You are on page 1of 3

2.2.

5 :: Нуклеарна фисија
Процес на цепење на тешко атомско јадро при што дел од масата на тоа јадро се претвора во
енергија се нарекува нуклеарна фисија. Спонтаната фисија е многу ретка. Постојат процеси на
нуклеарни реакции кои можат да предизвикат цепење на јадра.

Делбата на јадрата не може да се изврши со електрони бидејќи имаат многу мала маса , ниту
со протони кои имаат доволна маса но се позитивни па јадрото ги одбива бидејќи и самото е
позитивно. За да може јадро да се разбие со протони, тие треба да имаат голема брзина, но
поради нивната маса нивно забрзување е премногу тешко.

За да започне реакција на делба на јадра најпогодни се неутроните, тие се


електронеутрални и имаат доволно голема маса. Разбивање јадра најдобро се постигнува со
спори неутони, затоа неутроните предходно се пропуштат низ супстанција која ги успорува.
Успорувачите на неутрони се нарекуват модератори, тоа се најчесто графитот, тешка или обична
вода. Минималната енергија што треба да ја имаат честиците кои предизвикуваат фисија е
Z2
наречена енергија на активација. За да настане фисија без додавање енергија односот треба
A
да биде 45, ако е помал, за активирање на процесот треба додавање дополнителна енергија .

Делбата е последица на бомбардирање на јадра со неутрони при што доаѓа до навлегување на


неутрони во јадрата,тоа станува многу нестаболно и предизвикува делење (цепење)најчесто на
две нееднакви јадра при тоа се ослободуват 2 до 3 неутрона и голема количина енергија во вид
најразлични електромагнетни зраци , најмногу гама зраци. Новодобиените јадра се наречени
Фисиони продукти или фисиони фрагменти.

Секое тешко јадро не се склони кон нуклеарна


фисија, најчесто употребувани се јадрата на
ураниум - 235 , плутониум – 239 и ториум – 232 .
Пример фисија кај ураниум-235, можни
се различни комбинации на нови две
јадра случајни парови фисиони
фрагменти. Фисионите фрагменти се
нестабилни и во низа распаѓања
преминуваат во стабилни изотопи.
Ураниум 235 преку фисија може да се
добијат преку 40 различни парови
фрагменти, со масени броеви меѓу 72 и
160.
1
n + 235 236 92 141 1
0 92 U → 92 U → 36 Kr + 56 Ba+ 3 0 n +Q

1
n + 235 236 144 89 1
0 92 U → 92 U → 36 La + 35 Br +3 0 n +Q

1
n + 235 236 133 141 1
0 92 U → 92U → 55 Cs + 56 Ba+2 0 n +Q

Фисионите фрагменти се нестабилни и


во низа распаѓања поминуваат во стабилни изотопи на некој елемент.
Кога фисијата ќе започне, трае се додека постојат јадра за делење, бидејќи ослободените
неутрони од една делба предизвикуват нови делби и така отпочнува ланчана реакција која брзо се
мултиплицира, позната е како верижна јадрена реакција. Оваа реакција е многу брза. Пример:
Цепењето јадра во 1 кг. Ураниум 235 се завршува само за неколку милиони делови од секундата.
За одржување на верижната реакција треба да се обезбеди доволно количина на радиоактивна
супстанција (ураниум или друга) , бидејќи во спротивно би излетале надвор и ланецот би се
прекинал. Таа минимална маса од супстанцијата која овозможува верижна реакција се вика
критична маса .

Критичната маса не е константна , туку зависи од видот на ураниум, количината на модераторот и


присуство на примеси. Ако масата е помала од критичната неутроните се губат со голема брзина
него што се надополнуват со фисијата, па верижната реакција неможе да се одржи.
Ослободената енергија е огромна. При цепење на
едно јадро ураниум се ослободува енергија околу
200МeV.
Кога реакцијата е верижна се цепат огромен број
јадра па затоа се ослободува многу голема количина
енергија.
Неутроните кои ја одржуват верижната реакција
приподно се брзи, па затоа е потребно да се
успоруват, но исто така и да се одржува под контрола
нивниот број, за да не би дошло до неконтролирано
забрзување на реакцијата која би довела до
експлозија.

Нуклеарна фисија кога стане неконтролирана


создава една ваква појава.
2.2.6 :: Нуклеарна фузија
Нуклеарна енергија може да се ослободи и при спојување на атомски јадра на лесни хемиски
елементи во едно ново потешко јадро. Процес при кој две мали јадра се спојуват во едно потешко
јадро, при тоа се ослободува голема количина енергија зависно од масите на јадрата кои се
вклучени во реакцијата се нарекува нуклеарна фузија.
За да се оствари фузија потребно е атомските јадра се доведат на растојание помало од 10-15 m,
тогаш меѓу нив почнува да дејствува јака привлечна нуклеарна сила. Бидејќи јадрата се позитивно
наелектризирани потребно е да се совладат одбивните Кулонови сили (Кулонова бариера) која е
толку голема колку што честиците се на мало растојание. Еден од условите за остварување
фузија е јадрата да се движат со голема брзина од стотина Km/s, односно јадрата да имаат
огромна кинетичка енергија. Таква брзина може да се реализира на високи температури од редот
107 К . Затоа јадрата треба да се движат во средина во која владее висока температура. Ваквите
нуклеарни реакции се познати како термонуклеарна фузија.
На пониски температури честиците ќе се расејат пред да дојдат на растојание на кое привлечните
нуклеарни сили ќе станат појаки од одбивните Кулонови сили. Пример: за фузија на два протона
потребно е енергија од 1 MeV.
Изотопите на водородот се нај погодни за остварување на фузија.
Примери за реакција на фузија:21 H + 21 H → 31 H + 11 p + Q 2 3 4 1
1 H + 1 H → 2 He+ 0n + Q
Вкупната енергија што се ослободува во оваа
реакција изнесува околу 17,6MeV, односно 3,5Mev по
нуклеон.
За споредба при фисија на едно јадро ураниум се
ослободува околу 200MeV, односно о,85Mev по
нуклеон.Значи при фузија се ослободува околу 4,5 пати
поголема енергија по нуклеон.

Процеси на фузија непрекинато се одвиват во внатрешноста на ѕвездите, каде има висока


температура и огромен притисок.Во вакви услови непостојат атоми и молекули, туку само јадра и
слободни електрони, посебна состојба на материјата наречена плазма. На тој начин ѕвездите
произведуваат енергија, затоа тие се состојат од водорот, а со фузија се добива хелиум.
На Земјата при нормални услови сеуште неможе да се оствари реакција фузија. Може да се
оствари на специфични услови, високи температури и притисоци познати како хидрогенски бомби,
но сеуште се во фаза на експерименти.

You might also like