You are on page 1of 72

ПРОЕКТАНТСКА ФИРМА : ДПТУ “АВЕНИЈА ИНЖЕНЕРИНГ” ДООЕЛ - СТРУМИЦА

Digitally signed by ZVONKO PECEV

ZVONKO DN: cn=ZVONKO PECEV gn=ZVONKO


c=MK e=pecev_66@yahoo.com
Reason: I have reviewed this document

PECEV Location:
Date: 2021-10-06 08:13+02:00

ZVONKO
Digitally signed by ZVONKO PECEV
DN: cn=ZVONKO PECEV
gn=ZVONKO c=MK o=DGUT KONING
GRADBA DOOEL ou=DOOEL
ППЗ
e=pecev_66@yahoo.com

PECEV Reason: I have reviewed this document


Location:
Date: 2021-10-06 08:32+02:00

Тех.број: 08/03-21

ОСНОВЕН ПРОЕКТ
ТРГОВСКИ ОБЈЕКТ

Инвеститор: ДТГМ „МЕБЕЛ ВИ БРАНКО“ ДООЕЛ Виница

Digitally signed by
Објект: ТРГОВСКИ ОБЈЕКТ
NASKO NASKO KARAJANOV
KARAJANOV Date: 2021.10.03
23:33:05 +02'00'
Локација: КП БР.685/1 во КО Добрејци - Општина Струмица

Фаза: ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

BRANKO Digitally
BRANKO
signed by
СЕПТЕМВРИ 2021
DRASHKOV DRASHKOVIKJ
Date: 2021.10.03
IKJ 23:35:12 +02'00'
Врз основа на член 18 од Законот за градење (Сл. врсник на Р.Македонија
бр.130 од 28.10.2009) управителот на ДПТУ “Авенија Инженеринг” ДООЕЛ го
донесе следново:

РЕШЕНИЕ

за одредување одговорен проектант за изработка на проектна


документација

Објект: ТРГОВСКИ ОБЈЕКТ

Инвеститор: ДТГМ „ МЕБЕЛ ВИ БРАНКО “ ДООЕЛ Виница

Локација: К.П. бр.685/1 К.О. Добрејци - Општина Струмица

За изработка на фаза Противпожарна заштита се одредува лицето:


Наско Карајанов д.м.и, со Овластување “Б” бр.9.0448 од 28.09.2016 год

Управител:

Бранко Драшковиќ
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи
ППЗ

СОДРЖИНА:

1. ОПШТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 Решение од регистрација на друштво од централен регистар на Р.С.Македонија


 Лиценца за проектирање
 Решение за одредување одговорен проектант
 Овластување за проектирање
 Изјава на проектантите
 Проектна задача

2. ТЕКСТУАЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА :

1.Проценка на загрозеност од пожари, експлозии и опасни материи


1.1. Карактеристики на локацијата
1.2. Степен на урбанизираност
1.3. Степен на загрозеност од пожари, експлозии и опасни материи
1.4. Услови кои погодуваат на пожарите, експлозиите и опасни материи
1.4. Растојанир меѓу објектите на избраната локација и мерки што
произлегуваат од диспозиција на објектите
1.5. Опис и намена на објектите вцртани во ситуацијата
1.6. Анализа и проценка на опасностите од пожари
2. Избор на мерки за заштита од пожари
3. Потребно количество и притисок на вода во хидрантската мрежа за гаснење
на пожар.
4. Потребни уреди, техничка опрема и средства за гаснење на пожари.
5. Уреди за вентилација на просториите
6. Електрични инсталации
7. Приодни патишта и премини
8. Излези и патишта за евакуација на загрозени лица и материјални добра
9. Избор и поставување на уреди и инсталации за автоматско
откривање, јавување и гаснење на пожари
10.-Организација на заштита од пожари и тактичко оперативни постапки во тек на
градба на објектот.
11.-Прописи врз основа на кои се засноваат решенијата за заштита од
пожари.

ПРЕДМЕР: - Противпожарна опрема

2. ГРАФИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА :

 Легенда
 Ситуација
 Основи со ПП-опрема
 Основи со насоки за евакуација
 Превземени графички прилози од Електрика
 Превземени графички прилози од Електрика
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

КОРИСТЕНИ НОРМАТИВНИ АКТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И


ОПАСНИ МАТЕРИИ

- Закон за пожарникарство („Сл. Весник на РСМ“ бр. 67/04 и 81/07)


- Закон за заштита и спасување (пречистен текст „Сл. Весник на РСМ“ бр.93/12)
- Упатство за содржината на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни
материи („Сл. Весник на РСМ“ бр. 139/10)
- Уредба за спроведување на мерката заштитата и спасувањето од пожари, експлозии
и опасни материи („Сл.весник на РСМ“ бр. 100/10)
- Правилник за формата на обрасците, начинот на водење на евиденциите на
настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење на пожари и други настани
(„Сл.весник на РСМ“ бр. 60/06)
- Правилник за изборот на видовите и на количините на против пожарните апарати со
кои треба да располагаат правните лица и граѓаните како и за криериумите што
треба да ги исполнуваат правните лица кои што вршат сервисен преглед и
контролно испитување на против пожарните апарати („Сл.весник на РСМ“ бр.
105/05)
- Правилник за измени и дополнениа на правилникот за техничките нормативи за
заштита од пожари и експлозии при чистење на садови за запаливи течности
(„Сл.весник на РСМ“ бр. 60/86)
- Правилник за техничките нормативи за хидрантска мрежа за гаснење на пожари
(„Сл. Весник на РМ“ бр. 31/06и бр. 31/11)
- Правилник за македонските стандарди за заштита на објекти од атмосферски
празнења („Сл. Весник на РСМ“ бр. 101/00)
- Правилник за начинот на одредување на местата за кои задолжително треба да се
наоѓаат уредите и инсталациите за заштита од пожари, другата против пожарна
опрема, средствата за гаснење пожари и против пожарните апарати, нивното
одржување во исправна состојба посебното обележување и достапноста за
употреба („Сл. Весник на РСМ“ бр. 74/2006).
- Правилник за мерките за заштита од пожар, експлозии и опасни материи („Сл.
Весник на РСМ“ бр. 32/2011).
- Правилник за суштински барања на градежни објекти („ Сл. весник на РМ“ бр.74/06)

Правилник за одржување во исправна состојба на оџаците, димоводните уреди,


системите за воздух, системите за воздушно и водено греење, огништата - котли за
парно греење во објекти, како и во индустриски и занаетчиски постројки („Сл. весник на
РСМ“ бр.146/10)

2
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

1. ПРОЦЕНКА НА ЗАГРОЗЕНОСТ ОД ПОЖАРИ

За потребите на Инвеститорот ДТГМ“МЕБЕЛ ВИ БРАНКО”ДООЕЛ Виница, се


изготвува Основен проект за Трговски Објект на локација К.П.бр.685/1 КО Добрејци-
Општина Струмица. За таа цел се изработува „Елаборат за заштита од пожари,
експлозии и опасни материи“ а во согласност со позитивните прописи во Република
Северна Македонија, меѓународните стандарди и правила на техничка пракса, со
применување на современи и ефикасни решенија.
На самиот почеток извршено е согледување на фактот да сигурноста на луѓето
и имотот од пожари и сигурноста при работење и функционирање на објектот
најрационално се постигнува со превентивни мерки.
Превентивната заштита од пожари, експлозии и опасни материи е комплексно
подрачје од причина што во себе ги вклучува сите фактори кои влијаат на сигурноста
и заштитата од пожарите а тоа се: материјални, технички, човечки и организациски. За
таа цел се користени податоци од условите диктирани од самата локација, како и
усогласување со другите фази на Основниот проект како што се: архитектура, статика,
електрика, водовод, безбедност и здравје при работа, заштита на животната средина и
други податоци од литература што ја третира тематиката на заштита од пожари за
вакви и слични објекти, како и податоци од инвеститорот дадени со проектната
програма, како целосно би била оформена целокупната функција на објектот а притоа
имајќи ја во предвид безбедноста по објектот и лицата што престојуваат во него.
Почетните услови за правилна превентивна заштита со потребните мерки мерки
се дадени со определување на локацијата со постоечките урбанистички услови при што
се дефинирани пристапните патишта за противпожарните возила со техника и опрема,
односот кон соседените објекти, начинот на снабдување со вода за гаснење и други
средства и постапки за гаснење на пожар, заштита од технолошки експлозии и заштита
од акциденти со опасни материи. Поради тоа, при изработка на решенијата со мерките
за заштита од пожари, експлозии и опасни матертии водено е сметка за условите
диктирани од самата локација, како и функцијата на објектот, вземните влијанија на
обектот и на соседните објекти, пристапот до локацијата и слободниот простор.

1.1. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛОКАЦИЈАТА

Макро и микро локација


Локацијата се наооѓа на К.П.бр.685/1 КО Добрејци-Општина Струмица.Теренот
е рамен,објектот е ориентиран со подолгата страна во правец запад-исток со правилна
правоаголна форма.
Работните простории на објектот “ТРГОСВСКИ ОБЈЕКТ” се сместени во два објекти
кои имаат различни влезови и излези. Објектот е составен од две целини и тоа :

ТРГОВСКА ПОВРШИНА П+1

И ЗАТВОРЕН ПАРКИНГ

Парцелата на која се наоѓа објектот не граничи со ниту еден објект наоколу,теренот


на парцелата е рамен. Пристапот до парцелата е овозможен преку пристапна улица од
западната страна,воедно и тоа е единствен влез во парцелата.Локацијата е снабдена
со сите инфраструктурни системи како што се:
водовод, фекална и атмосферска канализација, електрични и телефонски водови.

3
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Оддалеченоста од Територијалната противпожарна единица на Град Струмица


изнесува 5.8 км, па во случај на потреба за нивна интервенција, противпожарните
екипи со ПП возила, опрема и техника до локацијата би стигнала за 10 мин. и би
отпочнала со интервенција од моментот на известување за настаанат пожар. За
одбележување е дека битен фактор за пристигање на противпожарните екипи и
отпочнување со активности и интервенирање за локализирање и гасење на евентуално
настанат пожар се и сообраќајните услови т.е. фрекфентноста и проодноста на
пристапните сообраќајници.
До локацијата, а со самото тоа и до објектот предвиден е непречен пристап за ПП-
екипи на ТТПЕ Струмица од најмалку една страна и тоа: од северозапад каде што е и
главниот влез на парцелата.Во случај на интервенирање на силите за заштита и
спасување, е обезбеден непречен пристап за спасувачките екипи од најмалку една
страна со што се обезбедени услови за брзо и ефикасно интервенирање во случај на
потреба за гаснење на евентуално настанат пожар, евакуирање на луѓето и имотот и
отстранување на последиците од настанатиот пожар или друга штетна појава.

Сл.Растојание од најблиската ППЕ (од Струмица до објектот)

4
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Степен на урбанизираност и процент на изграденост

Дадената градежна парцела дефинирана со градежните и регулационите линии


претставува површина на предметната локација и согласно зададените параметри не
се дозволуваат отстапувања.Во графичкиот дел од проектот, во ситуационото решение
е прикажана поставеноста на објектот.

Климатско-хидролошки услови

Локолитетот има умерено-континентална клима со четири годишни времиња и се


одликува со умерено просечно количество на врнежи на годишно ниво и истото нема
битно влијание врз згрозеноста на објектот од пожари.
Рељефот на градот се карактеризира како ридски и рамничарски. Предметната
локација се наоѓа на слаборидест терен кој е погоден за предметната градба. Според
инженерско-геолошките услови теренот според стабилноста се категоризира како
претежно нестабилен и каде се можни појави на сите деформации како последица на
природните услови и на делувањето на човекот.

Природни и вештачки препреки

На локацијата нема природни и вештачки препреки кои би можеле да имаат влијание


врз превентивните мерки за заштита од пожари, врз условите за гасење при
евентуално настанат пожар, како и за евакуација на имотот и луѓето (вработени и
посетители) во случај на опасност.Околу објектот односно на самата непосредна и
поширока околина на локацијата предвидено е да се насадат и изведат украсни дрвја и
зелени површини, согласно со планот за хортикултурно уредување, како на самата
локација така и на околината во зависност од просторниот и урбанистичкиот план за тој
дел од просторот на парцелата а особено имајќи во предвид фактот дека локацијата се
наоѓа надвор од градско подрачје.

