Professional Documents
Culture Documents
Митот за сизиф
Митот за сизиф
Но и таму итриот Сизиф успеал да се снајде. Тој уште пред да оди во пеколот ѝ
кажал на својата жена да не го погребува неговото тело и да не дава
задушница, ниту какви и да било жртви на подземните богови. Хад и
Персефона долго чекале жртви од жена му на Сизиф, но попусто. Најпосле,
Сизиф се приближил до тронот на Хад и му рекол:
Така Сизиф го измамил богот Хад и тој го пуштил да оди на горниот свет. Се
разбира кога Сизиф пак ги искусил убавините на земјата, ни на крај ум не му
идело пак да се врати во пеколот, туку си останал во раскошниот дворец и
весело пирувал, радувајќи се дека тој е единствениот меѓу смртните кој умеел
да се врати од подземното царство на умрените.