You are on page 1of 13

Економски факултет – Прилеп

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ И ИНСТИТУЦИИ

ТЕМА : АКЦИИ

ИЗРАБОТИЛ : МЕНТОР :

Христијан Трпески проф.д-р. Гордана Витанова


46/18

Прилеп, 2020
Содржина

Вовед .................................................................................................................. 3
1. АКЦИИ .......................................................................................................... 4
1.1. Поделба на акции .................................................................. 5
1.2. Права на сопствениците ....................................................... 6
2. Облици на вредност на акцијата .................................................................. 7
2.1. Номинална вредност на акцијата ......................................... 7
2.2. Книговодствена вредност ..................................................... 7
2.3. Право на глас ............................................................................................... 8
3. Емисија на акции ........................................................................................... 9
3.1. Иницијална јавна понуда ....................................................... 9
3.2. Приватен пласман на акциите ............................................... 9
4. Приоритетни акции ....................................................................................... 10
4.1. Својства на приоритетните акции ....................................... 11
Заклучок ............................................................................................................. 12
Користена литература ....................................................................................... 13

2
Вовед

Под сопствени акции се подразбираат акции кои акционерското друштво


ги стекнува под различни основи и при што правата содржани во тие акции,
друштвото не може да ги користи. Друштвото не може да биде имател на
акциите кое што тоа ги издало.
Меѓутоа, во одредени ситуации се дозволува можноста за поседување на
сопствени акции од страна на друштвото со цел да се зачува пазарната вредност
на друштвото. Имено, со дозволување на откуп, или продажба на сопствени
акции на друштвото му се дозволува да реагира на пазарот, со цел да ја
избалансира понудата и побарувачката на акциите, а со тоа да ја зачува нивната
вредност и угледот на друштвото во јавноста.
По исклучок, друштвото може да стекнува сопствени акции кога
стекнувањето сопствени акции е неопходно да се спречи сериозна и непосредна
штета што би ја претрпело друштвото. Одлуката ја донесува одборот на
директори, односно управниот одбор по претходна согласност на надзорниот
одбор.
Во овој случај, одборот на директори, односно управниот одбор е должен
на првото наредно собрание да го извести собранието за причините и целта на
извршеното стекнување сопствени акции, за бројот на номиналниот износ на
стекнати акции, за делот од основната главнина која што ја претставуваат
стекнатите акции, цената по која се стекнати, како и за изворот на средствата
кои што се користени за нивното стекнување.

3
1. АКЦИИ

Акцијата е пренослива хартија од вредност и затоа може да биде предмет


на различни правни работи Поради оваа основна карактеристика, акцијата може
да биде предмет на тргување. Во Законот за хартии од вредност, акцијата е
дефинирана како сопственичка хартија од вредност, која претставува неделив и
идеален дел од основната главнина на акционерското друштво или
командитното друштво со акции.
Акцијата ја карактеризираат неколку различни вредности:
- Првата вредност е номиналната вредност на акцијата. При основањето на
акционерското друштво, основниот акционерски капитал се дели на одреден
број на акции, при што секоја акција има номинална вредност. Збирот на тие
вредности го сочинува основниот капитал на друштвото.1
Речиси сите европски законодавства ја утврдуваат најниската номинална
вредност на една акција, додека англиското право не предвидува најмал износ
на вредноста на акцијата.
Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија
номиналниот износ на една акција не може да биде помал од едно евро.
- Другата вредност на акциите е книговодствената вредност на акциите,
која е пресметана од билансните податоци на акционерското друштво, како
однос меѓу вкупниот капитал и бројот на издадени акции.
- Третата вредност на акциите и истовремено најважната е нејзината
пазарна вредност, што ја утврдува секундарниот пазар врз основа на понудата и
побарувачката за одделната акција.