Услови кои погодуваат на пожарите, експлозиите и опасни материи

Секое неконтролирано горење кое причинува материјална штета и претставува било


каква опасност се нарекува пожар. На развојот на пожарот дејствуваат повеќе фактори
од кои најважни се:

 Количината и видот на запалливата материја;


 Местото на настанување на пожарот;
 Струењето на воздухот;
 Ослободувањето на чад и други гасови.

Во последните 10 години како причина за појава на пожари во деловните и јавни


објекти се јавуваат:

Причини за појава на пожар Процентуална застапеност


Електрични апарати и уреди 28,3
Триење 27,55
Електрични проводници – куса врска 15,85
Загреани проводници 2,65
Преоптоварување -
Самозапалување 2,26
Оштетување - дефект 1,89
5
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Отворен пламен 1,13


Заварување 1,13
Градежни недостатоци 0,75
Ложишта – огништа 0,75
Рушење 0,75
Статички електрицитет 0,38
Брусење 0,38
Експлозии 0,38
Останати причини 3,40
Неутврдено 12,45

Растојание меѓу објектите на избраната локација конструктивно градежни и


технички мерки што произлегуваат од диспозицијата на објектите

Безбедното растојание помеѓу објектите има голема улога и значење во заштитата


од пожари и експлозии, како за спречување на опасноста од ширење на пожар од
еден на друг објект, така и за непречена комуникација помеѓу објектите (посебно за
потребата од простор за движење на ПП возила, возилата на прва помош,
полицијата и др.).
За определување на безбедното растојание помеѓу објектите потребно е да се
земат предвид повеќе параметри и тоа:
- Параметри кои системски не упатуваат пред појавата на несреќите (пожарното
оптоварување, огноотпорноста на материјалите и констру-кциите, пожарните
сектори, технолошките процеси и присуството на опасните материи, примената
на мерките за заштитата од пожари, оддалеченоста на ПП единицата и др.);
- Параметри во врска со појавата и развојот на пожарите (проценка на ризикот од
појава на пожар, времето на слободен развој на пожарот, времето на траење на
пожарите, временско – климатските карактеристики и др.);
- Параметри во врска со заедничките карактеристики помеѓу објектите во услови
на ширење на пожар (намената на објектите, големината на објектите, степенот
на запалливост на материјалите во објектите, положбата и поставеноста на
објектите и др.).
- При одредување на безбедното растојание помеѓу објектите се зема предвид и
резултатот од пресметката за вредноста на пренесување на топлината од еден
на друг објект.
- Многу често за одредување на минималното безбедно растојание Lmin се
пристапува според критериумот за рушење на објектите. Во вакви случаи се
зема предвид висината – h на објектите.
Lmin=(h1 +h2)/2 +a
Каде што:
h1 и h2 се висините на соседните објекти,
a (const) константа која изнесува минимално 4 метри, тоа е минимална широчина на
слободната проодна патека за интервенции после рушењето на објектите.
Со зголемување на минималното растојание на соседните објекти за константата а(
а=4 м), се обезбедува пристап на ПП возила и други возила и услови за непречена
интервенција на пожарникарите и евакуација на загрозените лица.
Ова растојание е од голема важност за високите објекти во услови на пожар кога од
објектот се одделуваат материјални предмети (стакла, малтер, граѓа и др.), кои
паѓаат во околниот простор на објектот на растојание од 5 до 12 метри, а тоа
6
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

претставува реална опасност за луѓето и за пожарникарските и други екипи кои


интервенираат на објектот.
За конкретниот случај треба да се напомене дека иако има само еден соседен
објектот нема соседни објекти кои се со голема висина и помеѓу самите објекти има
доволно големо растојание (помеѓу нив се наоѓаат улици), така што поставеноста на
објектите овозможува брз и не сметан пристап на возилата за техничка помош.
Овој услов кај набљудуваниот објект е исполнет.
Широчината и позицијата на сообраќајниците овозможува брз и не пречен
пристап на возилата за техничка помош до сите страни на објектите, а најмалку од
две страни на објектот.
Сообраќајниците и пристапните патишта до објектот треба да ги исполнуваат
следните услови:
 Да издржат оптеретување на современите противпожарни возила (најмал оскин
притисок од 10 t);
 Ширината на двонасочните сообраќајници да биде најмалку 5,5 m;
 Радиусот на кривините да не биде помал од 6 m;
 Висината на рабните камења да не биде поголема од 12 cm.
Главниот пристапен пат до објектот за ПП возилата (со влез во дворното место на
објектот) е од новопроектирана улица, и истата ги исполнува овие услови .

Влезот во дворот на објектот одговара на предвидените стандарди – има


доволна широчина од минимално по прописи бараната.
1.7. Опис и намена на објектите вцртани во ситуацијата
Вкупната површина на објектот изнесува 2797м2. Објектот има два дела
(Трговска површина и затворен паркинг), Трговската површина на објектот се наоѓа
на две нивоа (Пр +1) и е изграден од метална конструкција, додека затворениот
простор се наоѓа на едно ниво исто така од конструкција (Метална конструкција со
челични столбови и решеткасти носачи на кровот, покриен со кровен панел. Објектот
фасадно е опшиен со полиуретански кои исто така ја дефинираат и внатрешноста на
објектот со комбинација од други материјали.
Подот е армирано бетонска плоча покриена со изолација. Подовите се
проектирани во зависност од нивната поставеност и намена: индустриски подови.
Фасадната столарија на објектот е алуминиум застаклена со стакло.
Внатрешните врати се комбинирани.Објектот е проектиран и изведен од материјали
кои се oтпорни на пожар и ги исполнуваат поставените барања за заштита од
пожари.
1.8. Mерки за заштита на вработените и имотот

1.8.1.Општи забелешки и обврски на корисниците на уредите и опремата

Корисниците на уредите и опремата и вработените се должни да стават во


употреба средства за работа и лични заштитни средства кои се изработени во склад
со важечките стандарди и кои се исправни.
Корисниците се должни да вршат преглед на сите средства за работа и лични
заштитни средства и да ги исклучат од употреба сите средства за работа и лични
заштитни средства на кои настанале промени заради кои постои опасност за
здравјето и животот на работниците.

7
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Корисниците се должни да го осигураат изведувањето на работниот процес во склад


со прописите за заштита при работа, така што сите средства за работа и лични
заштитни средства кои се користат само за нивната намена и на начин со кои се
осигурува сигурна работа, како и да ги користат само работниците на кои им се
дадени на користење.
Ракувањето со инсталаците за централно греење, електричните инсталации,
хидрантската и водоводната инсталација мора да се извршува во склад со
упатството дадено во соодветниот проект, упатствата на испорачателот на опремата
и важечките прописи.

АНАЛИЗА И ПРОЦЕНКА НА ОПАСНОСТИТЕ ОД ПОЖАРИ,ЕКСПЛОЗИИ И


ОПАСНИ МАТЕРИИ
Класи на пожари

Пожарите се поделени на класи. Класите се одредени според видот и


карактеристиките на материјата што учествува во процесот на горењето. За
одредување на класите на пожар се применуваат домашните и меѓународните
стандарди. Кај нас во Р. Македонија класите на пожари се поделени на : А, Б, Ц, Д и
Е класа. Во табелата подолу се прикажани класите на пожари.

Карактеристики
КЛАСА А
Пожари на цврсти материи кои согоруваат на еден од следните три начини:
-Промена на агрегатната состојба: цврстиот материјал преминува во течна
состојба, а од течна во гасовита па потоа согорува;
-Согорување без појава на пламен, само зажарување; цврстото тело се зажарува
и согорува во хетерогена состојба;
-цврстите тела кои согоруваат со појава на пламен и жар. Во оваа група најчесто
спаѓаат целулозните материјали, дрво, сено, слама, хартија, текстил и сите други
материјали во цврста состојба освен металите.
Како најефикасно средство за гаснење се употребува водата. Може да се
употребат и пена, сув прав.
КЛАСА Б
Во оваа класа на пожари спаѓаат пожарите на запалливите течности. Од
гледна точка на пожарите оваа класа може да се подели на две подгрупи:
-запалливи течности кои се раствораат во вода;
Основни претставници на оваа група се алкохолите.
-запалливи течности кои не се раствараат во вода;
Во оваа група спаѓаат нафтата и нафтените деривати.
Како најефикасно средство за гаснење се употребува пена, а може да се
употребат и сув прашок, јаглероден двооксид и водени магли.
КЛАСА Ц
Претставници на оваа класа се запалливите гасови:
-метан, пропан, бутан, водород, ацетилен и др.
Како средство за гаснење најчесто се применува сув прашок и јаглероден
двооксид.
КЛАСА Д
Оваа класа ги вбројува пожарите на метали, а можат да се поделат на:
-испарливи (по фази на разложување од цврсти во течни, па во гасовити).
Во оваа подгрупа спаѓаат: натриум, калиум, литиум, магнезиум и др.
-неиспарливи. Во оваа подгрупа спаѓаат: алуминиум, титаниум, циркониум и др.
Како средство за гаснење можат да се користат само суви прашоци.
8
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

КЛАСА Е
Во оваа група спаѓаат пожарите кога горат:
-трансформатори;
-електромотори;
-електрични склопки;
-електрични инсталации, кабли;
-електрични апарати и уреди.
Во зависност од видот на материјалот и материјата што гори, се употребува
соодветно средство за гаснење. Најчесто јаглероден двооксид и сув прашок.

Според европската норма EN 2 во земјите од Европската унија постоеше и класата


на пожари Е која од неодамна е отфрлена. Во одредени земји, според нивните
стандарди, класификацијата на пожарите е сведена на три или четири класи и тоа на:
А, Б, Ц или А, Б, Ц и Д, додека во праксата се сретнува и стандард за пожар од класа
Ф. Во табелата е прикажана класа на пожари Ф:

КЛАСА Ф
Во ова класа припаѓаат пожари во кујна кога гори масло за јадење од:
- Растително;
- Животинско потекло.
Како најефикасно средство за гаснење се употребува пена, а може да се
употребат и сув прашок, јаглероден двооксид и водени магли.

Анализа на опаснисти од технолошки експлозии и опасни материи

Имајќи во предвид дека објектот има дистрибутивни специфики во кој ќе


доминираат претежно увозот и извозот, не се предвидува постоење на технолошки
процес во кој би се користеле уреди, опрема, средства и материјали од кои би
постоел ризик за настанување на технолошка експлозија или пак акцидент со опасна
матрија.

АНАЛИЗА НА КОНСТРУКЦИЈАТА И ОГНООТПОРНОСТА НА ГРАДЕЖНО-


КОНСТРУКТИВНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ

Носивата конструкција како и надворешните и внатрешни ѕидови се од цврст


материјал, согласно со потребите на инвеститорот и специфичните барања на
објектот во поглед на потребната статичка и сеизмичка стабилност а имајќи во
предвид и потребата за самата пожарна отпорност на објектот.
Огноотпорноста на одделни конструктивни и структурни елементи е следнава:

-Метални столбови -------------------------------------------------------------- >1,5 часа


-Тисан плоча - меѓукатна конструкција -------------------------------------- >2.5 часа
-Кровна конструкција од челични профили премачкани со
пожарноотпорен премаз -------------------------------------------------------------------- 1,5 часа
-Покривна конструкција од ребрест пластифициран панел
штрафен врз челична потконструкција--------------------------------------------------1,0 часа
-ПП-врата ------------------------------------------------------------------------------------------1,5 часа
-ПП-врата ------------------------------------------------------------------------------------------1,0 часа
-Врата ----------------------------------------------------------------------------------------------- 0,5 часа

9
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Од аспект на применетите градежни материјали што се вградени во самиот


објект, а што е видливо од техничко-технолошкиот опис и приложените графички
прилози, може а се види дека на објектот нема да преовладуваат материјали што се
леснозапаливи, брзогорливи и експлозивни.

СТЕПЕН НА ПОЖАРНА ОТПОРНОСТ НА ОБЈЕКТОТ

Од аспект на видот и карактеристиките на применетите градежно- констуктивни


материјали,вградениот инвентар и опрема, во поглед на однесување во услови на
настанат пожар објектот ќе се одликува со трет степен отпорност на пожар, односно
генерално гледано пожарната отпорност на носечките градежно конструктивни
елементи изнесува повеќе еден до два часа.
При самиот избор на градежните материјали,опремата и ентериерното
уредување на просторот водено е сметка да се употребуваат негорливи или тешко
запаливи материјали кои се спорогорливи и не ослободуваат интензивен
пламен,високи температури и големо количество на топлина или појава на
интензивна задименост и присаство на опасни и отровни гасови, на пр.:
-Подовите се од негорлив материјал: бетонска подлога
-Електричните инсталациони кабли ќе бидат водени во инсталациони
вертикални и хоризонтални канали,
-Противпожарната хидрантска инсталација ќе биде од незапаливи и негорливи
челично-поцинкувани цевки со соодветен профил.

