрз од развојот на упатствата за нивното сметководство.

226 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


(б) Оваа тема е од меѓународен интерес и вклучени се и други национални носители
на стандарди, како и ОМСС.
(в) Во последно време се случија катастрофи од висок профил што вклучуваа
деривативни инструменти кои, иако не беа предизвикани од сметководствени
пропусти, отворија повеќе прашања за сметководствените практики и практиките
за обелоденување.
Четири финансиски стандарди се однесуваат на финансиските инструменти:
(а) МСС 32 Финансиски инструменти: презентирање, што се однесува на:
(i) Класификацијата на финансиските инструменти меѓу обврските и
главнината
(ii) Презентирање на определени сложени инструменти (комбинации на
должнички и сопственички инструменти)
(б) МСС 39 Финансиски инструменти: признавање и мерење, што се однесува на:
(i) Признавање и отпишување
(ii) Мерење на финансиските инструменти
(iii) Сметководство за хеџирање
Одредбите на МСС 39 за хеџирањето и обезвреднувањето (и двете не се дел од
наставната програма за F7) сè уште се во сила. Одредбите за признавање и
мерење сега се заменети со МСФИ 9.
(в) МСФИ 7 Финансиски инструменти: обелоденување
(г) МСФИ 9 Финансиски инструменти. МСФИ 9 ги уредува признавањето,
отпишувањето и мерењето на финансиските средства и обврски.

1.2 Дефиниции
Најважните дефиниции се заеднички за сите четири стандарди.

Клучни • Финансиски инструмент. Секој договор од којшто произлегува финансиско


поими средство за еден ентитет и финансиска обврска или сопственички инструмент на
друг ентитет.

• Финансиско средство. Секое средство што е:


(а) Пари
(б) Сопственички инструмент на друг ентитет
(в) Договорно право да се примат пари или друго финансиско средство од друг
ентитет; или да се разменат финансиски средства или финансиски обврски
со друг ентитет под услови што се потенцијално поволни за ентитетот
• Финансиска обврска. Секоја обврска што е:
(а) Договорна обврска:
(i) за предавање пари или друго финансиско средство на друг ентитет,
или
(ii) за размена на финансиски средства или финансиски обврски со друг
ентитет под услови кои се потенцијално неповолни за ентитетот
• Сопственички инструмент. Секој договор со кој се докажува правото на учество
во остатокот на средствата на ентитетот по одземање на сите негови обврски.
• Објективна вредност е цената што би се добила за продажба на средството или
што треба да се плати за пренос на обврска во уредна трансакција помеѓу
учесниците на пазарот на датумот на мерење.

Фокус на
Овие дефиниции се многу важни – затоа, научете ги.
испитот

F7 Финансиско известување  14: Финансиски средства и обврски 227


Треба да разјасниме неколку работи што произлегуваат од овие дефиниции. Како прво,
еден или два од горенаведените поими би требало посебно да се дефинираат.
(а) „Договорот“ не мора да биде во писмена форма, туку мора да се состои од
спогодба што има „јасни економски последици“ и што договорните страни не може
да ја избегнат, вообичаено затоа што договорот е законски извршен.
(б) „Ентитет“, во овој случај, може да биде физичко лице, партнерство, корпоративно
тело или владина агенција.
Дефинициите за финансиски средства и финансиски обврски можеби изгледаат како
да се вртат во круг со оглед на тоа што упатуваат на поимите финансиско средство и
финансиски инструмент. Поентата е дека може да постои синџир на договорни права и
обврски, но тој крајно ќе води кон прием или плаќање пари или кон стекнување или
издавање сопственички инструмент.
Примерите за финансиски средства вклучуваат:
(а) Побарувања од купувачите
(б) Опции
(в) Акции (кога се чуваат како вложување)
Примерите за финансиски обврски вклучуваат:
(а) Обврски кон добавувачи
(б) Обврски за заеми
(в) Откупливи приоритетни (несопственички) акции
МСС 32 јасно укажува дека следниве ставки не претставуваат финансиски инструменти.
(а) Физички средства, на пример, залихи, недвижности, постројки и опрема,
изнајмени средства и нематеријални средства (патенти, заштитни знаци, итн.)
(б) Активни временски разграничувања, пасивни временски разграничувања и
најголемиот дел од обврските од гаранции
(в) Обврски или средства што не се договорни според својата природа

Прашање Дефиниции

Дали можете да ги наведете причините зошто физичките средства и активните


временски разграничувања не се квалификуваат како финансиски инструменти?

Одговор
Видете ги горенаведените дефиниции за финансиски средства и финансиски обврски.
(а) Физички средства: контролата врз нив создава можност да се генерира прилив
на пари или други средства, но од него не произлегува сегашно право да се
примат пари или друго финансиско средство.
(б) Активни временски разграничувања, итн.: идната економска корист се состои
од приемот на стоки/услуги наместо од право за прием на пари или други
финансиски средства.

Неизвесните права и обврски ја задоволуваат дефиницијата на финансиските


средства и финансиските обврски, иако голем број од нив не се квалификуваат за
признавање во финансиските извештаи. Ова е така, бидејќи договорните права или
обврски постојат поради некоја мината трансакција или настан (на пример, претпоставка
за гаранција).

228 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


2. Презентирање на финансиските
инструменти
Целта на МСС 32 е да им помогне на корисниците да разберат како финансиските
инструменти можеби влијаеле врз финансиската состојба, финансиските резултати и
ДЕФИНИЦИЈА
паричните текови на ентитетот.

2.1 Опфат
МСС 32 треба да се применува за презентирање и обелоденување на сите видови
финансиски инструменти.
Определени ставки се исклучени, како, на пример, подружници, придружени ентитети и
заеднички вложувања, пензии и договори за осигурување.

2.2 Обврски и главнина


Главната цел на МСС 32 е дека финансиските инструменти треба да се презентираат
врз основа нивната суштина, а не само според својата правна форма. Конкретно,
ентитетите што издаваат финансиски инструменти треба да ги класификуваат истите
(или нивните составни делови) или како финансиски обврски или како главнина.
Класификацијата на некој финансиски инструмент како обврска или главнина зависи од
следново.
• Суштината на договорниот аранжман при првичното признавање
• Дефинициите за финансиска обврска и сопственички инструмент
Како треба да се разграничи финансиска обврска од сопственички инструмент?
Критичната карактеристика на обврската е постоењето договорна обврска за пренос
на економска корист. Според тоа, некој финансиски инструмент е финансиска обврска
ако постои договорна обврска на издавачот на инструментот да му даде пари или
друго финансиско средство на имателот, или да размени некој друг финансиски
инструмент со имателот под услови кои се потенцијално неповолни за издавачот.
Кога горенаведената критична карактеристика не е задоволена, финансискиот
инструмент е сопственички инструмент. МСС 32 покажува дека иако имателот на некој
сопственички инструмент може да има право на пропорционален удел во какви било
распределби од главнината, издавачот нема договорна обврска да изврши таква
распределба. На пример, некое друштво не е обврзано да им исплати дивиденда на
своите обични акционери. Иако суштината и правната форма често се меѓусебно
конзистентни, тоа не е секогаш така. Всушност, некој финансиски инструмент може да
има правна форма на главнина, но суштински да претставува обврска. Некои
инструменти можат да имаат комбинирани карактеристики на сопственички инструменти
и финансиски обврски.
На пример, голем број ентитети издаваат приоритетни акции што мора да се откупат
од страна на издавачот за фиксен износ (или износ што може да се утврди) на фиксен
датум (или датум што може да се утврди) во иднина. Покрај тоа, имателот може да има
право да бара од издавачот да ги откупи акциите на или по определен датум за
определен износ. Во таквите случаи, издавачот има обврска. Оттаму, инструментот е
финансиска обврска и треба така да биде класификуван.
Разликата меѓу откупливите и неоткупливите приоритетни акции е важна. Најголемиот
број приоритетни акции се откупливи и, според тоа, се класификуваат како финансиска
обврска. Очекувајте да го видите ова во вашиот испит.

2.3 Сложени финансиски инструменти


Некои финансиски инструменти содржат и елемент на обврска и сопственички елемент.
Во таквите случаи, МСС 32 бара таквите составни делови на инструментот да се
класификуваат одвоено врз основа на суштината на договорниот аранжман и
дефинициите за финансиска обврска и за сопственички инструмент.

F7 Финансиско известување  14: Финансиски средства и обврски 229


Еден од најчестите видови сложени инструменти е конвертибилниот долг. Тој создава
примарна финансиска обврска на издавачот и му дава опција на имателот на
инструментот да го конвертира во сопственички инструмент (вообичаено обични акции)
на издавачот. Ова е економскиот еквивалент на издавањето конвертибилен долг плус
варант за стекнување акции во иднина.
Иако, теоретски, постојат неколку можни начини за пресметување на посебните делови,
МСС 32 го бара следниот метод:
(а) Се пресметува вредноста на компонентата на обврска.
(б) Ова се одзема од инструментот како целина и како резултат се добива остаток на
вредноста за сопственичката компонента.
Расудувањето за овој приод е тоа што главнината на ентитетот е неговиот остаток од
уделот во неговите средства по одбивањето на сите негови обврски.
Збирот на сметководствените вредности што им се доделени на обврската и
главнината секогаш е еднаков на сметководствената вредност што би му се припишала
на инструментот како целина.

2.4 Пример: вреднување сложени инструменти


Друштвото „Платина“ издава 2.000 конвертибилни обврзници на почетокот од 20X2
година. Обврзниците имаат рок на доспевање од три години и се издаваат со номинална
вредност од $1.000 по обврзница, што дава вкупни приноси во износ од $2.000.000.
Пресметаната камата се плаќа на годишно ниво по номинална годишна каматна стапка
од 6%. Секоја обврзница е конвертибилна во секое време до нејзиното доспевање во
250 обични акции.
Во времето на издавање на обврзниците, актуелната каматна стапка на пазарот за
сличен долг без опции за конверзија е 9%.
Се бара
Колкава е вредноста на сопственичката компонента на обврзницата?

Решение
Прво се вреднува компонентата на обврска и разликата меѓу приносите од издавањето
на обврзницата и објективната вредност на обврската се доделува на сопственичката
компонента. Сегашната вредност на компонентата на обврска е пресметана со
дисконтна стапка од 9%, што е пазарната каматна стапка за слични обврзници што не
носат право на конверзија, како што е прикажано.
$
Сегашна вредност на главнината: $2.000.000 плативи на крајот од трите
години
($2m × 0,772183)* 1.544.367
Сегашна вредност на каматата: $120.000 плативи на годишно ниво за
трите години
($120.000 × 2,5313)* 303.755
Вкупна компонента на обврска 1.848.122
Сопственичка компонента (преостанат износ) 151.878
Приноси од издавањето на обврзницата 2.000.000
* Овие износи можат да се добијат од табели за дисконти и ануитети, или, едноставно,
да се пресметаат како што следува.
$
Главнина
$2.000.000 дисконтирани по стапка од 9% во текот на 3
години:
2.000.000 ÷ 1,09 ÷ 1,09 ÷ 1,09 (или 2.000.000 x 1/1,09³) 1.544.367
Камата
Година 1 120.000 ÷ 1,09 110.091
Година 2 110.091 ÷ 1,09 101.002
Година 3 101.002 ÷ 1,09 92.662
303.755

230 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


Вредност на компонентата на обврска 1.848.122
Сопственичка компонента (преостанат износ) 151.878
Приноси од издавањето на обврзницата 2.000.000
Поделбата меѓу компонентата на обврска и сопственичката компонента останува иста
во целото времетраење на инструментот, дури и ако има промени на веројатноста за
извршување на опцијата. Ова е така, бидејќи не е секогаш можно да се предвиди како
ќе се однесува имателот. Издавачот продолжува да има обврска да врши идни плаќања
додека не се случи конверзија, доспевање на инструментот или некоја слична
релевантна трансакција.

Прашање Конвертибилен долг

Едно друштво издава должнички записи во износ од $20 м. по номинална вредност на 1


јануари 2009 година. Должничките записи се откупливи за пари или се конвертибилни во
удели во главнината врз основата 20 акции за $100 долг по избор на имателот на
должничкиот запис на 31 декември 2011 година. Слични, но неконвертибилни должнички
записи носат камата со стапка од 9%.
Сегашната вредност на побарување од $1 на крајот од годината врз основа на
дисконтните стапки од 4% и 9% може да се земе како:
4% 9%
$ $
Крај на годината 1 0,96 0,92
2 0,93 0,84
3 0,89 0,77
Кумулативно 2,78 2,53
Покажете како треба да се евидентираат овие должнички записи во финансиските
извештаи на 31 декември 2009 година.

Одговор
$
Биланс на успех
Финансиски трошоци (П2) 1.568
Извештај за финансиска состојба
Главнина – опција за конвертирање (П1) 2.576
Нетековни обврски
4% конвертибилни должнички записи (П2) 18.192
Пресметки
1 Елементи на главнина и обврски
$'000
Камата за 3 години (20.000 × 4% × 2,53) 2.024
Откуп (20.000 × 0,77) 15.400
Елемент на обврска 17.424
Сопственички елемент (β) 2.576
Приливи од должнички записи 20.000
2 Остаток од должничкиот запис
$'000
Елемент на обврска (W1) 17.424
Камата за годината со стапка од 9% 1.568
Намалено за платена камата (20.000 × 4%) (800)
Сметководствена вредност на 31 декември 2009 година 18.192

F7 Финансиско известување  14: Финансиски средства и обврски 231


2.5 Камата, дивиденди, добивки и загуби
Покрај тоа што го разгледува презентирањето во извештајот за финансиска состојба,
МСС 32 разгледува и како финансиските инструменти влијаат врз билансот на успех и
извештајот за останата сеопфатна добивка (и промените во главнината). Третманот се
разликува во зависност од тоа дали камати, дивиденди, загуби или добивки се
однесуваат на некоја финансиска обврска или на сопственички инструмент.
(а) Камати, дивиденди, загуби и добивки што се поврзани со определен финансиски
инструмент (или негов составен дел) што е класификуван како финансиска
обврска треба да се признаат како приход или расход во билансот на успех.
(б) Распределбите на имателите на финансиски инструмент што е класификуван како
сопственички инструмент (дивиденди за обичните акционери) треба да се книжат
директно на товар на главнината од страна на издавачот. Тие се појавуваат во
извештајот за промени во главнината.
(в) Трансакциските трошоци при сопственичка трансакција треба да се
евидентираат како намалување на главнината, вообичаено на товар на контото
за премија на акции.

2.6 Резиме на делот


• Издавачите на финансиски инструменти мора да ги класификуваат инструментите
како обврски или главнина.
• Суштината на финансискиот инструмент е многу поважна од неговата правна
форма.
• Критичната карактеристика на финансиската обврска е постоењето договорна
обврска за пренос на пари или некое друго финансиско средство.
• Сложените инструменти се поделени на дел што е сопственички инструмент и на
дел што е финансиска обврска и соодветно се презентираат.
• Каматите, дивидендите, загубите или добивките се третираат во согласност со
тоа дали се однесуваат на некоја финансиска обврска или на сопственички
инструмент.

3. Обелоденување на финансиските
инструменти
ДЕФИНИЦИЈА МСФИ 7 ги заменува барањата за обелоденување што порано беа дел од МСС 32.

3.1 МСФИ 7
Покрај конкретните монетарни обелоденувања, стандардот го охрабрува и давањето
наративен коментар од страна на издавачите на финансиските извештаи. Ова ќе им
овозможи на корисниците да го сфатат ставот на раководството кон ризикот, без оглед
на тоа какви се тековните трансакции што вклучуваат финансиски инструменти на крајот
од периодот.
Стандардот не го пропишува форматот или местото на обелоденување на
информациите. Треба да се обезбеди комбинација од наративни описи и специфични
квантитативни податоци, како што е соодветно.
Нивото на бараната деталност е предмет на проценка. Во случајот кога се вршат
голем број слични трансакции со финансиски инструменти, тие можат да се групираат.
Спротивно на тоа, за некоја поединечна значајна трансакција може да биде потребно
целосно обелоденување.
Класите на инструментите се групираат од страна на раководството на начин што е
соодветен за информациите што се обелоденуваат.
Фокус на
испитот Испитувачот укажа дека нема да поставува прашања за ризиците на финансиските
инструменти.

232 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


4. Признавање на финансиските инструменти
ДЕФИНИЦИЈА МСФИ 9 Финансиски инструменти ги утврдува принципите за признавање и мерење на
финансиските средства и обврски.

4.1 Опфат
МСФИ 9 се применува за сите ентитети и за сите видови финансиски инструменти,
освен оние што се посебно исклучени, како, на пример, вложувањата во подружници,
придружени ентитети, заеднички вложувања и други заеднички аранжмани.

4.2 Првично признавање


Финансиското средство или финансиската обврска треба да се признае во извештајот за
финансиска состојба кога известувачкиот ентитет ќе стане страна на договорните
одредби на инструментот.
Забележете дека ова се разликува од критериумите за признавање во
Концептуалната рамка и во најголемиот дел од останатите стандарди. Ставките
вообичаено се признаваат кога постои веројатен прилив или одлив на ресурси и кога
ставката има набавна вредност или вредност што може веродостојно да се измери.

4.3 Отпишување
Отпишувањето претставува отстранување на претходно признаен финансиски
инструмент од извештајот за финансиската состојба на ентитетот.
Ентитетот треба да го отпише финансиското средство кога:
(а) договорните права за паричните приливи од финансиското средство
престануваат; или
(б) ентитетот ќе ги пренесе суштински сите ризици и награди од сопственоста на
финансиското средство на друга страна.
Ентитетот треба да отпише некоја финансиска обврска кога таа ќе згасне – т.е. кога
обврската што е утврдена во договорот е исполнета, поништена или е истечена.
Можно е да се отпише само дел од некое финансиско средство или обврска. Ова е
дозволено ако делот содржи:
(а) само посебно идентификувани парични текови; или
(б) само целосно пропорционално учество во вкупните парични текови.
На пример, ако некој ентитет поседува обврзница, тој има право на две посебни групи
парични приливи: оние што се однесуваат на главнината и оние што се однесуваат на
каматата. Ентитетот би можел да го продаде правото на прием на каматата на друга
страна, истовремено задржувајќи го правото да ја прими главнината.
При отпишувањето, износот што треба да се вклучи во нето-добивката или загубата за
периодот се пресметува на следниов начин:
$ $
Пренесената сметководствена вредност на X
средството/обврската (или дел од средството/обврската)
Намалено за: Примени/платени приливи (X)
Разликата во добивката или загубата X
Кога се отпишува само дел од финансиско средство, сметководствената вредност на
средството треба да се алоцира меѓу задржаниот дел и пренесениот дел врз основа на
нивните соодветни објективни вредности на датумот на преносот. Добивката или
загубата треба да се признае врз основа на приливите од пренесениот дел.

4.4 Класификација на финансиски средства


При признавањето, МСФИ 9 бара финансиските средства да се класификуваат според
нивното мерење по:

F7 Финансиско известување  14: Финансиски средства и обврски 233


• Амортизирана набавна вредност, или
• Објективна вредност.
4.4.1 Споредбена табела
Следнава табела покажува до кој степен МСФИ 9 ги поедноставува дефинициите од
МСС 39.

Стара категорија од МСС 39 Се мери по Добивки и загуби


Финансиско средство по објективна Објективна Добивка или загуба
вредност преку добивката или загубата вредност
Финансиско средство расположливо за Објективна Останата сеопфатна
продажба вредност добивка
Финансиско средство што се чува до Амортизирана Добивка или загуба
доспевање набавна
вредност
Заеми и побарувања Амортизирана Добивка или загуба
набавна
вредност

4.4.2 Основа за класификација


Класификацијата од МСФИ 9 се врши врз основа на:
(а) Деловниот модел на ентитетот за управување со финансиските средства, и
(б) Договорните карактеристики на паричниот тек на финансиското средство.
Финансиското средство се класификува како измерено по амортизирана набавна
вредност кога:
(а) Целта на деловниот модел во чијшто рамки се чува средството е да се чуваат
средствата со цел да се стекнат договорените парични приливи, и
(б) Одредбите на финансиското средство на специфични датуми даваат право на
парични приливи што се исклучиво плаќања на главнината и каматата на
неплатениот дел од главнината.
Примената на овие правила значи дека сопственичките вложувања не можат да се
класификуваат како измерени по амортизирана набавна вредност и мора да се
мерат по објективната вредност. Ова се должи на фактот што договорните парични
текови на утврдените датуми не се карактеристични за сопственичките инструменти. Тие
се мерат според објективната вредност, при што промените се вршат преку добивката
или загубата, освен ако ентитетот не избере неотповикливо при првичното
признавање да ги признае сите промени преку останата сеопфатна добивка.
Должнички инструмент може да се класификува како измерен или по амортизирана
набавна вредност или по објективна вредност во зависност од тоа дали ги исполнува
горенаведените критериуми. Дури и кога критериумите се исполнети при првичното
признавање, должничкиот инструмент во определени околности може да се
класификува како измерен по објективна вредност преку добивката или загубата.
4.4.3 Подетално за тестот на деловниот модел
МСФИ 9 воведува тест за деловниот модел што бара од ентитетот да оцени дали
неговата деловна цел за некој должнички инструмент е да ги наплати договорните
парични приливи на инструментот наместо да реализира какви било промени во
неговата објективна вредност преку неговото продавање пред договорното
доспевање. Забележете ги следниве клучни работи:
(а) Проценката на „деловниот модел“ не се врши на нивото на поединечен
финансиски инструмент.
(б) Проценката се заснова врз тоа како раководи клучниот раководен персонал
фактички со деловното работење, наместо врз намерите на раководството за
конкретните финансиски средства.

234 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


(в) Ентитетот може да има повеќе деловни модели за управување со своите
финансиски средства и класификацијата не треба да се утврдува на ниво на
известувачки ентитет. На пример, тој може да има едно портфолио од вложувања
со кое управува за да ги наплати договорните парични текови и друго портфолио
на вложувања што се чуваат за тргување за реализирање на промените во
објективната вредност. За таквите ентитети би било соодветно да ја вршат
проценката за потребите на класификацијата на ниво на портфолио, наместо на
ниво на ентитет.
(г) Иако целта на деловниот модел на ентитетот може да биде да се чуваат
финансиските средства за да се наплатат договорните парични текови, ентитетот
не мора да ги чува сите такви средства до доспевање. Според тоа, деловниот
модел на ентитетот може да предвидува чување на финансиските средства за
наплата на договорните парични текови дури и кога се случува продажба на
финансиски средства.
4.4.4 Подетално за тестот на договорните парични текови
Барањето од МСФИ 9 за проценка на договорните карактеристики на паричниот тек на
некое финансиско средство се заснова врз концептот дека единствено инструментите
со договорни парични текови од главнината и камата на главнината можат да се
квалификуваат за мерење според амортизирана набавна вредност. Според МСФИ
9, каматата е надоместок за временската вредност на парите и кредитниот ризик што е
поврзан со неисплатениот дел од главнината во текот на определен временски период.

Прашање Договорни парични текови


Дали некое вложување во конвертибилен заем се квалификува за мерење по
амортизирана набавна вредност во согласност со МСФИ 9?

Одговор
Не, поради вклучувањето на опцијата за конверзија, што не се смета дека претставува
исплати на главнината и каматата.

4.5 Прекласификација на финансиски средства


Иако при првичното признавање, финансиските инструменти мора да се класификуваат
во согласност со барањата на МСФИ 9, во определени случаи тие можат
последователно да се прекласификуваат. Според МСФИ 9, кога некој ентитет го
менува својот деловен модел за управување со финансиските средства, тој треба
да ги прекласификува сите засегнати финансиски средства. Оваа прекласификација
се применува единствено за должничките инструменти, бидејќи сопственичките
инструменти мора да се класификуваат како измерени по објективна вредност.

4.6 Класификација на финансиски обврски


При признавањето, МСФИ 9 бара финансиските обврски да се класификуваат според
нивното мерење по:
(а) Објективна вредност преку добивката или загубата, или
(б) Финансиски обврски по амортизирана набавна вредност.
Финансиската обврска се класификува по објективна вредност преку добивката или
загубата ако:
(а) Таа се чува за тргување, или
(б) По првичното признавање таа е назначена по објективна вредност преку
добивката или загубата.
Деривативните инструменти секогаш се мерат по објективна вредност преку
добивката или загубата.
Овие правила за класификација остануваат исти како оние што претходно беа содржани
во МСС 39.

F7 Финансиско известување  14: Финансиски средства и обврски 235


Фокус на Финансиските инструменти веројатно ќе се појават како дел од второто прашање на
испитот испитот.

5 Мерење на финансиските инструменти


Во согласност со МСФИ 9, сите финансиски средства првично треба да се мерат по
набавна вредност = објективна вредност плус трансакциски трошоци. Финансиските
обврски треба да се мерат по трансакциската цена, т.е. објективната вредност на
примениот надоместок.

5.1 Првично мерење


Финансиските инструменти првично се мерат по објективната вредност на дадениот
или примениот надоместок (т.е. по набавна вредност) плус (или минус во случајот на
финансиските обврски) трансакциските трошоци што можат директно да му се
припишат на стекнувањето или на издавањето на финансискиот инструмент.
Исклучок од ова правило е случајот кога некој финансиски инструмент е назначен по
објективна вредност преку добивката или загубата (овој поим е објаснет долу). Во
овој случај, трансакциските трошоци не се додаваат на објективната вредност при
првичното признавање.
Објективната вредност на надоместокот вообичаено е трансакциската цена или
пазарната цена. Ако пазарните цени не се веродостојни, објективната вредност може да
се процени користејќи некоја техника за вреднување (на пример, преку дисконтирање
на паричните текови).

5.2 Последователно мерење на финансиските средства


По првичното признавање, МСФИ 9 бара од ентитетот да ги мери финансиските
средства или по амортизирана набавна вредност или по објективна вредност, врз
основа на:
(а) Деловниот модел на ентитетот за управување со финансиските средства; и
(б) Договорните карактеристики на паричниот тек на финансиското средство.
Финансиското средство се мери по амортизирана набавна вредност ако се
задоволени и двата следни услови:
(а) Средството се чува како дел од деловен модел чијашто цел е да се чуваат
средствата за да се стекнат договорените парични приливи.
(б) Одредбите на финансиското средство на специфични датуми даваат право на
парични приливи што се исклучиво плаќања на главнината и каматата на
неплатениот дел од главнината.
По првичното признавање, сите финансиски средства, освен оние што се чуваат по
објективна вредност преку добивката или загубата, треба повторно да се мерат по
објективна вредност или по амортизирана набавна вредност.
МСФИ 9 ја дозволува опцијата некое финансиско средство првично да се мери по
објективна вредност преку добивката или загубата кога инаку би се појавило
несогласување меѓу средството и поврзаната обврска. Во овој случај, средството се
мери последователно, исто така, по објективна вредност преку добивката или загубата.
Клучни
поими Финансиското средство или обврска по објективна вредност преку добивката или
загубата го исполнува кој било од следниве критериуми:
(а) Тоа е класификувано како такво што се чува за тргување. Финансискиот
инструмент се класификува како таков што се чува за тргување ако тој е:
(i) стекнат или поднесен првенствено за целите на неговата продажба или
откуп во блиска иднина;

236 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


(ii) дел од портфолио на идентификувани финансиски инструменти кои се
управуваат заедно и за кое постои доказ за неодамнешен фактички модел
на краткорочно реализирање добивка.
(б) По првичното признавање, инструментот е назначен од ентитетот по објективна
вредност преку добивката или загубата.

5.3 Амортизирана набавна вредност


Средствата што се чуваат по амортизирана набавна вредност се мерат користејќи го
методот на ефективна камата.

Клучни Амортизирана набавна вредност на финансиското средство или финансиската


поими обврска е износот според кој финансиското средство или финансиската обврска биле
измерени при почетното признавање намален за отплатите на главнината, плус или
минус кумулативната амортизација на сите разлики помеѓу иницијалниот износ и
износот при доспевањето, и минус какво било намалување поради обезвреднување или
ненаплатливост.

Метод на ефективна камата е метод на пресметување на амортизирана набавна


вредност на финансиското средство или финансиската обврска и на распределба на
приходот од камата или трошокот од камата во текот на релевантниот период.
Ефективна каматна стапка е стапката што точно ги дисконтира очекуваните идни
парични плаќања или примања во текот на очекуваниот корисен век на финансискиот
инструментот до нето-сметководствената вредност. (МСФИ 9, МСС 39)

5.4 Пример: амортизирана набавна вредност


На 1 јануари 20X1 година, друштвото Абакус купило должнички инструмент по неговата
објективна вредност од $1.000. Должничкиот инструмент доспева на 31 декември 20X5
година. Инструментот има главнина во износ од $1.250 и носи фиксна камата со стапка
од 4,72% што се плаќа годишно. Ефективната каматна стапка е 10%.
Како треба друштвото Абакус да го евидентира должничкиот инструмент во текот на
неговиот петгодишен рок?

Решение
Друштвото Абакус ќе прима камата од $59 (1.250 x 4,72%) секоја година и $1.250 кога
инструментот ќе достаса.
Друштвото Абакус мора да ги алоцира дисконтот од $250 и побарувањето за камата во
текот на петгодишниот период по константна стапка на сметководствената вредност на
долгот. За да го стори тоа, друштвото мора да ја применува ефективната каматна стапка
од 10%.
Во следнава табела е прикажана распределбата во текот на годините:
Добивка или Камата Амортизиран
Амортизирана загуба: примена во а набавна
Година набавна Приход од камата текот на вредност на
вредност на за годината (по годината крајот од
почеток од стапка од 10%) (паричен годината
годината прилив)
$ $ $ $
20X1 1.000 100 (59) 1.041
20X2 1.041 104 (59) 1.086
20X3 1.086 109 (59) 1.136
20X4 1.136 113 (59) 1.190
20X5 1.190 119 (1.250 + 59) –
Секоја година, сметководствената вредност на финансиското средство се зголемува за
приходот од камата за годината и се намалува за каматата што фактички е примена во
текот на годината.

F7 Финансиско известување  14: Финансиски средства и обврски 237


5.5 Последователно мерење на финансиски обврски
По првичното признавање, сите финансиски обврски треба да се мерат по
амортизирана набавна вредност, со исклучок на финансиските обврски по објективна
вредност преку добивката или загубата. Тие треба да се мерат по објективна вредност,
но во случаите кога објективната вредност не може да се измери веродостојно, тие
треба да се мерат по набавна вредност.

Прашање Обврзница

Друштвото „Галаксија“ издава обврзница за $503.778 на 1 јануари 20X2 година. На


обврзницата не се плаќа камата, но таа се чува до доспевање и се откупува на 31
декември 20X4 година за $600.000. Обврзницата не е назначена по објективна вредност
преку добивката или загубата. Ефективната каматна стапка е 6%.
Се бара
Пресметајте го износот што треба се признае во добивката или загубата во
финансиските извештаи на друштвото „Галаксија“ за годината што завршила на 31
декември 20X2 година и за неплатеното салдо на 31 декември 20X2 година.

Одговор
Обврзницата е со „длабок дисконт“ и претставува финансиска обврска на друштвото
„Галаксија“. Таа се мери по амортизирана набавна вредност. Иако не постои камата како
таква, разликата меѓу првичната набавна вредност на обврзницата и цената по која таа
ќе биде откупена е финансиски трошок. Ова мора да се распредели во текот на рокот на
обврзницата со константна стапка на сметководствената вредност. Тоа се врши преку
примена на ефективната каматна стапка.
Износот што се признава во добивката или загубата е $30.226 (503.778 x 6%).
Неплатеното салдо на 31 декември 20X2 година е $534.004 (503.778 + 30.226).

5.6 Добивки и загуби


Инструменти по објективна вредност преку добивката или загубата: добивките и
загубите се признаваат во добивката или загубата за годината.
Финансиски инструменти што се чуваат по објективна вредност: добивките и
загубите се признаваат во добивката или загубата за годината, освен ако
финансиското средство не претставува сопственички инструмент и ентитетот избере
при првичното признавање да ги презентира добивките и загубите директно во
главнината преку останата сеопфатна добивка. Дивидендите од вложувањето се
признаваат во добивката или загубата.
Финансиски инструменти што се водат по амортизирана набавна вредност: добивките
или загубите се признаваат во добивката или загубата за годината како резултат на
процесот на амортизација и кога средството се отпишува.