1
Сашо Арсов,Финансиски менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2008

4
1.1. Поделба на акции

Акциите може да се поделат и зависно:


а) од содржината на правото и
б) од тоа на кого гласат.
Според содржината на правото, акциите можат да бидат обични и
приоритетни акции.
Обичните акции се акции кои на сопственикот му обезбедуваат учество
во поделбата на нето добивката на друштвото, откако ќе се извршат обврските
кои имаат приоритет на исплата. Сопствениците на обични акции имаат и право
на управување со друштвото односно право на глас при донесувањето на
одлуки од страна на акционерското собрание . Исто така, сопствениците на
обичните акции имаат право, во случај на ликвидирање или стечај на
друштвото, да го поделат меѓу себе остатокот од имотот по намирување на
обврските на друштвото кои имаат приоритет на наплата. 2
  Приоритетните акции се акции кои на сопствениците им носат однапред
опреден паричен износ или во процент од номиналниот износ на акцијата
дивиденда, која најчесто се исплатува годишно.
Самото име на овие акции покажува дека тие имаат приоритет во
исплатата на дивидендата пред сопствениците на другите видови на акции. 3 Она
што е суштествено за овие акции е што најчесто на сопственикот не му
обезбедуваат право на управување во друштвото, доколку со статутот и во
одлуката за издавање на акции не е поинаку уредено.
Согласно позитивните законски прописи во Македонија вкупниот
номинален износ на приоритетните акции без право на глас не може да биде
поголем од 30% од вкупниот номинален износ на обичните акции во основната
главнина на друштвото.

2
Сашо Арсов,Финансиски менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2008
3
https://www.mse.mk/mk/issuers/shares-listing

5
Во зависност од различните права што им ги даваат на акционерите, во
Република Македонија постојат повеќе класи на приоритетни акции и тоа:
Кумулативната приоритетна акција му дава на сопственикот право на
наплата на акумулираните неплатени дивиденди пред наплатувањето на какви
било дивиденди на сопственикот на обични акции
Партиципативната приоритетна акција му дава на сопственикот, покрај
утврдената (фиксна) дивиденда, и право на исплата на дивиденда којашто им
припаѓа на сопствениците на обични акции.

1.2. Права на сопствениците

Сопствениците на акциите имаат неколку основни права:


- право на глас во акционерското собрание;
- право на дивиденда, како дел од добивката на друштвото и
- право на дел од стечајната маса, во случај на ликвидација на друштвото.
Во поглед на ова право, сопствениците на акции се субординирани во
однос на сите други доверители, така што тие ќе добијат дел од стечајната маса,
само откако сите други доверители ќе бидат обештетени.4
Покрај овие, сопствениците на акции, понекогаш (но, не задолжително)
имаат и некои други поволности од поседувањето акции, како што се: правото
на првенствено купување акции од новите емисии на акционерското друштво,
можност да добијат права за купување акции по повластени услови и сл.
Како формален документ, акцијата мора да содржи одредени елементи.
Овие елементи различно се утврдени во различни законодавства, но тука
генерално спаѓаат:
- ознаката дека се работи за акција,
- името на компанијата што ја издала акцијата,
- номиналната вредност,
- името на сопственикот и сл.
Во поново време, акциите се издаваат во дематеријализиран облик, така
што документ на хартија воопшто и не се издава. Таков е случајот и со
Република Македонија.

4
https://www.mse.mk/mk/issuers/shares-listing

6
2. Облици на вредност на акцијата

Како хартија од вредност, акцијата има своја вредност и пазарна цена. Од


аспект на вредноста, можеме да зборуваме за номинална и за книговодствена
вредност.

2.1. Номинална вредност на акцијата

Номиналната вредност го претставува износот на кој гласи акцијата и таа


се добива како пропорционален дел од вкупната вредност на емитуваните
акции. 5
Номиналната вредност нема речиси никакво практично значење, освен
кај некои приоритетни акции, каде што служи како основа за пресметка на
дивидендата.
Извесно значење има за сметководството, како основа за разграничување
меѓу акционерскиот капитал по номинална вредност и капиталната
добивка/загуба, но и тука, практично значење не постои.

2.2. Книговодствена вредност

Книговодствената вредност на акцијата се добива врз основа на билансот


на состојба и бројот на емитувани акции. 6 Таа се добива кога збирот на ставките
акционерски капитал, акумулирана добивка, резерви и капитална добивка /
загуба ќе се подели со бројот на емитувани обични акции.