ПОЖАРНА ОТПОРНОСТ

Како мерка за одредување на степенот на загрозеност од пожар за градбата се


користи вредноста на специфичното пожарно оптоварување. Специфичното пожарно
оптоварување претставува калорична вредност на целокупниот горивен материјал на
единица површина. Како запалив материјал се зема во предвид како целокупниот
запалив материјал вграден во конструкцијата на објектот, така и претпоставениот
целокупен подвижен запалив материјал кој ќе се наоѓа на таа површина.Пожарното
оптоварување е предмет на посебен стандард МКС.У.Ј.1.030.Специфичното пожарно
оптоварување се пресметува според формулата:


P0=

Po - специфично пожарно оптоварување во MJ/m2


G - тежина на запливиот горлив материјал во kg
k - калорична вредност на материјалите во KJ/kg
P - површина на просторијата во m2

Степен на загрозеност од пожари, експлозии и опасни материи

Во следната табела се дадени степените на загрозеност од пожари, експлозии на


објектот,специфичното пожарно оптоварување, класата на опасност т.с загрозеност
од пожари, задименост и корозивноста за конкретниот објект е дадено во следниот
табеларен приказ:

10
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Функционална Пожарно
Класа на
целина во рамките на оптоварување Зачадување Корозија
опасност
објектот MЈ/m²
Административен дел 70 V - +
Производствен погон 251 IV + +

Врз основа на табеларно прикажаните податоци каде е видно дека во


објектот постојат простории со ниско, со средно и со високо пожарно оптоварување,
а имајќи во предвид дека основните функции на овој Магацинсредна вредност
за специфичното пожарно оптоварување:

Вид (намена) на објект Класа


Р0 (MJ/m2) на Задименост Корозивно
Објект: ТРГОВСКИ ОБЈЕКТ опаснос ст
160 IV / V -/+ -

Од горното произлегува дека за целиот објект специфичното пожарно


оптеретување би било помало од 1 ГЈ/м2 и објектот би се вброил во групата на
објекти со ниско пожарно оптеретување, но при определување на мерките и
средствата за заштита од пожари никако не смее да се занемари и фактот дека
постојат и делови од објектот кои се одликуваат со средно пожарно оптеретување
односно од 1 до 2 ГЈ/м2. Од таа причина извршено е зонирање на објектот на ПП-
зони, и сходно на секоја предметна зона се определувани мерките и средствата за
заштита од пожари.

АНАЛИЗА И ПРЕСМЕТКА НА ПОЖАРЕН РИЗИК ЗА ОБЈЕКТОТ

Пожарен ризик
Пожарниот ризик за објектот се пресметува според формулата:

Ro = (Po* C + Pk * B * L * Sh) / W * Ri
каде :
Ro - Пожарен ризик за објектот
Po - Коефициент на пожарно оптоварување на содржината во објектот
C - Коефициент на согорливост на содржината во објектот
Pk - Коефициент на пожарно оптоварување од материјали вградени во
конструкцијата на објектот
B - Коефициент на големината и на положбата на пожарниот сектор
L - Коефициент на каснење на почетокот на интервенција на гасење на пожарот
Sh - Коефициент на ширина на пожарниот сектор
W - Коефициент на отпорноста на пожар на носивата конструкција на објектот
Ri - Коефициент на намалување на ризикот од пожар

11
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Po - Коефициент на пожарно оптоварување на содржината во објектот


(опрема, мебел, складирани материјали и сл.) врз основа на пресметковните
врдености на специфичното пожарно оптоварување во (MJ/m2) кое во овој случај
не е вршену туку врз основа на дадени вредности е земено дека средната усвоена
вредност на специфичното пожарно оптоварување за објектот изнесува 537 MJ/m2
и за вредност на Po е земена вредност за еден степен поголема т.е. за интервал на
специфично пожарно о птоварување од 503-1004 MJ/m2

16078-32154

32155-64309
8039-16077
1005-2009

2010-4019

4020-8038
503-1004
252-502
MJ/m2

64310-
0-251

Po
1,0 1,2 1,4 1,6 2,0 2,4 2,8 3,4 3,9 4,0

C - Коефициент на согорливост на содржината во објектот се одредува


од класата на опасност од пожари. Сите технолошки процеси (намена на објектот
и активности што се одвиваат во објектот) се поделени во шест класи на
опасности од пожари, а самиот коефициент на согорливост се одредува од
табелата:

Класа на опасност од пожари VI V IV III II I

Коефициент на согорливост C 1,0 1,0 1,0 1,2 1,4 1,6

Pk - Коефициент на пожарно оптоварување од материјали вградени во


конструкцијата на објектот се определува врз основа на топлотната врденост на
сите горливи материјали вградени во објектот во MJ/m2 и се определува врз
основа на следната табела:

MJ/m2 0-419 435-837 845-1675 1691-4187 4203-8373


Pk
0 0,2 0,4 0,6 0,8

Во конкретниот случај за целиот објект е усвоена средна можна


вредност на пожарното оптеретување од 175MJ/m2 односно во интервалот 435-
873 MJ/m2.

12
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

B
- Коефициент на големината и на положбата на пожарниот
сектор се одредува од следната табела:

Карактеристики на објектот Коефициент В


-пожарен сектор до 1500 m2
-висина на нивото на подот од просториите 10m 1,0
-најмногу пет ката
-пожарен сектор 1500-3000 m2
- 4 до 8 ката
-висина на просториите 10-25 m 1,3
-еден кат во сутерен
-пожарен сектор 3000-10000 m2
-повеќе од 8 ката
-висина на просториите над 25 m 1,6
-повеќе од две нивоа во сутертен
-пожарен сектор над 10000 m2 2,0

L - Коефициент на каснење на почетокот на интервенција на


гасење на пожарот зависи од видот и опременоста на противпожарната
единица која што интервенира, нејзината оддалеченост од објектот, од
состојбата на сообраќајниците и постоењето на природни и вештачки препреки
кои би имале влијание на интервенцијата за гасење и се одредува од следната
табела:

Време до почеток на гасење до 10 10 - 20 20 - 30 над 30


(min)

Оддалеченост (km) 1-3 3-6 6 - 11 над 11


Професионална индустриска
ПП-единица 1,0 1,1 1,3 1,5

Доброволна индустриска ПП-


Вид на ПП-единица

единица 1,1 1,2 1,4 1,6

Територијална
професионална ПП-единица 1,0 1,1 1,2 1,4

Територијална доброволна ПП-


единица со постојано дежурство 1,1 1,2 1,3 1,5

Територијална доброволна ПП-


единица без постојано 1,3 1,4 1,6 1,8
дежурство
L - коефициент на каснење на
почетокот на интервенција на гасење

13
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Sh -
Коефициентот на ширина на пожарниот сектор зависи од
ширината на пожарниот сектор и се одредува од табелата:

Ширина на пожарниот сектор (m) Sh


до 20 1,0
20 - 40 1,1
40 - 60 1,2
над 60 1,3

W - Коефициентот на отпорноста на пожар на носивата


конструкција на објектот зависи од пожарната отпорност на градежно-
конструктивните елементи и се определува од табелата:

Отпорност
на објектот
на пожар до 30 30 60 90 120 180 240
( min)
W
1,0 1,3 1,5 1,6 1,8 1,9 2,0

Имајќи во предвид видовите на горливите материјали односно нивната


запаливост, брзината на нивното согорување и другите фактори, пожарниот
ризик може да се намали во зависност од Ri -Коефициентот на намалување на
ризикот чии вредности се дадени во табелата:

Проценка на Ri - Коефициент
ризикот Фактори кои влијаат на проценка на ризикот на намалување
на ризикот
-голема запаливост на материјалите
-се очекува брзо ширење на пожарот
1,0
максимален -во самиот процес на функционирање
постои поголем број на можни пожари
-запаливоста не е посебно голема а
складирањето е со растојанија доволни за
манипулација
нормален -се очекува нормална брзина на ширење на 1,3
пожарот
-во самиот процес на функционирање
постојат нормални извори на палење
-намалена запаливост поради користење
на несогорлива амбалажа
помалку од -не се очекува брзо ширење на пожарот
нормален -приземни објекти со површина до 3000 m2 1,6
-објекти каде е предвидено одведување на
чадот и топлината
-мала веројатност од запалување
незначителен -се очекува мошне споро ширење на 2,0
пожарот

14
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Според тоа пожарниот ризик за објектот ќе биде:

Ro = (Po* C+ Pk * B * L * Sh) / W * Ri =

Пожарен ризик на содржината во објектот

Пожарниот ризик на содржината во објектот (опасност за луѓето, опремата,


инвентарот и сл.) Rs се пресметува врз основа на формулата:

Rs=H*D*F
каде што е:

H - Коефициент на опасност по луѓето


D - Коефициент на ризик по имотот
F - Коефициент на дејствување на димот
Коефициентот на опасност по луѓето H зависи одможноста за
благовремена евакуација на луѓето од објектот и се одредува од табелата:

Степен на загрозеност Коефициент "H"


Нема опасност за лицата во објектот 1,0
Постои опасносст за лицата во објектот, но самите
можат да се спасат 2,0
Постои опасност за луѓето, а евакуацијата е отежната
(јака задименост, голем број на присатни лица, долг пат
за евакуација, брз развој на пожарот, повеќекатен-висок 3,0
објект, присаство на неподвижни лица -болни, старци,
деца и сл.)

Коефициент на ризик по имотот D зависи од концентрацијата на врдености


внатре во еден пожарен сектор, како и од можноста за повторна набавка на имотот
и се одредува од табелата:

Концентрација на вредностите Коефициент D


Содржината на објектот не претставува голема вредност и
е со мала склоност кон уништување 1,0
Содржината на објектот претставува вредност и е со
склоност кон уништување 2,0
Уништувањето на вредноста е дефинитивно и загубите се
ненадоместливи (културни добра и сл.) или со уништување 3,0
на имотот посредно се загрозува егзистенцијаата на
жителите

15
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Присаството на поголема количина на дим ја зголемува загрозеноста


на луѓето и имотот (токсично-корозивно декство) и се зема во предвид преку F -
Коефициент на дејствување на димот од табелата:
Фактори кои доведуваат до појава на задименост Коефициент F
нема посебна опасност од задименост и корозија 1,0
повеќе од 20% од вкупната тежина на сите горливи материи
предизвикуваат задименост или ослободуваат отровни 1,5
продукти од согорувањето
повеќе од 50% од вкупната тежина на сите горливи материи
предизвикуваат задименост или ослободуваат отровни 2,0
продукти од согорувањето
повеќе од 20% од вкупната тежина на сите горливи материи
се состојат од материјали кои ослободуваат силно корозивни 2,0
материи

Според тоа за Пожарниот ризик на содржината во објектот (опасност за


луѓето, опремата, инвентарот и сл.) Rs ќе имаме:

Rs = H*D*F =
Од ова произлегува дека целиот објект би се карактеризирал со ниско
пожарно оптоварување и со релативно мал пожарен ризик за објектот,но имајќи во
предвид постоењето на делови од објектоткои се карактеризираат со средно
пожарно оптоварување извршено е хоризонтално и вертикално секторирање на
пожарни сектори, па во зависност од секторот се усвојувани и соодветни мерки и
средства за заштита од пожари.Од горните пресметки може да се види дека во
целост се задоволени мерките за заштита од пожар со обезбедување на
атестирани:рачни јавувачи на пожар во заедничките простории и комуникации во
објектот, систем за автоматско откривање и јавување на настанатиот пожар, како и
преку обезбедување на објектот со рачни апарати и противпожарни хидранти.

ИЗБОР НА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

За секој пожар мора да има причина за неговото настанување. Причини за


настанување на пожар има многу, но само одреден број на пожари настануваат од
објективни и природни причини како што е на пример: молња, сонце, земјотрес и сл.
додека многу поголем број на пожари настануваат како последица на субјективни
фактори односно како последица на грешки и невниманеое на луѓето. Поради тоа
особено важно е да се воочуваат објективните и особено субјективните фактори кои
претставуваат потенцијална опасност за појава на пожар, па од нив да
произлегуваат и да се предвидуваат мерките за заштита од пожари кои треба да се
применат за да се спречи настанување на пожарот или да се изврши заштита од
несакани дејствa при евентуално избувнување на пожар со негово брзо и ефикасно
локализирање недозволувајќи негово ширење и загрозување на здравјето и животот
на луѓето во објектот и загрозување на имотот од големи размери.

