You are on page 1of 3

АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА

И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР


И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА
РЕПУБЛИКАТА - СКОПЈЕ
ул. Орце Николов бр. 138, Скопје, пошт. фах 474, телeфон: 3111-387

Согласно Решението за формирање Комисија за разгледување на Понуда за


соинвеститорство од Друштво за градежни работи, трговија и услуги ДВА
БРАТА ГРАДИТЕЛИ ДОО увоз-извоз Трубарево донесено од Генерален
Директор на АДСДП под бр.02-5149/1 од 15.06.2020 година, Комисијата во
следниот состав:

-Билјана Главинчевска Вранишковска- Претседател


-Ленче Попова-член
-Билјана Лаброска-член
-Дарко Атанасовски-член
Сања Анѓелеска-член

го доставува следниот
ИЗВЕШТАЈ

На ден 17.06.2020 година на Комисијата формирана со цитираното решение и беше


предадена документација во врска со понуда за соинвеститорство од Друштво за
градежни работи, трговија и услуги ДВА БРАТА ГРАДИТЕЛИ ДОО увоз-извоз
Трубарево за објект на Ул.Анастас Митрев бр.3, собрана и комплетирана од
претходната Комисија која работела на овој предмет.

Постапувајќи по задолженијата наведени во член 2 од Решението бр.02-5149/1


од 15.06.2020 година Комисјата утврди дека:

A. Техничката документација доставена од барателот е комплетна и тоа:

 Имотен лист 113217 за КО Кисела Вода 2 за недвижен имот земјиште за


градежна парцела 4.1 КО Кисела Вода 2
 Решение за приватизација на градежно земјиште Уп1 бр.26-3400 од 03.06.2019
година, заверен препис кај Нотар Зафир Хаџи Зафиров под бр.УЗП
бр.2265/2020 од 28.02.2020 година;
 Извод од План 582/2019 графички приказ издаден од Општина Аеродром под
бр.18-3608/2 од 20.09.2019 година
 Геодетски елаборат за посебни намени за нумерички податоци за градежна
парцела изработен од ДИПТУ ГЕО СТОЛЕ ДОО Скопје, под бр. 0811/20 од
02.03.2020 година,
 Идеен Основен проект за А2 Домување во станбени згради Пр+5+поткровје,
фаза архитектура тех.бр.136/19 од 11.07.2019 година, изработен во ноември
2019 година
 Извештај од ревизија на основен проект: фаза Архитектура, тех.бр.148-1/19 од
ноември 2019 година
 Договори за пренесување право на градење и соинвеститорска градба
склучени со сите останати сопственици на станбените единици во станбениот
објект, солемнизирани и уредно заверени на нотар, како доказ дека се уредени
АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор
страна 1 од 3
од значење за Републиката – Скопје
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА
И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР
И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА
РЕПУБЛИКАТА - СКОПЈЕ
ул. Орце Николов бр. 138, Скопје, пошт. фах 474, телeфон: 3111-387

имотно правните односи со сите сопственици на недвижниот имот опфатен во


рамките на градежната парцела

Б . Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со


деловен простор од значење за Републиката – Скопје на предметната локација
за градење стопанисува со еден стан со вкупна површина од 17 м2 , заведен во
ИЛ 11524 за КО Кисела Вода 2 . Комисијата веднаш на ден 17.06.2020 година
побара произнесување во однос на фактичката состојба со станот од ПО Скопје
при што со допис бр.09-3433/2 од 17.06.2020 година добиени се следните
податоци:

Секторот за стопанисување со станбен простор во Подружница Скопје во својата


евиденција води стан на Ул.Анастас Митрев бр.3/2-8 под шрифра 708-0033-008-
27 со површина од 17 м2, запишан во ИЛ ИЛ 11524 за КО Кисела Вода 2 со право
на стопанисување на АДСДП.

За станот, Комисијата за станбени прашања при Влада на РСМ има донесено


Решение бр.23-321/2 од 29.08.2019 година со кое му се доделува под закуп на
лицето Фреди Голиќ. Извршено е примопредавање на станот со Записник за
примопредавање бр.09-106/1 од 08.11.2019 година. Изготвен е договор за закуп
на станот, однесен е договорот на Нотар за потпишување но ова лице нема
пристапено кон потпишување на договорот.

В. Согласно дополнетата понуда на инвеститорот заведена под бр.03-2604/1 од


03.03.2020 година и понуда бр.02-5149/4 од 17.06.2020 година Друштвото за
градежни работи, трговија и услуги ДВА БРАТА ГРАДИТЕЛИ ДОО увоз-извоз
Трубарево за соинвеститорство во новозиградениот објект на Ул.Анастас Митрев
бр.3, на Република Северна Македонија му нуди една станбена единица и тоа
стан бр. 56, влез 1, кат ПК со површина од 36,49 м2, паркинг место бр. 12, кат
ПО -1 со површина од 18,05 м2 и остава бр.67 со површина од 6,09 м2 кат ПО
-1.

Воедно, инвеститорот во својата понуда ги наведува и следните работи:


- Рокот за изведба на градежните работи ќе изнесува 24 месеци сметано од
денот на добивање правосилно одобрение за градење;
- Инвеститорот е согласен доколку Акционерското друштво има закупец во
станот, на истиот да му обезбеди месечен надомест во износ од 150 евра
сметано од денот на правосилност на одобрението за градба па се додека
градбата не биде завршена одосно до технички прием на објектот .
- Инвеститорот е согласен да ги подмири сите трошоци во целост кои ќе
произлезат заради рализација на станбениот објект.

Г. Во поглед на понудениот процент на станбена површина како соодветна на


вложувањата и имотот кои ги има на предметната градежна локација произлегува
следното:

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и страна 2 од 3


соделовен простор од значење за Републиката – Скопје
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА
И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР
И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА
РЕПУБЛИКАТА - СКОПЈЕ
ул. Орце Николов бр. 138, Скопје, пошт. фах 474, телeфон: 3111-387

Вкупна нето површина на станбен простор 6078,02 м2,


Вкупна нето површина на гаражен простор 3801,80 м2 (98 паркинг места и 12
подруми),
Вкупна нето површина на станбен простор со кој стопанисува АДСДП 17 м2,
Процент од предложените понудени површини од Инвеститорот на сопствениците на
постоечките (18) станови 27,68 %

Комисијата го доставува овој извештај со следното мислење :

- Има економска оправданост да се прифати понудата со оглед на понудениот


процент на станбена површина како соодветна на вложувањата и имотот кои
ги има РСМ на предметната Градежна парцела.

Меѓутоа да се има во предвид дека:

- Да се има во предвид дека оваа локација на Ул.Анастас Митрев бр.3 не е


предвидена во Годишната програма за изградба, продажба и одржување на
станбениот простор во сосптвеност на Републиак Северна макеоднија за 2020
година,
- Да се утврди статусот на лицето Фреди Голиќ кој го добил станот на Ул.
Анастас Митрев бр.3/2-8 со Решение бр.23-321/2 од 29.08.2019 година , а кој
не потпишал договор за закуп.

Во прилог ви доставуваме табеларен преглед на на нето површини од Основниот


проект за станбениот и гаражниот простор по катови.

Доставено до: Кабинет на Генерален директор,


Архива

Комисија:
-Билјана Главинчевска Вранишковска- Претседател
-Ленче Попова-член
-Билјана Лаброска-член
-Дарко Атанасовски-член
Сања Анѓелеска-член

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и страна 3 од 3


соделовен простор од значење за Републиката – Скопје

You might also like