You are on page 1of 2

Република Северна Македонија Republikae Maqedonisë së Veriut

Државно правобранителство на Avokatura Shtetëroree Republikës


Република Северна Македонија së Maqedonisë së Veriut

II М бр.280/20
Скопје, 17.12.2020 годинa,
Државно правобранителство
на Република Северна Македонија
Бул. Гоце Делчев бр.18
1000 Скопје
Тел.02/3230-214,3230-217
Фах. 02/3229-351
e-mail. dpskopje@dprsm.gov.mk

ДО
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
СКОПЈЕ

ПРЕДМЕТ : Мислење

ВРСКА Ваш број : УП1 бр.30-24 од 01.07.2020 година

Почитувани,

По повод Ваше доставено Барање мислење со доставена документација


по електронски пат за нацрт текст Договор за оттуѓување на градежно земјиште
сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба за
оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или
урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30%
од градежната парцела, кој треба да се склучи помеѓу Република Северна
Македонија преку Општина Ѓорче Петров како отуѓувач и Сашо Савевски од
Скопје и Киро Савевски од Скопје како купувачи, за недвижен имот градежно
земјиште на Г.П.бр.4.109 кое преставува КПбр.13578/3 КО Ѓорче Петров 6-Ѓорче
Петров во површина од 14м2 евидентиран во имотен лист бр.97614 Ѓорче
Петров 6-Ѓорче Петров, во вонцентрално подрачје со основна намена А2-
домување во стамбени згради по цена од 9.600,00 ден./м2 и компатибилна класа
на намени Б5, Б1, Б2, Б4, В3, В4, Д3 по цена од 12.800,00 денари по м2 (во
сооднос 70% со 30%), односно цена од 10.560,00 денари по м2 за површина 14 м2
или вкупна цена од 147.840,00 денари со намена предвидено со Извод од план
бр.154/2020 од 12.02.2020 година за ГП бр.4.109 А2-домување во стамбена
згради.
Државно правобранитество на РСМ смета дека согласно член 9, член 16 и
член 51 од Устав на Република Северна Македонија, согласно член 3, 29 и 30 од
Закон за нотаријатот, член 12 и 13 од Закон за државно правобранителство и
доколку договорните страни постапуваат согласно начелата на Законот за
облигациони односи а посебно на начело на свесност и чесност забрана на
злоупотреба на право, забрана на предизвикување на штета смета дека е
доставена потребната документација за наведениот Нацрт текст на Договор
УП1.бр.30-24 истакнуваме дека немаме забелешки на содржината на нацрт текст
на Договорот.

1 /2
Република Северна Македонија Republikae Maqedonisë së Veriut
Државно правобранителство на Avokatura Shtetëroree Republikës
Република Северна Македонија së Maqedonisë së Veriut

Во однос на Нацрт текст на Решение УП1.бр.30-24 од 01.07.2020 година,


сметаме дека согласно член 9, 16 и 51 од Устав на Република Северна
Македонија, член 12 и 13 од Закон за Државно правобранителство, сметаме дека
е доставена потребната документација за Предлог Нацрт на Решение,
истакнуваме дека немаме забелешки на содржина на предлог нацрт Решение.
Согласно член 51 од Устав на Република Северна Македонија, Мислењето
на Државно правобранителство на Република Северна Македонија не е пропис и
не е извор на право, а согласно член 21 од Закон за облигациони односи не е
дозвола и одобрение.
Благодариме на соработката.

Со почит,

ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
ЗА ПОДРАЧЈЕ СКОПЈЕ
Орхан Рамадани

2 /2

You might also like