16
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Дел од мерките за заштита од пожар е и правилниот избор на конструкцијата и


вградените материјали, што пак е во функција на пожарната отпорност и стабилност
на објектот. За ваков тип на објекти пожарната отпорност на носивите делови на
конструкцијата е во времетраење од најмалку 2 часа (податокот се однесува на
објекти со висина поголема од П+1 но не поголема од 22 м од кота на готов под на
највисокиот кат). За меѓукатната конструкција важи истата пожарна отпорност како и
кај објекти кои се во директно соседство со друг објект во времетраење од најмалку 2
часа.За објектот се предвидени соодветен број и широчини на влезно излезни врати
и патишта за манипулација и евакуација со широчини кои соодветствуваат на видот и
големината на објектот и се во согласност со позитивните нормативи, а кое нешто
може да се види од дадените графички прилози.
Излезните патишта за евакуација на евентуално загрозените лица и
материјални добра се задоволувачки. На излезите односно на вратите за евакуација
се поставуваат противпанични светилки со натпис „ИЗЛЕЗ“ или „ПОМОШЕН
ИЗЛЕЗ“, а на патиштата за евакуација се поставуваат противпанични светилки со
ознака за назначување на правецот за евакуација и излез од објектот.
Противпаничните светилки се од таков тип што по нестaнок на електрична
енергија обезбедуваат автономно светло во времетраење од најмалку 3 часа.
Од таму обезбедување на патишта за евакуација се сведува на правилна
поставеност на инвентарот и опремата водејќи сметка дека во секое време треба да
бидат обезбедени проодни патишта за евакуација со широчина од најмалку 1,5 m
при што на истите несмее да се врши складирање на материјали, стоки и опрема и
истите во секое време ќе бидат слободни и проодни.

Во близина на главните влезно- излезни врати или во ветробранот не се


поставуваат предмети кои можат да ја отежнуваат или попречуваат евакуацијата како
што се на пр.: огласни табли, рекламни паноа, билборди, клупи, жардињери и сл.
Доколку е неопходно да се поставуваат вакви и сл. предмети и опрема
истите треба да се поставуваат во соодветни ниши односно да бидат поставувани во
рамнина со ѕидот односно да не навлегуваат и да не зафаќаат од патот наменет за
движење и евакуација.
Објектот се обезбедува и со надворешна и внатрешна противпожарна
хидрантска инсталација, кое нешто е подетално третирано со фазата: Водовод и
канализација и е составен дел на основниот проект.
Оддалеченоста на складираните материјали од електричните прекинувачи,
склопки, разводните ормари, ПП-хидрантите и ПП-апаратите мора да биде такво што
ќе овозможува непречен пристап до нив, а од сијалиците и од другите грејни тела
оддалеченоста на запаливи и горливи материјали не смее да биде помала од 0,5 m.

Лицата корисници на деловите од објектот т.е. сопственикот и работодавач е


должен да изготви „ПЛАН ЗА ЗАШТИТА, СПАСУВАЊЕ И ЕВАКУАЦИЈА ОД
ПОЖАР“, како и изврши обука на вработените за заштита и спасување од пожар и
нивно запознавање со планот, редовно да врши ажурирање на истиот (најмалку
еднаш годишно) и да води посебна евиденција за истото. За спроведување на
мерките и активностите предвидени со планот должен е да назначи лице кое ќе се
грижи за истото и ќе врши надзор над спроведување на планот и мерките и ќе
предлага и превзема и други мерки за безбедно функционирање на објектот и
безбедноста на вработените и посетителите.
Складирањето на стоките и материјалите во просториите наменети за таа
цел (магацинските простории ладилникот и сл.) ќе се врши на соодветни рафтови и
палети.

17
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Предвидени се повеќе склопки за далечинско исклучување на електричната


енергија во дел од објектот или пак во целиот објект кои се поставени на места
пристапни во секој момент и на дофат на рака во случај на појава на пожар или
некоја друга опасност.Објектот ќе располага со систем за видеонадзор и со систем за
заштита од провала.Ќе се прервземаат и други мерки за заштита за кои ќе се укаже
потреба.

ПОСЕБНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР ЗА ДЕЛОВИ ОД ОБЈЕКТОТ СО


СПЕЦИФИЧНА НАМЕНА

За да во целост бидат запазени мерките за безбедност, заштита и спасување


од пожари, за ОБЈЕКТОТ уште во фаза на проектирање водено е сметка за целосно
исполнување на безбедносните услови, како за активна така и за пасивна борба
против пожарите. За што поцелосно исполнување на задачите за заштита од пожари
извршено е секторирање на објектот на пожарни сектори.
Покрај секторирање по нивоата на објектот извршено е и хоризонтално
секторирање на секое ниво со определување на големината на противпожарните
сектори во зависност од спецификите кои произлегуваат од намената на просторот,
загрозеноста од пожар, пожарното оптоварување, пожарната отпорност на
конструктивните елементи, пожарната отпорност на содржината во дадениот
простор, бројот на лицата што престојуваат, видот на активност што се одвива на тој
простор, условите за евакуација, условите за интервенција за гасење на евентуално
настанат пожар и др.

Во зависност од овие фактори за секој пожарен сектор покрај предвидените


општи мерки за заштита и спасување од пожар се предвидуваат и посебни мерки за
заштита од пожар, експлозија и опасни материи и обезбедување услови за успешна
борба против пожарите односно услови за брзо откривање локализирање и ефикасно
гаснење, како и услови за непречена брза и безбедна евакуација на посетителите,
вработениот персонал и имотот.

ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ

Концепциското решение на водоснабдувањето е од градската водоводна


мрежа преку водомерна шахта.За водоснабдување на објектот согласно
хидротехничките услови даден од ЈПКД „Комуналец“-Струмица, обезбеден е
приклучок на уличната водоводна мрежа со Nо = 90 mm со притисок од 3 бари.
За објектот е предвидена изведба на водомерна шахта во која се поставува
комбиниран водомер.Местоположбата на водомерната шахта е предвидена според
упатствата на надлежното комунално претпријатие што стопанисува со градската
водоводна мрежа, во која покрај комбинираниот водомер ќе бидат вградени
потребната арматура и фасонски елементи.
Доводот на санитарна и противпожарна вода до објектот ќе се изведе со
приклучување кон постојната водоводна мрежа.За да се заштити објектот од
евентуален пожар, предвидена е прстенеста хидрантска мрежа.Значи, после
приклучокот со дијаметар Ø80 кон постојната градска водоводна мрежа се
поставува затворач со уградбена гарнитура, потоа следи шахтата каде е поставен
комбиниран водомер со Ø50мм.

18
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Димензионирањето на внатрешната водоводна мрежа е вршено според


методата на Ј.Брикс, односно според едници на оптеретување.Имајќи во предвид
дека објектот спаѓа во трета категорија од аспект на ризикот за настанување на
пожар односно според загрозеност од пожар, за објектот согласно член 13 од
Правилник за техничките нормативи за хидрантската мрежа за гаснење на пожари
(Службен весник на РМ бр. 31/06), а имајќи во предвид Табела бр.2 од истиот
правилник, за објектот треба да се обезбеди вода за гасење пожар во количество
од 10 литри во секунда во времетраење од 2 часа.
Потребното количество на вода за гаснење,согласно дадените
хидротехнички услови за приклучок на градска улична водоводна мрежа која
поминува е со надворешен дијаметар ОB90мм и притисок од 3 бари, во целост ги
задоволува потребните количини вода за гаснење пожар.
Материјалот за инсталациите и опремата на системот за вода за гасење пожар
се отпорни на пожар и се од негорлив материјал односно за противпожарната
хидрантска инсталација се употребуваат челично –поцинковани цевки со соодветен
пресек.
Начинот на којшто е извршено водоснабдувањето на објектот со вода -
санитарна и противпожарна, развод, должините и профилите се прикажани
во деталите, основите и шемите за санитарен и противпожарен водовод, и се
дадени во Фаза: Водовод и канализација која е составен дел на основниот
проект.

НАДВОРЕШНА ХИДРАНТСКА МРЕЖА

Надворешната хидрантска мрежа ја сочинуваат:


-надземни хидранти, (Сл. 3.9.)
-подземни хидранти, (Сл. 3.10.) и
-развод од цевки.

Сл. 3.9 - Подземни хидранти

19
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Сл. 3.10 - Надземни хидранти

За надворешната хидрантска мрежа , важи следното:


-растојанието помеѓу два хидранти да изнесува најмногу 80[m]
-оддалеченоста на хидрантот од ѕидот на објектот мора да биде
најмалку 5[m] а максимално дозволена раздалеченост е 80[m].
Најмалиот пречник на цевките треба да биде DN50.
На цевководот од надворешната хидрантска мрежа за гаснење на пожар, по
правило се поставуваат надземни хидранти а само во оправдани случаеви се
поставуваат подземни хидранти.

Кога од проценката на загрозеност од пожар е предвидено да надворешната


хидрантска мрежа служи за непосредно гаснење на пожар, на растојание не
поголемо од 10[m] од секој хидрант мора да има ормари со противпожарни цевки
со потребната должина, млазници и други останати противпожарни арматури
(раделници и др.) кои ќе овозможат ефикасно гаснење на пожар.Растојанието на
било која надворешна точка на градбата или точка на заштитениот простор и
најблискиот хидрант не смее да биде повеќе од 80[m] и помала
од 5[m].

Растојанието помеѓу два соседни надворешни хидранти смее да изнесува


најмногу 150[m] ако со посебни прописи не е поинаку одредено.
Надземните хидранти мора да бидат така изведени да овозможуваат сигурно
и непречено ракување и употреба.

Сл. 3.11: Ормар за подземен хидрант

Местото на поставување на подземниот хидрант мора да се означи на


видлив начин, според стандардите DIN 4066.
20
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Потребниот притисок и количество на вода за гасење на пожари се определува


од височината на објектот и од другите услови како што се: ризикот од настанување
на пожарите т.е. категоризацијата, видот и намената на објектот, специфичното и
вкупното пожарно оптоварување, пожарната отпорност на градежно- конструктивните
елементи и други специфични чинители. Имајќи ги во предвид погореспоменатите
фактори усвоено е дека за објектот во целост ќе бидат задоволени пропишаните
барања со обезбедување на количество вода за гасење од најмалку 7,5 литри во
секунда и притисок поголем од 2,5 bari кое нешто се обезбедува со приклучок на
градската водоводна мрежа.
При определување на бројот, поставеноста т.е. распоредот и меѓусебната
оддалеченост едни од други водено е сметка за како за одредбите од Правилник за
техничките нормативи за хидрантската мрежа за гаснење на пожари, така и за
неговата местоположба-локација и влијанијата од и на соседните објекти.
За да се заштити објектот од евентуален пожар, предвидена е прстенеста хидрантска
мрежа.Значи, после приклучокот со дијаметар Ø80 кон постојната градска водоводна
мрежа се поставува затворач со уградбена гарнитура.
Надворешната хидрантска инсталација ќе се состои од 3 (три) надворешни
хидранти се предвидени како подземни со изведени приклучни хидрантски места со
No 80 mm.Сите овие хидранти се предвидени за непосредно гасење на пожар и
истите се на оддалеченост од објектот најмалку 5 м што овозможува нивна
непосрена употреба во услови при гасење на евентуално настанат пожар.
За таа цел во непосредна близина на хидрантот се предвидува и поставување
на стандарден метален ормар за сместување на хидрантско црево, млазница, клуч,
спојница, разделник и др. опрема. Притоа металниот ормар ќе биде поставен на
видно и достапно место, со црвена боја и ознака со бела боја.
Поставеноста на надворешните хидранти и нивната оддалеченост од ѕидот
на објектот и оддалеченоста од соседните објекти може да се види од приложените
графички прилози.

