You are on page 1of 3

Анализа на податоци

Прашалник за ученици

Најголем дел од учениците, дури 76%, сметаат дека добиваат совети за тоа како најефикасно
да учат од страна на наставниците. Исто така 76% од учениците сметаат дека наставниците ги
пофалуваат и ги истакнуваат нивните успеси и позитивно ги вреднуваат. 84% од учениците
целосно се согласуваат дека домашните задачи кои ги поставуваат наставниците им помагаат
за полесно совладување на наставните содржини. Исто така, 75% од учениците сметаат дека
наставниците коирстат најразлични постапки за оценување на нивните знаења.

Прашалник за наставници

Најголем дел од наставниците, дури 95% целосно се согласуваат дека училиштето има утврден
систем за известување на родителите за напредокот на нивните деца и доследно го применува.
Исто така, 92% од наставниците целосно се согласуваат дека во училиштето се применува ИКТ
технологија во наставата.

Прашалник за родители

Најголем дел од родителите, дури 75% се согласуваат дека обемот на домашните задачи
одговара на возраста на нивното дете. 95% од родителите целосно се согласуваат дека имаат
можност да го следат напредокот и редовноста на учениците.
Резиме и заклучоци од подрачјето учење и настава

При спроведување на самоевалуацијата за Подрачје 3. Учење и настава, се спроведе анкета


чиишто учесници беа учениците од ООУ Његош, наставниците вработени во истото училиште како и
родителите на учениците од истото училиште.
Од спроведената анкета кај учениците може да се заклучи дека наставниците не ги
информираат учениците доволно околу процесот на оценување. Исто така учениците сметаат дека
наставниците не ги поттикнуваат учениците на учество во работилници, проекти и на натпревари, а
сепак тие се свесни за користа од истите како на приватно така и на професионално ниво. Освен тоа,
учениците се свесни за влијанието на предрасудите во односите и наставниците се оние коишто
треба да поработат на тоа поле, бидејќи само 25% се целосно согласни со споменатото тврдење. Од
спроведената анкета кај наставниците може да се заклучи дека наставниците ги имаат поребните
подготовки за работа (годишни, тематски планирања), но треба повеќе да се работи на изработката
на индивидуалните планирања и нивно спроведување на час. Само половина се согласуваат дека
правилно оценуваат што значи дека повеќе од пожелно е да се повторат обуките за оценување. Од
спроведената анкета кај родителите може да се заклучи дека треба да се информираат и запознаат со
типот на воннаставни активност кои се одвиваат во училиштето и која е предноста од учеството во
истите. Треба да се поттикнат наставниците на што поголемо вклучување на учениците во
воннаставни активности. Исто така само половина сметаат дека се информирани за успехот на
учениците во училиште што значи дека треба навремено да се известува за родителските средби и
приемните денови.

You might also like