You are on page 1of 1

Дванаесет апостоли се дванаесетте ученици на Исус Христос, избрани од него за да го

шират Евангелието. Тие се:


1.Апостол Петар (Симон)
2.Апостол Андреј (брат на Петар)
3.Апостол Јаков
4.Апостол Јован (брат на Јаков)
5.Апостол Филип
6.Апостол Вартоломеј (Натанаил)
7.Апостол Тома
8.Апостол Матеј
9.Апостол Јаков Алфеев
10.Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов)
11.Апостол Симон
12.Апостол Јуда Искариот

Во Eвангелието се кажува дека Исус ги избрал своите апостоли веднаш откако бил искушуван
од ѓаволот во пустината 40 дена. Апостол Петар и Апоатол Андреј (браќа) се првите два
апостоли, кои претходно биле рибари. Кога Исус им пришол и ги повикал да појдат по него,
тие веднаш ги фрлиле мрежите и му се придружиле. Веднаш по нив, и
браќата Јаков и Јован (исто така рибари) му се придружиле на Исус.

Понатаму му се придружуваат и другите апостоли, за на крај меѓу нив да влезе и


даночникот Матеј. Околу неговиот прием Фарисеите имале големи забелешки, затоа што во
тоа време на даночниците се гледало како на насилници во еврејското општество. Одговорот
кој Исус Христос го дал е многу познат: „на здравите не им треба лекар, туку на болните...
Јас не дојдов за да ги повикам праведните, туку грешните“

You might also like