ВНАТРЕШНА ХИДРАНТСКА МРЕЖА

Внатрешната хидрантска мрежа ќе биде постојано под притисок на вода од


уличната водоводна мрежа која е со притисок од 3 бари (според дадените услови од
ЈПКД „Комуналец“-Струмица) со што ќе се обезбедува на најодалечениот хидрант на
млазникот да има притисок поголем од 2,5 bari и проток од најмалку 5 l/sek.
Во објектот се предвидени повеќе вертикали за противпожарна заштита на
кои се поставени внатрешните ѕидни противпожарни хидранти за хидрантската
инсталација за непосредно гасење пожари.
За внатрешната хидрантска инсталација ќе бидат употребени челични
поцинкувани цевки од типот "C" според стадардот MKS B.6.673 и снабдени со кос
вентил со рачка, ПП-црево со должина од 15 м со пречник од 52 mm и млазница со
рачка-затварач, сместени во соодветен стандарден ормар, вграден во ѕид, видливо
обележан, поставен на лесно достапно место и секогаш спремен за непосредно
гасење на евентуално настанат пожар.
Притоа противпожарните хидранти се поставени така што не ги попречуваат
патиштата за евакуација.
Имајќи во предвид распоредот и функционалните содржини во објектот
односно пожарното оптоварување и ризикот од пожари по објектот предвидено е да
противпожарната хидрантска инсталација за објектот се состои од внатрешни ѕидни
противпожарни хидранти со вода, со местоположба дадена во графичките прилози.

21
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

При одредување на местоположбата на хидрантите водено е сметка дека еден


противпожарен хидрант покрива простор најмалку во радиус од 20m (15 m
должина на цревото и 5 m должина на млазот) како и дека целокупниот простор да
може да биде штитен од најмалку едно хидрантско место.

Ѕидните хидранти мора да бидат обоени со црвена боја и мора да имаат


ознака, која јасно ќе покажува дека се работи за ормар во кој има опрема за
хидрантската мрежа за гаснење на пожар. Ѕидните хидранти мора да бидат
изведени така што ќе овозможуваат сигурно и ефикано работење.
Во случај на потреба од поголема количина на проточна вода во
пожарниот сектор кој се заштитува, тогаш е потребно целата површина да се
покрие со онолку хидранти колку што е потребно да се оствари потребната
проточна количина на вода, за гаснење во случај на пожар.
Внатрешната хидрантска мрежа се состои од:
-развод од цевки и
-хидрант, сместен во хидрантен ормар.
Хидранскиот ормар има ознака Н и секогаш мора да има славина,
намотано стандардно црево ф 52[mm] и должина од 15[m] и млазница ф 52[mm]
со усисник од ф 12[mm].

Сл. 3.8: Ѕиден хидрант

Хидрантите се поставуваат во премини, скали и пак во правците на


евакуација.
Меѓусебната раздалеченост на хидрантите се одредува така да
целокупниот простор кој се штити од пожар да биде покриен со вода
(должината на цревото изнесува 15[m], а должината на компактниот млаз 5[m].
Внатрешната хидрантска мрежа е функција од висината на
објектот. Најмалиот пречник на цевките треба да биде DN50.

висина на најмал
објект [m] проток [l/s] ЈО DN [mm] v [m/s] ht [bar/m]
до 22 5 400 DN65 1,3 0,080
23 до 40 7,5 900 DN80 1,5 0,070
41 до 75 10 1600 DN100 1,1 0,031
над 75 12,5 2500 DN100 1,4 0,049

Табела 3.8: Брзина и пад на притисок на внатрешна хидратската мрежа

22
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

ПОТРЕБНИ УРЕДИ,ОПРЕМА И СРЕТСТВА ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАР

Уреди и инсталации за заштита од пожари се направи и системи за откривање


и јавување за настанат пожар и во истите спаѓаат: уреди и инсталции за автоматско
откривање,јавување и алармирање за настанат пожар, стабилни инсталции и уреди
за рачно гасење пожар и мобилни рачни и преносни уреди за гасење на пожар.

Имајќи во предвид намената на самиот објект, современиот карактер на истиот


и потребата од примена на современите тенденции во областа на заштитата од
пожари,но и неговото значење за граѓаните, за заштита од пожари во објектот се
предвидуваат автоматски стабилни системи за детекција, јавување и алармирање во
случај на евентуално настанат пожар.
Објектот се обезбедува и со стабилни рачни инсталации и уреди за заштита од
пожари кои работат на принципот со механичко активирање како што е системот од
надворешна и внатрешна хидрантска инсталација за непосредно гасење пожари,
уреди за далечинско исклучување на електричната енергија.
Покрај другите мерки објектот се обезбедува и со мобилни уреди за заштита
од пожари во кои спаѓаат рачни преносни и превозни противпожарни апарати кои ќе
бидат поставени на видливи и лесно пристапни места за нивна употреба.
Како единечни ПП-апарати согласно позитивните прописите се сметаат
следните ПП апарати: прав 9 кг; халон 6кг или супстрат на халонот од 6 кг; пена 9
литри; вода 9 литри и во посебни случаи јаглероден двооксид 5 кг.
При определувањето на бројот, видот и местоположбата на ваквите средства
водено е сметка за прописите, карактеристиките на објектот, распоредот и намената,
специфичното пожарно оптоварување и ризикот од настанување на пожари за
просториите што се штитат.Распоредот и местоположбата на опремата и средствата
за заштита од пожари се дадени во графичките прилози т.е. во основите.

ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА МОБИЛНИТЕ УРЕДИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР


(РАЧНИ И ПРЕНОСНИ ПРОТИВПОЖАРНИ АПАРАТ)

Определувањето на бројот и видовите на рачните и преносните ПП-апарати за


објектот е вршено врз основа на пожарното оптоварување, пожарната отпорност на
објектот и ризикот од настанување на пожари на објектот што се штити, како и
согласно одредбите на „Правилник за изборот на видовите и количините на
противпожарните апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните,
како и за критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица кои што вршат
сервисен преглед и контролно испитување на противпожарните апарати“,
„Правилник за начинот на одредување на местата на кои задолжително треба да се
наоѓаат уредите и инсталациите за заштита од пожари, другата противпожарна
опрема, средствата за гасење на пожари и противпожарните апарати, нивното
одржување во исправна состојба, посебното обележување и достапноста за
употреба“ и „Правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни
материи“.Имајќи во предвид намената и функцијата на објектот со цел за што
поефикасна заштита од пожари покрај постоењето на вертикални ПП-сектори при
што секое ниво е третирано како засебен сектор, на секој од од овие сектори
извршено е и хоризонтално секторирање.

23
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Според точка 3 од стандардот МКС У.Ј.030, за секој елементарен простор се


одредува специфичното пожарно оптоварување, а потоа се врши сумирање на
површините со истоимени пожарни оптоварувања (мало, средно или големо).
Ниско пожарно оптоварување е доколку вредноста на специфичното пожарно
оптоварување е до 1 GJ/m2 , средно пожарно оптоварување е до 2 GJ/m2 и високо
пожарно оптоварување е доколку вредноста на специфичното пожарно
оптоварување е поголемо од 2 GJ/m2.
Потребниот минимален број на единечни преносни противпожарни апарати
(средство за гасење) може да се пресмета т.е. одреди според формулата:

n= 2 + (P-Pr) / Pd
каде е:

P - е површина на просторот што се штити во m


Pr и Pd -се вредности кои зависат од големината на специфичното пожарно
опроварување на просторот што се штити:
• Pr= 150 m² ; Pd = 400 m² - за ниско пожарно оптоварување
• Pr= 100 m² ; Pd=200 m² - за средно пожарно оптоварување
• Pr= 50 m² ; Pd=100 m² - за високо пожарно оптоварување

Според направените пресметки за дадена површина на секој пожарен сектор


одделно и специфичното пожарно оптоварување се добива минималниот број на
потребните единечни противпожарни апарати кои се неопходни за противпожарно
обезбедување на објектот.

За објектот согласно MKS Z.C2.035, како средства за почетно гасење пожари


од класа А се предвидуваат ПП-апарати со сув прав (С-апарати), водејќи сметка
дака овој тип на средства за гасење можат да се користат не само за пожари од
класа А туку и за пожари од класа Б, класа Ц и класа Е.

Како единечни противпожарни апарати во случајов се сметаат


противпожарни апарати од типот С-9 kg (-апарати под постојан притисок-).

Врз основа на горнните пресметки и анализи како средства за непосредно


почетно гасење на пожари Изборот на опремата и потребниот број и вид на ПП
апарати се избира со помош на следната табела, а во зависност од пожарното
оптоварување на објектот и неговата површина

Реден Површина на Пожарно оптоварување


број објектот (m²) ниско средно високо
до 1 GJ/m² до 2 GJ/m² над 2 GJ/m²
1 до 50 1 1 2
2 од 51 – 150 1 2 2
3 од 151 – 200 2 2 3
4 од 201 – 300 2 2 4
5 од 301 – 500 2 3 5
6 од 501 – 750 3 4 6
7 од 751 – 1000 3 5 8
8 од 1001 – 2000 4 6 10
9 од 2001 – 3000 5 8 14
10 од 3001 – 4000 6 10 18 24
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

11 од 4001 – 5000 8 14 22
12 од 5001 – 6000 10 16 30
13 од 6001 – 7001 12 24 35
14 од 7001 – 8000 16 30 45
15 од 8001 – 9000 20 35 55
16 од 9001 - 10000 24 40 70
17 над 10000 28 50 90
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ВКУПНО:
♦ ПП-апарат С-9--------------------------------------------7 ком

Апаратите потребно е визуелно да се контролираат, да се вршат периодични


прегледи од овластен сервис како и да се испитуваат на притисок согласно
позитивните прописи и упатството на производителот и сервисирот.
Одржувањето, сервисирањето и испитувањето на рачните преносни ПП-
апарати се врши согласно техничките нормативи,стандарди и упатството на
производителот.

Одржувањето на противпожарните апарати опфаќа:

-редовен визуелен преглед,


-сервисен преглед, и
-контролно испитување.

Редовниот визуелен преглед се врши од страна на корисникот најмалку еднаш


месечно, а по можност и секојдневно и притоа се утврдува:-воочливост на апаратот и
пристапност до него, -општа состојба на апаратот, -комплетност на апаратот, -
состојба на пломбата. За извршените редовни прегледи од страна на корисниокот се
води евиденција и притоа се внесуваат констатираните состојби. Констатираните
недостатоци корисникот веднаш ги отстранува сам или пак со помош на
правното лице кое врши сервисен преглед и контролно испитување.
Сервисниот преглед се извршува од страна на правно лице кое врши сервисен
преглед и контролно испитување и се извршува најмалку еднаш годишно, а во
зависност од видот на објектот, пожарното оптоварување и ризикот од настанување
на пожари сервисниот преглед се извршува и почесто т.е. по потреба. Сервисниот
преглед на апаратите под постојан притисок опфаќа:
-надворешен преглед на општата состојба на апаратот од аспект на видлива
корозија и оштетувања, -надворешен преглед на состојбата на комплетноста на сите
делови на апаратот, -преглед на читливоста на натписите и упатството за ракување
со апаратот, -контрола на работниот притисок во апаратот, -контрола на
исправноста на манометарот, -вадење на осигурувачот, негова контрола враќање и
повторно пломбирање, -преглед на состојбата на спојното црево и млазницата,
продувување на истите со воздух, замена на оштетените и дотраените делови на
апаратот, - проверка на количината на средството за гасење со мерење на вагаи
запишување на податоците во сервис картонот на апаратот, -протресување на
апаратот во превртена состојба заради растресувањер на прашокот. По извршениот
сервисен преглед апаратот се обележува со сервисен картон.

25
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Контролното испитување се извршува од страна на правно лице кое врши


сервисен преглед и контролно испитување и се извршува најмалку секоја пета
година и покрај работите при сервисен преглед ги опфаќа и следните работи: - кај
апаратите со постојан притисок се ослободува притисокот од апаратот и се отвора
садот, -расклопување на затворачот, проверка на механизмот за активирање и
замена на сите заптивки, -проверка на вертикалните цевки, -се празни прашокот и се
проверува неговата состојба во поглед на влажност и згрутченост, -преглед на
внатрешноста на садот, -полнење на садот со вода на копја се додава средство
против корозија и се врши хидраулично испитување на цврстината и
непропустливоста на садот според упатството на производителот (ако се утврдат
оштетувања, пропустливост или трајни деформации на садот истиот се отстранува
од понатамошна употреба), -се врши внатрешно и надворешно сушење на садот, -се
врши проверка на притисокот со отварање на сигурносниот вентил. По извршеното
контролно испитување апаратот се полни со средството за гасење согласно
упатството од производителот.
Од објектот истовремено на сервисен преглед односно контролно
испитување можат да бидат однесени најмногу до 50% од вкупниот број на ПП-
апарати во објектот, со тоа што однесените апарати треба да се вратат во објектот
во исправна состојба во што е можно покус временски рок но не подолг од три дена.

Над противпожарните апарати, кои се поставени на предвидените места се


поставува табла со натпис „ППА“. Таблата е со димензии (16 х 10) см, со сонова во
црвена боја на која се испишуваат буквите со бела боја со димензии (4 х 8 х 1) см.

