You are on page 1of 2

Образец бр.

12
Решение за отфрлање на предлогот во случај кога должникот (физичко лице)
починал пред поднесување на предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог,
односно кога должникот (правно лице) поради ликвидација или стечај е избришан од
Централниот регистар, а нотарот за тоа дознал во фазата на достава на решението.

Република Македонија
НОТАР
--------------------------
за подрачјето на Основниот суд ------------
ул. ------------------- бр. -----
----------------
НПН бр.____/_____

Нотарот ______ од _____ постапувајќи по Предлогот за издавање на решение за нотарски платен


налог на доверителот ______ од _____, против должникот ______ од ______, за наплата на парично
побарување од _____ денари, постапувајќи по службена должност, во согласност со член 70 став (1) и член
74 од Законот за парничната постапка (или член 203 став (2) од ЗПП за правни лица), а во врска со член 81
од Законот за нотаријатот (Сл. весник на РМ бр. 72/16, 142/16 и 233/18), на ден _____ година го донесе
следното:

РЕШЕНИЕ
I.Решението за издавање на нотарски платен налог НПН Бр. _______ од ______ год., СЕ
УКИНУВА.
II.Предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа
на доверителот ______ од _____, против должникот ______ од ______, за наплата на парично побарување од
_____ денари, СЕ ОТФРЛА.
III.Се задолжува доверителот да му плати на нотарот трошоци во износ од 625,оо денари од кои: на
име нотарска награда во износ од 500,оо ден. и материјални трошоци за достава во износ од 125,оо ден, во
рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на решението.

Образложение
Постапувајќи по Предлогот за издавање на нотарски платен налог врз основа на веродостојна
исправа , на доверителот ______ од _____, против должникот _______ од ______ за наплата на парично
побарувањеод _____ денари, нотарот го има донесено решението за издавање на нотарски платен налог
НПН Бр. _____. Меѓутоа, во текот на доставата на решението од (да се наведе на кој начин) се дојде до
податок дека (должникот починал пред поднесување на предлогот - должникот е избришан од Централниот
регистар поради ликвидација или стечај), што значи дека поради немање на странка не постоеле процесни
претпоставки за неговото донесување.
Поради наведеното е решено како во изреката на ова решение, во согласност со член 70 став (1) и
член 74 од Законот за парничната постапка (или член 203 став (2) од за правни лица), а во врска со член 81
од Законот за нотаријатот.
Во однос на наградата и трошоците се одлучи во смисла на член 75 од Законот за нотаријатот и
член 24 и 28 од Нотарската тарифа и се задолжи доверителот да плати износ од 625,оо денари на име
награда и трошоци во постапката.
Во_________на ден_______година
НОТАР
________________
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение дозволен е приговор во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот,
преку овој нотар до Основен суд ______________.
Доставено до:
- Доверителoт и
- Архива на нотарот

You might also like