5
https://www.mse.mk/mk/issuers/shares-listing
6
http://www.trguvanjesoakcii.com/trguvanje/kako-se-odviva-trguvanjeto-so-akcii/

7
2.3. Право на глас

Преку правото на глас, акционерите имаат можност да остварат контрола


врз работењето на претпријатието. Тоа го прават преку своето учество на
акционерското собрание, кое се одржува најмалку еднаш годишно. Сепак,
сопственоста врз акциите на друштвото е најчесто широко дисперзирана, така
што т.н. “мали “ акционери немаат речиси никаква можност да влијаат врз
работењето на друштвото.
Системи на гласање - За се заштитат правата на помалите акционери, во
различни земји се преземаат посебни мерки. Така, среќаваме мнозински и
кумулативен систем на гласање. Мнозинскиот систем е класичниот систем, во
кој една акција носи еден глас, така што мнозинските акционери ќе ги изберат
сите членови на управните и на надзорните одбори.
Кај кумулативниот систем, секој акционер може да им ги додели своите
гласови на едно или на повеќе лица од списокот на предложениците. На овој
начин, кај одделни предложени кандидати можат да се сконцентрираат доволен
број гласови, така што тие со сигурност ќе бидат избрани во одборите како
претставници на малцинските акционери.
Ополномоштување - Друга можност за малцинските акционери
претставува ополномоштувањето што тие им го издаваат на некои од
поголемите акционери да гласаат во нивно име. Тоа се прави преку писмено
ополномоштување, како документ кој акционерот му го издава на акционерот
кој ќе гласа во негово име, со што дел од акционерите можат да сконцентрираат
доволен број гласови за да остварат позначајна улога при донесувањето на
клучните одлуки.
Класи на акции - Од аспект на правото на глас, акциите се јавуваат како
акции од класа А и акции од класа Б. Обично, акциите од класа А се тие што
имаат право на глас, додека акциите од класа Б немаат. Ваквата класификација
се појавила во некои компании, каде што постојните акционери не сакале да ја
загубат контролата врз компанијата при новите емисии на акции, така што
своите акции ги прогласиле за акции од класа А, додека новоиздадените акции
се наречени акции од класа Б. За да се обезбеди атрактивноста на овие акции, на
нив обично им се даваат некои дополнителни бенефиции.

8
3. Емисија на акции

Самата процедура за емисија (издавање) на акции, со цел прибирање


дополнителен капитал е мошне комплексна и се состои од цела низа активности
кои треба да обезбедат заштита на интересите на сите инволвирани страни,
легалност, транспарентност и да придонесат за ефикасно функционирање на
пазарот на капитал.7

3.1. Иницијална јавна понуда

Иницијалната јавна понуда се користи најчесто за прибирање


дополнителен капитал од страна на компании што веќе постојат. Во некои
случаи се работи за компании кои дотогаш биле приватни, т.е. некотирани
компании, во сопственост на мал број сопственици, најчесто нивните основачи,
кои со иницијална јавна понуда сакаат да се трансформираат во јавни, т.е.
компании чијшто капитал е дисперзиран кај голем број сопственици.

3.2. Приватен пласман на акциите

Приватниот пласман на акциите се јавува како алтернатива на јавната


продажба. Јавната продажба предизвикува низа напори и трошоци за емитентот
на акциите. Тука спаѓа подготовката на обемната документација што се
поднесува кај Комисијата за хартии од вредност, трошоците за подготовката на
емисијата и провизиите за консултантите и сл.
Наместо тоа, постои можност емисијата да се изврши и преку приватен
пласман. Тоа претставува продажба на акциите на познати купувачи, што значи
дека тие не доаѓаат до широката инвеститорска јавност, како кај јавната понуда.
Од друга страна, за понудата да се смета за приватен пласман, бројот на
купувачи на акциите е лимитиран на одреден број.

7
http://www.trguvanjesoakcii.com/trguvanje/kako-se-odviva-trguvanjeto-so-akcii/

9
4. Приоритетни акции

Како што самото име кажува, приоритетните акции имаат одредени


привилегии во однос на обичните. Овие привилегии, односно приоритети, се
однесуваат на приоритетот во исплатата на дивиденда за нивните сопственици,
како и приоритетот во однос на обичните акции при наплатата на дел од
стечајната маса во случај на ликвидација на друштвото.
Овие привилегии најчесто (но, не задолжително) се компензирани со
губењето на управувачкото право.
Приоритетните акции можат да се најдат во различни модалитети. На
пример, тие носат фиксен дивиденден принос, т.е. дефинираната големина на
дивидендата што им следува на сопствениците на овие акции. 8
Обично, таа се утврдува како процент од нивната номинална вредност и
така утврдената дивиденда е максималниот износ што тие можат да го добијат.
Поради тоа, доколку добивката е поголема од износот потребен за да се
исплатат дивидендите на приоритетните акции, целокупниот остаток им
припаѓа на сопствениците на обични акции.
Исплатата на дивидендата зависи од остварената нето-добивка на
компанијата, но и од одлуката на управниот одбор. Доколку компанијата не
оствари нето-добивка, нема да се врши ниту исплата на приоритетните
дивиденди.
Од друга страна, во одредени ситуации, управниот одбор, односно
одборот на директори може да донесе одлука за неисплаќање на дивидендата
доколку тоа е во најдобар интерес на компанијата.