5.7 Обезвреднување и ненаплатливост на финансиските


средства
На крајот од секој период на известување, ентитетот треба да процени дали постојат
какви било објективни докази дека некое финансиско средство или група средства се
обезвреднети.
Кога постојат објективни докази за обезвреднување, ентитетот треба да го утврди
износот на каква било загуба поради обезвреднување.

238 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


5.7.1 Финансиски средства што се евидентираат според
амортизирана набавна вредност
Загубата поради обезвреднување е разликата меѓу сметководствената вредност на
средството и неговиот надоместлив износ. Надоместливиот износ на средството е
сегашната вредност на проценетите идни парични текови, дисконтирани според
изворната ефективна каматна стапка на финансискиот инструмент.
Износот на загубата треба да се признае во добивката или загубата за годината.

5.7.2 Финансиски средства што се евидентираат според објективна


вредност
За финансиските средства што се евидентираат според објективна вредност, добивките
и загубите се признаваат во добивката или загубата за годината. Секоја загуба поради
обезвреднување треба да се признае во добивката или загубата за годината дури и
ако финансиското средство не е отпишано.
Загубата поради обезвреднување е разликата меѓу трошокот за стекнување (намален
за какви било отплати на главнината и амортизацијата) и тековната објективна
вредност (за сопственички инструменти) или надоместливиот износ (за должничките
инструменти), намалена за каква било загуба поради обезвреднување на тоа средство
што била претходно признаена во добивката или загубата.

F7 Финансиско известување  14: Финансиски средства и обврски 239


Резиме на главата
• Од финансискиот инструмент произлегува финансиско средство за еден ентитет и
финансиска обврска или сопственички инструмент на друг ентитет.
• Целта на МСС 32 е да им помогне на корисниците да разберат како финансиските
инструменти можеби влијаеле врз финансиската состојба, финансиските резултати и
паричните текови на ентитетот.
• МСФИ 7 ги заменува барањата за обелоденување што порано беа дел од МСС 32.
• МСФИ 9 Финансиски инструменти ги утврдува принципите за признавање и мерење на
финансиските средства и обврски.
• Во согласност со МСФИ 9, сите финансиски средства треба првично да се мерат по
набавна вредност = објективна вредност плус трансакциски трошоци. Финансиските
обврски треба да се мерат по трансакциската цена, т.е. објективната вредност на
примениот надоместок.

Краток тест
1 Кои прашања се разгледуваат во МСС 32?
2 Дефинирајте ги следниве:
(а) Финансиско средство
(б) Финансиска обврска
(в) Сопственички инструмент
3 Која критична карактеристика се користи за идентификување на финансиска обврска?
4 Како треба да се класификуваат сложените инструменти од страна на издавачот?
5 Кога треба да се отпише некое финансиско средство?
6 Како треба првично да се мерат финансиските инструменти?
7 Каде треба да се појават откупливите приоритетни акции во извештајот за финансиска
состојба?

Одговори за краткиот тест


1 Класификација меѓу обврски и главнина; презентирање.
2 Видете Клучни поими, став 1.2.
3 Договорната обврска да предаде пари или друго финансиско средство на имателот.
4 Преку пресметување на сегашната вредност на компонентата на обврска и потоа преку
одбивање на овој износ од инструментот како целина, за да се добие остатокот на
вредноста за сопственичката компонента.
5 Финансиските средства треба да се отпишат кога истекуваат правата на паричните
приливи од средството или кога суштински сите ризици и награди што произлегуваат од
сопственоста се пренесуваат на друга страна.
6 По објективна вредност плус трансакциски трошоци.
7 Во нетековни обврски (не во главнината).

Сега обидете се да ги одговорите долунаведените прашања од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


17 – 10 18 минути

240 14: Финансиски средства и обврски  F7 Финансиско известување


Наеми

Список со теми

1 Видови наеми
2 Наематели
16
Упатување до
наставната
програма
C6
C6

Вовед
Трансакциите за изнајмување се особено вообичаени, така
што ова претставува важна практична тема.
Сметководството за наемите се уредува со МСС 17, што
беше воведен поради злоупотребите на сметководството
за наемите од страна на некои друштва.
Овие друштва ефективно „поседувале“ некое средство и
„должеле“определен долг за неговото купување, но не ги
прикажувале ниту средството ниту обврската во извештајот
за финансиска состојба бидејќи од нив не се барало да го
сторат тоа. Ова се нарекува „вонбилансно
финансирање“, како што е објаснето во Глава 15.

257
Насоки за учење
Ниво на
знаење

6 Наеми
(а) Објаснете зошто евидентирањето на правната форма на 2
финансиски наем може да ги наведе корисниците на погрешни
заклучоци (упатувајќи на комерцијалната суштина на таквите
наеми).
(б) Опишете го и применете го методот за утврдување на видот на 2
наемот (т.е. оперативен или финансиски наем).
(в) Објаснете каков ефект врз финансиските извештаи има 2
финансискиот наем што неправилно е третиран како
оперативен наем.
(г) Евидентирајте ги средствата што се финансираат со 2
финансиски наеми во извештаите на наемателот.
(д) Евидентирајте ги оперативните наеми во извештаите на 2
наемателот.

Насоки за испитот
Веројатно ќе се сретнете со финансиските наеми во рамки на прашањето за
изготвување на извештаите.

1. Видови наеми
Финансиски наем претставува начин за стекнување на долгорочното користење на некое
ДДЕФИНИЦИЈА средство, додека, пак, оперативниот наем претставува краткорочен договор за
изнајмување. Принципот за суштина над формата е важен за разликувањето на овие
наеми.

1.1 МСС 17 Наеми


МСС 17 Наеми го стандардизира сметководствениот третман и обелоденувањето на
средствата што се чуваат под наем.
Трансакцијата за изнајмување вклучува договор меѓу наемодавателот и наемателот за
наем на некое средство. Наемодаватечот ја задржува законската сопственост, но му го
пренесува на наемателот правото на користење на средството во договорениот
временски период и добива определена наемнина како надоместок. МСС 17 дава
дефиниција за наем и разликува два вида наеми.

Наем. Договор според кој наемодавателот му го пренесува на наемателот, за возврат на


Клучни
плаќање наемнина, правото на користење дадено средство за договорен временски
поими
период.
Финансиски наем. Наем со кој се пренесуваат суштински сите ризици и награди
својствени за сопственоста над дадено средство. На крајот, сопственоста може, но не
мора, да биде пренесена.
Оперативен наем. Наем кој не е финансиски наем. (МСС 17)

Во оваа глава, корисникот на некое средство често се наведува едноставно како


наемател, а добавувачот како наемодавател. Треба да имате предвид дека се
применуваат идентични барања во случајот на наемателите и продавачите, соодветно,
во договорите за наем и купување.

258 16: Наеми  F7 Финансиско известување


Ако ја прошириме горенаведената дефиниција, треба да се претпостави дека постои
финансиски наем ако при почнувањето на наемот, сегашната вредност на
минималните плаќања за наемот е приближно еднаква на објективната вредност на
изнајменото средство.
Сегашната вредност треба да се пресметува со користење на применливата каматна
стапка за наемот.

Клучни • Минимални плаќања за наем. Плаќањата во текот на времетраењето на наемот


поими коишто наемателот треба или може да треба да ги прави.

• Каматна стапка имплицитна за наемот.

Дисконтната стапка што, при почнувањето на наемот, предизвикува вкупната


сегашна вредност на:
(а) минималните плаќања за наемот, и
(б) негарантираниот остаток на вредноста
да бидат еднакви на збирот на:
(а) објективната вредност на изнајменото средство, и
(б) сите почетни директни трошоци.
• Времетраење на наем. Неотповикливиот период за којшто наемателот склучил
договор за изнајмување на средството заедно со сите дополнителни периоди за
коишто наемателот има опција да го продолжи наемот на средството, со или без
дополнително плаќање, кога при почнувањето на наемот е извесно разумно дека
наемателот ќе ја искористи опцијата.

Белешка
Во испитното прашање ќе ви биде дадена применливата каматна стапка за наемот.

1.2 Сметководство за оперативните наеми


Оперативните наеми не претставуваат сметководствен проблем. Наемателот
периодично му плаќа износи на наемодавателот и тие износи се признаваат во
билансот на успех.

Кога на наемателот му е понудена стимулација, како што е период за кој не се плаќа


наемнина или стимулација за поврат на пари, ова ефективно претставува дисконт
што ќе биде распределен во целиот тек на времетраењето на оперативниот наем во
согласност со принципот за пресметковно сметководство. На пример, ако некое друштво
склучи четиригодишен оперативен наем, но од него не се бара да врши какви било
плаќања до годината 2, вкупните плаќања што треба да се вршат во годините од 2 до 4
треба да се евидентираат рамномерно во текот на годините од 1 до 4.

Кога се прима стимулација со паричен поврат, вкупниот износ што треба да се плати во
текот на времетраењето на наемот, намален за паричниот поврат, треба да се признае
рамномерно во целиот тек на времетраење на наемот. Ова може да се направи преку
одобрување на примениот паричен поврат во одложениот приход и неговото
ослободување во добивката или загубата во текот на времетраењето на наемот.

1.3 Сметководство за финансиски наеми


За средствата што се чуваат под финансиски наеми или наеми со можност на откуп,
ваквиот сметководствен третман нема да ја обелодени реалноста на ситуацијата. Ако
некој наемодавател изнајмува средство под финансиски наем, средството веројатно
нема повторно да се види во неговите простории или да се користи во неговото
работење. Би било несоодветно ако наемодавателот го евидентира таквото средство
како нетековно средство. Она што тој реално го поседува е низа од парични приливи
што треба да ги добие од наемателот. Средството претставува износ на
побарување, а не нетековно средство.

F7 Финансиско известување  16: Наеми 259


Слично на тоа, наемателот може да искористи финансиски наем за финансирање на
„стекнувањето“ на некое поголемо средство што потоа можеби ќе го користи во своето
работење повеќе години. Суштината на трансакцијата е дека тој стекнал нетековно
средство и ова е одразено во сметководствениот третман што е пропишан во МСС 17,
иако од правна гледна точка, наемателот никогаш нема да стане сопственик на
средството.

Следниов резимиран дијаграм би требало да ви помогне при одлучувањето дали некој


наем е оперативен или финансиски наем.

Дали се пренесува сопственоста Да


до крајот на времетраењето на наемот?

Не

Дали наемот содржи Да


опција за поволна набавка?

Не
Дали времетраењето на наемот
Да
опфаќа поголем дел од корисниот век
на средството?

Не
Дали сегашната вредност на
минималните плаќања за наемот Да
е материјално еднаква на
објективната вредност на средството?

Не
Оперативен наем Финансиски наем

Забележете дека може да се претпостави дека постои финансиски наем ако изнајмените
средства имаат таква специјализирана природа што единствено наемателот може да ги
користи без поголеми модификации.

1.4 Земјиште и згради


Во согласност со МСС 17, елементите на земјиштето и на зградите од наем на земјиште
и згради се разгледуваат одделно за потребите на класификација на наемот.

Наемот на земјиштето вообичаено се третира како оперативен наем, освен ако не се


очекува дека правото на сопственост на крајот од времетраењето на наемот ќе премине
кај наемателот. Наемот на згради се третира како финансиски наем ако ги исполнува
критериумите од ставот 1.1 горе. Минималните плаќања за наемот се распределени
помеѓу елементите на земјиштето и зградите пропорционално на поврзаните објективни
вредности на наемските учества во земјиштето и зградите. Ако вредноста на земјиштето
е нематеријална, класификацијата се врши според зградите.

Ако плаќањата не можат да се распределат веродостојно, целиот наем се класификува


како финансиски наем, освен ако и двата елементи не претставуваат оперативни наеми
и во тој случај целиот наем се класификува како оперативен наем.
1.4.1 Пример

260 16: Наеми  F7 Финансиско известување


Некое друштво земало под наем фабричка зграда и околното земјиште. Објективната
вредност на зградата е $5 м. и објективната вредност на земјиштето е $3 м. Наемот е со
времетраење од 20 години и годишни плаќања од $500.000.

Решение
Плаќањата за наемот се делат во согласност со објективните вредности на земјиштето и
зградата. Износот од $187.500 (500.000 × 3/8) се третира како плаќање за оперативен
наем на земјиштето и износот од $312.500 се третира како плаќање за финансиски наем
за зградата. Зградата се капитализира и е предмет на депрецијација.

F7 Финансиско известување  16: Наеми 261


2. Наематели
Кај финансиските наеми:
ДДЕФИНИЦИЈА • Стекнатите средства треба да се капитализираат.
• Елементот на каматата од ратите треба да се анулира од добивката.

2.1 Сметководствен третман


МСС 17 бара, кога средството го менува сопственикот во рамките на финансиски наем,
наемодавателот и наемателот да ја евидентираат трансакцијата исто како таа да е
продажба на кредит. Оттаму, во книгите на наемателот добиваме:

ДОЛЖИ Сметка за средството


ПОБАРУВА Сметка за наемодавателот (обврска)

Износот што треба да се евидентира на овој начин е пониската вредност од


објективната вредност и сегашната вредност на минималните плаќања за наемот.

МСС 17 наведува дека не е соодветно обврските за изнајмените средства да се


презентираат како одбитна ставка на изнајмените средства. Треба да се прави разлика
меѓу тековните и нетековните обврски по наеми ако ентитет прави таква разлика за
останатите обврски.

Средството треба да се депрецира (врз основите што се утврдени во МСС 16 и МСС


38) во текот на пократкиот период од:
• Времетраењето на наемот
• Корисниот век на средството

Доколку е разумно извесно дека наемателот на крајот ќе стекне сопственост врз


средството, тогаш тоа треба да се депрецира во текот на целиот корисен век.

2.2 Распределување на плаќањата за наемот


Кога наемателот врши плаќање за наемот, тоа се состои од два елементи:
(а) Камата на финансиите обезбедени од наемодавателот. Овој дел од секое
плаќање е расход за камата во билансот на успех на наемателот.
(б) Отплата на дел од капиталниот трошок на средството. Во книгите на
наемателот, овој дел од секое плаќање за наемот мора да се задолжи на сметката
на наемодавателот за да се намали неплатената обврска.

Сметководствениот проблем се состои во одлучувањето кој дел од секоја рата што ја


плаќа наемателот претставува камата, а кој дел ја претставува отплатата на капиталот
што е обезбеден од наемодавателот. Постојат два вообичаени методи за
распределување:

• Актуарскиот метод
• Методот на збир од цифрите
Фокус на Испитувачот нема да го испитува методот на збир од цифрите, така што нема да го
испитот опфатиме тој метод.

Актуарскиот метод е најдобриот и научно најпоткрепениот метод. Тој произлегува од


претпоставката од здравиот разум дека каматата што ја наплаќа друштвото
наемодавател е еднаква на стапката на поврат што ја посакува друштвото, помножена
со износот на капиталот што тоа го вложило.
(а) На почетокот од наемот, вложениот капитал е еднаков на објективната вредност
на средството (намалена за каков бил почетен депозит платен од наемателот).

262 16: Наеми  F7 Финансиско известување


(б) Овој износ се намалува со плаќањето на секоја рата. Произлегува дека
пресметаната камата е најголема на почетокот од времетраењето на наемот и
постепено се намалува со отплаќањето на капиталот. Во овој дел ќе разгледаме
еден едноставен пример за актуарскиот метод.

2.3 Пример
На 1 јануари 20X0 година, друштвото „Бахус“, трговец со вино, купува мала машина за
ставање на виното во шишиња и етикетирање, од страна на друштвото „Силенус“ под
финансиски наем. Цената на машината во пари изнесувала $7.710 , додека, пак, износот
што требало да се плати бил $10.000. Договорот предвидувал плаќање на депозит од
$2.000 веднаш и подмирување на остатокот во четири еднакви годишни рати,
започнувајќи од 31 декември 20X0 година. Издатокот од $2.290 претставува камата од
15% годишно, пресметана на остатокот од обврската во секој сметководствен период.
Треба да се пресмета депрецијација на постројката со стапка од 20% годишно врз
праволиниска основа, претпоставувајќи дека остатокот на вредноста е нула.

Решение
Каматата се пресметува како 15% од неплатениот остаток од капиталот на почетокот од
секоја година. Неплатениот остаток од капиталот се намалува секоја година за
елементот на капитал што е содржан во секоја рата. Неплатениот остаток од капиталот
на 1 јануари 20X0 година е $5.710 ($7.710 објективна вредност минус $2.000 депозит).

$
Состојба на 1 јануари 20X0 г. 5.710
Камата 15% 856
Рата на 31 Декември 20X0 г. (2.000)
Неплатено салдо на 31 декември 20X0 г. 4.566
Камата 15% 685
Рата на 31 Декември 20X1 г. (2.000)
Неплатено салдо на 31 декември 20X1 г. 3.251
Камата 15% 488
Рата на 31 Декември 20X2 г. (2.000)
Неплатено салдо на 31 декември 20X2 г. 1.739
Камата 15% 261
Рата на 31 Декември 20X3 г. (2.000)

Белешка

Од вас нема да се бара да ја направите целата пресметка на испитот. Најверојатно ќе


треба да ги пресметате првите неколку рати за да ги добиете износите за тековните и
нетековните обврски (како во Дел 2.5).

2.4 Барања за обелоденување за наемателите


МСС 17 (ревидиран) ги бара следниве обелоденувања од наемателите во однос на
финансиските наеми:
• Нето-сметководствената вредност на крајот од периодот на известување за
секоја класа средства.
• Усогласување меѓу збирот на минималните плаќања за наемот на крајот од
периодот на известување и нивната сегашна вредност. Покрај тоа, ентитетот
треба да го обелодени збирот на минималните плаќања за наемот на крајот од
периодот на известување и нивната сегашна вредност за секој од следните
периоди:
– Не подоцна од една година
– Подоцна од една година, но не подоцна од пет години
– Подоцна од пет години

F7 Финансиско известување  16: Наеми 263


2.5 Пример: Обелоденувања на наемателот
Овие барања за обелоденување ќе бидат илустрирани за друштвото „Бахус“ (од
горенаведениот пример). Ќе претпоставиме дека друштвото Бахус ги изготвува своите
извештаи до 31 декември и го користи актуарскиот метод за распределба на
финансиските издатоци.

Решение
Извештаите на друштвото за првата година на наемот, во годината што завршува на 31
декември 20X0 година, би ги вклучувале долунаведените информации.

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X0 г. (ИЗВАДОЦИ)

$ $
Нетековни средства
Средства што се чуваат под финансиски наеми
Постројки и машини по набавна вредност 7.710
Намалено за акумулирана депрецијација (20% x $7.710) (1.542)
6.168
Нетековни обврски
Обврски од финансиски наеми
(Состојба на 31 декември 20X1 г.) 3.251
Тековни обврски
Обврски од финансиски наеми (4.566 – 3.251) 1.315

(Забележете дека неплатениот елемент на капиталот се обелоденува во обврските, т.е.


збирот на минималните плаќања за наемот, при што идните финансиски издатоци се
посебно одбиени.)

БИЛАНС НА УСПЕХ
ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X0 Г. (ИЗВАДОК)
$
Расходи за камата и слични издатоци
Камата на финансиски наеми 856

2.6 Пример: 6-месечни плаќања


Сега да видиме што би се променило ако друштвото „Бахус“ не требало да плати
депозит, туку морало да плаќа $1.250 на секои шест месеци во текот на 4 години. Ќе ја
употребиме истата каматна стапка и ќе ги пресметаме износите за финансиските
извештаи во првата година.

$
Состојба на 1 јануари 20X0 г. 7.710
Камата до 30 јуни 20X0 г. (7.710 x 15% x 6/12) 578
Рата платена на 30 јуни 20X0 г. (1.250)
Состојба на 30 јуни 20X0 г. 7.038
Камата до 31 декември 20X0 г. (7.038 x 15% x 6/12) 528
Рата платена на 31 Декември 20X0 г. (1.250)
Состојба на 31 декември 20X0 г. 6.316
Камата до 30 јуни 20X1 г. (6.316 x 15% x 6/12) 474
Рата платена на 30 јуни 20X1 г. (1.250)
Состојба на 30 јуни 20X1 г. 5.540
Камата до 31 декември 20X0 г. (5.544 x 15% x 6/12) 416
Рата платена на 31 Декември 20X1 г. (1.250)
Состојба на 31 декември 20X1 г. 4.706

Извадоци од финансиските извештаи на 31 декември 20X0 година:

264 16: Наеми  F7 Финансиско известување


Нетековни средства (како горе) 6.168
Нетековни обврски
Обврски од финансиски наеми 4.706
Тековни обврски
Обврски од финансиски наеми (6.316 – 4.706) 1.610
Добивка или загуба: обврски за камата (578 + 528) 1.106

2.7 Оперативни наеми: обелоденувања


За оперативните наеми се потребни следниве обелоденувања.
Збирот на идните минимални плаќања за наемот од неотповикливи оперативни наеми за
секој од следните периоди:

(а) Не подоцна од една година


(б) Подоцна од една година, но не подоцна од пет години
(в) Подоцна од пет години

2.8 Класификација на наемите


Последното прашање што треба да се разгледа е важноста на правилното
класификување на наемот.
Финансискиот наем води кон нетековно средство и обврска од наемот во извештајот за
финансиска состојба. Ако тој се третира како оперативен наем, нема да има средство
или обврска во извештајот за финансиска состојба. Сè што ќе биде прикажано се
плаќањата за наемот како расход во билансот на успех. Ако не се прикаже средството,
средствата ќе бидат потценети и повратот на ангажираниот капитал (ROCE) ќе биде
преценет. Ако не се прикаже обврската од наемот, коефициентот на задолженост
(сооднос меѓу долгот и главнината) ќе биде потценет. (Овие коефициенти се опфатени
во Глава 19.) Токму поради ова, финансиските наеми мора да се евидентираат според
својата „суштина“, наместо според својата правна форма (според која средството се
третира како сопственост на наемодавателот).

F7 Финансиско известување  16: Наеми 265


Резиме на главата
• Финансиски наем претставува начин за стекнување на долгорочното користење на некое
средство, додека, пак, оперативниот наем претставува краткорочен договор за
изнајмување. Принципот за суштина над формата е важен за разликувањето на овие
наеми.
• За финансиските наеми:
– Стекнатите средства треба да се капитализираат.
– Елементот на каматата од ратите треба да се анулира од добивката.
• Оперативните наеми се договори за изнајмување и сите рати се одбиваат од
добивката.

Краток тест
1 (а) ………………. наеми ги пренесуваат суштински сите ризици и награди својствени
за сопственоста.
(б) ………………. наеми се вообичаено краткорочни договори за изнајмување, при што
наемодавачот е одговорен за поправките и одржувањето на средството.
2 Некое друштво стекнува средство под финансиски наем. Какво е двојното книжење?
3 Наведете ги обелоденувањата што се бараат во МСС 17 од наемателите во однос на
финансиските наеми.
4 Камион има очекуван корисен век од шест години. Камионот е стекнат под
четиригодишен финансиски наем. Во кој период треба да се депрецира?
5 Некое друштво изнајмува фотокопир машина под оперативен наем што истекува во јуни
20X2 година. Канцелариите на друштвото се земени под оперативен наем што треба да
истече во јануари 20X3 година. Како треба да се обелоденат минатите и идните
оперативни наеми во извештаите на друштвото на 31 декември 20X1 година?

266 16: Наеми  F7 Финансиско известување


Одговори за краткиот тест
1 (а) Финансиски наеми
(б) Оперативни наеми
2 ДОЛЖИ Сметка за средството
ПОБАРУВА Сметка за наемодавателот
3 Видете став 2.4.
4 Во четиригодишниот период, бидејќи тоа е пократкиот период од времетраењето на
наемот и корисниот век.
5 Треба да се обелоденат вкупните плаќања за наемот што се задолжени преку добивката
или загубата. Треба да се обелоденат плаќањата за кои се преземени обврски со нивно
расчленување на оние што доспеваат следната година и оние од втората до петтата
година.

Сега обидете се да ги одговорите долунаведените прашања од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


20 Испит 10 18 минути
21 Испит 10 18 минути
22 Испит 25 45 минути

F7 Финансиско известување  16: Наеми 267


Сметководство
за даноци

Список со теми

1 Тековен данок
2 Одложен данок
3 Оданочиви времени разлики
4 Одбитни времени разлики
5 Мерење и признавање на одложен данок
17
6 Оданочување во извештаите на друштвото
Упатување до
наставната
програма
C9
C9
C9
C9
C9
C9

Вовед
Во речиси сите земји ентитетите се оданочуваат врз основа
на остварената добивка од работењето. Во некои земји ова
може да се нарекува корпоративен данок, но ние ќе ја
следиме терминологијата на МСС 12 Даноци на добивка и
ќе го нарекуваме данок на добивка.
Постојат два аспекта на данокот на добивка што мора да се
земат предвид: тековен данок и одложен данок. Тие се
разгледуваат во Дел 1 и Дел 2, соодветно.

267
Насоки за учење
Ниво на
знаење
9 Оданочување
(а) Евидентирајте го тековниот данок во согласност со 2
релевантните сметководствени стандарди.
(б) Евидентирајте ги книжењата што се поврзани со данокот на 2
добивка во сметководствената евиденција.
(в) Објаснете го ефектот на оданочивите времени разлики врз 2
сметководствените и оданочивите добивки.
(г) Пресметајте и евидентирајте ги одложените даночни износи во 2
финансиските извештаи.

1. Тековен данок
ДЕФИНИЦИЈА
Тековен данок е обврската кон даночните власти во однос на трговските активности за
периодот. Вообичаено ова е едноставно.

1.1 Вовед
Досега можеби сте претпоставувале дека сметководството за данокот на добивка било
едноставна работа за друштвата. Би го пресметале износот на данокот што треба да се
плати на оданочивите добивки на друштвото и би евидентирале:
ДОЛЖИ Расход за данок (биланс на успех)
ПОБАРУВА Обврска за данок (извештај за финансиска состојба)
со тој износ.
Навистина, овој аспект на корпоративното оданочување – тековниот данок – е
вообичаено едноставен. Меѓутоа, работите се усложнуваат кога се разгледуваат идните
даночни последици на она што сега се случува во извештаите. Ова е аспект на данокот
што се нарекува одложен данок што ние ќе го разгледаме во следниот дел.

1.2 МСС 12 Даноци на добивка


МСС 12 ги опфаќа и тековниот и одложениот данок. Деловите што се однесуваат на
тековниот данок се релативно кратки, бидејќи ова е област од оданочувањето што е
едноставна и неконтроверзна.

1.3 Дефиниции
Ова се некои до дефинициите што се дадени во МСС 12. Останатите дефиниции ќе ги
разгледаме подоцна.

Клучни • Сметководствена добивка. Нето-добивка или загуба за периодот пред одбивање


поими на даночниот расход.
• Оданочива добивка (даночна загуба). Добивка (загуба) за периодот, утврдена во
согласност со правилата утврдени од даночните власти, според кои се плаќаат
(надоместуваат) даноците на добивка.
• Даночен расход (даночен приход). Збирен износ вклучен во утврдувањето на
нето-добивката или загубата за периодот во врска со тековниот данок и
одложениот данок.
• Тековен данок. Износ на обврска (побарување) за даноци на добивка во врска со
оданочивата добивка (даночна загуба) за периодот. (МСС 12)

268 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


Пред да продолжиме, да ја разјасниме разликата меѓу тековниот и одложениот данок.
(а) Тековен данок е износот што фактички им се плаќа на даночните власти во
врска со трговските активности на ентитетот во текот на периодот.
(б) Одложен данок е сметководствена мерка што се користи за спротивставување
на даночните ефекти на трансакциите со нивното сметководствено влијание, на
тој начин давајќи помалку искривени резултати.
Би требало да го разбирате ова малку подобро откако ќе го обработите Дел 2.

1.4 Признавање тековни даночни обврски и тековни


даночни средства
МСС 12 бара секој неплатен данок во однос на тековниот или претходните периоди да
се признае како обврска.
Спротивно на тоа, секој вишок данок платен во однос на тековниот или претходните
периоди над износот што се должи треба да се признае како средство.

Во 20X8 година, друштвото „Дартон“ имало оданочива добивка од $120.000. Во


претходната година (20X7 г.), данокот на добивка за добивките во 20X7 година бил
проценет на $30.000. Стапката на корпоративниот данок на добивка е 30%.
Се бара
Пресметајте ги обврската и расходот за данок за 20X8 година ако данокот што требало
да се плати за добивката за 20X7 година последователно бил договорен со даночните
власти како:
(а) $35.000; или
(б) $25.000.
Сите недоволни или прекумерни плаќања не се подмируваат сè додека не треба да се
плати данокот за следната година.

Одговор
(а)
$
Данок што се должи за добивките во 20X8 година ($120.000 x 30%) 36.000
Помалку платен износ за 20X7 година 5.000
Даночен расход и обврска 41.000
(б)
$
Данок што се должи за добивките во 20X8 година (како горе) 36.000
Повеќе платен износ за 20X7 година (5.000)
Даночен расход и обврска 31.000
Алтернативно, попустот што се должи може да се прикаже одделно како приход во
извештајот за останата сеопфатна добивка и како средство во извештајот за финансиска
состојба. Меѓутоа, најверојатно е дека ќе се употреби пристап со пребивање, како овој.

Доколку одиме чекор натаму со ова, МСС 12 бара, исто така, да се признае како
средство користа што е поврзана со каква било даночна загуба што може да се пренесе
наназад за да се надомести тековниот данок од некој претходен период. Ова е
прифатливо, бидејќи е веројатно дека користа ќе претставува прилив во ентитетот и
дека таа ќе може веродостојно да се измери.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 269


1.5 Пример: даночни загуби пренесени наназад
Во 20X7 година, друштвото „Ерами“ платило $50.000 данок на својата добивка. Во 20X8
година друштвото направило даночни загуби од $24.000. Правилата на локалните
даночни власти дозволуваат загубите да бидат пренесени наназад за пребивање на
тековниот данок од претходните периоди. Даночната стапка е 30%.
Се бара
Покажете ги даночниот расход и даночната обврска за 20X8 година.

Решение
Поврат на данок што се должи за даночните загуби = 30% x $24.000 = $7.200.
Двојното книжење ќе биде:
ДОЛЖИ Побарување за данок (извештај за финансиска состојба) $7.200
ПОБАРУВА Поврат на данок (биланс на успех)
$7.200
Даночното побарување ќе биде прикажано како средство сè додека не се прими
повратот од даночните власти.

1.6 Мерење
Мерењето на тековните даночни обврски (средства) за тековниот и претходните периоди
е многу едноставно. Тие се мерат по износ што се очекува да биде платен на
(надоместен од) даночните власти.

1.7 Признавање на тековниот данок


Вообичаено, тековниот данок се признава како приход или расход и се вклучува во нето-
добивката или загубата за периодот, освен во два случаи.
(а) Данок што произлегува од деловна комбинација се третира различно (даночните
средства или обврски на стекнатата подружницата претставуваат дел од
пресметката на гудвилот).
(б) Данок што произлегува од трансакција или настан што е признаен директно во
главнината (во истиот или во различен период).
Правилото наведено под (б) е логично. Ако некоја трансакција или настан е задолжена
или одобрена директно во главнината, наместо во добивката или загубата, тогаш треба
да се стори истото и со поврзаниот данок. Пример за таква ситуација имаме кога, во
согласност со МСС 8, се врши усогласување на почетното салдо на задржаната
заработувачка поради промена во сметководствената политика што се применува
ретроактивно, или поради корекција на материјална грешка од некој претходен период
(видете Глава 7).