Поставеност на ПП апаратот е на висина од 1,5 m од подлогата

Задолжително е вработените да бидат обучени за ракување и употреба со


средствата за заштита и гаснење на пожар.

26
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ

Објектот е приклучен на градската електрична мрежа, и нема сопствена


трафостаница. Централната климатизација и вентилација е поврзана на градската
електрична мрежа.
Eлектрична струја како причина за пожар

Електричната струја е најчест причинител на пожар кога до пожар доаѓа после


грешка, од неисправност на електричните инсталации или неправило ракување со
електричните уреди, апаратите и машините.
Електричната енергија при протекување низ проводниците или при користење
користење во машините или уредите, делумно се претвара во топлинска енергија.
Според тоа на секоја вредност на електричната струја одговара еден одреден пораст
на температурата. Тој пораст на температурата мора да биде ограничен односно
температурата не смее да достигнува точка на палење на изолацијата, околните
предмети и материјали. Затоа електричната енергија е причина за пожар кога
создава топлина која достигнува критична температура на палење на материјалот а
тоа може да биде: материјал од кој е направена изолацијата, конструкривните
елементи и други запалливи материјали.
Причини за палење можат да бидат:
a) Прегревање на електричните проводници, намотките и другите уреди низ кои
протекува електрична струја;
b) Куса врска;
c) Искрење и електричен лак;
d) Електротермички уреди и направи.

а) Прегревање на електричните проводници.


За електричните проводници одреден е пораст на температурата кој не смее да
биде поголем од 25°С. Заради тоа проводниците мораат да имаат одреден пресек.
Многу чест случај е кога доаѓа до процесот на разорување на изолацијата
постепено и тоа при незначитени преоптеретувања. Гумената изолација на
температура преку 65°С дехидрира и ја губи елестичноста па затоа пука. Тогаш
отпорот на изолацијата нагло опаѓа и доаѓа до куса врска.
Од разни статистички податоци за причинители на пожари врзани за
електрицитетот произлегува дека електромоторите завземаат видно место како
причинители на пожар.
Преоптоварување на моторите настанува:
 Заради неправилен избор на мотор за извршување на работната задача;
 Заради невнимание на ракувач;
 Заради преоптовареност на механизмите кој ги задвижува електромоторот;
 Исто така чести причинители на пожари се разни грејни тела кои се вклучуваат
на електричните приклучоци кои за таа намена не се димензионирани, па
доаѓа до преоптоварување и куса врска на каблите од прегревање.

27
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

б) Куса врска:
Кусата врска е најчест причинител на пожар кога се во прашање електричните
инсталации. Кусата врска е појава во електричните мрежи во кои доаѓа до меѓусебно
спојување преку мал отпор на било која точка на различни фази на електричниот
струен круг. Многу е опасна кусата врска на една фаза со различни метални
конструкции (кровови, олуци, метални носачи, цевководи, метални мрежи,
резервоари и сл.) кои имаат врска со земја.
Како резултат на тоа може да се јават два случаи:

1. Металните делови на кои дошло до куса врска можат да имаат многу мал
отпор и добар контакт со земјата. Кај таквите куси врски се јавува појава на
големи струи што доведува до прегревање на исправните осигурувачи (не
предимензионирани и не калемени) или активирање на други заштитни уреди,
односно до прекин на струјните кола. Ако осигурувачите се неисправни или не
постојат заштитни уреди се појавува куса врска проследена со интензивно
искрење и краток електричен лак.
2. Металните конструкции на кои дошло до куса врска имаат голем отпор, а во
кругот од местото на куса врска до земјата има делови со слаби
контакти.Местото со слаби контакти во такви случаи на патот на протекување
на струјата во земја интензивно ќе се загреваат, па така запаливите
материјали ќе се запалат при контакт со загреаното место.

Главна причина за куса врска е оштетената изолација на проводниците. До


разорување на изолацијата може да дојде заради:
 Механичко оштетување на проводниците;
 Стареење на изолацијата;
 Систематско преоптоварување;
 Дејство на влага и агресивни средства.

в) Искрење и електричен лак:


Како причини за искрење можат да бидат:
 Прекин на струјното коло со разни уреди;
 Прекин на струјно коло со механичка сила;
 Искрење како пропратна појава на електрично заварување или сечење на
метал;
 Слаби-лабави контакти;
 Оштетување на изолација и допирање на проводници поставени на мало
мегусебно растојание или близу заземјени конструкции или допирање на голи
проводници.

г) Електротермички уреди и направи


Во овие уреди спаѓаат сите апарати и направи кои електричната енергија ја
претвораат во топлина. Многу често во разни простории се употребуваат електрични
решоа, греалки, а понекогаш и импровизирани направи кои со својата грејна
површина можат да предизвикаат пожар ако е усвитено и ако се доведе со материјал
кој што може да гори.

28
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Посебна опасност за предизвикување на пожар претставуваат сијалиците кога


допираат запаллив материјал или кога запалливиот материјал се наога во
непосредна близина на сијалицата. Посебна опасност претставуваат сијалиците со
вжарено влакно, додека флуоросцентните сијалици се помалку
опасни.температурата на флуоросцентните цевки не поминува повеќе од 50°С.
Кај нив постојат пригушници и стартери, кои кога се неисправни претставуваат
опасност за избувнување пожар. Исто така, доколку се смали вакуумот во
флуоросцентните цевки додека светат, доаѓа до прегревање и отворен пламен.
Статички електрицитет

Општо за статичкиот електрицитет


Статичкиот електрицитет е електричен напон кој се создава во изолационите
материјали при контакт со други предмети, со или без триење.
Напомена: Човековото тело е значаен проводник и може да ги прими искрите од
наелектризираниот материјал или дури и од машина со заземјување, доколку е
изолиран со гумени чизми од земјата или со свежо поставен асфалтен под. Ваквите
искри предизвикуваат слаби удари кои се безопасни по животот и здравјето се
изненадувачки, па затоа може да предизвикаат друга несреќа.
Мерки за заштита: Ризикот кај производните објекти се намалува при користење
на :
 Специјални антистатски гуми–гуми со графитен јаглен, кај обувките и гумите на
металните колички;
 Наметки за вработените од полиестерни или полиамитни влакна со процент на
памук или рејон;
 Проводен асфалт или дрвен под;
 Антистатички премази кај текстилот со 0,1% од вкупната тежина на текстилот,
како раствори во вода или масло;
 Зголемување на влажноста на воздухот или директно на изолаторот со помош
на парни млазеви или фини водени капки;
 Неутрализација на статичкиот електрицитет со јонизација на воздухот во
близина на материјалот со помош на електрични или радиоактивни
елиминатoри.

Атмосферски празнења и нивното влијание врз загрозеноста на објектот од


пожар

Атмосферските празнења се една од причините за појава на извор на палење


како еден од трите услови за состојбата горење, а со тоа и опасноста за пожар.
Грмежните облаци кои претставуваат причина за појава на атмосферските
празнења односно ударот на гром настануваат при нагорни струења на топлиот
воздух заситен со водена пареа, со концентрација не помала од 7 gr/kg. Таквите
струења настануваат кога доаѓа до голем температурен пад во приземните слоеви на
воздухот при истовремено силно загреана земјина површина.
Во такви случаи настанува брзо струење односно движење на долните слоеви
воздух нагоре. Ваквите процеси се карактеристични за раните попладневни часови
во пролетните и летните месеци.

29
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Ваков тип на облаци се формира и при судар на топли и влажни воздушни маси–
појава наречена фронт. Образувањето на фронтот е карактеристично за
рамничарските предели на земјиштето. Тогаш ладната воздушна маса – струја се
пробива под топлата подигајки ги топлите слоеви воздух нагоре и топлата воздушна
струја брзо почнува да се движи вертикално нагоре. Фронт може да настане и во
зимскиот период – појава карактеристична за приморските крајбрежни предели.
Објектот–е лоциран во подрачје изложено на чести атмосферски празнења во
однос на удар на гром.
Мерења и проверки на громобранската инсталација која задолжително треба да ја
имаат објектите треба да се вршат повремено и податоците од тие извештаи за
мерења и проверки да ги задоволуваат техничките процеси и стандарди во однос на
функционалноста на громобранската инсталација.
Бидејќи овој објект спаѓа во објекти од I - ва класа на ниво на заштита каде што
нивото односно ефикасноста на громобранската инсталација треба да биде 0,98 и ја
покажува веројатноста со која громобранската инсталација го штити објектот од
евентуални атмосферски празнења, потребно е да се превземат следните мерки.

Временски период за реализација на


планот за подобрување во рок од 5 години
Ред Опис на
Цел на мерката Месец Месец Месец Месец Месец
Бр мерката
и и и и и
година година година година година
Мерењата да се вршат еднаш годишно. За
секојпреглед да се состави записник во кој
Мерење на Проверка на
ќе бидат внесени сите вредности кои се
громобранската состојбата на
1 добиени при мерењето и од него треба да
инсталација и громобранската
се види дали громобранската инсталација е
заземјување инсталација
исправна и кои евентуални поправки се
потребни
- После преправки или поправки на
громобранската инсталација;
Преглед и Проверка
- После удар на гром во
испитување на насостојбата на
2 громобранската инсталација или
громобранската громобранската
објектот
инсталација инсталација
- Редовна контрола - еднаш на 5
години

УРЕДИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА НА ПРОСТОРИИТЕ

Една од дилемите е: можно ли е разблажување на загадениот воздух да се


препушти на природното проветрување или мора да се има вградена вентилација.
Познато ни е дека со дифузија на парите и гасовите во воздухот се врши
мешање чиј интензитет може да биде недоволен па се бара разблажувањето на
загадениот воздух да се потпомогне со воздушна струја од вентилациониот систем.
Во пракса се покажало дека во објектите каде воздушната маса која локално се
загадува, може да биде прилично инертна ако температурната разлика на
надворешниот и внатрешниот воздух е помала од 3 °С и при постоење на доволно
големи отвори на ѕидовите или кровот да се оствари некоја циркулација на воздух.
Затоа во поново време се реализираат такви решенија да во случај на поголема
температурна разлика имаме природно проветрување, а во случај на помали
температурни разлики да се вклучат вентилаторските уреди со што се штеди на
30
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

енергија како за погон на самите вентилатори така и за надокнада на топлинска


енергија потребна за загревање на воздухот кој се одведува од објектот со
интензитет кој не е потребен.
Во голем број на пожари луѓето настрадале затоа што од присуство на чад не
го виделе патот за евакуација, затоа во поново време се поголемо внимание се
посветува на расчадување т.е. на контрола на движењето на чадот кон слободните
простори. За многу приучени во заштитата од пожар ова делува не логично, и дека
често се бара уфрлање на свеж воздух во просторијата во која е пожарот со
задолжително извлекување на чадот, што делува како провев, и оди на рака на
ширењето на пожарот, меѓутоа се губи од вид дека позитивните ефекти од оваа
постапка се важни бидејќи се подобрува видливоста за да се изврши евакуацијата и
да се интервенира со полн увид во пожарот, се намалува количината на топлина која
се предава на сеуште не зафатените предмети од пожарот со што се одлага или
потполно оневозможува да и тие бидат зафатени од пожарот.Јасно е дека во
повеќето случаи ќе биде оправдано да после спроведената евакуација на луѓето се
проба со загушување на пожарот со затворање на патиштата за провев, но одлуката
за тоа мора да се препушти на искусни пожарникари.

Напомена: Во ОБЈЕКТОТ – ТРГОВСКИ ОБЈЕКТ не постои систем за


вештачко одведување на воздух. Вентилирањето се врши по природен пат
преку врати и прозори.