8
http://www.giveko.mk/akcionersko-drushtvo-pravno-lice.nspx

10
4.1. Својства на приоритетните акции

Приоритетните акции претставуваат хибридни хартии од вредност,


бидејќи тие претставуваат мешавина на својствата на обврзниците и обичните
акции. Од една страна, носат дивиденда која зависи од остварената добивка, а
од друга страна, нивниот принос е фиксен и не носат управувачко право.
Кумулативност. Во некои случаи, компаниите издаваат кумулативни
приоритетни акции. Кај овие акции, дивидендите што не се исплатени на време
се кумулираат се додека компанијата не биде во можност да ги исплати. Додека
не се исплатат кумулираните дивиденди, фирмата не може да им исплаќа
дивиденди на обичните акционери.
Партиципативност. Партиципативните приоритетни акции, покрај
фиксниот износ на дивиденда, даваат можност и за партиципација во остатокот
од нето-добивката, кој вообичаено им се распределува на обичните акционери.
Клаузулата врзана за ваквите акции би гласела на пример : ”… дивидендата
изнесува 2% од номиналната вредност, а доколку обичните акции добијат
дивиденда повисока од овој износ, на приоритетните акции им следува и
разликата до тоа ниво. “
Отповикливост. Компаниите-емитенти на приоритетни акции често го
задржуваат правото на отповикување на акциите. Тоа значи дека уште при
нивната емисија се дефинира цена по која овие акции би можеле да бидат
откупени од страна на емитентот во некој момент од нивното постоење. Оваа
цена е обично повисока од номиналната вредност, а правото на отповикување
емитентот го користи во оној момент кога ќе смета дека фиксната обврска за
дивидендата на приоритетните акции е голем товар, кој може да биде избегнат
со користење на други извори на финансирање.
Конвертибилност. Конвертибилните приоритетни акции се такви акции
што даваат можност за нивна конверзија (претворање) во обични акции.
Право на глас. Малку невообичаено, но и приоритетните акции можат да
добијат право на глас во одредени ситуации. Тоа е случај кога компанијата не е
во можност да врши исплата на дивиденди на приоритетните акции.

11
Заклучок

По горенаведените поими, начела, поделби и образложенија на тема


‘АКЦИИ ’’, сигурно пред вас веќе има формирано слика и образец со сите
карактеристики, позитивности и неготивности за овој вид на финансиски
инструмент. Па оттука и следува и последното прашање кое се поставува :
Зошто да инвестирате во акции ?
Пазарот на капитал е важен алтернативен начин за вложување на
заштедите на луѓето и институциите. Тој овозможува да се постигне значајна
профитабилност наспроти други форми на инвестирање, иако претпоставува и
можен голем ризик
Пазарот на капитал има есенцијална улога во функционирањето на
финансискиот систем на капиталистичката економија. Пример за растечката
важност на пазарите на капитал е дека на светско ниво постојат милиони мали и
големи штедачи кои сакаат да стават дел од своите заштеди на пазарите на
капитал.
Историјата повторно и повторно покажала дека акциите се една од
најдобрите долгорочни инвестиции на финансиските пазари. Акциите можат да
одат нагоре или надоле, но на долг рок можат да генерираат добри приноси.
Можеби не е најдобар начин за дуплирање на вашите пари за неколку
месеци или година, но инвестирањето за 10 или 20 години може да биде добро
наградено.

12
Користена литература

1. Сашо Арсов,Финансиски менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2008


2. https://www.mse.mk/mk/issuers/shares-listing
3. http://www.trguvanjesoakcii.com/trguvanje/kako-se-odviva-trguvanjeto-so-akcii/
4. http://www.giveko.mk/akcionersko-drushtvo-pravno-lice.nspx

13

You might also like