1.8 Презентирање
Во извештајот за финансиска состојба, даночните средства и даночните обврски
треба одделно да се прикажуваат од другите средства и обврски.
Тековните даночни средства и обврски можат да се пребиваат, но ова се врши само ако
бидат исполнети определени услови.
(а) Ентитетот има законски важечко право да ги пребие признаените износи.
(б) Ентитетот има намера да ги подмири износите врз нето-основа, или да го
реализира средството и истовремено да ја подмири обврската.
Даночниот расход (приход) што се однесува на добивка или загуба од редовните
активности треба да се презентира во билансот на успех.
МСС 12 содржи обемни барања за обелоденување и истите ќе ги разгледаме подоцна
во оваа глава.

270 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


2. Одложен данок
ДЕФИНИЦИЈА
Одложен данок е сметководствена мерка што се користи за спротивставување на
даночните ефекти на трансакциите со нивното сметководствено влијание. Ова е
прилично сложено.

Фокус на Студентите речиси без исклучок сметаат дека одложениот данок е многу збунувачки. Не
испитот е веројатно дека ќе добиете какви било сложени прашања за одложениот данок во
Испитот 7, така што треба да се фокусирате на разбирањето и способноста за
објаснување на целта на одложениот данок и на вршењето на основните пресметки.

2.1 Што е одложен данок?


Кога некое друштво признава средство или обврска, тоа очекува да ја надомести или
да ја подмири сметководствената вредност на тоа средство или обврска. Со други
зборови, тоа очекува да ги продаде или да ги искористи средствата и да ги исплати
обврските. Што се случува ако е веројатно дека таквото надоместување или
подмирување ќе направи даночните плаќања да бидат поголеми (или помали) отколку
што би биле кога надоместувањето или подмирувањето би немало даночни последици?
Во таквите околности, МСС 12 бара од друштвата да признаат одложена даночна
обврска (или одложено даночно средство).

2.2 Дефиниции
Не треба да бидете премногу загрижени ако сè уште не го разбирате концептот за
одложен данок; работите ќе ви станат многу појасни додека го обработувате овој дел.
Како прво, да ги видиме дефинициите во врска со одложениот данок што се дадени во
МСС 12.

Клучни Одложени даночни обврски се износите на даноци на добивка што треба да се платат
поими во идните периоди во врска со оданочивите времени разлики.
Одложени даночни средства се износи на даноци на добивка што треба да се
надоместат во идните периоди, а кои произлегуваат од:
• Одбитни времени разлики
• Пренесени неискористени даночни загуби
• Пренесени неискористени даночни кредити
Времени разлики се разлики меѓу сметководствената вредност на средството или
обврската во извештајот за финансиска состојба и неговата даночна основица.
Времените разлики можат да бидат било кои од наведените:
• Оданочиви времени разлики се времени разлики кои ќе резултираат во
оданочиви износи при утврдување на оданочивата добивка (даночна загуба) за
идните периоди кога сметководствената вредност на средствата или обврската ќе
се надомести или ќе се подмири.
• Одбитни времени разлики се времени разлики кои ќе резултираат во износи што
се одбиваат при утврдување на оданочивата добивка (даночна загуба) за идните
периоди кога сметководствената вредност на средството или обврската ќе се
надомести или ќе се подмири.
Даночна основа на средство или обврска е износот што се припишува на средството
или обврската за даночни цели.
(МСС 12)

Некои од овие дефиниции треба да ги разгледаме подетално.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 271


2.3 Даночна основа
Можеме да ја прошириме горенаведената дефиниција, наведувајќи дека даночната
основа на некое средство е износот што ќе биде одбитна ставка за даночни цели на
товар на какви било оданочиви економски користи што ќе претставуваат прилив за
ентитетот кога тој ја надоместува сметководствената вредност на средството. Ако тие
економски користи не се оданочиви, даночната основа на средството е еднаква на
неговата сметководствена вредност.

Наведете ја даночната основа за секое од следниве средства.


(а) Машината има набавна вредност од $10.000. За даночни цели, депрецијацијата во
износ од $3.000 веќе е одбиена во тековниот и претходните периоди и остатокот
на вредноста ќе претставува одбитна ставка во идните периоди, како
депрецијација или преку намалување при отуѓување. Приходот што се создава
преку користењето на машината е оданочив, сите добивки од отуѓување на
машината ќе бидат оданочиви и сите загуби при отуѓување ќе бидат одбитни
ставки за даночните цели.
(б) Побарувањето за камата има сметководствена вредност од $1.000. Поврзаниот
приход од камата се оданочува врз парична основа.
(в) Побарувањата од купувачите имаат сметководствена вредност од $10.000.
Поврзаниот приход е веќе вклучен во оданочивата добивка (даночна загуба).
(г) Побарувањето врз основа на заем има сметководствена вредност од $1 м.
Отплаќањето на заемот нема да има даночни последици.

272 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


Одговор
(а) Даночната основа за машината е $7.000.
(б) Даночната основа на побарувањето за камата е нула.
(в) Даночната основа на побарувањата од купувачите е $10.000.
(г) Даночната основа за заемот е $1 м.

Во случајот на обврска, даночната основа ќе биде нејзината сметководствена вредност,


намалена за каков било износ што се признава како одбитна ставка за даночните цели
во врска со таа обврска во идните периоди. Во случај на приход што е примен однапред,
даночната основа на обврската што произлегува од тоа е нејзината сметководствена
вредност, намалена за износот на приходот што нема да биде оданочив во идните
периоди.

Наведете ја даночната основа за секоја од следниве обврски.


(а) Тековните обврски вклучуваат пресметани трошоци со сметководствена вредност
од $1.000. Поврзаниот расход се признава како одбитна ставка за даночните цели
врз парична основа.
(б) Тековните обврски вклучуваат приходи врз основа на однапред примена камата,
со сметководствена вредност од $10.000. Поврзаниот приход од камата бил
оданочен врз парична основа.
(в) Тековните обврски вклучуваат пресметани трошоци со сметководствена вредност
од $2.000. Поврзаниот расход веќе бил признаен како одбитна ставка за даночни
цели.
(г) Тековните обврски вклучуваат пресметани казни и пенали со сметководствена
вредност од $100. Расходот за казни и пенали не се признава како одбитна ставка
за даночни цели.
(д) Обврска за заем има сметководствена вредност од $1 м. Отплаќањето на заемот
нема да има даночни последици.

Одговор
(а) Даночната основа на пресметаниот трошок е нула.
(б) Даночната основа на приходите врз основа на однапред примена камата е нула.
(в) Даночната основа на пресметаните расходи е $2.000.
(г) Даночната основа на пресметаните казни и пенали е $100.
(д) Даночната основа за заемот е $1 м.

МСС 12 ги дава следниве примери на околности во кои сметководствената вредност на


некое средство или обврска е еднаква на неговата даночна основа.
• Пресметани расходи што веќе биле одбиени при утврдувањето на тековната
даночна обврска на претпријатието за тековниот и поранешните периоди.
• Обврска за заем се мери по износот што е почетно примен и овој износ е ист како
износот што се отплаќа при конечното доспевање на заемот.
• Пресметани трошоци што никогаш не се признаваат како одбитни ставки за
даночни цели.
• Пресметаниот приход никогаш нема да биде оданочив.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 273


2.4 Времени разлики
Можеби сметате дека дефиницијата за времените разлики е донекаде збунувачка.
Запомнете дека сметководствените добивки ја формираат основата за пресметување на
оданочивите добивки, врз која се пресметува даночната обврска за годината; меѓутоа,
сметководствените добивки и оданочивите добивки се различни. Постојат две причини
за разликите.
(а) Трајни разлики. Тие се случуваат кога определени ставки на приходи или
расходи се исклучуваат од пресметувањето на оданочивите добивки (на пример,
расходите за репрезентација може да не бидат дозволени за даночни цели).
(б) Времени разлики. Тие се случуваат кога ставки на приход или расход се
вклучени и во сметководствените добивки и во оданочивите добивки, но не за
истиот сметководствен период. На пример, некој расход што е дозволен како
одбитна ставка за добивање на оданочивите добивки за 20X7 година може да не
биде вклучен во финансиските извештаи до 20X8 година или подоцна. Во
долгорочни рамки, вкупните оданочиви добивки и вкупните сметководствени
добивки ќе бидат исти освен за трајните разлики, така што разликите во
временскиот распоред потекнуваат од еден период и можат да се анулираат во
еден или во повеќе последователни периоди. Одложениот данок е данокот што
може да се припише на времените разлики.
Разликата што се прави во дефиницијата меѓу оданочиви времени разлики и одбитни
времени разлики може да стане појасна ако се разгледаат објаснувањата и примерите
што се дадени во стандардот и прилозите кон него.

2.5 Резиме на делот


• Одложениот данок претставува сметководствена алатка. Тој не претставува
даночна обврска кон даночните власти.
• Даночната основа на некое средство или обврска е вредноста на тоа средство
или обврска за даночните цели.
• Вие би требало да ја разберете разликата меѓу трајните и времените разлики.
• Одложениот данок е данокот што се припишува на времените разлики.

3. Оданочиви времени разлики


ДЕФИНИЦИЈА Одложените даночни средства и обврски произлегуваат од оданочивите и одбитните
времени разлики.

Фокус на Правилото што треба да се запомни е:


испитот
„Сите оданочиви времени разлики создаваат одложена даночна обврска.“

3.1 Примери
Во продолжение се дадени примери за околностите во кои се појавуваат оданочиви
времени разлики.

3.1.1 Трансакции што влијаат врз билансот на успех


(а) Приходи од камата што се примаат со задоцнување и се вклучени во
сметководствената добивка врз основа на временско разграничување. Меѓутоа,
тие се вклучуваат во оданочивата добивка врз парична основа.
(б) Приходи од продажба на производи се вклучуваат во сметководствената
добивка кога се испорачани производите, но се вклучуваат во оданочивата
добивка единствено откако ќе се примат парите.
(в) Депрецијацијата на средството се забрзува за даночни цели. Кога се купуваат
нови средства, можат да бидат на располагање исправки на вредноста на товар
на оданочивата добивка што е поголема од износот на депрецијацијата што се
пресметува на средствата во финансиските извештаи за годината на набавката.

274 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


(г) Трошоци за развој што се капитализираат и се амортизираат во билансот на
успех, но биле целосно признаени како одбитна ставка од оданочивата добивка во
периодот во којшто настанале.
(д) Активните временски разграничувања веќе се одбиени врз парична основа при
утврдувањето на оданочивата добивка за тековниот или во претходните периоди.

3.1.2 Трансакции што влијаат врз извештајот за финансиска состојба


(а) Сметководствената депрецијација на некое средство не се признава како
одбитна ставка за даночни цели. Намалување за даночни цели е дозволено преку
даночна депрецијација.
(б) Позајмувачот го евидентира заемот според примањата што ги добива (износот на
датумот на доспевање), намалени за трошоците на трансакцијата.
Сметководствената вредност на заемот последователно се зголемува за
амортизацијата на трошоците на трансакцијата при утврдување на
сметководствената добивка. Меѓутоа, трошоците на трансакцијата биле признаени
како одбитна ставка за даночни цели во периодот кога заемот првпат бил
признаен.

3.1.3 Усогласувања на објективната вредност и ревалоризации


(а) Тековните вложувања или финансиските инструменти се евидентираат по
објективна вредност. Таа е поголема од набавната вредност, но не се прават
еквивалентни усогласувања за даночни цели.
(б) Недвижностите, постројките и опремата можат да се ревалоризираат од страна
на ентитетот (во согласност со МСС 16), но не се прават еквивалентни
усогласувања за даночни цели. Ова се применува и за долгорочните вложувања.
Бидејќи даночната основа останува со непроменета почетна вредност, ќе постои
разлика меѓу сметководствената вредност и даночната основа, што води кон
зголемување на резервирањето за одложен данок.

3.2 Оданочиви времени разлики


Обидете се да го разберете расудувањето зад признавањето на одложените даночни
обврски од оданочиви времени разлики.
(а) Кога се признава некое средство, се очекува дека неговата сметководствена
вредност ќе биде надоместена во форма на економски користи што ќе
претставуваат прилив за ентитетот во идните периоди.
(б) Ако сметководствената вредност на средството е поголема од неговата даночна
основа, тогаш оданочивите економски користи ќе бидат, исто така, поголеми од
износот што ќе биде дозволен како одбитна ставка за даночни цели.
(в) Разликата, според тоа, е оданочива времена разлика и обврската за плаќање на
даноците на добивка во идните периоди како резултат на тоа е одложена
даночна обврска.
(г) Како што ентитетот ја надоместува сметководствената вредност на средството,
оданочивата времена разлика се анулира и ентитетот ќе има оданочива добивка.
(д) Тогаш е веројатно дека економските користи ќе претставуваат прилив за ентитетот
во форма на даночни плаќања и затоа се бара признавањето на сите одложени
обврски (освен оние што се исклучени горе) во согласност со МСС 12.

3.3 Пример: оданочиви времени разлики


Некое друштво купило средство со набавна вредност од $1.500. На крајот од 20X8
година, сметководствената вредност изнесува $1.000. Кумулативната депрецијација за
даночни цели е $900 и тековната даночна стапка е 25%.
Се бара
Пресметајте ја одложената даночна обврска за средството.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 275


Решение
Како прво, што е даночната основа на средството? Таа е $1.500 – $900 = $600.
За да ја надомести сметководствената вредност од $1.000, ентитетот мора да заработи
оданочива добивка од $1.000, но ќе може да одбие само $600 како оданочив расход.
Оттаму, ентитетот мора да плати данок на добивка од $400 x 25% = $100 кога е
надоместена сметководствената вредност на средството.
Според тоа, ентитетот мора да признае одложена даночна обврска од $400 x 25% =
$100, признавајќи ја разликата меѓу сметководствената вредност од $1.000 и даночната
основа од $600 како оданочива времена разлика.

3.4 Временски разграничувања


Определени времени разлики често се нарекуваат временски разграничувања, кога
одреден приход или расход е вклучен во сметководствената добивка во еден период, но
е вклучен во оданочивата добивка во друг период. Главните видови оданочиви времени
разлики што претставуваат временски разграничувања и резултираат во одложени
даночни обврски се:
• Примена камата што се евидентира врз пресметковна основа, но што за
даночните цели е вклучена кога се наплатени парите.
• Забрзана депрецијација за даночни цели.
• Капитализирани и амортизирани трошоци за развој.

3.5 Ревалоризирани средства


Врз основа на МСС 16, средствата можат да се ревалоризираат. Со ова се менува
сметководствената вредност на средството, но даночната основа на средството не се
усогласува. Како последица на тоа, оданочивиот прилив на економски користи во
ентитетот, како што се надоместува сметководствената вредност на средството, ќе се
разликува од износот што може да се признае како одбитна ставка за даночни цели.
Разликата меѓу сметководствената вредност на ревалоризираното средство и неговата
даночна основа е времена разлика што создава одложена даночна обврска или
средство.
Следново прашање за забрзана депрецијација треба да разјасни некои од прашањата и
да ве запознае со пресметките што ќе ви бидат неопходни на испитот.

Друштвото „Јанус“ купува опрема за $50.000 и ја депрецира врз праволиниска основа во


текот на нејзиниот очекуван корисен век од пет години. За даночни цели, опремата се
депрецира со стапка од 25% годишно врз праволиниска основа. Даночните загуби можат
да се пренесат наназад на товар на оданочивата добивка во претходните пет години. Во
20X0 година, оданочивата добивка на ентитетот била $25.000. Даночната стапка е 40%.
Се бара
Претпоставувајќи дека има нула добивки/загуби по депрецијацијата во годините од 20X1
до 20X5 година, покажете го влијанието на стекнувањето на опремата врз тековниот и
одложениот данок во годините од 20X1 до 20X5 година.

Одговор
Друштвото „Јанус“ ќе ја надомести сметководствената вредност на опремата, користејќи
ја за производство на производи за препродажба. Оттаму, пресметката на тековниот
данок на ентитетот е како што следува.

276 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


Година
20X1 20X2 20X3 20X4 20X5
$ $ $ $ $
Оданочив приход* 10.000 10.000 10.000 10.000 10.000
Депрецијација за даночни цели 12.500 12.500 12.500 12.500 0
Оданочива добивка (даночна (2.500) (2.500) (2.500) (2.500) 10.000
загуба)
Тековен даночен расход (приход) (1.000) (1.000) (1.000) (1.000) 4.000
по стапка од 40%
* т.е. нула добивка плус депрецијација од $50.000 ÷ 5 што се додава назад.
Ентитетот признава тековно даночно средство на крајот од годините 20X1 до 20X4
година, бидејќи тоа ја надоместува користа од даночната загуба на товар на
оданочивата добивка во 20X0 година.
Времените разлики што се поврзани со опремата и соодветните одложени даночни
средства и обврски и одложени даночни приходи и расходи што произлегуваат од тоа се
како што следува.
Година
20X1 20X2 20X3 20X4 20X5
$ $ $ $ $
Сметководствена вредност 40.000 30.000 20.000 10.000 0
Даночна основа 37.500 25.000 12.500 0 0
Оданочива времена разлика 2.500 5.000 7.500 10.000 0
Почетна одложена даночна 0 1.000 2.000 3.000 4.000
обврска
Одложен даночен расход 1.000 1.000 1.000 1.000 (4.000)
(приход): износ за балансирање
Крајна одложена даночна 1.000 2.000 3.000 4.000 0
обврска по стапка од 40%
Ентитетот ја признава одложената даночна обврска во годините од 20X1 до 20X4
година, бидејќи анулирањето на оданочивата времена разлика ќе создаде оданочив
приход во последователните години. Билансот на успех на ентитетот е како што
следува.
Година
20X1 20X2 20X3 20X4 20X5
$ $ $ $ $
Приходи 10.000 10.000 10.000 10.000 10.000
Депрецијација 10.000 10.000 10.000 10.000 10.000
Добивка пред оданочување 0 0 0 0 0
Тековен даночен расход (приход) (1.000) (1.000) (1.000) (1.000) 4.000
Одложен даночен расход 1.000 1.000 1.000 1.000 (4.000)
(приход)
Вкупен даночен расход (приход) 0 0 0 0 0
Нето-добивка за годината 0 0 0 0 0

3.6 Резиме на делот


• Оданочивите времени разлики создаваат одложена даночна обврска.
• Голем дел од оданочивите временски разлики се временски разграничувања.
• Временските разграничувања се појавуваат кога определен приход или расход е
вклучен во сметководствената добивка во еден период, но е вклучен во
оданочивата добивка во друг период.

4. Одбитни времени разлики


4.1 Дефиниција
Видете ја повторно дефиницијата што е дадена во Дел 2 горе.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 277


Фокус на Правилото што треба да се запомни е:
испитот
„Сите одбитни времени разлики создаваат одложено даночно средство.“

Сепак, постои еден услов. Одложеното даночно средство мора, исто така, да ги исполни
критериумите за признавање што се дадени во МСС 12. Ова значи дека одложеното
даночно средство треба да се признае за сите одбитни времени разлики под услов ако е
веројатно дека ќе биде достапна оданочива добивка на чијшто товар тоа може да се
искористи. Ова претставува примена на принципот за претпазливост. Пред да го
разгледаме подетално ова прашање, да ги разгледаме примерите за одбитните времени
разлики што се дадени во стандардот.

4.2 Трансакции што влијаат врз билансот на успех


(а) Трошоците за пензиски надоместоци (трошоци за пензии) се одземаат од
сметководствената добивка, бидејќи услугата се обезбедува од страна на
вработениот. Тие не се одбитна ставка при утврдувањето на оданочивата
добивка, сè додека ентитетот не уплати пензиски надоместоци или придонеси во
фондот. (Ова може да се примени, исто така, за сличните расходи.)
(б) Акумулираната депрецијација на едно средство во финансиските извештаи е
поголема од акумулираната депрецијација што е дозволена за даночни цели до
датумот на завршување на периодот на известување.
(в) Набавната вредност на залихите што се продадени пред завршување на
периодот на известување се одбиваат при утврдување на сметководствената
добивка кога производите или услугите се испорачуваат, но се одбиваат при
утврдување на оданочивата добивка кога се наплатуваат паричните средства.
(Забелешка. Постои, исто така, оданочива времена разлика поврзана со
соодветните побарувања од купувачи, како што е наведено во Дел 3 горе).
(г) Нето-реализационата вредност на залихите, или надоместливиот износ на
некоја ставка од недвижности, постројки или опрема опаѓа и како резултат на тоа
се намалува сметководствената вредност, но таквото намалување се занемарува
за даночни цели сè додека не се продаде средството.
(д) Трошоците за истражување (или организациски и други основачки трошоци) се
признаваат како расход за сметководствени цели, но не се признаваат како
одбитни при утврдување на оданочивата добивка до некој подоцнежен период.
(ѓ) Добивката се одложува во извештајот за финансиска состојба, но веќе била
вклучена во оданочивата добивка во тековниот или во претходните периоди.
(е) Државната поддршка е вклучена во извештајот за финансиска состојба како
одложена добивка, но нема да биде оданочива во идните периоди. (Забелешка.
Во согласност со стандардот, во овој случај, не смее да се признае одложено
даночно средство.)

4.3 Усогласувања на објективната вредност и


ревалоризации
Тековните вложувања или финансиските инструменти можат да се евидентираат по
објективна вредност што е помала од набавната вредност, но не се прави еквивалентно
усогласување за даночни цели.

4.4 Признавање на одбитните времени разлики


На почетокот да дадеме преглед за расудувањето зад признавањето на одложените
даночни средства што произлегуваат од одбитни времени разлики.
(а) Кога се признава обврска, се претпоставува дека нејзината сметководствена
вредност ќе биде подмирена во форма на одлив на економски користи од
ентитетот во идните периоди.
(б) Кога овие ресурси претставуваат одлив од ентитетот, тие може делумно или
целосно да се признаат како одбитни ставки при утврдувањето на оданочивите
добивки за некој период што следува по периодот во кој е признаена обврската.

278 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


(в) Потоа постои времена даночна разлика меѓу сметководствената вредност на
обврската и нејзината даночна основа.
(г) Оттаму произлегува одложено даночно средство што ги претставува даноците
на добивка кои ќе бидат надоместливи во идни периоди кога тој дел од обврската
ќе биде дозволено да се признае како одбитна ставка од оданочивата добивка.
(д) Слично на тоа, кога сметководствената вредност на некое средство е помала од
неговата даночна основа, разликата создава одложено даночно средство во
однос на даноците на добивка што ќе бидат надоместливи во идните периоди.

4.5 Пример: одбитни времени разлики


Друштвото „Паргата“ признава обврска од $10.000 за пресметани трошоци од гаранција
за производи на 31 декември 20X7 година. Овие трошоци за гаранција на производи не
се признаваат како одбитни ставки за даночни цели сè додека ентитетот не ги плати
рекламациите. Даночната стапка е 25%.
Се бара
Наведете ги импликациите врз одложениот данок во оваа ситуација.

Решение
Колкава е даночната основа на обврската? Таа е нула (сметководствената вредност од
$10.000, намалена за каков било износ што се признава како одбитна ставка за
даночните цели во врска со обврската во идните периоди).
Кога обврската е подмирена за својата сметководствена вредност, идната оданочива
добивка на ентитетот се намалува за $10.000 и, според тоа, неговите идни даночни
плаќања се намалуваат за $10.000 x 25% = $2.500.
Разликата од $10.000 меѓу сметководствената вредност ($10.000) и даночната основа
(нула) е одбитната времена разлика. Оттаму, ентитетот треба да признае одложено
даночно средство од $10.000 x 25% = $2.500 ако е веројатно дека ентитетот ќе заработи
доволни оданочиви добивки во идните периоди за да го искористи намалувањето на
даночните плаќања.

4.6 Оданочиви добивки во идни периоди


Кога може да бидеме сигурни дека ќе биде достапна доволна оданочива добивка од
којашто може да се искористи одбитна времена разлика? МСС 12 наведува дека ова се
претпоставува кога постојат доволни оданочиви времени разлики што се однесуваат
на истите даночни власти и истиот ентитет што се оданочува. Треба да се очекува дека
тие ќе се анулираат:
(а) Во истиот период како и очекуваното анулирање на одбитната времена разлика,
или
(б) Во периодите кога даночната загуба што произлегува од одложеното даночно
средство може да се пренесе наназад или нанапред.
Единствено во овие околности се признава одложеното даночно средство во периодот
во којшто се појавуваат одбитните времени разлики.

4.7 Неискористени даночни загуби и неискористени


даночни кредити
Ентитетот може да има неискористени даночни загуби или даночни кредити (т.е. што
може да ги пребие со оданочивите добивки) на крајот од некој период. Дали треба да се
признае одложено даночно средство во однос на таквите износи? МСС 12 наведува
дека може да се признае одложено даночно средство во таквите околности до степенот
до кој е веројатно дека ќе биде расположива идна оданочива добивка на чијшто
товар може да се искористат неискористените даночни загуби или
неискористените даночни кредити.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 279


4.8 Резиме на делот
• Одбитните времени разлики создаваат одложено даночно средство.
• Претпазливоста наложува дека одложените даночни средства можат да се
признаваат единствено кога постојат доволни идни оданочиви добивки на
чијшто товар тие може да се искористат.

5. Мерење и признавање на одложен данок


5.1 Основа за резервирање на одложен данок
МСС 12 го усвојува методот на целосно резервирање за сметководството на
одложениот данок.
Методот на целосно резервирање ја има предноста што признава дека секое
временско разграничување на крајот од периодот на известување има ефект врз идните
даночни плаќања. Ако некое друштво бара забрзано даночно олеснување на некоја
ставка од постројки, идните оданочувања ќе бидат поголеми отколку што инаку би биле.
Идните трансакции може, исто така, да влијаат врз утврдувањето на данокот, но тоа не е
релевантно за оценувањето на состојбата на крајот од периодот на известување.

5.2 Пример
Да претпоставиме дека друштвото „Гирдо“ започнува со трговското работење на 1
јануари 20X7 година. Во својата прва година тоа остварува добивка од $5 м., трошокот
за депрецијација е $1 м. и даночните ослободувања за тие средства се $1,5 м. Стапката
на данокот на добивка е 30%.

Решение
Даночната обврска е $1,35 м. (30% x $ м. (5,0 + 1,0 –1,5), но задолжувањето во
добивката или загубата се зголемува за одложената даночна обврска од 30% x $0,5 м. =
$150.000. Вкупното задолжување на добивката или загубата, оттаму, изнесува $1,5 м.,
што претставува ефективна даночна стапка од 30% на сметководствената добивка (т.е.
30% x $5,0 м.).

5.3 Промени на даночните стапки


Кога корпоративната стапка на данокот на добивка се менува секоја година, се
појавува проблем во однос на износот на одложениот данок што треба да се одобри
(задолжи) во билансот на успех во подоцнежните години.
МСС 12 бара одложените даночни средства и обврски да се мерат по даночните стапки
што се очекува да бидат применувани во периодот кога се реализира средството или
кога се подмирува обврската, што се засноваат врз даночните стапки и донесените
закони (или суштински донесените закони) на крајот од периодот на известување. Со
други зборови, МСС 12 бара да се употребува методот на обврска.

5.4 Дисконтирање
Дисконтирањето се користи за да се земе предвид временската вредност на парите.
МСС 12 наведува дека одложените даночни средства и обврски не треба да се
дисконтираат, бидејќи тоа претставува многу сложен и тежок процес. Дисконтирањето
се применува на другите нетековни обврски како што се резервирањата и одложените
плаќања.

5.5 Сметководствена вредност на одложените даночни


средства
Сметководствената вредност на одложените даночни средства треба да се проверува
на крајот од секој период на известување и да се намалува кога е соодветно тоа
(недоволни идни оданочиви добивки). Таквото намалување може да се анулира во
идните години.

280 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


5.6 Признавање
Исто како тековниот данок, одложениот данок вообичаено се признава како приход или
расход и се вклучува во нето-добивката или загубата за годината во билансот на успех.
Тековниот и одложениот данок заедно го сочинуваат даночниот расход. Исклучок се
прави кога данокот произлегува од трансакција или настан што е признаен (во истиот
или во различен период) директно во главнината.
Износите што се прикажани за одложениот данок во билансот на успех се состојат од
две компоненти.
(а) Одложен данок што се однесува на временски разграничувања.
(б) Усогласувања што се однесуваат на промените во сметководствената
вредност на одложените даночни средства или обврски (кога нема промена во
временските ограничувања), на пример, промени на даночните стапки/закони,
повторна процена на надоместливоста на одложените даночни средства, или
промена на очекуваното надоместување на некое средство.
Ставките под (б) се признаваат во добивката или загубата, освен ако не се однесуваат
на ставки што претходни биле задолжени/одобрени во главнината.
Одложениот данок (и тековниот данок) треба да се задолжат/одобрат директно во
главнината ако данокот се однесува на ставки што, исто така, се
задолжуваат/одобруваат директно во главнината (во истиот или во различен период).
Примерите за МСС, кои дозволуваат определени ставки да се задолжуваат/одобруваат
директно во главнината, вклучуваат:
(а) Ревалоризации на недвижности, постројки и опрема (МСС 16), и
(б) Ефектот од промена во сметководствената политика (применета ретроактивно)
или корекција на материјална грешка (МСС 8).
Ревалоризациите се појавуваат под „останата сеопфатна добивка“ во билансот на успех
и извештајот за останата сеопфатна добивка, а даночниот елемент се прикажува
одделно како „даночен приход што се однесува на компоненти од останата сеопфатна
добивка“.

5.6.1 Пример
Друштвото З поседува недвижност што има сметководствена вредност од $1.500.000 на
почетокот од 20X9 година. На крајот од годината тоа склучува договор да ја продаде
недвижноста за $1.800.000. Даночната стапка е 30%. Како ќе се прикаже ова во
финансиските извештаи?

Решение
БИЛАНС НА УСПЕХ И ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТАНАТА СЕОПФАТНА ДОБИВКА (ИЗВАДОК)
$'000
Добивка за годината X
Останата сеопфатна добивка:
Добивка од ревалоризација на недвижност 300
Данок на добивка што се однесува на компоненти на останатата (90)
сеопфатна добивка (300 × 30%)
Останата сеопфатна добивка за годината намалена за данок 210
Износите ќе бидат наведени како што следува:
Должи Побарува
$'000 $'000
Недвижности, постројки и опрема 300
Одложен данок 90
Ревалоризациски вишок 210

5.7 Зошто го отпишуваме одложениот данок?


(а) Усогласувањата за одложениот данок се прават во согласност со концептот за
пресметковно сметководство и во согласност со дефиницијата за обврска во

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 281


Концептуалната рамка, т.е. минат настан што создал обврска во форма на
зголемено оданочување што се плаќа во иднина. Износот може веродостојно да
се процени. Одложеното даночно средство, слично на тоа, ја исполнува
дефиницијата за средство.
(б) Ако идните даночни последици на трансакциите не се признаени, добивката може
да се прецени, што ќе доведе до прекумерна исплата на дивиденди и искривување
на цената на акциите и заработувачката по акција.

6. Оданочувањето во извештаите на
друштвото
Во извештајот за финансиска состојба, обврската за данок е данокот на добивката за
ДЕФИНИЦИЈА
тековната година. Во билансот на успех, данокот на добивка за тековната година се
усогласува за преносите до и од салдото на одложениот данок и за потценетите или
преценетите резервирања за претходната година.

Ги разгледавме „состојките“ на оданочувањето во извештаите на друштвото. Има два


аспекти што треба да се научат:
(а) Оданочување на добивки во билансот на успех.
(б) Даночни плаќања што се должат, прикажани како обврска во извештајот за
финансиска состојба.

6.1 Оданочување во билансот на успех


Данокот на добивка од редовни активности се пресметува со собирање:
(а) Данок на добивка на оданочивите добивки
(б) Преноси до и од одложени даноци
(в) Какви било недоволни или прекумерни резервирања за данокот на добивка во
претходните години
Кога се пресметува данокот на добивка за билансот на успех, пресметката
претставува само процена за тоа колку друштвото смета дека ќе изнесува
неговата даночна обврска. Во последователните активности со даночните власти
на крајот може да се договори различен долг за данок на добивка.
Разликата меѓу проценетиот данок на добивка за една година и фактичкиот долг за
данок што е конечно договорен за годината се прави како усогласување на
оданочувањето на добивката во следната година, што резултира со обелоденување
недоволно или прекумерно резервирање за данок.

