You are on page 1of 3

СОФИСТИ

ГОРГИЈА
Горгија бил роден -483-375 г.п.н.е. во Леонтин, Сицилија. Во Атина доаѓа 427
г.п.н.е. како пратеник на својот нападнат град, за да бара помош од Атина. На
неговата беседничка вештина се восхитувале сите. Тогаш со своите говори
постигнал голем успех со што славата за реторика ја пренел од Сицилија на
Грција. Младите биле воодушевени од неговите говори, го молеле да ги научи
на таа вештина, а за возраст бил богато наградуван.Меѓутоа, не само како
говорник и учител во ораторството тој се истакнал и во филозофијата со својот
теоретски "нихилизам". Во своите списи "За она што не постои или за
природата", Горгија ја продолжува елејската филозофија, но не признавајќи дека
постои битието.
Тој поставува три тези:
1.Ништо нема, ништо не постои.
2. И да постои нешто не можеме да го спознаеме.
3.Ако го спознаеме , не можеме да го соопштиме на друг.

• Докажувајќи ја првата теза вели дека за да постои нешто, мора од нешто да


настане, или вечно да постои. Кога би настанало од нешто, тоа ја исцрпува
својата егзистенција со што морало да настане од непостоечко а тоа е
неможно. Исто така вели дека не може ништо вечно да постои. Вечноста има
двојна бесконечност и во минатото и во иднината, а нема ништо што не
знаеме дека е бесконечно. Се е ограничено во времето и во просторот.
• Продолжувајќи ја својата втора теза, Горгија вели дека, кога би постоело
нешто, не можеме да го спознаеме бидејќи се што спознаваме е или сетилно
или разумско.

• Она што е сетилно е чиста неразумност за нашиот разум. На пример, бојата и


мирисот не се суштествени и немаат никаква смисла. Тие не можат да му се
припишат на битието, а не можат да се докажат. На пример, на слепиот не
може да му се докаже за боите. Значи, сетилното за разумот е ништо.

• Она што му изгледа вистинито на разумот не значи дека е вистинито и


сетилно. На пример, со паралелите: ни се чини дека тие во далечината се
доближуваат (сетилно), а значи дека тоа не е можно (разумски).
Горгија бил исто така и славен оратор кој ги пленел слушателите толку многу
што бил масовно имитиран. Тој сметал дека се' е небитие (нихилизам) и дека
постоењето на битието е апсурд.

• Во третата теза, Горгија тврди дека и кога би го спознале нештото не


можеме да го соопштиме на друг. Бидејќи она што го кажуваме се само
зборови или само звуци кои ги користиме по договор. Меѓутоа, зборовите
не можат да бидат ништо бидејќи се произволни симболи кои ги користи
единката.
На пример, ако некој види нешто црвено а друг зелено, и тоа го кажат со
ист збор, тие можат да мислат дека гледаат и изразуваат исто, иако тоа не
е така.
• Вториот дел од филозофијата на Горгија е етиката. Тој се бори против
измислиците со кои слабите сакаат да ги потчинат силните, со што зазел
став за одбраната на над човекот. Горгија мисли дека човечката природа е
во волјата за моќ, за владеење со себе и со другите, со што тој прв ја
замислил етиката за натпросечното. Горгија вели дека се е борба, а
правото лежи кај посилниот. Па затоа правото претставува сретство за
ограничување на посилните. Тогаш, правото добива етичка вредност;
масите подобро се организираат а силните се задоволуваат. Горгија вели
дека правото е нож со две сечива, бидејќи од една страна е сретство на
масите против силните, а од друга страна сретство за отстранување на
волјата на силните, каде има етичка вредност.

• (Со ова учење тој го гради скептицизмот и нихилизмот).

Помлади софисти, Антифонт, Хипија и Каликле


Антифонт

• Тој е од Атина учел дека сите луѓе се еднакви без разлика дали се Хелени ,
дека имаат исти потреби.
• За него законите во државата се произволни и случајни , додека
природните закони се нужни.

• Антифонт се смета дека е најдобра политичката ангажираност во


општеството.

Хипија

• Роден е во Елида. Тој учел дека сите човечки институции се резултат на


договорот на луѓето меѓу нив.
• И поради тоа , според него државните установи ја ограничуваат
човековата слобода.

• Вели дека поради тоа таа треба да биде ориентација за полисот и за


неговите закони.

• Каликле
• Каликле е грчки филозоф , политичар и софист . Тој истакнувал дека
моралот не е нешто нужно и општо за сите. Моралот го измислиле
старите генерации за борба против силните.

You might also like