ПРИОДНИ ПАТИШТА И ПРЕМИНИ

Проектирањето на заштитата од пожари на објектите започнува уште во


урбанистичките услови – планови каде се дефинираат сообраќајниците како
пристапни патишта и за ПП возила, безбедносни растојанија од соседните објекти
кои би биле зафатени од пожари од поголем размер, се утврдува решението за
водоснабдување за нормални потреби и за гаснење на пожар, а се зема во предвид и
опасноста од околните објекти со голем пожарен ризик. Безбедносните растојанија се
одредуваат со правилници а основа за нивнот дефинирање е спречување на ширење
на пожарот со пренесување на топлинска конвекција. За поголем број на индустриски
и складишни објекти овие растојанија по правило се проценуваат од случај до случај.
Противпожарните возила остваруват осовинско оптоварување до 100 kN и бараат
ширина на поминување од 3,5 m и висина од 4 m. За работа во текот на гаснењето
потребно е пристапниот пат да биде оддалечен од објектот 5 до 20 m . Местото од
кое се врши интервенцијата мора да биде рамно плато заради стабилноста на
возилото при употреба на ПП скалите од самото возило или платформата. Кога и да
е можно треба да се оствари движење нанапред на ПП возилото како што се бара
при гаснење на пожари на високи објекти. Радиусот на кривините на сообраќајниците
(внатрешен) треба да е барем 10 m, додека нагибот на платото до 1°. Приодот до
објектот до ѕид без отвор не се смета за приод за интервенција.
Препорачливо е да и на ѕидот од огноотпорен материјал се обезбеди отвор за
евакуација и пристап за интервенција во вид на прозор или некој капак кој може да се
истурка. Ако ваков отвор на ѕидот е кон загрозениот соседен објект неговата
големина може да се ограничи на 2 m².
На основа на погоре изложеното растојанието помеѓу соседните објекти во
индустрискиот комплекс треба да изнесува најмалку 12 m (земајќи ја во предвид и
сообраќајницата т.е и платото за приод на ПП возилото).

31
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Одредувањето на оптималното растојание е задача на економско безбедносните


анализи при што е познато дека со зголемување на безбедносното растојание,
безбедноста од пожар за соседниот објект расте но економичноста во
урбанистичкото решение опаѓа.

ЗАКЛУЧОК: Приодните патишта до објектот се со потребната


широчина, а и широчината на влезот во самиот објект задоволува.

ИЗЛЕЗИ И ПАТИШТА ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА И МАТЕРИЈАЛНИ


ДОБРА ОД ПОЖАРИ И ЕКСПЛОЗИИ.

Евакуацијата е постапка која е резултат на опасна ситуација а претставува


организирано самостојно движење на загрозени луѓе кон сигурни места со користење
на планирани патеки за евакуација и излези.
Спасувањето на лицата кои сами не можат да ги напуштат местата се
изведува со организирани претходно извежбани постапки со помош на соодветна
опрема и случката со која се загрозени животите и здравјето на присутните лица,
односно материјалните добра.
Опасни ситуации кои можат да се случат се:

- Пожар;
- Експлозија;
- Земјотрес.

Излезните – евакуациони патишта за објектот дадени се во графичкиот дел кои се


составен дел на овој елаборат.
При определувањето на излезите и патиштата за манипулација и евакуација а
имајќи во предвид намената на објектот водено е сметка во целост да бидат
запазени одредбите од Правилник за мерките за заштита од пожари и експлозии и
опасни материи, како и правилата на техничка во пракса, а притоа во целост да биде
запазен и архитектонско-урбанистичко решение во согласност со намената на
деловите од објектот водејќи сметка првенствено да бидат запазени пропишаните
условите за безбедна евакуација на сите присатни лица во објектот.
Хоризонталната комуникација во објектот се врши преку внатрешни
сообраќајници, внатрешни манипулативни ходници, додека пак вертикалната
комуникација се врши преку внатрешни скалишта и лифт.
Сите врати се отвараат во правецот на излезот и над нив се предвивдени
противпанични светилки со натпис „ИЗЛЕЗ“, а во ходничките и скалишните простори
се предвивдени противпанични светилки со ознака на правецот на движење кон
излезот за безбедно движење и евакуирање на луѓето во случај на потреба.
Ширината на вратите, ходниците, скалишните јадра и самите излези и правци
на коридорите за евакуација се со широчини кои ги задоволуваат прописите и истото
може да се види во графичките прилози.Од горното евидентно е дека при
проектирање на објектот во целост се запазени условите за непречена и безбедна
евакуација на луѓето што би се затекнале во објектот.

32
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

ИЗБОР И ПОСТАВУВАЊЕ НА УРЕДИ И ИНСТАЛАЦИИ ЗА АВТОМАТСКО


ОТКРИВАЊЕ,ЈАВУВАЊЕ И ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРИ.

Согласно со претходно направените анализи и проценка на опасностите од


пожари, експлозии и опасни материи, како и одредбите од „Правилник за мерките за
заштита од пожари, експлозии и опасни материи“ и „Правилник за начинот на
одредување на местата на кои задолжително треба да се наоѓаат уредите и
инсталациите за заштита од пожари, друга противпожарна опрема, средства за
гаснење пожари и противпожарни апарати, нивно одржување во исправна состојба,
посебното обележуивање и достапноста за употреба за целиот објект се
предвивдува поставување на автоматски стабилен систем за детекција и
алармирање во случај на појава на пожар.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗАШТИТАТА ОД ПОЖАРИ И ТАКТИЧКО ОПЕРАТИВНИ


ПОСТАПКИ ВО ТЕК НА ГРАДБАТА НА ОБЈЕКТОТ

Како што е неопходно спроведување на заштитата од пожари при користење


на објектот, потребно е да се предвидат и мерки за заштита од пожари при градење
на објектот, т.е. мерки за заштита од пожари на градилиште.
Пожарот на градилиште може да настане на градежната опрема и техника,
на електричната инсталација, на складираниот и вградениот градежен горлив
материјал и сл.Како најчести причини за настанување на пожари на градилиштата се
куси врски поради оштетување на изолација на кабли што ги користат градежните
работници, несоодветна заштита од атмосферски влијанија,удар на гром и
невнимание на вработените при користење на отворен пламен и грејни тела.
Во различни фази на изградба на објектот се менуваат и зголемуваат
опасностите за настанување на пожари, а тоа пак бара и соодветно да се
надградуваат и мерките за заштита од пожари.
Некои од мерките за заштита од пожари кои задолжително треба да се
организираат и спроведуваат на градилиштето се следните:
-правилен распоред на градежните запаливи материјали, соодветен избор на
електрична опрема и уреди и нивна исправност, електричните кабли што се користат
да бидат обезбедени со мехнаичка заштита и да бидат обезбедени со заземјување,
се изведува заземјувач на кранската дигалка-доколку се користи при изградбата на
објектот.
Вработените мора да бидат стручно оспособени преку соодветни курсеви,
семинари и други видови на обуки за ракување со средствата за гаснење пожари,
како и да бидат запознаени и за другите мерки кои треба да се превземаат за да се
спречи опасност од настанување и појава на пожар.
На градилиштето да се предвиди поставување на најмалкуи два пожарни
хидранти со приклучок Ф=52 mm со кос вентил и рачка со противпожарно црево и
млазница поставени во соодветен ормар. Имајќи во предвид големината на
површината за градење да се предвиди пожарните хидранти да бидат поставени на
погодни места на меѓусебно растојание од околу пеесетина метри.
Во почетокот на градење во времените објекти за работниците и за раководителите
на градење на објектот се предвидуваат по два единечни ПП апарати од типот
С-9 , како и еден ПП апарат за почетно гаснење на пожар од типот С-6 во команданта
кабина на кранската дигалка доколку се користи.

33
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

Со натамошна градба на објектот на секое ниво од објектот каде што ќе се


користи простор за магацини и времени работни простории за потреба на
вработените се поставува по еден единечен ПП-апарат за почетно гасење на пожар
со сув прав од типот С-9.
ТАКТИЧКИ ПЛАН ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ ОПАСНОСТ, СПАСУВАЊЕ И ЕВАКУАЦИЈА

Опасности од пожар во објектот може да настанат од низа причини од кои како


најчести се јавуваат: неправилна манипулација со горива и др. лесно запаливи
материјали, работа со отворен пламен, работа со алат кој предизвикува искрење,
електричмио инсталации и уреди, кварови на опремата и др. Од овие и од други
причини се наложува потребата за изготвување на тактички план за гаснење пожар,
за евкуација и за спасување на здравјето и животот на луѓето и на имотот.

ОПШТА ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ПОЖАР

При појава на пожар или друг вид на опасност треба да се постапи на


следниот начин:
-Вработен или друго лице кое ќе го забележи пожарот или некоја друга
опасност се обидува и е должен сам да го локализира пожарот или да ја отстрани
пројавената опасност, водејќи сметка притоа како за сопственото здравје и
безбедност така и за здравјето и безбердноста на другител лица и имотот.
-Ја исклучува електричната енергија во објектот преку склопки предвивени за
таа цел.
-Ги известува присатните вработени и другите лица присатни во објектот (со помош
на систем за алармирањеили со повик.
-Ако сам не успее да го локализира пожарот т.е. да ја отстрани пројавената
опасност, ги известува и алармира другите присатни лица во објектот и ја
известува територијалната противпожарна единица на градот на тел.193, итната
медицинска помош на тел. 194 и полицијата на тел. 192 , кои пак служби се наоѓаат
на оддалееченост од објектот помалку од 10 км и во зависност од условите во
сообраќајот релативно бргу ќе стигнат во објектот.
-По доаѓање на екипа од противпожарната единица на објектот, раководење со
гаснење на пожарот го превзема командирот на единицата или неговиот заменик.
Од правилната и квалитетна примена на техничките средства и опрема за
спречување и гаснење на пожарот опрема за работа, како и личната и колективната
заштитна опрема зависат добрите резултати.
Неопходно е да се нагласи дека лошата проценка на состојбата пред
почетокот на интервенцијата за локализирање и гаснење на пожарот иотстранување
на опасноста, може да доведе до ситуација на примена на несоодветни справи,
уреди, опрема и средства што пак би можело да предизвика кобни последици
(големи материјални штети и човечки жртви).
За одредување и примена на одредени активности при: спасување и
евакуација, локализирање и гаснење на пожарот и изведување на одредени тактички
зафати, лиѓето што учествуваат во акцијата применуваат соодветни тактички
настапи во зависност од ситуацијата, видот и интензитетот на пројавената опасност.
Отстранувањето на опасноста може да биде и сложена работа и може да трае долго
време и притоа да обединува работа на повеќе извршители, техника, опрема и
средства за спасување. Тактиката за отстранувањње на опасностите опфаќацелосна
акција за спасување и се заснива на три работни фази и тоа:
-Извидување и поставување на справи и опремаа за непосредно дејство со цел за
спасување и гаснење;

34
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

-Непосредно отстранување на опассноста (на пр. гаснење на пожар); и


-Спасување и евакуација на загрозени лица,нивно згрижување и превземање
на мерки за отстранување на последиците.
Целта на извидувањето е да на лице место се согледа ситуацијата и да се
соберат неопходни податоци за може раководителот на акцијата за спасување да
предвиви и да одлучи за примена на конкрететн план за настап при отстранување на
опасноста и спасување на лужето и имотот. Прва должност на раководителот на
акцијата е да изврши извидување и да направи проценка на опасноста и да утврдиЧ
дали се загрозени луѓе, каде и каква е опасноста, во каква состојба и со кој
интензитет, правец и брзина на ширење на опасноста, загорозеност на имотот,
опасност од експлозија, опасност од отровни гасови, опасност од уривање итн.
Улогата на раководителот нас акцијата е многу важна и од неговата
умешност и способност за брзо ориентирање и правилно согледување на
ситуацијата во многу зависи конечниот успех на акцијата за локализирање и гаснење
на пожарот, спасување и евакуација и отстранување на пројавената опасност.

НАЧИН НА КОЈ ЌЕ СЕ ВРШИ ЕВАКУАЦИЈА И СПАУВАЊЕ

Спасувањето траба да биде извршено брзо и сталожено. Сите постапки


треба да се извршат прецизно така што целата активност треба да претставува
добро осмислена и координирана акција.Сите активности треба да се извршуваат
според стандардни оперативни процедури и постапки односно согласно мерките
предвидени со „ПЛАН ЗА ЗАШТИТА, СПАСУВАЊЕ И ЕВАКУАЦИЈА ОД ПОЖАР“.
Уште при извидувањето неопходно потребно е да се утврди:

 каде се загрозените лица


 број на загрозени лица и во каква состојба се
 каква опасност се заканува
 дали опасноста е на во објект или на отворен простор
 каква е можноста за спасување и евакуација на загрозените лица
 дали има осветление
 каква опрема е потребна за спасување
 каква е состојбата на патиштата за евакуација
 од која страна и по кој пат е најдобро да се врши спасувањето

Изборот на начинот на спасување на луѓето и материјалните добра ќе


зависи од изборот на патиштата за спасување, а какви справи, опрема и средства
притоа ќе бидат употребени зависи од бројот и состојбата на загрозените.
Можните патишта за евакуација и спасување на луѓето и имотот се
прикажани во графичките прилози.