Во сметководствената година до 31 декември 20X3 година, друштвото „Нил“ остварило


оперативна добивка пред оданочување од $110.000.
Данокот на добивка на оперативната добивка е проценет на $45.000. Во претходната
година (20X2 г.), данокот на добивка за добивките во 20X2 година бил проценет на
$38.000, но последователно бил договорен на $40.500.
Во 20X3 година ќе се изврши пренос на салдото побарува на сметката за одложен данок
во износ од $16.000.
Се бара
(а) Пресметајте го данокот на добивка за 20X3 година што треба да се обелодени во
извештаите.
(б) Пресметајте го износот на даночната обврска.

282 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


Одговор
(а) $
Данок на добивка (обврска во извештајот за финансиска состојба) 45.000
Одложен данок 16.000
Недоволно резервирање за данок во претходните години $(40.500 – 2.500
38.000)
Данок на добивка за 20X3 година (на товар на добивката или 63.500
загубата)
(б) $
Даночна обврска за добивките во 20X3 година (обврска) 45.000

6.2 Оданочување во извештајот за финансиска состојба


Веќе би требало да биде очигледно од претходните примери дека расходот за данок на
добивка во билансот на успех нема да биде ист како обврските за данок на добивка во
извештајот за финансиска состојба.
Во извештајот за финансиска состојба има неколку ставки што може да очекуваме дека
ќе ги најдеме.
(а) Данок на добивка може да бара да се плати во однос на (на пример) плаќања на
камата извршени во последниот сметководствен период во годината или
пресметани.
(б) Ако не треба да се плати данок (или треба да се плати само малку), тогаш може
да постои средство за поврат на данок на добивка обелоденето во тековните
средства (данокот на добивка вообичаено се надоместува со пребивање со
даночната обврска за годината).
(в) Вообичаено има обврска за данок што можеби вклучува износи што се должат во
однос на претходните години, но сè уште не се платени.
(г) Може да сретнеме, исто така, обврска на сметката за одложено оданочување.
Одложеното оданочување е прикажано под „нетековни обврски“ во извештајот за
финансиска состојба.

За годината што завршила на 31 јули 20X4 година, друштвото „Норман“ остварило


оданочива добивка од работењето од $1.200.000 за кои данокот на добивка се плаќа со
стапка од 30%.
(а) Пренос од $20.000 ќе биде извршен на сметката за одложено оданочување.
Салдото на оваа сметка било $100.000 пред да се извршат какви било
усогласувања за ставките што се наведени во овој став.
(б) Проценетиот данок на добивка за годината што завршила на 31 јули 20X3 година
бил $80.000, но данокот потоа бил договорен на $84.000 и бил платен целосно.
(в) Данокот на добивка за годината до 31 јули 20X4 година треба да се плати на 1 мај
20X5 година.
(г) Во годината до 31 јули 20X4 година, друштвото остварило капитална добивка од
$60.000 од продажба на некоја недвижност. Оваа добивка е оданочива по стапка
од 30%.
Се бара
(а) Пресметајте го расходот за данок за годината до 31 јули 20X4 година.
(б) Пресметајте ги даночните обврски во извештајот за финансиска состојба на
друштвото „Норман“ на 31 јули 20X4 година.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 283


Одговор
(а) Даночен расход за годината
$
(i) Данок на добивката од работењето (30% од 1.200.000) 360.000

Данок на капитална добивка (30% од 60.000) 18.000


Одложено оданочување 20.000
398.000
Недоволно резервирање за оданочување во претходните 4.000
години $(84.000 – 80.000)
Даночен расход за добивката за периодот 402.000
(ii) Белешка. Билансот на успех ќе го прикажува следново.
$
Добивка пред оданочување (1.200.000 + 60.000) 1.260.000
Расход за данок на добивка (402.000)
Добивка за годината 858.000

284 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


(б) $
Одложено оданочување
Салдо донесено од претходен период 100.000
Пренесено од добивката или загубата 20.000
Одложено оданочување во извештајот за финансиска 120.000
состојба
Даночната обврска е како што следува.
Платлива на 1 мај 20X5 година $
Данок на добивка (30% од $1.200.000) 360.000
Данок на капитална добивка (30% од $60.000) 18.000
Платлив на 1 мај 20X5 година 378.000

Резиме $
Тековни обврски
Данок, платлив на 1 мај 20X5 година 378.000
Нетековни обврски
Одложен данок 120.000
Белешка. Може да биде корисно ако ги прикажеме книжењата за овие ставки.
$ $
ДОЛЖИ Расход за данок (биланс на успех) 402.000
ПОБАРУВ Даночна обврска *382.000
А
Одложен данок 20.000
* На оваа сметка ќе има салдо должи од $4.000 сè додека не се евидентира
недоволното резервирање, бидејќи плаќањето веќе било извршено: (360.000 +
18.000 + 4.000). Крајното салдо, според тоа, ќе биде $378.000.

6.3 Презентирање на даночните средства и даночните


обврски
Тие треба да се презентираат одделно од другите средства и обврски во извештајот за
финансиска состојба. Одложените даночни средства и обврски треба да се разграничат
од тековните даночни средства и обврски.
Покрај тоа, одложените даночни средства/обврски не треба да се класификуваат како
тековни средства/обврски кога ентитетот прави такво разграничување.
Постојат само ограничени околности кога тековните даночни средства и обврски може
да се пребиваат. Ова треба да се случи единствено ако се исполнети два услови:
(а) Ентитетот има законски важечко право да ги пребие признаените износи.
(б) Ентитетот има намера да ги подмири износите врз нето-основа, или да го
реализира средството и истовремено да ја подмири обврската.
Слични критериуми се применуваат за пребивањето на одложените даночни
средства и обврски.

6.4 Презентирање даночен расход


Даночниот расход или приход што се однесува на добивка или загуба за годината треба
да се презентира во билансот на успех.

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 285


Резиме на главата
• Тековен данок е обврската кон даночните власти во однос на трговските активности за
периодот. Вообичаено ова е едноставно.
• Одложен данок е сметководствена мерка што се користи за спротивставување на
даночните ефекти на трансакциите со нивното сметководствено влијание. Ова е
прилично сложено.
• Одложените даночни средства и обврски произлегуваат од оданочивите и одбитните
времени разлики.
• Во извештајот за финансиска состојба, обврската за данок е данокот на добивката за
тековната година. Во билансот на успех, данокот на добивка за тековната година се
усогласува за преносите до и од салдото на одложениот данок и за недоволните или
прекумерните резервирања за претходната година.

Краток тест
1 Даночниот расход што се однесува на добивката за годината треба да се презентира во
билансот на успех.

Точно
Неточно
2 Одложени даночни средства се износи на даноци на добивка што треба да се
надоместат во идните периоди, а кои произлегуваат од .......................
3 Дадете три примери за времени разлики.
4 Некој ентитет има прекумерно резервирање за данок од $3.000 што се однесува на
претходната година. Оданочивите времени разлики се зголемиле за $6.000 и добивката
за годината е $150.000. Даночната стапка е 30%.
Колкав е трошокот во добивката или загубата?

286 17: Сметководство за даноци  F7 Финансиско известување


Одговори на краткиот тест
1 Точно.
2 Оданочиви времени разлики.
3 Кои било три од:
• Приход од камата примен со задоцнување
• Забрзана депрецијација за даночни цели
• Трошоци за развој капитализирани во извештајот за финансиска состојба
• Претплати
• Приход од продажба на производи признаен пред да бидат уплатени парите
4 $43.800
$
Данок на добивка (150.000 x 30%) 45.000
Прекумерно резервирање (3.000)
Зголемување на одложен данок (6.000 × 1.800
30%)
43.800

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


23 Испит 15 27 минути

F7 Финансиско известување  17: Сметководство за даноци 287


Заработка
по акција

Список со теми

1 МСС 33 Заработка по акција


2 Основна ЗПА
18
3 Ефектот на промените во структурата на
капиталот врз ЗПА
4 Разводнета ЗПА
5 Презентирање, обелоденување и други
прашања
Упатување до
наставната
програма
C11
C11
C11

C11
C11

Вовед
Заработката по акција (ЗПА) нашироко се користи од
вложувачите како мерило за успешноста на некое друштво
и е од особено значење за:
(а) Споредување на резултатите на едно друштво во
текот на определен временски период
(б) Споредување на успешноста на главнината на
едно друштво со успешноста на главнината на
некое друго друштво, како и со приносите што може
да се добијат од обврзниците и другите облици на
вложувања.
Целта на секое основно мерило на заработката е да
постигне што е можно појасно значење, споредливост меѓу
различни друштва, меѓу различни години, и можност за
припишување на добивката на сопственичките
инструменти. МСС 33 Заработка по акција прави обиди за
осигурување дека се постигнати сите овие цели.

285
Насоки за учење
Ниво на
знаење
В ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
11 Известување за финансиската успешност
(ѓ) Заработка по акција (ЗПА)
(i) Пресметајте ја ЗПА во согласност со релевантните 2
сметководствени стандарди (што се однесуваат на бонус
емисиите, емисиите со целосна пазарна вредност и
емисиите на права).
(ii) Објаснете ја важноста на разводнетата ЗПА и пресметајте 2
ја разводнетата ЗПА што вклучува конвертибилен долг и
опции за акции (варанти).
(iii) Објаснете зошто трендот на ЗПА може да биде поточен 2
показател за успешноста отколку трендот на добивката на
некое друштво и објаснете ја важноста на ЗПА како
показател за берзата.
(iv) Објаснете ги ограничувањата на употребата на ЗПА како 2
мерило за успешноста.

1. МСС 33 Заработка по акција


Заработка по акција е мерило за износот на добивката што друштвото ја заработува за
ДЕФИНИЦИЈА
секоја обична акција. Заработувачките се добивки по оданочување и приоритетни
дивиденди.

1.1 Цел
Целта на МСС 33 е да ја подобри споредбата меѓу резултатите на различните ентитети
во еден ист период и на еден ист ентитет во различни сметководствени периоди,
пропишувајќи методи за утврдување на бројот на акциите што треба да се вклучат во
пресметката на заработката по акција и на другите износи по акција, како и преку
утврдување на нивното презентирање.

1.2 Дефиниции
МСС 33 и МСС 32 ги даваат следниве дефиниции.
Клучни • Обични акции: сопственички инструмент што е подреден на сите други класи
поими сопственички инструменти.
• Потенцијална обична акција е финансиски инструмент или друг договор што
може да му додели право на обични акции на неговиот имател.
• Опции, варанти и нивни еквиваленти: финансиски инструменти што му даваат
на имателот право да купи обични акции. (МСС 33)

• Финансиски инструмент е секој договор од којшто произлегува финансиско


средство за еден ентитет и финансиска обврска или сопственички инструмент на
друг ентитет.
• Сопственички инструмент е секој договор со кој се докажува правото на учество
во остатокот на средствата на ентитетот по одземање на сите негови обврски.
(МСС 32)

286 18: Заработка по акција  F7 Финансиско известување


1.2.1 Обични акции
Може да има повеќе од една класа обични акции, но обичните акции од иста класа
имаат исти права на примање дивиденди. Обичните акции учествуваат во нето-
добивката за периодот само по учеството на другите видови акции, на пример,
приоритетните акции.

1.2.2 Потенцијални обични акции


МСС 33 ги идентификува следниве примери за финансиски инструменти и други
договори што создаваат потенцијални обични акции.
(а) Должнички или сопственички инструменти, вклучувајќи ги и приоритетните
акции, што можат да се конвертираат во обични акции.
(б) Опции и варанти.
(в) Планови за вработените што им дозволуваат на вработените да примаат обични
акции како дел од својата плата и други аранжмани за купување акции.
(г) Акции што би биле издадени по исполнувањето на определени услови кои
произлегуваат од договорни аранжмани, како што е купувањето деловен ентитет
или други средства.

1.3 Опфат
МСС 33 ги има следниве ограничувања на опфатот.
(а) Единствено друштвата со (потенцијални) обични акции со кои се тргува на пазар
на хартии од вредност треба да ги презентираат ЗПА (вклучувајќи ги друштвата
чијашто котација е во тек).
(б) ЗПА треба да се презентираат единствено врз основа на консолидираните
резултати што ги прикажуваат и резултатите на матичното друштво.
(в) Ако друштвата изберат да ги презентираат ЗПА, дури и кога тие немаат
(потенцијални) обични акции со кои се тргува, тие мора да го сторат тоа во
согласност со МСС 33.

2. Основна ЗПА
ДЕФИНИЦИЈА
Основната ЗПА се пресметува со делење на нето-добивката или загубата што им се
припишува на обичните акционери со пондерираниот просечен број обични акции во
оптек во текот на периодот.

2.1 Мерење
Основната ЗПА се пресметува со делење на нето-добивката или загубата што им се
припишува на обичните акционери со пондерираниот просечен број обични акции во
оптек во текот на периодот.

нето-добивка или загуба што им се припишува на обичните акционери


основна ЗПА =
пондериран просечен број обични акции во оптек во текот на периодот

2.2 Заработка
Заработката ги вклучува сите ставки на приходи и расходи (вклучувајќи го данокот и
неконтролираните учества), намалени за резултатите од прекинатото работење, кога тие
се презентираат, и намалено за нето-добивката што им се припишува на
приоритетните акционери, вклучувајќи ги приоритетните дивиденди.
Приоритетните дивиденди што се одбиваат од нето-добивката се состојат од:
(а) Приоритетни дивиденди за некумулативните приоритетни акции објавени за
периодот.

F7 Финансиско известување  18: Заработка по акција 287


(б) Вкупниот износ на бараните приоритетни дивиденди за кумулативните
приоритетни акции за периодот, без оглед на тоа дали дивидендите се објавени
или не (исклучувајќи ги оние што се исплатени/објавени во текот на периодот во
однос на претходните периоди).
Белешка: Во испитното прашање, сите приоритетни акции ќе бидат откупливи и
дивидендата веќе ќе биде евидентирана во рамките на финансиските трошоци.

2.3 По акција
Бројот на обични акции што се користи треба да биде пондерираниот просечен број
обични акции во оптек во текот на периодот. Овој износ (за сите презентирани периоди)
треба да се усогласи за настани, со исклучок на конверзијата на потенцијалните
обични акции, што го промениле бројот на акциите во оптек без соодветна промена на
ресурсите.
Временскиот пондер претставува број на денови во текот на кој конкретните акции се
во оптек како сразмерен дел од вкупниот број денови во периодот; неговата разумна
претпоставка вообичаено е соодветна.

2.4 Пример: пондериран просечен број акции


Друштвото „Јустина“, котирано друштво, ги имало следниве трансакции во текот на 20X7
година.
Издадени
Датум Податоци акции
1 јануари 20X7 г. Салдо на почетокот од годината 170.000
31 мај 20X7 г. Емисија на нови акции за пари 80.000
31 декември 20X7 Салдо на крајот од годината 250.000
г.
Се бара
Пресметајте го пондерираниот просечен број на акциите во оптек за 20X7 година.

Решение
Пондерираниот просечен број акции може да се пресмета на два начини.
(а) (170.000 × 5/12) + (250.000 × 7/12) = 216.666 акции
(б) (170.000 × 12/12) + (80.000 × 7/12) = 216.666 акции

2.5 Надоместок
Акциите вообичаено се вклучени во пондерираниот просечен број акции од датумот
кога надоместокот станува побарување, што е обично датумот на издавање.
Третманот за издавањето на обичните акции во различни околности е како што следува.
Обичните акции издадени како надоместок за стекнување се вклучуваат од датумот на
стекнувањето, бидејќи резултатите на стекнатиот ентитет, исто така, ќе бидат вклучени
од тој датум.
Ако обичните акции се делумно платени, тие се третираат како дел од обична акција до
степенот до којшто тие носат право на дивиденди во однос на целосно платените
обични акции.
Акциите чиешто издавање е неизвесно (вклучувајќи ги оние што се предмет на
отповикување) се вклучуваат во пресметката кога се исполнети сите неопходни услови
за издавањето.

288 18: Заработка по акција  F7 Финансиско известување


Друштвото „Пламен“ е друштво со запишан и уплатен капитал од 100.000 обични акции,
секоја со вредност од $1 и 20.000 откупливи приоритетни акции по 10%, секоја со
вредност од $1.
Бруто-добивката изнесувала $200.000, а расходите за тргување биле $50.000.
Друштвото „Пламен“ ја платило бараната дивиденда на приоритетни акции и обична
дивиденда од 42 центи по акција. Даночниот расход за годината бил проценет на
$40.000.
Пресметајте ја основната ЗПА за годината.

Одговор
ДРУШТВО ПЛАМЕН
РЕЗУЛТАТИ ЗА ГОДИНАТА ДО 31 ДЕКЕМВРИ
$
Бруто-добивка 200.000
Расход (50.000 + 2.000 приоритетна дивиденда) (52.000)
Добивка пред оданочување 148.000
Расход за данок на добивка (40.000)
Добивка за годината 108.000

108.000
ЗАРАБОТКА ПО АКЦИЈА = 108 центи
100.000

3. Влијанието на промените во структурата на


капиталот врз ЗПА
ДЕФИНИЦИЈА
Вие би требало да знаете како да ја пресметате основната ЗПА и како да се справите
со поврзаните компликации (издавање акции за пари, бонус емисии, емисии на права).

3.1 Вовед
Горе го разгледавме влијанието на издавањето нови акции врз основната ЗПА. Во овие
ситуации, соодветните износи за ЗПА за претходната година ќе бидат споредливи со
тековната година, бидејќи со оглед на тоа што се зголемил пондерираниот просечен број
на акциите, има соодветно зголемување на ресурсите. Парите се примени кога биле
издадени акциите. Се претпоставува дека акциите се издадени по целосната пазарна
цена.

3.2 Пример: заработка по акција со ново издавање


На 30 септември 20X2 година, друштвото „Бофин“ издало 1.000.000 обични акции по
целосна пазарна цена. Сметководствената година на друштвото трае од 1 јануари до 31
декември. Релевантните информации за 20X1 и 20X2 година се како што следува.
20X2 20X1
Акции во оптек на 31 декември 9.000.000 8.000.000
Добивка по оданочување и приоритетна дивиденда $3.300.000 $3.280.000
Се бара
Пресметајте ја ЗПА за 20X2 година и соодветниот износ за 20X1 година.

F7 Финансиско известување  18: Заработка по акција 289


Решение
20X2 20X1
Пондериран просечен број акции
8 милиони × 9/12 6.000.000

9 милиони × 3/12 2.250.000


8.250.000 8.000.000
Заработка $3.300.000 $3.280.000
ЗПА 40 центи 41 центи
Без оглед на зголемувањето на вкупната заработка за $20.000 во 20X2 година, ЗПА не е
толку добра како во 20X1 година, бидејќи бил ангажиран дополнителен капитал за
последните 3 месеци на 20X2 година.
Меѓутоа, постојат други настани што го менуваат бројот на акциите во оптек без
соодветна промена на ресурсите. Во таквите околности е неопходно да се направат
усогласувања, така што износите на ЗПА за тековниот и претходниот период ќе бидат
споредливи.
МСС 33 зема предвид четири такви настани.
(а) Капитализација или бонус емисија (понекогаш позната и како дивиденда во
акции).
(б) Бонус елемент во која било друга емисија, на пример, кај емисијата на права на
постојните акционери.
(в) Раситнување на акциите.
(г) Обратно раситнување на акциите (консолидација на акции).

3.3 Капитализација/бонус емисија и раситнување/обратно


раситнување на акциите
Овие два вида настани можат да се разгледуваат заедно затоа што имаат сличен ефект.
Во двата случаи се издаваат обични акции на постојните акционери без дополнителен
надоместок. Бројот на обичните акции во оптек се зголемува без зголемување на
ресурсите.
Овој проблем се решава преку усогласување на бројот на обичните акции во оптек
пред настанот за пропорционалната промена на бројот на обичните акции во оптек како
настанот да се случил на почетокот од најраниот период за кој се известува.

3.4 Пример: заработка по акција со бонус емисија


Друштвото „Греј“ имало 400.000 акции во оптек сè додека на 30 септември 20X2 година
не извршило бонус емисија на 100.000 акции. Пресметајте ја ЗПА за 20X2 година и
соодветниот износ за 20X1 година ако вкупната заработка била $80.000 во 20X2 година
и ЗПА за 20X1 година била 18,75 центи. Сметководствената година на друштвото трае
од 1 јануари до 31 декември.

Решение
20X2
Заработка $80.000
Акции на 1 јануари 400.000
Бонус емисија 100.000
500.000 акции
ЗПА 16 центи
Бројот на акциите за 20X1 година мора, исто така, да се усогласи ако сакаме износите на
ЗПА да останат споредливи.

290 18: Заработка по акција  F7 Финансиско известување


Оттаму, ЗПА за 20X1 година се прикажува повторно како:

18,75 центи × 400 = 15 центи


500

3.5 Емисија на права


Емисија на права на акции е издавање нови акции на постојните акционери по цена што
е пониска од тековната пазарна вредност. Понудата на новите акции се врши врз
основа на x нови акции за секои y акции што веќе се поседуваат; на пример, 1-за-3
емисија на права е понуда на 1 нова акција по понудената цена за секои 3 акции што
веќе се поседуваат. Ова значи дека е вклучен бонус елемент.
За добивање на износите на ЗПА во случај на емисија на права, прво треба да ја
пресметаме теоретската цена по извршувањето на правата. Таа претставува
пондерирана просечна вредност по акција и можеби наједноставно се објаснува со
нумерички пример.

3.6 Пример: теоретската цена по извршувањето на правата


Да претпоставиме дека друштвото „Јајце“ има 10.000.000 во оптек. Тоа сега предлага да
изврши 1-за-4 емисија на права по цена од $3 по акција. Пазарната вредност на
постојните акции на последниот ден пред да се изврши емисијата е $3,50 (ова е
вредноста „со права“). Колкава е теоретската цена по акција по извршувањето на
правата?

Решение
$
Пред издавање на 4 акции, секоја со вредност $3,50 14,00
Емисија на права за 1 акција, вредност $3 3,00
Теоретска вредност на 5 акции 17,00
17,00
Теоретска цена по извршување на правата = = $3,40 по акција
5
Забележете дека оваа пресметка може алтернативно да се изврши, користејќи ја
вкупната вредност и бројот на акциите во оптек.

3.7 Постапки
Постапките за пресметка на ЗПА за тековната година и соодветниот износ за
претходната година се како што следува.
(а) ЗПА за соодветниот претходен период треба да се помножи со следнава
дропка. (Забелешка: Пазарната цена на последниот ден од котацијата е земена
како објективна вредност непосредно пред извршувањето на правата, како што се
бара во стандардот.)

Формула теоретска објективна вредност по извршување на правата


што треба објективна вредност по акција непосредно пред извршување на правата (цена со права)
да се научи
(б) За да ја добиете ЗПА за тековната година, вие треба:
(i) Да го помножите бројот на акции пред емисијата на правата со делот од
годината пред датумот на издавање и со следнава дропка:
Формула објективна вредност по акција непосредно пред извршување на правата (цена со права)
што треба теоретска објективна вредност по извршување на правата
да се научи
(ii) Да го помножите бројот на акции по емисијата на правата со делот од
годината пред датумот на издавање и да го додадете на износот што го
добивте под (i).

F7 Финансиско известување  18: Заработка по акција 291


Вкупната заработка потоа треба да се подели со вкупниот број акции пресметан на тој
начин.

3.8 Пример: заработка по акција со емисија на права


Друштвото „Мозок“ имало 100.000 акции во оптек, но потоа извршило 1-за-5 емисија на
права на 1 октомври 20X2 година по цена од $1. Пазарната вредност на последниот ден
од котацијата со права била $1,60.
Пресметајте ја ЗПА за годината што завршила на 31 декември 20X2 година и
соодветниот износ за 20X1 година за дадена вкупна заработка од $50.000 во 20X2
година и $40.000 во 20X1 година.

Решение
Пресметка на теоретската цена по извршувањето на правата:
$
Пред издавање 5 акции, вредност x $1,60 8,00
Емисија на права за 1 акција, вредност x $1,00 1,00
Теоретска вредност на 6 акции 9,00
$9
Теоретска цена по извршување права = = $1,50
6
ЗПА за 20X1 година
ЗПА пресметана пред да се земе предвид емисијата на права = 40 центи ($40.000
поделено со 100.000 акции).
1,50
ЗПА = × 40 центи = 37½ центи
1,60
(Запомнете: Ова е соодветната вредност за 20X1 година што ќе биде прикажана во
финансиските извештаи на друштвото „Мозок“ на крајот од 20X2 година.)
ЗПА за 20X2 година
Бројот на акциите пред емисијата на права бил 100.000. Биле издадени 20.000 акции.
1,60
Фаза 1: 100.000 × / 12 ×
9
80.000
1,50
Фаза 2: 120.000 × / 12
3
30.000
110.000
$50.000
ЗПА = = 45½ центи
110.000
Износот за вкупната заработка е фактичката заработка за годината.

Друштвото „Марколи“ ги дало следниве износи за нето-добивката за годините што


завршуваат на 31 декември.
$ м.
20X6 г. 1,1
20X7 г. 1,5
20X8 г. 1,8
На 1 јануари 20X7 година, бројот на акциите во оптек бил 500.000. Во текот на 20X7
година, друштвото објавило емисија на права со следниве податоци.
Права: 1 нова акција за секои 5 во оптек (вкупно 100.000 нови акции)

292 18: Заработка по акција  F7 Финансиско известување


Цена на извршување: $5,00
Последен датум за извршување на правата: 1 март 20X7 година
Пазарната (објективна) вредност на една акција во „Марколи“ непосредно пред
извршувањето на правата на 1 март 20X7 година = $11,00.
Се бара
Пресметајте ја ЗПА за 20X6, 20X7 и 20X8 година.

Одговор
Пресметка на теоретската цена по извршувањето на правата
Во оваа пресметка се користат вкупната објективна вредност и бројот на акциите.

објективна вредност на сите акции во оптек + вкупно примено од извршување права


број акции во оптек пред извршување + број издадени акции во извршување

($11,00 ×500.000)+($5,00 ×100.000)


= = $10,00
500.000+100.000
Пресметка на ЗПА
20X6 20X7 20X8
$ $ $
20X6 ЗПА, првично прикажана
$1.100.000 2,20
500.000
20X6 ЗПА, повторно прикажана за емисија на
права
$1.100.000 10 2,00
×
500.000 11
20X7 ЗПА, вклучувајќи ги ефектите од емисијата на
права
$1.500.000 2,54
(500.000 × 2/12 × 11/10) + (600.000 × 10/12)
20X8 $1.800.000 3,00
ЗПА =
600.000

Фокус на Треба да знаете како да се справите со ефектот на бонус емисиите и емисиите на права
испитот врз ЗПА и треба да бидете способни да ја пресметате разводнетата ЗПА.

4. Разводнета ЗПА
Разводнетата ЗПА се пресметува со усогласување на нето-добивката од
ДЕФИНИЦИЈА континуираното работење што може да им се припише на обичните акционери и
пондерираниот просечен број на акциите во оптек за ефектите на сите потенцијални
обични акции што имаат можност за разводнување.

4.1 Вовед
На крајот од сметководствениот период, некое друштво може да има во оптек
определени хартии од вредност што (моментално) немаат никакви побарувања за
учество во заработката на главнината, но може да доведат до такви побарувања во
иднина. Овие хартии од вредност вклучуваат:
(а) Одделна класа удели во главнината што моментално немаат право на каква
било дивиденда, но ќе имаат право по определен иден датум.

F7 Финансиско известување  18: Заработка по акција 293


(б) Конвертибилни обврзници или конвертибилни приоритетни акции што на
своите иматели им даваат право на определен иден датум да ги разменат своите
хартии од вредност за обични акции во друштвото по претходно утврдена стапка
на конверзија.
(в) Опции или варанти.
Во таквите околности, идниот број обични акции во оптек би можел да се зголеми, што
за возврат ќе резултира со опаѓање на ЗПА. Со други зборови, идното зголемување на
бројот на обични акции ќе предизвика разводнување на главнината и можно е да се
пресмета разводнета заработка по акција (т.е. ЗПА што би се добила во текот на
финансискиот период ако веќе се случило разводнувањето). Ова ќе им укаже на
вложувачите за можните ефекти од идното разводнување.

4.2 Заработка
Заработката што се пресметува за основната ЗПА треба да се заснова врз
континуирано работење и треба да се усогласи за ефектите по оданочување
(вклучувајќи го одложениот данок) на:
(а) Какви било дивиденди на потенцијалните обични акции што имаат можност за
разводнување што биле одбиени при добивањето на заработката за основната
ЗПА.
(б) Камата што е признаена во периодот за потенцијалните обични акции што имаат
можност за разводнување (конвертибилен долг).
(в) Сите други промени на приходите или расходите (надоместоци или дисконт)
што би произлегле од конверзијата на потенцијалните обични акции што имаат
можност за разводнување.
Конверзијата на некои потенцијални обични акции може да доведе до промени во други
приходи или расходи. На пример, намалувањето на расходот за камата во врска со
потенцијалните обични акции и соодветното зголемување на нето-добивката за
периодот, како резултат на тоа, може да доведе до зголемување на расходите во врска
со недискрециски план за ограничена распределба на добивката на вработените. Кога
се пресметува разводнетата ЗПА, нето-добивката или загубата за периодот се
усогласува за сите такви последователни промени на приходите или расходите.

4.3 По акција
Бројот на обичните акции е пондерираниот просечен број обични акции што е пресметан
за основната ЗПА, плус пондерираниот просечен број обични акции што би биле
издадени при конверзијата на сите потенцијални обични акции што имаат можност за
разводнување во обични акции.
Треба да се претпостави дека разводнувачките обични акции биле конвертирани во
обични акции на почетокот од периодот или, доколку е подоцна, на датумот на
издавањето. Има уште две важни работи.
(а) Пресметката ја претпоставува најповолната стапка на конверзија или цената на
извршување од гледна точка на имателот на потенцијалните обични акции.
(б) (Потенцијалните) обичните акции чиешто издавање е неизвесно се третираат
исто како за основната ЗПА; ако не се исполнети условите, бројот на акциите чие
издавање е неизвесно што може да се вклучат во пресметката се заснова врз
бројот на акциите што би можеле да се издадат ако крајот на периодот на
известување бил крај на периодот на неизвесноста. Не е дозволено повторно
прикажување ако не се исполнети условите кога истекува периодот на
неизвесноста.

4.4 Пример: разводнета ЗПА


Во 20X7 година, друштвото Фара имало основна ЗПА од 105 центи заснована врз
заработка од $105.000 и 100.000 обични акции од $1. Тоа имало во оптек, исто така,
$40.000 конвертибилни обврзници од 15% што се конвертираат по две години по стапка
на конверзија од 4 обични акции за секои $5 обврзници. Даночната стапка е 30%.
Се бара

294 18: Заработка по акција  F7 Финансиско известување


Пресметајте ја разводнетата ЗПА.

Решение
Разводнетата ЗПА се пресметува на следниов начин.
Чекор 1 Број на акции: дополнителната главнина по конверзија на обврзниците ќе
биде 40.000 × 4/5 = 32.000 акции.
Чекор 2 Заработка: друштвото „Фара“ ќе оствари заштеди на плаќањата камата од
$6.000 (40.000 x 15%), но ова зголемување на добивката ќе биде оданочено.
Оттаму, износот за заработката може повторно да се пресмета:
(105.000 + (6.000 × 70%)) = $109.200
$109.200
Чекор 3 Пресметка: Разводнета ЗПА =
132.000
= 82,7 центи

Чекор 4 Разводнување: разводнувањето на заработката ќе биде 105 центи – 82,7


центи = 22,3 центи по акција.

Друштвото „Ардент“ има 5.000.000 обични акции во оптек, секоја од 25 центи, и, исто
така, во 20X4 година имало во оптек:
(а) $1.000.000 конвертибилни обврзници по стапка од 14%, конвертибилни во рок од
три години по стапка од 2 акции за $10 од обврзниците;
(б) $2.000.000 конвертибилни обврзници по стапка од 10%, конвертибилни во рок од
една година по стапка од 3 акции за $5 од обврзниците.
Вкупната заработка во 20X4 година била $1.750.000.
Стапката на данокот на добивка е 35%.
Се бара
Пресметајте ја основната ЗПА и разводнетата ЗПА.

Одговор
$1.750.000
(а) Основна ЗПА = = 35 центи
5 милиони

(б) Мора да одлучиме кои од потенцијалните обични акции (т.е. обврзниците) се


разводнувачки (т.е. ќе ја намалат ЗПА ако бидат конвертирани).
0,65 × $140.000
За обврзниците од 14%, инкременталната ЗПА =
200.000 акции
= 45,5 центи
0,65 ×$200.000
За обврзниците од 10%, инкременталната ЗПА =
1,2 м. акции
= 10,8 центи
Ефектот од конвертирањето на обврзниците од 14% е, според тоа, е
зголемување на износот на ЗПА, бидејќи инкременталната ЗПА од 45,5 центи е
поголема од основната ЗПА од 35 центи. Обврзниците од 14% не се
разводнувачки и, оттаму, се исклучуваат од пресметката на разводнетата ЗПА.
Обврзницата од 10% е разводнувачка.
$1,75 м.+$0,13 м.
Разводнета ЗПА = = 30,3 центи
5 м.+1,2 м.

F7 Финансиско известување  18: Заработка по акција 295


4.5 Третман на опциите
Треба да се претпостави дека опциите се извршени и дека претпоставените приливи би
биле примени од издавање на акции по објективна вредност. Објективната вредност за
оваа цел се пресметува врз основа на просечната цена на обичните акции во текот на
периодот. Опциите се вклучуваат во пресметката на разводнувањето во годината на
издавањето.
Опциите и останатите аранжмани за купување акции се разводнувачки кога тие би
резултирале со издавање обични акции за помалку од објективната вредност.
Износот на разводнувањето е објективната вредност намалена за цената на издавање.
За да се пресмета разводнетата ЗПА, секоја трансакција од овој вид се третира како да
е составена од два дела.
(а) Договор за издавање определен број обични акции по нивната просечна пазарна
вредност во текот на периодот. Цената на овие акции е утврдена објективно и се
претпоставува дека тие не се ниту разводнувачки, ниту антиразводнувачки. Тие се
игнорираат при пресметката на разводнетата заработка по акција.
(б) Договор за издавање на преостанатите обични акции без надоместок. Таквите
обични акции не генерираат приливи и немаат ефект врз нето-добивката што им
се припишува на обичните акции во оптек. Според тоа, таквите опции се
разводнувачки и се додаваат на бројот на обичните акции во оптек при
пресметувањето на разводнетата ЗПА.
Ако делумно платените акции немаат право на учество во дивидендата за периодот,
тие се сметаат за еквивалентни на варанти или опции.

Друштвото „Бренд“ ги има следниве резултати за годината што завршила на 31


декември 20X7 година.
Нето-добивка за годината $1.200.000
Пондериран просечен број обични акции во оптек во текот на годината 500.000 акции
Просечна објективна вредност на една обична акција во текот на годината $20,00
Пондериран просечен број акции од опција во текот на годината 100.000 акции
Цена на извршување за акции од опција во текот на годината $15,00
Се бара
Пресметајте ги основната и разводнетата заработка по акција.

Одговор
По акција Заработка Акции
$
Нето-добивка за годината 1.200.000
Пондериран просек на акции во оптек
во текот на 20X7 година 500.000
Основна заработка по акција 2,40
Број на акции од опција 100.000
Број на акции што би биле издадени
По објективна вредност: (100.000 × (75.000) *
$15,00/$20,00)
Разводнета заработка по акција 2,29 1.200.000 525.000
* Заработката не е зголемена, бидејќи вкупниот број акции е зголемен единствено за
бројот на акциите (25.000) што за целите на пресметката се смета дека се издадени
без надоместок.

296 18: Заработка по акција  F7 Финансиско известување


4.6 Потенцијални обични акции што имаат можност за
разводнување
Во согласност со МСС 33, потенцијалните обични акции треба да се третираат како
разводнувачки ако и само ако нивната конверзија во обични акции би ја намалила нето-
добивката по акција од континуираното работење. Ова беше илустрирано во
горенаведеното прашање.

5. Презентирање, обелоденување и други


прашања
ДЕФИНИЦИЈА
МСС 33 содржи повеќе барања за презентирање и обелоденување.

5.1 Презентирање
Ентитетот треба да ја презентира основната и разводнетата заработка по акција во
билансот на успех и извештајот за останата сеопфатна добивка за секоја класа обични
акции што има различно право на удел во нето-добивката за периодот. Основната и
разводнетата заработка по акција треба да се презентираат со еднаква истакнатост за
сите презентирани периоди.
Обелоденување мора да се направи и кога износите на ЗПА (основна и/или разводнета)
се негативни (т.е. загуба по акција).

5.2 Обелоденување
Ентитетот треба да го обелодени следново:
(а) Износите кои се користени како броители во пресметката на основната и
разводнетата заработка по акција и усогласување на овие износи со нето-
добивката или загубата за периодот.
(б) Пондерираниот просечен број обични акции што е користен како именител во
пресметката на основната и разводнетата заработка по акција, како и
усогласување на овие именители еден со друг.

5.3 Алтернативни износи на ЗПА


Ентитетот може да презентира алтернативни износи на ЗПА доколку сака. Меѓутоа,
МСС 33 утврдува определени правила кога се случува ова.
(а) Мора да се користи пондерираниот просечен број акции определен во согласност
со МСС 33.
(б) Мора да се даде усогласување, ако е потребно, меѓу компонентата на добивката
што е користена за алтернативната ЗПА и линиската ставка за добивката што е
прикажана во билансот на успех и извештајот за останата сеопфатна добивка.
(в) Основната и разводнетата ЗПА мора да се прикажат со еднаква истакнатост.

5.4 Значење на заработката по акција


Заработката по акција (ЗПА) е еден од најчесто цитираните статистички податоци во
финансиските анализи. Поради широко распространетата употреба на соодносот меѓу
цената и заработката (Ц/З) како основно мерило за носење одлуки за вложување, таа
добива сè поголемо значење. Секако, вистина е дека ЗПА дава многу поточна слика за
фактичкиот поврат на вложувачите отколку пријавените добивки кои не го покажуваат
разводнувачкиот ефект на емисиите на акции.
Прикажаната и прогнозираната ЗПА може, преку Ц/З соодносот, да има значително
влијание врз цената на акциите на едно друштво. Оттаму, цената на акциите може да
се намали ако изгледа дека ЗПА ќе биде ниска.

F7 Финансиско известување  18: Заработка по акција 297


Постојат повеќе причини зошто ЗПА не треба да се користи за утврдување на вредноста
на акциите на едно друштво. МСС 33 се концентрира на именителот на ЗПА – бројот на
акциите. Меѓутоа, потешко е да се регулира броителот – заработката. Врз прикажаната
заработка може да влијаат повеќе фактори – изборот на сметководствената политика,
вреднувањето на средствата, даночни прашања. Директорите што сакаат да
презентираат поволна ЗПА можат да најдат начини за пумпање на прикажаната
заработка, како што се случи со Енрон.
ЗПА, исто така, служеше како средство за процена на улогата за раководење и
управување на директорите и раководителите на друштвото. Пакетите за плата може
да се поврзат со растот на ЗПА, на тој начин зголемувајќи го притисокот врз
раководството да ја подобри ЗПА. Меѓутоа, ова ја крие опасноста раководството да ги
насочи своите напори кон искривување на резултатите за да креира поволна ЗПА.
Треба да се забележи, исто така, дека ЗПА не ги зема предвид другите работи што
влијаат врз тоа дали вреди да се вложува во некое друштво или не, како што се
неговиот профил на ризик и неговите барања за вложување. Без оглед на тоа, пазарот е
чувствителен на ЗПА.

Резиме на главата
• Заработка по акција е мерило за износот на добивката што друштвото ја заработува за
секоја обична акција. Заработките се добивки по оданочување и приоритетни
дивиденди.
• Основната ЗПА се пресметува со делење на нето-добивката или загубата што им се
припишува на обичните акционери со пондерираниот просечен број обични акции во
оптек во текот на периодот.
• Вие би требало да знаете како да ја пресметате основната ЗПА и како да се справите
со поврзаните компликации (издавање акции за пари, бонус емисии, емисии на права).
• Разводнетата ЗПА се пресметува со усогласување на нето-добивката што може да им
се припише на обичните акционери и пондерираниот просечен број акции во оптек за
ефектите на сите потенцијални обични акции што имаат можност за разводнување.
• МСС 33 содржи повеќе барања за презентирање и обелоденување.

Краток тест
1 Како се пресметува основната ЗПА?
2 Наведете ја формулата за „бонус елементот“ на емисија на права.
3 Дефинирајте „разводнувачка потенцијална обична акција“.
4 Кој броител се користи за одлучување дали потенцијалните обични акции се
разводнувачки?
5 Зошто броителот се усогласува за конвертибилните обврзници кога се пресметува
разводнетата ЗПА?

Одговори на краткиот тест


1
нето − добивка или загуба што им се припишува на обичните акционери
пондериран просечен број обични акции во оптек во текот на периодот

фактичка цена со права


2
теоретска цена по извршување на правата

298 18: Заработка по акција  F7 Финансиско известување


3 Видете став 4.1.
4 Единствено нето-добивката од континуирано работење.
5 Бидејќи емисијата на акции ќе влијае врз заработката (каматата повеќе не треба да се
плаќа).

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


24 – 15 27 минути

F7 Финансиско известување  18: Заработка по акција 299


Анализирање и
толкување на
финансиските
извештаи

Список со теми

1 Општите категории на коефициентите


2 Профитабилност и поврат на капитал
19
3 Ликвидност, задолженост/левериџ и обртен
капитал
4 Коефициенти за вложување за акционерите
5 Презентирање на финансиската успешност
Упатување до
наставната
програма
E2
E2
E2

E2
E2

Вовед
Оваа глава се занимава со толкувањето на финансиските
извештаи. Овде го разгледуваме пресметувањето на
коефициентите, како тие може да се анализираат и толкуваат и
како треба резултатите да му се презентираат на раководството.

299
Насоки за учење
Ниво на
знаење
E2 Пресметка и толкување на сметководствените
коефициенти и трендови за адресирање на потребите на
корисниците и заинтересираните страни
(а) Дефинирајте и пресметајте ги релевантните финансиски 2
коефициенти.
(б) Објаснете кои аспекти од успешноста определените 2
коефициенти треба да ги оценуваат.
(в) Анализирајте и толкувајте ги коефициентите за да дадете 2
процена на успешноста и финансиската состојба на ентитетот
во споредба со:
(i) финансиските извештаи на ентитетот за претходните
периоди
(ii) друг сличен ентитет за истиот период на известување
(iii) просечните коефициенти во дејноста
(г) Толкувајте ги финансиските извештаи на ентитетот за да 2
дадете совети од гледна точка на различните заинтересирани
страни.
(д) Објаснете како толкувањето на финансиските извештаи што се 1
засновани врз тековната вредност можат да се разликува од
толкувањето на извештаите што се засновани врз историската
набавна вредност.

1. Општите категории на коефициенти


ДЕФИНИЦИЈА
Вие мора да бидете способни да ја оцените и да ја соопштите состојбата и
перспективите на некое претпријатие врз основа на дадените и изготвените извештаи и
коефициенти.

Ако треба да разгледате некој извештај за финансиска состојба или биланс на успех и
извештај за останата сеопфатна добивка, како ќе одлучите дали друштвото работело
успешно или не? Или, пак, дали тоа било финансиски силно или финансиски ранливо?
И, што би разгледувале од износите што би ви помогнало да донесете одлука?
Анализата на коефициентите вклучува споредување на некој износ со друг за да се
добие коефициент и оценување дали коефициентот укажува на слабост или на силни
страни во работењето на друштвото.

1.1 Општите категории на коефициенти


Во општи црти, основните коефициенти може да се групираат во пет категории.
• Профитабилност и поврат
• Долгорочна солвентност и стабилност
• Краткорочна солвентност и ликвидност
• Ефикасност (коефициенти за обртот)
• Коефициенти за вложување за акционерите
Во рамките на секоја рубрика ќе идентификуваме повеќе стандардни мерки или
коефициенти што вообичаено се пресметуваат и се општоприфатени како значајни
показатели. Меѓутоа, мора да се нагласи дека секој поединечен ентитет мора да се
разгледува посебно и дека некој коефициент што е значаен за производствено друштво
може да биде сосема незначаен за некоја финансиска институција. Обидете се да не ги
пресметувате коефициентите премногу механички и постојано размислувајте за тоа
што се обидувате да постигнете.

300 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


Клучното нешто за добивање значајни информации од анализата на коефициентите е
споредбата. Таа може да вклучува споредување коефициенти во текот на времето во
истиот ентитет за утврдување дали работите одат на подобро или на полошо и
споредување коефициенти меѓу слични ентитети за да се види дали друштвото што го
анализирате е подобро или полошо од просекот во неговата специфична дејност.
Мора да се нагласи дека анализата на коефициентите сама по себе не е доволна за
толкување на финансиските извештаи на друштвото и дека постојат и други видови
информации што треба да се земат предвид, како, на пример:
(а) Содржината на какви било придружни коментари на финансиските и другите
извештаи.
(б) Староста и природата на средствата на друштвото.
(в) Тековната и идните промени на пазарите на друштвото, во земјата и во
странство, неодамнешни стекнувања или отуѓувања на подружница од страна на
друштвото.
(г) Невообичаени ставки што се посебно обелоденети во финансиските извештаи.
(д) Сите останати забележливи карактеристики на извештајот и финансиските
извештаи, како, на пример, настани по крајот на периодот на известување,
неизвесни обврски, квалификуван ревизорски извештај, даночната состојба на
друштвото, итн.

1.2 Пример: пресметка на коефициенти


За да ја илустрираме пресметката на коефициентите, ќе ги користиме следниве износи
од нацрт-извештај за финансиска состојба и нацрт-биланс на успех. За овој пример
користиме посебен биланс на успех, бидејќи не се вклучени никакви ставки на останата
сеопфатна добивка.
БИЛАНС НА УСПЕХ НА ДРУШТВОТО ФУРЛОНГ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31
ДЕКЕМВРИ 20X8 Г.
Белешк 20X8 20X7
и
$ $
Приходи 1 3.095.576 1.909.051
Оперативна добивка 1 359.501 244.229
Камата 2 17.371 19.127
Добивка пред оданочување 342.130 225.102
Расход за данок на добивка 74.200 31.272
Добивка за годината 267.930 193.830
Заработка по акција 12,8 центи 9,3 центи
ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА ДРУШТВОТО ФУРЛОНГ НА 31
ДЕКЕМВРИ 20X8 ГОДИНА
Белешки 20X8 20X7
$ $
Средства
Нетековни средства
Недвижности, постројки и опрема 802.180 656.071
Тековни средства
Залихи 64.422 86.550
Побарувања 3 1.002.701 853.441
Пари во банка и во каса 1.327 68.363
1.068.450 1.008.354
Вкупно средства 1.870.630 1.664.425
Главнина и обврски
Главнина
Обични акции, секоја со вредност од 10 центи 5 210.000 210.000
Сметка за премија на акции 48.178 48.178
Задржана заработка 651.721 410.591
909.899 668.769
Нетековни обврски

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 301


10% обврзници 20X4/20Y0 100.000 100.000
Тековни обврски 4 860.731 895.656
Вкупно главнина и обврски 1.870.630 1.664.425
БЕЛЕШКИ КОН ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
20X8 20X7
1 Приходи од продажба и добивка $ $
Приходи од продажба 3.095.576 1.909.051
Трошоци на продажба 2.402.609 1.441.950
Бруто-добивка 692.967 467.101
Административни расходи 333.466 222.872
Оперативна добивка 359.501 244.229

Трошок за депрецијација 151.107 120.147


2 Камата
Платива за пречекорувања на сметки во банка и 8.115 11.909
други заеми
Платива за обврзници 10.000 10.000
18.115 21.909
Побарувања од краткорочни депозити 744 2.782
Нето обврски 17.371 19.127
3 Побарувања
Износи што доспеваат во рок од една година
Побарувања од купувачите 905.679 807.712
Претплати и пресметан приход 97.022 45.729
1.002.701 853.441
4 Тековни обврски
Обврски кон добавувачите 627.018 545.340
Пресметани обврски и одложен приход 81.279 280.464
Корпоративни даноци 108.000 37.200
Други даноци 44.434 32.652
860.731 895.656
5 Запишан акционерски капитал
Одобрени обични акции, секоја со вредност од 10 1.000.000 1.000.000
центи
Издадени и целосно уплатени обични акции, секоја 210.000 210.000
со вредност од 10 центи
6 Исплатени дивиденди 20.000 –

2. Профитабилност и поврат на капитал


ДЕФИНИЦИЈА Повратот на ангажираниот капитал (ROCE) може да се користи од акционерите или од
Одборот за оценување на успешноста на раководството.

Во нашиот пример, друштвото остварило добивка и во 20X8 и во 20X7 година и имало


зголемување на добивката од едната до другата година:
(а) Од 52% пред оданочување
(б) Од 39% по оданочување
Добивката пред оданочување вообичаено се смета дека е подобар износ за
користење отколку добивката по оданочување, бидејќи може да постојат невообичаени
промени на даночниот расход секоја година, што нема да влијаат врз основната
профитабилност на работењето на друштвото.
Друг износ за добивката што треба да се пресмета е PBIT, добивка пред камата и
данок. Ова е износот на добивката што друштвото ја заработило пред да плати камата
на позајмениот капитал, како што се должничките записи и среднорочните банкарски

302 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


заеми, што се прикажуваат во извештајот за финансиска состојба како нетековни
обврски.
Формула
Добивка пред камата и данок според тоа е:
што треба
да се научи
(а) добивката од редовното работење пред оданочување; плус
(б) трошоците за камата на позајмениот капитал.

Објавените финансиски извештаи не обезбедуваат секогаш доволно детални податоци


за обврската за камата за да може да се утврди колкав дел од тоа е камата за
долгорочно финансирање. Во нашиот пример ние ќе претпоставиме дека обврската за
камата во целост ($18.115, белешка 2) се однесува на долгорочно финансирање.
Оттаму, PBIT во нашиот пример е:
20X8 20X7
$ $
Добивка од редовното работење пред оданочување 342.130 225.102
Обврска за камата 18.115 21.909
PBIT 360.245 247.011
Ова покажува 46% раст меѓу 20X7 и 20X8 година.

2.1 Поврат на ангажиран капитал (ROCE)


Не е можно правилно да се оценува добивката или растот на добивката без тие да се
поврзат со износот на паричните средства (капиталот) што бил ангажиран во
остварувањето на добивката. Најважниот коефициент за профитабилноста, според
тоа, е повратот на ангажираниот капитал (ROCE), што ја искажува добивката како
процент од износот на ангажираниот капитал.
Формула добивка пред камата и данок
што треба 𝐑𝐎𝐂𝐄 = вкупни средства минус тековни обврски x 100%
да се научи
Ангажиран капитал = Сопственичко учество во главнината плус нетековни
обврски
(или вкупните средства намалени за тековните обврски)
Основниот принцип е дека мора да споредуваме слични работи и, според тоа, ако
капитал значи акционерски капитал и резерви плус нетековни обврски и должнички
капитал, добивката мора да значи добивка заработена од целиот овој капитал заедно.
Ова е PBIT, бидејќи камата е повратот за позајмениот капитал.
Во нашиот пример, ангажираниот капитал = 20X8 $1.870.630 – $860.731 = $1.009.899
20X7 $1.664.425 – $895.656 = $768.769
Овие збирни износи се вкупните средства намалени за износите на тековните обврски за
20X8 и 20X7 година во извештајот за финансиска состојба.
20X8 20X7
$360.245 $247.011
ROCE = 35,7% = 32,1%
$1.009.899 $768.769
Што ни кажува ROCE на едно друштво? Што би требало да бараме? Постојат три
споредби што може да се направат.
(а) Може да се провери промената на ROCE од една година до следната. Во овој
пример постои зголемување на ROCE за приближно 4 процентни поени во однос
на неговото ниво во 20X7 година.
(б) ROCE што се заработува од други друштва, ако се достапни овие информации,
може да се спореди со ROCE на ова друштво. Во нашиов случај не се достапни
такви информации.
(в) Може да се направи споредба меѓу ROCE и тековните пазарни стапки на
зајмување.

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 303


(i) Колкав би бил трошокот за дополнително зајмување на друштвото ако му
биле потребни повеќе заеми и ако заработува ROCE, што сугерира дека тоа
би можело да оствари добивка за таквите зајмувања да станат исплатливи?
(ii) Дали друштвото остварува ROCE што сугерира дека тоа добива вредност за
парите од своето тековно зајмување?
(iii) Друштвата работат со ризик и комерцијалните стапки на зајмување
претставуваат добро независно мерило наспроти кое може да се оценува
успешноста на друштвото.
Во овој пример, ако претпоставиме дека тековните пазарни каматни стапки, на пример,
за среднорочно зајмување од банка, се околу 10%, тогаш фактичкиот ROCE на
друштвото од 36% во 20X8 година нема да изгледа низок. Во спротивен случај, тој би
можел да изгледа висок.
Меѓутоа, полесно е да се забележи низок отколку висок ROCE, бидејќи секогаш постои
можноста дека нетековните средства на друштвото, особено недвижностите, се
помалку вреднувани во неговиот извештај за финансиска состојба и, оттаму, износот
за ангажираниот капитал може да биде нереалистично низок. Ако друштвото заработило
ROCE не од 36%, туку, на пример, од само 6%, тогаш неговиот поврат би бил понизок од
тековните стапки на зајмување и, според тоа, разочарувачки низок.

2.2 Поврат на капитал (ROE)


Повратот на капиталот дава поограничен приказ на капиталот од ROCE, но се заснова
врз истите принципи.

добивка по оданочување и приоритетна дивиденда


Формула ROE = x 100%
што треба средства на акционерите
да се научи Во нашиот пример, ROE се пресметува како што следува.
20X8 20X7

$267.930 $193.830
= 29,4% = 29%
ROE $909.899 $668.769

Меѓутоа, ROE не е широко распространет коефициент, бидејќи постојат покорисни


коефициенти што укажуваат на повратот за акционерите, како што се, на пример,
заработката по акција, дивидендата по акција, приносот на дивиденда и приносот на
заработка што се објаснети во продолжение.

2.3 Подетално анализирање на профитабилноста и


повратот: секундарните коефициенти
Често вршиме дополнителна анализа на ROCE за да утврдиме зошто ROCE е висок или
низок, или, пак, подобар или полош од минатата година. Постојат два фактори што
придонесуваат за поврат на ангажираниот капитал и двата се поврзани со приходите од
продажбата.
(а) Маржа на добивка. Друштвото може да остварува повисока или пониска маржа
на добивка на својата продажба. На пример, друштвото што остварува добивка од
25 центи на $1 продажба, остварува поголем поврат на своите приходи од некое
друштво што остварува добивка од само 10 центи на продажба од $1.
(б) Обрт на средства. Обртот на средствата е мерка за тоа колку добро средствата
на некое друштво се користат за остварување продажба. На пример, ако двете
друштва имаат ангажиран капитал од по $100.000 и друштвото А остварува
продажба од $400.000 годишно, додека друштвото Б остварува продажба од само
$200.000 годишно, друштвото А остварува поголеми приходи од истиот износ на
средства (двапати поголем обрт од друштвото Б) и ова ќе му помогне на А да
оствари повисок поврат на ангажираниот капитал од Б. Обртот на средствата се
изразува како „x пати“, така што средствата ја генерираат „x пати“ својата

304 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


вредност во годишната продажба. Во нашиот пример, обртот на средствата на
друштвото А е 4 пати, а на друштвото Б е 2 пати.
Маржата на добивка и обртот на средствата заедно го објаснуваат ROCE, и ако ROCE е
примарниот коефициент за профитабилноста, тие две се секундарните коефициенти.
Односот меѓу трите коефициенти може да се прикаже математички.

Формула Маржа на добивка × Обрт на средства = ROCE


што треба
да се научи PBIT Продажба PBIT
∴ × =
продажба Ангажиран капитал Ангажиран капитал

Во нашиот пример:
Маржа на добивка Обрт на средства
ROCE
(a) 20X8 $360.245 × $3.095.576 = $360.245
$3.095.576 $1.009.899 $1.009.899
11,64% × 3,07 пати = 35,7%
Маржа на добивка Обрт на средства
ROCE
(б) 20X7 $247.011 × $1.909.051 = $247.011
$1.909.051 $768.769 $768.769
12,94% × 2,48 пати = 32,1%
Во овој пример, подобрувањето на ROCE на друштвото меѓу 20X7 и 20X8 година се
припишува на поголемиот обрт на средствата. Иако маржата на добивка малку се
намалила, поголемиот обрт на средствата го надоместил тоа и повеќе од потребното.
Вредно е, исто така, да се коментира промената на приходите од продажба од едната во
другата година. Можеби веќе забележавте дека друштвото Фурлонг остварило раст на
продажбата од преку 60%, од $1,9 милиони во 20X7 година на $3,1 милиони во 20X8
година. Ова е многу добар раст и тоа е, се разбира, една од најзначајните ставки во
билансот на успех и во извештајот за финансиска состојба.

2.3.1 Предупредување во врска со коментарите за маржата на


добивка и обртот на средства
Може да биде примамливо да се размислува дека високата маржа на добивка е добра и
дека малиот обрт на средствата значи лошо тргување. Начелно, ова е точно. Но, постои
еден вид компромис меѓу маржата на добивка и обртот на средства и не може да го
разгледувате едното без да го земете предвид и другото.
(а) Високата маржа на добивка значи висока добивка на $1 продажба, но ако тоа
значи и дека продажните цени се високи, постои голема веројатност дека
приходите од продажбата ќе опаднат и, оттаму, дека обртот на средствата ќе се
намали.
(б) Високиот обрт на средства значи дека друштвото генерира многу продажба, но за
да го стори тоа, можеби треба да ги одржува своите цени на пониско ниво и,
според тоа, да прифати пониска маржа на добивка на $1 продажба.
Разгледајте го следново.
Друштво А Друштво Б
Приходи од продажба $1.000.000 Приходи од $4.000.000
Ангажиран капитал $1.000.000 продажба $1.000.000
PBIT $200.000 Ангажиран капитал $200.000
PBIT

Овие износи би ги дале следниве коефициенти:

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 305


$200.000 $200.000
ROCE = = 20% ROCE = = 20%
$1.000.000 $1.000.000
$200.000 $200.000
Маржа на добивка = = 20% Маржа на добивка = = 5%
$1.000.000 $4.000.000
$1.000.000 $4.000.000
Обрт на средства = =1 Обрт на средства = =4
$1.000.000 $1.000.000

Друштвата имаат ист ROCE, но до него се доаѓа на многу различен начин. Друштвото А
работи со низок обрт на средства и со споредливо висока маржа на добивка, додека,
пак, друштвото Б има поголем обем на работа, но со пониска маржа на добивка.
Друштвото А би можело да го држи пазарот на луксузни производи, додека друштвото Б
работи на пазарот за производи за општа потрошувачка.

2.4 Бруто-маржа на добивка, нето-маржа на добивка и


анализа на добивката
Во зависност од форматот на билансот на успех, можеби ќе бидете во состојба да ги
пресметате бруто-маржата на добивка и нето-маржата на добивка. Разгледувањето на
двете заедно може да биде прилично информативно.
На пример, да претпоставиме дека друштвото го има следниов резимиран биланс на
успех за две последователни години.
Година 1 Година 2
$ $
Приход 70.000 100.000
Трошок на продажба 42.000 55.000
Бруто-добивка 28.000 45.000
Расходи 21.000 35.000
Добивка за годината 7.000 10.000
Иако нето-маржата на добивка е иста за двете години со 10%, бруто-маржата на
добивка не е.
$28.000
Во годината 1 таа е: = 40%
$70.000
$45.000
а во годината 2 таа е: = 45%
$100.000

Подобрената бруто-маржа на добивка не довела до подобрување на нето-маржата на


добивка. Ова е така бидејќи расходите како процент од продажбата пораснале од 30%
во годината 1 на 35% во годината 2.

2.5 Историска наспроти тековна набавна вредност


Во оваа глава го разгледуваме толкувањето на финансиските извештаи што се
изготвени врз основа на историската набавна вредност.
Вреди да се разгледа како би се променила анализата доколку разгледувавме
финансиски извештаи што се засноваат врз определен вид сметководство според
тековната вредност (што ќе го разгледаме во Глава 22).
Ова се дел од прашањата што ќе произлезат:
• Вредностите на нетековните средства веројатно ќе бидат искажани по објективна
вредност. Таа може да биде повисока од депрецираната историска набавна
вредност. Оттаму, ангажираниот капитал ќе биде поголем. Тоа ќе доведе до
намалување на ROCE.
• Повисоките вредност на средствата ќе доведат, исто така, до повисок трошок за
депрецијација, што ќе ја намали нето-добивката.

306 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


• Ако почетните залихи се прикажани по тековна вредност, тоа ќе го зголеми
трошокот на продажба и ќе ја намали нето-добивката.
Така, може да видите дека ROCE што се заснова врз историската набавна вредност
реално е најверојатно преценет.

3. Ликвидност, задолженост/левериџ и
обртен капитал
ДЕФИНИЦИЈА
Банките и останатите заемодавачи ќе бидат заинтересирани за нивото на задолженост
на друштвото.

3.1 Долгорочна солвентност: коефициенти на долг и


задолженост
Коефициентите на долгот се однесуваат на тоа колку должи некое друштво во однос
на својата големина, дали навлегува во поголеми долгови или ја подобрува својата
ситуација и дали неговото должничко оптоварување изгледа тешко или лесно.
(а) Кога некое друштво е во тешки долгови, банките и останатите потенцијални
заемодавачи може да не сакаат да одобруваат натамошни средства.
(б) Ако некое друштво заработува само скромна добивка пред камата и данок и има
тешко должничко оптоварување, ќе остане многу малку добивка за акционерите по
плаќањето на расходите за камата. Оттаму, ако се зголемат каматните стапки (на
пречекорувања на сметки во банка, итн.) или ако друштвото зајмува уште, тоа
може набргу да поднесува расходи за камата што се поголеми од PBIT. На крајот
ова може да доведе до ликвидација на друштвото.
Ова се двете најважни причини зошто друштвата треба да го одржуваат своето
должничко оптоварување под контрола. Постојат четири коефициенти што се особено
значајни за разгледување – коефициент на долг, коефициент на задолженост,
покриеност на камата и коефициент на паричен тек.

3.2 Коефициент на долг


Формула Коефициентот на долг е соодносот меѓу вкупните долгови на друштвото и неговите
што треба вкупни средства.
да се научи
(а) Средствата се состојат од нетековни средства по нивната сметководствена
вредност плус тековни средства.
(б) Долговите се состојат од сите обврски, без оглед на тоа дали доспеваат во рок од
една година или повеќе од една година.
Може да ги игнорирате другите нетековни обврски, како што е одложениот данок.
Не постои апсолутно упатство за максималниот безбеден коефициент на долг, но, како
многу општа насока, може да сметате дека 50% е безбедно ограничување на долгот. Во
практиката, многу друштва работат успешно и со повисок коефициент на долг, но 50%,
сепак, претставува корисна одредница. Покрај тоа, ако коефициентот на долг е над 50%
и се влошува, состојбата на друштвото во однос на долговите ќе мора да се разгледа
повнимателно.
Во случајот на друштвото „Фурлонг“, коефициентот на долг е како што следува.

20X8 20X7
Вкупни долгови $(860.731+100.000) $(895.656+100.000)
= 51% = 60%
Вкупни средства $1.870.630 $1.664.425

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 307


Во овој случај, коефициентот на долг е прилично висок, главно поради големиот износ
на тековните обврски. Меѓутоа, коефициентот на долг се намалил од 60% во 20X7
година на 51% во 20X8 година, и оттаму, изгледа дека друштвото ја подобрува својата
состојба со долгот.