35
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

АЛАРМИРАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР

Во случај на настанат пожар присатните вработени и корисници на објектот што


ќе се затекнат на објектотдолжни се веднаш со постојните средства за почетно
гаснење да пристаапат кон локализирање и гаснење на пожарот и за истото веднаш да
го известат одговорното лице за објектот.
Доколку е потребно се врши известување и алармирање и на другите лица што
се затекнати во објектот со вклучување на алармна сирена и притоа заедно со другите
вработени и други затечени работоспособни лица помагаат за безбедно евакуирање
од објектот и истовремено се известуваат надлежните служби и тоа:

 Противпожарна единица на тел. 193


 Полиција на тел.192
 Итна медицинска помош на тел. 194
 Центар за известување и управување со кризи на тел. 195

36
Елаборат за заштита од пожараи и опасни материи ППЗ

ПРЕДМЕР -противпожарна опрема-

1.- Испорака и монтажа на ПП-апарати од


тип С-9 поставени на соодветни држачи
или на под според основа на проектот и
поставени видлива ознака
---------------------------------------------------------------------------------- 7 ком.

2.- Испорака и монтажа на надворешен


подземен ПП-хидрант со ормар со
пропишана опрема поставен според
основа на проектот
---------------------------------------------------------------------------------- 3 ком.

3.- Испорака и монтажа на внатрешен ѕиден


ПП-хидрант со ормар со пропишана
опрема поставен според основа на
проектот
---------------------------------------------------------------------------------- 6 ком.

Составил,

37
ГРАФИЧКИ ПРИЛОЗИ - ППЗ
Карактеристични профили
Legenda:
ЈПКД "КОМУНАЛЕЦ"
Katastarski parceli LEGENDA:
:
пресек A-A сообраќаен коридор Visini - GRANICA NA OPFAT
- Фек. канализација превземен од извод од АУП
Drvena bandera - LINIJA NA PARCELA
РЛ
- REGULACIONA LINIJA
ГЛ - GRADE NA LINIJA
- OSOVINA NA KOLOVOZ
- ELEMENTI NA SOOBRAKAJNICA
Б2 -
- Ќ
БЕХАТОН ПЛОЧКИ

ЗЕЛЕНИЛО

- VLEZ VO PARCELA
- ВЛЕЗ ВО ОБЈЕКТ

- ВЛЕЗ ВО ГАРАЖА
- ВЛЕЗ ВО ПОДЗЕМНА ГАРАЖА
L=49,9 - ПРОДОЛЖЕН НАКЛОН НА УЛИЦА
0,46%
ЗА ОПРЕДЕЛЕНА ДОЛЖИНА
230.5513
- ВИСИНСКИ КОТИ НА ТЕРЕН
230.8300
- КОТА НА НУЛТА ПЛОЧА
РЛ

230.7809
- VODOVODNI INSTALACII
- FEKALNA KANALIZACIJA PLANIRANA
R6
- ATMOSVERSKA KANALIZACIJA PLANIRANA
Б2
Н=10,0m
П+1 ПРИКЛУЧНА ТОЧКА НА ВОДОВОД
L=4 %

230.8300
0,4
9,9
6

ПРИКЛУЧНА ТОЧКА НА КАНАЛИЗАЦИЈА


ПРИКЛУЧНА ТОЧКА НА КАНАЛИЗАЦИЈА
КРО (Кабелски мерен ормар)
- ПОДЗЕМЕН НИСКОНАПОНСКИ КАБЕЛСКИ ВОД
230.5513
DN

(од постоен НН столб до новопроектирано КРО)


- Тврдо ПВЦ црево за заштитен појас на ел. кабли
200

- ПОДЗЕМЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ КАБЕЛСКИ ВОД


mm

(монтажа од ЕК ормар до излез од парцела)


А - Тврдо ПВЦ црево за заштита на TK кабелски вод
ј

А - ЕК ормар (Електрокомуникац. приклу. ормар)


- НУМЕРАЦИЈА НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА
- насока на противпожарно возило

ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА


ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА
ППЗ :

ИНВЕСТИТОР: ул."Марксова" бр.22 - Виница


ТЕX. БР. 08/03-21

ОБЈЕКТ: Трговски објект


Датум: Септември 2021 РАЗМЕР ЛИСТ БР.
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ: Ситуација - Противпожарна заштита (ППЗ) Проектант:Наско Карајанов,дми 1:500 ППЗ 0


II
I
300
400
EM.L

III III

±0.00 m

±0.00 m

ЗВУЧЕН
СИГНАЛ

ППА_S-9
ППА_S-9

АЛАРМ
ЗА
ПОЖАР

ППА_S-9

150
0

220

EM.L

180
220 3
7

-0.35 m 1 ±0.00 m
150 ЗВУЧЕН
0

СИГНАЛ
220

.........
.........
ППА_S-9

±0.00 m
ППА_S-9 EM.L

180
220 ПЛАН ЗА 300
ЕВАКУАЦИЈА 300
Резервен излез за
евакуација

ПЛАН ЗА EM.L
ЕВАКУАЦИЈА
180
220

4
АЛАРМ
ЗА
ПОЖАР

5 6 WC
2
ПРВА
ПОМОШ

ПРВА
ПОМОШ

ППА_S-9 ППА_S-9

II
I
ЛЕГЕНДА:
1. Трговска површина - 529.86м²
2. Канцеларија 8,90м²
3. Скалила - 19.00м²
4. Санитарија - 2.09м²
5. Тоалиет мажи - 1.30м²
6. Тоалет жени - 1.30м²
7. Затворен паркинг - 810.02м²
· Вкупно внатрешна корисна
површина на приземје - 1 372.47м²
· Бруто површина на приземје - 1 398.41м²

ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА


ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА
ППЗ :

ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21


ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект


Датум: Септември 2021 РАЗМЕР ЛИСТ БР.
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ: Основа на приземје - Противпожарна опрема Проектант:Наско Карајанов,дми 1:50


ППЗ 1
II
I
300
400
III III

±0.00 m

±0.00 m

150
0

220

180
220 3
7

-0.35 m 1
150
0

220

±0.00 m

180
220
300
300
Резервен излез за
евакуација

180
220

5 6
2

II
I
ЛЕГЕНДА:
1. Трговска површина - 529.86м²
2. Канцеларија 8,90м²
3. Скалила - 19.00м²
4. Санитарија - 2.09м²
5. Тоалиет мажи - 1.30м²
6. Тоалет жени - 1.30м²
7. Затворен паркинг - 810.02м²
НАСОКА НА ЕВАКУАЦИЈА ОД ГАРАЖА · Вкупно внатрешна корисна
површина на приземје - 1 372.47м²
НАСОКА НА ЕВАКУАЦИЈА ОД ПРИЗЕМЈЕ · Бруто површина на приземје - 1 398.41м²

НАСОКА НА ЕВАКУАЦИЈА ОД КАТ


ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА
ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА
ППЗ :

ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21


ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект


Датум: Септември 2021 РАЗМЕР ЛИСТ БР.
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ:
Основа на приземје - План за евакуација Проектант:Наско Карајанов,дми 1:50 ППЗ 1a
II
I
III III

2
1

ЗВУЧЕН
СИГНАЛ

АЛАРМ
ЗА
ПОЖАР

ПЛАН ЗА
ЕВАКУАЦИЈА

EM.L
KAT

1 180
220

II
I
ЛЕГЕНДА:
1. Склад - 1359,27м²
2. Скалила - 19.00м²
· Вкупно внатрешна корисна
површина на приземје - 1 378.27м²
· Бруто површина на кат 1 - 1 398.41м²

ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА


ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА
ППЗ :

ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21


ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект


Датум: Септември 2021 РАЗМЕР ЛИСТ БР.
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ: Основа на кат 1 - Противпожарна опрема Проектант:Наско Карајанов,дми 1:50


ППЗ 2
II
I
III III

2
1

180
220

II
I
ЛЕГЕНДА:
1. Склад - 1359,27м²
2. Скалила - 19.00м²
· Вкупно внатрешна корисна
површина на приземје - 1 378.27м²
· Бруто површина на кат 1 - 1 398.41м²

НАСОКА НА ЕВАКУАЦИЈА ОД ГАРАЖА

НАСОКА НА ЕВАКУАЦИЈА ОД ПРИЗЕМЈЕ

НАСОКА НА ЕВАКУАЦИЈА ОД КАТ


ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА
ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА
ППЗ :

ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21


ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект


Датум: Септември 2021 РАЗМЕР ЛИСТ БР.
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ: Основа на кат 1 - План за евакуација Проектант:Наско Карајанов,дми 1:50 ППЗ 2a


ГРАФИЧКИ ПРИЛОЗИ - Превземени од фаза Електрика
6675

600 600 600 600 600 600 25 600 600 600

300
400
1215

717
675

3037

150
220
2095

2075

2075
675

3
7

1
150
220

1349
Резервен излез за
евакуација
675

2280

4
2 5 6 РЈ
ГРТ

ЛЕГЕНДА:
: 1. Трговска површина - 529.86м²
2. Канцеларија 8,90м²
3. Скалила - 19.00м²
4. Санитарија - 2.09м²
5. Тоалиет мажи - 1.30м²
W 6. Тоалет жени - 1.30м²
7. Затворен паркинг - 810.02м²
W. · Вкупно внатрешна корисна
површина на приземје - 1 372.47м²
· Бруто површина на приземје - 1 398.41м²

W.
ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ЕЛЕКТРИКА
E :

ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА


ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21
ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект ЛИСТ БР.


Датум: Август 2021 РАЗМЕР
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ:
Основа на приземје Проектант: Дипл. ел. инж.
Кирил Попетревски 1:50 E1
6675

600 600 600 600 600 600 25 600 600 600 600 600

II
I
1215
675

РТ-K

РЈ
2095

675

2
1
675

II
I
ЛЕГЕНДА:
1. Склад - 1359,27м²
2. Скалила - 19.00м²
· Вкупно внатрешна корисна
површина на приземје - 1 378.27м²
· Бруто површина на кат 1 - 1 398.41м²

ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ЕЛЕКТРИКА


E :

ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА


ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21
ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект ЛИСТ БР.


Датум: Август 2021 РАЗМЕР
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ:
Основа на кат 1 Проектант: Дипл. ел. инж.
Кирил Попетревски 1:50 E2
Pi = 47,45 kW. n = 0,7 ; cosF = 0,95 ; Pi = 75 kW. n = 0,5 ; cosF = 0,95 ;
Pe = 33,2 kW.; Ie = 53,1 A. Pe = 37,5 kW.; Ie = 60 A.

ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ЕЛЕКТРИКА


E :

ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА


ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21
ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект ЛИСТ БР.


Датум: Август 2021 РАЗМЕР
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ:
Еднополни шеми Проектант: Дипл. ел. инж.
Кирил Попетревски 1:50 E3
ГРАФИЧКИ ПРИЛОЗИ - Превземени од фаза Водовод
6675

200 400 700 400 4975

16 584 16 584 16 584 16 584 16 584 16 584 16 16 584 16 584 16 584 16 584 16 584 16

600 600 600 600 600 600 25 600 600 600 600 600
- Денивелација на теренот за
влез во објект
( наклонот да се постигне со
земјени маси и покривка од павер
плочки во согласност со
партерното уредување )

II
I
300
400
55

33

33
1215

III III
595

±0.00 m

717

717
642

642
675

675
±0.00 m

442
2393 3037
33

33
155

1215 2180

1765
150
0

220
2095

2075

2075

2095
481

642

642
675

675
180
220 3
7

750
-0.35 m 1 ±0.00 m

956
150
0

220
165

33

33
1349
203
±0.00 m

190
180
220
300
300

413
Резервен излез за
евакуација
642

675

675

642
595 520 2280
595

180
180
220
109

300
4
190
310

300

6 3250
2 5

223
Ø16
145

90 140
Ø16
33

33
49

II
I
600 600 600 600 600 600 25 600 600 600 600 600

16 584 16 584 16 584 16 584 16 584 16 584 16 16 584 16 584 16 584 16 584 16 584 16

200 400 800 400 4875

6675

ОСНОВЕН ПРОЕКТ - ФАЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ВК :

ДТГМ "МЕБЕЛ ВИ БРАНКО" ДООЕЛ ВИНИЦА


ИНВЕСТИТОР: ТЕX. БР. 08/03-21
ул."Марксова" бр.22 - Виница

ОБЈЕКТ: Трговски објект


Датум: Август 2021 РАЗМЕР ЛИСТ БР.
КП БР. 685/1 КО Добрејци вгр - Oпштина Струмица

ПРИЛОГ:
Основа на приземје - водовод Проектант: Иван Трајков, диа 1:50 A1

You might also like