3.3 Задолженост/левериџ
Задолженоста или левериџот се занимаваат со долгорочната структура на
капиталот на едно друштво. Можеме да сметаме дека едно друштво се состои од
нетековни средства и нето-тековни средства (т.е. обртен капитал, што е тековните
средства минус тековните обврски). Овие средства мора да се финансираат од
долгорочен капитал на друштвото што е едно од следниве две нешта:
(а) Издаден акционерски капитал што може да се подели на:
(i) Обични акции плус друга главнина (на пример, резерви)
(ii) Неоткупливи приоритетни акции (невообичаено)
(б) Долгорочен долг што ги вклучува откупливите приоритетни акции.
Капиталот од приоритетните акции вообичаено се класификува како нетековна обврска
во согласност со МСС 32, а приоритетните дивиденди (платени или пресметани) се
вклучени во финансиските трошоци во билансот на успех.
Коефициентот на капитална задолженост е мерка за делот од капиталот на
друштвото што претставува долг. Тој се мери на следниов начин:

Формула
што треба каматоносен долг
да се научи Задолженост = × 100%
акционерски капитал + каматоносен долг
Исто како кај коефициентот на долг, не постои апсолутно ограничување колку би
требало да изнесува коефициентот на задолженост. За друштвото што има коефициент
на задолженост над 50% се вели дека е високо задолжено (додека, пак, ниската
задолженост значи коефициент на задолженост под 50%). Многу друштва се високо
задолжени, но ако некое високо задолжено друштво станува сè повисоко задолжено, тоа
веројатно ќе има тешкотии во иднина кога ќе сака да зајмува уште повеќе, освен ако не
може, исто така, да го зголеми својот акционерски капитал преку задржаната добивка
или преку нова емисија акции.
Левериџ е алтернативен израз за задолженост; двата збора имаат исто значење.
Забележете дека левериџот (или задолженоста) можат да се гледаат и обратно, преку
пресметување на делот од вкупните средства што е финансиран од главнината и што
може да се нарече коефициент на главнина во однос на средствата. Тој се пресметува
на следниов начин.

Формула Коефициент на главнина во однос на средства


што треба =
акционерски капитал
× 100%
да се научи акционерски капитал + каматоносен долг

или
акционерски капитал
× 100%
акционерски капитал минус тековни обврски

Во примерот за друштвото „Фурлонг“, наоѓаме дека друштвото, иако има висок


коефициент на долг поради своите тековни обврски, има низок коефициент на
задолженост. Тоа нема капитал од приоритетни акции и неговиот единствен долгорочен
долг е обврзницата од 10%. Според тоа, коефициентот на главнина во однос на
средствата е висок.

20X8 20X7

308 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


коефициент на задолженост = $100.000 $100.000
= = 13%
$1.009.899 $768.769
10%
Коефициент на главнина во однос на средствата = $909.899 $668.769
= = 87%
$1.009.899 $768.769
90%

Како што може да видите, коефициентот на главнина во однос на средствата е обратен


од коефициентот на задолженост.

3.4 Импликациите од високата или ниската


задолженост/левериџ
Претходно спомнавме дека задолженоста или левериџот е, меѓу другото, обид за
квантификација на степенот на ризик што е вклучен во поседувањето акции во некое
друштво, ризик како во смисла на способноста на друштвото да продолжи со работење,
така и во смисла на очекуваните обични дивиденди од друштвото. Проблемот кај високо
задолженото друштво е што по дефиниција тоа има голем долг. Долгот вообичаено носи
фиксна каматна стапка (или фиксна стапка на дивиденда ако е во форма на
приоритетни акции) и оттаму постои определен (голем) износ што треба да се исплати
од добивката на имателите на долгот пред да се добие остатокот што е достапен за
распределба на имателите на акции. Ризичноста можеби ќе стане појасна со помош на
пример.
Друштво Друштво Друштво
А Б В
$'000 $'000 $'000
Обични акции 600 400 300
Задржана заработка 200 200 200
Ревалоризиран вишок 100 100 100
900 700 600
6% приоритетни акции (откупливи) – – 100
10% обврзници 100 300 300
Ангажиран капитал 1.000 1.000 1.000
Коефициент на задолженост 10% 30% 40%
Коефициент на главнина во однос на 90% 70% 60%
средствата
Сега да претпоставиме дека секое друштво остварува добивка пред камата и данок од
$50.000 и дека стапката на данокот на добивката на друштвото е 30%. Износите што се
на располагање за распределба на сопствениците на учество во главнината ќе биде
како што следува.
Друштво Друштво Друштво В
А Б
$'000 $'000 $'000
Добивка пред камата и данок 50 50 50
Камата/приоритетна дивиденда 10 30 36
Оданочива добивка 40 20 14
Оданочување со стапка од 30% 12 6 4
Добивка за периодот 28 14 10
Во следната година добивката пред камата и данок опаѓа на $40.000 и износите што се
достапни за обичните акционери ќе бидат како што следува.
Друштво Друштво Друштво В
А Б
$'000 $'000 $'000
Добивка пред камата и данок 40 40 40
Камата/приоритетна дивиденда 10 30 36
Оданочива добивка 30 10 4

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 309


Оданочување со стапка од 30% 9 3 1
Добивка за периодот 21 7 3
Забележете го следново.
Коефициент на задолженост 10% 30% 40%
Коефициент на главнина во однос на 90% 70% 60%
средствата
Промена на PBIT −20% –20% −20%
Промена во добивката што е достапна за −25% −50% –70%
обичните акционери
Колку што е повисоко задолжено друштвото, толку е поголем ризикот дека малку
(или воопшто ништо) ќе биде достапно за распределба по пат на дивиденди на
обичните акционери. Примерот јасно го илустрира овој факт со оглед на тоа што колку
е повисоко задолжено друштвото, толку е поголема процентуалната промена во
добивката што е достапна за обичните акционери за каква било дадена промена во
добивката пред камата и данок. Слично на тоа, соодносот останува непроменет кога се
зголемува добивката, и ако PBIT се зголемил за 20%, наместо да се намали, ќе видите
дека повторно најголемата процентуална промена во добивката што е достапна за
обичните акционери (што значи зголемување) ќе биде кај високо задолжените друштва.
Тоа значи дека ќе постои голема променливост на износите што се достапни за
распределба на обичните акционери и, веројатно, оттаму, ќе постои поголема
променливост на дивидендите што им се плаќаат на тие акционери, кога друштвото е
високо задолжено. Тоа е ризикот: може да работите исклучително добро или
исклучително лошо без каква било поголема промена на PBIT на друштвото.
Ризикот дали друштвото ќе остане способно да работи беше спомнат претходно.
Задолженоста или левериџот е релевантна за тоа. Високо задолженото друштво има
голем износ на камата што треба да ја плаќа годишно (претпоставувајќи дека долгот е
надворешно зајмување наместо приоритетни акции). Ако тие зајмувања се „обезбедени“
на каков било начин (а обврзниците, конкретно, се обезбедени), тогаш имателите на
долгот имаат полно право да го присилат друштвото да ги реализира средствата
за да ја плати нивната камата ако не се достапни парични средства од други извори.
Јасно е дека колку е повисоко задолжено некое друштво, толку е поверојатно дека ова
ќе се случи кога и ако се намали добивката.

3.5 Покриеност на камата


Коефициентот за покриеност на каматата покажува дали некое друштво заработува
доволно добивка пред камата и данок за да може лесно да ги плати своите трошоци за
камата, или дали неговите трошоци за камата се високи во однос на големината на
неговата добивка, така што опаѓањето на PBIT би имало значително влијание врз
добивката што е достапна за обичните акционери.

Формула
што треба добивка пред камата и данок
да се научи Покриеност на камата =
трошоци за камата

Покриеноста на камата од 2 пати или помалку би била ниска и, всушност, би требало да


биде над 3 пати пред трошоците за камата на друштвото да се смета дека се во
прифатливи граници.
Ако се вратиме прво на примерот за друштвата А, Б и В, покриеноста на каматата беше
како што следува.
Друштво А Друштво Б Друштво В

(а) Кога PBIT беше $50.000 = $50.000 $50.000 $50.000


$10.000 $30.000 $36.000
5 пати 1,67 пати 1,39 пати

(б) Кога PBIT беше $40.000 = $40.000 $40.000 $40.000


$10.000 $30.000 $36.000
4 пати 1,33 пати 1,11 пати

310 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


Друштвата Б и В имаат ниска покриеност на каматата, што претставува предупредување
за обичните акционери дека нивните добивки ќе бидат многу чувствителни, во
процентуални износи, дури и на малите промени на PBIT.

Ако се вратиме на примерот за друштвото Фурлонг од ставот 1.2, колкава е покриеноста


на камата на друштвото?

Одговор
Плаќањата за камата треба да се земат бруто, од белешката кон извештаите, а не
намалени за примањата од камата како се прикажани во билансот на успех.

20X8 20X7
PBIT 360.245 247.011
= 20 пати = 11 пати
Обврска за камата 18.115 21.909

„Фурлонг“ има и повеќе од доволна покриеност на каматата. Земајќи ја предвид ниската


задолженост на друштвото, ова не треба да нè изненадува и така, конечно, добиваме
слика за „Фурлонг“ како друштво што се чини дека нема проблем со долгот, без оглед на
неговиот висок (иако во опаѓање) коефициент на долг.

3.6 Коефициент на паричен тек


Коефициентот на паричен тек е соодносот меѓу нето-паричниот прилив на друштвото
и неговите вкупни долгови.
(а) Нето-паричен прилив е износот на парите што друштвото ги заработува од
своето работење. Соодветниот износ за нето-паричниот прилив може да се добие
од извештајот за парични текови.
(б) Вкупните долгови се краткорочните и долгорочните обврски, вклучувајќи ги
резервирањата. Може да се направи разлика меѓу долговите што треба да се
платат во рок од една година и останатите долгови и резервирања.
Очигледно е дека некое друштво треба да заработува доволно пари од работењето за
да може да ги исплати своите предвидливи долгови и идите обврски, а коефициентот на
паричниот тек и промените на коефициентот на паричниот тек секоја година
обезбедуваат корисен показател за состојбата со пари на друштвото.

3.7 Краткорочна солвентност и ликвидност


Профитабилноста, се разбира, претставува важен аспект на успешноста на едно
друштвото, додека, пак, задолженоста или левериџот се друг важен аспект. Меѓутоа,
ниедно од нив не го адресира директно клучното прашање за ликвидноста.

Клучен Ликвидност е износот на парите што некое друштво може да го добие за кратко време
поим за да ги подмири своите долгови (и можеби да ги исполни и другите непредвидени
барања за парични плаќања).

Ликвидните средства се состојат од:


(а) Пари
(б) Краткорочни вложувања за кои постои пазар

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 311


(в) Орочени депозити во банка или друга финансиска институција, на пример,
шестмесечен висококаматен депозит во банка
(г) Побарувања од купувачи (бидејќи тие ќе го платат она што го должат во разумно
краток временски рок)
(д) Побарувања по меници (бидејќи, исто како обичните побарувања од купувачите,
тие претставуваат парични износи што треба да се примат во релативно краток
временски рок)
Во кратки црти, ликвидните средства се ставки од тековните средства што ќе, или
може, набргу да бидат конвертирани во пари, како и самите пари. Двете вообичаени
дефиниции за ликвидни средства се:
• Сите тековни средства без исклучок
• Сите тековни средства со исклучок на залихите
Некое друштво може да добие ликвидни средства од други извори покрај продажбата на
производи и услуги, како што е издавањето акции за пари, нов заем или продажба на
нетековни средства. Сепак, друштвото не може да се потпре на нив во секое време и,
начелно, добивањето ликвидни средства зависи од остварувањето на приходи од
продажба и добивка. Меѓутоа, добивките не водат секогаш кон зголемувања на
ликвидноста. Ова првенствено се должи на фактот што средствата кои се генерирани од
трговското работење можат веднаш да се вложат во нетековни средства или да се
платат како дивиденди.
Причината зошто на некое друштво му се потребни ликвидни средства е за тоа да може
да ги исплати своите долгови кога тие доспеваат. Постојано се вршат плаќања за
оперативните расходи и за други трошоци и, според тоа, постои циклус на пари од
трговската дејност од пари што претставуваат прилив од остварена продажба и пари
што се одлив за плаќање на расходите.

3.8 Циклусот на парите


За полесно да ги разберете коефициентите на ликвидноста, корисно е да се започне со
кратко објаснување на циклусот на парите. Циклусот на парите го опишува текот на
парите од друштвото и назад во него како резултат на редовните трговски
активности.
Парите излегуваат за плаќање на добавувачите, надници и плати и други расходи, иако
плаќањата можат да се одложат, користејќи одредено кредитирање. Некое друштво
може да ги чува залихите некое време и потоа да ги продаде. Парите ќе се вратат во
друштвото од продажбата, иако и купувачите можат да го одложат плаќањето земајќи
некој кредит.
Главните работи во однос на циклусот на парите се следниве.
(а) Временскиот распоред на паричните текови во и од друштвото не се совпаѓа си
времето кога се случуваат продажбата и трошоците на продажбата. Паричните
текови можат да се одложат преку земање кредит. Паричните текови можат
да се одложат со побарувања.
(б) Времето меѓу набавката и остварувањето на продажбата, исто така, влијае
врз паричните текови. Ако залихите се чуваат долго време, доцнењето меѓу
паричната исплата за залихите и приемот на пари од нивната продажба, исто така,
ќе биде долго.
(в) Чувањето залихи и имањето побарувања можат, според тоа, да се сметаат за
две причини зошто доцнат паричните приливи. Друг начин да се каже ова е
дека ако некое друштво вложува во обртниот капитал, неговата состојба со парите
ќе покаже соодветно намалување.
(г) На сличен начин, земањето кредит од доверителите може да се смета за
причина за доцнење на паричните исплати. Состојбата со ликвидноста на
друштвото ќе се влоши кога тоа треба да им плати на добавувачите, освен ако не
може да добие повеќе пари од продажбата и побарувањата во меѓувреме.
Коефициентите на ликвидноста и коефициентите на обрт на обртниот капитал се
користат за тестирање на ликвидноста на друштвото, должината на циклусот на парите
и вложувањата во обртниот капитал.

312 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


3.9 Коефициенти на ликвидност : тековен коефициент и
брз коефициент
„Стандардниот“ тест за ликвидноста е тековниот коефициент. Тој може да се добие од
извештајот за финансиска состојба.

Формула тековни средства


Тековен коефициент =
што треба тековни обврски
да се научи
Идејата за ова е дека некое друштво треба да има доволно текови средства што даваат
ветување за „пари што треба да дојдат“ за исполнување на неговите идни обврски за
исплата на своите тековни обврски. Очигледно, треба да се очекува коефициент што
е поголем од 1. Во спротивен случај, би постоеле изгледи дека друштвото може да
биде неспособно да ги плати своите долгови навреме. Во практиката, треба да се
очекува коефициент што удобно надминува 1, но тоа „удобно“ е различно за различните
видови друштва.
Друштвата не се способни да ги претворат сите свои тековни средства во пари многу
брзо. Конкретно, одредени производствени друштва можат да чуваат големи количества
залихи од суровини што мора да се искористат во производството за создавање залихи
од готови производи. Тие можат да бидат складирани долго време или да бидат
продадени со долги периоди на одложено плаќање. Во таквите друштва каде што обртот
на залихите е бавен, повеќето залихи не се многу „ликвидни“ средства, бидејќи циклусот
на парите е многу долг. Поради овие причини, ние пресметуваме дополнителен
коефициент на ликвидноста што е познат како брз коефициент или коефициент на
забрзана ликвидност.
Брзиот коефициент, или коефициент на забрзана ликвидност, се пресметува на
следниов начин.

Формула
што треба тековни средства минус залихи
да се научи Брз коефициент =
тековни обврски
Овој коефициент идеално би требало да биде најмалку 1 за друштвата со бавен обрт
на залихите. За друштвата со брз обрт на залихите, брзиот коефициент може лесно да
биде помал од 1 без тоа да сугерира дека друштвото би можело да има проблеми со
паричните текови.
И тековниот и брзиот коефициент нудат индикации за состојбата на ликвидноста на
друштвото, но апсолутните износи не треба да се толкуваат премногу буквално. Често
се теоретизира дека прифатливиот тековен коефициент е 1,5 и дека прифатливиот брз
коефициент е 0,8, но овие износи треба да служат само како насоки. Различните
друштва работат на многу различни начини. Синџир од супермаркети, на пример, би
можел да има тековен коефициент од 0,52 и брз коефициент од 0,17. Супермаркетите
имаат мали побарувања (луѓето не купуваат намирници на кредит), малку пари (добро
управување со парите), средно големи залихи (големи залихи, но со брз обрт, особено
со оглед на расипливоста на стоките) и многу големи обврски кон добавувачите.
Споредете го ова со производствена или малопродажна организација, со тековен
коефициент од 1,44 и брз коефициент од 1,03. Таквите организации работат со
коефициенти на ликвидноста што се поблиски до стандардните.
Она што е важно е движењето на овие коефициенти. Од ова може лесно да се заклучи
дали ликвидноста се подобрува или се влошува. Ако некој супермаркет работел во
последните 10 години (многу успешно) со тековен коефициент од 0,52 и брз коефициент
од 0,17, тогаш треба да се претпостави дека друштвото може да продолжи да работи со
тие нивоа на ликвидноста. Ако следната година тековниот коефициент опадне на 0,38 и
брзиот коефициент опадне на 0,09, би било соодветно дополнително испитување на
состојбата со ликвидноста. Токму релативната состојба е многу поважна од апсолутните
износи.
Сепак, не треба да ја заборавиме другата страна на медалот. Тековниот коефициент и
брзиот коефициент можат да станат поголеми отколку што е потребно. Некое

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 313


друштво што има голем обем на залихи и побарувања може да вложува премногу во
обртниот капитал и, оттаму, да врзува повеќе средства во работењето отколку што
треба. Ова укажува на лошо управување со побарувањата (кредит) или залихите од
страна на друштвото.

3.10 Коефициенти на ефикасноста: контрола на


побарувања и залихи
Груба мерка за просечното време што е потребно за купувачите на некое друштво да го
платат тоа што го должат е периодот на наплата на побарувањата од купувачите.

Формула Проценетиот просечен период на наплата на побарувањата од купувачите се


што треба пресметува како:
да се научи

Побарувања од купувачи
× 365 дена
Продажба

Износот за продажбата треба да се земе од износот за приходи од продажба во


билансот на успех. Забележете дека сите продажби за пари треба да се исклучат –
овој коефициент ја користи единствено продажбата со одложено плаќање.
Побарувањата од купувачите не се вкупниот износ за побарувања во извештајот за
финансиска состојба, кој вклучува претплати и нетрговски побарувања. Износот за
побарувањата од купувачите се разработува детално преку расчленување на вкупните
побарувања во белешка кон финансиските извештаи.

Процената на периодот на наплата на побарувањата од купувачите е само приближна.


(а) Вредноста на побарувањата во извештајот за финансиска состојба може да биде
абнормално висока или ниска во споредба со „нормалното“ ниво што друштвото
вообичаено го има.
(б) Приходот од продажбата во билансот на успех не го вклучува данокот на промет,
но побарувањата во извештајот за финансиска состојба го вклучуваат данокот на
промет. Не вршиме стриктна споредба на исти работи.
Продажбата вообичаено се врши под „нормални услови за кредитирање“ со рок на
плаќање од 30 дена. Периодот на наплата што значително го надминува овој рок може
да биде показател за лошо управување со средствата на друштвото. Меѓутоа, некои
друштва мора да одобруваат дарежливи услови за кредитирање за да ги освојат
купувачите. Извозните друштва, особено, можеби треба да чуваат големи износи на
побарувања, така што нивниот просечен период на наплата секако би надминувал 30
дена.
Движењето на периодот на наплата со текот на времето е веројатно најдобрата
насока во оваа смисла. Ако периодот на наплата се зголемува секоја година, ова е
показател за лошо управување со службата за кредитна контрола (и, според тоа, за
потенцијално лошо раководење со друштвото).

3.11 Период на наплата на побарувања од купувачите:


примери
Користејќи го истите видови друштва како примери, периодот на наплата за секое од
друштвата е како што следува.
Побарувања од Период на Претходна Период на
купувачите наплата година наплата
Друштво Продажба (× 365) (× 365)
$5.016 и. $3.977 и.
Супермаркет = 6,4 дена = 5,0 дена
$284.986 и. $290.668 и.
$458,3 м. $272,4 м.
Производител = 81,2 дена = 78,0 дена
$2.059 м. $1.274,2 м.

314 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


Преработувач и $304,4 м. $287,0 м.
продавач на = 29,1 дена = 31,1 дена
$3.817,3 м. $3.366,3 м.
шеќер
Разликите во периодот на наплата ги одразуваат разликите меѓу видовите друштва.
Супермаркетите едвај имаат некакви побарувања од купувачите, додека, пак,
производствените друштва имаат далеку поголеми побарувања од купувачите.
Периодите на наплата се релативно постојани во однос на претходната година за сите
три друштва.

3.12 Период на обрт на залихите


Друг коефициент што вреди да се пресметува е периодот на обрт на залихите. Ова е
уште еден проценет износ што може да се добие од објавените финансиски извештаи и
што го покажува просечниот број денови на чување на ставките од залихите. Исто како
во случајот на просечниот период на наплата на побарувањата, се работи за приближен
проценет износ, но таквиот износ сепак треба да биде доволно веродостоен за да
овозможи споредба на промените секоја година.

Формула Залихи
што треба Периодот на обрт на залихите се пресметува како: x 365 дена
Трошок на продажба
да се научи

Ова е уште една мерка за тоа колку витално работи некое друштво. Зголемувањето на
периодот на обрт на залихите секоја година укажува на:
(а) застој во работењето; или
(б) зголемување на нивото на залихите, што можеби сугерира дека вложувањето во
залихи станува прекумерно.
Начелно, колку е повисок обртот на залихите, толку е подобро, т.е. подобро е периодот
на обрт да биде пократок, но мора да се постигне рамнотежа меѓу неколку аспекти на
политиката за чување залихи.
(а) Потребно време за реализација
(б) Сезонски флуктуации на нарачките
(в) Алтернативни употреби на магацинскиот простор
(г) Попусти за купување големи количини
(д) Веројатноста за оштетување или застарување на залихите
Веројатно, доколку ги собереме периодот на обрт на залихите и периодот на наплата на
побарувањата, тоа би требало да ни покаже колку скоро залихите се претвораат во
пари. Оттаму, и периодот на наплата на побарувањата и периодот на обрт на залихите
ни обезбедуваат дополнителни индикации за ликвидноста на друштвото.

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 315


3.13 Период на обрт на залихите: пример
Проценетите периоди за обрт на залихите за еден супермаркет се како што следува.

Друштво залихи Период на обрт Претходна година


трошок на продажба на залихи
(денови x 365
Супермаркет $15.554 и. 22,3 дена $14.094 и.
x 365 = 19,7
$254.571 и. $261.368 и.
дена

3.14 Период за плаќање обврски кон добавувачите


Формула Периодот за плаќање на обврските кон добавувачите идеално се пресметува според
што треба обврски кон добавувачи
да се научи формулата: x 365 дена
набавки

Многу ретко можат да се најдат обелоденувања за набавките во објавените извештаи и


затоа се користи трошокот на продажба како приближна вредност. Периодот на
плаќање често помага во оценувањето на ликвидноста на некое друштво; неговото
зголемување често е знак за недостиг на долгорочно финансирање или за лошо
управување со тековните средства, што резултира со користење на продолжено
кредитирање од добавувачите, зголемени пречекорувања на сметки во банка, итн.

Пресметајте ги коефициентите на ликвидноста и обртниот капитал од финансиските


извештаи на друштвото „ТЕБ“ кое обезбедува услуги за поддршка (чистење и слично) на
клиенти насекаде во светот. Коментирајте ги резултатите на вашите пресметки.
20X7 20X6
$ м. $ м.
Приходи од продажба 2.176,2 2.344,8
Трошок на продажба 1.659,0 1.731,5
Бруто-добивка 517,2 613,3
Тековни средства
Залихи 42,7 78,0
Побарувања (белешка 1) 378,9 431,4
Краткорочни депозити и пари 205,2 145,0
626,8 654,4
Тековни обврски
Заеми и пречекорувања на сметки во банка 32,4 81,1
Данок на добивка 67,8 76,7
Пресметани обврски 11,7 17,2
Обврски (белешка 2) 487,2 467,2
599,1 642,2
Нето-тековни средства 27,7 12,2
Белешки
1 Побарувања од купувачите 295,2 335,5
2 Обврски кон добавувачите 190,8 188,1

316 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


Одговор
20X7 20X6
Тековен коефициент 626,8 654,4
= 1,05 = 1,02
599,1 642,2
Брз коефициент 584,1 576,4
= 0,97 = 0,90
599,1 642,2
Период на наплата на 295,2 335,5
× 365 = 49,5 дена × 365 = 52,2 дена
побарувања од купувачите 2,176,2 2,344,8
Период на обрт на залихите 427 78,0
× 365 = 9,4 дена × 365 = 16,4 дена
1.659,0 1.731,5
Период за плаќање на 190,8 188,1
× 365 = 42,0 дена × 365 = 39,7 дена
обврски кон добавувачите 1.659,0 1.731,5

Тековниот коефициент на друштвото е малку понизок од просечниот, но неговиот брз


коефициент е подобар од просечниот и само малку помал од тековниот коефициент.
Ова сугерира дека нивоата на залихите се строго контролирани, а истото се потврдува
од малиот период на обрт на залихите. Изгледа дека со обртниот капитал се управува
солидно за да се избегне слабата ликвидност што може да биде предизвикана од
долгиот период на наплата на побарувањата и од споредливо големите обврски.

Друштвото од примерот е услужно друштво и, оттаму, би се очекувало тоа да има многу


мали залихи и многу краток период на обрт на залихите. Сличноста меѓу периодот за
наплата на побарувањата и периодот на плаќање на обврските значи дека друштвото го
префрла најголемиот дел од доцнењето во приемот на уплатите на своите добавувачи.

(а) Пресметајте го оперативниот циклус за друштвото „Морибунд“ за 20X2 година врз


основа на следниве информации.
$
Залихи: суровини 150.000
производство во тек 60.000
готови производи 200.000
Набавки 500.000
Побарувања од купувачи 230.000
Обврски спрема добавувачи 120.000
Продажба 900.000
Трошок за продадени производи 750.000
Забелешка со упатства. Вие ќе треба да ги пресметате периодите на обрт на
залихите (вкупните залихи на крајот од годината врз трошок за продадените
производи), побарувањата како дневни продажби и обврските во врска со
набавките, сите претворени во „денови“.
(б) Наведете ги чекорите што би можеле да се преземат за подобрување на
оперативниот циклус.

Одговор
(а) Оперативниот циклус може да се најде на следниов начин:
вкупни крајни залихи x 365
Период на обрт на залихите:
трошок на продадени стоки
плус

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 317


Период на наплата на побарувања од купувачите:
крајни побарувања од купувачи x 365
продажба
намалено за
крајни обврски кон добавувачи x 365
Период за плаќање на обврски кон добавувачите:
набавки

20X2
Вкупни крајни залихи ($) 410.000
Трошок за продадени стоки ($) 750.000
Период на обрт на залихите 199,5 дена
Крајно салдо на побарувања од купувачи ($) 230.000
Продажба ($) 900.000
Период на наплата на побарувања од купувачите 93,3 дена
Крајно салдо на обврски кон добавувачите ($) 120.000
Набавки ($) 500.000
Период за плаќање на обврски кон добавувачите (87,6 дена)
Должина на оперативниот циклус (199,5 + 93.3 - 87,6) 205,2 дена
(б) Чекорите што може да се преземат за намалување на оперативниот циклус
вклучуваат:
(i) Намалување на периодот на обрт на залихите од суровини.
(ii) Намалување на потребното време за производство на производите.
Меѓутоа, друштвото мора да осигури дека нема да се жртвува квалитетот
како резултат на забрзувањето на производствениот процес.
(iii) Зголемување на периодот на одложено плаќање што се одобрува од
добавувачите. Периодот на одложено плаќање веќе изгледа многу долг – на
друштвото му се одобрени три месеци за одложено плаќање од
добавувачите, и овој период веројатно не може да се зголеми. Ако се
продолжи овој период, друштвото може да ги загуби дисконтите за
навремено плаќање.
(iv) Намалување на периодот на обрт на залихите од готови производи.
(v) Намалување на периодот на наплата на побарувањата. Административните
трошоци за забрзување на наплатата на долговите и ефектот на
намалувањето на одобрениот период за одложено плаќање мора да се
проценат. Меѓутоа, одобрениот период за одложено плаќање веќе изгледа
многу долг во споредба со стандардот во најголемиот број дејности. Можеби
биле одобрени дарежливи услови за да се обезбедат големи договори и
краткорочно не може да се стори ништо во врска со тоа.

4. Коефициенти за вложување за акционерите


ДЕФИНИЦИЈА
Коефициентите како што се ЗПА и дивиденда по акција им помагаат на сопствениците
на учество во главнината и на другите вложувачи да ја проценат вредноста и
квалитетот на вложувањето во обичните акции на некое друштво.

Тие се:
(а) Заработка по акција
(б) Дивиденда по акција
(в) Покриеност на дивидендата
(г) Коефициент Ц/З
(д) Принос на дивиденда
Вредноста на некое вложување во обичните акции на друштво што котира на берзата е
неговата пазарна вредност, па така, и коефициентите на вложувањето мора да ги земат
предвид не само информациите од објавените извештаи на друштвото, туку и тековната
цена, а четвртиот и петтиот коефициент вклучуваат и користење на цената на акциите.

318 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


4.1 Заработка по акција
Можно е да се пресмета повратот на секоја обична акција во годината. Ова е
заработката по акција (ЗПА). Заработката по акција е износот на нето-добивката за
периодот што може да се припише на секоја обична акција што е во оптек во целиот или
во дел од периодот (видете Глава 18).

4.2 Дивиденда по акција и покриеност на дивидендата


Дивидендата по акција во центи е јасна само по себе и очигледно претставува
прашање од определен интерес за акционерите.

Формула заработка по акција


што треба Покриеност на дивиденда е соодносот меѓу:
дивиденда по (обична)акција
да се научи
Овој коефициент го покажува делот од добивката за годината што е достапна за
распределба на акционерите што бил платен (или најавен) и покажува колкав дел
ќе биде задржан од друштвото за финансирање на идниот раст. Покриеност на
дивидендата од 2 пати би покажувал дека друштвото платило 50% од својата
распределива добивка како дивиденда и задржало 50% за да го помогне
финансирањето на идното работење. Задржаната добивка претставува важен извор на
парични средства за најголемиот број друштва и, оттаму, покриеноста на дивидендата
во определени случаи може да биде прилично висока.
Некоја значителна промена на покриеноста на дивидендата од една до следната
година би требало да се разгледа подетално. На пример, ако покриеноста на
дивидендата на некое друштво опаднала нагло од една година во следната, тоа би
можело да значи дека неговата добивка се намалила, но директорите сакале да
исплатат дивиденда барем во истиот износ како претходната година за да продолжат да
ги исполнуваат очекувањата на акционерите.

4.3 Коефициент Ц/З


Формула Коефициентот Цена/Заработка е соодносот меѓу тековната цена на акциите на
што треба друштвото и заработката по акција.
да се научи
Високиот коефициент Ц/З укажува на силна доверба на акционерите во друштвото и
неговата иднина, на пример, во растот на добивката, а нискиот коефициент Ц/З укажува
на помала доверба.
Коефициентот Ц/З на едно друштво може да се спореди со коефициентите Ц/З на:
• Други друштва во истата дејност
• Други друштва воопшто
Често се користи во берзанските извештаи кога цените се лесно достапни.

4.4 Принос на дивиденда


Принос на дивиденда е повратот што акционерот тековно го очекува од акциите во
друштвото.

Формула дивидена на акција за годината


што треба Принос на дивиденда = × 100%
тековна пазарна вредност н акцијата (�� ���)
да се научи
(а) Дивидендата по акција е земена како дивидендата за претходната година.
(б) Ex-div значи дека цената на акцијата не го вклучува правото на последната
дивиденда.
Акционерите ги разгледуваат и приносот на дивидендата и растот на капиталот.
Очигледно е дека, според тоа, приносот на дивиденда претставува важен аспект на
успешноста на акцијата.

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 319


Во годината до 30 септември 20X8 година, една рекламна агенција објавува
меѓупериодска обична дивиденда од 7,4 центи по акција и конечна обична дивиденда од
8,6 центи по акција. Под претпоставка дека ex-div цената на акцијата е 315 центи, колкав
е приносот на дивиденда?

Одговор
Вкупната дивиденда по акција е (7,4 + 8,6) = 16 центи
16
× 100 = 5,1%
315

5. Презентирање на финансиската успешност


ДЕФИНИЦИЈА Без оглед на тоа колку коефициенти можеме да пресметате, броевите сами по себе
нема да дадат одговор на прашањето. Вие мора да ги толкувате сите информации
што ви се достапни и да го поткрепите вашето толкување со пресметки на
коефициентите.

Фокус на Испитните прашања за финансиската успешност можат да се обидат да симулираат


испитот ситуација од вистинскиот живот. Може да ви биде презентиран сет финансиски
извештаи и од вас да се побара да изготвите извештај за нив што е наменет за некоја
конкретна заинтересирана страна, како, на пример, банка.

Вие треба да го започнете извештајот со заглавие што покажува од кого е извештајот,


името на адресантот, предметот на извештајот и соодветниот датум. Добар пристап е да
се даде „преглед на коефициенти и статистички податоци“ што ќе претставува
додаток на главниот извештај. Пресметајте ги коефициентите по логички редослед,
работејќи по ред со оперативните коефициенти и коефициентите за профитабилноста,
употребата на средствата (на пример, период на обрт на залихи, период на наплата на
побарувања), ликвидност и задолженост/левериџ.
Додека ги пресметувате коефициентите, веројатно ќе воочите значителни флуктуации
и трендови. Тие ќе ја образуваат основата на вашите коментари во главниот дел од
текстот. Извештајот треба да започне со некои воведни коментари со кои се утврдува
опфатот на вашата анализа и упатување дека деталните износи се вклучени во
додатокот. Потоа треба да преминете на презентирањето на вашата анализа во сите
барани категории во прашањето (на пример, посебни делови за раководството,
акционерите и доверителите, или посебни делови за профитабилноста и ликвидноста).
Конечно, обидете се да најдете можности да предложите поправни мерки кога
трендовите се чини дека се неповолни. Прашањата некогаш ќе бараат од вас посебно
да ги наведете вашите совети и препораки.

5.1 Планирање на вашите одговори


Ова е сосема добар момент да се нагласи важноста на планирањето на вашите
одговори. Ова е особено важно во случајот на поопширните прашања. Иако би можеле
да почувствувате олеснување по решавањето на сите тие броеви, не треба да паднете
во искушение да се расприкажете. Најдобриот начин како да се избегне бегањето од
темата е да изготвите план на одговорите. Предноста на ова е што ве присилува да
размислувате пред да пишувате и да ги структурирате логички вашите одговори.
Може да се усвои следниот приод кога се изготвува планот на одговорите.
(а) Прочитајте ги барањата од прашањето.

320 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


(б) Прегледајте го целото прашање набрзина за да добиете општа претстава за
што се работи.
(в) Внимателно прочитајте го прашањето, подвлекувајќи ги сите клучни зборови.
(г) Утврдете ги насловите за главните делови од вашиот одговор. Оставете простор
за вметнување поенти во насловите.
(д) Прибележете ги заклучоците што треба да ги донесете во главните делови,
подвлекувајќи ги оние прашања што сакате да ги анализирате подетално.
(ѓ) Напишете го вашиот целосен одговор.
Треба да си оставите доволно време за текстуалните одговори, што е 1,8 минути по
поен. Меѓутоа, ако ви снема време, јасниот план на одговорите во форма на белешки ќе
ви заработи повеќе поени отколку целосно напишаниот воведен став.

Следниве информации се извлечени од неодамна објавените извештаи на ДГ.


ИЗВАДОЦИ ОД БИЛАНСОТ НА УСПЕХ ДО 30 АПРИЛ
20X9 20X8
$'000 $'000
Продажба 11.200 9.750
Трошок на продажба 8.460 6.825
Нето-добивка пред оданочување 465 320
Ова е по пресметувањето на:
Депрецијација 360 280
Камата на обврзница 80 60
Камата на пречекорување на сметка во банка 15 9
Надоместоци за ревизија 12 10
ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 30 АПРИЛ
20X9 20X8
$'000 $'000 $'000 $'000
Средства
Нетековни средства 1.850 1.430
Тековни средства
Залихи 640 490
Побарувања 1.230 1.080
Пари 80 120
1.950 1.690
Вкупни средства 3.800 3.120
Главнина и обврски
Главнина
Капитал од обични акции 800 800
Задржана заработка 1.310 930
2.110 1.730
Нетековни обврски
10% обврзници 800 600
Тековни обврски
Пречекорување на сметка во банка 110 80
Обврски 750 690
Данок 30 20
890 790
Вкупно главнина и обврски 3.800 3.120
Следниве се коефициентите што се пресметани за ДГ, врз основа на објавените
финансиски извештаи за претходната година, како и просечните коефициенти во
дејноста:
ДГ Просек во
30 април 20X8 дејноста
г.
ROCE (ангажиран капитал – главнина и обврзници) 16,30% 18,50%
Добивка/продажба 3,90% 4,73%

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 321


Обрт на средства 4,19 3,91
Тековен коефициент 2,14 1,90
Брз коефициент 1,52 1,27
Бруто-маржа на добивка 30,00% 35,23%
Период на наплата на побарувања од купувачите 40 дена 52 дена
Период за плаќање на обврски кон добавувачите 37 дена 49 дена
Обрт на залихите (пати) 13,90 18,30
Задолженост 26,75% 32,71%
Се бара
(а) Пресметајте ги споредливите коефициенти (до две децимални места кога е тоа
соодветно) за ДГ за годината што завршила на 30 април 20X9 година. Сите
пресметки мора да бидат јасно прикажани.
(б) Напишете извештај до вашиот одбор на директори во кој ја анализирате
успешноста на ДГ, споредувајќи ги резултатите со тие од претходната година и со
просекот во дејноста.

Одговор
Просек во
20X8 20X9 дејноста
(а)
ROCE 320 + 60 465 + 80 18,50%
= 16,30% = 18,72%
2.330 2.910
Добивка/продажба 320 + 60 465 + 80 4,73%
= 3,90% = 4,87%
9.750 11.200
Обрт на средства 9.750 11.200 3,91x
= 4,18� = 3,85�
2.330 2.910
Тековен 1.690 1.950 1,90
коефициент = 2,10 = 2,20
790 890
Брз коефициент 1.080 + 120 1.230 + 80 1,27
= 1,52 = 1,47
790 890
Бруто-маржа на 9.750 − 6.825 11.200 − 8.460 35,23%
добивка = 30,00% = 24,46%
9.750 11.200
Период на наплата 1.080 1.230 52 дена
на побарувања од x365 = 40 дена x365 = 40 дена
9.750 11.200
купувачите
Период за плаќање 690 750 49 дена
на обврски кон x365 = 37 дена x365 = 32 дена
6.825 8.460
добавувачите
Обрт на залихите 6.825 8.460 18,30x
(пати) = 13,9x = 13,2x
490 640
Задолженост 600 800 32,71%
= 25,75% = 27,5%
2.330 2.910
(б) (i) ИЗВЕШТАЈ
До: Одбор на директори
Од: Сметководител Датум: xx/xx/xx
Предмет: Анализа на успешноста на ДГ
Овој извештај треба да се чита заедно со додатокот во прилог на извештајот
во кој се прикажани соодветните коефициенти (од дел (а)).
Работење и профитабилност
Повратот на ангажираниот капитал е значително подобрен од 20X8 и 20X9
година и сега е повисок од просекот во дејноста.
Нето-добивката како дел од продажбата, исто така, е видно подобрена во
споредба со претходната година и таа сега, исто така, е маргинално
поголема од просекот во дејноста. Меѓутоа, бруто-маржата е значително
пониска отколку во претходната година и сега е еднаква на само приближно
70% од просекот во дејноста. Ова укажува или дека имало промени во

322 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


структурата на трошоците на ДГ или дека имало промена во методот на
распределба на трошоците меѓу периодите. Во секој случај, ова е
забележителна промена што треба да се испита. Друштвото можеби се
наоѓа во период на транзиција бидејќи продажбата се зголемила за речиси
15% во текот на годината и се чини дека се купени нови нетековни средства.
Обртот на средствата се намалил во споредба со претходниот период, иако
износот за 20X9 година е во рамките на просекот во дејноста. Ова
намалување би можело да покажува дека ефикасноста на искористување на
средствата се влошила, или би можело да укажува на тоа дека средствата
што биле стекнати во 20X9 година сè уште не даваат целосен придонес во
работењето. Подолгорочен тренд ќе даде појасна слика за ова прашање.
(ii) Ликвидност и управување со обртниот капитал
Тековниот коефициент се подобрил малку во текот на годината и сега е
маргинално повисок од просекот во дејноста. Исто така, тој е во границите
на она што се смета за задоволително (2:1).
Брзиот коефициент се намалил незначително, но сè уште е подобар од
просекот во дејноста. Ова сугерира дека ДГ нема проблеми со
краткорочната ликвидност и дека не би требало да има проблеми со
плаќањето на своите долгови како што тие доспеваат.
Побарувањата како дел од продажбата остануваат непроменети од 20X8
година и се значително пониски од просекот во дејноста. Оттаму, веројатно
малку е можно дека ова ќе се намали дополнително и во иднина може да
има притисоци од купувачите за зголемување на одобрениот период на
одложено плаќање. Периодот на одложено плаќање што е добиен од
добавувачите се намалил од 37 дена на 32 дена по набавката и е многу
понизок од просекот во дејноста; оттаму, би било можно да се финансираат
какви било дополнителни побарувања со договарање подобри услови за
одложено плаќање со добавувачите.
Обртот на залихите се намалил малку и сега е многу побавен од просекот во
дејноста и тоа може делумно да се одрази на чување поголеми залихи пред
значително зголемување на продажбата. Алтернативно, постои определена
опасност дека залихите можат да содржат определени застарени производи
што ќе треба да се отпишат. Релативното зголемување на нивото на
залихите е финансирано со зголемено пречекорување сметка во банка, што
би можело да се намали ако се намалат нивоата на залихи.
Високите нивоа на залихите, пречекорувањата и побарувањата во споредба
со нивото на обврските сугерираат дека се работи за трудово интензивно
друштво или за друштво што додава значителна вредност на производите.
(iii) Задолженост
Нивото на задолженост се зголемило само малку во текот на годината и е
под просекот во дејноста. Бидејќи повратот на ангажираниот капитал е
речиси двојно поголем од каматната стапка на обврзниците,
профитабилноста веројатно ќе се зголеми со скромно зголемување на
нивото на задолженост.
Потпис: Сметководител

Една од способностите што ќе ви биде неопходна за исполнување на целта 11 за


успешноста на ПЕР е способноста за толкување на односите меѓу елементите во
финансиските извештаи. Можете да го примените знаењето што го стекнавте од оваа
глава како помош за покажување на таквата способност.

Фокус на Прашањата во врска со анализата бараат примена на определено критичко


испитот размислување. Често се поставуваат прашања во кои директорите предлагаат
определени дејства и испитувачот соопштува дека кандидатите често се согласуваат со
предлозите на директорите. Доколку е така, зошто воопшто било поставено прашањето?

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 323


Резиме на главата
• Вие мора да бидете способни да ја оцените и да ја соопштите состојбата и
перспективите на некое претпријатие врз основа на дадените и изготвените извештаи и
коефициенти.
• Повратот на ангажираниот капитал (ROCE) може да се користи од акционерите или од
Одборот за оценување на успешноста на раководството.
• Банките и останатите заемодавачи ќе бидат заинтересирани за нивото на задолженост
на друштвото.
• Коефициентите како што се ЗПА и дивиденда по акција им помагаат на сопствениците
на учество во главнината и на другите вложувачи да ја проценат вредноста и
квалитетот на вложувањето во обичните акции на некое друштво.
• Без оглед на тоа колку коефициенти можете да пресметате, броевите сами по себе
нема да дадат одговор на прашањето. Вие мора да ги толкувате сите информации
што ви се достапни и да го поткрепите вашето толкување со пресметки на
коефициентите.

324 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


Краток тест
1 Наведете ги главните категории коефициенти.
добивка пред камата и данок
2 ROCE е × 100%
ангажиран капитал

Точно
Неточно
3 Друштвото „Кју“ има маржа на добивка од 7%. Накратко коментирајте го ова.
4 Коефициентот на долг е долгорочниот долг на друштвото поделен со неговите нето-
средства.

Точно
Неточно
5 Коефициентот на паричен тек е соодносот меѓу:
A Бруто-паричниот прилив и вкупниот долг
Б Бруто-паричниот прилив и нето-долгот
В Нето-паричниот прилив и вкупниот долг
Г Нето-паричниот прилив и нето-долгот
6 Наведете ги формулите за:
(а) Тековен коефициент (в) Период на наплата на побарувања од купувачите
(б) Брз коефициент (г) Период на обрт на залихите

F7 Финансиско известување  19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи 325


Одговори на краткиот тест
1 Видете дел 1.1.
2 Точно.
3 Треба да бидете претпазливи во врска со ова. Имате многу малку информации. Ова е
ниска маржа, но би требало да знаете во која дејност работи друштвото. 7% можат да
бидат добри ако се работи за голем трговец на мало.
4 Неточно (Видете Дел 3.2.).
5 В (Видете Дел 3.6.).
6 Видете ги Деловите 3.9, 3.10 и 3.12.

Сега обидете се да ги одговорите долунаведените прашања од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


25 Испит 25 45 минути

326 19: Анализирање и толкување на финансиските извештаи  F7 Финансиско известување


Извештаи за
парични текови

Список со теми

1 МСС 7 Извештај за парични текови


2 Изготвување на извештајот за парични
текови
21
3 Толкување на извештаите за парични текови
Упатување до
наставната
програма
C1
C1

C1

Вовед
Во вашите претходни студии веќе опфативте голем дел од
материјалот за извештаите за парични текови. Голем дел
од тоа се повторува во оваа глава.
Важноста на разликата меѓу парите и добивката и
оскудното внимание што се посветува на тоа прашање во
билансот на успех резултираат во развојот на извештаите
за парични текови.
Оваа глава усвојува систематски пристап кон
изготвувањето на извештаите за парични текови во
тестирањата; вие би требало да го научите овој метод и
така ќе бидете оспособени да се справите со какви било
проблеми на коишто може да наидете во испитот.
Третиот дел на оваа глава ги разгледува информациите
што се обезбедуваат со извештаите за парични текови и
како тие треба да се анализираат.

333
Насоки за учење
Ниво на
знаење
C1 ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
Извештаи за парични текови
(а) Изгответе извештај за парични текови за единствен ентитет (не 2
за група) во согласност со релевантните сметководствени
стандарди, користејќи го директниот и индиректниот метод.
(б) Споредете ја корисноста на информациите за паричните 2
текови со корисноста на билансот на успех или извештајот за
сеопфатна добивка.
(в) Толкувајте извештај за парични текови (заедно со други 2
финансиски информации) за да ја оцените успешноста и
финансиската состојба на некој ентитет.

Насоки за испитот
Извештаите за парични текови редовно се појавуваат во Прашањето 3 од тестот F7,
понекогаш во комбинација со толкувањето на финансиските извештаи.

1. МСС 7 Извештај за парични текови


Извештаите за парични текови се корисен додаток на финансиските извештаи, бидејќи
е прифатено дека сметководствената добивка не е единствениот показател за
успешноста на едно друштво.

1.1 Вовед
Се тврдеше дека „добивката“ не дава секогаш корисна или значајна слика за
работењето на едно друштво. Читателите на финансиските извештаи на друштвото
можат дури и да бидат наведени на погрешни заклучоци од прикажаниот износ за
добивката.
(а) Акционерите би можеле да поверуваат дека ако некое друштво остварува добивка
по оданочување од, на пример, $100.000, тоа е износот што друштвото може да си
дозволи да го исплати како дивиденда. Освен ако друштвото нема доволно
пари на располагање за да може да продолжи да работи и да плати дивиденда,
очекувањата на акционерите ќе бидат погрешни.
(б) Вработените би можеле да веруваат дека ако друштвото остварува добивка, тоа
може да си дозволи да исплати поголеми плати следната година. Ова мислење
може да не биде правилно: способноста за исплата на платите зависи од
расположливоста на пари.
(в) Опстанокот на некој деловен ентитет не зависи толку од добивката колку што
зависи од неговата способност да ги исплаќа своите долгови како што тие
доспеваат. Таквите плаќања можат да вклучуваат „приходни“ ставки како што се
набавките на материјали, платите, каматата и данокот, итн., но и капитални
плаќања за нови нетековни средства и отплата на капиталот од заеми кога заемот
доспева за плаќање (на пример, при откуп на обврзници).
Од овие примери може да биде очигледно дека успешноста и изгледите на некое
друштво зависат не толку од „добивката“ што е заработена во периодот, туку,
пореалистично, од ликвидноста или од паричните текови.

1.2 Тек на средства (фондови) и паричен тек


Некои земји, сега или во минатото, бараа обелоденување на дополнителни извештаи
што се засноваат на текот на средствата (фодовите) наместо врз паричниот тек.

334 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


Меѓутоа, дефиницијата за „средства (фондови)“ може да биде многу нејасна и таквите
извештаи често само бараат преуредување на износите што веќе се дадени во
извештајот за финансиска состојба и во билансот на успех. За споредба, извештајот за
парични текови е недвосмислен и обезбедува информации што ги дополнуваат
информациите што се дадени во останатите финансиски извештаи. Тој, исто така, е
организиран според активноста, а не според класификацијата во извештајот во
финансиска состојба.
Извештаите за парични текови често се даваат како дополнителен извештај што е
додаток на извештајот за финансиска состојба, билансот на успех и извештајот за
останата сеопфатна добивка и поврзаните белешки. Аспектите на извештаите за
парични текови што се однесуваат на група (и определени сложени прашања) се
исклучени, бидејќи тие се надвор од опфатот на вашата наставна програма.

1.3 Целта на МСС 7


Целта на МСС 7 е да им обезбеди информации на корисниците на финансиски извештаи
за можностите на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти, како и
потребите за пари на ентитетот. Извештајот за парични текови обезбедува историски
податоци за парите и паричните еквиваленти, класификувајќи ги паричните текови меѓу
оперативните, вложувачките и финансиските активности.

1.4 Опфат
Извештајот за парични текови треба да се презентира како составен дел на
финансиските извештаи на ентитетот. Сите видови ентитети можат да обезбедат
корисни информации за паричните текови, бидејќи потребата за пари е универзална, без
оглед на природата на нивните активности што генерираат приходи. Според тоа, со
стандардот се бара сите ентитети да презентираат извештај за парични текови.

1.5 Користи од информациите за паричните текови


Извештаите за парични текови во голема мера се користат во содејство со останатите
финансиски извештаи. Користите можат да добијат дополнителни информации за
промените во нето-средствата на ентитетот, неговата финансиска состојба (вклучувајќи
ја ликвидноста и солвентноста) и неговата способност да влијае врз износите и
навременоста на паричните текови со цел да се приспособи на промените на условите и
можностите. Извештаите за паричните текови ја зголемуваат споредливоста,бидејќи
врз нив не влијае користењето различни сметководствени политики за истиот вид
сметководствени трансакции или настани.
Информациите за паричните текови со историска природа можат да се искористат како
показател за износот, навременоста и извесноста на идните парични текови. Може да се
провери точноста на информациите за претходните процени на паричните текови, како
што се појавуваат фактичките податоци. Може да се анализира односот меѓу добивката
и паричните текови, како и промените на цените со текот на времето.

1.6 Дефиниции
Стандардот ги дава следниве дефиниции, од кои најважни се оние за пари и за
парични еквиваленти.

Клучни • Пари опфаќаат пари во каса и депозити по видување.


поими
• Парични еквиваленти се краткорочни високоликвидни вложувања кои брзо можат
да се конвертираат во познати износи пари и кои подлежат на незначителен ризик
од промена на вредноста.
• Парични текови се приливи и одливи на пари и парични еквиваленти.
• Оперативни активности се главните активности што му произведуваат приходи
на ентитетот и други активности што не се вложувачки или финансиски
активности.

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 335


• Вложувачки активности се стекнување и отуѓување на нетековни средства и
други вложувања што не се вклучени во паричните еквиваленти.
• Финансиски активности се активности што резултираат во промени на
големината и содржината на сопственичкиот капитал и зајмувањата на ентитетот.
(МСС 7)

1.7 Пари и парични еквиваленти


Стандардот дополнително ја објаснува дефиницијата за паричните еквиваленти: тие не
се чуваат за вложување или други долгорочни цели, туку за исполнување на
краткорочните парични обврски. За да биде во согласност со горенаведената
дефиниција, датумот на доспевање на вложувањето вообичаено треба да биде во
рамките на три месеци од датумот на стекнувањето. Според тоа, вложувањата во
главнината (т.е. акции во други друштва) не се парични еквиваленти. Исклучок од ова би
бил случајот кога приоритетни акции се стекнуваат со многу краток период до нивниот
датум на доспевање.
Заемите и другите зајмувања од банките се класификуваат како финансиски
активности. Меѓутоа, во некои земји, пречекорувањата на сметки во банка се
отплаќаат по видување и се третираат како дел од системот на ентитетот за управување
со вкупните пари. Во овие околности, пречекорувањата на сметките во банка се
вклучуваат во парите и паричните еквиваленти. Таквите банкарски аранжмани се
карактеризираат со салдо што често се менува од позитивно во пречекорено и обратно.
Движењата меѓу различните видови пари и парични еквиваленти не се вклучени во
паричните текови. Вложувањето на вишоците пари во парични еквиваленти е дел од
управувањето со парите, а не е дел од оперативните, вложувачките или финансиските
активности.

1.8 Презентирање на извештајот за парични текови


МСС 7 бара извештаите за парични текови да ги презентираат паричните текови во
периодот класификувани во оперативни, вложувачки и финансиски активности.
Начинот на презентирање на паричните текови од оперативни, вложувачки и
финансиски активности зависи од природата на ентитетот. Класификацијата на
паричните текови според различните активности им овозможува на корисниците да го
видат влијанието на секоја активност врз парите и паричните текови, како и да ги видат
нивните меѓусебни односи. Ќе ги разгледаме подетално сите три вида активности.

1.8.1 Оперативни активности


Ова е можеби најважниот дел од извештајот за парични текови, бидејќи тој покажува
дали, и до кој степен, друштвата можат да генерираат пари од своето работење.
Токму од овие оперативни парични текови, на крајот мора да се платат сите парични
одливи што се поврзани со другите активности, т.е. камата на заеми, дивиденди, итн.
Најголемиот дел од компонентите на паричните текови од оперативните активности се
ставките што ја утврдуваат нето-добивката или загубата на ентитетот, т.е. тие се
однесуваат на главните активности на ентитетот што генерираат приходи. Стандардот
ги дава следниве примери за парични текови од оперативни активности.
(а) Парични примања од продажба на производи и давање услуги
(б) Парични примања од тантиеми, надоместоци, провизии и други приходи
(в) Парични исплати на добавувачите на стоки и давателите на услуги
(г) Парични исплати на и во име на вработените
Во нето-добивката или загубата за периодот можат да бидат вклучени определени
ставки што не се однесуваат на оперативните парични текови, на пример, добивката или
загубата од продажба на дел од постројка ќе биде вклучена во нето-добивката или
загубата, но паричните текови ќе бидат класификувани како вложувачки.

336 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


1.8.2 Вложувачки активности
Паричните текови што се класификувани под оваа рубрика го покажуваат степенот на
новите вложувања во средства што ќе генерираат идна добивка и парични текови.
Стандардот ги дава следниве примери за парични текови што произлегуваат од
вложувачки активности.
(а) Парични исплати за стекнување недвижности, постојки и опрема, нематеријални
средства и други нетековни средства, вклучувајќи ги оние што се однесуваат на
капитализираните трошоци за развој и самостојната изградба на недвижности,
постојки и опрема
(б) Парични примања од продажба на недвижности, постројки и опрема,
нематеријални средства и други нетековни средства
(в) Парични исплати за стекнување сопственички или должнички инструменти на
други ентитети
(г) Парични примања од продажби на сопственички или должнички инструменти на
други ентитети
(д) Парични аванси и заеми дадени на други страни
(ѓ) Парични примања од отплата на аванси и заеми дадени на други страни

1.8.3 Финансиски активности


Овој дел од извештајот на парични текови го покажуваат учеството во парите што
обезбедувачите на капитал на ентитетот го побарувале во текот на периодот. Ова е
показател за веројатните идни плаќања на камата и дивиденди. Стандардот ги дава
следниве примери за парични текови што можат да се вклучат во оваа рубрика.
(а) Парични приливи од издавање акции
(б) Парични исплати на сопствениците за стекнување или за откупување на акциите
на ентитетот
(в) Парични приливи од издавање задолжници, заеми, записи, обврзници, хипотеки и
други краткорочни или долгорочни зајмувања
(г) Отплати на главнината за износи што се зајмени под финансиски наеми
За точката (г) е потребно дополнително објаснување. Кога известувачкиот ентитет
користи некое средство што се чува под финансиски наем, износите што треба да се
вклучат во извештајот за парични текови како финансиски активности се отплатите на
главнината (капиталот) наместо отплатите на каматата. Платената камата се
прикажува во рамките на оперативните активности.

1.9 Пример: наемнина од финансиски наем


Забелешките кон финансиските извештаи на друштвото „Хејли“ го покажуваат следново
во однос на обврските од финансиски наеми.
Годината што завршила на 30 јуни 20X5 20X4
$'000 $'000
Износи што се плативи во рамките на една година 12 8
Во рамките на две до пет години 110 66
122 74
Намалено за финансиски трошоци алоцирани на (14) (8)
идни периоди
108 66
Зголемувањата на материјалните нетековни средства што се стекнати под финансиски
наеми биле прикажани во забелешката за нетековни средства со износ од $56.000.
Се бара
Пресметајте ја отплатата на капитал што треба да се прикаже во извештајот за парични
текови на друштвото „Хејли“ за годината до 30 јуни 20X5 година.

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 337


Решение
ОБВРСКИ ОД ФИНАНСИСКИ НАЕМИ
$'000 $'000
Отплата на капитал 14 Салдо на 1.7.X4 66
(преостанат износ)
Салдо на 30.6.X5 108 Зголемувања 56
122 122

1.10 Известување за парични текови од оперативни


активности
Стандардот нуди избор на методот за овој дел на извештајот за парични текови.
(а) Директен метод: се обелоденуваат главните класи на бруто-паричните примања
и бруто-паричните плаќања.
(б) Индиректен метод: нето-добивката или загубата се усогласува за ефектите на
трансакциите од непарична природа, какво било одложување или разграничување
на минати или идни оперативни парични примања или плаќања, и ставки на
приход или расход во врска со вложувачки или финансиски парични текови.
Му се дава предност на директниот метод, бидејќи со него се обелоденуваат
информации што не се достапни на друго место во финансиските извештаи и можат да
бидат корисни за проценување на идните парични текови. Во долунаведениот пример се
прикажани и двата методи.

1.10.1 Употреба на директниот метод


Постојат различни начини за добивање на информациите за бруто-паричните
примања и плаќања. Најочигледниот начин е едноставното извлекување на податоците
од сметководствената евиденција. Меѓутоа, ова може да биде макотрпна задача и
индиректниот метод што е наведен долу може да биде полесен. Во примерот и
прашањето горе е употребен директниот метод.

1.10.2 Употреба на индиректниот метод


Овој метод, несомнено, е полесен од гледна точка на изготвувачот на извештајот за
парични текови. Нето-добивката или загубата за периодот се усогласува за следново.
(а) Промени во текот на периодот на залихите, оперативните побарувања и обврски
(б) Непарични ставки, на пример, депрецијација, резервирања, добивки/загуби од
продажба на средства
(в) Други ставки чиишто парични текови треба да се класификуваат во вложувачките
или финансиските активности
Таквата проформа пресметка, преземена од МСС, е како што следува, и овој метод
може да биде повообичаен во испитот. (Проформа извештајот е изменет за да ги одрази
промените на МСФИ.)
$
Парични текови од оперативни активности
Добивка пред оданочување X
Усогласувања за:
Депрецијација X
Загуба од курсни разлики X
Приходи од вложувања (X)
Расходи за камати X
X
Зголемување на побарувањата од купувачите и другите побарувања (X)
Намалување на залихите X
Намалување на обврските спрема добавувачите (X)
Пари генерирани од работењето X
Платена камата (X)
Платени даноци на добивка (X)
Нето-пари од оперативни активности X

338 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


Важно е да се разбере зошто некои ставки се додаваат, а други се одземаат.
Забележете ги следниве клучни работи.
(а) Депрецијацијата не е паричен расход, но се одзема за да се добие добивката.
Според тоа, има смисла нејзиното елиминирање преку додавање.
(б) Следејќи ја истата логика, загубата од отуѓување на нетековно средство (што
произлегува од недоволното резервирање за депрецијација) треба да се додаде, а
добивката треба да се одземе.
(в) Зголемување на залихите значи помалку пари – парите се потрошени на купување
залихи.
(г) Зголемување на побарувањата значи дека должниците на друштвото не платиле
доволно, и оттаму, има помалку пари.
(д) Ако ги исплатиме обврските, на тој начин предизвикувајќи намалување на износот,
повторно имаме помалку пари.

1.10.3 Индиректниот наспроти директниот метод


Се охрабрува користењето на директниот метод кога добивањето на неопходните
информации не чини премногу, но тоа не се бара со МСС 7. Во практиката, почесто се
користи индиректниот метод, бидејќи е побрз и полесен.

1.11 Камати и дивиденди


Сите парични текови од примени и платени камати и дивиденди треба да бидат
посебно обелоденети. Сите треба да бидат класификувани на конзистентен начин од
период во период било како оперативни, вложувачки или финансиски активности.
Дивидендите што се исплатени од ентитетот можат да се класификуваат на еден од
двата начини.
(а) Како финансиски паричен тек, покажувајќи го трошокот за добивање финансиски
извори.
(б) Како компонента на паричните текови од оперативни активности, така што
корисниците можат да ја проценат способноста на ентитетот да плаќа дивиденди
од оперативните парични текови.

1.12 Даноци на добивка


Паричните текови кои произлегуваат од даноци на добивка треба да се обелоденуваат
посебно и треба да се класификуваат како парични текови од оперативни активности,
освен ако не може специфично да се идентификуваат како финансиски и вложувачки
активности.
Често е тешко да е поврзат даночни парични текови со изворната трансакција од
којашто произлегуваат, така што најчесто сите даночни парични текови се
класификуваат како парични текови од оперативни активности.

1.13 Компоненти на пари и парични еквиваленти


Треба да се обелоденат компонентите на пари и парични еквиваленти и треба да се
презентира усогласување со кое се прикажуваат износите во извештајот за парични
текови усогласени со еквивалентните ставки што се презентирани во извештајот за
финансиската состојба.
Исто така, потребно е да се обелодени сметководствената политика што е користена за
утврдување на ставките што се вклучуваат во парите и паричните еквиваленти, во
согласност со МСС 1 Презентирање на финансиските извештаи, но и поради
широкиот опсег на практики за управување со парите што се користат во светски рамки.

1.14 Други обелоденувања


Сите ентитети треба да ги обелоденат, заедно со образложение од раководството,
сите останати информации што можат да бидат од значење, на пример:

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 339


(а) Ограничувања на употребата или пристапот до кој било дел од паричните
еквиваленти
(б) Износот на неповлечените средства од зајмување што се расположливи
(в) Парични текови што претставуваат зголемување во оперативниот капацитет во
споредба со оние парични текови што се потребни за да се одржува оперативниот
капацитет
(г) Парични текови што произлегуваат од секој известувачки сектор и географски
сегмент

1.15 Пример за извештај за парични текови


Во следниов дел ќе ги разгледаме постапките за изготвување на извештајот за парични
текови. Како прво, разгледајте го овој пример што е приспособен од примерот кој е
даден во стандардот (што се однесува на група и затоа е надвор од опфатот на вашата
наставна програма).

1.15.1 Директен метод


ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ (ДИРЕКТЕН МЕТОД)
ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7 г.
$ м. $ м.
Парични текови од оперативни активности
Парични приливи од купувачи 30.330
Парични исплати на добавувачи и вработени (27.600)
Пари генерирани од работењето 2.730
Платена камата (270)
Платени даноци на добивка (900)
Нето-пари од оперативни активности 1.560
Парични текови од вложувачки активности
Купување недвижности, постројки и опрема (900)
Приливи од продажба на опрема 20
Примени камати 200
Примени дивиденди 200
Нето-пари користени во вложувачки активности (480)
Парични текови од финансиски активности
Приливи од издавање акционерски капитал 250
Приливи од долгорочни зајмувања 250
Платени дивиденди* (1.290)
Нето-пари користени во финансиски активности (790)
Нето-зголемување на пари и парични еквиваленти 290
Пари и парични еквиваленти на почетокот од периодот 120
(белешка)
Пари и парични еквиваленти на крајот од периодот 410
(белешка)
* Ова може да се искаже и како оперативен паричен тек.

340 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


1.15.2 Индиректен метод
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ (ИНДИРЕКТЕН МЕТОД)
ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X7 г.
$ м. $ м.
Парични текови од оперативни активности
Добивка пред оданочување 3.570
Усогласувања за:
Депрецијација 450
Приходи од вложувања (500)
Расходи за камати 400
3.920
Зголемување на побарувањата од купувачите и другите (500)
побарувања
Намалување на залихите 1.050
Намалување на обврските спрема добавувачите (1.740)
Пари генерирани од работењето 2.730
Платена камата (270)
Платени даноци на добивка (900)
Нето-пари од оперативни активности 1.560
Парични текови од вложувачки активности
Купување недвижности, постројки и опрема (900)
Приливи од продажба на опрема 20
Примени камати 200
Примени дивиденди 200
Нето-пари користени во вложувачки активности (480)
Парични текови од финансиски активности
Приливи од издавање акционерски капитал 250
Приливи од долгорочни зајмувања 250
Платени дивиденди* (1.290)
Нето-пари користени во финансиски активности (790)
Нето-зголемување пари и парични еквиваленти 290
Пари и парични еквиваленти на почетокот од 120
периодот
Пари и парични еквиваленти на крајот од периодот 410
* Ова може да се искаже и како оперативен паричен тек.

2. Изготвување извештај за парични текови


ДЕФИНИЦИЈА Треба да бидете свесни за форматот на извештајот што е утврден во МСС 7;
утврдувањето на форматот е клучниот прв чекор во изготвувањето на извештајот, така
што овој формат мора да се научи.

2.1 Вовед
Во основа, изготвувањето на извештајот за парични текови е многу едноставно. Оттаму,
вие треба само да го научите форматот и да ги примените чекорите што се забележани
во примерот долу. Забележете дека следниве ставки се третираат на начин што можеби
изгледа збунувачки, но третманот е логичен ако размислувате во смисла на пари.
(а) Зголемувањето на залихите се третира како негативно (во заграда). Ова е така,
бидејќи тоа претставува одлив на пари; парите се трошат на залихи.
(б) Зголемување на побарувањата би се третирало како негативно од истите
причини; повеќе побарувања значи помалку пари.
(в) Од друга страна, зголемувањето на обврските е позитивно, бидејќи парите се
задржуваат и не се користат за подмирување на обврските кон добавувачите.
Оттаму, има повеќе пари.

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 341


2.2 Пример: изготвување извештај за парични текови
Билансот на успех на друштвото „Кеј“ за годината што завршила на 31 декември 20X2
година и извештаите за финансиска состојба на 31 декември 20X1 година и на 31
декември 20X2 година биле како што следува.
ДРУШТВО КЕЈ
БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШУВА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X2 г.
$'000 $'000
Приходи од продажба 720
Потрошени суровини 70
Трошоци за вработени 94
Депрецијација 118
Загуба од отуѓување нетековни средства 18
300
Оперативна добивка 420
Обврска за камата 28
Добивка пред оданочување 392
Данок 124
Добивка за годината 268
ДРУШТВО КЕЈ
ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ
20X2 20X1
$'000 $'000
Нетековни средства
Набавна вредност 1.596 1.560
Депрецијација (318) (224)
1.278 1.336
Тековни средства
Залихи 24 20
Побарувања од купувачите 76 58
Банка 48 56
148 134
Вкупно средства 1.426 1.470
Главнина и обврски
Главнина
Акционерски капитал 360 340
Премија на акции 36 24
Задржана заработка 716 514
1.112 878
Нетековни обврски
Долгорочни заеми 200 500
Тековни обврски
Обврски кон добавувачите 12 6
Данок 102 86
114 92
Вкупно главнина и обврски 1.426 1.470
Исплатените дивиденди биле $66.000
Во текот на годината, друштвото платило $90.000 за нова машина.
Се бара
Изгответе извештај за парични текови на друштвото „Кеј“ за годината што завршила на
31 декември 20X2 година во согласност со барањата од МСС 7, користејќи го
индиректниот метод.

342 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


Решение
Чекор 1 Поставете го проформа извештајот за парични текови со насловите што
се бараат со МСС 7. Треба да оставите доволно простор. Во идеален случај,
употребете три или повеќе листови хартија, еден за главниот извештај, еден
за забелешките и еден за вашите пресметки. Очигледно е дека е од
суштинско значење добро да го знаете форматот.
Чекор 2 Започнете со паричните текови од оперативни активности доколку е тоа
можно. Кога го изготвувате извештајот од извештаи за финансиска состојба,
вообичаено ќе треба да ги пресметате ставките како што се
депрецијацијата, загубата од продажба на нетековно средство, добивка за
годината и платен данок (видете чекор 4). Забележете дека може да не ви
биде даден расходот за данок во билансот на успех. Потоа ќе треба да
претпоставите дека платениот данок во годината е резервирање од крајот
на годината за претходната година и да го пресметате расходот како
преостанатиот износ.
Чекор 3 Пресметајте ги износите на паричните текови за купување или продажба
на нетековни средства, издавање акции и отплаќање заеми ако тие веќе
не ви се дадени (што би можело да се случи).
Чекор 4 Ако не ви е даден износот за добивката, отворете пресметка за добивката
или загубата. Користејќи ги почетните и крајните салда за задржаната
заработка, расходот за данок и исплатените и објавените дивиденди, вие ќе
можете да ја пресметате добивката за годината како преостанатиот износ
што треба да се внесе во делот за парични текови од оперативни
активности.
Чекор 5 Сега ќе бидете во состојба да го довршите извештајот со соодветно
вметнување на дадените или пресметаните износи.

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 343


ДРУШТВО КЕЈ
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ
20X2 г.
$'000 $'000
Парични текови од оперативни активности
Добивка пред оданочување 392
Трошоци за депрецијација 118
Загуба од продажба на материјални нетековни 18
средства
Расход за камата 28
Зголемување на залихите (4)
Зголемување на побарувањата (18)
Зголемување на обврските 6
Пари генерирани од работењето 540
Платена камата (28)
Исплатени дивиденди (66)
Платен данок (86 + 124 – 102) (108)
Нето-пари од оперативни активности 338
Парични текови од вложувачки активности
Исплати за стекнување материјални нетековни (90)
средства
Примања од продажба на материјални нетековни 12
средства (П)
Нето-пари користени во вложувачки активности (78)
Парични текови од финансиски активности
Издавање на акционерски капитал (360 + 36 − 340 − 24) 32
Отплатени долгорочни заеми (500 − 200) (300)
Нето-пари користени во финансиски активности (268)
Намалување на пари и парични еквиваленти (8)
Пари и парични еквиваленти на 1.1.X2 56
Пари и парични еквиваленти на 31.12.X2 48
Пресметки: отуѓувања на нетековно средство
НАБАВНА ВРЕДНОСТ

$'000 $'000
На 1.1.X2 1.560 На 31.12.X2 1.596
Набавки 90 Отуѓувања (остаток) 54
1.650 1.650
АКУМУЛИРАНА ДЕПРЕЦИЈАЦИЈА

$'000 $'000
На 31.12.X2 318 На 1.1.X2 224
Депрецијација при отуѓување Трошок за годината 118
(остаток) 24
342 342
НСВ на отуѓувањата 30
Прикажана нето-загуба (18)
Приливи од отуѓувања 12

Во продолжение се дадени финансиските извештаи на друштвото „Ема“. Вие сте


финансискиот контролор кој се соочува со задачата да го примени МСС 7 Извештај за
парични текови.

344 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


ДРУШТВО ЕМА
БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ 20X2 г.
$'000
Приход 2.553
Трошок на продажба (1.814)
Бруто-добивка 739
Друг приход: Примени камати 25
Трошоци за дистрибуција (125)
Административни расходи (264)
Финансиски трошоци (75)
Добивка пред оданочување 300
Расход за данок на добивка (140)
Добивка за годината 160
ДРУШТВО ЕМА
ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА 31 ДЕКЕМВРИ
20X2 20X1
Средства $'000 $'000
Нетековни средства:
Недвижности, постројки и опрема 380 305
Нематеријални средства 250 200
Вложувања – 25
Тековни средства
Залихи 150 102
Побарувања 390 315
Краткорочни вложувања 50 –
Пари во каса 2 1
Вкупно средства 1.222 948
Главнина и обврски
Главнина
Акционерски капитал (обични акции од $1) 200 150
Премија на акции 160 150
Ревалоризиран вишок 100 91
Задржана заработка 260 180
Нетековни обврски
Долгорочен заем 170 50
Тековни обврски
Обврски кон добавувачи 127 119
Пречекорување сметка во банка 85 98
Данок 120 110
Вкупно главнина и обврски 1.222 948
Следниве информации се достапни.
(а) Приливите од продажбата на вложувањата во нетековни средства изнесувале
$30.000.
(б) Инвентар со првична набавна вредност од $85.000 и нето-сметководствена
вредност од $45.000 бил продаден за $32.000 во текот на годината.
(в) Следниве информации се однесуваат на недвижности, постројки и опрема.
31.12.20X2 31.12.20X1
$'000 $'000
Набавна вредност 720 595
Акумулирана депрецијација 340 290
Нето-сметководствена вредност 380 305
(г) 50.000 обични акции од $1 биле издадени во текот на годината со премија од 20
центи по акција.
(д) Краткорочните вложувања се високоликвидни и се блиску до доспевање.
(ѓ) Во текот на годината биле исплатени дивиденди од $80.000.
Се бара

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 345


Изгответе извештај за парични текови за годината до 31 декември 20X2 година,
користејќи го форматот што е даден во МСС 7.

Одговор
ДРУШТВО ЕМА
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 31 ДЕКЕМВРИ
20X2 г.
$'000 $'000
Парични текови од оперативни активности
Добивка пред оданочување 300
Трошок за депрецијација (П1) 90
Загуба од продажба на недвижности, постројки и опрема 13
(45 - 32)
Добивка од продажба на вложувања во нетековни (5)
средства
Расход за камата (нето) 50
(Зголемување)/Намалување на залихите (48)
(Зголемување)/Намалување на побарувањата (75)
(Зголемување)/Намалување на обврските 8
333
Платена камата (75)
Исплатени дивиденди (80)
Платен данок (110 + 140 – 120) (130)
Нето-пари од оперативни активности 48
Парични текови од вложувачки активности
Плаќања за стекнување недвижности, постројки и опрема (201)
(П2)
Плаќања за стекнување нематеријални нетековни (50)
средства
Примања од продажба на недвижности, постројки и 32
опрема
Примања од продажба на вложувања во нетековни 30
средства
Примена камата 25
Нето-парични текови од вложувачки активности (164)
Парични текови од финансиски активности
Емисија на акционерски капитал 60
Долгорочен заем 120
Нето-парични текови од финансиски активности 180
Зголемување пари и парични еквиваленти 64
Пари и парични еквиваленти на 1.1.X2 (97)
Пари и парични еквиваленти на 31.12.X2 (33)
Пресметки
1 Трошок за депрецијација
$'000 $'000
Депрецијација на 31 декември 20X2 г. 340
Депрецијација на 31 декември 20X1 г. 290
Депрецијација на продадените средства (85 - 45) 40
250
Трошок за годината 90
2 Купување недвижности, постројки и опрема
НЕДВИЖНОСТИ, ПОСТРОЈКИ И ОПРЕМА (НАБАВНА ВРЕДНОСТ)
$'000 $'000
1.1.X2 салдо 595 Отуѓувања 85
Ревалоризација (100 − 91) 9
Набавки (преостанат износ) 201 31.12.X2 Салдо 720
пренесено
805 805

346 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


Забелешка. На испитот може да добиете повеќе прашања што треба да ги решите во
извештајот за парични текови. Примери за тоа се:
• Емисии на акционерски капитал. Приливите се делат меѓу акционерскиот капитал
и премијата на акции.
• Бонус емисии. Тие не вклучуваат пари.
• Ревалоризација на нетековни средства. Ова мора да се земе предвид при
пресметувањето на стекнувањата и отуѓувањата.
• Движење на одложениот данок. Ова мора да се земе предвид при
пресметувањето на платениот данок.
• Финансиски наеми. Средствата што се стекнати под финансиски наеми мора да се
усогласат во пресметките за нетековните средства и платениот износ од
финансискиот наем мора да се појави како паричен тек.
Осигурете се дека сте се обиделе да го одговорите прашањето 27 во збирката прашања
што вклучува и финансиски наем.

3. Толкување на извештаи за парични текови


ДЕФИНИЦИЈА
МСС 7 беше воведен за да им обезбеди на корисниците начин за оценување на
способноста на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и за неговите
потреби за искористување на таквите парични текови.

3.1 Вовед
Значи, какви информации обезбедува извештајот за парични текови, заедно со неговите
забелешки?
Некои од главните области за кои МСС 7 треба да обезбеди информации што не можат
да се најдат на друго место во финансиските извештаи се како што следува.
(а) Односите меѓу добивката и парите можат да се видат јасно и да се анализираат
соодветно.
(б) Паричните еквиваленти се нагласени, давајќи подобра слика за ликвидноста на
друштвото.
(в) Финансиските приливи и одливи мора да се прикажат, наместо само да се
поминат низ резервите.
Една од најважните работи што треба да се сфати во овој момент е дека не е правилно
да се обидувате да го оцените здравјето или да ја предвидите смртта на некој
известувачки ентитет само врз основа на еден показател. Кога се анализираат
податоците за паричните текови, не треба да се врши споредба само меѓу паричните
текови и добивката, туку и меѓу паричните текови во текот на определен
временски период (да речеме од три до пет години).
Парите не се исто што и добивката на годишна основа, туку треба, исто така, да
запомните дека „однесувањето“ на добивката и на паричните текови ќе биде многу
различно. Добивката се израмнува преку временски разграничувања, претплати,
резервирање и други сметководствени конвенции. Ова не важи за парите, па оттаму,
износите за паричните текови ќе бидат „нерамни“ во споредбата. Мора да правите
разлика меѓу таквата „нерамност“ и трендовите што се појавуваат со текот на времето.
Односот меѓу добивката и паричните текови постојано ќе се менува. Забележете
дека здравите друштва не прикажуваат секогаш добивки што се поголеми од
оперативните парични текови. Слично на тоа, друштвата што се во спротивната состојба
можат да имаат оперативни парични текови што во голема мера ја надминуваат
прикажаната добивка. Вредноста на нивното споредување е во утврдувањето на тоа до
кој обем заработените добивки се претвораат во неопходните парични текови.
Добивката не е толку важна колку што е тоа до кој степен може друштвото да ја
претвори својата добивка во пари врз континуирана основа. Овој процес треба да
се оценува во текот на период што е подолг од една година. Паричните текови треба да

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 347


се споредуваат со добивките во истите периоди за да се утврди колку успешно
известувачкиот ентитет ја претворал заработката во пари.
Износите за паричните текови треба, исто така, да се разгледуваат во смисла на
нивните специфични меѓусебни односи со текот на времето. Може да се определи еден
вид „коефициент на задолженост според парични текови“ преку споредување на
оперативните парични текови и финансиските парични текови, за да се утврди степенот
на зависност на известувачкиот ентитет од надворешно финансирање.
Може да се испитаат и други односи.
(а) Оперативните парични текови и вложувачките текови можат да се поврзат за да се
усогласи надоместувањето на парите од едно до друго вложување.
(б) Вложувањето може да се спореди со распределбата за да се покаже делот од
вкупниот паричен одлив што е наменет посебно за поврат на вложувачот и за
повторно вложување.
(в) Споредбата меѓу даночниот одлив и оперативните парични текови минус
вложувачките текови ќе ја утврди „даночната стапка врз парична основа“.
Горенаведените коефициенти можат да се следат во друштвото и помеѓу друштвата, и
анализите можат да се извршат во монетарни износи, процентуално или во износи што
се усогласени на општото ценовно ниво.

3.2 Разработен пример


Еве еден целосен пример за тоа како состојбата и успешноста на едно друштво можат
да се анализираат, користејќи го извештајот за финансиска состојба, извадоци од
билансот на успех и извештајот за парични текови.
Следниве нацрт-финансиски извештаи се однесуваат на „Таба“, приватно друштво.
Извештаи за финансиската 30 септември 20X5 30 септември 20X4
состојба на:
$'000 $'000 $'000 $'000
Недвижности, постројки и 10.600 15.800
опрема (забелешка (ii))
Тековни средства
Залихи 2.550 1.850
Побарувања од купувачите 3.100 2.600
Барање од осигурување 1.500 1.200
(забелешка (iii))
Пари во каса и банка 850 нула
8.000 5.650
Вкупни средства 18.600 21.450
Главнина
Акционерски капитал ($1 по 6.000 6.000
акција)
Резерви:
Ревалоризација (забелешка (ii)) нула 1.600
Задржана заработка 2.550 850
2.550 2.450
8,550 8.450
Нетековни обврски
Обврски од финансиски наем 2.000 1.700
(забелешка (ii))
6% обврзници 800 нула
10% обврзници нула 4,000
Одложен данок 200 500
Државни поддршки (забелешка 1.400 900
(ii))
4,400 7.100
Тековни обврски
Пречекорување сметка во нула 550
банка

348 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


Обврски кон добавувачите 4.050 2.950
Државни поддршки (забелешка 600 400
(ii))
Обврски од финансиски наем 900 800
(забелешка (ii))
Тековни даночни обврски 100 1.200
5.650 5.900
Вкупно главнина и обврски 18.600 21.450
Следниве информации се релевантни:
(i) Извадок од билансот на успех за годината што завршила на 30 септември 20X5
година:
$'000
Оперативна добивка пред камата и данок 270
Расход за камата (260)
Приход од камата 40
Добивка пред оданочување 50
Нето-кредит за данок на добивка 50
Добивка за годината 100
Забелешка. Расходот за камата вклучува камата од финансиски наем.
(ii) Податоците за недвижностите, постројките и опремата се:
Набавн Акумулирана Сметководствен
а депрецијација а вредност
вреднос
т
$'000 $'000 $'000
На 30 септември 20X4 година 20.200 4.400 15.800
На 30 септември 20X5 година 16.000 5.400 10.600
Во текот на годината, друштвото „Таба“ ја продало својата фабрика за нејзината
објективна вредност од $12 милиони и постигнало договор да ја земе повторно
под оперативен наем, за период од пет години со наемнина од $1 милион
годишно. На датумот на продажбата, тоа имало сметководствена вредност од $7,4
милиони врз основа на претходна ревалоризација од $8,6 милиони минус
депрецијација од $1,2 по ревалоризацијата. Добивката од продажбата на
фабриката е вклучена во оперативната добивка. Вишокот од ревалоризираната
резерва целосно се однесувал на фабриката. Не биле извршени други отуѓувања
на нетековни средства во текот на годината.
Постројките што биле стекнати врз основа на финансиски наеми во текот на
годината биле $1,5 милиони. Други набавки на постројки во текот на годината се
квалификувале за државни поддршки во износ од $950.000.
Амортизацијата на државните поддршки била одобрена во трошоците на
продажба.
(iii) Побарувањето од осигурување се однесувало на штети од поплава на залихите на
друштвото што се случиле во септември 20X4 година. Првичната процена била
ревидирана во текот на годината по преговорите со осигурителното друштво. Се
очекува ова побарување да биде подмирено во блиска иднина.
Се бара
(а) Изгответе извештај за паричните текови за друштвото „Таба“, користејќи го
индиректниот метод во согласност со МСС 7 Извештај за парични текови, за
годината што завршила на 30 септември 20X5 година.
(б) Користејќи ги информациите од прашањето и вашиот извештај за парични текови,
коментирајте ги промените на финансиската состојба на друштвото „Таба“ во
текот на годината што завршила на 30 септември 20X5 година.
Забелешка. Од вас не се бара да пресметувате какви било коефициенти.

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 349


Решение
(a) ТАБА: ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ЗА ГОДИНАТА ШТО ЗАВРШИЛА НА 30
ДЕКЕМВРИ 20X5 г.
$'000 $'000
Парични текови од оперативни активности
Добивка пред оданочување 50
Усогласувања за:
Депрецијација (П2) 2.200
Добивка од отуѓување НПО (12.000 – 7.400) (4.600)
Ослободување државна поддршка (П3) (250)
Зголемување на побарувањата од осигурување (1.500 (300)
– 1.200)
Расход за камата 260
Приходи од вложувања (40)
(2.680)
(Зголемување) намалување на залихите (2.550 – (700)
1.850)
(Зголемување) намалување на побарувања од (500)
купувачите и други побарувања (3.100 – 2.600)
Зголемување (намалување) на обврските кон 1.100
добавувачите (4.050 – 2.950)
Пари искористени во работењето (2.780)
Платена камата (260)
Платени даноци на добивка (П4) (1.350)
Нето-паричен одлив од оперативни активности (4.390)
Парични текови од вложувачки активности
Примена камата 40
Приливи од државни поддршки (Од прашањето) 950
Приливи од отуѓување на недвижности (Од 12.000
прашањето)
Купување недвижности, постројки и опрема (П1) (2.900)
Нето-пари од вложувачки активности 10.090
Парични текови од финансиски активности
Прилив од заем (6% заем примен) 800
Отплата на заем (10% заем отплатен) (4.000)
Плаќања од финансиски наеми (П5) (1.100)
Нето-пари користени во финансиски активности (4.300)
Нето-зголемување пари и парични еквиваленти 1.400
Почетна состојба на пари и парични еквиваленти (550)
Крајна состојба на пари и парични еквиваленти 850
Пресметки
1
НЕДВИЖНОСТИ, ПОСТРОЈКИ И ОПРЕМА - НАБАВНА ВРЕДНОСТ

$'000 $'000
Салдо (донесено) 20.200 Отуѓување фабрика 8.600
Постројка стекната под
финансиски наеми 1.500
Други стекнувања
(преостанат износ) 2.900 Салдо (пренесено) 16.000
24.600 24.600
2
НЕДВИЖНОСТИ, ПОСТРОЈКИ И ОПРЕМА - ДЕПРЕЦИЈАЦИЈА

$'000 $'000
Депрецијација при отуѓување
фабрика 1.200 Салдо (донесено) 4.400
Трошок за годината

350 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


Салдо (донесено) 5.400 (преостанат износ) 2.200
6.600 6.600
3
ДРЖАВНА ПОДДРШКА

$'000 $'000
Ослободена државна 250 Донесено салдо (400 + 900) 1.300
поддршка (преостанат износ)
Пренесено салдо (1.400 + 2.000 Примено 950
600)
2.250 2.250
4
ДАНОК

$'000 $'000

Пренесен Тековен 100 Донесен Тековен 1.200


Одложен 200 Одложен 500
Одобрено во 50
биланс на успех
Платени пари салдо 1.350 –
1.700 1.700

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 351


5
ДВИЖЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ НАЕМ

$'000 $'000

Пренесено Тековно 2.000 Донесено Тековно 1.700


Нетековно 900 Нетековно 800
Ново 1.500
Платени салдо 1.100 –
пари
4.000 4.000
(б) Промени на финансиската состојба на друштвото „Таба“
Последниот дел од извештајот за парични текови открива солидно зголемување
на парите од $1,4 милиони. Меѓутоа, „Таба“ губи пари од своите оперативни
активности и неговиот континуитет мора да е под знак прашање.
За да опстанат и да се развиваат, друштвата мора да генерираат пари од своите
операции; но, друштвото „Таба“ апсорбирало $2,68 м. Иако најголемиот број
друштва прикажуваат повисоки оперативни парични приливи од добивка,
друштвото „Таба“ го пријавило спротивното. Единствената причина зошто „Таба“
можело да прикаже добивка бил еднократниот вишок од $4,6 м. од отуѓување.
Имало уште две други ставки што ја зголемиле добивката без да генерираат пари;
зголемување од $300.000 на побарувањето од осигурување и добивањето
$250.000 државна поддршка. Без овие три ставки, друштвото би прикажало загуба
пред оданочување од $5,1 м.
Доколку не биле приливите од отуѓување, друштвото „Таба“ би прикажало нето-
намалување на парите од $10,6 м. „Таба“ нема други поголеми средства што може
да ги продаде и, според тоа, следната година ќе доживее голем одлив на пари,
освен ако не се подобри неговото работење. Кога ќе истече тековниот оперативен
наем по четири години, најверојатно ќе има нагло покачување на наемнината, што
дополнително ќе им наштети на профитабилноста и паричните текови на „Таба“.
Големите издатоци за данок во претходната година сугерираат дека
профитабилноста на „Таба“ опаднала брзо и нагло. Без оглед на овој пад на
работењето, залихите и побарувањата на „Таба“ се зголемиле, што сугерира лошо
финансиско управување. Ова, за возврат, го оштетува паричниот тек, што се
манифестира преку зголемувањето на нивото на обврските.
Сепак, има и неколку добри знаци. Продолжиле вложувањата во нетековни
средства, иако $1,5 м. од тоа бил под финансиски наеми, што често претставува
знак за недостиг на пари. Дел од приливите од отуѓувањето биле искористени за
откупување на скапиот 10% заем од $4 м. и неговото заменување со помал и
поевтин 6% заем од $800.000. Ова ќе заштеди $352.000 годишно.
Опоравувањето на „Таба“ може да зависи од тоа дали околностите што го
предизвикале наглиот пад на добивката и паричните текови ќе исчезнат сами по
себе или „Таба“ ќе научи како да живее со нив. Извештајот за парични текови,
сепак, нагласува неколку сериозни проблеми за коишто акционерите треба да
разговараат со директорите на годишното собрание.

3.3 Предности на сметководството според паричните


текови
Сметководството според парични текови ги има следниве предности.
(а) Опстанокот зависи од способноста за генерирање пари. Според паричните
текови, сметководството го насочува вниманието кон ова критично прашање.
(б) Паричниот тек е посеопфатен од „добивката“ која е зависна од
сметководствените конвенции и концепти.
(в) Доверителите (долгорочни и краткорочни) се позаинтересирани за способноста
на ентитетот да им ги врати парите отколку неговата профитабилност. Иако

352 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


„добивката“ може да покаже дека постои веројатност да има пари на располагање,
според паричните текови, сметководството подиректно ја пренесува оваа порака.
(г) Известувањето за паричните текови обезбедува подобри начини за споредување
на резултатите на различни друштва од традиционалното известување за
добивката.
(д) Известувањето за паричните текови подобро ги задоволува потребите на сите
корисници.
(i) За раководството, тоа обезбедува информации според кои можат да се
носат одлуки (во управувачкото сметководство, „релевантните трошоци“ за
носење определена одлука се идните парични текови); според добивката,
традиционалното сметководство не помага во носењето одлуки.
(ii) За акционерите и ревизорите, според паричните текови, сметководството
може да обезбеди задоволителна основа за одговорно сметководство.
(iii) Како што беше опишано претходно, потребите за информации на
доверителите и вработените ќе бидат подобро исполнети од
сметководството според паричните текови.
(ѓ) Прогнозите за паричните текови се полесни за изготвување, а покрај тоа се
покорисни од прогнозите на добивката.
(е) Тие можат, во одредени погледи, да се ревидираат полесно отколку извештаите
што се изготвени според концептот за пресметковно сметководство.
(ж) Концептот за пресметковно сметководство е збунувачки, а паричните текови се
полесни за разбирање.
(з) Според паричните текови, сметководството може да биде ретроактивно, а исто
така, може да вклучува и прогнози за иднината. Ова има голема информативна
вредност за сите корисници на сметководствените информации.
(ѕ) Прогнозите можат последователно да се следат преку објавувањето извештаи за
отстапувањата во коишто се споредуваат фактичките парични текови со
прогнозите.

Дали можете да наведете некои можни недостатоци на сметководството според


паричните текови?

Одговор
Главните недостатоци на сметководството според паричните текови се, всушност,
предностите на пресметковното сметководство (соодветно спротивставување на
поврзаните ставки). Покрај тоа, тука е и практичниот проблем што само мал број
друштва чуваат историски информации за паричните текови во формата што е потребна
за изготвување историски извештај за парични текови и, според тоа, веројатно ќе биде
потребно дополнително водење евиденција.

Фокус на
испитот Извештајот за паричните текови со голема веројатност може да се појави како Прашање
3 на вашиот испит. Во оваа глава ви ги даваме основите, но вие, исто така, би требало
да поминете колку што е можно повеќе од прашањата за паричните текови во Збирката
за вежби и повторување. Преку тоа може да ги извежбате различните прашања што
можеби ќе треба да ги решите во рамките на прашањето за паричните текови.

3.4 Критики на МСС 7


Вклучувањето на паричните еквиваленти беше предмет на критика, бидејќи тоа не го
одразува начинот на кој се раководи со друштвата: конкретно, барањето дека некое

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 353


вложување може да биде паричен еквивалент само ако доспева во рок од три месеци се
смета за нереално.
Управувањето со средствата што се слични на парите (т.е. „паричните еквиваленти“) не
е разграничено од другите одлуки за вложување.

354 21: Извештаи за парични текови  F7 Финансиско известување


Резиме на главата
• Извештаите за парични текови се корисен додаток на финансиските извештаи, бидејќи
е прифатено дека сметководствената добивка не е единствениот показател за
успешноста на едно друштво.
• Треба да бидете свесни за форматот на извештајот што е утврден во МСС 7;
утврдувањето на форматот е клучниот прв чекор во изготвувањето на извештајот, така
што овој формат мора да се научи.
• МСС 7 беше воведен за да им обезбеди на корисниците начин за оценување на
способноста на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и за неговите
потреби за искористување на таквите парични текови.

Краток тест
1 Што е целта на извештајот за парични текови?
2 Стандардните наслови во МСС 7 Извештај за парични текови се:
• О......... а.........
• В......... а.........
• Ф......... а.........
• Нето ................ на п... и ......................... .
3 Паричните еквиваленти се вложувања во тековни средства што доспеваат или можат да
се откупат во рок од три месеци по крајот на годината.

Точно
Неточно
4 Зошто е поверојатно дека ќе се сретнете со индиректниот метод отколку со директниот
метод?
5 Наведете пет предности на сметководството според паричните текови.

Одговори на краткиот тест


1 За да се покаже способноста на ентитетот за генерирање пари и парични еквиваленти.
2 • Оперативни активности
• Вложувачки активности
• Финансиски активности
• Нето-зголемување (намалување) на пари и парични еквиваленти
3 Неточно. Видете ја дефиницијата во точката 1.6 ако не сте сигурни за ова.
4 Индиректниот метод користи износи што се појавуваат во финансиските извештаи.
Износите што се потребни за директниот метод можат да не бидат лесно достапни.
5 Видете точка 3.3.

Сега обидете се да го одговорите долунаведеното прашање од Збирката испитни прашања

Број Ниво Поени Време


27 – 14 25 минути
28 Испит 25 45 минути

F7 Финансиско известување  21: Извештаи за парични текови 355

You might also like